Return to Video

Ново супероружје во борбата против ракот.

  • 0:01 - 0:03
    Ракот влијае на сите нас,
  • 0:03 - 0:06
    посебно оние кои се враќаат назад
    одново и одново,
  • 0:06 - 0:09
    високо инванзивните и
    оние отпорни на лекови,
  • 0:09 - 0:12
    оние кои му пркосат на медицинскиот
    третман
  • 0:12 - 0:14
    дури и кога ги напаѓаме со најдобрите
    лекови.
  • 0:15 - 0:18
    Инжинерството на молекуларно ниво,
  • 0:18 - 0:21
    работата во најмалите размери
  • 0:21 - 0:23
    може да овозможи возбудливи нови начини
  • 0:23 - 0:26
    за борба против најагресивните форми на
    рак.
  • 0:27 - 0:30
    Ракот е многу паметна болест.
  • 0:30 - 0:32
    Има некои форми на рак,
  • 0:32 - 0:37
    кои, за среќа имаме релативно добро
    научено како да ги третираме
  • 0:37 - 0:40
    со докажани лекови
    и хирушки зафати.
  • 0:41 - 0:43
    Но, има некои видови на рак
  • 0:43 - 0:45
    кои не реагираат на овие пристапи,
  • 0:45 - 0:48
    и туморот преживува или се враќа назад,
  • 0:48 - 0:50
    дури и по жесток напад со лекови.
  • 0:50 - 0:54
    Овие многу агресивни форми на рак
    се како
  • 0:54 - 0:57
    главните негативци од стриповите.
  • 0:57 - 1:00
    Тие се паметни, прилагодливи
  • 1:00 - 1:03
    и многу добро знаат како да
    опстанат.
  • 1:04 - 1:06
    Како и повеќето денешни негативци,
  • 1:07 - 1:11
    нивните супермоќи се резултат на генетска
    мутација.
  • 1:12 - 1:16
    Внатре во овие туморозни клетки, гените
    мутирале на таков начин
  • 1:16 - 1:21
    што овозможува
    незамисливи начини на преживување,
  • 1:21 - 1:23
    и со тоа му помага на ракот да ги
    преживее
  • 1:23 - 1:26
    дури и нашите најдобри хемотерапевтски
    третмани.
  • 1:27 - 1:31
    Еден пример е генот кој ѝ
    овозможува на клетката
  • 1:31 - 1:34
    да го оттурне лекот кој се приближува
  • 1:34 - 1:37
    кон неа,
  • 1:38 - 1:40
    пред лекот да може да има ефект.
  • 1:40 - 1:44
    Замислете--клетката ефикасно го исфрла
    лекот.
  • 1:44 - 1:47
    Ова е само еден пример од многуте генетски
    трикови,
  • 1:47 - 1:50
    кои во ракавот ги има нашиот
    негативец, ракот.
  • 1:50 - 1:52
    Сè поради мутирани гени.
  • 1:53 - 1:57
    Значи, имаме негативец со неверојатни
    супермоќи.
  • 1:57 - 2:01
    Затоа ни треба нов, силен начин на напад.
  • 2:02 - 2:05
    Всушност, можеме да исклучиме ген.
  • 2:05 - 2:09
    Клучот е во групата молекули позната како
    siRNA.
  • 2:09 - 2:13
    siRNA се кратки секвенци од генетски код
  • 2:13 - 2:16
    кои ѝ кажуваат на клетката кој ген да
    го блокира.
  • 2:17 - 2:21
    Секојa siRNA молекулa може да исклучи
    одреден ген
  • 2:21 - 2:22
    внатре во клетката.
  • 2:23 - 2:25
    Во годините после нивното откривање,
  • 2:25 - 2:27
    научниците беа многу возбудени
  • 2:27 - 2:31
    за примената на овие блокатори, во
    медицината.
  • 2:31 - 2:33
    Но, има проблем.
  • 2:33 - 2:35
    siRNA работи добро внатре во клетката.
  • 2:36 - 2:39
    Меѓутоа ако биде изложена на ензимите
  • 2:39 - 2:41
    кои се во нашите ткива и крвоток,
  • 2:41 - 2:43
    се распаѓа за неколку секунди.
  • 2:44 - 2:48
    Треба да се спакува и да се заштити додека
    патува низ телото,
  • 2:48 - 2:51
    одејќи кон нејзината крајна цел,
    во канцерогената клетка.
