Депресија, тајната која ја делиме
-
0:04 - 0:08"Осетив погреб во мојот мозок,
-
0:08 - 0:10а ожалостените напред-назад
-
0:10 - 0:13маршираат ли маршираат - сѐ додека не
-
0:13 - 0:16се појави она чувство.
-
0:16 - 0:18А кога сите седнаа,
-
0:18 - 0:20обред, како тапан
-
0:20 - 0:22непрестано бие, биеше додека
-
0:22 - 0:26умот ми отрпнуваше.
-
0:26 - 0:28Потоа слушнав како го креваат ковчегот
-
0:28 - 0:30и ми ја изгребаа душата,
-
0:30 - 0:33уште еднаш, со истите оние оловни чизми,
-
0:33 - 0:36и тогаш просторот почна да бие,
-
0:36 - 0:38ко небесата да беше ѕвоно,
-
0:38 - 0:40луѓето беа претворени во уво,
-
0:40 - 0:43а јас овде сум со една чудна раса, во тишина,
-
0:43 - 0:46скршена и осамена.
-
0:46 - 0:50И токму тогаш, го спуштија ковчегот в гроб,
-
0:50 - 0:53а јас паѓав надолу и надолу,
-
0:53 - 0:56открив нови светови со секое нурнување
-
0:56 - 1:00и тогаш престанав да знам."
-
1:00 - 1:04Депресијата ни е позната преку метафори.
-
1:04 - 1:07Емили Дикинсон успеала да ја претстави преку јазик,
-
1:07 - 1:10Гоја преку слика.
-
1:10 - 1:12Половина од уметноста
-
1:12 - 1:16има за цел да ги опише овие иконски состојби.
-
1:16 - 1:20Што се однесува до мене, отсекогаш мислев дека сум јак,
-
1:20 - 1:21еден од луѓето кои би преживеале
-
1:21 - 1:25во концентрационен логор.
-
1:25 - 1:27Во 1991, имав неколку загуби.
-
1:27 - 1:29Умре мајка ми,
-
1:29 - 1:31раскинав една врска,
-
1:31 - 1:33се вратив во Соединетите Држави
-
1:33 - 1:35после години во странство,
-
1:35 - 1:38и низ сите овие искуства поминав недопрен.
-
1:38 - 1:42Но во 1994, три години подоцна,
-
1:42 - 1:46почнав да губам интерес скоро за сѐ.
-
1:46 - 1:48Не сакав да ги правам работите
-
1:48 - 1:50во кои порано уживав,
-
1:50 - 1:52и не знаев зошто.
-
1:52 - 1:54Спротивноста на депресијата
-
1:54 - 1:57не е среќата, туку виталноста,
-
1:57 - 1:58и токму виталноста
-
1:58 - 2:02се одлеваше од мене во тој момент.
-
2:02 - 2:04Она што требаше да се сработи
-
2:04 - 2:06ми изгледаше премногу тешко.
-
2:06 - 2:08Ќе си дојдев дома
-
2:08 - 2:11и ќе видев како трепка црвената сијаличка на телефонската секретарка,
-
2:11 - 2:14и наместо да бидам возбуден што ќе ги слушнам пријателите,
-
2:14 - 2:15јас си велев,
-
2:15 - 2:18"Боже на колку многу луѓе ќе треба да им се јавам."
-
2:18 - 2:21Кога се подготвував да ручам,
-
2:21 - 2:23наеднаш помислував, но треба да ја извадам храната
-
2:23 - 2:25и да ја ставам во чинија,
-
2:25 - 2:29да ја исецкам, да ја изџвакам и да ја голтнам.
-
2:29 - 2:33Премногу напорно ми беше сето тоа.
-
2:33 - 2:36Во разговорите за депресијата честопати
-
2:36 - 2:37не се споменува тоа дека
-
2:37 - 2:40сте свесни за овој апсурд.
-
2:40 - 2:43Знаете дека е апсурдно она што го доживувате.
-
2:43 - 2:45Знаете дека повеќето луѓе успеваат да
-
2:45 - 2:47ги слушнат пораките, го јадат ручекот,
-
2:47 - 2:49се подготвуваат за туширање,
-
2:49 - 2:50излегуваат надвор
-
2:50 - 2:52и дека тоа не е некоја голема работа,
-
2:52 - 2:55но сепак се чувствувате заробени
-
2:55 - 2:59и не знаете како да се ослободите.
-
2:59 - 3:03И така со тек на време бев сѐ помалку активен,
-
3:03 - 3:05сѐ помалку мислев
-
3:05 - 3:08и сѐ помалку чувствував.
-
3:08 - 3:10Едно чувство на ништожност.
-
3:10 - 3:12И тогаш се јави анксиозноста.
-
3:12 - 3:15Ако ми кажевте дека морам
-
3:15 - 3:16да бидам депресивен следниот месец,
-
3:16 - 3:20ќе ви речев, "Знам дека ќе заврши во Ноември, ќе издржам."
-
3:20 - 3:21Но ако ми речевте,
-
3:21 - 3:24"Следниот месец ќе мора да имаш акутна анксиозност,"
-
3:24 - 3:26попрво би си ги пресекол вените отколку да поминам низ тоа.
-
3:26 - 3:28Чувството беше како она
-
3:28 - 3:30кога одите и кога наеднаш ќе се лизнете или
-
3:30 - 3:32препнете
-
3:32 - 3:34и паѓате брзо надолу кон земјата,
-
3:34 - 3:36но паѓањето наместо да трае половина секунда,
-
3:36 - 3:38траеше шест месеци.
-
3:38 - 3:41Исплашени сте цело време,
-
3:41 - 3:45но не знаете од што всушност ви е страв.
-
3:45 - 3:47И токму во тој момент помислив
-
3:47 - 3:51дека е премногу болно да живеам,
-
3:51 - 3:54и не се убив само за да не ги повредам
-
3:54 - 3:57другите луѓе.
