Лекција од најдолгата студија за човечкиот развој
-
0:02 - 0:05Денес сакам нешто да ви признам,
-
0:05 - 0:08но прво ќе ви поставам две прашања.
-
0:08 - 0:10Колкумина од вас тука имате деца?
-
0:12 - 0:13И колкумина сте сигурни дека
-
0:13 - 0:15знаете како да ги воспитате вашите деца
-
0:15 - 0:17на најдобриот начин?
-
0:17 - 0:20(Смеа)
-
0:20 - 0:23Добро,не гледам многу
кренати раце за второто прашање, -
0:23 - 0:25и јас го признавам истото.
-
0:25 - 0:26Имам три сина,
-
0:26 - 0:28имаат три, девет и дванаесет години.
-
0:28 - 0:30Како и вие, и многу други родители,
-
0:30 - 0:33да бидам искрена,
не ми е многу јасно што правам. -
0:34 - 0:36Сакам да бидат здрави и среќни во животот,
-
0:36 - 0:38но не знам што треба да правам
-
0:38 - 0:40за да сум сигурна дека се здрави и среќни.
-
0:40 - 0:43Има толку многу книги кои нудат
спротивставени совети. -
0:43 - 0:45Навистина премногу,
-
0:45 - 0:48затоа, го правам тоа во нивните животи
со попатни одлуки. -
0:49 - 0:52Но, нешто ме промени пред неколку години
-
0:52 - 0:55кога дознав една мала тајна
што ја имаме во Британија. -
0:55 - 0:59Тоа ми помогна да станам посамоуверена
во воспитувањето на моите деца -
0:59 - 1:02и дознав многу за тоа како може
општеството да им помогне на децата. -
1:03 - 1:05Денес сакам да ја споделам
тајната со вас. -
1:06 - 1:08Изминатите 70 години,
-
1:08 - 1:13британските научници имаат следено
илјадници деца во текот на нивните животи -
1:13 - 1:15како дел од една чудесна научна студија.
-
1:15 - 1:18Нема ништо слично на неа во светот.
-
1:19 - 1:21Да се собираат податоци за илјадници деца
-
1:21 - 1:23е навистина моќна работа,
-
1:23 - 1:25зашто можеме да ги
споредиме оние, на пример -
1:25 - 1:28кои се добри ученици, и како возрасни
се среќни, здрави и богати. -
1:28 - 1:30и оние кои повеќе се мачат,
-
1:30 - 1:33и потоа можеме
да ги анализираме собраните податоци -
1:33 - 1:36и да се обидеме да дознаеме
зошто животот им бил поинаков. -
1:36 - 1:39Ова е британско истражување
и приказната е малку чудна. -
1:39 - 1:42Започна во 1946-та
-
1:42 - 1:44неколку месеци
по завршувањето на војната; -
1:44 - 1:45научниците сакале да дознаат
-
1:45 - 1:48како им е на жените кои
имале бебиња во тој период. -
1:49 - 1:51Ја спровеле оваа обемна анкета за мајки
-
1:51 - 1:54и завршиле со регистрирањето
на речиси сите бебиња -
1:54 - 1:57родени во Англија,Шкотска и Велс
во една недела. -
1:57 - 2:00Биле околу 14.000 бебиња.
-
2:00 - 2:02Прашањата кои им биле поставени на жените
-
2:02 - 2:05се многу различни од оние
кои би ги прашале денес. -
2:05 - 2:07Денес звучат многу застарени.
-
2:07 - 2:08Прашувале, на пример:
-
2:08 - 2:09„За време на бременоста,
-
2:09 - 2:12дали ја добивавте додатната количина
од 1/2 литар млеко дневно? “ -
2:13 - 2:17„Колку потрошивте на корсети,
труднички фустани, -
2:17 - 2:20ноќници, килоти и градници? “
-
2:21 - 2:22Ова ми е омиленото прашање:
-
2:22 - 2:26„Кој се грижеше за вашиот сопруг
додека бевте со бебето во постела?“ -
2:26 - 2:30(Смеа)
-
2:30 - 2:34Ова повоено истражување
заврши толку успешно -
2:34 - 2:35што научниците пак го спроведоа.
