0:00:01.119,0:00:03.027 Отсекогаш сакав да станам 0:00:03.027,0:00:05.867 подвижна лабораторија за друштвените случувања, 0:00:05.867,0:00:09.943 да ги разберам чувствата, мислите, намерите, 0:00:09.943,0:00:14.999 мотивите на другите луѓе, на тој начин што ќе бидам со нив. 0:00:14.999,0:00:20.878 Како научник, отсекогаш сакав да ја мерам оваа способност, 0:00:20.879,0:00:23.377 способноста за насетување на другите која се случува ептен брзо, 0:00:23.377,0:00:25.682 дур да трепнеш. 0:00:25.682,0:00:28.032 Ние ги насетуваме чувствата на другите. 0:00:28.032,0:00:29.019 Го знаеме значењето на нивните однесувања 0:00:29.019,0:00:31.959 дури и пред да се случат. 0:00:31.959,0:00:33.857 Секогаш сме во позиција да бидеме 0:00:33.857,0:00:36.828 објект на нечија туѓа субјективност. 0:00:36.828,0:00:40.025 Постојано го правиме тоа. Едноставно не можеме да го отстраниме. 0:00:40.025,0:00:41.676 Тоа е толку важно што самите алатки кои ги користиме 0:00:41.676,0:00:44.079 за да се разбереме самите себе, да го разбереме 0:00:44.079,0:00:48.226 светот околу нив, се обликувани од таа позиција. 0:00:48.226,0:00:51.460 Ние сме друштвени во нашата основа. 0:00:51.460,0:00:54.234 Моето патување во аутизмот навистина започна кога 0:00:54.234,0:00:57.811 живеев во еден дом за возрасни со аутизам. 0:00:57.811,0:01:01.129 Повеќето од тие индивидуи поголемиот дел од нивните животи 0:01:01.129,0:01:05.021 го имаа поминато во болници. Ова беше многу оддамна. 0:01:05.021,0:01:09.303 За нив, аутизмот беше катастрофален. 0:01:09.303,0:01:12.558 Имаа длабоки интелектуални попречувања. 0:01:12.558,0:01:15.860 Не зборуваа. Но пред сè, 0:01:15.860,0:01:19.690 тие беа неверојатно изолирани 0:01:19.690,0:01:22.931 од светот околу нив, од нивната средина 0:01:22.931,0:01:25.392 и од луѓето. 0:01:25.392,0:01:28.244 Всушност, на времето, ако влезевте во училиште 0:01:28.244,0:01:32.267 за индивидуи со аутизам, ќе слушневте многу бучава, 0:01:32.267,0:01:37.730 голема раздвиженост, ќе видевте луѓе кои прават нешто, 0:01:37.730,0:01:41.455 но секогаш сами. 0:01:41.455,0:01:45.527 Можеби гледаат во светлото на таванот 0:01:45.527,0:01:48.936 или можеби се изолирани во ќошот, 0:01:48.936,0:01:52.495 или можеби се занесени во некои повторувачки движења, 0:01:52.495,0:01:56.696 движења за само-стимулирање кои се бесцелни. 0:01:56.696,0:02:00.095 Екстремно, екстремно изолирани. 0:02:00.095,0:02:03.688 Добро, сега знаеме дека аутизмот 0:02:03.688,0:02:07.426 е нарушување, нарушување на способноста за насетување 0:02:07.426,0:02:09.770 за која ви зборував. 0:02:09.770,0:02:11.728 Тоа се животно важни вештини. 0:02:11.728,0:02:13.879 Тоа се вештини за преживување кои сме ги наследиле 0:02:13.879,0:02:16.433 во текот на многу, многу стотици илјади години 0:02:16.433,0:02:18.719 еволуција. 0:02:18.719,0:02:24.033 Видете, бебињата се раѓаат во состојба на потполна ранливост. 0:02:24.033,0:02:26.064 Без негувачот, тие не би преживеале, па оттука логично е 0:02:26.064,0:02:28.447 дека природата ќе им ги всади овие механизми 0:02:28.447,0:02:31.680 за преживување. 0:02:31.680,0:02:34.255 Тие се насочуваат кон негувачот. 