Колин Стоукс: Какви пораки ни праќаат филмовите за машкоста
-
0:00 - 0:03Знаете, омилениот дел од татковската улога
-
0:03 - 0:06ми е гледањето филмови.
-
0:06 - 0:08Обожавам да ги споделувам моите омилени филмови со децата
-
0:08 - 0:11и затоа кога ќерка ми имаше четири години,
-
0:11 - 0:14заедно го гледавме „Волшебникот од Оз."
-
0:14 - 0:17Тој со месеци целосно доминираше во нејзината фантазија.
-
0:17 - 0:20Нејзиниот омилен лик беше, секако, Глинда.
-
0:20 - 0:22Тоа и беше оправдување за да облече светкав фустан
-
0:22 - 0:24и да носи магично стапче.
-
0:24 - 0:26Но, ако доволно пати го изгледате филмот,
-
0:26 - 0:28почнувате да сфаќате колку е тој необичен.
-
0:28 - 0:31Во денешно време живееме и ги одгледуваме децата
-
0:31 - 0:37во еден вид на спектакуларен индустриски комплекс на детската фантазија.
-
0:37 - 0:39Но, „Волшебникот од Оз“ остана сам.
-
0:39 - 0:41Не го започна тој тренд.
-
0:41 - 0:44Овој тренд започна четириесет години подоцна,
-
0:44 - 0:47интересно, преку еден друг филм
-
0:47 - 0:49во кој беше прикажан еден метален тип
-
0:49 - 0:50и еден влакнест тип
-
0:50 - 0:55како спасуваат девојка преправени во непријателски чувари.
-
0:55 - 0:58Знаете за што ви зборувам, така? (смеа)
-
0:58 - 0:59Даааа.
-
0:59 - 1:03Постои голема разлика помеѓу овие два филма,
-
1:03 - 1:05неколку прилично големи разлики помеѓу „Волшебникот од Оз“
-
1:05 - 1:06и денешниве филмови.
-
1:06 - 1:09Како прво, во „Волшебникот од Оз“ има многу малку насилство.
-
1:09 - 1:15Мајмуните се агресивни колку и јаболковите дрвја.
-
1:15 - 1:18Но, мислам дека ако „Волшебникот од Оз“ беше направен денес,
-
1:18 - 1:23волшебникот би рекол „Дороти, ти си спасителот на Оз
-
1:23 - 1:24којшто беше претскажан во пророштвото.
-
1:24 - 1:26Искористи ги твоите магични чевлички за да ги поразиш
-
1:26 - 1:30компјутерски-создадените армии на Лудата вештерка."
-
1:30 - 1:32Но, тоа не е така во реалноста.
-
1:32 - 1:34Друго нешто што е навистина уникатно за „Волшебникот од Оз“
-
1:34 - 1:37е тоа што сите најхрабри,
-
1:37 - 1:41паметни, па дури и злобни ликови
-
1:41 - 1:44се женски.
-
1:44 - 1:46Ова почнав да го забележувам
-
1:46 - 1:49кога ѝ го пуштив „Војна на ѕвездите“ на ќерка ми,
-
1:49 - 1:52што беше неколку години подоцна, и ситуацијата беше поинаква.
-
1:52 - 1:55Во тоа време, исто така, имав и син.
-
1:55 - 1:57Тогаш тој имаше три години.
-
1:57 - 2:01Не му дозволував да го гледа. Беше премал за тоа.
-
2:01 - 2:02Но, тој беше второто дете,
-
2:02 - 2:06и нивото на претпазливост беше опаднато. (смеа)
-
2:06 - 2:10Па така ми влета внатре,
-
2:10 - 2:14и филмот влијаеше врз него,
-
2:14 - 2:19исто како што мајката-пајка влијае врз нејзините пајчиња,
-
2:19 - 2:23и мислам дека не сфаќа за што станува збор,
-
2:23 - 2:27но, со сигурност е внесен во филмот.
-
2:27 - 2:28А јас се прашувам во што е внесен.
-
2:28 - 2:31Дали ги сфаќа сцените на храброст,
-
2:31 - 2:33истрајност и лојалност?
-
2:33 - 2:36Дали го разбира фактот дека Лук
-
2:36 - 2:41ѝ се придружува на армијата за да ја собори владата?
-
2:41 - 2:42Дали заклучува дека
-
2:42 - 2:45во универзумот има само момчиња
-
2:45 - 2:49со исклучок на тетка Беру и секако оваа принцеза,
-
2:49 - 2:53која е навистина кул, но која низ целиот филм како да исчекува нешто
-
2:53 - 2:56за да може да го награди херојот со медал и со намигнување,
-
2:56 - 2:59да му се заблагодари за спасувањето на светот, нешто што тој го прави
-
2:59 - 3:02со помош на магијата која ја поседува уште од раѓање?
-
3:02 - 3:05Споредете го ова со „Волшебникот од Оз“ од 1939.