-
2:35 - 2:39Ги регистрираа раѓањата на илјадници
бебиња родени во 1958-та -
2:39 - 2:41и повеќе илјадници во 1970-та.
-
2:41 - 2:43Пак го направија тоа на почетокот на 90-те
-
2:43 - 2:45и уште еднаш на почетокот на 21 век.
-
2:45 - 2:49Вкупно, над 70.000 деца се опфатени
во истражувањето -
2:49 - 2:51во текот на пет генерации.
-
2:51 - 2:53Ги нарекоа Британски родилни групи.
-
2:53 - 2:56Научниците имаат забележано
уште повеќе податоци -
2:56 - 2:58за овие лица низ годините оттогаш.
-
2:59 - 3:02Збирот на податоци кои се собрани
-
3:02 - 3:04е назамислив за човечкиот ум.
-
3:04 - 3:06Станува збор за илјадници анкетни страници
-
3:06 - 3:08и терабајти на компјутерски податоци.
-
3:08 - 3:11Научниците исто собраа
огромен збир на примероци од ткива, -
3:11 - 3:16кои содржат прамени коса,
парчиња нокти, бебешки заби и ДНК. -
3:16 - 3:21Собраа дури и 9.000 плаценти од раѓања
-
3:21 - 3:25кои се пастеризирани во пластични
садови во безбедни магацини. -
3:27 - 3:28Овој проект е единствен-
-
3:28 - 3:32ниту една друга земја во светот
нема толку подробни податоци -
3:32 - 3:33за деца низ генерации.
-
3:34 - 3:37Овие се едни од најтемелно
проучените луѓе на планетата. -
3:37 - 3:40Од податоците, кои се бесценети
за научниците, -
3:40 - 3:43произлегоа над 6.000 академски трудови.
-
3:45 - 3:48Но, денес сакам да се осврнам
само на еден податок- -
3:48 - 3:52можеби најневеројатното
откритие од ова значајна студија. -
3:52 - 3:54Тоа е нешто што ме допре и мене лично,
-
3:54 - 3:58зашто зборува како да ја примениме
науката за доброто на нашите деца. -
3:59 - 4:01Да почнеме со лошите вести прво.
-
4:02 - 4:05Можеби најголемата порака
од ова истражување е следната: -
4:06 - 4:09не се раѓајте во сиромаштија или немаштија,
-
4:09 - 4:11бидејќи ако се случи тоа,
-
4:11 - 4:13веројатно ќе имате
тешкотии во животот. -
4:14 - 4:17Многу од овие деца се родени
во сиромашни семејства -
4:17 - 4:21или во работнички семејства,
збиени домови и други проблеми. -
4:21 - 4:24Јасно е дека овие обесправени деца
-
4:24 - 4:27веројатно повеќе се
мачеле во секоја област. -
4:27 - 4:29Поголема била веројатноста
да се послаби ученици, -
4:29 - 4:32да имале полоша работа и помала плата.
-
4:32 - 4:34Можеби е очигледно
-
4:34 - 4:37но некои од резултатите
се изненадувачки, така што -
4:37 - 4:39децата кои имале тежок почеток на живот
-
4:39 - 4:41биле со покревко здравје
како возрасни. -
4:42 - 4:43Можеби и повеќе склони на дебелина,
-
4:44 - 4:45со повисок крвен притисок,
-
4:45 - 4:47а потоа низ текот на децении
-
4:47 - 4:51со послабо паметење, влошено здравје
и рана смрт. -
4:54 - 4:57Зборувам за тоа што се случило подоцна,
-
4:57 - 5:00но некои од овие разлики се појавуваат
на изненадувачки рана возраст. -
5:00 - 5:02Во едно истражување,
-
5:02 - 5:04деца кои растеле во сиромаштија
-
5:04 - 5:07биле речиси една година поназад од
побогатите деца на училишните тестирања -
5:08 - 5:09и тоа на возраст од три години.