0:02:34.255,0:02:37.697 Уште од првите денови и недели од животот, 0:02:37.697,0:02:41.183 бебињата повеќе сакаат да слушаат човечки звуци, наместо 0:02:41.183,0:02:43.128 звуци од околната средина. 0:02:43.128,0:02:45.138 Повеќе сакаат да гледаат во луѓе наместо во предмети, 0:02:45.138,0:02:47.183 а кога гледаат во луѓе, 0:02:47.183,0:02:49.747 тие гледаат во нивните очи, бидејќи 0:02:49.747,0:02:54.096 очите се прозорец во доживувањата на другите луѓе, 0:02:54.096,0:02:56.214 тие дури преферираат да гледаат во луѓето кои 0:02:56.214,0:03:00.525 веќе гледаат кон нив, наместо кон луѓето кои гледаат на страна. 0:03:00.525,0:03:03.131 Добро, тие се ориентираат кон негувачот. 0:03:03.131,0:03:05.458 Негувачот го бара бебето. 0:03:05.458,0:03:09.085 И токму од оваа взаемно поткрепувачка кореографија 0:03:09.085,0:03:12.904 зависат елементите кои се важни за настанокот на умот, 0:03:12.904,0:03:17.587 друштвениот ум, друштвениот мозок. 0:03:17.587,0:03:20.268 Ние секогаш размислуваме за аутизмот 0:03:20.268,0:03:25.347 како нешто што се појавува подоцна во животот. 0:03:25.347,0:03:30.745 Не е така. Тој започнува уште од почетокот на животот. 0:03:30.745,0:03:35.049 Како што бебињата се дружат со негувачите, тие набргу 0:03:35.049,0:03:39.256 сфаќаат дека има нешто помеѓу ушите 0:03:39.256,0:03:40.666 кое е многу важно -- 0:03:40.666,0:03:44.849 невидливо е, не се гледа -- но навистина е важно, 0:03:44.849,0:03:46.308 а тоа нешто се вика внимание. 0:03:46.308,0:03:49.138 Тие учат многу брзо, дури и пред да прозборат, 0:03:49.138,0:03:51.818 сфаќаат дека можат да го контролираат 0:03:51.818,0:03:57.555 и дека со тоа внимание можат да си ги добијат работите што ги сакаат. 0:03:57.555,0:04:00.679 Исто така учат да го следат погледот на другите луѓе, 0:04:00.679,0:04:02.949 бидејќи погледот на луѓето им кажува за 0:04:02.949,0:04:06.704 што размислуваат тие. 0:04:06.704,0:04:09.346 И набргу, тие започнуваат да учат за значењето на 0:04:09.346,0:04:12.771 нештата, бидејќи кога некој гледа во нешто или 0:04:12.771,0:04:14.823 кога некој покажува кон нешто, 0:04:14.823,0:04:17.752 бебињата не дознаваат само за насоката, 0:04:17.752,0:04:20.310 туку учат и за значењето што го има тоа нешто 0:04:20.310,0:04:23.389 за таа личност, за ставот, и набргу започнуваат 0:04:23.389,0:04:27.488 да го градат овој збир на значења, 0:04:27.488,0:04:29.801 но значења кои се стекнати во рамки на 0:04:29.801,0:04:32.202 друштвена интеракција. 0:04:32.202,0:04:34.043 Ова се значења кои се акумулирани како дел 0:04:34.043,0:04:38.030 од нивното споделено искуство со другите. 0:04:38.030,0:04:44.862 Добро, ова е малечко 15-месечно девојче 0:04:44.862,0:04:48.594 кое има аутизам. 0:04:48.594,0:04:52.016 И јас доаѓам толку блиску до нејзе што можеби сум 0:04:52.016,0:04:56.265 на пет сантиметри од нејзиното лице, а таа не ме ниту забележува. 0:04:56.265,0:04:57.623 Замислете да ви го направев ова на вас, 0:04:57.623,0:04:59.549 да ви дојдев на пет сантиметри од лицето. 