  • 2:52 - 2:54
    Еве ја нашата стратегија.
  • 2:54 - 2:58
    Прво ќе ја дозираме канцерогената клетка
    со siRNA, блокаторот на гени,
  • 2:58 - 3:00
    така ќе ги стишиме гените за
    преживување,
  • 3:00 - 3:02
    и на крај ќе ја збришеме
    со хемотерапијата.
  • 3:03 - 3:04
    Но, како да го изведеме ова?
  • 3:05 - 3:07
    Преку молекуларен инженеринг,
  • 3:08 - 3:11
    всушност можеме да направиме супероружје
  • 3:12 - 3:14
    кое може да минува низ нашиот крвоток.
  • 3:14 - 3:17
    Треба да биде доволно мало за да мине низ
    крвотокот,
  • 3:17 - 3:20
    доволно мало за да пенетрира низ ткивото
    на туморот,
  • 3:20 - 3:25
    и доволно мало за да биде внесено во
    канцерогената клетка.
  • 3:25 - 3:27
    За да ја изврши оваа работа правилно
  • 3:27 - 3:31
    треба да биде колку една стотина
    од човечко влакно.
  • 3:32 - 3:36
    Да видиме одблизу како
    можеме да изградиме ваква наночестичка.
  • 3:37 - 3:40
    Прво, да почнеме со нејзиното јадро.
  • 3:40 - 3:43
    Тоа е мала капсула која содржи
    хемотерапевтски лек.
  • 3:44 - 3:48
    Ова е отровот кој ќе го сопре животот
    на туморозната клетка.
  • 3:48 - 3:52
    Јадрото ќе го обвиткаме со многу тенок
  • 3:52 - 3:55
    нанометарски тенок слој од siRNA.
  • 3:55 - 3:56
    Ова е нашиот блокатор на гени.
  • 3:57 - 4:01
    Бидејќи siRNA e силно негативно
    наелектризирана,
  • 4:01 - 4:02
    неа можеме да ја заштитиме
  • 4:02 - 4:07
    со фин, заштитен слој од позитивно
    наелектризиран полимер.
  • 4:08 - 4:11
    Двете спротивно наелектризирани молекули
    се привлекуваат
  • 4:11 - 4:12
    и така се држат заедно,
  • 4:12 - 4:14
    а тоа ни дава заштитен слој
  • 4:14 - 4:17
    кој не ѝ дозволува на siRNA да се распадне
    во крвотокот.
  • 4:18 - 4:19
    Скоро завршивме.
  • 4:19 - 4:21
    (Смеа)
  • 4:21 - 4:25
    Има уште една голема пречкa на коja
    треба да мислиме.
  • 4:25 - 4:27
    Всушност, можеби и најголемата пречка од
    сите.
  • 4:27 - 4:29
    Како да го поставиме ова супероружје?
  • 4:29 - 4:32
    Секое добро оружје треба да биде насочено,
  • 4:32 - 4:36
    а ова треба да го насочиме кон
    суперзлосторничките клетки
  • 4:36 - 4:38
    кои се во туморот.
  • 4:38 - 4:41
    Но нашите тела имаат природен
    имуно-одбрамбен систем.
  • 4:42 - 4:44
    Клетки што се наоѓаат во крвотокот.
  • 4:44 - 4:46
    Тие го препознаваат она што не припаѓа
    таму,
  • 4:46 - 4:49
    а потоа го уништуваат или го
    елиминираат.
  • 4:49 - 4:53
    Погодете што? Нашата наночестичка ја
    препознаваат како туѓо тело.
  • 4:54 - 4:58
    Затоа мораме да ја протнеме без да ја
    забележи одбрамбениот систем на туморот.
  • 4:58 - 5:04
    Треба да ја протнеме така
  • 5:04 - 5:06
    што ќе ја замаскираме.
  • 5:06 - 5:10
    Треба да додадеме уште еден негативно
    наелектризиран слој
  • 5:10 - 5:11
    околу наночестичката
  • 5:11 - 5:13
    кој ќе има две улоги.
  • 5:13 - 5:17
    Прво, надворешниот слој е еден од
    природно наелектризираните,
  • 5:17 - 5:21
    високо хидрирани полисахариди, кои се
    наоѓаат во нашите тела.
