-
Том Стајнберг: Отворен Владин податок е секоја информација која Владата ja собира, во голема мера за свои цели,
-
a потоа ja прави достапнa за други лица да ja користат за сопствени цели.
-
Руфус Полок: Тоа се владини податоци кои се отворени
-
и отворено значи бесплатно за секој да го користи, повторно да го употреби и да го редистрибуира.
-
Aine McGuire: Движењето за отворени податоци е начин на трансформација на односот помеѓу граѓаните и владата
-
со тоа што секој знае што се случува
-
и ако сите знаат што се случува
-
тогаш тоа станува многу лесно и за двете страни да учествуваат поправедно во општеството.
-
Крис Taggart: Нашите животи се повеќе се управувани од страна на податоци, всушност нашиот живот се повеќе е податок.
-
Со оглед на тоа, да не можете да погледнете информации за нас,
-
каде живееме, кој не претставува,
-
кои компании имаат бизнис со владата, и така натаму
-
сето тоа почнува да ја поткопува демократијата.
-
Роб McKinnon: Тоа е многу пошироко отколку самата влада.
-
Владата е всушност само еден учесник во нашето општество.
-
Она што гледаме дека се случува е навистина на врвот на една од главните општествени промени, глобална општествена промена.
-
Заедно, ние имаме способност да го трансформираме начинот на кој општеството функционира.
-
На глобално ниво, ние здружуваме заедно, преку сајтови како Википедија или збирки на структурирани податоци
-
голем глобален преглед на тоа како работи општеството и како ние се самоорганизираме.
-
Значи, ние сме само на почетокот на една голема промена во начинот на кој работиме...
-
Руфус Полок: Постојат три начини на кои отворените владини податоци може да го направат светот подобро место за живеење.
-
Број еден: тоа им овозможува на компании, физички лица, непрофитни
-
да почнат и да изградат интересни, корисни, вредни апликации и услуги.
-
Број два, мислам дека станува збор за демократија, за учество во владата, станува збор за транспарентност
-
која ни овозможува да видиме што прави нашата влада.
-
И број три: Си велам: Зошто да не?
-
Во основа е скоро бесплатно да се отворат владините податоци,
-
па зошто да не се отворат податоците кои се веќе таму и кои веќе се собрани.
-
Том Стајнберг: Отворените податоците се важни заради неколку различни причини
-
и никоја од нив не е поважна од другата.
-
Ја имаме можноста за создавање на економска вредност,
-
која е на прво место во размислувањата на многу луѓе во тешки времиња како што се овие денес.
-
Создавање на повеќе работни места и повеќе компании,
-
и повеќе профитабилни компании кои создаваат поголеми даночни приходи.
-
Тоа е очигледно голема работа за потенцијалната моќ на отворените податоци.
-
Исто така постои класичниот старомоден став за изработка на отворени и достапни податоци, така што можеме да видиме можна корупција
-
и злоупотреба на јавни пари и практики кои се неправедни или нелегални или пак немааат никаква врска со пари, но се скриени на некој начин.
-
Тон Zijlstra: Може да се очекува луѓето да почнат бизнис преку додавање на вредност на податоците,
-
преземајќи ги тие податоци и користејќи ги за одредена апликација.
-
Исто така станува збор за транспарентност
-
но исто така и за зајакнување на луѓето кои ќе можат сами подобро да донесуваат одлуки за сопствениот живот
но исто така и за зајакнување на луѓето кои ќе можат сами подобро да донесуваат одлуки за сопствените животи
-
врз основа на информации кои не биле достапни порано.
-
И сто така, организациите кои ги создаваат овие податоци зајакнуваат и стануваат поефикасни и поефективни.
-
Руфус Полок: На пример ние направивме проект наречен wheredoesmymoneygo.org
-
со цел да ви покажеме каде одат вашите даночни пари, што мислам дека е навистина важна работа.
-
Мислам дека ќе биде интересно да се знае, "ова е најголем придонес што можам да го направам за државата - каде одат овие пари?“
-
Без отворени податоци во владата, не можам да одговорам на тоа прашање.
