0:00:03.627,0:00:07.838 "Осетив погреб во мојот мозок, 0:00:07.838,0:00:10.240 а ожалостените напред-назад 0:00:10.240,0:00:12.900 маршираат ли маршираат - сѐ додека не 0:00:12.900,0:00:15.836 се појави она чувство. 0:00:15.836,0:00:17.605 А кога сите седнаа, 0:00:17.605,0:00:19.603 обред, како тапан 0:00:19.603,0:00:22.315 непрестано бие, биеше додека 0:00:22.315,0:00:25.831 умот ми отрпнуваше. 0:00:25.831,0:00:27.707 Потоа слушнав како го креваат ковчегот 0:00:27.707,0:00:29.994 и ми ја изгребаа душата, 0:00:29.994,0:00:33.053 уште еднаш, со истите оние оловни чизми, 0:00:33.053,0:00:36.070 и тогаш просторот почна да бие, 0:00:36.070,0:00:38.210 ко небесата да беше ѕвоно, 0:00:38.210,0:00:40.201 луѓето беа претворени во уво, 0:00:40.201,0:00:43.284 а јас овде сум со една чудна раса, во тишина, 0:00:43.284,0:00:46.493 скршена и осамена. 0:00:46.493,0:00:49.670 И токму тогаш, го спуштија ковчегот в гроб, 0:00:49.670,0:00:53.011 а јас паѓав надолу и надолу, 0:00:53.011,0:00:55.686 открив нови светови со секое нурнување 0:00:55.686,0:01:00.198 и тогаш престанав да знам." 0:01:00.198,0:01:03.680 Депресијата ни е позната преку метафори. 0:01:03.680,0:01:07.389 Емили Дикинсон успеала да ја претстави преку јазик, 0:01:07.389,0:01:10.130 Гоја преку слика. 0:01:10.130,0:01:12.113 Половина од уметноста 0:01:12.113,0:01:15.997 има за цел да ги опише овие иконски состојби. 0:01:15.997,0:01:19.587 Што се однесува до мене, отсекогаш мислев дека сум јак, 0:01:19.587,0:01:21.460 еден од луѓето кои би преживеале 0:01:21.460,0:01:24.614 во концентрационен логор. 0:01:24.614,0:01:27.497 Во 1991, имав неколку загуби. 0:01:27.497,0:01:29.198 Умре мајка ми, 0:01:29.198,0:01:31.324 раскинав една врска, 0:01:31.324,0:01:33.167 се вратив во Соединетите Држави 0:01:33.167,0:01:35.268 после години во странство, 0:01:35.268,0:01:38.432 и низ сите овие искуства поминав недопрен. 0:01:38.432,0:01:41.539 Но во 1994, три години подоцна, 0:01:41.539,0:01:45.932 почнав да губам интерес скоро за сѐ. 0:01:45.932,0:01:47.577 Не сакав да ги правам работите 0:01:47.577,0:01:49.959 во кои порано уживав, 0:01:49.959,0:01:51.877 и не знаев зошто. 0:01:51.877,0:01:53.697 Спротивноста на депресијата 0:01:53.697,0:01:56.934 не е среќата, туку виталноста, 0:01:56.934,0:01:58.429 и токму виталноста 0:01:58.429,0:02:02.082 се одлеваше од мене во тој момент. 0:02:02.082,0:02:04.237 Она што требаше да се сработи 0:02:04.237,0:02:06.411 ми изгледаше премногу тешко. 0:02:06.411,0:02:08.058 Ќе си дојдев дома 0:02:08.058,0:02:11.440 и ќе видев како трепка црвената сијаличка на телефонската секретарка, 0:02:11.440,0:02:13.585 и наместо да бидам возбуден што ќе ги слушнам пријателите, 0:02:13.585,0:02:15.133 јас си велев, 0:02:15.133,0:02:18.368 "Боже на колку многу луѓе ќе треба да им се јавам." 0:02:18.368,0:02:20.755 Кога се подготвував да ручам, 0:02:20.755,0:02:23.301 наеднаш помислував, но треба да ја извадам храната 0:02:23.301,0:02:25.340 и да ја ставам во чинија, 0:02:25.340,0:02:29.389 да ја исецкам, да ја изџвакам и да ја голтнам. 0:02:29.389,0:02:33.090 Премногу напорно ми беше сето тоа. 0:02:33.090,0:02:35.541 Во разговорите за депресијата честопати 0:02:35.541,0:02:37.443 не се споменува тоа дека 0:02:37.443,0:02:39.801 сте свесни за овој апсурд. 0:02:39.801,0:02:42.537 Знаете дека е апсурдно она што го доживувате. 0:02:42.537,0:02:44.681 Знаете дека повеќето луѓе успеваат да 0:02:44.681,0:02:46.995 ги слушнат пораките, го јадат ручекот, 0:02:46.995,0:02:48.907 се подготвуваат за туширање, 0:02:48.907,0:02:50.167 излегуваат надвор 0:02:50.167,0:02:51.644 и дека тоа не е некоја голема работа, 0:02:51.644,0:02:54.985 но сепак се чувствувате заробени 0:02:54.985,0:02:58.737 и не знаете како да се ослободите. 0:02:58.737,0:03:03.236 И така со тек на време бев сѐ помалку активен, 0:03:03.236,0:03:05.326 сѐ помалку мислев 0:03:05.326,0:03:07.694 и сѐ помалку чувствував. 0:03:07.694,0:03:10.049 Едно чувство на ништожност. 0:03:10.049,0:03:12.415 И тогаш се јави анксиозноста. 0:03:12.415,0:03:14.694 Ако ми кажевте дека морам 0:03:14.694,0:03:16.283 да бидам депресивен следниот месец, 0:03:16.283,0:03:19.507 ќе ви речев, "Знам дека ќе заврши во Ноември, ќе издржам." 0:03:19.507,0:03:20.623 Но ако ми речевте, 0:03:20.623,0:03:23.923 "Следниот месец ќе мора да имаш акутна анксиозност," 0:03:23.923,0:03:26.296 попрво би си ги пресекол вените отколку да поминам низ тоа. 0:03:26.296,0:03:28.078 Чувството беше како она 0:03:28.078,0:03:30.306 кога одите и кога наеднаш ќе се лизнете или 0:03:30.306,0:03:31.708 препнете 0:03:31.708,0:03:33.593 и паѓате брзо надолу кон земјата, 0:03:33.593,0:03:36.311 но паѓањето наместо да трае половина секунда, 0:03:36.311,0:03:38.249 траеше шест месеци. 0:03:38.249,0:03:41.281 Исплашени сте цело време, 0:03:41.281,0:03:45.057 но не знаете од што всушност ви е страв. 