Return to Video

Дали е неизбежна војната меѓу Кина и Америка?

  • 0:02 - 0:05
    Ви благодарам за можноста да зборувам
  • 0:05 - 0:10
    за најголемата меѓународна приказна
    во вашиот професионален живот
  • 0:10 - 0:14
    која исто така е и најважниот
    меѓународен предизвик
  • 0:14 - 0:17
    со кој светот ќе се соочи
    во догледно време.
  • 0:18 - 0:20
    Приказната е за подемот на Кина.
  • 0:20 - 0:24
    Никогаш порано еден толку броен
    народ не се има издигнато толку брзо
  • 0:24 - 0:26
    и во толку различни области.
  • 0:26 - 0:30
    Предизвикот е влијанието
    на подемот на Кина-
  • 0:30 - 0:35
    збунетоста која ја предизвикува кај САД
  • 0:35 - 0:37
    и меѓународниот ред,
  • 0:37 - 0:41
    за кој САД беа основните градители и чувари.
  • 0:42 - 0:46
    Последните 100 години историчарите
    ги нарекуваат „Американски Век“
  • 0:47 - 0:49
    Американците беа навиканти на своето место
  • 0:49 - 0:51
    на врвот на секоја ранг листа.
  • 0:52 - 0:55
    Па, замислата некоја друга држава
  • 0:55 - 0:59
    да биде исто толку голема
    и силна како САД, дури и поголема,
  • 0:59 - 1:03
    многу Американци ја доживуваат
    како закана по својот идентитет.
  • 1:06 - 1:11
    За да го разбереме
    ова ривалство,
  • 1:11 - 1:14
    добро е да го сместиме во една
    поширока историска рамка.
  • 1:15 - 1:19
    Во последните 500 години видовме 16 случаи
  • 1:19 - 1:22
    во кои растечките сили го загрозуваа
    редот на владеачките сили.
  • 1:23 - 1:25
    Дванаесет од нив предизвикаа војни.
  • 1:27 - 1:34
    Во ноември ќе одбележиме 100 годишнина
  • 1:34 - 1:38
    од последните денови на војната
    која станаа толку сеопфатна
  • 1:38 - 1:43
    што ги натера историчарите
    да создадат нов термин: светска војна.
  • 1:44 - 1:47
    На 11-от час од 11-от ден
  • 1:47 - 1:51
    на 11-от месец во 1918 год.
  • 1:51 - 1:54
    оружјето на Првата Светска Војна стивна
  • 1:54 - 1:58
    но 20 милиони луѓе беа мртви.
  • 2:01 - 2:03
    Знам дека сте публика со добри познавања,
  • 2:03 - 2:05
    знаете за подемот на Кина.
  • 2:05 - 2:10
    Затоа ќе се задржам на влијанието
    на подемот на Кина
  • 2:10 - 2:13
    врз САД, на меѓународниот ред
  • 2:13 - 2:16
    и на можностите за војна и мир.
  • 2:16 - 2:19
    Предавав на Харвард долги години
  • 2:19 - 2:23
    и сфатив дека од време на време
    треба да подзастанеме
  • 2:23 - 2:25
    за да видиме дали сме
    на иста фрекфенција.
  • 2:25 - 2:28
    Јас тоа го правев
    така што ќе свикав тајмаут
  • 2:28 - 2:31
    и ќе им дадев на студентите брз тест,
    без оцени, се разбира.
  • 2:31 - 2:34
    Ајде да пробаме. Тајмаут, брз тест.
  • 2:34 - 2:36
    Прашање:
  • 2:36 - 2:41
    пред 40 години, т.е. во 1978 г.
    Кина започнува да продира на пазарот.
  • 2:41 - 2:46
    Во тоа време, колкав процент
    од 1-та милијарда жители на Кина
  • 2:46 - 2:50
    се бореле да преживеат
    со помалку од 2 долари на ден?
  • 2:51 - 2:53
    Погодете-25 проценти?
  • 2:53 - 2:54
    50 проценти?
  • 2:55 - 2:56
    75?
  • 2:58 - 2:59
    90.
  • 3:00 - 3:01
    Што мислите?
  • 3:03 - 3:04
    90.
  • 3:04 - 3:08
    Девет од 10 луѓе со помалку
    од 2 долари на ден.
  • 3:10 - 3:12
    2018, 40 години подоцна.
  • 3:12 - 3:14
    Кои се броевите?
