< Return to Video

Зошто најдобриот кандидат можеби ја нема најдобрата работна биографија?

  • 0:01 - 0:04
    Вашата компанија објавува
    оглас за работно место.
  • 0:05 - 0:07
    Почнуваат да стигнуваат апликации
  • 0:07 - 0:10
    и ги идентификувате
    квалификуваните кандидати.
  • 0:11 - 0:13
    Започнува изборот.
  • 0:14 - 0:19
    Личност А: престижен универзитет,
    просек 10, беспрекорна работна биографија
  • 0:19 - 0:21
    одлични препораки.
  • 0:21 - 0:23
    Сè што е потребно.
  • 0:24 - 0:29
    Личноста Б: државен универзитет, приличен број
    на различни работни искуства,
  • 0:29 - 0:33
    некои дури и чудни како
    благајник и келнерка-пејачка.
  • 0:34 - 0:37
    Но запомнете-двајцата
    кандидати се квалификувани.
  • 0:38 - 0:39
    Ве прашувам:
  • 0:39 - 0:41
    Кого ќе одберете?
  • 0:42 - 0:46
    Со моите колеги создадовме
    официјални термини
  • 0:46 - 0:49
    за да опишеме две различни
    категории на кандидати.
  • 0:50 - 0:53
    Личноста А ја нарекува „Сребрена лажица“,
  • 0:53 - 0:58
    оној кој има предности
    и е предодреден за успех.
  • 0:58 - 1:02
    Личноста Б ја нарекуваме „Борец“,
  • 1:02 - 1:05
    оној кој мора да совлада
    многу препреки
  • 1:05 - 1:07
    за да стигне до истата позиција.
  • 1:08 - 1:12
    Штотуку чувте како директорот за
    човечки ресурси ги нарекува луѓето
  • 1:12 - 1:13
    „Сребрени лажици“ и „Борци“
  • 1:14 - 1:15
    (Смеа)
  • 1:15 - 1:19
    што не е политички коректно
    и звучи помалку осудувачки.
  • 1:19 - 1:23
    Но, пред да ми ја одземат дозволата
    за човечки ресурси-
  • 1:23 - 1:24
    (Смеа)
  • 1:25 - 1:26
    дозволете да ви објаснам.
  • 1:27 - 1:29
    Работната биографија
    ни раскажува приказна.
  • 1:29 - 1:32
    Низ годините научив нешто за луѓето
  • 1:32 - 1:36
    чии искуства се исчитуваат како
    навидум неповрзани делови
  • 1:36 - 1:39
    што ме тераат да запрам
    и да ги земам предвид
  • 1:39 - 1:42
    пред да ја отстранам
    нивната работна биографија.
  • 1:43 - 1:45
    Серија на чудни работни
    искуства покажуваат
  • 1:45 - 1:50
    недоследност, недостиг
    на фокус и непредвидливост.
  • 1:50 - 1:55
    Или укажуваат на посветена
    борба против препреки.
  • 1:55 - 2:00
    Во најмала рака,
    „Борецот“ заслужува интервју.
  • 2:01 - 2:02
    Да појаснам,
  • 2:02 - 2:05
    немам ништо против „Сребрените лажици“.
  • 2:05 - 2:09
    Да се запишете и дипломирате
    на елитен универзитет
  • 2:09 - 2:12
    значи напорна работа и жртвување.
  • 2:12 - 2:16
    Но ако во животот се` ви
    одело како подмачкано
  • 2:16 - 2:19
    како ќе се справите
    со тешките моменти?
  • 2:19 - 2:24
    Едно лице кое го вработив сметаше
    дека ако студирал на елитен универзитет
  • 2:24 - 2:27
    не треба да работи нешто под неговото ниво,
  • 2:27 - 2:32
    како на пример повремена физичка работа
    со цел да разбере одредена операција.
  • 2:33 - 2:34
    На крај, си даде отказ.
