< Return to Video

Зошто родовата еднаквост е добра работа за сите-вклучително и за мажите.

  • 0:01 - 0:04
    Овде сум за да регрутирам мажи да ја
    поддржат родовата еднаквост.
  • 0:04 - 0:08
    (Овации)
  • 0:08 - 0:09
    Чекајте, чекајте. Што?
  • 0:11 - 0:13
    Што имаат мажите со родовата еднаквост?
  • 0:14 - 0:15
    Родовата еднаквост е за жените, нели?
  • 0:16 - 0:19
    Зборот род е за жените, така?
  • 0:20 - 0:24
    Всушност, еве ме како зборувам како
    белец од средната класа.
  • 0:25 - 0:27
    Не бев секогаш белец од средната класа.
  • 0:27 - 0:32
    Тоа се случи пред 30-ина години
    кога бев на факултет
  • 0:33 - 0:36
    и еден ден се
    собравме група студенти
  • 0:36 - 0:39
    и заклучивме дека
    многу се
  • 0:39 - 0:42
    пишува и размислува во
    рамки на феминистичката теорија,
  • 0:43 - 0:44
    но сеуште нема предмет.
  • 0:44 - 0:48
    Го направивме она што обично го прават
    студенти во вакви ситуации.
  • 0:48 - 0:50
    Рековме, ајде ќе направиме студиска група.
  • 0:50 - 0:53
    Ќе прочитаме текст, ќе расправаме
  • 0:53 - 0:55
    и ќе правиме заедничка вечера.
  • 0:55 - 0:56
    (Смеа)
  • 0:56 - 1:00
    Така, секоја недела 11 жени и јас
    се собиравме.
  • 1:00 - 1:02
    (Смеа)
  • 1:03 - 1:06
    Читавме текстови од феминистички
    теории и разговаравме.
  • 1:06 - 1:09
    За време на една наша дискусија,
  • 1:09 - 1:13
    бев сведок на една интеракција која
    ми го смени животот засекогаш.
  • 1:14 - 1:16
    Тоа беше разговор помеѓу две жени.
  • 1:17 - 1:21
    Едната беше бела а другата црна.
  • 1:21 - 1:22
    Белата жена рече:
  • 1:22 - 1:25
    ова ќе звучи многу анахроно сега-
  • 1:25 - 1:30
    таа рече: „Сите жени го чувствувуваат
    истото угнетување како жени.
  • 1:30 - 1:33
    Сите жени се наоѓаат во слична
    ситуација во патријархатот
  • 1:33 - 1:39
    и затоа имаат некоја интуитивна
    солидарност или сестринство.
  • 1:39 - 1:41
    Црната жена на тоа рече:„Не сум сигурна.
  • 1:42 - 1:44
    Да те прашам нешто.“
  • 1:44 - 1:47
    Црната жена ѝ рече на белата жена:
  • 1:47 - 1:50
    „Кога се будиш наутро
    и се гледаш во огледало,
  • 1:50 - 1:51
    што гледаш?“
  • 1:51 - 1:53
    Белат жена одговори: „Гледам жена.“
  • 1:54 - 1:57
    Црната жена рече:„ Ете, тоа е мојот
    проблем.
  • 1:57 - 2:01
    Затоа што кога се будам наутро
    и се гледам во огледало,
  • 2:01 - 2:02
    јас гледам цркиња.
  • 2:02 - 2:07
    За мене расата е видлива.
    За вас е невидлива. Вие не ја гледате.
  • 2:08 - 2:10
    Потоа рече нешто навистина изненадувачко.
  • 2:10 - 2:12
    Рече:` Така фунционира привилегијата.
  • 2:13 - 2:16
    Привилегијата е невидлива
    за оние кои ја имаат.
  • 2:17 - 2:20
    Им зборувам на белците
    во оваа просторија-тоа е луксуз,
  • 2:20 - 2:24
    да не мораш да мислиш на расата
    секоја секунда од животот.
  • 2:24 - 2:27
    Привилегијата е невидлива
    за тие што ја имаат.
  • 2:27 - 2:30
    Значи јас бев единствениот маж во групата,
  • 2:30 - 2:33
    и кога го дожиеав ова, реков:„ Ах, не“.
