Што предизвикува отпорност на антибиотици?
-
0:06 - 0:11Што ако ви кажам дека околу вас
има трилион ситни бактерии? -
0:11 - 0:12Вистина е.
-
0:13 - 0:17Микроорганизмите наречени бактерии
се едни од најраните облици на живот -
0:17 - 0:19кои се појавиле на Земјата.
-
0:19 - 0:21Иако се состојат само од една клетка,
-
0:21 - 0:25нивната вкупна биомаса е поголема од таа
на сите растенија и животни заедно. -
0:27 - 0:29Живеат практично насекаде:
-
0:29 - 0:31на земја, во вода,
-
0:31 - 0:34на вашата трпезариска маса,
на вашата кожа, -
0:34 - 0:35па дури и во вас.
-
0:36 - 0:38Сепак, сè уште не паничете.
-
0:38 - 0:42Иако вашето тело има 10 пати
повеќе бактериски клетки -
0:42 - 0:44отколку што има човечки клетки,
-
0:44 - 0:48многу од овие бактерии се безопасни,
па дури и корисни, -
0:48 - 0:50и помагаат на варењето
и имунитетот. -
0:51 - 0:55Но постојат неколку кои можат да
предизвикаат штетни инфекции, -
0:55 - 0:58од најмали непријатности
до смртоносни епидемии. -
0:59 - 1:04За среќа, постојат одлични лекови
наменети против бактериски инфекции. -
1:04 - 1:08Создадени хемиски или од
природни извори како мувла, -
1:08 - 1:11овие антибиотици ги убиваат
или неутрализираат бактериите -
1:11 - 1:14преку прекинување на синтезата
на нивниот клеточен ѕид -
1:14 - 1:18или попречување на некои
витални процеси како синтеза на протеини, -
1:18 - 1:21правејќи го тоа без да ги уништат
човековите клетки. -
1:21 - 1:24Со употребата на антибиотици
за време на 20-от век -
1:24 - 1:28многу од смртоносните болести
се денес лесно излечливи. -
1:28 - 1:31Но денес сè повеќе и повеќе
од антибиотиците -
1:31 - 1:33стануваат помалку ефикасни.
-
1:33 - 1:36Дали некаков дефект ја
наруши нивната делотворност? -
1:36 - 1:40Проблемот не се антибиотиците, но
бактериите против кои треба да се борат -
1:40 - 1:44и причината лежи во Дарвиновата
теорија за природна селекција. -
1:45 - 1:46Исто како и секој друг организам,
-
1:46 - 1:50секоја бактерија може да биде
изложена на мутации. -
1:50 - 1:53Многу од овие мутации
се штетни или бескорисни, -
1:53 - 1:57но од време на време, настанува некоја
мутација која му помага -
1:57 - 1:58на организмот да преживее.
-
1:58 - 2:00За бактеријата,
-
2:00 - 2:03мутацијата која ја прави отпорна
на некој антибиотик -
2:03 - 2:04претставува огромна помош.
-
2:05 - 2:08Додека неотпорните бактерии се уништуваат
-
2:08 - 2:11доста брзо во присуство на
голема количина на антибиотици, -
2:11 - 2:12како во болниците,
-
2:12 - 2:16има повеќе услови за отпорните
бактерии да напредуваат, -
2:16 - 2:20пренесувајќи ги само мутираните
гени кои им помагаат. -
2:20 - 2:22Репродукцијата не е единствениот
начин за ова. -
2:23 - 2:27Некои ја ослободуваат ДНК-та со смртта
за потоа да ги употребат други бактерии. -
2:27 - 2:29Други користат процес наречен
конјугација, -
2:29 - 2:32се поврзуваат со пилуси за да ги
споделат своите гени. -
2:32 - 2:35Со тек на време, резистентните
гени се распространуваат, -
2:35 - 2:38создавајќи целосно нов тип на отпорни
супербактерии. -
2:39 - 2:43Колку време имаме пред овие супер
бактерии да нè надвладеат? -
2:43 - 2:46Некои бактерии го имаат
веќе направено тоа. -
2:47 - 2:50На пример, одреден тип на бактеријата
стафилококус ауреус, -
2:50 - 2:54која предизвикува сè,од кожни заболувања,
до пневмонија и сепса, -
2:54 - 2:56се разви во МРСА,
-
2:56 - 2:59и стана отпорна на бета лактамски
антибиотици, -
2:59 - 3:02како пеницилин, метицилин и оксацилин.
-
3:02 - 3:08Благодарение на генот кој заменува
протеин за кој се врзуваат бета-лактамите, -
3:08 - 3:11МРСА може да го одржи својот
клеточен ѕид неоштетен. -
3:11 - 3:14Други супербактерии, како салмонела,
-
3:14 - 3:17некогаш дури произведуваат ензими, како
бета лактамази, -
3:17 - 3:21кои ги разградуваат антибиотиците пред
да им наштетат на бактериите. -
3:21 - 3:23Ешерихија Коли, разновидна
група на бактерии, -
3:23 - 3:27која содржи форми што предизвикуваат
дијареја и бубрежни заболувања. -
3:27 - 3:29може да ја спречи улогата на
антибиотиците, -
3:29 - 3:31како хинолони,со активно
исфрлување на напаѓачите -
3:31 - 3:33кои успеале да влезат во клетката.
-
3:35 - 3:36Но постојат и добри вести.
-
3:36 - 3:40Научниците работат на тоа да се
чекор понапред од бактериите, -
3:40 - 3:42и иако развојот на нови антибиотици
-
3:42 - 3:43е намален во последните години,
-
3:43 - 3:48Светската здравствена организација дава
приоритет на новите начини на лекување. -
3:48 - 3:51Други научници истражуваат
алтернативни решенија, -
3:51 - 3:55како бактериофагна терапија, или
користење на вакцини против инфекции. -
3:56 - 4:00Најважно, намалувањето на прекумерното и
непотребно користење на антибиотиците, -
4:00 - 4:03на пример за мали инфекции кои
се лечат сами по себе, -
4:03 - 4:06како и менувањето на медицинската практика
за спречување на болнички инфекции, -
4:06 - 4:08можат да имаат огромна улога
-
4:08 - 4:10преку одржување во живот
на неотпорни бактерии -
4:10 - 4:12како конкуренција на отпорните бактерии.
-
4:13 - 4:17Во борбата против супербактериите,
воздржаноста некогаш е поделотворна -
4:17 - 4:20отколку жестокиот противнапад.
- Title:
- Што предизвикува отпорност на антибиотици?
- Description:
-
Гледајте го целото видео: http://ed.ted.com/lessons/how-antibiotics-become-resistant-over-time-kevin-wu
Моментално во вас живеат трилиони микроорганизми. Многу од овие бактерии се безопасни (па дури и корисни), но има неколку врсти на супер бактерии кои се доста гадни - стануваат резистентни на антибиотици. Зошто ова се случува? Кевин Ву детално ја објаснува еволуцијата на овај проблем, кој претставува огромен предизвик за иднината на медицината.
Автор: Кевин Ву, анимација: Брет Андерхил.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TED-Ed
- Duration:
- 04:35
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for What causes antibiotic resistance? - Kevin Wu | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What causes antibiotic resistance? - Kevin Wu | ||
Julia Kalaputi accepted Macedonian subtitles for What causes antibiotic resistance? - Kevin Wu | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for What causes antibiotic resistance? - Kevin Wu | ||
Ina Damjanovska edited Macedonian subtitles for What causes antibiotic resistance? - Kevin Wu |