0:04:59.549,0:05:01.655 Веројатно би направиле две работи, така? 0:05:01.655,0:05:05.767 Би се исплашиле. Би повикале полиција. (Смеа) 0:05:05.767,0:05:08.316 Би направиле нешто, бидејќи буквално е невозможно 0:05:08.316,0:05:10.892 да го нарушите физичкиот простор на некого, 0:05:10.892,0:05:12.247 а да не добиете реакција. 0:05:12.247,0:05:15.931 Ние го правиме тоа, запамтете, интуитивно и без напор. 0:05:15.931,0:05:17.348 Тоа е мудроста на нашето тело. Не е нешто што е 0:05:17.348,0:05:21.898 посредувано од нашиот јазик. Нашето тело едноставно го знае тоа, 0:05:21.898,0:05:24.661 и сме го знаеле тоа многу долго време. 0:05:24.661,0:05:27.600 Ова не се јавува само кај луѓето. 0:05:27.600,0:05:30.824 Се јавува кај нашите најблиски роднини, 0:05:30.824,0:05:32.818 оти ако сте мајмун, 0:05:32.818,0:05:34.914 и погледнете во друг мајмун, 0:05:34.914,0:05:38.932 а тој мајмун има повисока хиерархиска позиција од вас, 0:05:38.932,0:05:42.485 тогаш тоа би претставувало заканувачки сигнал, 0:05:42.485,0:05:45.365 епа тогаш, нема да останете живи долго. 0:05:45.365,0:05:49.786 Значи нешто што кај другите видови е механизам за преживување, 0:05:49.786,0:05:53.207 без кој тие не би можеле да живеат, 0:05:53.207,0:05:55.907 го имаме и во контекст на човечките битија, 0:05:55.907,0:06:00.070 и токму ова ни треба за да бидеме друштвени. 0:06:00.070,0:06:02.973 Сега, таа не ме забележува, а јас сум толку близу до нејзе, 0:06:02.973,0:06:04.971 можеби ќе си помислите, дека не гледа 0:06:04.971,0:06:06.591 можеби не слуша. 0:06:06.591,0:06:08.931 После неколку минути, таа оди во ќошот од 0:06:08.931,0:06:14.530 собата и наоѓа едно мало парче чоколада M&M. 0:06:14.530,0:06:19.400 Значи јас не можев да ѝ го привлечам вниманието, 0:06:19.400,0:06:21.829 но нешто друго, предмет, ѝ го привлече. 0:06:21.829,0:06:24.471 Кај повеќето од нас се среќава една голема дихотомија 0:06:24.471,0:06:28.806 помеѓу светот на предметите и светот на луѓето. 0:06:28.806,0:06:33.397 Е сега, кај ова девојче, оваа поделба не е толку изразена, 0:06:33.397,0:06:36.527 и светот на луѓето не ја привлекува толку многу 0:06:36.527,0:06:38.010 колку што ние би сакале. 0:06:38.010,0:06:40.044 Сетете се дека голем дел од она што учиме 0:06:40.044,0:06:42.445 доаѓа од споделените искуства. 0:06:42.445,0:06:45.616 Е сега, во овој момент нејзиниот начин на 0:06:45.616,0:06:50.095 учење станува сè поневообичаен, 0:06:50.095,0:06:53.913 како што таа сè повеќе се изолира. 0:06:53.913,0:06:56.879 Понекогаш мислиме дека мозокот одредува сè, 0:06:56.879,0:06:59.401 дека мозокот одредува какви ќе станеме. 0:06:59.401,0:07:02.241 Но всушност важи и обратното, мозокот станува она што сме, 0:07:02.241,0:07:06.254 и додека нејзиното однесување ја оддалечува од 0:07:06.254,0:07:09.137 зоната на друштвената интеракција, 0:07:09.137,0:07:14.529 нејзиниот ум и мозок стекнуваат сè поизразени аутистични особини. 0:07:14.529,0:07:20.367 Добро, аутизмот има најизразена генетска компонента 0:07:20.367,0:07:23.820 од сите развојни растројства, 0:07:23.820,0:07:26.695 тоа е нарушување на мозокот. 0:07:26.695,0:07:29.304 Тоа е растројство кое започнува уште пред да 0:07:29.304,0:07:32.170 се роди детето. 0:07:32.170,0:07:35.884 Сега знаеме дека има многу широк аутистички спектар. 