  • 2:33 - 2:35
    (Смеа)
  • 2:35 - 2:37
    И некој рече:„Зошто таква реакција?“
  • 2:37 - 2:41
    Реков: Па, кога се будам наутро
    и се гледам во огледало,
  • 2:41 - 2:42
    гледам човечко суштество.
  • 2:43 - 2:45
    Јас сум еден вид на обична личност.
  • 2:45 - 2:49
    Припаѓам на средната класа белци.
    Немам раса, ниту класа, ниту род.
  • 2:49 - 2:51
    Јас сум универзално генерализиран.
  • 2:51 - 2:53
    (Смеа)
  • 2:53 - 2:57
    Мислам дека тој беше мигот кога станав
    белец од средна класа,
  • 2:57 - 3:01
    таа класа, родот и расата
    не се однесуваа на другите луѓе,
  • 3:01 - 3:02
    тие на мене.
  • 3:02 - 3:04
    Морав да почнам да размислувам за нив,
  • 3:04 - 3:08
    и токму заради привилегијата
    не можев да ги видам дотогаш.
  • 3:09 - 3:12
    Посакувам приказнава да
    завршеше пред 30 години
  • 3:12 - 3:13
    во таа мала група за дискусии,
  • 3:13 - 3:17
    но неодамна се потсетив на неа
    на универзитетот каде предавам.
  • 3:17 - 3:21
    Имам колешка со која предаваме
    социологија на родовите
  • 3:21 - 3:23
    во различни семестри.
  • 3:23 - 3:25
    Таа е предавач-гостин на моите предавање,
  • 3:26 - 3:28
    а јас исто на нејзините предавања.
  • 3:28 - 3:31
    Еден ден влегувам на нејзиниот
    час да одржам предавање
  • 3:31 - 3:33
    на околу 300 студенти,
  • 3:33 - 3:37
    и како што влегував еден од студентите
    ме погледна и рече:
  • 3:37 - 3:39
    „Конечно објективно мислење.“
  • 3:41 - 3:44
    Цел семестар, кога и да изустеше
    нешто мојата колешка,
  • 3:44 - 3:46
    студентите гледаа жена.
  • 3:46 - 3:48
    Ако на моите студенти им речевте:
  • 3:49 - 3:52
    „Постои структурална нееднаквост
    на родова основа во САД“,
  • 3:52 - 3:54
    ќе речат: „ Се разбира дека така
    ќе велите"
  • 3:54 - 3:56
    Жена сте и пристрасна сте. “
  • 3:56 - 3:58
    Кога јас го велам тоа, велат:„Интересно.
  • 3:58 - 4:01
    Ќе го имаме тоа на испитот?
    Како се пишува `структурална`?
  • 4:01 - 4:03
    (Смеа)
  • 4:03 - 4:06
    Се надевам можете да видите
  • 4:06 - 4:08
    како изгледа објективноста.
  • 4:08 - 4:12
    (Смеа) (Аплауз)
  • 4:12 - 4:15
    Бестелесна западна рационалност.
  • 4:16 - 4:18
    (Смеа)
  • 4:18 - 4:22
    Тоа е причината што мажите
    често носат кравата.
  • 4:22 - 4:24
    (Смеа)
  • 4:24 - 4:29
    Зашто ако сакате да ја отелотворите
    бестелесната западна рационалност,
  • 4:29 - 4:30
    ќе ви треба знак,
  • 4:30 - 4:34
    а има ли подобар знак за бестелесната
    западна рационалност
  • 4:34 - 4:39
    од облека која на еднот крај има јазол
    а со другиот е насочена кон гениталиите?
  • 4:39 - 4:44
    (Смеа) (Аплауз)
  • 4:46 - 4:50
    Тоа е дуализам помеѓу умот и телото.
  • 4:52 - 4:56
    Да се направи родот видлив за мажите
  • 4:56 - 5:01
    е првиот чекор кон вклучување на мажите
    во поддршка на родовата еднаквост.
  • 5:01 - 5:03
    Кога маж првпат ќе чуе за
    родова еднаквост,
  • 5:03 - 5:05
    кога ќе почне да размислува за тоа,
  • 5:05 - 5:08
    најчесто мисли, повеќето мислат,
  • 5:08 - 5:12
    тоа е во ред, тоа е фер,
  • 5:12 - 5:14
    тоа е етички императив.
  • 5:15 - 5:17
    Но не сите мажи.