  • 3:14 - 3:15
    Што велите?
  • 3:15 - 3:17
    Погледнете.
  • 3:21 - 3:24
    Денес, помалку од еден на 100.
  • 3:24 - 3:28
    Претседателот на Кина ветува
    дека во наредните 3 години,
  • 3:28 - 3:31
    и последните 10-ина милиони ќе го надминат
  • 3:31 - 3:32
    прагот на сиромаштија.
  • 3:33 - 3:35
    Тоа е чудо.
  • 3:36 - 3:37
    Тешко е да се поверува.
  • 3:37 - 3:40
    Но уште потешко
    e да не се забележи.
  • 3:41 - 3:45
    Нација која не учествувала
    на ниту еден меѓународен натпревар
  • 3:45 - 3:46
    пред 25 години,
  • 3:46 - 3:47
    наеднаш воскресна,
  • 3:47 - 3:51
    стана противник, дури и ги надмина
    САД во некои области.
  • 3:55 - 3:58
    Еве го предизвикот што
    ќе го одбележи нашето време:
  • 3:59 - 4:02
    очигледно незапирливиот подем на Кина
  • 4:02 - 4:07
    кој забрзано се стреми кон
    неприкосновеното владеење на САД
  • 4:07 - 4:11
    со движење кое може да прерасне
    во најграндиозен судир во историјата.
  • 4:12 - 4:15
    За да го разбереме овој предизвик,
  • 4:15 - 4:18
    ќе ви претставам еден голем мислител,
  • 4:19 - 4:21
    ќе ви претставам една голема идеја,
  • 4:22 - 4:25
    и ќе го поставам најочекуваното прашање.
  • 4:26 - 4:29
    Големиот мислител е Тукидид.
  • 4:29 - 4:31
    Знам, тешко име,
  • 4:31 - 4:33
    некои не можат ни да го изговорат.
  • 4:33 - 4:36
    Па ајде да го изговориме сите заедно:
  • 4:36 - 4:37
    Тукидид.
  • 4:37 - 4:40
    Уште еднаш: Тукидид
  • 4:40 - 4:42
    Значи, кој бил Тукидид?
  • 4:42 - 4:45
    Тој беше таткото
    и основачот на историјата.
  • 4:45 - 4:47
    Тој ја напишал првата историска книга,
  • 4:47 - 4:51
    насловена „Историјата на Пелопонеските војни“,
  • 4:51 - 4:55
    за војната во Грција, пред 2500 години.
  • 4:55 - 4:58
    Денес, ако не друго, можете да пратите
    твит на пријател:
  • 4:58 - 5:00
    „Се запознав со еден голем мислител.
  • 5:00 - 5:04
    Дури можам и името да го изговорам:
    Тукидид.“
  • 5:05 - 5:09
    Значи, за ова војна која
    ја уништа античка Грција,
  • 5:09 - 5:12
    Тукидид има изјавено:
  • 5:13 - 5:19
    „ Подемот на Атина и стравот
    предизвикан кај Спарта
  • 5:19 - 5:21
    ја создаде неизбежната војна.“
  • 5:23 - 5:25
    Значи, подемот на едната
  • 5:25 - 5:27
    и реакцијата на другата
  • 5:27 - 5:31
    создадоа отровен спој од гордост,
  • 5:31 - 5:34
    арогантност и параноја
  • 5:34 - 5:36
    што ги доведе двете страни до војна.
  • 5:38 - 5:40
    Стигнуваме до една голема идеја:
  • 5:41 - 5:43
    Замката на Тукидид.
  • 5:44 - 5:47
    „Замката на Тукидид“ е термин
    кој го создадов пред неколку години,
  • 5:47 - 5:50
    за да го појаснам видувањето на Тукидид.
  • 5:51 - 5:55
    Замката на Тукидид е опасната
    динамичност која се појавува
  • 5:55 - 5:59
    кога една сила во подем
    ја загрозува владеачката сила,
  • 5:59 - 6:00
    како Атина-
  • 6:00 - 6:05
    или Германија пред 100 години,
    или Кина денес
  • 6:05 - 6:07
    и нивното влијание врз Спарта,
  • 6:07 - 6:11
    или В. Британија пред 100 години,
    или САД денес.
  • 6:12 - 6:14
    Како што рекол Хенри Кисинџер,
  • 6:14 - 6:19
    кога ја имаме во главата
    идејата или концептот на Тукидид,
  • 6:19 - 6:21
    веднаш можеме да се соочиме
  • 6:21 - 6:24
    со дневните вести и збиднувања
  • 6:24 - 6:27
    и можеме да разбереме
    што всушност се случува.
