Ами Клин: Нов начин за дијагностицирање на аутизмот
-
0:01 - 0:03Отсекогаш сакав да станам
-
0:03 - 0:06подвижна лабораторија за друштвените случувања,
-
0:06 - 0:10да ги разберам чувствата, мислите, намерите,
-
0:10 - 0:15мотивите на другите луѓе, на тој начин што ќе бидам со нив.
-
0:15 - 0:21Како научник, отсекогаш сакав да ја мерам оваа способност,
-
0:21 - 0:23способноста за насетување на другите која се случува ептен брзо,
-
0:23 - 0:26дур да трепнеш.
-
0:26 - 0:28Ние ги насетуваме чувствата на другите.
-
0:28 - 0:29Го знаеме значењето на нивните однесувања
-
0:29 - 0:32дури и пред да се случат.
-
0:32 - 0:34Секогаш сме во позиција да бидеме
-
0:34 - 0:37објект на нечија туѓа субјективност.
-
0:37 - 0:40Постојано го правиме тоа. Едноставно не можеме да го отстраниме.
-
0:40 - 0:42Тоа е толку важно што самите алатки кои ги користиме
-
0:42 - 0:44за да се разбереме самите себе, да го разбереме
-
0:44 - 0:48светот околу нив, се обликувани од таа позиција.
-
0:48 - 0:51Ние сме друштвени во нашата основа.
-
0:51 - 0:54Моето патување во аутизмот навистина започна кога
-
0:54 - 0:58живеев во еден дом за возрасни со аутизам.
-
0:58 - 1:01Повеќето од тие индивидуи поголемиот дел од нивните животи
-
1:01 - 1:05го имаа поминато во болници. Ова беше многу оддамна.
-
1:05 - 1:09За нив, аутизмот беше катастрофален.
-
1:09 - 1:13Имаа длабоки интелектуални попречувања.
-
1:13 - 1:16Не зборуваа. Но пред сè,
-
1:16 - 1:20тие беа неверојатно изолирани
-
1:20 - 1:23од светот околу нив, од нивната средина
-
1:23 - 1:25и од луѓето.
-
1:25 - 1:28Всушност, на времето, ако влезевте во училиште
-
1:28 - 1:32за индивидуи со аутизам, ќе слушневте многу бучава,
-
1:32 - 1:38голема раздвиженост, ќе видевте луѓе кои прават нешто,
-
1:38 - 1:41но секогаш сами.
-
1:41 - 1:46Можеби гледаат во светлото на таванот
-
1:46 - 1:49или можеби се изолирани во ќошот,
-
1:49 - 1:52или можеби се занесени во некои повторувачки движења,
-
1:52 - 1:57движења за само-стимулирање кои се бесцелни.
-
1:57 - 2:00Екстремно, екстремно изолирани.
-
2:00 - 2:04Добро, сега знаеме дека аутизмот
-
2:04 - 2:07е нарушување, нарушување на способноста за насетување
-
2:07 - 2:10за која ви зборував.
-
2:10 - 2:12Тоа се животно важни вештини.
-
2:12 - 2:14Тоа се вештини за преживување кои сме ги наследиле
-
2:14 - 2:16во текот на многу, многу стотици илјади години
-
2:16 - 2:19еволуција.
-
2:19 - 2:24Видете, бебињата се раѓаат во состојба на потполна ранливост.
-
2:24 - 2:26Без негувачот, тие не би преживеале, па оттука логично е
-
2:26 - 2:28дека природата ќе им ги всади овие механизми
-
2:28 - 2:32за преживување.
-
2:32 - 2:34Тие се насочуваат кон негувачот.
-
2:34 - 2:38Уште од првите денови и недели од животот,
-
2:38 - 2:41бебињата повеќе сакаат да слушаат човечки звуци, наместо
-
2:41 - 2:43звуци од околната средина.
-
2:43 - 2:45Повеќе сакаат да гледаат во луѓе наместо во предмети,
-
2:45 - 2:47а кога гледаат во луѓе,
-
2:47 - 2:50тие гледаат во нивните очи, бидејќи
-
2:50 - 2:54очите се прозорец во доживувањата на другите луѓе,
-
2:54 - 2:56тие дури преферираат да гледаат во луѓето кои
-
2:56 - 3:01веќе гледаат кон нив, наместо кон луѓето кои гледаат на страна.