-
5:10 - 5:14Вакви видови на разлики
се откривани низ генерации. -
5:14 - 5:18Тоа значи дека почетните околности
имаат огромно влијание -
5:18 - 5:20на тоа како ќе се одвива
остатокот од нашиот живот. -
5:20 - 5:22Да дознаеме зошто е тоа така
-
5:22 - 5:25е едно од најтешките прашања
со кои се соочуваме денес. -
5:26 - 5:27Значи, еве го.
-
5:28 - 5:30Првата лекција за успешен живот е ова:
-
5:30 - 5:32изберете ги внимателно своите родители.
-
5:32 - 5:33(Смеа)
-
5:33 - 5:36Не раѓајте се во сиромашни
и оскудни семејства. -
5:37 - 5:40Сигурна сум дека го гледате
проблемот тука. -
5:40 - 5:44Не можеме да ги бираме родителите,
и колку тие ќе заработуваат, -
5:44 - 5:47но ова истражување дава
и доза на оптизмизам -
5:47 - 5:50покажувајќи дека не секој
кој почнал без привилегии -
5:50 - 5:53завршил во тешки околности.
-
5:53 - 5:56Знаеме дека многу
имаат тешки почетоци, -
5:56 - 5:59но сепак успеваат да дојдат до некаде.
-
5:59 - 6:00Ова истражување објаснува како.
-
6:01 - 6:03Втората лекција е ова:
-
6:03 - 6:05родителите навистина се важни.
-
6:06 - 6:07Во истражувањето,
-
6:07 - 6:09децата кои имале посветени родители,
-
6:09 - 6:11кои имале амбиции за нивната иднина,
-
6:11 - 6:14ги избегнале тешките почетоци.
-
6:14 - 6:18Родителите и она што тие
го прават е навистина важно, -
6:18 - 6:20особено во првата година од животот.
-
6:21 - 6:23Ќе ви дадам пример.
-
6:23 - 6:24Во една студија,
-
6:24 - 6:28научниците набљудувале околу 17.000 деца
родени во 1970-та. -
6:29 - 6:32Ги анализирале бројните
податоци кои си собрале -
6:32 - 6:33за да откријат
-
6:33 - 6:36што им овозможи на децата
кои имале тежок почеток -
6:36 - 6:38да истраат и успеат на училиште.
-
6:38 - 6:40Со други зборови, кои успеале и покрај сѐ.
-
6:40 - 6:44Податоците покажале дека најважното
нешто од сѐ, се родителите. -
6:44 - 6:48Имањето на посветени, заинтересирани
родители во првите години од животот -
6:48 - 6:52било тесно повразно со подоцнежниот
успех на децата на училиште. -
6:52 - 6:55Всушност, малите нешта
кои ги прават родителите -
6:55 - 6:58имаат врска со добрите
резултати на децата. -
6:58 - 7:00Да се зборува со детето, да се слуша,
-
7:00 - 7:02да се одоговара со топлина,
-
7:02 - 7:04да се учат со него буквите и броевите,
-
7:04 - 7:06да се оди на излети и посети.
-
7:06 - 7:09Да му се чита на детето секојдневно
е многу важно, истотака. -
7:10 - 7:11Во една студија,
-
7:11 - 7:14децата на кои родителите секојдневно
им читале на 5-год. возраст, -
7:14 - 7:17и се интересирале за нивното образование
на 10 год. возраст -
7:17 - 7:21имале помалку шанси да живеат
во сиромаштија на 30-год. возраст, -
7:21 - 7:24за разлика од оние чии родители
не го правеле тоа. -
7:25 - 7:29Постојат големи предизвици
при толкувањето на овој вид наука. -
7:29 - 7:32Истражувањата покажуваат дека одредени
нешта кои ги прават родителите -
7:32 - 7:35се поврзани со позитивните
резултати за децата, -
7:35 - 7:38но не знаеме дали тоа однесување
ги дава добрите резултати -
7:38 - 7:41или постојат некои други фактори.
-
7:41 - 7:43На пример, треба
да ги земем предвид и гените, -
7:43 - 7:45што е друга тема веќе.
-
7:45 - 7:48Но,научниците кои работат
на ова истражување, -
7:48 - 7:50работат напорно да дојдат до причините
-
7:50 - 7:52и еве една студија која посебно ја сакам.
