Во ова видео сакаме да ви ги прикажеме основите на тригонометрија. Звучи како многу сложена тема, но како што ќе видите, ова е само изучување на пропорциите од страните на триаголник. ‘Триг’ во зборот тригонометрија буквално значи триаголник, а “метрија“ значи мерење. Значи дозволете ми да ви дадам неколку примери. Мислам дека ова ќе разјасни се. Значи сега ќе нацртам еден прав триаголник. Ова е прав триаголник. Велам дека е прав бидејќи еден од аглите е 90 степени. Ова овде е прав агол. Има 90 степени. Во идни виде ќе зборуваме за други начини на кои може да се прикаже големината на агли. Значи имаме агол од 90 степени. Бидејќи е прав триаголник, дозволете ми да обележам некои должини овде на страните. Ова овде нека биде 3. Оваа висина е 3. Основата на триаголникот овде е е 4. А хипотенузата овде е 5. Хипотенуза имате само во прави триаголници. Хипотенуза е страната спроти правиот агол, која е најдолгата страна во прав триаголник. Значи ова овде е хипотенуза. Најверојатно го знаете ова веќе од геометрија.