0:07:35.884,0:07:38.396 Има индивидуи со длабоки интелектуални 0:07:38.396,0:07:41.394 попречувања, но има и такви кои се надарени. 0:07:41.394,0:07:43.522 Има индивидуи кои воопшто не зборуваат. 0:07:43.522,0:07:45.794 Исто така има и такви кои премногу зборуваат. 0:07:45.794,0:07:48.295 Има индивидуи кои ако ги набљудувате додека се во 0:07:48.295,0:07:51.304 училиште, ќе видите дека место не ги фаќа и постојано 0:07:51.304,0:07:53.603 ви бегаат ако им го дозволите тоа, 0:07:53.603,0:07:55.961 но и такви кои постојано ќе ви доаѓаат и ќе се обидуваат 0:07:55.961,0:07:57.966 да се дружат со вас, без престан, 0:07:57.966,0:08:01.897 но честопати тоа го прават на еден чуден начин, 0:08:01.897,0:08:05.672 на еден неприроден начин. 0:08:05.672,0:08:09.604 Аутизмот е многу позастапен за разлика од она што мислевме на времето. 0:08:09.604,0:08:11.088 Кога влегов во ова поле, мислевме дека аутизмот се јавува 0:08:11.088,0:08:13.941 кај четири индивидуи на 10.000, 0:08:13.941,0:08:15.972 дека е многу ретка состојба. 0:08:15.972,0:08:20.005 Сега знаеме дека се јавува на еден од 100. 0:08:20.005,0:08:25.028 Околку нас има милиони индивидуи со аутизам. 0:08:25.028,0:08:28.394 Општествениот трошок од оваа состојба е огромен. 0:08:28.394,0:08:31.557 Само во САД, можеби од 35 до 80 милијарди долари, 0:08:31.557,0:08:34.864 и знаете што? Повеќето од тие фондови се наменети 0:08:34.864,0:08:37.044 за адолесценти и особено за возрасни кои 0:08:37.044,0:08:39.205 се сериозно онеспособени, 0:08:39.205,0:08:41.344 индивидуи на кои им се потребни целодневни услуги, услуги 0:08:41.344,0:08:44.070 кои се многу, многу интензивни и чија цена може 0:08:44.070,0:08:48.339 да надмине од 60 до 80.000 долари годишно. 0:08:48.339,0:08:51.901 Ова се индивидуи кои не добиле ран третман, 0:08:51.901,0:08:56.360 бидејќи сега знаеме дека аутизмот настанува поради 0:08:56.360,0:08:59.064 невообичаениот начин на учење, 0:08:59.064,0:09:01.200 за кој ви зборував. 0:09:01.200,0:09:03.613 Доколку сме биле во можност порано да ја идентификуваме 0:09:03.613,0:09:07.680 оваа состојба, да интервенираме и да ја третираме, 0:09:07.680,0:09:09.654 можам да ви кажам, а ова веројатно беше 0:09:09.654,0:09:13.034 нешто што ми го смени животот во изминативе 10 години, 0:09:13.034,0:09:16.765 сознанието дека со сигурност можеме да ја ублажиме 0:09:16.765,0:09:18.922 оваа состојба. 0:09:18.922,0:09:21.301 Исто така, имаме една кратка прилика, бидејќи 0:09:21.301,0:09:24.437 мозокот е еластичен само толкав период, 0:09:24.437,0:09:25.789 тој краток период трае во 0:09:25.789,0:09:27.492 првите три години од животот. 0:09:27.492,0:09:30.890 Не дека после сè е завршено. Не. 0:09:30.890,0:09:34.459 Туку, еластичноста значително се намалува. 0:09:34.459,0:09:37.563 И покрај тоа, просечната година на дијагностицирање во оваа земја 0:09:37.563,0:09:39.714 е сè уште околку петата година, 0:09:39.714,0:09:41.980 а во пониските слоеви, 0:09:41.980,0:09:45.229 популацијата која нема пристап до клиничките услуги, 0:09:45.229,0:09:48.338 руралната популација, малцинствата, 0:09:48.338,0:09:50.957 дијагнозата се поставува уште подоцна, 0:09:50.957,0:09:53.302 што е исто како да ви кажам дека ги осудуваме овие 0:09:53.302,0:09:55.719 заедници да имаат индивидуи со аутизам 0:09:55.719,0:10:00.195 чијашто состојба ќе се влошува уште повеќе. 