  • 5:17 - 5:19
    Некои мажи мислат-ќе им светне сијалицата,
  • 5:19 - 5:22
    и ќе речат: „Господе, да,
    родова еднаквост,“
  • 5:22 - 5:26
    и веднаш ќе почнат погрешно
    да го толкуваат притисокот.
  • 5:28 - 5:33
    За нив заложбата за родова еднаквост
    е слична на коњаница,
  • 5:33 - 5:36
    „Благодариме што ни
    укажавте на проблемот дами,
  • 5:36 - 5:37
    од овде ние преземаме. “
  • 5:37 - 5:42
    Ова резултира во синдром кој го нарекувам
    `преурането само-честитање`.
  • 5:42 - 5:46
    (Смеа) (Аплауз)
  • 5:46 - 5:50
    Има и друга група која активно се противи
    на родовата еднаквост,
  • 5:50 - 5:56
    и сметаат дека тоа е штетно
    за машкиот род.
  • 5:56 - 6:00
    Бев во една ТВ емисија наспроти
    четворица бели мажи.
  • 6:00 - 6:03
    Ова е почетокот на книгата што ја напишав
    „ Лути бели мажи“.
  • 6:03 - 6:05
    Овие беа четворица лути бели мажи
  • 6:05 - 6:09
    кои веруваа дека белите мажи во Америка
  • 6:09 - 6:13
    се жртви на спротивната дискриминација
    на работните места.
  • 6:14 - 6:17
    Сите раскажуваа како тие се квалификувани
    за работа,
  • 6:17 - 6:18
    за унапредувања,
  • 6:18 - 6:20
    кои не ги добиле, беа навистина лути.
  • 6:20 - 6:24
    Причината зашто ви го кажувам ова
    е насловот
  • 6:24 - 6:25
    на оваа емисија.
  • 6:25 - 6:27
    Насловот беше цитат од еден од мажите,
  • 6:27 - 6:29
    и гласеше вака:
  • 6:29 - 6:31
    `Една црнкиња ми ја украде работата.“
  • 6:32 - 6:34
    Сите ја раскажаа својата приказна,
  • 6:34 - 6:36
    квалификувани за работа, за унапредувања,
  • 6:36 - 6:37
    не ги добија, лути се.
  • 6:37 - 6:39
    Тогаш ми дојде мене редот да зборувам
  • 6:39 - 6:42
    и реков: „Имам само едно
    прашање за вас момци,
  • 6:42 - 6:44
    а тоа е за насловот на емисијата,
  • 6:45 - 6:46
    „Една цркиња ми ја украде работата“.
  • 6:46 - 6:49
    Всушност за еден збор во насловот.
  • 6:49 - 6:52
    Сакам да знам за зборот „мојата“
  • 6:52 - 6:55
    Од каде идејата дека таа е вашата работа?
  • 6:55 - 6:59
    Зошто насловот не е
    „Една цркиња ја доби работата“?
  • 6:59 - 7:01
    или `Црнкиња доби работа“
  • 7:01 - 7:05
    Мажите имаат чувство дека работите
    ним природно им припаѓаат, на кое треба
  • 7:05 - 7:07
    да му се спротивставиме доколку сакаме
  • 7:07 - 7:10
    да разбереме зошто толку многу мажи
    се противат на родовата еднаквост.
  • 7:10 - 7:15
    (Аплауз)
  • 7:15 - 7:18
    Погледнете, ние мислиме дека
    вака изгледа рамно игралиште,
  • 7:18 - 7:21
    и кога некој закон барем малку
    ќе го израмни,
  • 7:21 - 7:23
    мислиме „Леле, реката тече
    нагоре.
  • 7:23 - 7:25
    Тоа е обратна дискриминација кон нас.“
  • 7:25 - 7:26
    (Смеа)
  • 7:26 - 7:27
    Да бидам појасен:
  • 7:28 - 7:31
    белите мажи во Европа и САД
  • 7:31 - 7:35
    се корисници на најголемата афирмативна
    акциона програма
  • 7:35 - 7:36
    во историјата на светот,
  • 7:37 - 7:39
    која се вика „ Историја на светот“.
  • 7:39 - 7:43
    (Смеа) (Аплауз)
  • 7:45 - 7:49
    Утврдив неколку пречки
    за вклучување на мажите во ова,
  • 7:49 - 7:52
    но зошто да ја поддржуваме
    родовата еднаквост?