-
3:57 - 4:00И најпосле еден ден, се разбудив
-
4:00 - 4:02и помислив дека сум доживеал инфаркт,
-
4:02 - 4:05бидејќи лежев во креветот целосно вкочанет,
-
4:05 - 4:07гледајќи во телефонот, мислејќи си,
-
4:07 - 4:10"Нешто не е во ред и треба да побарам помош,"
-
4:10 - 4:12но не можев да ја кренам раката
-
4:12 - 4:15за да го земам телефонот и да свртам.
-
4:15 - 4:19И конечно, после четири часа лежење и зјапање во него,
-
4:19 - 4:20телефонот заѕвони,
-
4:20 - 4:22и некако успеав да кренам.
-
4:22 - 4:24Беше татко ми,
-
4:24 - 4:27и му реков, "Во сериозна невоља сум.
-
4:27 - 4:30Треба да направиме нешто."
-
4:30 - 4:33Следниот ден започнав со лекарствата
-
4:33 - 4:35и терапијата.
-
4:35 - 4:38Истовремено почнав да се измачувам
-
4:38 - 4:39со ова ужасно прашање:
-
4:39 - 4:41Ако не сум онаа јака личност
-
4:41 - 4:44која може да преживее концентрационен логор,
-
4:44 - 4:46тогаш кој сум?
-
4:46 - 4:48И ако морам да земам лекарства,
-
4:48 - 4:51дали лековите ќе ме доближат до мојата суштина,
-
4:51 - 4:54или пак ќе ме направат некој друг?
-
4:54 - 4:55И како ќе се чувствувам
-
4:55 - 4:58доколку ме направат некој друг?
-
4:58 - 5:01Во борбата влегов со две предности.
-
5:01 - 5:04Прво знаев, објективно кажано,
-
5:04 - 5:06дека имав убав живот,
-
5:06 - 5:08и дека ако закрепнам,
-
5:08 - 5:09ќе имам нешто за што вреди
-
5:09 - 5:11да се живее.
-
5:11 - 5:14И другото беше дека имав пристап до добар третман.
-
5:14 - 5:18Но и покрај тоа, ќе се издигнев па ќе паднев,
-
5:18 - 5:20ќе се издигнев па ќе паднев,
-
5:20 - 5:23ќе се издигнев па ќе паднев,
-
5:23 - 5:25и најпосле сфатив
-
5:25 - 5:27дека ќе морам да примам лекарства
-
5:27 - 5:30и терапија засекогаш.
-
5:30 - 5:32Па си помислив, "Дали проблемот е хемиски
-
5:32 - 5:34или психолошки?
-
5:34 - 5:37И дали ми треба хемиски или филозофски лек?"
-
5:37 - 5:40И не можев да сфатам дали едното или другото.
-
5:40 - 5:42И најпосле сфатив дека всушност
-
5:42 - 5:44не сме доволно напредни и во двете области
-
5:44 - 5:46за да ги објасниме целосно работите.
-
5:46 - 5:49И хемискиот и психолошкиот лек
-
5:49 - 5:51играат улога,
-
5:51 - 5:55и сфатив дека депресијата е нешто толку длабоко
-
5:55 - 5:57вкоренето во нас, што
-
5:57 - 5:59не можеме да ја издвоиме
-
5:59 - 6:01од нашиот карактер и личност.
-
6:01 - 6:03Сакам да кажам дека третманите кои ги имаме
-
6:03 - 6:06за депресија се ужасни.
-
6:06 - 6:08Не се многу ефикасни.
-
6:08 - 6:10Екстремно скапи се.
-
6:10 - 6:12Пропратени се со безброј нуспојави.
-
6:12 - 6:14Катастрофа се.
-
6:14 - 6:17Но многу сум благодарен што живеам сега,
-
6:17 - 6:19а не пред 50 години,
-
6:19 - 6:20кога не можело да се направи речиси
-
6:20 - 6:21ништо.
-
6:21 - 6:24Се надевам дека 50 години отсега,
-
6:24 - 6:26луѓето ќе слушнат за моите третмани
-
6:26 - 6:28и ќе се запрепастат од тоа колку
-
6:28 - 6:31примитивна била науката.
-
6:31 - 6:35Депресијата е темната страна на љубовта.
-
6:35 - 6:39Ако сте во брак со некого и велите,
-
6:39 - 6:42"Добро, ако почине жена ми, ќе си најдам друга,"
-
6:42 - 6:45тогаш тоа не е љубов.
-
6:45 - 6:47Не постои љубов
-
6:47 - 6:50без исчекување на загубата,
-
6:50 - 6:52и токму ваквата очај може
-
6:52 - 6:56да биде двигател на интимноста.
-
6:56 - 6:59Има три работи кои луѓето ги мешаат:
-
6:59 - 7:03депресија, жалост и тага.
-
7:03 - 7:06Жалоста е реактивна состојба.
-
7:06 - 7:09Ако сте доживеале загуба и сте многу несреќни,
-
7:09 - 7:11а шест месеци подоцна,
-
7:11 - 7:14сѐ уште сте длабоко тажни, но функционирате малку подобро,
-
7:14 - 7:16тоа е веројатно жалост,
-
7:16 - 7:18и на крај ќе се разреши
-
7:18 - 7:19сама од себе.
-
7:19 - 7:22Ако доживеете катастрофална загуба
-
7:22 - 7:23и се чувствувате ужасно,
-
7:23 - 7:26и шест месеци подоцна едвај функционирате,
-
7:26 - 7:29тогаш е веројатно депресија која била активирана
-
7:29 - 7:31од катастрофалните околности.
-
7:31 - 7:35Траекторијата ни кажува многу.
-
7:35 - 7:38Луѓето мислат дека депресијата е само тага.
-
7:38 - 7:41Тука станува збор за премногу тага,
-
7:41 - 7:42премногу жалост
-
7:42 - 7:45без некоја очигледна причина.
-
7:45 - 7:48Кога одлучив да ја разберам депресијата
-
7:48 - 7:51и почнав да ги интервјуирам луѓето кои ја доживеале,
-
7:51 - 7:54видов дека има луѓе кои на површината
-
7:54 - 7:56изгледаа ко да имаат релативно
-
7:56 - 7:58блага депресија, но и
-
7:58 - 8:01беа целосно онеспособени од неа.