-
Дејвид Eaves: Ние ги користиме Федералните податоци за загадувањето и ги спојуваме со картата на Избирачкиот список
-
за да ви покажеме во близина на вашиот поштенски код или во било која област за која сте заинтересирани
-
кои капацитети се близу до вас, колку тие загадуваат и она што го загадуваат и во чиј опсег се тие
-
Како би можеле да почнете со испитување на нивото на загадување околу вас.
-
Том Стајнберг: MySociety гради различни различни граѓански и социјални веб-сајтови и се грижи за нив.
-
И со граѓански и социјални веб-сајт мислам на услуги кои прават нешта кои ви кажуваат:
-
„Кој е мојот политичар?“ „Како можам да им пишам на нив?“, „Што тие зборуваат во парламентот?“, „Како тие гласаат?“, „Што прават тие со парите кои ги добиваат?“
-
- тоа е од демократската страна.
-
Од граѓанските страна изградивме услуги кои велат: „Како можам да ги средам проблеми на мојата улица да се решат?“
-
„Како можам да ги добијам информациите кои мене ми требаат да произлезат од владата?“
-
А наскоро и "колку можам дас ги решам моите проблеми со транспортот?“', што е следно...
-
Дејвид Eaves: Во Ванкувер распоредот за изнесување на ѓубре е многу динамичен ...
-
и се менува на редовна основа така што луѓето секогаш забораваат кога да го изнесат своето ѓубре надвор.
-
Cега, тие само може да отидат на вебсајт и можат да се регистрираат
-
и ние ќе им испратите email порака која вели: "Утре е ден за изнесување на ѓубрето".
-
Тоа е вид на апликација која обичниот граѓанин лесно ја запамтува во својата глава,
-
затоа што обезбедува непосредна употреба за нив.
-
И така, кога луѓето го гледаат Van Trash, велат, "па ова е дел од она за што всушност се отворените податоци?"
-
И ние велиме, "Да" и што велат тие, "Сакам повеќе од ова во мојот живот"
-
Ричард Cyganiak: На ниво на Европската унија,
-
би било навистина интересно ако ние всушност би можеле да ги добиеме сите овие податоци на едно место
-
така што може да се бара низ различните држави и всушност да почне со споредување на работите во сите земји.
-
Џек Thurston: Она што се обидуваме да го направаме со Farmsubsidy.org
-
е да ги поврземе сите различни владини обелоденувањата во еден единствен центар за податоци
-
Така што граѓаните ќе можат да одат на интернет и да дознаат што се случува не само во нивната земја
-
туку и во други земји и тие да можат да прават споредби за тоа колку фарми се во еден дел од ЕУ во однос на друга,
-
колку граѓани вложуваат во таа политика,
-
колку ги чини доколку тие што се во една земја за разлика од некоја друга земја.
-
Ова е семето на пан-европска дебата која треба да биде таму,
-
бидејќи треба да имаме пан-европска политика.
-
Ерик Swanson: Еден од моите омилени примери за тоа како податоците на Светската банка беа пренаменети се случи многу брзо откако ја отворивме базата на податоци.
-
Добивме порака од група која едноставно ја имаше превземено нашата цела база на податоци
-
и ги анализираше сите празнини кои беа во податоците
-
а потоа произведуваа мапи кои покажуваа земја по земја, индикатор на индикаторот, од година во година
-
каде беа празнините во податоците.
-
Тоа не ни кажа нешто што ние веќе не го знаевме
-
но ни го покажа начинот на кој ние не сме го виделе порано
-
и се разбира, тоа го направи јавно за сите останати да го погледнат исто така.
-
Карин Кристијансен: Ние сме во моментот, каде што треба податоците да бидат објавени
-
и нас ни треба излезен стандард за податоците кои се објавуваат, за да можеме да ги мапираме и споредуваме.
-
Бидејќи она што е потребно во Уганда, во Авганистан
-
не е само да знаат што тоа ДФИД прави со парите од Велика Британија ,
-
она што прават американските пари, но и за тоа како сето тоа се вклопува заедно.
-
Симон Периш: Ние работиме на иницијатива наречена Меѓународна помошТранспарентна Иницијатива
-
кој е за развој на стандарди за тоа како донаторите кои се вклучени во власта треба да бидат транспарентни за помошта што тие ја даваат.