  • 7:52 - 7:55
    Се разбира, таа е фер, исправна
    и праведна.
  • 7:55 - 7:57
    Но повеќе од тоа,
  • 7:57 - 8:01
    родовата еднаквост е во интерес и на нас
    мажите.
  • 8:02 - 8:06
    Ако ги слушате мажите што сакаат
    во нивните животи
  • 8:06 - 8:12
    родовата еднаквост е токму начинот
    на кој сакаме да живееме.
  • 8:12 - 8:15
    Родовата еднаквост е добра за државите.
  • 8:16 - 8:20
    Се гледа од повеќе студии,
  • 8:20 - 8:23
    дека земјите каде родовата еднаквост
    е најзастапена
  • 8:23 - 8:27
    се оние земји кои се на врвот на скалата
    на среќни луѓе.
  • 8:27 - 8:30
    Тоа не е само затоа што се во Европа.
  • 8:30 - 8:31
    (Смеа)
  • 8:31 - 8:35
    Дури и во Европа земјите со најзастапена
    родова еднаквост
  • 8:35 - 8:37
    се на највисокото ниво на скалата
    на среќни луѓе.
  • 8:38 - 8:40
    Еднаквоста е добра и за компаниите.
  • 8:41 - 8:44
    Истражувањата на Каталист и многу други
    покажуваат
  • 8:44 - 8:48
    колку повеќе родова еднаквост
    има во компаниите
  • 8:48 - 8:52
    толку подобро е за работниците,
  • 8:52 - 8:54
    многу посреќни се вработените.
  • 8:54 - 8:58
    Работниците поретко даваат отказ
    и имаат помали загуби.
  • 8:58 - 9:00
    Полесно вработуваат нови сили.
  • 9:00 - 9:03
    Имаат повисок профит
    поголема сатисфакција,
  • 9:03 - 9:06
    повисоки стапки на продуктивност.
  • 9:06 - 9:08
    Во компаниите најчесто ме прашуваат:
  • 9:09 - 9:12
    „Боже, оваа работа со родовата еднаквост
    ќе биде скапа, нели?“
  • 9:12 - 9:16
    Јас им велам:„Не, всушност треба
    да почнете да сметате
  • 9:16 - 9:20
    колку веќе ве чини родовата нееднаквост.
  • 9:20 - 9:22
    Таа е екстремно скапа.“
  • 9:23 - 9:25
    Значи, за бизнисот таа е добра.
  • 9:26 - 9:28
    Другата работа е тоа што
    таа е добра за мажите.
  • 9:29 - 9:32
    Добра е за да го живееме животот
    кој го сакаме,
  • 9:32 - 9:36
    зашто помладите мажи значително
    се изменија
  • 9:36 - 9:39
    и сакаат да имаат живот кој е исполнет
  • 9:39 - 9:42
    со прекрасни врски со нивните деца.
  • 9:42 - 9:46
    Тие очекуваат нивните партнерки,
    сопруги, жени
  • 9:46 - 9:47
    да работат надвор од домот
  • 9:47 - 9:50
    и да се посветени на нивните
    кариери како нив.
  • 9:50 - 9:54
    Ви зборував за да ви прикажам
    дел од оваа промена.
  • 9:54 - 9:56
    Некои од вас можеби го паметат ова.
  • 9:56 - 10:01
    Кога бев многу помлад имаше
    една гатанка што ни ја поставуваа.
  • 10:01 - 10:04
    Некои можеби ќе се наежат
    кога ќе ја чујат.
  • 10:04 - 10:06
    Гатанката гласи вака:
  • 10:06 - 10:10
    Еден маж и неговиот син
    се возат на автопат,
  • 10:10 - 10:12
    им се случува ужасна несреќа,
  • 10:12 - 10:14
    таткото умира,
  • 10:14 - 10:17
    а синот го носат во болница,
    во операциона сала
  • 10:17 - 10:20
    и кога го внесуваат во салата
  • 10:20 - 10:24
    хирургот го погледнува момчето и вели:
  • 10:24 - 10:26
    „Не можам да го оперирам, тој ми е син.“
  • 10:26 - 10:27
    Како е можно тоа?
  • 10:28 - 10:30
    Бевме многу збунети.
  • 10:30 - 10:33
    Не се досетивме.
  • 10:33 - 10:35
    (Смеа)
  • 10:35 - 10:38
    Одлучив да направам мал експеримет
    со мојот 16 годишен син.