  • 2:36 - 2:38
    Но, од друга страна,
  • 2:38 - 2:43
    што ако животот
    ви е предодреден за неуспех
  • 2:43 - 2:45
    а всушност успевате?
  • 2:46 - 2:49
    Сакам да ве поттикнам
    да интервјуирате еден „Борец“.
  • 2:51 - 2:55
    Знам многу за ова бидејќи
    и јас сум„ Борец“.
  • 2:56 - 2:57
    Пред да се родам,
  • 2:57 - 3:01
    на татко ми му дијагностицираа
    параноидна шизофренија,
  • 3:01 - 3:05
    и не можеше да работи
    и покрај неговата брилијантност.
  • 3:06 - 3:09
    Нашиот живот стана делум
    „Лет над кукавичко гнездо“,
  • 3:09 - 3:11
    делум „Будења“,
  • 3:11 - 3:13
    а еден дел беше „Генијален ум“.
  • 3:14 - 3:16
    (Смеа)
  • 3:17 - 3:20
    Јас сум четврто од петте деца
    одгледани од самохрана мајка
  • 3:20 - 3:23
    во еден опасен кварт во Бруклин, Њујорк.
  • 3:23 - 3:28
    Никогаш не поседувавме дом,
    кола, машина за перење;
  • 3:28 - 3:32
    и во поголемиот дел од моето
    детство немавме ни телефон.
  • 3:33 - 3:34
    Бев силно мотивирана
  • 3:34 - 3:39
    да ја разберам врската помеѓу
    бизнис успехот и „Борците“,
  • 3:39 - 3:44
    зашто мојот живот можеше
    многу лесно да тргне во друг правец.
  • 3:45 - 3:47
    Среќавав многу луѓе од бизнисот
  • 3:47 - 3:50
    и читав профили
    на многу влијателни лидери,
  • 3:50 - 3:52
    и забелажав некои сличности.
  • 3:53 - 3:57
    Многумина од нив страдале
    во детството
  • 3:57 - 4:00
    од сиромаштија, напуштања,
  • 4:00 - 4:02
    смрт на родител во рана возраст
  • 4:02 - 4:06
    до тешкотии во учење,
    алкохолизам и насилство.
  • 4:07 - 4:11
    Традиционалното размислување вели дека
    траумите водат кон страдања,
  • 4:11 - 4:15
    и се обрнуваше многу внимание на
    дисфункционалноста произлезена од тоа.
  • 4:15 - 4:20
    Но, кога ја проучувавме дисфункционалноста
    добивме неверојатни сознанија:
  • 4:20 - 4:26
    и најлошите услови можат да доведат
    да созревање и трансформација.
  • 4:26 - 4:30
    Откриен е неверојатен
    и неочекуван феномен,
  • 4:30 - 4:35
    кој научниците го нарекуваат
    „пост-трауматско созревање“.
  • 4:35 - 4:39
    Во една студија наменета да го
    измери влијанието на неповолните услови
  • 4:39 - 4:41
    врз децата изложени на ризик,
  • 4:41 - 4:45
    во група од 698 деца
  • 4:45 - 4:50
    кои доживеале најсурови
    и најекстремни искуства,
  • 4:50 - 4:56
    една третина израснале во здрави, успешни
    и продуктивни личности.
  • 4:56 - 5:02
    И покрај сѐ, и покрај сите неверојатни
    изгледи, тие успеале.
  • 5:02 - 5:03
    Една третина.
  • 5:04 - 5:06
    Погледнете ја оваа работна биографија.
  • 5:06 - 5:09
    Родителите на ова дете
    го дале на посвојување.
  • 5:09 - 5:11
    Никогаш не завршил факултет.
  • 5:12 - 5:14
    Работел разноразни работи.
  • 5:14 - 5:17
    Поминал една година во Индија,
  • 5:17 - 5:20
    и како капак на се`, имал дислексија.
  • 5:20 - 5:22
    Ќе го вработите овој човек?