-
7:52 - 7:53Во неа,
-
7:53 - 7:56се набљудуваа навиките
на легнување на 10.000 деца -
7:56 - 7:58родени на почетокот на милениумот.
-
7:58 - 8:00Дали децата легнуваат во редовно време,
-
8:00 - 8:03или дали тоа се менува
во текот на неделата. -
8:03 - 8:07Податоците покажуваат дека децата
кои оделе на спиење во различно време -
8:07 - 8:09имале проблеми со однесувањето,
-
8:09 - 8:12додека оние кои редовно оделе на спиење
-
8:12 - 8:14покажале подобрување во однесувањето
-
8:14 - 8:16и тоа е најзначајно
-
8:16 - 8:18бидејќи се потврдило
дека навиките на легнување -
8:18 - 8:21допринеле нештата да бидат
подобри за децата. -
8:21 - 8:23Еве уште еден пример.
-
8:23 - 8:24Овде,
-
8:24 - 8:27научниците набљудувале деца
кои читале од задоволство. -
8:27 - 8:31Тоа значи читале списанија,
сликовници,раскази. -
8:32 - 8:35Податоците покажале дека
деца кои читале од задоволство -
8:35 - 8:37на возраст од 5 и 10 год.
-
8:37 - 8:40имале поголеми шанси во просек
да бидат подобри на училиште, -
8:40 - 8:42на школските тестови подоцна во животот.
-
8:42 - 8:44Не само на тестовите за читање,
-
8:44 - 8:46туку за правопис и математика истотака.
-
8:47 - 8:49Истражувањето се обиде
да ги контролира нејасните фактори -
8:49 - 8:52и се набљудуваа деца
кои биле еднакво интелигентни -
8:52 - 8:54и од иста социјално-класна структура.
-
8:54 - 8:57Се покажа дека читањето
им помогнало на децата -
8:57 - 9:00да одат напред и бидат подобри
на школските тестови подоцна. -
9:02 - 9:03На почетокот реков,
-
9:03 - 9:05дека првата лекција од истражувањето
-
9:05 - 9:07е да не се родите во сиромаштија
или немаштија, -
9:07 - 9:11бидејќи тие деца имаат
изгледи за потежок живот. -
9:11 - 9:13Потоа реков дека воспитувањето е важно.
-
9:13 - 9:16и дека доброто воспитување
-
9:16 - 9:17им помага на децата и покрај сè
-
9:17 - 9:20да ги надминат почетните препреки.
-
9:20 - 9:21Чекајте,
-
9:21 - 9:25дали тоа значи дека сиромаштијата
воопшто не е важна? -
9:26 - 9:29Може да тврдите дека не е важно
ако детето е родено сиромашно, -
9:29 - 9:33сè додека неговите родители
се добри родители, ќе биде добро. -
9:33 - 9:34Не верувам дека е така.
-
9:34 - 9:37Истражувањето покажува дека
сиромаштијата и воспитувањето се важни. -
9:37 - 9:39Едно истражување направи проценка
-
9:39 - 9:42кај деца кои израснале
во трајна сиромаштија -
9:42 - 9:44за да се види какви биле како ученици.
-
9:45 - 9:46Податоците покажале
-
9:46 - 9:49дека иако родителите исправно постапувале-
-
9:49 - 9:50ги легнувале на време,
-
9:50 - 9:52им читале секојдневно и сè друго-
-
9:52 - 9:54само толку успеале.
-
9:55 - 9:58Доброто воспитание
само го намали образовниот јаз -
9:58 - 10:01меѓу богатите и сиромашните деца
за околу 50%. -
10:01 - 10:06Тоа значи дека сиромаштијата
остава траен белег -
10:06 - 10:09и ако навистина сакаме
да возможиме успех и благосостојба -
10:09 - 10:10за наредните генерации,
-
10:11 - 10:14од исклучителна важност е да се справиме
со детската сиромаштија. -
10:16 - 10:18Што значи тоа за сите нас?