  • 6:29 - 6:33
    Сега, најочекуваното прашање
    во врска со светот денес:
  • 6:35 - 6:38
    Дали ќе ги следиме стапките на историјата?
  • 6:39 - 6:45
    Или ќе нѐ водат фантазијата,
    здравиот разум
  • 6:46 - 6:47
    и храброста
  • 6:47 - 6:51
    за да најдеме начин да се
    справиме со ова ривалство
  • 6:51 - 6:54
    без војна која никој не ја посакува,
  • 6:54 - 6:57
    зашто знаеме дека би била уништувачка.
  • 6:58 - 7:00
    Дајте ми пет минути да го објаснам ова,
  • 7:00 - 7:05
    и потоа, кога подоцна
    ќе ја чуете следната вест
  • 7:05 - 7:09
    за тоа што прави Кина
    и како САД реагира на тоа,
  • 7:09 - 7:12
    ќе можете подобро да разберете
    што се случува навистина,
  • 7:12 - 7:15
    дури ќе можете и да им објасните
    на пријателите.
  • 7:16 - 7:20
    Видовме како пирамидата
    на сиромаштијата застана на глава,
  • 7:20 - 7:22
    како Кина се воздигна,
  • 7:22 - 7:24
    со молскавична брзина.
  • 7:24 - 7:27
    Поранешниот чешки претседател
    В.Хавел, најдобро го објасни:
  • 7:27 - 7:32
    „Сето тоа се случи толку брзо што дури
    немамве време да се изненадиме.“
  • 7:32 - 7:35
    (Смеа)
  • 7:35 - 7:38
    За да се потсетам себеси
    колку треба да бидам изненаден,
  • 7:38 - 7:43
    повремено погледнувам низ прозорецот
    од мојата канцеларија во Кембриџ
  • 7:43 - 7:45
    на мостот на реката Чарлс,
  • 7:45 - 7:48
    помеѓу училиштето Кенеди
    и Бизнис школата на Харвард.
  • 7:49 - 7:53
    Во 2012 -та државата Масачусетс
    вети дека ќе го реновира мостот
  • 7:53 - 7:54
    и дека ќе заврши за 2 години.
  • 7:55 - 7:58
    Во 2014-та рекоа дека не е готов.
  • 7:58 - 8:01
    Во 2015-та изјавија дека
    ќе потрае уште една година.
  • 8:01 - 8:03
    Во 2016-та рекоа не е готов
  • 8:03 - 8:06
    и дека нема да соопштат
    кога ќе биде завршен.
  • 8:06 - 8:09
    Конечно, минатата година завршија -
    3 год подолго од предвиденото.
  • 8:10 - 8:16
    Споредете го тоа со сличен мост
    низ кој поминав во Пекинг минатиот месец.
  • 8:16 - 8:18
    Тоа е мостот Санјуан.
  • 8:18 - 8:22
    Во 2015 Кинезите одлучија
    да го реновираат мостот.
  • 8:22 - 8:25
    Имаше двапати повеќе сообраќајни ленти.
  • 8:25 - 8:28
    Колку време им требаше
    да го завршат проектот?
  • 8:29 - 8:30
    2015-та. Што мислите?
  • 8:33 - 8:35
    Погодете! Добро, 3 години.
  • 8:35 - 8:36
    Погледнете.
  • 8:41 - 8:44
    (Смеа)
  • 8:48 - 8:51
    Одговорот е 43 часа.
  • 8:51 - 8:52
    (Публика: Навистина????)
  • 8:57 - 8:59
    (Смеа)
  • 9:04 - 9:07
    Се разбира, тоа не може
    да се случи во Њујорк.
  • 9:07 - 9:09
    (Смеа)
  • 9:09 - 9:15
    Зад ова извршена задача
    стои лидер со јасни цели
  • 9:15 - 9:17
    и влада која работи.
  • 9:18 - 9:21
    Најамбициозниот и најкомпетентниот лидер
  • 9:21 - 9:24
    на меѓународната сцена денес
    е кинескиот претседател Ши Џинпинг.
  • 9:24 - 9:27
    Нема ништо тајно околу тоа
    што сака да постигне.
