1 00:00:06,481 --> 00:00:11,020 Што ако ви кажам дека околу вас има трилион ситни бактерии? 2 00:00:11,044 --> 00:00:12,499 Вистина е. 3 00:00:12,523 --> 00:00:16,598 Микроорганизмите наречени бактерии се едни од најраните облици на живот 4 00:00:16,622 --> 00:00:18,504 кои се појавиле на Земјата. 5 00:00:18,526 --> 00:00:20,833 Иако се состојат само од една клетка, 6 00:00:20,857 --> 00:00:25,426 нивната вкупна биомаса е поголема од таа на сите растенија и животни заедно. 7 00:00:26,668 --> 00:00:28,618 Живеат практично насекаде: 8 00:00:28,642 --> 00:00:30,995 на земја, во вода, 9 00:00:31,019 --> 00:00:33,531 на вашата трпезариска маса, на вашата кожа, 10 00:00:33,555 --> 00:00:35,210 па дури и во вас. 11 00:00:35,945 --> 00:00:38,252 Сепак, сè уште не паничете. 12 00:00:38,276 --> 00:00:42,072 Иако вашето тело има 10 пати повеќе бактериски клетки 13 00:00:42,096 --> 00:00:43,993 отколку што има човечки клетки, 14 00:00:44,018 --> 00:00:48,081 многу од овие бактерии се безопасни, па дури и корисни, 15 00:00:48,106 --> 00:00:50,246 и помагаат на варењето и имунитетот. 16 00:00:51,086 --> 00:00:54,871 Но постојат неколку кои можат да предизвикаат штетни инфекции, 17 00:00:54,895 --> 00:00:57,942 од најмали непријатности до смртоносни епидемии. 18 00:00:58,717 --> 00:01:04,120 За среќа, постојат одлични лекови наменети против бактериски инфекции. 19 00:01:04,144 --> 00:01:08,020 Создадени хемиски или од природни извори како мувла, 20 00:01:08,044 --> 00:01:11,091 овие антибиотици ги убиваат или неутрализираат бактериите 21 00:01:11,115 --> 00:01:13,951 преку прекинување на синтезата на нивниот клеточен ѕид 22 00:01:13,975 --> 00:01:18,031 или попречување на некои витални процеси како синтеза на протеини, 23 00:01:18,055 --> 00:01:20,759 правејќи го тоа без да ги уништат човековите клетки. 24 00:01:20,941 --> 00:01:24,430 Со употребата на антибиотици за време на 20-от век 25 00:01:24,454 --> 00:01:27,950 многу од смртоносните болести се денес лесно излечливи. 26 00:01:27,974 --> 00:01:30,847 Но денес сè повеќе и повеќе од антибиотиците 27 00:01:30,871 --> 00:01:32,963 стануваат помалку ефикасни. 28 00:01:32,987 --> 00:01:35,564 Дали некаков дефект ја наруши нивната делотворност? 29 00:01:35,588 --> 00:01:40,423 Проблемот не се антибиотиците, но бактериите против кои треба да се борат 30 00:01:40,447 --> 00:01:43,797 и причината лежи во Дарвиновата теорија за природна селекција. 31 00:01:44,587 --> 00:01:46,238 Исто како и секој друг организам, 32 00:01:46,262 --> 00:01:49,596 секоја бактерија може да биде изложена на мутации. 33 00:01:49,937 --> 00:01:53,211 Многу од овие мутации се штетни или бескорисни, 34 00:01:53,235 --> 00:01:56,584 но од време на време, настанува некоја мутација која му помага 35 00:01:56,608 --> 00:01:58,211 на организмот да преживее. 36 00:01:58,488 --> 00:01:59,870 За бактеријата, 37 00:01:59,895 --> 00:02:02,911 мутацијата која ја прави отпорна на некој антибиотик 38 00:02:02,936 --> 00:02:04,364 претставува огромна помош. 39 00:02:05,208 --> 00:02:07,976 Додека неотпорните бактерии се уништуваат 40 00:02:08,000 --> 00:02:11,350 доста брзо во присуство на голема количина на антибиотици, 41 00:02:11,374 --> 00:02:12,340 како во болниците, 42 00:02:12,340 --> 00:02:15,785 има повеќе услови за отпорните бактерии да напредуваат, 43 00:02:15,785 --> 00:02:19,573 пренесувајќи ги само мутираните гени кои им помагаат. 