0:03:45.057,0:03:47.477 И токму во тој момент помислив 0:03:47.477,0:03:51.476 дека е премногу болно да живеам, 0:03:51.476,0:03:54.060 и не се убив само за да не ги повредам 0:03:54.060,0:03:57.191 другите луѓе. 0:03:57.191,0:04:00.184 И најпосле еден ден, се разбудив 0:04:00.200,0:04:02.208 и помислив дека сум доживеал инфаркт, 0:04:02.208,0:04:04.939 бидејќи лежев во креветот целосно вкочанет, 0:04:04.939,0:04:06.888 гледајќи во телефонот, мислејќи си, 0:04:06.888,0:04:10.451 "Нешто не е во ред и треба да побарам помош," 0:04:10.451,0:04:12.186 но не можев да ја кренам раката 0:04:12.186,0:04:14.648 за да го земам телефонот и да свртам. 0:04:14.648,0:04:18.802 И конечно, после четири часа лежење и зјапање во него, 0:04:18.802,0:04:20.164 телефонот заѕвони, 0:04:20.164,0:04:22.412 и некако успеав да кренам. 0:04:22.412,0:04:24.212 Беше татко ми, 0:04:24.212,0:04:27.365 и му реков, "Во сериозна невоља сум. 0:04:27.365,0:04:29.528 Треба да направиме нешто." 0:04:29.528,0:04:32.856 Следниот ден започнав со лекарствата 0:04:32.856,0:04:35.224 и терапијата. 0:04:35.224,0:04:37.531 Истовремено почнав да се измачувам 0:04:37.531,0:04:39.410 со ова ужасно прашање: 0:04:39.410,0:04:41.483 Ако не сум онаа јака личност 0:04:41.483,0:04:44.039 која може да преживее концентрационен логор, 0:04:44.039,0:04:45.679 тогаш кој сум? 0:04:45.679,0:04:47.628 И ако морам да земам лекарства, 0:04:47.628,0:04:51.335 дали лековите ќе ме доближат до мојата суштина, 0:04:51.335,0:04:53.754 или пак ќе ме направат некој друг? 0:04:53.754,0:04:55.450 И како ќе се чувствувам 0:04:55.450,0:04:57.989 доколку ме направат некој друг? 0:04:57.989,0:05:01.300 Во борбата влегов со две предности. 0:05:01.300,0:05:04.280 Прво знаев, објективно кажано, 0:05:04.280,0:05:05.901 дека имав убав живот, 0:05:05.901,0:05:07.786 и дека ако закрепнам, 0:05:07.786,0:05:09.224 ќе имам нешто за што вреди 0:05:09.224,0:05:11.010 да се живее. 0:05:11.010,0:05:14.052 И другото беше дека имав пристап до добар третман. 0:05:14.052,0:05:17.816 Но и покрај тоа, ќе се издигнев па ќе паднев, 0:05:17.816,0:05:20.095 ќе се издигнев па ќе паднев, 0:05:20.095,0:05:23.139 ќе се издигнев па ќе паднев, 0:05:23.139,0:05:25.092 и најпосле сфатив 0:05:25.092,0:05:27.336 дека ќе морам да примам лекарства 0:05:27.336,0:05:29.632 и терапија засекогаш. 0:05:29.632,0:05:32.006 Па си помислив, "Дали проблемот е хемиски 0:05:32.006,0:05:33.770 или психолошки? 0:05:33.770,0:05:37.466 И дали ми треба хемиски или филозофски лек?" 0:05:37.466,0:05:39.525 И не можев да сфатам дали едното или другото. 0:05:39.525,0:05:42.002 И најпосле сфатив дека всушност 0:05:42.002,0:05:44.076 не сме доволно напредни и во двете области 0:05:44.076,0:05:46.013 за да ги објасниме целосно работите. 0:05:46.013,0:05:49.260 И хемискиот и психолошкиот лек 0:05:49.260,0:05:51.062 играат улога, 0:05:51.062,0:05:54.805 и сфатив дека депресијата е нешто толку длабоко 0:05:54.805,0:05:57.308 вкоренето во нас, што 0:05:57.308,0:05:58.927 не можеме да ја издвоиме 0:05:58.927,0:06:01.413 од нашиот карактер и личност. 0:06:01.413,0:06:03.445 Сакам да кажам дека третманите кои ги имаме 0:06:03.445,0:06:05.990 за депресија се ужасни. 0:06:05.990,0:06:07.817 Не се многу ефикасни. 0:06:07.817,0:06:09.650 Екстремно скапи се. 0:06:09.650,0:06:12.099 Пропратени се со безброј нуспојави. 0:06:12.099,0:06:13.888 Катастрофа се. 0:06:13.888,0:06:16.766 Но многу сум благодарен што живеам сега, 0:06:16.766,0:06:18.576 а не пред 50 години, 0:06:18.576,0:06:20.087 кога не можело да се направи речиси 0:06:20.087,0:06:21.488 ништо. 0:06:21.488,0:06:24.069 Се надевам дека 50 години отсега, 0:06:24.069,0:06:25.926 луѓето ќе слушнат за моите третмани 0:06:25.926,0:06:28.059 и ќе се запрепастат од тоа колку 0:06:28.059,0:06:30.885 примитивна била науката. 0:06:30.885,0:06:35.441 Депресијата е темната страна на љубовта. 0:06:35.441,0:06:38.582 Ако сте во брак со некого и велите, 0:06:38.582,0:06:42.177 "Добро, ако почине жена ми, ќе си најдам друга," 0:06:42.177,0:06:45.223 тогаш тоа не е љубов. 0:06:45.223,0:06:47.173 Не постои љубов 0:06:47.173,0:06:49.817 без исчекување на загубата, 0:06:49.817,0:06:52.401 и токму ваквата очај може 0:06:52.401,0:06:56.130 да биде двигател на интимноста. 0:06:56.130,0:06:59.059 Има три работи кои луѓето ги мешаат: 0:06:59.059,0:07:02.859 депресија, жалост и тага. 0:07:02.859,0:07:06.145 Жалоста е реактивна состојба. 0:07:06.145,0:07:09.104 Ако сте доживеале загуба и сте многу несреќни, 0:07:09.104,0:07:10.737 а шест месеци подоцна, 0:07:10.737,0:07:13.959 сѐ уште сте длабоко тажни, но функционирате малку подобро, 0:07:13.959,0:07:15.687 тоа е веројатно жалост, 0:07:15.687,0:07:17.979 и на крај ќе се разреши 0:07:17.979,0:07:19.428 сама од себе. 0:07:19.428,0:07:22.179 Ако доживеете катастрофална загуба 0:07:22.179,0:07:23.393 и се чувствувате ужасно, 0:07:23.393,0:07:26.390 и шест месеци подоцна едвај функционирате, 0:07:26.390,0:07:28.975 тогаш е веројатно депресија која била активирана 0:07:28.975,0:07:31.449 од катастрофалните околности. 0:07:31.449,0:07:35.081 Траекторијата ни кажува многу. 0:07:35.081,0:07:38.439 Луѓето мислат дека депресијата е само тага. 0:07:38.439,0:07:40.775 Тука станува збор за премногу тага, 0:07:40.775,0:07:42.439 премногу жалост 0:07:42.439,0:07:45.368 без некоја очигледна причина. 