  • 5:23 - 5:25
    Тој се вика Стив Џобс.
  • 5:26 - 5:30
    Во студијата за најуспешните
    претприемачи во светот,
  • 5:30 - 5:34
    испаѓа дека голем број
    од нив имаат дислексија.
  • 5:35 - 5:36
    Во САД,
  • 5:36 - 5:40
    35% од претприемачите опфатени
    во студијата имале дислексија.
  • 5:41 - 5:45
    Она што е забележително
    кај овие претприемачи
  • 5:45 - 5:48
    кои искусиле пост-трауматско созревање,
  • 5:48 - 5:51
    е тоа што ги гледаат нивните
    потешкотии во учењето
  • 5:51 - 5:56
    како посакувана тешкотија
    која им овозможила предности
  • 5:56 - 6:01
    зашто станале подобри слушатели
    и обрнувале повеќе внимание на детаљи.
  • 6:01 - 6:06
    Тие не сметаат дека се тоа што се
    и покрај несреќата.
  • 6:06 - 6:11
    Тие знаат дека се тоа што се
    поради нивната несреќа.
  • 6:11 - 6:13
    Тие ја прифатиле својата
    траума и тешкотиите
  • 6:13 - 6:16
    како главни обележја на тоа што станале
  • 6:16 - 6:19
    и знаат дека без тие искуства,
  • 6:19 - 6:23
    можеби не ќе ја имаа потребната
    снага и храброст
  • 6:23 - 6:24
    да станат успешни.
  • 6:26 - 6:29
    На еден мој колега, цел живот
    му се свртел наопаку
  • 6:29 - 6:34
    како резултат на Кинеската
    Културна Револуција во 1966.
  • 6:35 - 6:40
    На 13-годишна возраст, неговите родители
    биле преселени на село,
  • 6:40 - 6:42
    училиштата биле затворени
  • 6:42 - 6:47
    а тој останал сам во Пекинг да се
    грижи за себе до 16 годишна возраст
  • 6:47 - 6:50
    кога добил работа во текстилна фабрика.
  • 6:50 - 6:52
    Но наместо да ја прифати својата судбина,
  • 6:52 - 6:56
    тој решил да го продолжи
    своето формално образование.
  • 6:58 - 7:01
    11 години подоцна, кога политичката клима се смени,
  • 7:01 - 7:06
    чул за некој строго селективен
    приемен испит на универзитет.
  • 7:06 - 7:10
    Имал само три месеци
    да го научи наставниот материјал
  • 7:10 - 7:12
    од основно и средно училиште.
  • 7:13 - 7:17
    Секојдневно, штом се врател од фабриката,
  • 7:17 - 7:21
    поспивал, учел до 4 наутро,
    се враќал на работа
  • 7:21 - 7:25
    и ја повторувал рутината
    секој ден три месеци.
  • 7:26 - 7:29
    Успеал во тоа.
  • 7:30 - 7:35
    Неговата посветеност кон учењето била
    непоколеблива и никогаш не изгубил надеж.
  • 7:35 - 7:38
    Денес има магистерска диплома
  • 7:38 - 7:43
    и неговите ќерки имаат
    дипломи од Корнел и Харвард.
  • 7:43 - 7:46
    „Борците“ одат напред со убеденоста
  • 7:46 - 7:51
    дека само над себеси
    имаме целосна контрола.
  • 7:52 - 7:54
    Кога работите не одат како што треба,
  • 7:54 - 7:59
    „Борците“ се прашуваат: „Што можам да
    сменам за добијам подобар резултат?“
  • 7:59 - 8:01
    „Борците“ имаат чувство за цел
  • 8:01 - 8:04
    поради кое не се предаваат.
  • 8:04 - 8:10
    Кога би преживеале беда,
    налудничав татко и неколку грабежи,
  • 8:10 - 8:13
    би си рекле: „Бизнис предизвици?
