Изгледот не е сѐ. Верувајте ми, јас сум модел.
-
0:00 - 0:03Здраво. Јас сум Камерон Расел,
-
0:03 - 0:07и во последно време
-
0:07 - 0:09сум модел.
-
0:09 - 0:13Всушност, веќе 10 години.
-
0:13 - 0:16Чувствувам непријатна напнатост
-
0:16 - 0:18во просторијава сега,
-
0:18 - 0:21затоа што не требаше да го облечам овој фустан.
(Смеа) -
0:21 - 0:24За среќа, донесов облека за преоблекување.
-
0:24 - 0:28Ова е првото преоблекување на облека
на сцената на ТЕД, -
0:28 - 0:31па, мислам дека имате доста среќа
што можете да го проследите тоа. -
0:31 - 0:34Доколку некои од жените беа навистина
ужаснати кога излегов, -
0:34 - 0:37не мора да ми го кажете тоа сега,
но ќе дознаам подоцна на Твитер. -
0:37 - 0:42(Смеа)
-
0:42 - 0:44Исто така, би сакала да забележам
дека сум доста привилегирана -
0:44 - 0:47поради тоа што можам да го променам вашето
мислење за мене -
0:47 - 0:50во помалку од 10 секунди.
-
0:50 - 0:53Не добива секој таква можност.
-
0:53 - 0:55Овие потпетици се многу неудобни,
-
0:55 - 0:59па добро е што не мислев да ги носам.
-
0:59 - 1:01Најлошиот дел е провлекувањето на овој џемпер преку мојата глава,
-
1:01 - 1:02затоа што тоа е моментот кога ќе ми се смеете,
-
1:02 - 1:07па не правете ништо додека не го облечам.
-
1:07 - 1:11Во ред.
-
1:11 - 1:14Па, зошто го направив тоа?
-
1:14 - 1:16Беше чудно.
-
1:16 - 1:20Па добро,
-
1:20 - 1:25се надевам дека не беше толку чудно како ова на сликава.
-
1:25 - 1:28Впечатокот е моќен,
-
1:28 - 1:33но исто така, впечатокот е површен.
-
1:33 - 1:37Јас само што го променив вашето мислење за мене во шест секунди.
-
1:37 - 1:39На оваа слика,
-
1:39 - 1:42јас, всушност и никогаш сум немала момче во вистинскиот живот.
-
1:42 - 1:45Многу ми беше неудобно, а фотографот
-
1:45 - 1:47ми велеше да го истакнам грбот и да ја ставам мојата рака
-
1:47 - 1:51во косата на дечкото.
-
1:51 - 1:53И секако, освен со операции,
-
1:53 - 1:56или со лажниот тен кој го добив два дена претходно поради работата,
-
1:56 - 2:00постојат многу малку работи кои можеме да ги направиме за да го промениме нашиот изглед
-
2:00 - 2:04и тоа како изгледаме, иако тоа е површно и непроменливо,
-
2:04 - 2:08сепак, има големо влијание врз нашите животи.
-
2:08 - 2:13Денес, за мене, да се биде бестрашен
значи да се биде искрен. -
2:13 - 2:16А јас сум на оваа сцена затоа што сум модел.
-
2:16 - 2:19Јас сум на оваа сцена затоа што сум убава, бела жена,
-
2:19 - 2:22а, во мојата индустрија, ние го нарекуваме
тоа „секси девојка“. -
2:22 - 2:25Ќе одговорам на прашањата кои луѓето постојано ме прашуваат,
-
2:25 - 2:26но, на искрен начин.
-
2:26 - 2:29Првото прашање е: „Како се станува модел?“
-
2:29 - 2:32А, јас секогаш велам, „Ох, ме открија.“,
но тоа не значи ништо. -
2:32 - 2:35Вистинскиот начин на кој станав модел,
е тој што -
2:35 - 2:39победив на генетичката лотарија,
и сум добитник на наследство. -
2:39 - 2:41А, вие можеби се прашувате
што е тоа „наследство“? -
2:41 - 2:44Па, во последните неколку векови,
-
2:44 - 2:49ние ја дефинираме убавината,
не само како здравје и младост -
2:49 - 2:53и симетрија на кои сме биолошки програмирани да се воодушевуваме,
-
2:53 - 2:57туку, исто така и како високи, слаби фигури,
-
2:57 - 3:00окарактеризирани со женственост и бела кожа.