0:07:45.368,0:07:48.115 Кога одлучив да ја разберам депресијата 0:07:48.115,0:07:50.950 и почнав да ги интервјуирам луѓето кои ја доживеале, 0:07:50.950,0:07:53.981 видов дека има луѓе кои на површината 0:07:53.981,0:07:55.686 изгледаа ко да имаат релативно 0:07:55.686,0:07:57.748 блага депресија, но и 0:07:57.748,0:08:01.195 беа целосно онеспособени од неа. 0:08:01.195,0:08:03.053 И имаше други луѓе кои се чинеше дека 0:08:03.053,0:08:04.365 имаат 0:08:04.365,0:08:06.616 ужасна и тешка депресија, 0:08:06.616,0:08:09.431 но измеѓу депресивните епизоди сепак 0:08:09.431,0:08:11.586 водеа добри животи. 0:08:11.586,0:08:14.271 И така одлучив да откријам 0:08:14.271,0:08:15.874 што е тоа што ги прави некои луѓе 0:08:15.874,0:08:18.127 поотпорни за разлика од другите. 0:08:18.127,0:08:19.686 Кои се механизмите 0:08:19.686,0:08:21.530 кои им овозможуваат на луѓето да преживеат? 0:08:21.530,0:08:24.699 Излегов и започнав да ги интервјуирам 0:08:24.699,0:08:26.874 луѓето кои страдаа од депресија. 0:08:26.874,0:08:28.825 Еден од првите луѓе кои ги интервјуирав 0:08:28.825,0:08:30.706 ја опиша депресијата 0:08:30.706,0:08:33.967 како бавен начин да бидеш мртов, 0:08:33.967,0:08:36.091 и беше добро што го слушнав ова уште од почеток 0:08:36.091,0:08:37.457 оти ме потсети дека 0:08:37.457,0:08:39.456 овој бавен начин да бидеш мртов 0:08:39.456,0:08:41.491 може да доведе до самата смрт, 0:08:41.491,0:08:43.495 дека ова е сериозна работа. 0:08:43.495,0:08:46.154 Таа е водечки причинител на попреченост 0:08:46.154,0:08:49.184 и луѓето умираат од неа секој ден. 0:08:49.184,0:08:50.953 Обидувајќи се да го разберам ова 0:08:50.953,0:08:52.927 зборував со една сакана пријателка 0:08:52.927,0:08:54.595 која ја знаев со години 0:08:54.595,0:08:56.613 и која имала 0:08:56.613,0:08:59.155 психотична епизода кога 0:08:59.155,0:09:01.059 била бруцош на факултет, 0:09:01.059,0:09:04.115 а потоа паднала во ужасна депресија. 0:09:04.115,0:09:05.541 Таа имаше биполарна болест, 0:09:05.541,0:09:08.184 или манично депресивна болест, како што се нарекуваше тогаш. 0:09:08.184,0:09:10.228 Со години земаше литиум 0:09:10.228,0:09:11.936 и добро ѝ одеше тогаш, 0:09:11.936,0:09:13.311 и најпосле, 0:09:13.311,0:09:15.271 литиумот ѝ беше прекинат 0:09:15.271,0:09:17.106 за да видат како ќе функционира без него, 0:09:17.106,0:09:19.081 и имаше уште една психоза, 0:09:19.081,0:09:21.419 а потоа падна во најлошата депресија 0:09:21.419,0:09:23.291 што сум ја видел. 0:09:23.291,0:09:26.306 Седеше во станот на нејзините родители, 0:09:26.306,0:09:29.383 повеќе или помалку во кататонија, неподвижна, 0:09:29.383,0:09:31.865 ден за ден. 0:09:31.865,0:09:35.082 И кога ја интервјуирав за ова искуство неколку години подоцна -- 0:09:35.082,0:09:38.413 таа е поет и психотерапевт, се вика Маги Робинс - 0:09:38.413,0:09:41.646 кога ја интервјуирав, рече, 0:09:41.646,0:09:45.030 "Си ја пеев "Where Have All The Flowers Gone" 0:09:45.030,0:09:48.240 одново и одново за да не мислам на друго. 0:09:48.240,0:09:51.375 Пеев за да ги избришам работите што ми ги кажуваше мојот ум, 0:09:51.375,0:09:55.865 кој повторуваше, "Ти си никој и ништо. 0:09:55.865,0:09:58.691 Дури и не заслужуваш да живееш.' 0:09:58.691,0:10:00.869 И токму во тој момент почнав да размислувам 0:10:00.869,0:10:03.082 за самоубиство." 0:10:03.082,0:10:04.990 Депресивните не мислат 0:10:04.990,0:10:07.127 дека ставиле сив превез 0:10:07.127,0:10:09.107 и дека го набљудуваат светот низ призмата 0:10:09.107,0:10:11.001 на лошото расположение. 0:10:11.001,0:10:13.721 Обратно е. Мислат дека превезот им е тргнат, 0:10:13.721,0:10:15.643 превезот на среќата, 0:10:15.643,0:10:18.067 и дека сега ја гледаат вистината. 0:10:18.067,0:10:21.031 Полесно е да им помогнете на шизофрениците 0:10:21.031,0:10:22.842 кои сметаат дека има нешто туѓо во нив, 0:10:22.842,0:10:25.029 нешто што треба да се избрка, 0:10:25.029,0:10:27.193 но со депресивците е тешко, 0:10:27.193,0:10:31.040 оти ние веруваме дека ја гледаме вистината. 0:10:31.040,0:10:33.987 Но вистината лаже. 0:10:33.987,0:10:35.985 Станав преокупиран со таа реченица: 0:10:35.985,0:10:38.360 "Но вистината лаже." 0:10:38.360,0:10:40.813 И открив, зборувајќи со депресивни луѓе, 0:10:40.813,0:10:43.495 дека тие имаат многу налудничави перцепции. 0:10:43.495,0:10:45.162 Ако некој ви рече, "Никој не ме сака." 0:10:45.162,0:10:46.813 Вие ќе му одговорите, "Јас те сакам, 0:10:46.813,0:10:49.335 жена ти те сака, мајка ти те сака." 0:10:49.335,0:10:51.258 Повеќето луѓе лесно 0:10:51.258,0:10:52.923 ќе ги разубедите. 0:10:52.923,0:10:55.190 Но депресивните луѓе ќе ви речат, 0:10:55.190,0:10:56.895 "Без оглед што правиме, 0:10:56.895,0:10:59.168 сите ќе умреме на крај." 0:10:59.168,0:11:01.371 Или ќе ви речат, "Не може да постои вистинска 0:11:01.371,0:11:03.024 поврзаност помеѓу две човечки битија. 0:11:03.024,0:11:05.600 Секој од нас е заглавен во сопственото тело." 0:11:05.600,0:11:07.449 На што ќе мора да речете, 0:11:07.449,0:11:08.770 "Тоа е вистина, 0:11:08.770,0:11:10.588 но сметам дека сега треба да се фокусираме 0:11:10.588,0:11:12.484 на појадокот." 