  • 5:21 - 5:26
    Формира облак од водни молекули околу
    наночестичката,
  • 5:26 - 5:29
    кој ни дава ефект на невидлива наметка.
  • 5:30 - 5:33
    Оваа невидлива наметка ѝ овозможува на
    наночестичката
  • 5:33 - 5:35
    да патува низ крвотокот
  • 5:35 - 5:37
    доволно долгo и далеку за да стигне
    до туморот,
  • 5:37 - 5:40
    без да биде исфрлена од телото.
  • 5:40 - 5:45
    Второ, овој слој содржи молекули
  • 5:45 - 5:48
    кои на специфичен начин се врзуваат
    за туморозните клетки.
  • 5:48 - 5:53
    Откако ќе се врзат, клетката на ракот ја
    зема наночестичката,
  • 5:53 - 5:57
    и таа е сега во внатрешноста на
    канцерогената клетка
  • 5:57 - 5:59
    и се спрема за напад.
  • 5:59 - 6:02
    Во ред! И јас се чувствувам исто.
    Одиме!
  • 6:02 - 6:08
    (Аплауз)
  • 6:08 - 6:11
    siRNA е првата компонента која напаѓа.
  • 6:12 - 6:14
    Делува со часови,
  • 6:14 - 6:19
    доволно време за да ги пригуши и
    блокира гените одговорни за преживување.
  • 6:19 - 6:23
    На овој начин ги онеспособуваме генетските
    супермоќи
  • 6:24 - 6:27
    Останува само канцерогената клетка без
    некоја особена одбрана.
  • 6:27 - 6:30
    Потоа, хемотерапевтскиот лек
    излегува од јадрото
  • 6:30 - 6:33
    и ја уништува туморозната клетка
    чисто и ефикасно.
  • 6:34 - 6:37
    Со доволно генски блокатори,
  • 6:37 - 6:40
    ќе можеме да се справиме со многу
    различни видови на мутации,
  • 6:40 - 6:42
    овозможувајќи да се збришат туморите,
  • 6:42 - 6:44
    без да се остават некои злосторници.
  • 6:45 - 6:48
    Како функционира нашата стратегија?
  • 6:50 - 6:54
    Ги тестиравме ваквите наностурктурни
    честици врз животни,
  • 6:54 - 6:57
    користејќи високо агресивна форма
    на тројно-негативен рак на дојка.
  • 6:57 - 7:00
    Овој тројно-негативен рак на дојка
    го содржи токму оној ген
  • 7:00 - 7:03
    кој предизвикува исфрлањето на
    лекот против ракот.
  • 7:04 - 7:09
    Обично, доксорубицинот -- ќе го викаме
    "докс" -- е лекот
  • 7:09 - 7:12
    кој се дава прв при третирање на
    ракот на дојка.
  • 7:12 - 7:18
    Првично, нашите животни ги третиравме со
    јадро на докс, единствено докс.
  • 7:19 - 7:21
    Туморот го успори темпото на раст,
  • 7:21 - 7:22
    но сè уште растеше брзо,
  • 7:22 - 7:25
    дуплирајќи ја големината во
    период од две недели.
  • 7:25 - 7:28
    Потоа се обидовме со нашето комбинирано
    супероружје.
  • 7:29 - 7:34
    Честичка од нанослој и siRNA наспроти
    хемотерапевтската пумпа,
  • 7:34 - 7:37
    плус имаме докс во јадрото
  • 7:37 - 7:41
    Гледајте -- откривме дека не само што
    туморите престанаа да растат
  • 7:41 - 7:44
    туку и се намалија во големина
  • 7:44 - 7:46
    а во некои случаи дури и беа
    елиминирани.
  • 7:46 - 7:49
    Туморите всушност се повлекуваа.
  • 7:50 - 7:57
    (Аплауз)
  • 7:58 - 8:02
    Овој пристап е одличен бидејќи
    може да се персонализира.
  • 8:02 - 8:04
    Можеме да додадеме многу различни слоеви
    на siRNA
  • 8:04 - 8:08
    за да се справиме мутациите и
    одбрамбените механизми на туморот.
  • 8:08 - 8:11
    Можеме да ставиме различни лекови во
    јадрото на наночестичката.