-
3:00 - 3:02А тоа е наследството кое е изградено за мене
-
3:02 - 3:04и кое јас ќе го продолжам.
-
3:04 - 3:06Знам дека постојат луѓе во публиката
-
3:06 - 3:08кои се скептични во врска со ова,
-
3:08 - 3:10а можеби и постојат некои следбеници на модата,
кои си велат, -
3:10 - 3:13„Чекај малку. Наоми, Тајра, Џоен Смолс, Лу Вен...“
-
3:13 - 3:16Прво, ви честитам на вашето познавање на моделите.
Доста импресивно. -
3:16 - 3:18(Смеа)
-
3:18 - 3:22Но, за жал, морам да ве известам дека во 2007.,
-
3:22 - 3:24доста инспиративен студент на докторски науки на Универзитетот на Њујорк, ги изброи
-
3:24 - 3:28сите модели на пистата, секој модел
кој беше најмен -
3:28 - 3:31и од сите 677 модели кои беа најмени,
-
3:31 - 3:36само 27, или помалку од 4%, не беа бели.
-
3:36 - 3:37Следното прашање кое луѓето секогаш ме прашуваат е:
-
3:37 - 3:39„Може ли и јас да бидам модел кога ќе пораснам?“
-
3:39 - 3:43А мојот прв одговор е: „Не знам,
не сум јас одговорна за тоа.“ -
3:43 - 3:48Но, мојот втор одговор, и тоа што навистина сакам да им го кажам на овие малечки девојчиња е: „Зошто?
-
3:48 - 3:49Знаете... можете да бидете било што.
-
3:49 - 3:51Можете да бидете претседател на САД,
-
3:51 - 3:52или изумителот на следниот Интернет,
-
3:52 - 3:55или нинџа-кардио-торакален-хирург-поет,
-
3:55 - 3:58што би било неверојатно, затоа што би биле првиот.“
-
3:58 - 4:00(Смеа)
-
4:00 - 4:02Доколку и покрај овој неверојатен список, тие сѐ уште ми велат:
-
4:02 - 4:04„Не, не, Камерон, сакам да бидам модел!“
-
4:04 - 4:06тогаш им велам: „Биди мојот шеф.“
-
4:06 - 4:07Затоа што јас не сум задолжена за ништо,
-
4:07 - 4:09а ти можеш да бидеш главниот уредник на американскиот „Вог“,
-
4:09 - 4:13или главниот извршен директор на „Ејч енд ем“, или следниот Стивен Мејзел.
-
4:13 - 4:15Велејќи дека сакаш да бидеш модел кога ќе пораснеш,
-
4:15 - 4:18е исто што и да велиш дека сакаш да освоиш на лотарија кога ќе пораснеш.
-
4:18 - 4:22Тоа е надвор од твојата контрола, и е прекрасно,
-
4:22 - 4:24но, не е работа од која можеш да изградиш кариера.
-
4:24 - 4:28Сега, ќе ви претставам 10 години од насобраното знаење за модели,
-
4:28 - 4:30затоа што, за разлика од тоа на
кардио-торакалните хирурзи, -
4:30 - 4:33може да биде дестилирано во ... токму сега.
-
4:33 - 4:36Значи, ако фотографот е тука,
-
4:36 - 4:38а светлото е тука,
-
4:38 - 4:40а, клиентот вели: „Камерон, сакаме кадар каде чекориш.“
-
4:40 - 4:43тогаш, оваа нога оди прва, фина и долга, оваа рака оди назад, оваа рака оди напред,
-
4:43 - 4:46главата е свртена за три четвртини, а вие само одите напред-назад,
-
4:46 - 4:48го правите само тоа, и погледнувате назад кон своите замислени пријателчиња,
-
4:48 - 4:53некои 300, 400, 500 пати.
(Смеа) -
4:53 - 4:58Тоа би изгледало слично на ова.
(Смеа) -
4:58 - 5:00Се надевам помалку чудно отколку тоа во средината.
-
5:00 - 5:03Тоа беше... не знам што се случи тука.
-
5:03 - 5:05За жал, откако веќе сте посетувале училиште,
-
5:05 - 5:06имате резиме и сте изработиле
неколку работи, -
5:06 - 5:08веќе не можете ништо да кажете,
-
5:08 - 5:11па доколку кажете дека сакате да станете
претседател на САД, -
5:11 - 5:14а во вашето резиме пишува:
„Модел за долна облека, 10 години“ -
5:14 - 5:15луѓето ве гледаат чудно.