0:11:12.484,0:11:14.669 (Смеа) 0:11:14.669,0:11:16.338 Голем дел од времето 0:11:16.338,0:11:19.234 тие демонстрираат увид во нештата, а не болест, 0:11:19.234,0:11:21.891 и навистина е неверојатно тоа што 0:11:21.891,0:11:24.825 повеќето од нас знаеме за овие егзистенцијални прашања, 0:11:24.825,0:11:27.115 само што не им обрнуваме многу внимание. 0:11:27.115,0:11:29.274 Имаше едно истражување што особено 0:11:29.274,0:11:30.954 ми се допадна во кое група на депресивни 0:11:30.954,0:11:32.855 и група на не-депресивни луѓе 0:11:32.855,0:11:35.478 играа видео игра во текот на еден час, 0:11:35.478,0:11:37.291 и на крајот од играта 0:11:37.291,0:11:38.942 требаше да кажат колку чудовишта 0:11:38.942,0:11:40.806 убиле. 0:11:40.806,0:11:43.018 Одговорите на депресивните беа 0:11:43.018,0:11:45.076 доста прецизни. 0:11:45.076,0:11:46.547 Не-депресивните луѓе кажуваа 0:11:46.547,0:11:50.092 дека убиле 15 до 20 пати 0:11:50.092,0:11:51.834 повеќе чудовишта - (Смеа) - 0:11:51.834,0:11:55.945 одошто беше случајот. 0:11:55.945,0:11:59.011 Кога решив да пишувам за мојата депресија, многу луѓе ми рекоа 0:11:59.011,0:12:00.780 дека сигурно ми паѓа многу тешко 0:12:00.780,0:12:03.904 тоа што другите знаат за мојата депресија. 0:12:03.904,0:12:06.104 Велеа, "Дали луѓето ти зборуваат поинаку?" 0:12:06.104,0:12:08.176 Јас реков, "Да, луѓето зборуваат поинаку со мене. 0:12:08.176,0:12:10.090 Зборуваат поинаку со мене сѐ 0:12:10.090,0:12:12.880 додека не почнат да ми кажуваат за нивните искуства, 0:12:12.880,0:12:14.715 за искуствата на нивната сестра, 0:12:14.715,0:12:16.489 или нивниот пријател. 0:12:16.489,0:12:18.781 Работите се сменети бидејќи сега знам 0:12:18.781,0:12:21.462 дека депресијата е семејна тајна 0:12:21.462,0:12:23.539 која сите ја имаат. 0:12:23.539,0:12:27.167 Пред неколку години бев на една конференција, 0:12:27.167,0:12:29.820 и на првиот ден од три-дневната конференција, 0:12:29.820,0:12:32.711 една учесничка ме тргна настрана и рече, 0:12:32.711,0:12:36.116 "Јас страдам од депресија и 0:12:36.116,0:12:38.885 малку ми е срам заради тоа, 0:12:38.885,0:12:40.988 но примам лекарства и само 0:12:40.988,0:12:43.936 сакав да го слушнам вашето мислење?" 0:12:43.936,0:12:46.770 Дадов сѐ од себе за да ѝ дадам добар совет. 0:12:46.770,0:12:48.490 И потоа рече, "Знаете, 0:12:48.490,0:12:51.281 маж ми некогаш не би ме разбрал. 0:12:51.281,0:12:53.854 Тој е еден од оние кој ова не би го сфатил, 0:12:53.854,0:12:56.721 и ова сакам да остане само меѓу нас." 0:12:56.721,0:12:58.507 Јас реков, "Да, нема проблем." 0:12:58.507,0:13:00.616 Последниот ден, истата конференција, 0:13:00.616,0:13:03.660 маж ѝ ме тргна настрана, 0:13:03.660,0:13:05.354 и рече, "Жена ми ќе помисли 0:13:05.354,0:13:07.789 дека не сум вистински маж ако го знае ова, 0:13:07.789,0:13:10.255 но се борам со депресија и примам 0:13:10.255,0:13:11.609 одредени лекарства и 0:13:11.609,0:13:14.114 ме интересира вашето мислење?" 0:13:14.114,0:13:15.537 Ги криеја 0:13:15.537,0:13:17.752 истите лекарства на две различни места 0:13:17.752,0:13:20.397 во истата спална. 0:13:20.397,0:13:22.418 И му реков дека можеби 0:13:22.418,0:13:24.102 брачната комуникација 0:13:24.102,0:13:26.116 е одговорна за дел од проблемите. 0:13:26.116,0:13:30.307 (Смеа) 0:13:30.307,0:13:31.962 Голем впечаток ми остави 0:13:31.962,0:13:33.768 и големиот товар кој го 0:13:33.768,0:13:36.141 носи ваквата заедничка тајна. 0:13:36.141,0:13:38.026 Депресијата е многу исцрпувачка. 0:13:38.026,0:13:40.794 Одзема голем дел од вашето време и енергија, 0:13:40.794,0:13:42.298 а молкот за депресијата 0:13:42.298,0:13:45.029 само ја влошува уште повеќе. 0:13:45.029,0:13:46.762 Тогаш започнав да размислувам што прават 0:13:46.762,0:13:48.728 луѓето за да се чувствуваат подобро. 0:13:48.728,0:13:51.167 Започнав како медицински конзервативец. 0:13:51.167,0:13:53.539 Мислев дека има неколку видови терапија кои помагаат, 0:13:53.539,0:13:55.348 и се знаеше кои се тие -- 0:13:55.348,0:13:56.992 имате медикаменти, 0:13:56.992,0:13:58.468 имате одредени психотерапии, 0:13:58.468,0:14:00.913 имате можност за електроконвулзивен третман, 0:14:00.913,0:14:03.588 а другите третмани беа бесмислени. 0:14:03.588,0:14:05.420 Но тогаш открив нешто. 0:14:05.420,0:14:07.172 Ако имате рак на мозокот, 0:14:07.172,0:14:08.644 и речете дека стоењето на глава 0:14:08.644,0:14:11.639 секое утро по 20 минути ве прави да се чувствувате подобро, 0:14:11.639,0:14:13.153 можеби ќе се чувствувате подобро, 0:14:13.153,0:14:14.741 но сепак сѐ уште имате рак на мозокот 0:14:14.741,0:14:17.030 и најверојатно ќе умрете од него. 0:14:17.030,0:14:19.542 Но ако имате депресија и ако стоењето 0:14:19.542,0:14:21.647 на глава секој ден по 20 минути ве прави да се 0:14:21.647,0:14:24.131 чувствувате подобро, тогаш терапијата успеала, 0:14:24.131,0:14:26.491 оти депресијата е болест на чувствата, 0:14:26.491,0:14:28.100 а ако се чувствувате подобро, 0:14:28.100,0:14:30.930 тоа значи дека веќе не сте депресивни. 0:14:30.930,0:14:32.963 И така станав многу потолерантен 0:14:32.963,0:14:35.888 за големиот број на алтернативни третмани. 0:14:35.888,0:14:38.272 И добивам писма, добивам стотици писма 0:14:38.272,0:14:40.788 од луѓе кои ми пишуваат и ми кажуваат што им помогнало најмногу. 