  • 8:12 - 8:15
    Како што докторите учат како да ги
    тестираат пациентите
  • 8:15 - 8:19
    и да разберат одредени генетски видови на
    тумори,
  • 8:19 - 8:23
    тие можат да ни помогнат да одредиме кои
    пациенти би имале корист од овој
  • 8:23 - 8:26
    пристап и кои генски блокатори
    можеме да ги користиме.
  • 8:26 - 8:29
    Ракот на јајниците е посебен.
  • 8:29 - 8:31
    Многу агресивен вид на рак,
  • 8:31 - 8:34
    делумно затоа што се открива во многу
    доцна фаза,
  • 8:34 - 8:36
    кога е доста напреднат
  • 8:36 - 8:38
    и откако ќе развие
    многу генетски мутации.
  • 8:39 - 8:42
    По првата фаза од хемотерапијата,
  • 8:42 - 8:46
    овој рак се враќа кај 75% од пациентите.
  • 8:46 - 8:50
    И обично се враќа во форма која е отпорна
    на лекови.
  • 8:50 - 8:52
    Не-диференцираниот рак на јајници
  • 8:52 - 8:54
    е еден од најголемите негативци што
    постојат.
  • 8:54 - 8:56
    И сега ние го насочуваме
    нашето супероружје
  • 8:56 - 8:58
    за да го поразиме.
  • 8:59 - 9:01
    Како истражувач,
  • 9:01 - 9:04
    обично не
    работам со моите пациенти.
  • 9:04 - 9:07
    Но неодамна сретнав една мајка,
  • 9:07 - 9:12
    која го победила ракот на јајници,
    Мими и ќерка ѝ Пејџ.
  • 9:12 - 9:16
    Бев длабоко инспирирана од оптимизмот и
    силата
  • 9:16 - 9:19
    која и двете, мајката и ќерката
    ја демонстрираа
  • 9:19 - 9:22
    и од нивната приказна за храброст и
    поддршка.
  • 9:23 - 9:27
    На овој настан, зборувавме за разни
    технологии
  • 9:27 - 9:28
    против ракот.
  • 9:28 - 9:30
    Мими беше облеана во солзи
  • 9:30 - 9:33
    додека кажуваше како напорите
    кои ги правиме
  • 9:33 - 9:35
    ѝ даваат надеж за идните генерации,
  • 9:35 - 9:37
    вклучувајќи ја и нејзината ќерка.
  • 9:37 - 9:39
    Ова навистина ме трогна.
  • 9:40 - 9:43
    Не се работи само градење на елегантна
    наука.
  • 9:43 - 9:45
    Се работи за менување на човечки животи.
  • 9:46 - 9:50
    Се работи за разбирањето на моќта на
    инженерингот
  • 9:50 - 9:51
    на молекуларно ниво.
  • 9:51 - 9:56
    Студентите како Пејџ напредувајќи
    во своите кариери,
  • 9:56 - 9:57
    ќе отворат нови можности
  • 9:57 - 10:00
    за решавање на некои од големите светски
    здравствени проблеми --
  • 10:00 - 10:05
    вклучувајќи ги и ракот на јајниците,
    невролошките пореметувања, заразните
  • 10:05 - 10:10
    болести -- исто како што хемискиот
    инжинеринг мене ми ја отвори вратата
  • 10:10 - 10:13
    и овозможи да се врши инженеринг
  • 10:13 - 10:17
    на најситното ниво, молекуларното,
  • 10:17 - 10:19
    за да лечиме на човечко ниво.
  • 10:20 - 10:21
    Ви Благодарам.
  • 10:21 - 10:30
    (Аплауз)
Title:
Ново супероружје во борбата против ракот.
Speaker:
Паула Хамонд
Description:

Ракот е многу паметна и приспособлива болест. За да ја победиме, вели медицинскиот истражувач и едукатор Паула Хамонд, ни треба нова и силна стратегија за напад. Со нејзинете колеги на МИТ, Хамонд има создадено наночестичка, која е голема колку една стотина од човечко влакно. Таа може да ги лечи најагресивните ракови и оние кои се најотпорни на лекови. Дознајте повеќе за ова молекуларно супероружје и придружете ѝ се на Хамонд во борбата против болеста која нè засега сите нас.

more » « less
Video Language:
English
Team:
TED
Project:
TEDTalks
Duration:
10:42

Macedonian subtitles

Revisions