0:10:00.195,0:10:03.168 Јас сметам дека ние имаме био-етички императив. 0:10:03.168,0:10:06.025 Науката е овде, 0:10:06.025,0:10:09.083 но ниту една наука нема релевантност доколку не остави траг 0:10:09.083,0:10:12.741 врз заедницата, а ние едноставно не смееме да 0:10:12.741,0:10:14.705 ја пропуштиме приликата, 0:10:14.705,0:10:17.861 бидејќи децата со аутизам стануваат возрасни со аутизам, 0:10:17.861,0:10:22.139 а ние сметаме дека оние нешта што можеме да ги направиме 0:10:22.139,0:10:24.462 за овие деца, за овие семејства, уште на почеток, 0:10:24.462,0:10:26.856 ќе имаат долготрајни последици, 0:10:26.856,0:10:30.952 за детето, за семејството и за заедницата во глобала. 0:10:30.952,0:10:33.672 Значи ова е нашето гледиште за аутизмот. 0:10:33.672,0:10:36.538 Има повеќе од сто гени кои се поврзани со 0:10:36.538,0:10:38.664 аутизмот. Всушност, ние веруваме дека ќе се појават 0:10:38.664,0:10:43.168 помеѓу 300 и 600 гени поврзани со аутизмот, 0:10:43.168,0:10:46.839 како и генетски аномалии, а не само гени. 0:10:46.839,0:10:51.430 Овде ние всушност имаме едно прашање, 0:10:51.430,0:10:54.915 бидејќи ако има толку многу различни причинители на аутизмот, 0:10:54.915,0:10:57.930 тогаш како овие поединечни причинители 0:10:57.930,0:11:00.930 доведуваат до синдромот? Бидејќи луѓето како мене, 0:11:00.930,0:11:03.615 кога ќе влезат во некоја играчница, 0:11:03.615,0:11:06.835 препознаваат дека детето има аутизам. 0:11:06.835,0:11:08.978 Значи како големиот збир на причинители 0:11:08.978,0:11:12.428 се развиваат во синдром кој има одредена хомогеност? 0:11:12.428,0:11:15.005 А одговорот лежи во она што се наоѓа измеѓу, 0:11:15.005,0:11:17.660 а тоа е развојот. 0:11:17.660,0:11:20.776 Всушност, нас нè интересираат првите две 0:11:20.776,0:11:23.515 години од животот, бидејќи ваквите предиспозиции 0:11:23.515,0:11:26.269 не секогаш преминуваат во аутизам. 0:11:26.269,0:11:28.765 Аутизмот се создава сам. 0:11:28.765,0:11:33.614 Доколку сме во можност да интервенираме во текот на тие години, 0:11:33.614,0:11:36.117 можеби кај некој ќе го ублажиме, и Господ знае, 0:11:36.117,0:11:39.753 а кај други можеби ќе го спречиме аутизмот. 0:11:39.753,0:11:41.837 И како го правиме тоа? 0:11:41.837,0:11:44.753 Како влегуваме во тоа чувство за насетување, 0:11:44.753,0:11:48.778 како влегуваме во бивствувањето на друга личност? 0:11:48.778,0:11:52.276 Се сеќавам кога се сретнав со она 15-месечно дете, 0:11:52.276,0:11:54.438 на ум ми падна една работа, а тоа беше, 0:11:54.438,0:11:56.953 "Како да влезам во нејзиниот свет? 0:11:56.953,0:12:01.233 Дали таа размислува за мене? Дали размислува за другите?" 0:12:01.233,0:12:05.577 Епа, тоа е малку тешко, па затоа моравме да создадеме 0:12:05.577,0:12:09.056 технологии. Моравме во основа да влеземе во телото. 0:12:09.056,0:12:12.985 Моравме да го видиме светот низ нејзините очи. 0:12:12.985,0:12:16.024 И така во текот на изминативе години ги создававме 0:12:16.024,0:12:19.657 овие нови технологии кои се базираат на следење на очите. 