-
3:01 - 3:03Добро, тие се ориентираат кон негувачот.
-
3:03 - 3:05Негувачот го бара бебето.
-
3:05 - 3:09И токму од оваа взаемно поткрепувачка кореографија
-
3:09 - 3:13зависат елементите кои се важни за настанокот на умот,
-
3:13 - 3:18друштвениот ум, друштвениот мозок.
-
3:18 - 3:20Ние секогаш размислуваме за аутизмот
-
3:20 - 3:25како нешто што се појавува подоцна во животот.
-
3:25 - 3:31Не е така. Тој започнува уште од почетокот на животот.
-
3:31 - 3:35Како што бебињата се дружат со негувачите, тие набргу
-
3:35 - 3:39сфаќаат дека има нешто помеѓу ушите
-
3:39 - 3:41кое е многу важно --
-
3:41 - 3:45невидливо е, не се гледа -- но навистина е важно,
-
3:45 - 3:46а тоа нешто се вика внимание.
-
3:46 - 3:49Тие учат многу брзо, дури и пред да прозборат,
-
3:49 - 3:52сфаќаат дека можат да го контролираат
-
3:52 - 3:58и дека со тоа внимание можат да си ги добијат работите што ги сакаат.
-
3:58 - 4:01Исто така учат да го следат погледот на другите луѓе,
-
4:01 - 4:03бидејќи погледот на луѓето им кажува за
-
4:03 - 4:07што размислуваат тие.
-
4:07 - 4:09И набргу, тие започнуваат да учат за значењето на
-
4:09 - 4:13нештата, бидејќи кога некој гледа во нешто или
-
4:13 - 4:15кога некој покажува кон нешто,
-
4:15 - 4:18бебињата не дознаваат само за насоката,
-
4:18 - 4:20туку учат и за значењето што го има тоа нешто
-
4:20 - 4:23за таа личност, за ставот, и набргу започнуваат
-
4:23 - 4:27да го градат овој збир на значења,
-
4:27 - 4:30но значења кои се стекнати во рамки на
-
4:30 - 4:32друштвена интеракција.
-
4:32 - 4:34Ова се значења кои се акумулирани како дел
-
4:34 - 4:38од нивното споделено искуство со другите.
-
4:38 - 4:45Добро, ова е малечко 15-месечно девојче
-
4:45 - 4:49кое има аутизам.
-
4:49 - 4:52И јас доаѓам толку блиску до нејзе што можеби сум
-
4:52 - 4:56на пет сантиметри од нејзиното лице, а таа не ме ниту забележува.
-
4:56 - 4:58Замислете да ви го направев ова на вас,
-
4:58 - 5:00да ви дојдев на пет сантиметри од лицето.
-
5:00 - 5:02Веројатно би направиле две работи, така?
-
5:02 - 5:06Би се исплашиле. Би повикале полиција. (Смеа)
-
5:06 - 5:08Би направиле нешто, бидејќи буквално е невозможно
-
5:08 - 5:11да го нарушите физичкиот простор на некого,
-
5:11 - 5:12а да не добиете реакција.
-
5:12 - 5:16Ние го правиме тоа, запамтете, интуитивно и без напор.
-
5:16 - 5:17Тоа е мудроста на нашето тело. Не е нешто што е
-
5:17 - 5:22посредувано од нашиот јазик. Нашето тело едноставно го знае тоа,
-
5:22 - 5:25и сме го знаеле тоа многу долго време.
-
5:25 - 5:28Ова не се јавува само кај луѓето.
-
5:28 - 5:31Се јавува кај нашите најблиски роднини,
-
5:31 - 5:33оти ако сте мајмун,
-
5:33 - 5:35и погледнете во друг мајмун,
-
5:35 - 5:39а тој мајмун има повисока хиерархиска позиција од вас,
-
5:39 - 5:42тогаш тоа би претставувало заканувачки сигнал,
-
5:42 - 5:45епа тогаш, нема да останете живи долго.