-
8:01 - 8:03И имаше други луѓе кои се чинеше дека
-
8:03 - 8:04имаат
-
8:04 - 8:07ужасна и тешка депресија,
-
8:07 - 8:09но измеѓу депресивните епизоди сепак
-
8:09 - 8:12водеа добри животи.
-
8:12 - 8:14И така одлучив да откријам
-
8:14 - 8:16што е тоа што ги прави некои луѓе
-
8:16 - 8:18поотпорни за разлика од другите.
-
8:18 - 8:20Кои се механизмите
-
8:20 - 8:22кои им овозможуваат на луѓето да преживеат?
-
8:22 - 8:25Излегов и започнав да ги интервјуирам
-
8:25 - 8:27луѓето кои страдаа од депресија.
-
8:27 - 8:29Еден од првите луѓе кои ги интервјуирав
-
8:29 - 8:31ја опиша депресијата
-
8:31 - 8:34како бавен начин да бидеш мртов,
-
8:34 - 8:36и беше добро што го слушнав ова уште од почеток
-
8:36 - 8:37оти ме потсети дека
-
8:37 - 8:39овој бавен начин да бидеш мртов
-
8:39 - 8:41може да доведе до самата смрт,
-
8:41 - 8:43дека ова е сериозна работа.
-
8:43 - 8:46Таа е водечки причинител на попреченост
-
8:46 - 8:49и луѓето умираат од неа секој ден.
-
8:49 - 8:51Обидувајќи се да го разберам ова
-
8:51 - 8:53зборував со една сакана пријателка
-
8:53 - 8:55која ја знаев со години
-
8:55 - 8:57и која имала
-
8:57 - 8:59психотична епизода кога
-
8:59 - 9:01била бруцош на факултет,
-
9:01 - 9:04а потоа паднала во ужасна депресија.
-
9:04 - 9:06Таа имаше биполарна болест,
-
9:06 - 9:08или манично депресивна болест, како што се нарекуваше тогаш.
-
9:08 - 9:10Со години земаше литиум
-
9:10 - 9:12и добро ѝ одеше тогаш,
-
9:12 - 9:13и најпосле,
-
9:13 - 9:15литиумот ѝ беше прекинат
-
9:15 - 9:17за да видат како ќе функционира без него,
-
9:17 - 9:19и имаше уште една психоза,
-
9:19 - 9:21а потоа падна во најлошата депресија
-
9:21 - 9:23што сум ја видел.
-
9:23 - 9:26Седеше во станот на нејзините родители,
-
9:26 - 9:29повеќе или помалку во кататонија, неподвижна,
-
9:29 - 9:32ден за ден.
-
9:32 - 9:35И кога ја интервјуирав за ова искуство неколку години подоцна --
-
9:35 - 9:38таа е поет и психотерапевт, се вика Маги Робинс -
-
9:38 - 9:42кога ја интервјуирав, рече,
-
9:42 - 9:45"Си ја пеев "Where Have All The Flowers Gone"
-
9:45 - 9:48одново и одново за да не мислам на друго.
-
9:48 - 9:51Пеев за да ги избришам работите што ми ги кажуваше мојот ум,
-
9:51 - 9:56кој повторуваше, "Ти си никој и ништо.
-
9:56 - 9:59Дури и не заслужуваш да живееш.'
-
9:59 - 10:01И токму во тој момент почнав да размислувам
-
10:01 - 10:03за самоубиство."
-
10:03 - 10:05Депресивните не мислат
-
10:05 - 10:07дека ставиле сив превез
-
10:07 - 10:09и дека го набљудуваат светот низ призмата
-
10:09 - 10:11на лошото расположение.
-
10:11 - 10:14Обратно е. Мислат дека превезот им е тргнат,
-
10:14 - 10:16превезот на среќата,
-
10:16 - 10:18и дека сега ја гледаат вистината.
-
10:18 - 10:21Полесно е да им помогнете на шизофрениците
-
10:21 - 10:23кои сметаат дека има нешто туѓо во нив,
-
10:23 - 10:25нешто што треба да се избрка,
-
10:25 - 10:27но со депресивците е тешко,
-
10:27 - 10:31оти ние веруваме дека ја гледаме вистината.
-
10:31 - 10:34Но вистината лаже.
-
10:34 - 10:36Станав преокупиран со таа реченица:
-
10:36 - 10:38"Но вистината лаже."
-
10:38 - 10:41И открив, зборувајќи со депресивни луѓе,
-
10:41 - 10:43дека тие имаат многу налудничави перцепции.
-
10:43 - 10:45Ако некој ви рече, "Никој не ме сака."
-
10:45 - 10:47Вие ќе му одговорите, "Јас те сакам,
-
10:47 - 10:49жена ти те сака, мајка ти те сака."
-
10:49 - 10:51Повеќето луѓе лесно
-
10:51 - 10:53ќе ги разубедите.
-
10:53 - 10:55Но депресивните луѓе ќе ви речат,
-
10:55 - 10:57"Без оглед што правиме,
-
10:57 - 10:59сите ќе умреме на крај."
-
10:59 - 11:01Или ќе ви речат, "Не може да постои вистинска
-
11:01 - 11:03поврзаност помеѓу две човечки битија.
-
11:03 - 11:06Секој од нас е заглавен во сопственото тело."
-
11:06 - 11:07На што ќе мора да речете,
-
11:07 - 11:09"Тоа е вистина,
-
11:09 - 11:11но сметам дека сега треба да се фокусираме
-
11:11 - 11:12на појадокот."
-
11:12 - 11:15(Смеа)
-
11:15 - 11:16Голем дел од времето
-
11:16 - 11:19тие демонстрираат увид во нештата, а не болест,
-
11:19 - 11:22и навистина е неверојатно тоа што
-
11:22 - 11:25повеќето од нас знаеме за овие егзистенцијални прашања,
-
11:25 - 11:27само што не им обрнуваме многу внимание.