-
5:15 - 5:18Следното прашање, кое луѓето секогаш ме прашуваат е: „Дали ги ретушираат сите фотографии?“
-
5:18 - 5:20Да, ги ретушираат речиси сите фотографии,
-
5:20 - 5:24но тоа е само мал дел од тоа што се случува.
-
5:24 - 5:26Оваа фотографија е првата која некогаш ја имам направено,
-
5:26 - 5:29а исто така, тука за прв пат носев бикини,
-
5:29 - 5:31а сѐ уште немав добиено.
-
5:31 - 5:33Знам дека станува доста личнo, но
-
5:33 - 5:35јас бев мало девојче.
-
5:35 - 5:38Тука можете да видите како изледав со мојата баба, само неколку месеци претходно.
-
5:38 - 5:41Тука сум јас на истиот ден како и на оваа фото-сесија.
-
5:41 - 5:42Мојата пријателка дојде со мене.
-
5:42 - 5:46Тука сум јас на забава со преспивање неколку дена пред да се сликам за францускиот „Вог“.
-
5:46 - 5:51Тука сум јас во фудбалскиот тим и во „Ви Магазин“.
-
5:51 - 5:52А, тука сум јас денес.
-
5:52 - 5:54Се надевам дека тоа што го гледате е тоа дека
-
5:54 - 5:56овие фотографии не се мои.
-
5:56 - 5:58Тие се конструкции,
-
5:58 - 6:01конструкции направени од страна на група професионалци,
-
6:01 - 6:04фризери, шминкери, фотографи и стилисти
-
6:04 - 6:06и сите нивни асистенти и пред-продукција,
и пост-продукција, -
6:06 - 6:09тие го имаат изградено ова. Тоа не сум јас.
-
6:09 - 6:11Во ред, следното прашање кое луѓето секогаш ми го поставуваат е:
-
6:11 - 6:14„Дали добиваш бесплатни работи?“
-
6:14 - 6:17Имам премногу потпетици високи 20см кои никогаш не стигнувам да ги носам,
-
6:17 - 6:19освен тие пред малку,
-
6:19 - 6:21но, бесплатните работи кои ги добивам
-
6:21 - 6:24се бесплатните работи кои ги добивам во вистинскиот живот, а тоа е она за кое не сакаме да зборуваме.
-
6:24 - 6:26Пораснав во Кембриџ,
-
6:26 - 6:28и еднаш отидов во продавница, а ги заборавив моите пари,
-
6:28 - 6:31па ми го дадоа фустанот бесплатно.
-
6:31 - 6:33Кога бев тинејџерка, се возев со мојата другарка
-
6:33 - 6:35која беше ужасен возач, помина на црвено и секако
-
6:35 - 6:37нѐ застанаа,
-
6:37 - 6:40а, сѐ што беше потребно, беше едно „Жал ми е, полицаецу“,
-
6:40 - 6:42за тој да не пушти.
-
6:42 - 6:46Ги добивам сите овие бесплатни работи поради тоа како изгледам,
-
6:46 - 6:48а не поради тоа која сум, додека постојат луѓе кои ја плаќаат цената
-
6:48 - 6:51за тоа како тие изгледаат, а не за тоа кои се.
-
6:51 - 6:52Живеам во Њујорк и минатата година
-
6:52 - 6:56од 140.000 тинејџери кои биле застанати и претресени,
-
6:56 - 6:5886% беа црни и латино,
-
6:58 - 7:00и поголемиот дел од нив беа млади момчиња.
-
7:00 - 7:05А има само 177.000 млади црни и латино мажи во Њујорк,
-
7:05 - 7:07па, за нив прашањето не е: „Дали ќе ме запрат?“,
-
7:07 - 7:10туку, „Колку пати ќе ме запрат? Кога ќе ме запрат?“
-
7:10 - 7:12Кога истражував за овој говор,
-
7:12 - 7:15дознав дека од 13 годишните девојчиња во САД,
-
7:15 - 7:1853% не го сакаат своето тело.
-
7:18 - 7:22Додека, тој број се зголемува до 78% до времето кога ќе наполнат 17.
