Ново супероружје во борбата против ракот.
-
0:01 - 0:03Ракот влијае на сите нас,
-
0:03 - 0:06посебно оние кои се враќаат назад
одново и одново, -
0:06 - 0:09високо инванзивните и
оние отпорни на лекови, -
0:09 - 0:12оние кои му пркосат на медицинскиот
третман -
0:12 - 0:14дури и кога ги напаѓаме со најдобрите
лекови. -
0:15 - 0:18Инжинерството на молекуларно ниво,
-
0:18 - 0:21работата во најмалите размери
-
0:21 - 0:23може да овозможи возбудливи нови начини
-
0:23 - 0:26за борба против најагресивните форми на
рак. -
0:27 - 0:30Ракот е многу паметна болест.
-
0:30 - 0:32Има некои форми на рак,
-
0:32 - 0:37кои, за среќа имаме релативно добро
научено како да ги третираме -
0:37 - 0:40со докажани лекови
и хирушки зафати. -
0:41 - 0:43Но, има некои видови на рак
-
0:43 - 0:45кои не реагираат на овие пристапи,
-
0:45 - 0:48и туморот преживува или се враќа назад,
-
0:48 - 0:50дури и по жесток напад со лекови.
-
0:50 - 0:54Овие многу агресивни форми на рак
се како -
0:54 - 0:57главните негативци од стриповите.
-
0:57 - 1:00Тие се паметни, прилагодливи
-
1:00 - 1:03и многу добро знаат како да
опстанат. -
1:04 - 1:06Како и повеќето денешни негативци,
-
1:07 - 1:11нивните супермоќи се резултат на генетска
мутација. -
1:12 - 1:16Внатре во овие туморозни клетки, гените
мутирале на таков начин -
1:16 - 1:21што овозможува
незамисливи начини на преживување, -
1:21 - 1:23и со тоа му помага на ракот да ги
преживее -
1:23 - 1:26дури и нашите најдобри хемотерапевтски
третмани. -
1:27 - 1:31Еден пример е генот кој ѝ
овозможува на клетката -
1:31 - 1:34да го оттурне лекот кој се приближува
-
1:34 - 1:37кон неа,
-
1:38 - 1:40пред лекот да може да има ефект.
-
1:40 - 1:44Замислете--клетката ефикасно го исфрла
лекот. -
1:44 - 1:47Ова е само еден пример од многуте генетски
трикови, -
1:47 - 1:50кои во ракавот ги има нашиот
негативец, ракот. -
1:50 - 1:52Сè поради мутирани гени.
-
1:53 - 1:57Значи, имаме негативец со неверојатни
супермоќи. -
1:57 - 2:01Затоа ни треба нов, силен начин на напад.
-
2:02 - 2:05Всушност, можеме да исклучиме ген.
-
2:05 - 2:09Клучот е во групата молекули позната како
siRNA. -
2:09 - 2:13siRNA се кратки секвенци од генетски код
-
2:13 - 2:16кои ѝ кажуваат на клетката кој ген да
го блокира. -
2:17 - 2:21Секојa siRNA молекулa може да исклучи
одреден ген -
2:21 - 2:22внатре во клетката.
-
2:23 - 2:25Во годините после нивното откривање,
-
2:25 - 2:27научниците беа многу возбудени
-
2:27 - 2:31за примената на овие блокатори, во
медицината. -
2:31 - 2:33Но, има проблем.
-
2:33 - 2:35siRNA работи добро внатре во клетката.
-
2:36 - 2:39Меѓутоа ако биде изложена на ензимите
-
2:39 - 2:41кои се во нашите ткива и крвоток,
-
2:41 - 2:43се распаѓа за неколку секунди.
-
2:44 - 2:48Треба да се спакува и да се заштити додека
патува низ телото, -
2:48 - 2:51одејќи кон нејзината крајна цел,
во канцерогената клетка. -
2:52 - 2:54Еве ја нашата стратегија.