-
11:27 - 11:29Имаше едно истражување што особено
-
11:29 - 11:31ми се допадна во кое група на депресивни
-
11:31 - 11:33и група на не-депресивни луѓе
-
11:33 - 11:35играа видео игра во текот на еден час,
-
11:35 - 11:37и на крајот од играта
-
11:37 - 11:39требаше да кажат колку чудовишта
-
11:39 - 11:41убиле.
-
11:41 - 11:43Одговорите на депресивните беа
-
11:43 - 11:45доста прецизни.
-
11:45 - 11:47Не-депресивните луѓе кажуваа
-
11:47 - 11:50дека убиле 15 до 20 пати
-
11:50 - 11:52повеќе чудовишта - (Смеа) -
-
11:52 - 11:56одошто беше случајот.
-
11:56 - 11:59Кога решив да пишувам за мојата депресија, многу луѓе ми рекоа
-
11:59 - 12:01дека сигурно ми паѓа многу тешко
-
12:01 - 12:04тоа што другите знаат за мојата депресија.
-
12:04 - 12:06Велеа, "Дали луѓето ти зборуваат поинаку?"
-
12:06 - 12:08Јас реков, "Да, луѓето зборуваат поинаку со мене.
-
12:08 - 12:10Зборуваат поинаку со мене сѐ
-
12:10 - 12:13додека не почнат да ми кажуваат за нивните искуства,
-
12:13 - 12:15за искуствата на нивната сестра,
-
12:15 - 12:16или нивниот пријател.
-
12:16 - 12:19Работите се сменети бидејќи сега знам
-
12:19 - 12:21дека депресијата е семејна тајна
-
12:21 - 12:24која сите ја имаат.
-
12:24 - 12:27Пред неколку години бев на една конференција,
-
12:27 - 12:30и на првиот ден од три-дневната конференција,
-
12:30 - 12:33една учесничка ме тргна настрана и рече,
-
12:33 - 12:36"Јас страдам од депресија и
-
12:36 - 12:39малку ми е срам заради тоа,
-
12:39 - 12:41но примам лекарства и само
-
12:41 - 12:44сакав да го слушнам вашето мислење?"
-
12:44 - 12:47Дадов сѐ од себе за да ѝ дадам добар совет.
-
12:47 - 12:48И потоа рече, "Знаете,
-
12:48 - 12:51маж ми некогаш не би ме разбрал.
-
12:51 - 12:54Тој е еден од оние кој ова не би го сфатил,
-
12:54 - 12:57и ова сакам да остане само меѓу нас."
-
12:57 - 12:59Јас реков, "Да, нема проблем."
-
12:59 - 13:01Последниот ден, истата конференција,
-
13:01 - 13:04маж ѝ ме тргна настрана,
-
13:04 - 13:05и рече, "Жена ми ќе помисли
-
13:05 - 13:08дека не сум вистински маж ако го знае ова,
-
13:08 - 13:10но се борам со депресија и примам
-
13:10 - 13:12одредени лекарства и
-
13:12 - 13:14ме интересира вашето мислење?"
-
13:14 - 13:16Ги криеја
-
13:16 - 13:18истите лекарства на две различни места
-
13:18 - 13:20во истата спална.
-
13:20 - 13:22И му реков дека можеби
-
13:22 - 13:24брачната комуникација
-
13:24 - 13:26е одговорна за дел од проблемите.
-
13:26 - 13:30(Смеа)
-
13:30 - 13:32Голем впечаток ми остави
-
13:32 - 13:34и големиот товар кој го
-
13:34 - 13:36носи ваквата заедничка тајна.
-
13:36 - 13:38Депресијата е многу исцрпувачка.
-
13:38 - 13:41Одзема голем дел од вашето време и енергија,
-
13:41 - 13:42а молкот за депресијата
-
13:42 - 13:45само ја влошува уште повеќе.
-
13:45 - 13:47Тогаш започнав да размислувам што прават
-
13:47 - 13:49луѓето за да се чувствуваат подобро.
-
13:49 - 13:51Започнав како медицински конзервативец.
-
13:51 - 13:54Мислев дека има неколку видови терапија кои помагаат,
-
13:54 - 13:55и се знаеше кои се тие --
-
13:55 - 13:57имате медикаменти,
-
13:57 - 13:58имате одредени психотерапии,
-
13:58 - 14:01имате можност за електроконвулзивен третман,
-
14:01 - 14:04а другите третмани беа бесмислени.
-
14:04 - 14:05Но тогаш открив нешто.
-
14:05 - 14:07Ако имате рак на мозокот,
-
14:07 - 14:09и речете дека стоењето на глава
-
14:09 - 14:12секое утро по 20 минути ве прави да се чувствувате подобро,
-
14:12 - 14:13можеби ќе се чувствувате подобро,
-
14:13 - 14:15но сепак сѐ уште имате рак на мозокот
-
14:15 - 14:17и најверојатно ќе умрете од него.
-
14:17 - 14:20Но ако имате депресија и ако стоењето
-
14:20 - 14:22на глава секој ден по 20 минути ве прави да се
-
14:22 - 14:24чувствувате подобро, тогаш терапијата успеала,
-
14:24 - 14:26оти депресијата е болест на чувствата,
-
14:26 - 14:28а ако се чувствувате подобро,
-
14:28 - 14:31тоа значи дека веќе не сте депресивни.
-
14:31 - 14:33И така станав многу потолерантен
-
14:33 - 14:36за големиот број на алтернативни третмани.
-
14:36 - 14:38И добивам писма, добивам стотици писма
-
14:38 - 14:41од луѓе кои ми пишуваат и ми кажуваат што им помогнало најмногу.
-
14:41 - 14:43Денеска зад сцената еден ме праша
-
14:43 - 14:44за медитацијата.
-
14:44 - 14:47Моето омилено писмо ми е она
-
14:47 - 14:48од една жена која ми пиша и
-
14:48 - 14:51рече дека пробала терапија,
-
14:51 - 14:53пробала лекарства, пробала речиси сѐ,
-
14:53 - 14:56и најпосле нашла решение и изрази надеж да го пренесам на светот,
-
14:56 - 15:00а тоа е правење на мали работи од предиво.