-
5:45 - 5:50Значи нешто што кај другите видови е механизам за преживување,
-
5:50 - 5:53без кој тие не би можеле да живеат,
-
5:53 - 5:56го имаме и во контекст на човечките битија,
-
5:56 - 6:00и токму ова ни треба за да бидеме друштвени.
-
6:00 - 6:03Сега, таа не ме забележува, а јас сум толку близу до нејзе,
-
6:03 - 6:05можеби ќе си помислите, дека не гледа
-
6:05 - 6:07можеби не слуша.
-
6:07 - 6:09После неколку минути, таа оди во ќошот од
-
6:09 - 6:15собата и наоѓа едно мало парче чоколада M&M.
-
6:15 - 6:19Значи јас не можев да ѝ го привлечам вниманието,
-
6:19 - 6:22но нешто друго, предмет, ѝ го привлече.
-
6:22 - 6:24Кај повеќето од нас се среќава една голема дихотомија
-
6:24 - 6:29помеѓу светот на предметите и светот на луѓето.
-
6:29 - 6:33Е сега, кај ова девојче, оваа поделба не е толку изразена,
-
6:33 - 6:37и светот на луѓето не ја привлекува толку многу
-
6:37 - 6:38колку што ние би сакале.
-
6:38 - 6:40Сетете се дека голем дел од она што учиме
-
6:40 - 6:42доаѓа од споделените искуства.
-
6:42 - 6:46Е сега, во овој момент нејзиниот начин на
-
6:46 - 6:50учење станува сè поневообичаен,
-
6:50 - 6:54како што таа сè повеќе се изолира.
-
6:54 - 6:57Понекогаш мислиме дека мозокот одредува сè,
-
6:57 - 6:59дека мозокот одредува какви ќе станеме.
-
6:59 - 7:02Но всушност важи и обратното, мозокот станува она што сме,
-
7:02 - 7:06и додека нејзиното однесување ја оддалечува од
-
7:06 - 7:09зоната на друштвената интеракција,
-
7:09 - 7:15нејзиниот ум и мозок стекнуваат сè поизразени аутистични особини.
-
7:15 - 7:20Добро, аутизмот има најизразена генетска компонента
-
7:20 - 7:24од сите развојни растројства,
-
7:24 - 7:27тоа е нарушување на мозокот.
-
7:27 - 7:29Тоа е растројство кое започнува уште пред да
-
7:29 - 7:32се роди детето.
-
7:32 - 7:36Сега знаеме дека има многу широк аутистички спектар.
-
7:36 - 7:38Има индивидуи со длабоки интелектуални
-
7:38 - 7:41попречувања, но има и такви кои се надарени.
-
7:41 - 7:44Има индивидуи кои воопшто не зборуваат.
-
7:44 - 7:46Исто така има и такви кои премногу зборуваат.
-
7:46 - 7:48Има индивидуи кои ако ги набљудувате додека се во
-
7:48 - 7:51училиште, ќе видите дека место не ги фаќа и постојано
-
7:51 - 7:54ви бегаат ако им го дозволите тоа,
-
7:54 - 7:56но и такви кои постојано ќе ви доаѓаат и ќе се обидуваат
-
7:56 - 7:58да се дружат со вас, без престан,
-
7:58 - 8:02но честопати тоа го прават на еден чуден начин,
-
8:02 - 8:06на еден неприроден начин.
-
8:06 - 8:10Аутизмот е многу позастапен за разлика од она што мислевме на времето.
-
8:10 - 8:11Кога влегов во ова поле, мислевме дека аутизмот се јавува
-
8:11 - 8:14кај четири индивидуи на 10.000,
-
8:14 - 8:16дека е многу ретка состојба.
-
8:16 - 8:20Сега знаеме дека се јавува на еден од 100.
-
8:20 - 8:25Околку нас има милиони индивидуи со аутизам.
-
8:25 - 8:28Општествениот трошок од оваа состојба е огромен.
-
8:28 - 8:32Само во САД, можеби од 35 до 80 милијарди долари,
-
8:32 - 8:35и знаете што? Повеќето од тие фондови се наменети
-
8:35 - 8:37за адолесценти и особено за возрасни кои
-
8:37 - 8:39се сериозно онеспособени,
-
8:39 - 8:41индивидуи на кои им се потребни целодневни услуги, услуги
-
8:41 - 8:44кои се многу, многу интензивни и чија цена може
-
8:44 - 8:48да надмине од 60 до 80.000 долари годишно.