-
3:05 - 3:08Како победува Дороти во нејзиниот филм?
-
3:08 - 3:11На тој начин што се спријателува со сите
-
3:11 - 3:12и со тоа што станува водач.
-
3:12 - 3:16Епа во таков свет би сакал да растат моите деца --
-
3:16 - 3:19Оз, така?-- а не во светот на батки кои се тепаат,
-
3:19 - 3:21каде што на некој начин сме и приморани да бидеме.
-
3:21 - 3:25Зошто има толку многу Сила -- големо С, Сила--
-
3:25 - 3:27во филмовите наменети за нашите деца,
-
3:27 - 3:29а толку малку патеки од жолти тули?
-
3:29 - 3:33Има многу одлични написи за влијанието
-
3:33 - 3:37на машкуданските-насилни филмови врз девојчињата,
-
3:37 - 3:40и треба да си ги прочитате. Многу се добри.
-
3:40 - 3:44Немам прочитано за тоа како момчињата ги капираат овие пораки.
-
3:44 - 3:47Од моето лично искуство знам дека
-
3:47 - 3:53Принцезата Леја не ми го даде соодветниот контекст
-
3:53 - 3:57кој би го искористил за да функционирам во светот на возрасните
-
3:57 - 4:01т.е. во светот кој е машко-женски (смеа).
-
4:01 - 4:05Мислам дека имаше една "прв-бакнеж" сцена
-
4:05 - 4:08кога навистина очекував да почне да тече завршната шпица
-
4:08 - 4:11бидејќи тука е крајот на филмот, така?
-
4:11 - 4:13Ја завршив потрагата, ја фатив девојката.
-
4:13 - 4:16Зошто сè уште стоиш таму?
-
4:16 - 4:18Не знам што треба да правам.
-
4:18 - 4:21Филмовите се многу, многу концентрирани кон тоа да се порази негативецот
-
4:21 - 4:23и да се добие заслужената награда и нема многу простор
-
4:23 - 4:26за други врски и други патувања.
-
4:26 - 4:28Тоа отприлика му доаѓа, ако сте момче,
-
4:28 - 4:31тогаш сте примутаво животно,
-
4:31 - 4:35а ако сте девојче, тогаш треба да си го носите воениот костим.
-
4:35 - 4:37Има мноштво исклучоци,
-
4:37 - 4:42а јас ќе ги бранам принцезите на Дизни пред било кој од вас.
-
4:42 - 4:46Но, тие испраќаат порака и до момчињата.
-
4:46 - 4:48Момчињата баш и не се нивната целна публика.
-
4:48 - 4:50Тие вршат феноменална работа учејќи ги девојчињата
-
4:50 - 4:54како да се одбранат од патријархатот,
-
4:54 - 4:56но не им покажуваат на момчињата
-
4:56 - 4:59како тие би требало да се одбранат од патријархатот.
-
4:59 - 5:01Нема модел за нив.
-
5:01 - 5:04Исто така, имаме и извонредни жени
-
5:04 - 5:06кои пишуваат нови приказни за нашите деца
-
5:06 - 5:11и без оглед на тоа што Хермиона и Катнис се прекрасни,
-
5:11 - 5:13сепак ова се воени филмови.
-
5:13 - 5:17И секако, најуспешното студио на сите времиња
-
5:17 - 5:21продолжува да вади класик за класик,
-
5:21 - 5:24секој од нив за
-
5:24 - 5:28патувањето на момче или маж,
-
5:28 - 5:31или пак двајца мажи кои се пријатели, или маж и неговиот син,
-
5:31 - 5:35или пак двајца мажи кои одгледуваат мало девојче.
-
5:35 - 5:39Се до, како што многумина од вас си мислите, оваа година
-
5:39 - 5:41кога конечно излегоа со „Храбра“.
-
5:41 - 5:45Ви го препорачувам на сите вас. Го имате во домашната видеотека.
-
5:45 - 5:48Дали се сеќавате што рекоа критичарите кога излезе „Храбра“?
-
5:48 - 5:53„Леле, не можам да поверувам дека Пиксар направи филм со принцеза.“
-
5:53 - 5:55Многу е добар. Не дозволувајте да ве одврати тоа.
-
5:55 - 5:59Епа видете вака, скоро ниеден од овие филмови не го поминува Бехдел тестот.
-
5:59 - 6:00Не знам дали сте слушнале за него.
-
6:00 - 6:03Сè уште нема земено замав,
-
6:03 - 6:05но, можеби денес ќе создадеме движење.
-
6:05 - 6:08Алисон Бехдел е стрип-уметник,
-
6:08 - 6:13и уште во средината на 80-тите, таа го снимила разговорот,
-
6:13 - 6:16кој го водела со пријателка, за оценување на филмовите кои ги гледале.