44 00:02:19,597 --> 00:02:21,905 Репродукцијата не е единствениот начин за ова. 45 00:02:22,580 --> 00:02:26,572 Некои ја ослободуваат ДНК-та со смртта за потоа да ги употребат други бактерии. 46 00:02:26,596 --> 00:02:29,158 Други користат процес наречен конјугација, 47 00:02:29,182 --> 00:02:32,107 се поврзуваат со пилуси за да ги споделат своите гени. 48 00:02:32,131 --> 00:02:34,833 Со тек на време, резистентните гени се распространуваат, 49 00:02:34,857 --> 00:02:37,837 создавајќи целосно нов тип на отпорни супербактерии. 50 00:02:39,127 --> 00:02:42,561 Колку време имаме пред овие супер бактерии да нè надвладеат? 51 00:02:43,466 --> 00:02:45,823 Некои бактерии го имаат веќе направено тоа. 52 00:02:46,989 --> 00:02:50,352 На пример, одреден тип на бактеријата стафилококус ауреус, 53 00:02:50,376 --> 00:02:54,157 која предизвикува сè,од кожни заболувања, до пневмонија и сепса, 54 00:02:54,181 --> 00:02:56,209 се разви во МРСА, 55 00:02:56,233 --> 00:02:59,100 и стана отпорна на бета лактамски антибиотици, 56 00:02:59,124 --> 00:03:01,581 како пеницилин, метицилин и оксацилин. 57 00:03:02,443 --> 00:03:07,527 Благодарение на генот кој заменува протеин за кој се врзуваат бета-лактамите, 58 00:03:07,527 --> 00:03:10,836 МРСА може да го одржи својот клеточен ѕид неоштетен. 59 00:03:10,860 --> 00:03:13,885 Други супербактерии, како салмонела, 60 00:03:13,909 --> 00:03:17,055 некогаш дури произведуваат ензими, како бета лактамази, 61 00:03:17,079 --> 00:03:20,678 кои ги разградуваат антибиотиците пред да им наштетат на бактериите. 62 00:03:20,702 --> 00:03:23,415 Ешерихија Коли, разновидна група на бактерии, 63 00:03:23,439 --> 00:03:26,827 која содржи форми што предизвикуваат дијареја и бубрежни заболувања. 64 00:03:26,851 --> 00:03:28,963 може да ја спречи улогата на антибиотиците, 65 00:03:28,987 --> 00:03:31,381 како хинолони,со активно исфрлување на напаѓачите 66 00:03:31,405 --> 00:03:33,214 кои успеале да влезат во клетката. 67 00:03:34,566 --> 00:03:36,368 Но постојат и добри вести. 68 00:03:36,392 --> 00:03:39,587 Научниците работат на тоа да се чекор понапред од бактериите, 69 00:03:39,611 --> 00:03:41,705 и иако развојот на нови антибиотици 70 00:03:41,729 --> 00:03:43,373 е намален во последните години, 71 00:03:43,397 --> 00:03:47,626 Светската здравствена организација дава приоритет на новите начини на лекување. 72 00:03:48,487 --> 00:03:51,249 Други научници истражуваат алтернативни решенија, 73 00:03:51,273 --> 00:03:54,912 како бактериофагна терапија, или користење на вакцини против инфекции. 74 00:03:55,784 --> 00:03:59,597 Најважно, намалувањето на прекумерното и непотребно користење на антибиотиците, 75 00:03:59,621 --> 00:04:02,584 на пример за мали инфекции кои се лечат сами по себе, 76 00:04:02,584 --> 00:04:06,320 како и менувањето на медицинската практика за спречување на болнички инфекции, 77 00:04:06,344 --> 00:04:07,717 можат да имаат огромна улога 78 00:04:07,741 --> 00:04:10,265 преку одржување во живот на неотпорни бактерии 79 00:04:10,289 --> 00:04:12,320 како конкуренција на отпорните бактерии. 80 00:04:12,922 --> 00:04:17,345 Во борбата против супербактериите, воздржаноста некогаш е поделотворна 81 00:04:17,345 --> 00:04:19,505 отколку жестокиот противнапад.