-
8:48 - 8:52Ова се индивидуи кои не добиле ран третман,
-
8:52 - 8:56бидејќи сега знаеме дека аутизмот настанува поради
-
8:56 - 8:59невообичаениот начин на учење,
-
8:59 - 9:01за кој ви зборував.
-
9:01 - 9:04Доколку сме биле во можност порано да ја идентификуваме
-
9:04 - 9:08оваа состојба, да интервенираме и да ја третираме,
-
9:08 - 9:10можам да ви кажам, а ова веројатно беше
-
9:10 - 9:13нешто што ми го смени животот во изминативе 10 години,
-
9:13 - 9:17сознанието дека со сигурност можеме да ја ублажиме
-
9:17 - 9:19оваа состојба.
-
9:19 - 9:21Исто така, имаме една кратка прилика, бидејќи
-
9:21 - 9:24мозокот е еластичен само толкав период,
-
9:24 - 9:26тој краток период трае во
-
9:26 - 9:27првите три години од животот.
-
9:27 - 9:31Не дека после сè е завршено. Не.
-
9:31 - 9:34Туку, еластичноста значително се намалува.
-
9:34 - 9:38И покрај тоа, просечната година на дијагностицирање во оваа земја
-
9:38 - 9:40е сè уште околку петата година,
-
9:40 - 9:42а во пониските слоеви,
-
9:42 - 9:45популацијата која нема пристап до клиничките услуги,
-
9:45 - 9:48руралната популација, малцинствата,
-
9:48 - 9:51дијагнозата се поставува уште подоцна,
-
9:51 - 9:53што е исто како да ви кажам дека ги осудуваме овие
-
9:53 - 9:56заедници да имаат индивидуи со аутизам
-
9:56 - 10:00чијашто состојба ќе се влошува уште повеќе.
-
10:00 - 10:03Јас сметам дека ние имаме био-етички императив.
-
10:03 - 10:06Науката е овде,
-
10:06 - 10:09но ниту една наука нема релевантност доколку не остави траг
-
10:09 - 10:13врз заедницата, а ние едноставно не смееме да
-
10:13 - 10:15ја пропуштиме приликата,
-
10:15 - 10:18бидејќи децата со аутизам стануваат возрасни со аутизам,
-
10:18 - 10:22а ние сметаме дека оние нешта што можеме да ги направиме
-
10:22 - 10:24за овие деца, за овие семејства, уште на почеток,
-
10:24 - 10:27ќе имаат долготрајни последици,
-
10:27 - 10:31за детето, за семејството и за заедницата во глобала.
-
10:31 - 10:34Значи ова е нашето гледиште за аутизмот.
-
10:34 - 10:37Има повеќе од сто гени кои се поврзани со
-
10:37 - 10:39аутизмот. Всушност, ние веруваме дека ќе се појават
-
10:39 - 10:43помеѓу 300 и 600 гени поврзани со аутизмот,
-
10:43 - 10:47како и генетски аномалии, а не само гени.
-
10:47 - 10:51Овде ние всушност имаме едно прашање,
-
10:51 - 10:55бидејќи ако има толку многу различни причинители на аутизмот,
-
10:55 - 10:58тогаш како овие поединечни причинители
-
10:58 - 11:01доведуваат до синдромот? Бидејќи луѓето како мене,
-
11:01 - 11:04кога ќе влезат во некоја играчница,
-
11:04 - 11:07препознаваат дека детето има аутизам.
-
11:07 - 11:09Значи како големиот збир на причинители
-
11:09 - 11:12се развиваат во синдром кој има одредена хомогеност?
-
11:12 - 11:15А одговорот лежи во она што се наоѓа измеѓу,
-
11:15 - 11:18а тоа е развојот.
-
11:18 - 11:21Всушност, нас нè интересираат првите две
-
11:21 - 11:24години од животот, бидејќи ваквите предиспозиции
-
11:24 - 11:26не секогаш преминуваат во аутизам.