-
7:22 - 7:25Така, последното прашање кое луѓето ми го поставуваат е:
-
7:25 - 7:26„Како е да се биде модел?“
-
7:26 - 7:29Мислам дека одговорот кој тие го бараат е:
-
7:29 - 7:32„Ако сте малку послабички и имате сјајна коса,
-
7:32 - 7:35ќе се чувствувате многу среќно и извонредно.“
-
7:35 - 7:37Кога сме зад сцената, ние даваме одговори
-
7:37 - 7:38од кои можеби се чини дека е така.
-
7:38 - 7:41Ние велиме: „Прекрасно е да се патува,
-
7:41 - 7:45и прекрасно е да се работи со луѓе кои се креативни, кои инспирираат и се посветени на својата работа.“
-
7:45 - 7:48Тие работи се вистинити, но ја преставуваат само едната половина од приказната,
-
7:48 - 7:51затоа што, тоа што никогаш не го кажуваме пред камера,
-
7:51 - 7:53тоа што јас никогаш го немам кажано пред камера, е:
-
7:53 - 7:55„Јас сум несигурна.“
-
7:55 - 7:57Јас сум несигурна бидејќи морам да мислам на тоа
-
7:57 - 8:00како изгледам секој ден.
-
8:00 - 8:04И доколку некогаш се прашувате,
-
8:04 - 8:08„Ако имам потенки бутови и посјајна коса, ќе бидам ли посреќна?“
-
8:08 - 8:09тогаш, морате да запознаете група модели,
-
8:09 - 8:12затоа што тие ги имаат најтенките бутови и најсјајната коса и најубавата облека,
-
8:12 - 8:17но и покрај тоа, тие веројатно се физички најнесигурните жени на планетата.
-
8:17 - 8:19Па, кога го пишував овој говор, ми беше доста тешко
-
8:19 - 8:22да постигнам искрена рамнотежа, затоа што од една страна,
-
8:22 - 8:25се чувствував доста непријатно да дојдам тука и да речам:
-
8:25 - 8:28„Гледајте, ги имам сите овие придобивки поради шпилот карти поделен во моја корист.“
-
8:28 - 8:32но, исто така, се чувствував доста непријатно да го проследам тоа со:
-
8:32 - 8:34„Не секогаш тоа ме прави среќна.“
-
8:34 - 8:38Но, најмногу од сѐ, ми беше тешко да го претставам наследството
-
8:38 - 8:40на полова и расна обесправеност,
-
8:40 - 8:43кога јас сум една од тие кои најмногу добиваат со тоа.
-
8:43 - 8:46Но, јас сум среќна и почестена што сум тука
-
8:46 - 8:50и сметам дека е одлично што имав можност да дојдам
-
8:50 - 8:53пред да поминат 10, 20 или 30 години, кога би поминал поголем дел од мојата кариера,
-
8:53 - 8:57затоа што тогаш, можеби и не би ја раскажала приказната за тоа како ја добив мојата прва работа,
-
8:57 - 8:59или можеби не би ја раскажала приказната за тоа како платив за школување,
-
8:59 - 9:02што се чини доста важно во моментов.
-
9:02 - 9:04Доколку постои некој заклучок од овој говор, се надевам дека тоа е
-
9:04 - 9:08што сите се чувствуваме попријатно да ја признаеме
-
9:08 - 9:12моќта на впечатокот на нашите забележани успеси
-
9:12 - 9:13и нашите забележани неуспеси.
-
9:13 - 9:17Ви благодарам.
(Аплауз)
- Title:
- Изгледот не е сѐ. Верувајте ми, јас сум модел.
- Speaker:
- Камерон Расел
- Description:
-
Камерон Расел признава дека победила на „генетската лотарија“: таа е висока, убава и модел за долна облека. Но, не судете ја според нејзиниот изглед. Во овој бестрашен говор, таа на ироничен начин ја претставува индустријата која ја направи да изгледа премногу заводливо на одвај 16 годишна возраст.
(Снимено на TEDxMidAtlantic) - Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 09:37
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Looks aren't everything. Believe me, I'm a model. | ||
Dimitar Dimitrovski accepted Macedonian subtitles for Looks aren't everything. Believe me, I'm a model. | ||
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for Looks aren't everything. Believe me, I'm a model. | ||
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for Looks aren't everything. Believe me, I'm a model. | ||
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for Looks aren't everything. Believe me, I'm a model. |