0:12:19.657,0:12:22.175 Од момент во момент можеме да видиме 0:12:22.175,0:12:25.456 со што се занимаваат децата. 0:12:25.456,0:12:28.175 Ова е мојот колега Ворен Џонс, со кого ги создававме 0:12:28.175,0:12:31.152 овие методи, овие истражувања, во текот на 0:12:31.152,0:12:33.143 последниве 12 години, 0:12:33.143,0:12:35.863 а таму гледате едно среќно пет-месечно бебе, 0:12:35.863,0:12:41.686 момче кое има пет месеци кое ќе гледа во работи кои 0:12:41.686,0:12:44.509 се донесени од неговиот свет, 0:12:44.509,0:12:47.088 мајка му, негувачот, но исто така и искуства кои 0:12:47.088,0:12:51.520 би ги имало во неговиот дневен престој. 0:12:51.520,0:12:54.152 Сакаме да го опфатиме тој свет и да 0:12:54.152,0:12:55.481 го донесеме во нашата лабораторија, 0:12:55.481,0:12:58.603 а за да го направиме тоа, моравме да ги создадеме 0:12:58.603,0:13:01.853 овие многу софистицирани мерки, 0:13:01.853,0:13:05.280 мерки за тоа како луѓето, како малите бебиња, 0:13:05.280,0:13:08.263 како новороденчињата, комуницираат со светот, 0:13:08.263,0:13:09.890 од момент во момент, 0:13:09.890,0:13:13.163 што е важно, а што не е важно. 0:13:13.163,0:13:16.104 И така, ги создадовме овие мерки, а овде, 0:13:16.104,0:13:19.503 гледате нешто што го нарекуваме фокус на вниманието. 0:13:19.503,0:13:21.836 Гледате снимка. 0:13:21.836,0:13:24.494 Овие сцени траат по една секунда, на нив се гледа 0:13:24.494,0:13:27.262 насоката на вниманието на 35 две-годишни деца 0:13:27.262,0:13:28.544 со нормален развој 0:13:28.544,0:13:31.519 потоа замрзнуваме една сцена, 0:13:31.519,0:13:35.020 и еве што прават нормалните деца. 0:13:35.020,0:13:39.461 Во ова скенирање, со зеленото, се две-годишни деца со аутизам. 0:13:39.461,0:13:43.084 Значи во оваа сцена, децата кои се нормални 0:13:43.084,0:13:46.039 се фокусираат кон 0:13:46.039,0:13:48.588 емоционалниот израз на ова мало момче 0:13:48.588,0:13:51.498 додека се закача со девојчето. 0:13:51.498,0:13:53.558 Што прават децата со аутизам? 0:13:53.558,0:13:57.003 Тие се фокусираат кон вратата која постојано 0:13:57.003,0:13:59.094 се отвара и затвора. 0:13:59.094,0:14:01.546 Добро, можам да ви кажам дека оваа разлика 0:14:01.546,0:14:02.415 што ја гледате овде 0:14:02.415,0:14:05.605 не се јавува само во овој пет-минутен експеримент. 0:14:05.605,0:14:09.006 Се случува од момент во момент во нивниот секојдневен живот, 0:14:09.006,0:14:11.726 на овој начин нивните умови се формираат, 0:14:11.726,0:14:14.806 нивните мозоци стануваат специјализирани во нешто друго, 0:14:14.806,0:14:18.585 и стануваат поразлични од нивните нормални другарчиња. 0:14:18.585,0:14:21.772 Зедовме еден конструкт од 0:14:21.772,0:14:24.966 нашите пријатели педијатрите, 0:14:24.966,0:14:26.893 концептот наречен графици на раст. 0:14:26.893,0:14:28.862 Знаете, кога ќе однесете дете на педијатар, 0:14:28.862,0:14:33.066 таму му мерат физичка височина и тежина. 