-
15:00 - 15:03(Смеа)
-
15:03 - 15:06Ми испрати неколку. (Смеа)
-
15:06 - 15:10Не ги носам во моментов.
-
15:10 - 15:12И сугерирав да го ѕирне и опсесивно-компулсивното
-
15:12 - 15:16растројство во "ДиЕсЕм."
-
15:16 - 15:20Кога отидов да ги истражувам алтернативните третмани,
-
15:20 - 15:22дознав и за други третмани.
-
15:22 - 15:25Поминав низ племенски егзорцизам во Сенегал
-
15:25 - 15:27кој вклучуваше голема количина на крв од овен
-
15:27 - 15:29и нема да навлегувам во детали сега,
-
15:29 - 15:31но неколку години подоцна бев во Руанда
-
15:31 - 15:33каде работев на поинаков проект,
-
15:33 - 15:36и на еден му зборував за моето искуство,
-
15:36 - 15:38а тој рече, "Добро, знаеш,
-
15:38 - 15:40тоа е Западна Африка, но ние сме Источна Африка,
-
15:40 - 15:41и нашите ритуали во одредени аспекти се многу различни,
-
15:41 - 15:43но имаме ритуали кои се слични со оние
-
15:43 - 15:45за кои ни зборуваш."
-
15:45 - 15:47Јас реков, "Ох." А тој рече, "Да,"
-
15:47 - 15:50но имавме проблеми со Западните стручњаци за ментално здравје,
-
15:50 - 15:52особено оние кои дојдоа веднаш после геноцидот."
-
15:52 - 15:55Го прашав, "Какви проблеми имавте?"
-
15:55 - 15:56Тој рече, "Правеа
-
15:56 - 15:59една чудна работа.
-
15:59 - 16:01Не ги носеа луѓето на сонце за
-
16:01 - 16:03да се чувствуваат подобро.
-
16:03 - 16:06Не вклучуваа тропање или музика за да им ја раздвижат крвта.
-
16:06 - 16:08Не ја вклучуваа заедницата.
-
16:08 - 16:09Не зборуваа за депресијата како за
-
16:09 - 16:11натрапнички дух.
-
16:11 - 16:13Наместо тоа ги носеа луѓето еден по еден
-
16:13 - 16:16во едни мали и валкани соби
-
16:16 - 16:17и еден час ги тераа да зборуваат
-
16:17 - 16:20за лошите работи кои им се случиле.."
-
16:20 - 16:25(Смеа) (Аплауз)
-
16:25 - 16:27Рече, "Моравме да ги замолиме да ја напуштат државата."
-
16:27 - 16:30(Смеа)
-
16:30 - 16:33Во однос на другите алтернативни третмани,
-
16:33 - 16:35дозволете ми да ви раскажам за Френк Русакоф.
-
16:35 - 16:38Френк Русакоф ја имаше најтешката депресија
-
16:38 - 16:41што некогаш сум ја видел.
-
16:41 - 16:43Постојано беше депресивен.
-
16:43 - 16:45Кога го запознав, се наоѓаше во ситуација
-
16:45 - 16:48каде секој месец мораше да прима електрошокови.
-
16:48 - 16:51Па ќе биде дезориентиран една недела.
-
16:51 - 16:53Па ќе ќе се чувствува добро недела дена.
-
16:53 - 16:54Па една недела ќе паѓа во депресија.
-
16:54 - 16:57И на крај пак одеше на третман со електрошокови.
-
16:57 - 16:58Кога го сретнав ми рече,
-
16:58 - 17:01Неподнослив е овој живот.
-
17:01 - 17:02Не можам веќе вака,
-
17:02 - 17:05и веќе решив како да ставам крај доколку
-
17:05 - 17:06не се подобри ситуацијата.
-
17:06 - 17:09Но," ми рече, "слушнав за една постапка
-
17:09 - 17:11која ја изведуваат во "Mass General,"
-
17:11 - 17:13цингулотомија, операција на мозок,
-
17:13 - 17:16и решив да го пробам и тоа."
-
17:16 - 17:18И се сеќавам дека во тој момент бев вчудоневиден
-
17:18 - 17:19од фактот дека
-
17:19 - 17:22некој кој имал толку многу лоши искуства
-
17:22 - 17:24со толку многу различни третмани
-
17:24 - 17:27зачувал некаде во себе доволно оптимизам
-
17:27 - 17:30за да испроба уште еден.
-
17:30 - 17:32Му беше направена цингулотомија
-
17:32 - 17:34и беше неверојатно успешна.
-
17:34 - 17:35Сега ми е пријател.
-
17:35 - 17:39Има прекрасна жена и две убави деца.
-
17:39 - 17:42Ми напиша писмо на Божиќ после операцијата
-
17:42 - 17:43и рече,
-
17:43 - 17:46"Татко ми, ми испрати два подароци оваа година,
-
17:46 - 17:48Најпрвин, подвижен држач за дискови од "The Sharper Image"
-
17:48 - 17:50кој не ми вршеше работа,
-
17:50 - 17:52но знаев дека ми го дава по повод тоа што
-
17:52 - 17:53живеев самостојно и заради тоа
-
17:53 - 17:55што имам работа која ја сакам.
-
17:55 - 17:57Другиот подарок беше
-
17:57 - 17:59фотографија од баба ми,
-
17:59 - 18:01која изврши самоубиство.
-
18:01 - 18:04Додека ја одмотував, почнав да плачам,
-
18:04 - 18:06а мајка ми дојде и ми рече,
-
18:06 - 18:09'Плачеш за роднините кои никогаш не си ги знаел?'
-
18:09 - 18:13Јас реков, 'Баба ми ја имала истата болест што ја имам јас.'
-
18:13 - 18:16Во моментов додека ти пишувам, плачам.