-
11:26 - 11:29Аутизмот се создава сам.
-
11:29 - 11:34Доколку сме во можност да интервенираме во текот на тие години,
-
11:34 - 11:36можеби кај некој ќе го ублажиме, и Господ знае,
-
11:36 - 11:40а кај други можеби ќе го спречиме аутизмот.
-
11:40 - 11:42И како го правиме тоа?
-
11:42 - 11:45Како влегуваме во тоа чувство за насетување,
-
11:45 - 11:49како влегуваме во бивствувањето на друга личност?
-
11:49 - 11:52Се сеќавам кога се сретнав со она 15-месечно дете,
-
11:52 - 11:54на ум ми падна една работа, а тоа беше,
-
11:54 - 11:57"Како да влезам во нејзиниот свет?
-
11:57 - 12:01Дали таа размислува за мене? Дали размислува за другите?"
-
12:01 - 12:06Епа, тоа е малку тешко, па затоа моравме да создадеме
-
12:06 - 12:09технологии. Моравме во основа да влеземе во телото.
-
12:09 - 12:13Моравме да го видиме светот низ нејзините очи.
-
12:13 - 12:16И така во текот на изминативе години ги создававме
-
12:16 - 12:20овие нови технологии кои се базираат на следење на очите.
-
12:20 - 12:22Од момент во момент можеме да видиме
-
12:22 - 12:25со што се занимаваат децата.
-
12:25 - 12:28Ова е мојот колега Ворен Џонс, со кого ги создававме
-
12:28 - 12:31овие методи, овие истражувања, во текот на
-
12:31 - 12:33последниве 12 години,
-
12:33 - 12:36а таму гледате едно среќно пет-месечно бебе,
-
12:36 - 12:42момче кое има пет месеци кое ќе гледа во работи кои
-
12:42 - 12:45се донесени од неговиот свет,
-
12:45 - 12:47мајка му, негувачот, но исто така и искуства кои
-
12:47 - 12:52би ги имало во неговиот дневен престој.
-
12:52 - 12:54Сакаме да го опфатиме тој свет и да
-
12:54 - 12:55го донесеме во нашата лабораторија,
-
12:55 - 12:59а за да го направиме тоа, моравме да ги создадеме
-
12:59 - 13:02овие многу софистицирани мерки,
-
13:02 - 13:05мерки за тоа како луѓето, како малите бебиња,
-
13:05 - 13:08како новороденчињата, комуницираат со светот,
-
13:08 - 13:10од момент во момент,
-
13:10 - 13:13што е важно, а што не е важно.
-
13:13 - 13:16И така, ги создадовме овие мерки, а овде,
-
13:16 - 13:20гледате нешто што го нарекуваме фокус на вниманието.
-
13:20 - 13:22Гледате снимка.
-
13:22 - 13:24Овие сцени траат по една секунда, на нив се гледа
-
13:24 - 13:27насоката на вниманието на 35 две-годишни деца
-
13:27 - 13:29со нормален развој
-
13:29 - 13:32потоа замрзнуваме една сцена,
-
13:32 - 13:35и еве што прават нормалните деца.
-
13:35 - 13:39Во ова скенирање, со зеленото, се две-годишни деца со аутизам.
-
13:39 - 13:43Значи во оваа сцена, децата кои се нормални
-
13:43 - 13:46се фокусираат кон
-
13:46 - 13:49емоционалниот израз на ова мало момче
-
13:49 - 13:51додека се закача со девојчето.
-
13:51 - 13:54Што прават децата со аутизам?
-
13:54 - 13:57Тие се фокусираат кон вратата која постојано
-
13:57 - 13:59се отвара и затвора.
-
13:59 - 14:02Добро, можам да ви кажам дека оваа разлика
-
14:02 - 14:02што ја гледате овде
-
14:02 - 14:06не се јавува само во овој пет-минутен експеримент.
-
14:06 - 14:09Се случува од момент во момент во нивниот секојдневен живот,
-
14:09 - 14:12на овој начин нивните умови се формираат,
-
14:12 - 14:15нивните мозоци стануваат специјализирани во нешто друго,
-
14:15 - 14:19и стануваат поразлични од нивните нормални другарчиња.