0:14:40.788,0:14:42.989 Денеска зад сцената еден ме праша 0:14:42.989,0:14:44.452 за медитацијата. 0:14:44.452,0:14:46.917 Моето омилено писмо ми е она 0:14:46.917,0:14:48.391 од една жена која ми пиша и 0:14:48.391,0:14:50.598 рече дека пробала терапија, 0:14:50.598,0:14:52.985 пробала лекарства, пробала речиси сѐ, 0:14:52.985,0:14:55.822 и најпосле нашла решение и изрази надеж да го пренесам на светот, 0:14:55.822,0:14:59.634 а тоа е правење на мали работи од предиво. 0:14:59.634,0:15:02.633 (Смеа) 0:15:02.633,0:15:06.157 Ми испрати неколку. (Смеа) 0:15:06.157,0:15:09.845 Не ги носам во моментов. 0:15:09.845,0:15:12.360 И сугерирав да го ѕирне и опсесивно-компулсивното 0:15:12.360,0:15:16.408 растројство во "ДиЕсЕм." 0:15:16.408,0:15:19.536 Кога отидов да ги истражувам алтернативните третмани, 0:15:19.536,0:15:22.444 дознав и за други третмани. 0:15:22.444,0:15:25.347 Поминав низ племенски егзорцизам во Сенегал 0:15:25.347,0:15:27.360 кој вклучуваше голема количина на крв од овен 0:15:27.360,0:15:29.422 и нема да навлегувам во детали сега, 0:15:29.422,0:15:31.422 но неколку години подоцна бев во Руанда 0:15:31.422,0:15:33.180 каде работев на поинаков проект, 0:15:33.180,0:15:35.976 и на еден му зборував за моето искуство, 0:15:35.976,0:15:37.736 а тој рече, "Добро, знаеш, 0:15:37.736,0:15:39.556 тоа е Западна Африка, но ние сме Источна Африка, 0:15:39.556,0:15:41.390 и нашите ритуали во одредени аспекти се многу различни, 0:15:41.390,0:15:43.403 но имаме ритуали кои се слични со оние 0:15:43.403,0:15:45.390 за кои ни зборуваш." 0:15:45.390,0:15:47.053 Јас реков, "Ох." А тој рече, "Да," 0:15:47.053,0:15:49.695 но имавме проблеми со Западните стручњаци за ментално здравје, 0:15:49.695,0:15:52.452 особено оние кои дојдоа веднаш после геноцидот." 0:15:52.452,0:15:54.779 Го прашав, "Какви проблеми имавте?" 0:15:54.779,0:15:56.325 Тој рече, "Правеа 0:15:56.325,0:15:58.989 една чудна работа. 0:15:58.989,0:16:00.874 Не ги носеа луѓето на сонце за 0:16:00.874,0:16:02.574 да се чувствуваат подобро. 0:16:02.574,0:16:05.668 Не вклучуваа тропање или музика за да им ја раздвижат крвта. 0:16:05.668,0:16:07.510 Не ја вклучуваа заедницата. 0:16:07.510,0:16:09.285 Не зборуваа за депресијата како за 0:16:09.285,0:16:10.718 натрапнички дух. 0:16:10.718,0:16:13.349 Наместо тоа ги носеа луѓето еден по еден 0:16:13.349,0:16:15.977 во едни мали и валкани соби 0:16:15.977,0:16:17.320 и еден час ги тераа да зборуваат 0:16:17.320,0:16:19.550 за лошите работи кои им се случиле.." 0:16:19.550,0:16:25.010 (Смеа) (Аплауз) 0:16:25.010,0:16:27.372 Рече, "Моравме да ги замолиме да ја напуштат државата." 0:16:27.372,0:16:30.429 (Смеа) 0:16:30.429,0:16:32.873 Во однос на другите алтернативни третмани, 0:16:32.873,0:16:34.908 дозволете ми да ви раскажам за Френк Русакоф. 0:16:34.908,0:16:37.961 Френк Русакоф ја имаше најтешката депресија 0:16:37.961,0:16:40.876 што некогаш сум ја видел. 0:16:40.876,0:16:42.869 Постојано беше депресивен. 0:16:42.869,0:16:45.010 Кога го запознав, се наоѓаше во ситуација 0:16:45.010,0:16:48.168 каде секој месец мораше да прима електрошокови. 0:16:48.168,0:16:50.743 Па ќе биде дезориентиран една недела. 0:16:50.743,0:16:52.546 Па ќе ќе се чувствува добро недела дена. 0:16:52.546,0:16:54.246 Па една недела ќе паѓа во депресија. 0:16:54.246,0:16:56.931 И на крај пак одеше на третман со електрошокови. 0:16:56.931,0:16:58.346 Кога го сретнав ми рече, 0:16:58.346,0:17:00.898 Неподнослив е овој живот. 0:17:00.898,0:17:02.405 Не можам веќе вака, 0:17:02.405,0:17:04.669 и веќе решив како да ставам крај доколку 0:17:04.669,0:17:06.226 не се подобри ситуацијата. 0:17:06.226,0:17:08.934 Но," ми рече, "слушнав за една постапка 0:17:08.934,0:17:11.157 која ја изведуваат во "Mass General," 0:17:11.157,0:17:13.183 цингулотомија, операција на мозок, 0:17:13.183,0:17:15.754 и решив да го пробам и тоа." 0:17:15.754,0:17:17.708 И се сеќавам дека во тој момент бев вчудоневиден 0:17:17.708,0:17:19.008 од фактот дека 0:17:19.008,0:17:22.229 некој кој имал толку многу лоши искуства 0:17:22.229,0:17:24.088 со толку многу различни третмани 0:17:24.088,0:17:27.210 зачувал некаде во себе доволно оптимизам 0:17:27.210,0:17:29.760 за да испроба уште еден. 0:17:29.760,0:17:31.940 Му беше направена цингулотомија 0:17:31.940,0:17:33.981 и беше неверојатно успешна. 0:17:33.981,0:17:35.474 Сега ми е пријател. 0:17:35.474,0:17:38.966 Има прекрасна жена и две убави деца. 0:17:38.966,0:17:41.915 Ми напиша писмо на Божиќ после операцијата 0:17:41.915,0:17:43.104 и рече, 0:17:43.104,0:17:45.511 "Татко ми, ми испрати два подароци оваа година, 0:17:45.511,0:17:48.113 Најпрвин, подвижен држач за дискови од "The Sharper Image" 0:17:48.113,0:17:49.534 кој не ми вршеше работа, 0:17:49.534,0:17:51.631 но знаев дека ми го дава по повод тоа што 0:17:51.631,0:17:53.359 живеев самостојно и заради тоа 0:17:53.359,0:17:55.406 што имам работа која ја сакам. 0:17:55.406,0:17:56.967 Другиот подарок беше 0:17:56.967,0:17:58.543 фотографија од баба ми, 0:17:58.543,0:18:00.795 која изврши самоубиство. 