  • 8:13 - 8:14
    (Смеа)
  • 8:14 - 8:15
    Сериозно?
  • 8:15 - 8:18
    Боза. Се` е под контрола .“
  • 8:18 - 8:19
    (Смеа)
  • 8:19 - 8:21
    А тоа ме води до следното - хумор.
  • 8:21 - 8:25
    „Борците“ знаат дека со хумор
    се пребродуваат тешките моменти,
  • 8:25 - 8:27
    а смеењето ја менува
    гледната точка.
  • 8:28 - 8:31
    На крај, тука се врските.
  • 8:31 - 8:35
    Луѓето кои совладуваат тешкотии
    не го прават тоа сами.
  • 8:35 - 8:37
    Некаде по патот,
  • 8:37 - 8:41
    тие наоѓаат луѓе кои
    го вадат најдоброто од нив
  • 8:41 - 8:44
    и кои се убедени во нивните успеси.
  • 8:44 - 8:48
    Да се има некој на кој можеме
    да сметаме, без разлика на сѐ,
  • 8:48 - 8:51
    е од суштинска важност за надминување
    на неповолни околности.
  • 8:51 - 8:52
    Јас имав среќа.
  • 8:53 - 8:55
    При мојата прва работа откако дипломирав,
  • 8:55 - 8:58
    немав кола, се возев
    во туѓа преку два моста
  • 8:58 - 9:01
    со жена која беше помошник
    на претседателот.
  • 9:01 - 9:03
    Ме гледаше како работам
  • 9:03 - 9:06
    и ме охрабруваше да се
    фокусирам на мојата иднина
  • 9:06 - 9:08
    а не да живеам во минатото.
  • 9:09 - 9:12
    Низ годините среќавав многу луѓе
  • 9:12 - 9:15
    кои ми даваа брутално
    искрени повратни информации,
  • 9:15 - 9:17
    совети и менторства.
  • 9:18 - 9:20
    На овие луѓе не им е грижа
  • 9:20 - 9:24
    што некогаш работев како келнерка
    -пејачка за да си го платам школувањето.
  • 9:24 - 9:25
    (Смеа)
  • 9:25 - 9:29
    Ќе завршам со едно
    корисно сознание.
  • 9:29 - 9:34
    Компаниите кои се посветени на
    разновидност и се отворени кон секого
  • 9:34 - 9:36
    обично ги поддржуваат „Борците“
  • 9:36 - 9:39
    и имаат подобри резултати
    од сличните на нив.
  • 9:39 - 9:42
    Според студија на „ДајверситиИнк“,
  • 9:42 - 9:46
    нивните 50 најдобри
    компании по основ на разновидност,
  • 9:46 - 9:51
    го надминале индексот
    S&P 500 за 25 проценти.
  • 9:52 - 9:55
    Да се вратам на моето прво прашање:
  • 9:56 - 9:58
    Кому ќе му дадете предност?
  • 9:58 - 10:01
    На „Сребрената лажица“ или на „Борецот“?
  • 10:02 - 10:06
    Јас велам: изберете го
    потценетиот кандидат,
  • 10:06 - 10:09
    чие тајно оружје се страста и целта.
  • 10:10 - 10:12
    Вработете го „Борецот“.
  • 10:12 - 10:16
    (Аплауз)
Title:
Зошто најдобриот кандидат можеби ја нема најдобрата работна биографија?
Speaker:
Регина Хартли
Description:

Кога постои избор помеѓу кандидат со совршена работна биографија и кандидат кој се борел со тешкотии, Регина Хартли, директорка за човечки ресурси, секогаш им дава шанса на „Борците“. Хартли, која самата израснала низ тешкотии, добро знае дека оние кои успеваат во најмрачните места имаат сила да издржат во услови на постојани промени на работни места. „Одберете го потценетиот натпреварувач чие тајно оруже е страста и целта“-вели таа. „Одберете го „Борецот“!

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
10:31

Macedonian subtitles

Revisions