-
18:16 - 18:19Не дека сум тажен, но чувствувам тежина,
-
18:19 - 18:21бидејќи и јас можеби ќе се убиев,
-
18:21 - 18:23но родителите постојано ме бодреа,
-
18:23 - 18:25исто и доккторите,
-
18:25 - 18:27имав и операција.
-
18:27 - 18:30Сега сум жив и благодарен.
-
18:30 - 18:32Живееме во вистинското време,
-
18:32 - 18:36иако можеби не изгледа секогаш така."
-
18:36 - 18:38Бев изненаден од фактот што депресијата
-
18:38 - 18:39во глобала се смета за
-
18:39 - 18:43модерен, Западен, проблем на средната класа,
-
18:43 - 18:45па затоа решив да откријам како се пројавува
-
18:45 - 18:47во други поинакви средини,
-
18:47 - 18:49а најмногу ме интересираше депресијата
-
18:49 - 18:51кај сиромашните.
-
18:51 - 18:53И затоа почнав да истражувам
-
18:53 - 18:55што е направено за сиромашните луѓе со депресија.
-
18:55 - 18:57Открив дека сиромашните луѓе воглавно
-
18:57 - 19:00не добиваат третман за депресијата.
-
19:00 - 19:03Депресијата е резултат на генетска предиспозиција,
-
19:03 - 19:06која е еднакво распределена во популацијата,
-
19:06 - 19:08и активирачки околности,
-
19:08 - 19:10кои се особено критични за
-
19:10 - 19:12сиромашните луѓе.
-
19:12 - 19:14И доколку имаш
-
19:14 - 19:16прекрасен живот, но се чувствуваш мизерно цело време,
-
19:16 - 19:18ќе си речеш, "Зошто се чувствувам вака?
-
19:18 - 19:20Сигурно имам депресија."
-
19:20 - 19:22И почнуваш да бараш третман.
-
19:22 - 19:24Но ако имаш ужасен живот,
-
19:24 - 19:26и се чувствуваш мизерно цело време,
-
19:26 - 19:29тогаш твоето чувство е во склад со твојот живот,
-
19:29 - 19:30и не ти текнува да си речеш,
-
19:30 - 19:32"Можеби ова може да се лечи."
-
19:32 - 19:35И затоа во земјава имаме епидемија на
-
19:35 - 19:38депресија помеѓу сиромашните луѓе, депресија
-
19:38 - 19:41која е незабележана, која не е третирана
-
19:41 - 19:43и со која не се занимаваме,
-
19:43 - 19:45а тоа е трагедија од огромен размер.
-
19:45 - 19:47Налетав на еден научник
-
19:47 - 19:48кој вршеше истражување во
-
19:48 - 19:50сиромашните квартови надвор од Вашингтон,
-
19:50 - 19:53каде среќаваше жени кои доаѓаа за други здравствени проблеми,
-
19:53 - 19:55ги дијагностицираше со депресија,
-
19:55 - 19:58а потоа врз нив го применуваше експерименталниот протокол.
-
19:58 - 20:00Една од нив, Лоли, дојде,
-
20:00 - 20:03и еве што кажа денот кога дојде.
-
20:03 - 20:06Патем таа беше жена со
-
20:06 - 20:08седум деца. Рече,
-
20:08 - 20:11"Порано имав работа, но морав да напуштам оти
-
20:11 - 20:13не можев да излегувам од дома.
-
20:13 - 20:15Немав што да им кажам на децата.
-
20:15 - 20:18Наутро, едвај чекав да заминат,
-
20:18 - 20:21а потоа одев во кревет и се покривав до глава.
-
20:21 - 20:23Три часот, кога тие се враќаа дома,
-
20:23 - 20:24доаѓаше многу брзо."
-
20:24 - 20:27Рече, "Земав голема доза Тиленол,
-
20:27 - 20:29и други работи само за да спијам повеќе.
-
20:29 - 20:33Маж ми, ми велеше дека сум глупава, дека сум грда.
-
20:33 - 20:37Камо да можев да ја сопрам болката."
-
20:37 - 20:39Таа беше вклучена во експериментот
-
20:39 - 20:42и кога ја интервјуирав шест месеци подоцна,
-
20:42 - 20:46работеше како негувателка во Американската
-
20:46 - 20:50морнарица, го напушти насилниот маж,
-
20:50 - 20:52и ми рече,
-
20:52 - 20:54"Сега децата се многу посреќни."
-
20:54 - 20:56Рече, "Во новиот дом имам една соба за момчињата
-
20:56 - 20:59и една соба за девојчињата,
-
20:59 - 21:01но ноќе, сите доаѓаат во мојот кревет,
-
21:01 - 21:04и сите заедно пишуваме домашна.
-
21:04 - 21:06Едното сака да биде свештеник,
-
21:06 - 21:07другото сака да биде пожарникар,
-
21:07 - 21:10а едно од девојчињата сака да биде адвокат.
-
21:10 - 21:12Не плачат и не се тепаат
-
21:12 - 21:15како порано.
-
21:15 - 21:19Децата се сѐ што ми треба.
-
21:19 - 21:21Работите постојано се менуваат,
-
21:21 - 21:26она како се облекувам, како се чувствувам, како се однесувам.
-
21:26 - 21:29Веќе не ми е страв да излегувам надвор
-
21:29 - 21:33и мислам дека лошите чувства веќе нема да се вратат.
-
21:33 - 21:36Ако не беше Др. Миранда
-
21:36 - 21:40сѐ уште ќе бев по дома со прекривка врз главата,
-
21:40 - 21:42ако воопшто бев жива.
-
21:42 - 21:46Го замолив Бог да ми испрати ангел,
-
21:46 - 21:50и тој ги слушна моите молитви."
-
21:50 - 21:53Навистина бев трогнат од овие искуства,
-
21:53 - 21:56па затоа решив да пишувам за нив не само
-
21:56 - 21:57во книгата на која работев,
-
21:57 - 21:59туку и во списание,
-
21:59 - 22:01и така добив дозвола од списанието "The New York Times"
-
22:01 - 22:03да пишувам за депресијата кај сиромашните.
