Бидете скромни-лекции од филозофијата на водата
-
0:01 - 0:02Можеби ви е познато чувството
-
0:03 - 0:07кога се будите наутро и гледате бројни
известувања на вашиот мобилен. -
0:08 - 0:10Календарот ви е преполн со состаноци,
-
0:10 - 0:12некои дури повеќекратно презакажани.
-
0:13 - 0:15Тоа ве прави зафатени, ангажирани
-
0:15 - 0:18и чувствувате дека сте продуктивни.
-
0:19 - 0:23Но, на крајот знаете
дека нешто недостасува. -
0:24 - 0:26Се обидувате да откриете што е тоа.
-
0:27 - 0:29Но,пред да откриете,
-
0:29 - 0:30следниот ден почнува сè одново.
-
0:32 - 0:35Така се чувствував јас пред две години.
-
0:36 - 0:38Бев напнат и под стрес.
-
0:39 - 0:40Како да бев заробен.
-
0:41 - 0:44Светот околу мене се движеше забрзано,
-
0:45 - 0:47а јас не знаев што да правам.
-
0:48 - 0:50Почнав да се прашувам:
-
0:50 - 0:51Како да го издржам сево ова?
-
0:51 - 0:54Како да најдеме исполнетост
-
0:55 - 0:59во светот кој се менува буквално
со брзина на мислата, -
1:00 - 1:02можеби и побрзо.
-
1:04 - 1:05Почнав да ги барам одговорите.
-
1:06 - 1:08Зборував со многу луѓе, со пријателите,
-
1:08 - 1:10со семејството.
-
1:10 - 1:12Читав дури и книги за самопомош.
-
1:14 - 1:16Но, не најдов задоволителен одговор.
-
1:16 - 1:19Всушност,колку повеќе книги
за самопомош прочитав -
1:19 - 1:21толку поголем стрес имав.
-
1:22 - 1:23(Смеа)
-
1:23 - 1:26Како да го хранев мозокот
со нездрава храна -
1:26 - 1:29и станував ментално дебел.
-
1:29 - 1:31(Смеа)
-
1:31 - 1:32Сакав да се откажам,
-
1:33 - 1:36додека еден ден не го пронајдов ова.
-
1:36 - 1:41„Тао Те Џинг-Книгата за патот
и неговата доблест.“ -
1:42 - 1:45Ова е стар, кинески филозофски спис,
-
1:45 - 1:48напишан пред повеќе од 2.600 години.
-
1:49 - 1:53Тоа беше најтенката и
најмалата книга на полицата. -
1:54 - 1:56Имаше само 81 страна.
-
1:56 - 1:59На секоја страна имаше стихови.
-
1:59 - 2:03Се сеќавам, свртев на еднa посебна песна.
-
2:03 - 2:04Еве ја.
-
2:04 - 2:06Убава е, нели?
-
2:06 - 2:07(Смеа)
-
2:07 - 2:08Ќе ви ја прочитам.
-
2:09 - 2:13„Врвната добрина е како водата.
-
2:13 - 2:16Им служи на сите без никаков спор.
-
2:17 - 2:20Во своето живеалиште таа е втемелена.
-
2:20 - 2:23Во своетo битие, продира во длабочини.
-
2:23 - 2:26Во изразувањето, таа е искрена.
-
2:27 - 2:29Во судири, останува мирна.
-
2:31 - 2:33Во своето владеење таа не контролира.
-
2:33 - 2:35Во дејствување, се усогласува со времето.
-
2:36 - 2:39Таа е задоволна со својата природа
-
2:39 - 2:42и затоа е безгрешна.“
-
2:43 - 2:46Се сеќавам кога првпат
го прочитав овој дел. -
2:46 - 2:49Целиот се наежив.
-
2:50 - 2:52И сега се наежувам додека ви го читам вам.
-
2:53 - 2:56Моите грижи и стресот наеднаш исчезнаа.
-
2:57 - 2:59Од тој ден,
-
2:59 - 3:04се обидувам да гo применам значењето
на овие стихови во секојдневниот живот. -
3:04 - 3:08Денес, сакам да споделам со вас
три лекции кои ги научив досега. -
3:08 - 3:10Три лекции од филозофијата на водата
-
3:10 - 3:14кои верувам дека ми
помогнаа да најдам исполнување -
3:14 - 3:16во речиси сè што правам.
-
3:17 - 3:20Првата лекција е за скромноста.
-
3:20 - 3:23Ако помислиме на водата
која тече во реката, -
3:23 - 3:25таа секогаш тече ниско.
-
3:26 - 3:29Ги храни растенијата и ги одржува
во живот животните. -
3:29 - 3:32Не привлекува внимание на себе,
-
3:32 - 3:34ниту бара награди и признанија.
-
3:35 - 3:37Таа е скромна.