0:14:33.066,0:14:35.895 Така ние одлучивме да направиме графици за раст 0:14:35.895,0:14:38.354 наменети за друштвената вклученост, 0:14:38.354,0:14:41.155 и баравме деца кои се штотуку родени, 0:14:41.155,0:14:46.984 а овде на x-оската гледате два, три, четири, пет, шест 0:14:46.984,0:14:50.824 месеци и девет, се до 24 месечна возраст, 0:14:50.824,0:14:53.555 а ова е времето поминато во фокусирање 0:14:53.555,0:14:55.251 на погледот кон очите на другите луѓе, 0:14:55.251,0:14:57.611 и еве го нивниот графикон за раст. 0:14:57.611,0:15:00.641 Започнуваат овде, ги сакаат очите на луѓето, 0:15:00.641,0:15:03.095 и останува прилично стабилно. 0:15:03.095,0:15:07.021 Некако се зголемува малку во почетните месеци. 0:15:07.021,0:15:09.315 Сега, да видиме што се случува со бебињата 0:15:09.315,0:15:11.823 кои стануваат аутистични. 0:15:11.823,0:15:14.028 Се јавува нешто сосема поразлично. 0:15:14.028,0:15:17.818 Започнува овде горе, а потоа имате слободен пад. 0:15:17.818,0:15:21.237 Тие доаѓаат на овој свет со рефлексот кој ги насочува 0:15:21.237,0:15:25.168 кон луѓето, но се чини дека тој нема доволно сила. 0:15:25.168,0:15:28.238 Како да стимулот, а тоа сте вие, 0:15:28.238,0:15:31.139 не вршите влијание врз она што се случува 0:15:31.139,0:15:35.030 додека тие се ориентираат во секојдневието. 0:15:35.030,0:15:41.052 Ние сметавме дека ваквите податоци се многу моќни 0:15:41.052,0:15:44.060 на некој начин, па затоа сакавме да видиме што се случува 0:15:44.060,0:15:47.453 во првите шест месеци од животот, бидејќи ако се дружите 0:15:47.453,0:15:48.790 со два или три месеци возрасно дете, 0:15:48.790,0:15:53.342 ќе се изненадите колку многу се друштвени овие бебиња. 0:15:53.342,0:15:55.949 Во овие први шест месеци од животот увидовме 0:15:55.949,0:16:02.087 дека многу лесно можеме да ги разликуваме овие две групи. 0:16:02.087,0:16:04.961 И користејќи ваков вид на мерки, и многу други, 0:16:04.961,0:16:08.977 увидовме дека нашиот метод би можел, всушност, 0:16:08.977,0:16:11.618 да ги идентификува овие состојби многу рано. 0:16:11.618,0:16:14.522 Не мораме да чекаме аутистичките однесувања 0:16:14.522,0:16:17.670 да се појават во втората година од животот. 0:16:17.670,0:16:20.932 Ако ги мериме нештата кои се, еволуциски, 0:16:20.932,0:16:25.054 високо конзервирани, и кои развојно многу рано се појавуваат, 0:16:25.054,0:16:27.755 односно, присутни се уште во првите недели од животот, 0:16:27.755,0:16:29.617 тогаш би можеле да го детектираме аутизмот 0:16:29.617,0:16:32.081 уште во текот на овие први месеци, 0:16:32.081,0:16:36.222 и токму тоа го правиме сега. 0:16:36.222,0:16:39.290 Сега, можеме да ги создадеме најдобрите технологии 0:16:39.290,0:16:42.895 и најдобрите методи за идентификување на децата, 0:16:42.895,0:16:46.038 но ова нема да вреди доколку немаме влијание врз 0:16:46.038,0:16:49.680 она што реално се случува во самата заедница. 