-
2:54 - 2:58Прво ќе ја дозираме канцерогената клетка
со siRNA, блокаторот на гени, -
2:58 - 3:00така ќе ги стишиме гените за
преживување, -
3:00 - 3:02и на крај ќе ја збришеме
со хемотерапијата. -
3:03 - 3:04Но, како да го изведеме ова?
-
3:05 - 3:07Преку молекуларен инженеринг,
-
3:08 - 3:11всушност можеме да направиме супероружје
-
3:12 - 3:14кое може да минува низ нашиот крвоток.
-
3:14 - 3:17Треба да биде доволно мало за да мине низ
крвотокот, -
3:17 - 3:20доволно мало за да пенетрира низ ткивото
на туморот, -
3:20 - 3:25и доволно мало за да биде внесено во
канцерогената клетка. -
3:25 - 3:27За да ја изврши оваа работа правилно
-
3:27 - 3:31треба да биде колку една стотина
од човечко влакно. -
3:32 - 3:36Да видиме одблизу како
можеме да изградиме ваква наночестичка. -
3:37 - 3:40Прво, да почнеме со нејзиното јадро.
-
3:40 - 3:43Тоа е мала капсула која содржи
хемотерапевтски лек. -
3:44 - 3:48Ова е отровот кој ќе го сопре животот
на туморозната клетка. -
3:48 - 3:52Јадрото ќе го обвиткаме со многу тенок
-
3:52 - 3:55нанометарски тенок слој од siRNA.
-
3:55 - 3:56Ова е нашиот блокатор на гени.
-
3:57 - 4:01Бидејќи siRNA e силно негативно
наелектризирана, -
4:01 - 4:02неа можеме да ја заштитиме
-
4:02 - 4:07со фин, заштитен слој од позитивно
наелектризиран полимер. -
4:08 - 4:11Двете спротивно наелектризирани молекули
се привлекуваат -
4:11 - 4:12и така се држат заедно,
-
4:12 - 4:14а тоа ни дава заштитен слој
-
4:14 - 4:17кој не ѝ дозволува на siRNA да се распадне
во крвотокот. -
4:18 - 4:19Скоро завршивме.
-
4:19 - 4:21(Смеа)
-
4:21 - 4:25Има уште една голема пречкa на коja
треба да мислиме. -
4:25 - 4:27Всушност, можеби и најголемата пречка од
сите. -
4:27 - 4:29Како да го поставиме ова супероружје?
-
4:29 - 4:32Секое добро оружје треба да биде насочено,
-
4:32 - 4:36а ова треба да го насочиме кон
суперзлосторничките клетки -
4:36 - 4:38кои се во туморот.
-
4:38 - 4:41Но нашите тела имаат природен
имуно-одбрамбен систем. -
4:42 - 4:44Клетки што се наоѓаат во крвотокот.
-
4:44 - 4:46Тие го препознаваат она што не припаѓа
таму, -
4:46 - 4:49а потоа го уништуваат или го
елиминираат. -
4:49 - 4:53Погодете што? Нашата наночестичка ја
препознаваат како туѓо тело. -
4:54 - 4:58Затоа мораме да ја протнеме без да ја
забележи одбрамбениот систем на туморот. -
4:58 - 5:04Треба да ја протнеме така
-
5:04 - 5:06што ќе ја замаскираме.
-
5:06 - 5:10Треба да додадеме уште еден негативно
наелектризиран слој -
5:10 - 5:11околу наночестичката
-
5:11 - 5:13кој ќе има две улоги.
-
5:13 - 5:17Прво, надворешниот слој е еден од
природно наелектризираните, -
5:17 - 5:21високо хидрирани полисахариди, кои се
наоѓаат во нашите тела. -
5:21 - 5:26Формира облак од водни молекули околу
наночестичката, -
5:26 - 5:29кој ни дава ефект на невидлива наметка.
