-
Во ова видео сакаме да ви ги прикажеме
-
основите на тригонометрија.
-
Звучи како многу сложена тема, но
-
како што ќе видите, ова е само изучување на
-
пропорциите од страните на триаголник.
-
‘Триг’ во зборот тригонометрија буквално значи
-
триаголник, а “метрија“ значи
-
мерење. Значи дозволете ми да ви дадам неколку примери.
-
Мислам дека ова ќе разјасни се.
-
Значи сега ќе нацртам
-
еден прав триаголник. Ова е прав триаголник.
-
Велам дека е прав бидејќи
-
еден од аглите е 90 степени.
-
Ова овде е прав агол.
-
Има 90 степени.
-
Во идни виде ќе зборуваме за други начини
-
на кои може да се прикаже големината на агли.
-
Значи имаме агол од 90 степени.
-
Бидејќи е прав триаголник, дозволете ми
-
да обележам некои должини овде на страните. Ова овде нека биде 3. Оваа висина е 3.
-
Основата на триаголникот овде е е 4.
-
А хипотенузата овде е 5.
-
Хипотенуза имате само во прави триаголници.
-
Хипотенуза е страната спроти правиот агол, која е најдолгата страна во прав триаголник.
-
Значи ова овде е хипотенуза.
-
Најверојатно го знаете ова веќе од геометрија.