-
Двете да бидат одговорни пред граѓаните и даночните обврзници во нивните земји
-
но, исто така, на различните инволвирани страни во земјите во развој
-
од владите на овие држави, до граѓанските организации, до парламентарците
-
каде сите тие сакаат подобра информација за парите што доаѓаат во нивната земја.
-
Отвореноста и достапноста на овие податоци има потенцијал радикално да го промени
-
начинот на кој се трошат парите за помош и ефикасноста со која тие се трошат .
-
Важноста е во отвореноста на тие податоци, така што тоа би можело да се користи од различни групи на различни начини
-
кои ќе ја направат достапна за различни групи на начин кој одговара на нивните сопствени специфични потреби.
-
Ерик Swanson: Некои од графиците на Ханс Rosling,
-
софтверот Гепмајндер во која тој го илустрира напредокот на земјите со текот на времето,
-
користи табели кои се анимирани и се движат ...
-
Дури и пред нашите податоци да станат достапни, Ханс ги користеше во неговите Гепмајндер табели
-
и тоа беше страшно ефикасно во подигање на свеста за прашања за развојот
-
Том Стајнберг: Како може да се убедат владите, кои можеби не се заинтересирани за отворени податоци
-
дека вреди да го трошат своето време и пари и напор за да обрнат внимание?
-
Мислам дека презентацијата е овде вистинскиот клуч.
-
Презентацијата на услуги кои се добри, кои се корисни ...
-
и особено услуги кои се лесно за објаснуваат, кои нудат многу очигледни вредности и општа корист за разлика од многу мала корист ...
-
Дејвид Стреи: Имаме три цели.
-
Првата е: да помогнеме во изградбата на заедницата околу отворените податоци во што повеќе градови низ целиот свет.
-
Второ, ајде да дадеме место каде што локалните политичари и владините официјални лица ќе можат се сретнат луѓе кои се грижат за ова,
-
да се сретнат со луѓе кои се ангажираат на тоа, и исто така да ги разгледаме сите интересни нешта што се случуваат во светот
-
и да видиме колку всушност се случува, и дека ако едни го прават тоа. Мочат и другите исто така.
-
Тогаш третата е, ајде да се изгради нешто.
-
Ајде да се обидеме и да добиеме од секоја заедница да изгради нешто
-
бидејќи ништото не добива разбирање од луѓето зошто отворените податоци се поважни отколку кога ќе ги видат навистина продлабочена визуелизација
-
што им овозможува да ја разберат својата заедница на начин како никогаш порано.
-
Џек Thurston: Нашата работа е да ги потсети луѓето колку е важно
-
тие да имаат пристап до податоци за тоа што тоа нивната влада работи,
-
сеедно дали тоа било она што ги тера новинарите да пишуваат приказни, им помага на НВО да ги градат своите кампањи околу податоците
-
или едноставно креирање на веб апликации за обичните граѓани да одат на интернет и да дознаат што се случува.
или едноставно креирање на веб апликации за обичните граѓани да одат на интернет и да дознаат што се случува.
-
Ние треба да бидеме во можност да покажеме дека светот во кој Владините податоци се отворени е подобар од светот во која тие се затворени.
-
Руфус Полок: Нормално најдобрите работи кои треба да излезат од новите технологии се оние за кои не ни помислуваме.
-
Замислете ја електричната енергија, во 1820, кога Фарадеј имаше презентација на електричната енергија на Гладстон на Кралското друштво.
-
Гладстон му вели на Фарадеј,
-
"Да, тоа е многу фино, можете да направите грч во жабјите нозе но што е поентата на електрична енергија? "
-
Фарадеј му одговара на Гладстон,
-
"Па што е поентата на бебето? ...
-
Тоа ќе прерасне во нешто ... "
-
И мислам дека поентата за отворените податоци е дека живееме во ерата на информации,
-
на информатичкото општество - податоците и информациите се клучна инфраструктура за тој свет.
-
Тон Zijlstra: Ако се погледне на начинот на кој луѓето ги решаваат проблемите, тие обично се обиде да дојдат до едноставни решенија
-
дури и ако тие се тешки или сложени проблеми.
-
Па јас мислам дека ние треба да ги користиме податоците што ги имаме за нашите животи и нашата животна средина, како начин да се најде
-
помалку лесни, но изводливи одговори на тешки прашања со кои се соочуваме.