-
5:30 - 5:33Оваа невидлива наметка ѝ овозможува на
наночестичката -
5:33 - 5:35да патува низ крвотокот
-
5:35 - 5:37доволно долгo и далеку за да стигне
до туморот, -
5:37 - 5:40без да биде исфрлена од телото.
-
5:40 - 5:45Второ, овој слој содржи молекули
-
5:45 - 5:48кои на специфичен начин се врзуваат
за туморозните клетки. -
5:48 - 5:53Откако ќе се врзат, клетката на ракот ја
зема наночестичката, -
5:53 - 5:57и таа е сега во внатрешноста на
канцерогената клетка -
5:57 - 5:59и се спрема за напад.
-
5:59 - 6:02Во ред! И јас се чувствувам исто.
Одиме! -
6:02 - 6:08(Аплауз)
-
6:08 - 6:11siRNA е првата компонента која напаѓа.
-
6:12 - 6:14Делува со часови,
-
6:14 - 6:19доволно време за да ги пригуши и
блокира гените одговорни за преживување. -
6:19 - 6:23На овој начин ги онеспособуваме генетските
супермоќи -
6:24 - 6:27Останува само канцерогената клетка без
некоја особена одбрана. -
6:27 - 6:30Потоа, хемотерапевтскиот лек
излегува од јадрото -
6:30 - 6:33и ја уништува туморозната клетка
чисто и ефикасно. -
6:34 - 6:37Со доволно генски блокатори,
-
6:37 - 6:40ќе можеме да се справиме со многу
различни видови на мутации, -
6:40 - 6:42овозможувајќи да се збришат туморите,
-
6:42 - 6:44без да се остават некои злосторници.
-
6:45 - 6:48Како функционира нашата стратегија?
-
6:50 - 6:54Ги тестиравме ваквите наностурктурни
честици врз животни, -
6:54 - 6:57користејќи високо агресивна форма
на тројно-негативен рак на дојка. -
6:57 - 7:00Овој тројно-негативен рак на дојка
го содржи токму оној ген -
7:00 - 7:03кој предизвикува исфрлањето на
лекот против ракот. -
7:04 - 7:09Обично, доксорубицинот -- ќе го викаме
"докс" -- е лекот -
7:09 - 7:12кој се дава прв при третирање на
ракот на дојка. -
7:12 - 7:18Првично, нашите животни ги третиравме со
јадро на докс, единствено докс. -
7:19 - 7:21Туморот го успори темпото на раст,
-
7:21 - 7:22но сè уште растеше брзо,
-
7:22 - 7:25дуплирајќи ја големината во
период од две недели. -
7:25 - 7:28Потоа се обидовме со нашето комбинирано
супероружје. -
7:29 - 7:34Честичка од нанослој и siRNA наспроти
хемотерапевтската пумпа, -
7:34 - 7:37плус имаме докс во јадрото
-
7:37 - 7:41Гледајте -- откривме дека не само што
туморите престанаа да растат -
7:41 - 7:44туку и се намалија во големина
-
7:44 - 7:46а во некои случаи дури и беа
елиминирани. -
7:46 - 7:49Туморите всушност се повлекуваа.
-
7:50 - 7:57(Аплауз)
-
7:58 - 8:02Овој пристап е одличен бидејќи
може да се персонализира. -
8:02 - 8:04Можеме да додадеме многу различни слоеви
на siRNA -
8:04 - 8:08за да се справиме мутациите и
одбрамбените механизми на туморот. -
8:08 - 8:11Можеме да ставиме различни лекови во
јадрото на наночестичката. -
8:12 - 8:15Како што докторите учат како да ги
тестираат пациентите -
8:15 - 8:19и да разберат одредени генетски видови на
тумори, -
8:19 - 8:23тие можат да ни помогнат да одредиме кои
пациенти би имале корист од овој -
8:23 - 8:26пристап и кои генски блокатори
можеме да ги користиме. -
8:26 - 8:29Ракот на јајниците е посебен.