-
10:18 - 10:21Има лекции кои можеме
да ги научиме и примениме? -
10:21 - 10:22Како научник и новинар,
-
10:22 - 10:25сакам науката да го поткрепи
моето воспитување -
10:26 - 10:29и ви велам,кога ги карате децате
-
10:29 - 10:30да легнат на време,
-
10:30 - 10:33навистина помага
да ја имате при рака науката. -
10:33 - 10:34(Смеа)
-
10:34 - 10:36Не би било прекрасно да знаеме
-
10:36 - 10:38дека сè што треба за да имаме
успешни и среќни деца -
10:38 - 10:41е да им зборуваме, да се интересираме
за нивната иднина, -
10:41 - 10:44да ги легнуваме на време
и да им даваме да читаат? -
10:44 - 10:45Работата ќе е завршена.
-
10:45 - 10:47Можете да замислите,
-
10:47 - 10:50одговорите не се толку едноставни.
-
10:50 - 10:52Ова истражување согледува што се случува
-
10:52 - 10:55со илјадници деца во просек
-
10:55 - 10:58но не кажува што ќе му помогне
на моето или вашето дете -
10:58 - 11:00или на било кое дете.
-
11:00 - 11:03На крај, нашите деца
ќе одат по сопствен пат -
11:03 - 11:06и тоа е делумно предодредено
од наследените гени -
11:06 - 11:09и секако, од искуството
кое ќе го стекнуваат во животот, -
11:09 - 11:11заедно со нашите односи како родители.
-
11:11 - 11:14Ќе ви кажам што направив јас
откако го научив ова. -
11:14 - 11:15Малку ми е непријатно.
-
11:16 - 11:18Сфатив дека сум многу зафатена
со работата, -
11:18 - 11:20за иронија на судбината,
-
11:20 - 11:23додека учев и пишував за ова истражување
за британските деца, -
11:23 - 11:27имаше денови кога едвај зборував
со моите британски деца. -
11:27 - 11:30Така, решивме да имаме време за разговор
-
11:30 - 11:32што е околу 15 мин. на крајот на денот
-
11:32 - 11:34кога им зборуваме и ги слушаме децата.
-
11:35 - 11:38Сега сум на добар пат да ги прашувам
што правеле во денот, -
11:38 - 11:40да им покажам дека ми значи
како се на училиште. -
11:41 - 11:44Се разбира, проверувам
дали имаат што да читаат. -
11:44 - 11:46Им велам дека имам
амбиции за нивната иднина, -
11:46 - 11:49и дека можат да бидат среќни
и да прават големи нешта. -
11:50 - 11:53Не знам дали нешто од сето
тоа ќе направи промена, -
11:53 - 11:55но убедена сум дека нема да им наштети,
-
11:55 - 11:57дури може нешто добро да им донесе.
-
11:58 - 12:01На крај, ако сакаме среќни деца,
-
12:01 - 12:03треба да ја слушаме науката
-
12:03 - 12:04и се разбира
-
12:04 - 12:06да ги слушаме сопствените деца.
-
12:06 - 12:07Ви благодарам!
- Title:
- Лекција од најдолгата студија за човечкиот развој
- Speaker:
- Хелен Пиерсон
- Description:
-
Во изминатите 70 години, британските научници имаат проучувано илјадници деца во текот на нивните животи, за да откријат зошто некои завршуваат среќни и здрави додека други имаат потешкотии. Ова е најдолгата студија за човечкиот развој во светот која прикажува некои од најпроучуваните луѓе на планетата и го менува начинот на кој живееме, учиме и се однесуваме како родители. Низ јасниот приказ на Хелен Пеарсон, научник и новинар, дознаваме важни и едноставни вистини за животот и доброто воспитување.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 12:12
![]() |
Julia Kalaputi approved Macedonian subtitles for Lessons from the longest study on human development | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Lessons from the longest study on human development | |
![]() |
Aleksandra Dimovska accepted Macedonian subtitles for Lessons from the longest study on human development | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Lessons from the longest study on human development | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Lessons from the longest study on human development | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Lessons from the longest study on human development | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Lessons from the longest study on human development | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Lessons from the longest study on human development |