-
22:03 - 22:04Им ја дадов приказната
-
22:04 - 22:06и ми се јави уредникот и рече,
-
22:06 - 22:08"Навистина не можеме да го објавиме ова."
-
22:08 - 22:10Јас реков, "Зошто не?"
-
22:10 - 22:12Таа рече, "Ова е претерано.
-
22:12 - 22:16Луѓе кои се на дното на општеството
-
22:16 - 22:17поминуваат низ неколку месечен третман
-
22:17 - 22:20и веднаш после тоа се спремни да бидат директори?
-
22:20 - 22:22Тоа е невозможно."
-
22:22 - 22:24Таа рече, никогаш не сум слушнала за такво нешто."
-
22:24 - 22:27Јас реков, "Фактот дека никогаш не си слушнала
-
22:27 - 22:30е знак дека тоа е новост."
-
22:30 - 22:36(Смеа) (Аплауз)
-
22:37 - 22:40А вие сте списание за новости."
-
22:40 - 22:42И така после малку преговарање,
-
22:42 - 22:43тие се сложија.
-
22:43 - 22:45Но голем дел од она што го кажаа
-
22:45 - 22:47е поврзано на чуден начин
-
22:47 - 22:49со одбивноста која луѓето сѐ уште ја имаат
-
22:49 - 22:51кон третманот,
-
22:51 - 22:52претпоставката дека лечењето
-
22:52 - 22:55на луѓето од сиромашните заедници е
-
22:55 - 22:57всушност нивна експлоатација,
-
22:57 - 22:59оти третманот подразбира нивно менување.
-
22:59 - 23:01Постои лажен морален императив
-
23:01 - 23:02кој е многу распространет, а тоа
-
23:02 - 23:05е дека лечењето на депресијата,
-
23:05 - 23:07лекарствата и така натаму, се всушност трикови,
-
23:07 - 23:09и дека тоа не е природно.
-
23:09 - 23:12Јас мислам дека тоа е погрешно.
-
23:12 - 23:16Природно е да им паѓаат забите на луѓето,
-
23:16 - 23:19но никој не се бори против забната паста,
-
23:19 - 23:21барем не во моите кругови.
-
23:21 - 23:24Луѓето велат, "Но, зарем депресијата не е нешто
-
23:24 - 23:26што луѓето треба да го доживеат?
-
23:26 - 23:28Зарем не сме еволуирале да имаме депресија?
-
23:28 - 23:29Зарем таа не е дел од твојата личност?"
-
23:29 - 23:32На што ќе речам, емоциите се корисни.
-
23:32 - 23:36Да можете да доживеете тага, страв,
-
23:36 - 23:37радост, задоволство
-
23:37 - 23:39и сите други емоции,
-
23:39 - 23:41тоа е од огромна вредност.
-
23:41 - 23:44А тешката депресија е нешто што се јавува
-
23:44 - 23:46кога системот ќе се распадне.
-
23:46 - 23:48Таа е маладаптивна.
-
23:48 - 23:50Луѓето доаѓаат кај мене и велат,
-
23:50 - 23:52"Ако издржам уште една година,
-
23:52 - 23:54ќе го надминам ова."
-
23:54 - 23:57И јас секогаш им велам, "Можеби ќе ја надминеш,
-
23:57 - 23:59но никогаш повторно нема да бидеш 37.
-
23:59 - 24:02Животот е краток, а ти си спремен
-
24:02 - 24:04да се откажеш од цела година.
-
24:04 - 24:06Размисли."
-
24:06 - 24:08Чудна е оскудноста на англискиот јазик,
-
24:08 - 24:10и навистина на многу други јазици,
-
24:10 - 24:13тоа дека имаме ист збор, депресија,
-
24:13 - 24:14кога треба да опишеме како се чувствува детето
-
24:14 - 24:16кога врне на неговиот роденден,
-
24:16 - 24:19и кога треба да опишеме како се чувствува
-
24:19 - 24:21некој моментот пред да изврши самоубиство.
-
24:21 - 24:24Луѓето ми велат, "Дали е во континуитет со нормалната тага?"
-
24:24 - 24:27Јас им велам, на некој начин е во континуитет со нормалната тага.
-
24:27 - 24:30Има одредено ниво на континуитет,
-
24:30 - 24:32но на истиот начин на кој има континуитет
-
24:32 - 24:34помеѓу железната ограда надвор од вашата куќа
-
24:34 - 24:35која е малку 'рѓосана,
-
24:35 - 24:38и која треба само да ја префарбате
-
24:38 - 24:41и куќата која сте ја оставиле да 'рѓосува 100 години,
-
24:41 - 24:44и која ќе се претвори во
-
24:44 - 24:45портокалова прашина.
-
24:45 - 24:47А нас нѐ интересира токму
-
24:47 - 24:49портокаловата прашина,
-
24:49 - 24:52со неа сакаме да излеземе на крај.
-
24:52 - 24:54Денес луѓето велат,
-
24:54 - 24:57"Ги земаш овие пилули на среќата, и дали си среќен?"
-
24:57 - 24:59Не сум.
-
24:59 - 25:01Но не се чувствувам тажен кога треба да јадам,
-
25:01 - 25:04не сум тажен кога ќе ја слушнам телефонската секретарка
-
25:04 - 25:07и не сум тажен кога треба да се туширам.
-
25:07 - 25:10Сега чувствувам повеќе,
-
25:10 - 25:12бидејќи ја чувствувам тагата без да чувствувам ништожност.
-
25:12 - 25:17Тажен сум заради професионалните разочарувања,
-
25:17 - 25:19заради раскинатите врски
-
25:19 - 25:21и заради глобалното затоплување.
-
25:21 - 25:24Овие нешта ме растажуваат сега.
-
25:24 - 25:27И си реков, добро, што е поуката?
-
25:27 - 25:29Како успеваат да излезат на крај
-
25:29 - 25:32луѓето со тешка депресија?
-
25:32 - 25:34Како функционира отпорноста?