  • 9:27 - 9:30
    Кога стана претседател
    пред 6 години, тој изјави дека
  • 9:30 - 9:34
    неговата цел е да ја направи
    Кина повторно голема,
  • 9:34 - 9:36
    (Смеа)
  • 9:36 - 9:40
    слоган кој го создал долго време
    пред Трамп да го присвои.
  • 9:42 - 9:49
    За таа цел, Ши Џинпинг истакна
    специфични мерки за специфични датуми:
  • 9:49 - 9:53
    2025-та, 2035-та, 2049-та.
  • 9:54 - 10:01
    До 2025-та Кина ќе прерасне
    во доминантна сила
  • 10:01 - 10:05
    на главните пазари
    за 10 водечки технологии
  • 10:05 - 10:08
    вклучувајќи автоматски возила,роботи,
  • 10:08 - 10:11
    вештачка интелигенција и
    квантни компјутери.
  • 10:11 - 10:16
    До 2035-та Кина ќе биде лидер во иновации
  • 10:16 - 10:19
    на сите напредни технологии.
  • 10:19 - 10:23
    До 2049-та, на 100 годишнината
  • 10:23 - 10:26
    од основањето на Народна Република Кина,
  • 10:26 - 10:29
    Кина ќе биде несомнено број еден,
  • 10:29 - 10:34
    заедно со армијата „Бори се и победи“,
    како што вели Ши Џинпинг.
  • 10:35 - 10:38
    Овие се одважни цели, но како што гледате,
  • 10:38 - 10:41
    Кина е на својот пат
  • 10:41 - 10:43
    кон остварување на целите.
  • 10:43 - 10:46
    Треба да запамтиме колку
    брзо се менува светот.
  • 10:47 - 10:49
    Пред 30 години,
  • 10:49 - 10:52
    светската пајажина (www)
    не беше уште откриена.
  • 10:53 - 10:58
    Кој најмногу го чувствува
    влијанието од подемот на Кина?
  • 10:58 - 11:00
    Очигледно сегашниот број еден.
  • 11:01 - 11:04
    Со тоа што Кина станува
    поголема и побогата,
  • 11:04 - 11:06
    технолошки поусовршена,таа неизбежно
  • 11:06 - 11:10
    ќе се судри со американската позиција
    и нејзините исклучителни права.
  • 11:11 - 11:14
    Сега, за жестоките Американци-
  • 11:14 - 11:19
    особено за тврдокорните Американци
    како мене, јас сум од Северна Каролина-
  • 11:19 - 11:21
    нешто не е во ред тука.
  • 11:22 - 11:25
    САД значат број еден, тоа сме ние.
  • 11:27 - 11:31
    Но,пак да повторам:суровата вистина
    не можеме да ја игнорираме.
  • 11:32 - 11:36
    Пред 4 год. сенаторот Мек Кејн
    ме замоли да посведочам за ова
  • 11:36 - 11:39
    пред Комитетот на
    Сенатот на Вооружените Сили.
  • 11:39 - 11:43
    Подготвив за нив приказ,
    кој го гледате.
  • 11:43 - 11:46
    Во приказот САД и Кина
    се споредени
  • 11:46 - 11:51
    со деца на спротивни страни
    на нишалка во игралиште,
  • 11:51 - 11:54
    секое претставувајќи ја големината
    на нивната економија.
  • 11:54 - 11:58
    До крајот на 2004-та Кина
    беше половина од нас.
  • 11:59 - 12:03
    До 2014-та нивниот БДП
    беше еднаков на нашиот.
  • 12:03 - 12:08
    Со сегашниот тек, до 2024-та
    ќе биде за половина поголем.
  • 12:11 - 12:15
    Последиците од оваа тектонска промена
    ќе се почувствуваат насекаде.
  • 12:15 - 12:18
    На пример, во сегашниот трговски судир,
  • 12:18 - 12:20
    Кина е веќе партнер
    број еден во трговија
  • 12:20 - 12:24
    од сите поголеми азиски земји.
  • 12:25 - 12:27
    Да се вратиме на грчкиот историчар.
  • 12:28 - 12:34
    Проектот на Харвард „Замката на Тукидид“,
    опфаќа 500 години историја
  • 12:34 - 12:38
    и откриени се 16 случаи
    во кои силите во подем
  • 12:38 - 12:40
    им се заканиле на владеачките сили.
  • 12:40 - 12:43
    12 од нив завршиле со војна.