  • 10:38 - 10:41
    Тој има многу пријатели кои
    често се кај нас
  • 10:41 - 10:44
    и гледаат спорт на ТВ.
  • 10:44 - 10:46
    Решив да им ја кажам загатката
  • 10:46 - 10:49
    за да видам колку се промениле нештата.
  • 10:49 - 10:51
    16 годишни момчиња,
  • 10:51 - 10:55
    веднаш се свртија кон мене велејќи:
    Тоа е неговата мајка, нели?“
  • 10:55 - 10:57
    Без проблеми, само тоа.
  • 10:57 - 11:00
    Освен син ми кој рече:
    „ Може имал двајца татковци.“
  • 11:00 - 11:05
    (Смеа) (Аплауз)
  • 11:05 - 11:09
    Тоа е показател како нештата се промениле.
  • 11:09 - 11:15
    Мажите денес сакаат да балансираат
    меѓу работата и семејството.
  • 11:15 - 11:20
    Тие сакаат двојни кариери,
    двојни грижи околу децата.
  • 11:20 - 11:24
    Сакаат заедно да балансираат
    со своите партнерки.
  • 11:24 - 11:26
    Сакаат да бидат посветени татковци.
  • 11:26 - 11:28
    Изгледа дека
  • 11:28 - 11:31
    колку повеќе еднаквост има во врските
  • 11:31 - 11:34
    толку се посреќни двајцата партнери.
  • 11:35 - 11:39
    Податоците на психолозите и социолозите
    упатуваат на тоа.
  • 11:39 - 11:45
    Имаме убедлив докази кои
    им покажуваат на мажите дека
  • 11:45 - 11:49
    од родовата еднаквост
    корист имаат сите.
  • 11:49 - 11:51
    Еве што покажуваат резултатите.
  • 11:51 - 11:56
    Сега кога мажите започнаа да балансираат
  • 11:56 - 11:58
    меѓу работата и семејството,
  • 11:58 - 12:01
    најчесто употребуваме две фрази
    за она што го работиме.
  • 12:01 - 12:04
    Придонесуваме и помагаме.
  • 12:04 - 12:05
    (Смеа)
  • 12:05 - 12:08
    Ќе предложам нешто порадикално,
  • 12:08 - 12:09
    еден збор „споделуваме“.
  • 12:09 - 12:11
    (Смеа)
  • 12:11 - 12:13
    Бидејќи еве ги податоците:
  • 12:13 - 12:15
    кога мажите се грижат за домот и децата
  • 12:15 - 12:17
    децата се подобри на училиште.
  • 12:18 - 12:20
    Тие деца поретко отсуствуваат,
  • 12:20 - 12:22
    и имаат подобар успех.
  • 12:22 - 12:25
    Поретко имаат хиперкинетичко нарушување.
  • 12:25 - 12:27
    Поретко мора да посетуваат
    детски психијатар.
  • 12:27 - 12:30
    Поретко примаат лекарства.
  • 12:30 - 12:33
    Кога мажите учествуваат во грижата
    за домот и децата,
  • 12:34 - 12:37
    нивните деца се поздрави и посреќни,
  • 12:37 - 12:38
    а мажите го сакаат тоа.
  • 12:40 - 12:42
    Кога мажите се грижат за домот и децата,
  • 12:42 - 12:45
    нивните жени се посреќни. Мислам.
  • 12:46 - 12:48
    Не само тоа, нивните жени се поздрави.
  • 12:48 - 12:50
    Нивните жени поретко бараат
    советодавна помош,
  • 12:50 - 12:52
    поретко имаат депресија,
  • 12:52 - 12:56
    поретко земаат лекарства,
    почесто одат во теретани,
  • 12:56 - 12:59
    и имаат поголемо задоволство
    од бракот.
  • 12:59 - 13:01
    Ако мажите помагаат
    околу домот и децата,
  • 13:01 - 13:03
    нивните жени се поздрави и посреќни,
  • 13:03 - 13:05
    и мажите ова навистина го посакуваат.
  • 13:07 - 13:09
    Ако мажите помагаат
    околу домот и децата,
  • 13:09 - 13:11
    и мажите се поздрави.
  • 13:11 - 13:15
    Помалку пијат и пушат, поретко земаат
    рекреативни дроги.