0:18:00.795,0:18:03.730 Додека ја одмотував, почнав да плачам, 0:18:03.730,0:18:05.610 а мајка ми дојде и ми рече, 0:18:05.610,0:18:08.925 'Плачеш за роднините кои никогаш не си ги знаел?' 0:18:08.925,0:18:13.013 Јас реков, 'Баба ми ја имала истата болест што ја имам јас.' 0:18:13.013,0:18:15.594 Во моментов додека ти пишувам, плачам. 0:18:15.594,0:18:19.189 Не дека сум тажен, но чувствувам тежина, 0:18:19.189,0:18:21.410 бидејќи и јас можеби ќе се убиев, 0:18:21.410,0:18:23.113 но родителите постојано ме бодреа, 0:18:23.113,0:18:24.862 исто и доккторите, 0:18:24.862,0:18:26.716 имав и операција. 0:18:26.716,0:18:29.531 Сега сум жив и благодарен. 0:18:29.531,0:18:31.791 Живееме во вистинското време, 0:18:31.791,0:18:35.670 иако можеби не изгледа секогаш така." 0:18:35.670,0:18:37.567 Бев изненаден од фактот што депресијата 0:18:37.567,0:18:39.292 во глобала се смета за 0:18:39.292,0:18:42.829 модерен, Западен, проблем на средната класа, 0:18:42.829,0:18:44.981 па затоа решив да откријам како се пројавува 0:18:44.981,0:18:46.984 во други поинакви средини, 0:18:46.984,0:18:49.103 а најмногу ме интересираше депресијата 0:18:49.103,0:18:50.893 кај сиромашните. 0:18:50.893,0:18:52.674 И затоа почнав да истражувам 0:18:52.674,0:18:55.254 што е направено за сиромашните луѓе со депресија. 0:18:55.254,0:18:57.412 Открив дека сиромашните луѓе воглавно 0:18:57.412,0:18:59.969 не добиваат третман за депресијата. 0:18:59.969,0:19:02.888 Депресијата е резултат на генетска предиспозиција, 0:19:02.888,0:19:06.046 која е еднакво распределена во популацијата, 0:19:06.046,0:19:07.999 и активирачки околности, 0:19:07.999,0:19:09.902 кои се особено критични за 0:19:09.902,0:19:11.777 сиромашните луѓе. 0:19:11.777,0:19:14.204 И доколку имаш 0:19:14.204,0:19:16.344 прекрасен живот, но се чувствуваш мизерно цело време, 0:19:16.344,0:19:18.344 ќе си речеш, "Зошто се чувствувам вака? 0:19:18.344,0:19:20.013 Сигурно имам депресија." 0:19:20.013,0:19:21.936 И почнуваш да бараш третман. 0:19:21.936,0:19:24.029 Но ако имаш ужасен живот, 0:19:24.029,0:19:25.896 и се чувствуваш мизерно цело време, 0:19:25.896,0:19:28.722 тогаш твоето чувство е во склад со твојот живот, 0:19:28.722,0:19:30.446 и не ти текнува да си речеш, 0:19:30.446,0:19:32.229 "Можеби ова може да се лечи." 0:19:32.229,0:19:35.365 И затоа во земјава имаме епидемија на 0:19:35.365,0:19:38.278 депресија помеѓу сиромашните луѓе, депресија 0:19:38.278,0:19:40.790 која е незабележана, која не е третирана 0:19:40.790,0:19:42.846 и со која не се занимаваме, 0:19:42.846,0:19:45.046 а тоа е трагедија од огромен размер. 0:19:45.046,0:19:46.534 Налетав на еден научник 0:19:46.534,0:19:48.351 кој вршеше истражување во 0:19:48.351,0:19:50.092 сиромашните квартови надвор од Вашингтон, 0:19:50.092,0:19:53.089 каде среќаваше жени кои доаѓаа за други здравствени проблеми, 0:19:53.089,0:19:54.868 ги дијагностицираше со депресија, 0:19:54.868,0:19:58.134 а потоа врз нив го применуваше експерименталниот протокол. 0:19:58.134,0:20:00.463 Една од нив, Лоли, дојде, 0:20:00.463,0:20:02.760 и еве што кажа денот кога дојде. 0:20:02.760,0:20:06.155 Патем таа беше жена со 0:20:06.155,0:20:08.247 седум деца. Рече, 0:20:08.247,0:20:10.898 "Порано имав работа, но морав да напуштам оти 0:20:10.898,0:20:12.958 не можев да излегувам од дома. 0:20:12.958,0:20:15.186 Немав што да им кажам на децата. 0:20:15.186,0:20:17.953 Наутро, едвај чекав да заминат, 0:20:17.953,0:20:20.943 а потоа одев во кревет и се покривав до глава. 0:20:20.943,0:20:22.589 Три часот, кога тие се враќаа дома, 0:20:22.589,0:20:24.390 доаѓаше многу брзо." 0:20:24.390,0:20:26.630 Рече, "Земав голема доза Тиленол, 0:20:26.630,0:20:29.389 и други работи само за да спијам повеќе. 0:20:29.389,0:20:33.159 Маж ми, ми велеше дека сум глупава, дека сум грда. 0:20:33.159,0:20:36.664 Камо да можев да ја сопрам болката." 0:20:36.664,0:20:39.304 Таа беше вклучена во експериментот 0:20:39.304,0:20:41.612 и кога ја интервјуирав шест месеци подоцна, 0:20:41.612,0:20:46.019 работеше како негувателка во Американската 0:20:46.019,0:20:49.824 морнарица, го напушти насилниот маж, 0:20:49.824,0:20:51.906 и ми рече, 0:20:51.906,0:20:54.275 "Сега децата се многу посреќни." 0:20:54.275,0:20:56.252 Рече, "Во новиот дом имам една соба за момчињата 0:20:56.252,0:20:58.860 и една соба за девојчињата, 0:20:58.860,0:21:01.399 но ноќе, сите доаѓаат во мојот кревет, 0:21:01.399,0:21:04.011 и сите заедно пишуваме домашна. 0:21:04.011,0:21:05.684 Едното сака да биде свештеник, 0:21:05.684,0:21:07.384 другото сака да биде пожарникар, 0:21:07.384,0:21:10.350 а едно од девојчињата сака да биде адвокат. 0:21:10.350,0:21:12.355 Не плачат и не се тепаат 0:21:12.355,0:21:14.913 како порано. 0:21:14.913,0:21:18.693 Децата се сѐ што ми треба. 0:21:18.693,0:21:20.605 Работите постојано се менуваат, 0:21:20.605,0:21:25.798 она како се облекувам, како се чувствувам, како се однесувам. 0:21:25.798,0:21:29.485 Веќе не ми е страв да излегувам надвор 0:21:29.485,0:21:32.894 и мислам дека лошите чувства веќе нема да се вратат. 