  • 12:46 - 12:51
    Трагедијата е што
    кај сите случаи
  • 12:51 - 12:54
    и двете страни сакале војна;
  • 12:55 - 12:59
    војните биле иницирани од владеачката сила
  • 12:59 - 13:00
    или од силата во подем.
  • 13:00 - 13:02
    Како функционира тоа?
  • 13:02 - 13:06
    Се случува провокација од трета страна
  • 13:06 - 13:08
    која ја тера едната или
    другата страна да реагира,
  • 13:09 - 13:12
    и се преплетуваат меѓусебе
  • 13:12 - 13:15
    одејќи во правец кој не е нивен избор.
  • 13:15 - 13:17
    Лудо звучи, ама така е.
  • 13:17 - 13:19
    Но, таков е животот.
  • 13:19 - 13:21
    Сетете се на Првата Светска Војна.
  • 13:22 - 13:25
    Провокацијата тогаш
  • 13:25 - 13:28
    беше атентат врз субјект
    од второстепено значење.
  • 13:28 - 13:30
    Принцот Франц Фердинанд,
  • 13:31 - 13:34
    што го натера тогашниот
    Автро-Унгарски владетел
  • 13:34 - 13:36
    да достави ултиматум на Србија,
  • 13:36 - 13:38
    и ги вовлече разните сојузници
  • 13:38 - 13:41
    во Европа, за два месеци во војна.
  • 13:43 - 13:47
    Замислете Тукидид
    да ја гледа планетата денес.
  • 13:47 - 13:48
    Што би рекол?
  • 13:49 - 13:54
    Ќе најде посоодветен лидер од Доналд Трамп
  • 13:54 - 13:55
    за водач на владеачка сила?
  • 13:55 - 13:57
    (Смеа)
  • 13:57 - 14:02
    Или поприкладен лидер
    за сила во подем од Ши Џинпинг?
  • 14:03 - 14:05
    Би се почешал по глава
  • 14:05 - 14:11
    и со сигурност би рекол дека
    нема поколиретен провокатор
  • 14:11 - 14:13
    од лидерот на Северна Kореја, Ким Џонг-Ун.
  • 14:15 - 14:18
    Секој од нив е предодреден
    да ја одигра својата улога
  • 14:18 - 14:20
    според прописите.
  • 14:21 - 14:26
    Конечно, ќе завршиме со
    најочекуваното прашање,
  • 14:26 - 14:29
    прашање кое ќе има најтешки последици
  • 14:29 - 14:31
    до крајот на нашите животи.
  • 14:33 - 14:39
    Ќе дозволат Американците и Кинезите
    историските сили да нѐ одведат во војна
  • 14:39 - 14:41
    која ќе биде катастрофална
    за обете страни?
  • 14:42 - 14:45
    Или ќе ги здружиме храброста и фантазијата
  • 14:45 - 14:47
    за да најдеме начин да преживееме заедно,
  • 14:48 - 14:51
    да споделуваме лидерство во 21-от век,
  • 14:51 - 14:56
    или,како Ши Џинпинг вели да создадеме
    нова форма на односи на моќните сили?
  • 14:56 - 14:59
    Ова е прашањето со
    кое се занимавам со страст
  • 14:59 - 15:01
    последните 12 години.
  • 15:01 - 15:03
    Имав можности да зборувам и да слушам
  • 15:03 - 15:06
    лидери од сите релевантни влади-
  • 15:06 - 15:10
    Пекинг, Вашингтон, Сеул, Токио-
  • 15:10 - 15:14
    и со лидери мислители од рангот на
    уметноста и бизнисот.
  • 15:14 - 15:16
    Би сакал повеќе да ви кажам.
  • 15:16 - 15:20
    Добрата вест е тоа што лидерите
    сѐ повеќе се свесни
  • 15:20 - 15:23
    за динамиката на Тукидид
  • 15:23 - 15:24
    и за опасностите од неа.
  • 15:25 - 15:28
    Лошата вест е што никој
    нема оддржлив план,
  • 15:28 - 15:30
    како да се избегнат
    историските случувања.
  • 15:31 - 15:34
    Јасно ми е дека ни требаат идеи
  • 15:34 - 15:37
    надвор од вообичаените
    конвенционалните шеми-
  • 15:38 - 15:41
    од друга страна, од друго место.
  • 15:43 - 15:45
    Тоа е причината што дојдов на ТЕД
  • 15:45 - 15:48
    и што ме тера да упатам молба.