-
14:19 - 14:22Зедовме еден конструкт од
-
14:22 - 14:25нашите пријатели педијатрите,
-
14:25 - 14:27концептот наречен графици на раст.
-
14:27 - 14:29Знаете, кога ќе однесете дете на педијатар,
-
14:29 - 14:33таму му мерат физичка височина и тежина.
-
14:33 - 14:36Така ние одлучивме да направиме графици за раст
-
14:36 - 14:38наменети за друштвената вклученост,
-
14:38 - 14:41и баравме деца кои се штотуку родени,
-
14:41 - 14:47а овде на x-оската гледате два, три, четири, пет, шест
-
14:47 - 14:51месеци и девет, се до 24 месечна возраст,
-
14:51 - 14:54а ова е времето поминато во фокусирање
-
14:54 - 14:55на погледот кон очите на другите луѓе,
-
14:55 - 14:58и еве го нивниот графикон за раст.
-
14:58 - 15:01Започнуваат овде, ги сакаат очите на луѓето,
-
15:01 - 15:03и останува прилично стабилно.
-
15:03 - 15:07Некако се зголемува малку во почетните месеци.
-
15:07 - 15:09Сега, да видиме што се случува со бебињата
-
15:09 - 15:12кои стануваат аутистични.
-
15:12 - 15:14Се јавува нешто сосема поразлично.
-
15:14 - 15:18Започнува овде горе, а потоа имате слободен пад.
-
15:18 - 15:21Тие доаѓаат на овој свет со рефлексот кој ги насочува
-
15:21 - 15:25кон луѓето, но се чини дека тој нема доволно сила.
-
15:25 - 15:28Како да стимулот, а тоа сте вие,
-
15:28 - 15:31не вршите влијание врз она што се случува
-
15:31 - 15:35додека тие се ориентираат во секојдневието.
-
15:35 - 15:41Ние сметавме дека ваквите податоци се многу моќни
-
15:41 - 15:44на некој начин, па затоа сакавме да видиме што се случува
-
15:44 - 15:47во првите шест месеци од животот, бидејќи ако се дружите
-
15:47 - 15:49со два или три месеци возрасно дете,
-
15:49 - 15:53ќе се изненадите колку многу се друштвени овие бебиња.
-
15:53 - 15:56Во овие први шест месеци од животот увидовме
-
15:56 - 16:02дека многу лесно можеме да ги разликуваме овие две групи.
-
16:02 - 16:05И користејќи ваков вид на мерки, и многу други,
-
16:05 - 16:09увидовме дека нашиот метод би можел, всушност,
-
16:09 - 16:12да ги идентификува овие состојби многу рано.
-
16:12 - 16:15Не мораме да чекаме аутистичките однесувања
-
16:15 - 16:18да се појават во втората година од животот.
-
16:18 - 16:21Ако ги мериме нештата кои се, еволуциски,
-
16:21 - 16:25високо конзервирани, и кои развојно многу рано се појавуваат,
-
16:25 - 16:28односно, присутни се уште во првите недели од животот,
-
16:28 - 16:30тогаш би можеле да го детектираме аутизмот
-
16:30 - 16:32уште во текот на овие први месеци,
-
16:32 - 16:36и токму тоа го правиме сега.
-
16:36 - 16:39Сега, можеме да ги создадеме најдобрите технологии
-
16:39 - 16:43и најдобрите методи за идентификување на децата,
-
16:43 - 16:46но ова нема да вреди доколку немаме влијание врз
-
16:46 - 16:50она што реално се случува во самата заедница.
-
16:50 - 16:52Сакаме овие направи, се разбира,
-
16:52 - 16:55да бидат користени од оние кои се во првите борбени редови,
-
16:55 - 16:57нашите колеги, матичните лекари,
-
16:57 - 17:00кои се среќаваат со секое дете,
-
17:00 - 17:02и треба да ги трансформираме овие технологии
-
17:02 - 17:05во нешто што ќе биде од практична корист за нивната работа,
-
17:05 - 17:08бидејќи тие треба да прегледаат толку многу деца.