-
25:34 - 25:37Со текот на времето дојдов до заклучок
-
25:37 - 25:39дека луѓето кои го негираат своето доживување,
-
25:39 - 25:42оние кои велат, "Многу оддамна бев депресивен
-
25:42 - 25:43и веќе никогаш не сакам да размислувам за тоа,
-
25:43 - 25:44нема да мислам на тоа
-
25:44 - 25:46и едноставно ќе си продолжам со животот,"
-
25:46 - 25:48иронично, овие луѓе се најголемите
-
25:48 - 25:51робови на депресијата.
-
25:51 - 25:54Прикривајќи ја депресијата, вие само ја зајакнувате.
-
25:54 - 25:57Додека ја криете, таа расте.
-
25:57 - 26:00Подобро им оди на луѓето
-
26:00 - 26:02кои го прифатиле фактот дека
-
26:02 - 26:04ја имаат оваа состојба.
-
26:04 - 26:06Оние кои ја толерираат својата депресија
-
26:06 - 26:08успеваат да развијат отпорност.
-
26:08 - 26:10Френк Русакоф ми рече,
-
26:10 - 26:12Ако треба пак да поминам низ ова,
-
26:12 - 26:14веројатно нема да постапам како сега,
-
26:14 - 26:16но на чуден начин, и сум благодарен
-
26:16 - 26:17за ова што го доживеав.
-
26:17 - 26:21Мило ми е што бев 40 пати во болница.
-
26:21 - 26:24Ме научи многу за љубовта,
-
26:24 - 26:26за мојата врска со моите родители, и докторите кои
-
26:26 - 26:31беа драгоцени за мене, и секогаш ќе бидат."
-
26:31 - 26:33Меги Робинс рече,
-
26:33 - 26:36Порано волонтирав во клиника за СИДА,
-
26:36 - 26:39и само зборував, зборував и само зборував,
-
26:39 - 26:41а луѓето со кои работев
-
26:41 - 26:43не реагираа многу, и си помислив,
-
26:43 - 26:47'Ова не им помага.'
-
26:47 - 26:48И тогаш сфатив,
-
26:48 - 26:50сфатив дека немаат намера да зборуваат
-
26:50 - 26:53многу и дека ќе останеме само на оној краток муабет.
-
26:53 - 26:55Дека тоа ќе биде момент во кој
-
26:55 - 26:58јас немам СИДА и не умирам,
-
26:58 - 27:01но во кој ќе го толерирам фактот дека тие имаат
-
27:01 - 27:02и дека ќе умрат.
-
27:02 - 27:06Нашите најголеми ресурси се нашите потреби.
-
27:06 - 27:08Јас научив да ги давам
-
27:08 - 27:12сите работи кои ми требаат."
-
27:12 - 27:14Ценејќи ја сопствената депресија
-
27:14 - 27:16не значи дека ќе спречите рецидив,
-
27:16 - 27:19но ќе можете полесно да го толерирате
-
27:19 - 27:23самиот рецидив, доколку дојде до тоа.
-
27:23 - 27:25Не е поентата да најдете
-
27:25 - 27:27смисла и да речете дека
-
27:27 - 27:29депресијата има смисла.
-
27:29 - 27:31Поентата лежи во потрагата
-
27:31 - 27:33по смислата и ставот кој вели,
-
27:33 - 27:35"Ќе биде пеколно,
-
27:35 - 27:37но ќе научам нешто од ова."
-
27:37 - 27:40Од мојата депресија научив
-
27:40 - 27:42колку се значајни емоциите,
-
27:42 - 27:45дека се пореални од фактите,
-
27:45 - 27:48и ова искуство ми овозможи
-
27:48 - 27:51да ги доживеам позитивните емоции
-
27:51 - 27:54на еден поинтензивен и пофокусиран начин.
-
27:54 - 27:58Спротивноста на депресијата не е среќата,
-
27:58 - 27:59туку виталноста,
-
27:59 - 28:02а денеска, мојот живот е витален,
-
28:02 - 28:05дури и во деновите кога сум тажен.
-
28:05 - 28:08Го осетив тој погреб во мојот мозок
-
28:08 - 28:10и седнав веднаш до џинот
-
28:10 - 28:12на работ на светот
-
28:12 - 28:14и открив нешто
-
28:14 - 28:16во мене, нешто што
-
28:16 - 28:18ќе морам да го наречам душа,
-
28:18 - 28:22која никогаш ја немав дефинирано сѐ до тој ден пред 20 години
-
28:22 - 28:27кога ѓаволот ненадејно ме посети.
-
28:27 - 28:31И покрај тоа што ја мразев депресијата и
-
28:31 - 28:33покрај тоа што не сакам пак да ми се повтори,
-
28:33 - 28:36сепак најдов начин како да ја сакам.
-
28:36 - 28:38Ја сакам бидејќи ме натера
-
28:38 - 28:41да ја пронајдам радоста.
-
28:41 - 28:44Ја сакам бидејќи секој ден ми помага
-
28:44 - 28:46да најдам
-
28:46 - 28:48причина за
-
28:48 - 28:51живеење.
-
28:51 - 28:55Мислам дека тоа е голема привилегија.
-
28:55 - 28:59Ви благодарам.
-
28:59 - 29:02(Аплауз)
- Title:
- Депресија, тајната која ја делиме
- Speaker:
- Ендрју Соломон
- Description:
-
"Спротивноста на депресијата не е среќата, туку виталноста, и токму виталноста се одлеваше од мене во тој момент." Во говор кој е еднакво елоквентен и поразителен, писателот Ендрју Соломон ве води во најмрачните делови на неговиот ум, во годините кога се борел со депресија. Борба која го поттикнала да замине на просветлувачко патување низ светот за да интервјуира други луѓе со депресија -- само за да открие дека колку повеќе зборувал, толку повеќе луѓето му ги кажувале своите приказни. (Снимено на TEDxMet.)
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 29:21
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Depression, the secret we share | ||
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for Depression, the secret we share | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Depression, the secret we share | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Depression, the secret we share | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Depression, the secret we share | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Depression, the secret we share | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Depression, the secret we share | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Depression, the secret we share |