  • 13:15 - 13:17
    Поретко одат на лекар
  • 13:17 - 13:20
    но почесто прават рутински контроли.
  • 13:20 - 13:22
    Поретко бараат психијатриска помош,
  • 13:22 - 13:25
    поретко имаат депресија,
  • 13:25 - 13:27
    поретко земаат лекарства.
  • 13:27 - 13:29
    Кога мажите помагаат
    околу домот и децата,
  • 13:29 - 13:32
    и мажите се посреќни и поздрави.
  • 13:32 - 13:34
    И кој не го посакува ова?
  • 13:35 - 13:36
    И на крај,
  • 13:36 - 13:38
    Ако мажите помагаат
    околу домот и децата,
  • 13:38 - 13:39
    тие имаат почесто секс.
  • 13:39 - 13:41
    (Смеа)
  • 13:41 - 13:43
    Од сите овие четири чудесни откритија
  • 13:43 - 13:46
    кое мислите дека е на насловната страна
    на списанието Менс Хелт?
  • 13:46 - 13:49
    (Смеа)
  • 13:49 - 13:51
    „Домашните обврски ја палат.
  • 13:51 - 13:53
    (Но не кога таа ги врши)“
  • 13:53 - 13:55
    (Смеа)
  • 13:55 - 13:57
    Сега ќе речам,
  • 13:57 - 14:00
    само да ги потсетам мажите во публиката,
  • 14:00 - 14:04
    овие податоци се собирани
    во долг временски период,
  • 14:04 - 14:07
    и не би сакал слушателот да рече:
  • 14:07 - 14:10
    „Добро, вечер ќе ги измијам садовите.“
  • 14:10 - 14:14
    Податоците се собирани навистина
    долго време.
  • 14:14 - 14:16
    Тие покажуваат нешто што е важно,
  • 14:17 - 14:20
    дека кога Менс Хелт го стави
    на насловна страна
  • 14:20 - 14:22
    го нарече, ќе ви се допадне,
    `домашна предигра`.
  • 14:23 - 14:28
    Значи, откривме нешто важно,
  • 14:28 - 14:30
    дека родовата еднаквост,
  • 14:30 - 14:33
    е во интерес на државата,
  • 14:33 - 14:37
    на компаниите и на мажите,
  • 14:37 - 14:39
    и нивните деца и партнерки
  • 14:39 - 14:42
    и родовата еднаквост е добра за сите.
  • 14:42 - 14:43
    Нема победници и губитници.
  • 14:43 - 14:46
    Таа е игра во кој секој победува.
  • 14:46 - 14:48
    Истотака знаеме,
  • 14:48 - 14:52
    дека не можеме целосно
    да ги еманципираме жените
  • 14:52 - 14:55
    ако не ги вклучиме и мажите.
  • 14:55 - 14:56
    Го знаеме тоа.
  • 14:57 - 14:59
    Мојот став е
  • 14:59 - 15:03
    на мажите им се потребни токму оние нешта
    кои жените ги препознале
  • 15:03 - 15:06
    и кои им се потребни да го живеат
    животот кој го посакуваат
  • 15:06 - 15:09
    за да го живеат животот
    кој и ние го посакуваме.
  • 15:11 - 15:16
    Во 1915 г. вечерта, пред најголемите
    демонстрации за женски права
  • 15:16 - 15:18
    на 5-та Авенија во Њујорк,
  • 15:18 - 15:21
    напишана е статија во весник
  • 15:22 - 15:25
    со наслов:
  • 15:25 - 15:26
    „Феминизам за мажи“.
  • 15:27 - 15:30
    Ова е првиот ред на статијата:
  • 15:30 - 15:35
    „Феминизмот ќе овозможи за првпат
    мажите да бидат слободни.“
  • 15:35 - 15:36
    Ви благодарам!
  • 15:36 - 15:44
    (Аплауз)
Title:
Зошто родовата еднаквост е добра работа за сите-вклучително и за мажите.
Speaker:
Мајкл Кимел
Description:

Да, сите знаеме дека тоа е исправно. Но, Мајк Кимел, на практичен и забавен начин зборува за еднаквост на улогите на мажите и жените во домот и на работните места. За него тоа не е игра во која само еден победува туку игра во која двете страни се победници и која на сите им дава повеќе можности и поголема среќа.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
15:58

Macedonian subtitles

Revisions