0:21:32.894,0:21:35.929 Ако не беше Др. Миранда 0:21:35.929,0:21:39.546 сѐ уште ќе бев по дома со прекривка врз главата, 0:21:39.546,0:21:41.895 ако воопшто бев жива. 0:21:41.895,0:21:45.627 Го замолив Бог да ми испрати ангел, 0:21:45.627,0:21:49.957 и тој ги слушна моите молитви." 0:21:49.959,0:21:53.312 Навистина бев трогнат од овие искуства, 0:21:53.312,0:21:55.851 па затоа решив да пишувам за нив не само 0:21:55.851,0:21:57.230 во книгата на која работев, 0:21:57.230,0:21:58.541 туку и во списание, 0:21:58.541,0:22:00.862 и така добив дозвола од списанието "The New York Times" 0:22:00.862,0:22:02.878 да пишувам за депресијата кај сиромашните. 0:22:02.878,0:22:04.494 Им ја дадов приказната 0:22:04.494,0:22:06.090 и ми се јави уредникот и рече, 0:22:06.090,0:22:07.800 "Навистина не можеме да го објавиме ова." 0:22:07.800,0:22:09.550 Јас реков, "Зошто не?" 0:22:09.550,0:22:11.855 Таа рече, "Ова е претерано. 0:22:11.855,0:22:15.633 Луѓе кои се на дното на општеството 0:22:15.633,0:22:17.337 поминуваат низ неколку месечен третман 0:22:17.337,0:22:19.969 и веднаш после тоа се спремни да бидат директори? 0:22:19.969,0:22:21.823 Тоа е невозможно." 0:22:21.823,0:22:24.028 Таа рече, никогаш не сум слушнала за такво нешто." 0:22:24.028,0:22:26.562 Јас реков, "Фактот дека никогаш не си слушнала 0:22:26.562,0:22:29.562 е знак дека тоа е новост." 0:22:29.562,0:22:35.696 (Смеа) (Аплауз) 0:22:37.317,0:22:39.811 А вие сте списание за новости." 0:22:39.811,0:22:41.793 И така после малку преговарање, 0:22:41.793,0:22:43.034 тие се сложија. 0:22:43.034,0:22:44.649 Но голем дел од она што го кажаа 0:22:44.649,0:22:46.944 е поврзано на чуден начин 0:22:46.944,0:22:49.086 со одбивноста која луѓето сѐ уште ја имаат 0:22:49.086,0:22:50.549 кон третманот, 0:22:50.549,0:22:52.431 претпоставката дека лечењето 0:22:52.431,0:22:55.127 на луѓето од сиромашните заедници е 0:22:55.127,0:22:57.025 всушност нивна експлоатација, 0:22:57.025,0:22:58.667 оти третманот подразбира нивно менување. 0:22:58.667,0:23:00.700 Постои лажен морален императив 0:23:00.700,0:23:02.489 кој е многу распространет, а тоа 0:23:02.489,0:23:04.843 е дека лечењето на депресијата, 0:23:04.843,0:23:07.142 лекарствата и така натаму, се всушност трикови, 0:23:07.142,0:23:09.314 и дека тоа не е природно. 0:23:09.314,0:23:12.163 Јас мислам дека тоа е погрешно. 0:23:12.163,0:23:15.695 Природно е да им паѓаат забите на луѓето, 0:23:15.695,0:23:19.025 но никој не се бори против забната паста, 0:23:19.025,0:23:21.153 барем не во моите кругови. 0:23:21.153,0:23:23.655 Луѓето велат, "Но, зарем депресијата не е нешто 0:23:23.655,0:23:25.840 што луѓето треба да го доживеат? 0:23:25.840,0:23:27.581 Зарем не сме еволуирале да имаме депресија? 0:23:27.581,0:23:29.488 Зарем таа не е дел од твојата личност?" 0:23:29.488,0:23:32.234 На што ќе речам, емоциите се корисни. 0:23:32.234,0:23:35.563 Да можете да доживеете тага, страв, 0:23:35.563,0:23:37.405 радост, задоволство 0:23:37.405,0:23:39.208 и сите други емоции, 0:23:39.208,0:23:41.272 тоа е од огромна вредност. 0:23:41.272,0:23:44.319 А тешката депресија е нешто што се јавува 0:23:44.319,0:23:46.331 кога системот ќе се распадне. 0:23:46.331,0:23:48.048 Таа е маладаптивна. 0:23:48.048,0:23:49.620 Луѓето доаѓаат кај мене и велат, 0:23:49.620,0:23:52.388 "Ако издржам уште една година, 0:23:52.388,0:23:54.464 ќе го надминам ова." 0:23:54.464,0:23:56.767 И јас секогаш им велам, "Можеби ќе ја надминеш, 0:23:56.767,0:23:59.476 но никогаш повторно нема да бидеш 37. 0:23:59.476,0:24:02.026 Животот е краток, а ти си спремен 0:24:02.026,0:24:03.982 да се откажеш од цела година. 0:24:03.982,0:24:05.520 Размисли." 0:24:05.520,0:24:08.366 Чудна е оскудноста на англискиот јазик, 0:24:08.366,0:24:10.474 и навистина на многу други јазици, 0:24:10.474,0:24:12.692 тоа дека имаме ист збор, депресија, 0:24:12.692,0:24:14.497 кога треба да опишеме како се чувствува детето 0:24:14.497,0:24:16.209 кога врне на неговиот роденден, 0:24:16.209,0:24:18.737 и кога треба да опишеме како се чувствува 0:24:18.737,0:24:21.191 некој моментот пред да изврши самоубиство. 0:24:21.191,0:24:24.296 Луѓето ми велат, "Дали е во континуитет со нормалната тага?" 0:24:24.296,0:24:27.440 Јас им велам, на некој начин е во континуитет со нормалната тага. 0:24:27.440,0:24:29.640 Има одредено ниво на континуитет, 0:24:29.640,0:24:31.597 но на истиот начин на кој има континуитет 0:24:31.597,0:24:33.584 помеѓу железната ограда надвор од вашата куќа 0:24:33.584,0:24:35.261 која е малку 'рѓосана, 0:24:35.261,0:24:38.007 и која треба само да ја префарбате 0:24:38.007,0:24:40.654 и куќата која сте ја оставиле да 'рѓосува 100 години, 0:24:40.654,0:24:43.552 и која ќе се претвори во 0:24:43.552,0:24:44.786 портокалова прашина. 0:24:44.786,0:24:46.959 А нас нѐ интересира токму 0:24:46.959,0:24:48.748 портокаловата прашина, 0:24:48.748,0:24:51.737 со неа сакаме да излеземе на крај. 0:24:51.737,0:24:53.977 Денес луѓето велат, 0:24:53.977,0:24:56.708 "Ги земаш овие пилули на среќата, и дали си среќен?" 0:24:56.708,0:24:58.594 Не сум. 0:24:58.594,0:25:01.416 Но не се чувствувам тажен кога треба да јадам, 0:25:01.416,0:25:04.252 не сум тажен кога ќе ја слушнам телефонската секретарка 0:25:04.252,0:25:07.097 и не сум тажен кога треба да се туширам. 