  • 15:49 - 15:55
    Во оваа публика има
    многу креативни умови,
  • 15:55 - 15:56
    станувате наутро и размислувате
  • 15:56 - 15:59
    не само за тоа како да
    го управувате светот кој го имаме
  • 15:59 - 16:02
    туку како да создадете
    свет каков што сакаме.
  • 16:03 - 16:08
    Се надевам откако ова
    ќе ви легне и ќе размислите,
  • 16:08 - 16:12
    некои од вас ќе имаат смели идеи,
    всушност дрски идеи
  • 16:12 - 16:15
    кои ќе направат промени
    таму каде што сме.
  • 16:15 - 16:18
    Само да ве потсетам, ако ги имате,
  • 16:18 - 16:20
    нема да биде првпат.
  • 16:21 - 16:23
    Да ве потсетам што се случи
    веднаш по Втората Светска Војна.
  • 16:25 - 16:28
    Една значителна група
    Американци, Европејци и други,
  • 16:29 - 16:32
    не само луѓе од владата туку
    и од областа на уметноста и бизнисот,
  • 16:32 - 16:35
    во зедништво осмислија
    една колективна замисла.
  • 16:36 - 16:39
    Тие замислија и создадоа
  • 16:39 - 16:42
    еден нов меѓународен поредок,
  • 16:43 - 16:46
    поредок кој ни дозволува на сите
    да го живееме сопствениот живот
  • 16:47 - 16:48
    без војни на големите сили
  • 16:49 - 16:53
    и со напредок кој досега
    не е виден на планетава.
  • 16:54 - 16:55
    Исклучителна приказна.
  • 16:56 - 17:02
    Интересно е што секој столб од
    овој проект кој ги даде тие резултати,
  • 17:02 - 17:04
    кога првпат беше прикажан,
  • 17:04 - 17:06
    светските политички влади го одбија
  • 17:06 - 17:09
    велејќи дека е наивен и нереален.
  • 17:10 - 17:12
    Мојот омилен е Маршаловиот план.
  • 17:13 - 17:16
    По Втората Светска Војна,
    Американците беа истоштени.
  • 17:16 - 17:18
    Имаа демобилизирано 10 милиони трупи,
  • 17:18 - 17:21
    беа фокусирани на домашните,
    неодложни планови.
  • 17:21 - 17:25
    Но,кога луѓето почнаа да согледуваат
    колку е уништена Европа
  • 17:25 - 17:28
    и колку агресивен е комунизмот во Русија,
  • 17:28 - 17:32
    Американците одлучија да се оданочат:
  • 17:32 - 17:36
    еден и пол процент од БДП годишно
    во траење од 4 години
  • 17:36 - 17:39
    и парите да се испраќаат на Европа за да
    се помогне во обновување на земјите,
  • 17:39 - 17:42
    вклучувајчи ги Германија и Италија
  • 17:42 - 17:45
    чии трупи убивале Американци.
  • 17:46 - 17:47
    Неверојатно!
  • 17:48 - 17:50
    Така се создадоа Обединетите Нации.
  • 17:50 - 17:51
    Неверојатно!
  • 17:52 - 17:55
    Универзалната декларација
    за човековите права.
  • 17:55 - 17:56
    Светската Банка.
  • 17:56 - 17:57
    Нато.
  • 17:57 - 18:01
    Сите овие се деловите
    на поредокот за мир и напредок.
  • 18:01 - 18:05
    Значи,треба повторно да го направиме
    тоа што еднаш го направивме.
  • 18:06 - 18:11
    Сега ни е потребен нов бран,
    нова замисла и креативност
  • 18:11 - 18:13
    поткрепени од минатото,
  • 18:14 - 18:19
    бидејќи, како што нѐ потсетува
    фолозофот Сантајана,
  • 18:19 - 18:23
    на крај, само оние кои одбиваат
    да ја учат историјата
  • 18:23 - 18:24
    се проколнати да ја повторуваат.
  • 18:25 - 18:26
    Ви благодарам!
  • 18:26 - 18:30
    (Аплауз)
Title:
Дали е неизбежна војната меѓу Кина и Америка?
Speaker:
Грем Елисон
Description:

Подучен од историскиот модел наречен „Замката на Тукидид“, политикологот Грем Елисон ни прикажува на кој начин подемот на Кина и доминантноста на Америка можат да доведат до жесток судир кој никој не го посакува и како да се повикаме на здравиот разум и храброста за да го избегнеме истиот.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
18:43

Macedonian subtitles

Revisions