-
8:29 - 8:31Многу агресивен вид на рак,
-
8:31 - 8:34делумно затоа што се открива во многу
доцна фаза, -
8:34 - 8:36кога е доста напреднат
-
8:36 - 8:38и откако ќе развие
многу генетски мутации. -
8:39 - 8:42По првата фаза од хемотерапијата,
-
8:42 - 8:46овој рак се враќа кај 75% од пациентите.
-
8:46 - 8:50И обично се враќа во форма која е отпорна
на лекови. -
8:50 - 8:52Не-диференцираниот рак на јајници
-
8:52 - 8:54е еден од најголемите негативци што
постојат. -
8:54 - 8:56И сега ние го насочуваме
нашето супероружје -
8:56 - 8:58за да го поразиме.
-
8:59 - 9:01Како истражувач,
-
9:01 - 9:04обично не
работам со моите пациенти. -
9:04 - 9:07Но неодамна сретнав една мајка,
-
9:07 - 9:12која го победила ракот на јајници,
Мими и ќерка ѝ Пејџ. -
9:12 - 9:16Бев длабоко инспирирана од оптимизмот и
силата -
9:16 - 9:19која и двете, мајката и ќерката
ја демонстрираа -
9:19 - 9:22и од нивната приказна за храброст и
поддршка. -
9:23 - 9:27На овој настан, зборувавме за разни
технологии -
9:27 - 9:28против ракот.
-
9:28 - 9:30Мими беше облеана во солзи
-
9:30 - 9:33додека кажуваше како напорите
кои ги правиме -
9:33 - 9:35ѝ даваат надеж за идните генерации,
-
9:35 - 9:37вклучувајќи ја и нејзината ќерка.
-
9:37 - 9:39Ова навистина ме трогна.
-
9:40 - 9:43Не се работи само градење на елегантна
наука. -
9:43 - 9:45Се работи за менување на човечки животи.
-
9:46 - 9:50Се работи за разбирањето на моќта на
инженерингот -
9:50 - 9:51на молекуларно ниво.
-
9:51 - 9:56Студентите како Пејџ напредувајќи
во своите кариери, -
9:56 - 9:57ќе отворат нови можности
-
9:57 - 10:00за решавање на некои од големите светски
здравствени проблеми -- -
10:00 - 10:05вклучувајќи ги и ракот на јајниците,
невролошките пореметувања, заразните -
10:05 - 10:10болести -- исто како што хемискиот
инжинеринг мене ми ја отвори вратата -
10:10 - 10:13и овозможи да се врши инженеринг
-
10:13 - 10:17на најситното ниво, молекуларното,
-
10:17 - 10:19за да лечиме на човечко ниво.
-
10:20 - 10:21Ви Благодарам.
-
10:21 - 10:30(Аплауз)
- Title:
- Ново супероружје во борбата против ракот.
- Speaker:
- Паула Хамонд
- Description:
-
Ракот е многу паметна и приспособлива болест. За да ја победиме, вели медицинскиот истражувач и едукатор Паула Хамонд, ни треба нова и силна стратегија за напад. Со нејзинете колеги на МИТ, Хамонд има создадено наночестичка, која е голема колку една стотина од човечко влакно. Таа може да ги лечи најагресивните ракови и оние кои се најотпорни на лекови. Дознајте повеќе за ова молекуларно супероружје и придружете ѝ се на Хамонд во борбата против болеста која нè засега сите нас.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 10:42
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for A new superweapon in the fight against cancer | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A new superweapon in the fight against cancer | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A new superweapon in the fight against cancer | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A new superweapon in the fight against cancer | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for A new superweapon in the fight against cancer | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A new superweapon in the fight against cancer | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A new superweapon in the fight against cancer | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A new superweapon in the fight against cancer |