0:25:07.097,0:25:09.951 Сега чувствувам повеќе, 0:25:09.951,0:25:12.381 бидејќи ја чувствувам тагата без да чувствувам ништожност. 0:25:12.381,0:25:16.728 Тажен сум заради професионалните разочарувања, 0:25:16.728,0:25:19.075 заради раскинатите врски 0:25:19.075,0:25:21.114 и заради глобалното затоплување. 0:25:21.114,0:25:23.839 Овие нешта ме растажуваат сега. 0:25:23.839,0:25:26.573 И си реков, добро, што е поуката? 0:25:26.573,0:25:29.134 Како успеваат да излезат на крај 0:25:29.134,0:25:31.688 луѓето со тешка депресија? 0:25:31.688,0:25:34.485 Како функционира отпорноста? 0:25:34.485,0:25:36.569 Со текот на времето дојдов до заклучок 0:25:36.569,0:25:39.485 дека луѓето кои го негираат своето доживување, 0:25:39.485,0:25:41.517 оние кои велат, "Многу оддамна бев депресивен 0:25:41.517,0:25:43.254 и веќе никогаш не сакам да размислувам за тоа, 0:25:43.254,0:25:44.496 нема да мислам на тоа 0:25:44.496,0:25:46.386 и едноставно ќе си продолжам со животот," 0:25:46.386,0:25:48.345 иронично, овие луѓе се најголемите 0:25:48.345,0:25:51.043 робови на депресијата. 0:25:51.043,0:25:53.607 Прикривајќи ја депресијата, вие само ја зајакнувате. 0:25:53.607,0:25:56.887 Додека ја криете, таа расте. 0:25:56.887,0:25:59.747 Подобро им оди на луѓето 0:25:59.747,0:26:02.346 кои го прифатиле фактот дека 0:26:02.346,0:26:03.968 ја имаат оваа состојба. 0:26:03.968,0:26:06.438 Оние кои ја толерираат својата депресија 0:26:06.438,0:26:08.220 успеваат да развијат отпорност. 0:26:08.220,0:26:10.003 Френк Русакоф ми рече, 0:26:10.003,0:26:11.519 Ако треба пак да поминам низ ова, 0:26:11.519,0:26:13.656 веројатно нема да постапам како сега, 0:26:13.656,0:26:15.620 но на чуден начин, и сум благодарен 0:26:15.620,0:26:17.123 за ова што го доживеав. 0:26:17.123,0:26:20.940 Мило ми е што бев 40 пати во болница. 0:26:20.940,0:26:23.543 Ме научи многу за љубовта, 0:26:23.543,0:26:26.383 за мојата врска со моите родители, и докторите кои 0:26:26.383,0:26:30.772 беа драгоцени за мене, и секогаш ќе бидат." 0:26:30.772,0:26:32.698 Меги Робинс рече, 0:26:32.698,0:26:35.687 Порано волонтирав во клиника за СИДА, 0:26:35.687,0:26:38.701 и само зборував, зборував и само зборував, 0:26:38.701,0:26:40.514 а луѓето со кои работев 0:26:40.514,0:26:42.581 не реагираа многу, и си помислив, 0:26:42.581,0:26:46.542 'Ова не им помага.' 0:26:46.542,0:26:48.184 И тогаш сфатив, 0:26:48.184,0:26:50.311 сфатив дека немаат намера да зборуваат 0:26:50.311,0:26:52.698 многу и дека ќе останеме само на оној краток муабет. 0:26:52.698,0:26:54.755 Дека тоа ќе биде момент во кој 0:26:54.755,0:26:57.633 јас немам СИДА и не умирам, 0:26:57.633,0:27:00.606 но во кој ќе го толерирам фактот дека тие имаат 0:27:00.606,0:27:02.393 и дека ќе умрат. 0:27:02.393,0:27:05.996 Нашите најголеми ресурси се нашите потреби. 0:27:05.996,0:27:08.135 Јас научив да ги давам 0:27:08.135,0:27:12.160 сите работи кои ми требаат." 0:27:12.160,0:27:13.851 Ценејќи ја сопствената депресија 0:27:13.851,0:27:16.045 не значи дека ќе спречите рецидив, 0:27:16.045,0:27:18.706 но ќе можете полесно да го толерирате 0:27:18.706,0:27:22.924 самиот рецидив, доколку дојде до тоа. 0:27:22.924,0:27:24.969 Не е поентата да најдете 0:27:24.969,0:27:27.144 смисла и да речете дека 0:27:27.144,0:27:29.171 депресијата има смисла. 0:27:29.171,0:27:31.342 Поентата лежи во потрагата 0:27:31.342,0:27:33.146 по смислата и ставот кој вели, 0:27:33.146,0:27:34.786 "Ќе биде пеколно, 0:27:34.786,0:27:37.487 но ќе научам нешто од ова." 0:27:37.487,0:27:39.751 Од мојата депресија научив 0:27:39.751,0:27:41.764 колку се значајни емоциите, 0:27:41.764,0:27:44.861 дека се пореални од фактите, 0:27:44.861,0:27:47.810 и ова искуство ми овозможи 0:27:47.810,0:27:50.702 да ги доживеам позитивните емоции 0:27:50.702,0:27:54.222 на еден поинтензивен и пофокусиран начин. 0:27:54.222,0:27:57.709 Спротивноста на депресијата не е среќата, 0:27:57.709,0:27:59.163 туку виталноста, 0:27:59.163,0:28:01.904 а денеска, мојот живот е витален, 0:28:01.904,0:28:04.649 дури и во деновите кога сум тажен. 0:28:04.649,0:28:07.962 Го осетив тој погреб во мојот мозок 0:28:07.962,0:28:09.986 и седнав веднаш до џинот 0:28:09.986,0:28:12.233 на работ на светот 0:28:12.233,0:28:14.322 и открив нешто 0:28:14.322,0:28:16.173 во мене, нешто што 0:28:16.173,0:28:18.306 ќе морам да го наречам душа, 0:28:18.306,0:28:22.062 која никогаш ја немав дефинирано сѐ до тој ден пред 20 години 0:28:22.062,0:28:26.580 кога ѓаволот ненадејно ме посети. 0:28:26.580,0:28:30.678 И покрај тоа што ја мразев депресијата и 0:28:30.678,0:28:33.012 покрај тоа што не сакам пак да ми се повтори, 0:28:33.012,0:28:35.756 сепак најдов начин како да ја сакам. 0:28:35.756,0:28:37.781 Ја сакам бидејќи ме натера 0:28:37.781,0:28:40.550 да ја пронајдам радоста. 0:28:40.550,0:28:44.038 Ја сакам бидејќи секој ден ми помага 0:28:44.038,0:28:45.578 да најдам 0:28:45.578,0:28:48.276 причина за 0:28:48.276,0:28:50.854 живеење. 0:28:50.854,0:28:54.977 Мислам дека тоа е голема привилегија. 0:28:54.977,0:28:58.960 Ви благодарам. 0:28:58.960,0:29:02.096 (Аплауз)