-
3:38 - 3:40Но,без скромниот придонес на водата,
-
3:40 - 3:43не би постоел живот.
-
3:45 - 3:48Скромноста на водата
ме научи неколку работи. -
3:48 - 3:52Ме научи да не се однесувам
како да знам што правам -
3:52 - 3:54и како да знам сè,
-
3:54 - 3:56туку да знам дека е добро да се каже:
-
3:56 - 3:57„Не знам.
-
3:57 - 3:59Сакам да научам повеќе,
-
3:59 - 4:00и ми треба твојата помош.“
-
4:01 - 4:05Ме научи, наместо да ги промовирам
сопствените успеси и достигнувања, -
4:05 - 4:09поголемо задоволство е да се
промовираат успесите на другите. -
4:10 - 4:14Ме научи, наместо да правам
работи кои ќе ме туркаат напред, -
4:14 - 4:16поголемо и позначајно исполнување е
-
4:16 - 4:20да им се помогне на другите да ги
пребродат тешкотиите за да успеат. -
4:21 - 4:23Со скромен ум,
-
4:23 - 4:26бев во состојба да изградам
посилни врски со луѓето околу себе. -
4:27 - 4:31Почнав вистински да се интересирам
за приказните и искуствата -
4:31 - 4:33кои ги прават да бидат
единствени и чудесни. -
4:33 - 4:35Животот стана позабавен,
-
4:35 - 4:38бидејќи секој ден откривав
нови чуда и идеји -
4:38 - 4:40и нови решенија за кои
не знаев дека постојат. -
4:40 - 4:43Сето тоа благодарение
на идеите и помошта од другите. -
4:45 - 4:48Сите теченија неизбежно водат кон океанот
-
4:48 - 4:50бидејќи тој е пониско од нив.
-
4:51 - 4:54Скромноста на реката ѝ дава моќ.
-
4:55 - 4:59Но јас сметам дека нам ни ја дава
способноста да останеме приземјени, -
4:59 - 5:00да бидеме присутни,
-
5:00 - 5:05да научиме и да се измениме под влијание
на човечките приказни околу нас. -
5:06 - 5:09Втората лекција која
ја научив е за хармонијата. -
5:10 - 5:12Помислете како тече водата
кон некоја карпа. -
5:12 - 5:14Ја заобиколува карпата.
-
5:14 - 5:17Не се нервира, не побеснува,
-
5:17 - 5:18не се вознемирува.
-
5:18 - 5:20Всушност, не чувствува нешто особено.
-
5:21 - 5:25Кога се соочува со пречка,
водата наоѓа решение, -
5:26 - 5:28без насилство, без судири.
-
5:30 - 5:33Кога размислував за ова, почнав да сфаќам
-
5:33 - 5:35зошто вусшност бев под стрес.
-
5:36 - 5:38Наместо да работам во хармонија
со мојата околина, -
5:38 - 5:40јас работев спротивно на неа.
-
5:40 - 5:42Со сила сакав да ги сменам нештата
-
5:42 - 5:46бидејќи бев обземен од потребата
да успеам или да се докажам. -
5:47 - 5:48На крај, ништо не успеваше.
-
5:49 - 5:50Јас станував понервозен.
-
5:51 - 5:55Наместо да се трудам
да постигнувам поголем успех, -
5:55 - 5:57се пренасочив кон достигнување
поголема хармонија, -
5:57 - 6:01и можев наеднаш да почувствувам
смиреност и сосредоточеност. -
6:02 - 6:04Почнав да се прашувам:
-
6:04 - 6:06Дали ова ќе ми донесе поголема хармонија;
-
6:06 - 6:09дали ќе донесе повеќе
хармонија во мојата средина? -
6:09 - 6:11Дали ова е во склад со мојата природа?
-
6:12 - 6:15Станав поспокоен во однос на тоа кој сум,
-
6:15 - 6:18а не кој треба да бидам
заради нечии очекувања. -
6:20 - 6:22Работата ми стана полесна-
-
6:22 - 6:24не се окупирав со нешта
вон мојата контрола -
6:24 - 6:26туку на она што можам да го контролирам.
-
6:26 - 6:29Престанав да се борам со себе си.
-
6:29 - 6:33Научив да соработувам со околината
за решавање на проблемите во неа. -
6:34 - 6:36Природата не брза.
-
6:37 - 6:39Сепак, сè завршува на време.
-
6:40 - 6:43Тоа е начинот на Тао Те Џинг
да се опише моќта на хармонијата. -
6:44 - 6:48Како што водата наоѓа начини
да најде решенија без сила или судир, -
6:49 - 6:53верувам и ние можеме да најдеме
поголема исполнетост во нашите обиди -
6:53 - 6:56ако го свртиме вниманието
од постигнување повеќе успеси -
6:56 - 6:58кон постигнување повеќе хармонија.