0:16:49.680,0:16:51.986 Сакаме овие направи, се разбира, 0:16:51.986,0:16:54.839 да бидат користени од оние кои се во првите борбени редови, 0:16:54.839,0:16:57.362 нашите колеги, матичните лекари, 0:16:57.362,0:17:00.067 кои се среќаваат со секое дете, 0:17:00.067,0:17:02.210 и треба да ги трансформираме овие технологии 0:17:02.210,0:17:05.315 во нешто што ќе биде од практична корист за нивната работа, 0:17:05.315,0:17:07.520 бидејќи тие треба да прегледаат толку многу деца. 0:17:07.520,0:17:09.594 Сакаме тоа да го направиме на глобално ниво 0:17:09.594,0:17:11.727 за да не испуштиме ниту едно дете, 0:17:11.727,0:17:14.180 но ова би било неморално 0:17:14.180,0:17:19.081 доколку исто така немаме инфраструктура за интервенција, 0:17:19.081,0:17:20.328 за третман. 0:17:20.328,0:17:22.864 Треба да бидеме во можност да работиме со семејствата, 0:17:22.864,0:17:26.279 да ги поддржиме семејствата, да ги пребродиме првите години 0:17:26.279,0:17:30.191 заедно со нив. Треба да бидеме во можност да 0:17:30.191,0:17:34.348 преминеме од универзален скрининг кон универзален пристап до третман, 0:17:34.348,0:17:37.451 бидејќи овие третмани ќе го променат, како животот 0:17:37.451,0:17:41.030 на овие деца, така и животот на нивните семејства. 0:17:41.030,0:17:45.287 Сега, кога ќе помислите што сè можете да направите 0:17:45.287,0:17:48.510 во овие први години, 0:17:48.510,0:17:50.910 можам да ви кажам, 0:17:50.910,0:17:53.737 бидејќи многу долго сум во ова поле, 0:17:53.737,0:17:56.832 навистина се чувствувате подмладени. 0:17:56.832,0:18:00.664 Ова е чувство дека науката на којашто сте работеле 0:18:00.664,0:18:04.371 може всушност да влијае врз реалноста, 0:18:04.371,0:18:07.266 да превенира, всушност, оние доживувања 0:18:07.266,0:18:11.268 поради кои и го започнав мојот пат во ова поле. 0:18:11.268,0:18:14.460 На времето мислев дека ова е непроменлива состојба. 0:18:14.460,0:18:18.346 Не повеќе. Можеме да сториме многу работи. 0:18:18.346,0:18:21.083 Идејата не е да го излечиме аутизмот. 0:18:21.083,0:18:23.683 Тоа не ни е замислата. 0:18:23.683,0:18:25.889 Туку, сакаме да бидеме сигурни 0:18:25.889,0:18:28.465 дека индивидуите со аутизам ќе ги избегнат 0:18:28.465,0:18:32.695 катастрофалните последици кои понекогаш се пропратни на оваа состојба, 0:18:32.695,0:18:35.569 длабоките интелектуални попречувања, недостатокот на говор, 0:18:35.569,0:18:39.238 длабоката, длабока изолација. 0:18:39.238,0:18:41.505 Ние сметаме дека индивидуите со аутизам, всушност, 0:18:41.505,0:18:44.300 го гледаат светот од една многу оригинална перспектива, 0:18:44.300,0:18:47.723 а на нас ни треба различност, тие можат да работат екстремно добро 0:18:47.723,0:18:50.090 во некои области кои им лежат: 0:18:50.090,0:18:53.493 предвидливите ситуации, ситуации кои се дефинирани. 0:18:53.493,0:18:56.502 Бидејќи после сè, тие учат за светот речиси како за 0:18:56.502,0:19:01.203 таков, а не учат како да функционираат во него. 0:19:01.203,0:19:04.001 Но ова е предност, ако работите, на пример, 0:19:04.001,0:19:06.081 во полето на технологијата. 0:19:06.081,0:19:08.354 И ги имате оние индивидуи кои имаат неверојатни 0:19:08.354,0:19:09.779 уметнички способности. 0:19:09.779,0:19:11.699 Не сакаме да ги снајде лошото. 0:19:11.699,0:19:15.084 Сакаме следната генерација индивидуи со аутизам да може 0:19:15.084,0:19:18.239 не само да ги изрази своите силни страни, туку и 0:19:18.239,0:19:20.461 да ги исполни своите ветувања. 0:19:20.461,0:19:24.030 Ви благодарам за вниманието. (Аплауз)