-
17:08 - 17:10Сакаме тоа да го направиме на глобално ниво
-
17:10 - 17:12за да не испуштиме ниту едно дете,
-
17:12 - 17:14но ова би било неморално
-
17:14 - 17:19доколку исто така немаме инфраструктура за интервенција,
-
17:19 - 17:20за третман.
-
17:20 - 17:23Треба да бидеме во можност да работиме со семејствата,
-
17:23 - 17:26да ги поддржиме семејствата, да ги пребродиме првите години
-
17:26 - 17:30заедно со нив. Треба да бидеме во можност да
-
17:30 - 17:34преминеме од универзален скрининг кон универзален пристап до третман,
-
17:34 - 17:37бидејќи овие третмани ќе го променат, како животот
-
17:37 - 17:41на овие деца, така и животот на нивните семејства.
-
17:41 - 17:45Сега, кога ќе помислите што сè можете да направите
-
17:45 - 17:49во овие први години,
-
17:49 - 17:51можам да ви кажам,
-
17:51 - 17:54бидејќи многу долго сум во ова поле,
-
17:54 - 17:57навистина се чувствувате подмладени.
-
17:57 - 18:01Ова е чувство дека науката на којашто сте работеле
-
18:01 - 18:04може всушност да влијае врз реалноста,
-
18:04 - 18:07да превенира, всушност, оние доживувања
-
18:07 - 18:11поради кои и го започнав мојот пат во ова поле.
-
18:11 - 18:14На времето мислев дека ова е непроменлива состојба.
-
18:14 - 18:18Не повеќе. Можеме да сториме многу работи.
-
18:18 - 18:21Идејата не е да го излечиме аутизмот.
-
18:21 - 18:24Тоа не ни е замислата.
-
18:24 - 18:26Туку, сакаме да бидеме сигурни
-
18:26 - 18:28дека индивидуите со аутизам ќе ги избегнат
-
18:28 - 18:33катастрофалните последици кои понекогаш се пропратни на оваа состојба,
-
18:33 - 18:36длабоките интелектуални попречувања, недостатокот на говор,
-
18:36 - 18:39длабоката, длабока изолација.
-
18:39 - 18:42Ние сметаме дека индивидуите со аутизам, всушност,
-
18:42 - 18:44го гледаат светот од една многу оригинална перспектива,
-
18:44 - 18:48а на нас ни треба различност, тие можат да работат екстремно добро
-
18:48 - 18:50во некои области кои им лежат:
-
18:50 - 18:53предвидливите ситуации, ситуации кои се дефинирани.
-
18:53 - 18:57Бидејќи после сè, тие учат за светот речиси како за
-
18:57 - 19:01таков, а не учат како да функционираат во него.
-
19:01 - 19:04Но ова е предност, ако работите, на пример,
-
19:04 - 19:06во полето на технологијата.
-
19:06 - 19:08И ги имате оние индивидуи кои имаат неверојатни
-
19:08 - 19:10уметнички способности.
-
19:10 - 19:12Не сакаме да ги снајде лошото.
-
19:12 - 19:15Сакаме следната генерација индивидуи со аутизам да може
-
19:15 - 19:18не само да ги изрази своите силни страни, туку и
-
19:18 - 19:20да ги исполни своите ветувања.
-
19:20 - 19:24Ви благодарам за вниманието. (Аплауз)
- Title:
- Ами Клин: Нов начин за дијагностицирање на аутизмот
- Speaker:
- Ami Klin
- Description:
-
Раната дијагноза на растројствата од аутистичкиот спектар може да го подобри животот на сите кои се засегнати, меѓутоа сложената мрежа на причинители во голема мера го отежнуваат предвидувањето на овие растројства. На TEDxPeachtree, Ами Клин опишува една нова метода за рано детектирање. Оваа метода користи софистицирана технологија која го следи движењето на очите, и на тој начин го мери нивото на друштвена вклученост и воедно нивото на друштвени вештини. На овој начин се овозможува релијабилно мерење на ризикот од аутизам. (Снимeно на TEDxPeachTree.)
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 19:44
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for A new way to diagnose autism | ||
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for A new way to diagnose autism | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for A new way to diagnose autism | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for A new way to diagnose autism | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for A new way to diagnose autism | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A new way to diagnose autism | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A new way to diagnose autism | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A new way to diagnose autism |