-
6:59 - 7:03Трета лекција што ја научив
од филозофијата на водата -
7:03 - 7:05е за отвореноста.
-
7:06 - 7:08Водата е отворена кон промени.
-
7:08 - 7:12Во зависност од темературата,
таа може да е течна, цврста или гасовита. -
7:13 - 7:15Во зависност од средината во која се наоѓа
-
7:15 - 7:18таа може да е сад, чаша или вазна.
-
7:19 - 7:23Tоа е нејзината способност да се
прилагоди, промени и остане флексибилна. -
7:23 - 7:25Тоа ја прави издржлива со векови
-
7:25 - 7:28и покрај промените во околината.
-
7:29 - 7:32Ние живееме во свет со постојани промени.
-
7:33 - 7:36Не можеме да очекуваме да работиме
во непроменливи средини -
7:36 - 7:38и да следиме една единствена кариера.
-
7:39 - 7:43Од нас истотака се очекува постојано
да ги обновуваме нашите вештини -
7:43 - 7:44за да сме подобни.
-
7:45 - 7:48Во нашата организација
одржуваме низа собири -
7:48 - 7:50каде мали групи или поединци се здружуваат
-
7:51 - 7:53за да решаваат бизнис проблеми
во куси временски рокови. -
7:54 - 7:57Интересно е дека тимовите
кои обично победуваат -
7:57 - 8:00не се најискусните луѓе,
-
8:00 - 8:03туку оние кои се отворени кон учење,
-
8:03 - 8:05отворени да отфрлат учење
-
8:05 - 8:07и кои се отворени да помогнат меѓусебе
-
8:07 - 8:10движејќи се низ променливите состојби.
-
8:11 - 8:13Животот е како еден вид собир.
-
8:14 - 8:18Нè повикува да дејствуваме, да се отвориме
-
8:18 - 8:20и да предизвикаме разбранетост.
-
8:21 - 8:25Можеме да останеме и зад
затворени врати, да останеме здрвени -
8:25 - 8:28со нашите ограничувачки убедувања,
како на пример: -
8:28 - 8:30„Никогаш нема можам да зборувам
за Кинеската филозофија -
8:30 - 8:32пред бројна публика.“
-
8:32 - 8:33(Смеа)
-
8:33 - 8:35Но, можеме и да се отвориме
и уживаме во патувањето. -
8:36 - 8:38Искуството може да е чудесно.
-
8:39 - 8:42Скромност, хармонија и отвореност.
-
8:43 - 8:46Тие се трите лекции кои ги научив
од филозофијата на водата. -
8:47 - 8:49Првите три букви
од англсиките зборови се H-H-O -
8:49 - 8:51или H2O.
-
8:51 - 8:52(Смеа)
-
8:52 - 8:55Тие станаа водечки принципи
во мојот живот. -
8:56 - 8:59Денес, кога сум под стрес,
-
8:59 - 9:02неисполнет, загрижен и несигурен,
-
9:02 - 9:04едноставно се прашувам:
-
9:04 - 9:06Што би направила водата?
-
9:06 - 9:07(Смеа)
-
9:07 - 9:11Моќта на ова едноставно
прашање инспирирано од книга, -
9:11 - 9:15напишана долго пред ерата на биткони,
финансиските и дигиталните технологии, -
9:15 - 9:17позитивно го смени мојот живот.
-
9:18 - 9:20Обидете се и вие и кажете ми
како ќе вијае на вас. -
9:20 - 9:22Би сакал да чујам.
-
9:22 - 9:23Благодарам!
-
9:23 - 9:29(Аплауз)
- Title:
- Бидете скромни-лекции од филозофијата на водата
- Speaker:
- Рејмонд Танг
- Description:
-
Како да најдеме исполнетост во светот изложен на постојани промени? Рејмонд Танг се измачувал со ова прашање до мигот кога случајно наидува на старата кинеска филозофија на Тао Те Џин. Во неа, тој го наоѓа патот низ кој ја споредува добрината со водата-идеја која почнува да ја применува во секојдневниот живот. Во неговиот симпатичен говор, Рејмонд споделува три лекции кои ги научил од „филозофијата на водата“.
„Што би направила водата? Моќта на ова едноставно прашање направи позитивни промени во мојот живот“-вели тој. - Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 09:42
![]() |
Julia Kalaputi approved Macedonian subtitles for Be humble -- and other lessons from the philosophy of water | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Be humble -- and other lessons from the philosophy of water | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Be humble -- and other lessons from the philosophy of water | |
![]() |
Nade Kackarovska accepted Macedonian subtitles for Be humble -- and other lessons from the philosophy of water | |
![]() |
Nade Kackarovska edited Macedonian subtitles for Be humble -- and other lessons from the philosophy of water | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Be humble -- and other lessons from the philosophy of water | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Be humble -- and other lessons from the philosophy of water | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Be humble -- and other lessons from the philosophy of water |