-
6:16 - 6:19Тестот е многу едноставен. Треба да поставите само три прашања:
-
6:19 - 6:22Дали во филмот има барем два женски лика
-
6:22 - 6:26кои имаат реплики?
-
6:26 - 6:28Па обидете се да го достигнете тој критериум.
-
6:28 - 6:34И дали овие жени зборуваат меѓу себе во било кој дел од филмот?
-
6:34 - 6:37Дали нивниот разговор е за нешто друго освен за
-
6:37 - 6:41мажот кој на двете им се допаѓа? (смеа)
-
6:41 - 6:45Јасно? Ви благодарам. (аплауз)
-
6:45 - 6:47Многу ви благодарам.
-
6:47 - 6:54Две жени кои постојат и зборуваат меѓу себе за работи.
-
6:54 - 6:59Се случува. Го имам видено тоа,
-
6:59 - 7:02и сепак премногу ретко го гледам тоа во филмовите
-
7:02 - 7:04кои ги знаеме и ги сакаме.
-
7:04 - 7:06Всушност, оваа седмица бев да гледам
-
7:06 - 7:09еден многу квалитетен филм, „Арго.“
-
7:09 - 7:13Така? Фаворит за Оскар, помина одлично на бокс-офисот,
-
7:13 - 7:17пример за тоа што претставува еден квалитетен холивудски филм.
-
7:17 - 7:20Прилично лошо помина на Бехдел тестот.
-
7:20 - 7:24А мислам дека не требаше, бидејќи голем дел од филмот,
-
7:24 - 7:25не знам дали сте го гледале, но голем дел од филмот
-
7:25 - 7:29се случува во амбасада каде што мажите и жените
-
7:29 - 7:31се кријат за време на заложничка криза.
-
7:31 - 7:33Има неколку сцени каде мажите,
-
7:33 - 7:38во оваа криенка, водат длабоки и загрижувачки разговори,
-
7:38 - 7:42а големиот момент за една од актерките е тоа што
-
7:42 - 7:47ѕирнува низ вратата и вели: „Душо ќе дојдеш в кревет?“
-
7:47 - 7:49Тоа ти е Холивуд.
-
7:49 - 7:51Затоа, ајде да ги погледнеме бројките.
-
7:51 - 7:55Во 2011-та, од 100-те најпопуларни филмови,
-
7:55 - 7:59колку од нив мислите дека имаат женски главни јунаци?
-
7:59 - 8:02Единаесет. Не е лошо.
-
8:02 - 8:06Овој број е помал од бројот на жени
-
8:06 - 8:09кои штотуку ги избравме за во Конгресот, и тоа е добро.
-
8:09 - 8:12Но, постои еден број којшто е поголем од овој,
-
8:12 - 8:15и кој ќе ве шлогира.
-
8:15 - 8:18Минатата година, Њујорк Тајмс објави едно истражување
-
8:18 - 8:20направено од страна на Владата.
-
8:20 - 8:21Еве што има во него.
-
8:21 - 8:26Една на секои пет жени во Америка
-
8:26 - 8:32вели дека била сексуално нападната во одреден период од нејзиниот живот.
-
8:32 - 8:36Мислам дека забавната индустрија не виновна за ова.
-
8:36 - 8:40Мислам дека детските филмови немаат врска со тоа.
-
8:40 - 8:42Не верувам ни дека
-
8:42 - 8:45музичките спотови или пак порнографијата се директно поврзани со тоа,
-
8:45 - 8:48но, нешто оди во погрешен правец,
-
8:48 - 8:51и кога ја слушам таа статистика
-
8:51 - 8:54си помислувам дека тоа
-
8:54 - 8:58се многу сексуални престапници.
-
8:58 - 9:01Кои се овие типови? Што научиле?
-
9:01 - 9:03Што не успеале да научат?
-
9:03 - 9:05Дали се под влијание на приказната дека
-
9:05 - 9:09целта на машкиот херој е да го победи негативецот со насилство
-
9:09 - 9:12за потоа да си ја земе наградата, којашто патем е жена
-
9:12 - 9:17која нема пријатели и не зборува?
-
9:17 - 9:22Дали ваквата приказна влијае врз нас?
-
9:22 - 9:25Знаете,
-
9:25 - 9:27како родител кој ја има привилегијата
-
9:27 - 9:30да воспитува ќерка,
-
9:30 - 9:33како и сите вие други,
-
9:33 - 9:37ваквиот свет и ваквата статистика се загрижувачки,
-
9:37 - 9:38и би требало да ги подготвиме децата.
-
9:38 - 9:42Имаме на располагање некои средства како „женската моќ“
-
9:42 - 9:45и да се надеваме дека тоа ќе помогне,
-
9:45 - 9:48но мора да се запрашам дали женската моќ ќе ги заштити
-
9:48 - 9:51ако, во исто време, активно или пасивно,
-
9:51 - 9:56ги обучуваме нашите синови да ја задржат нивната машка моќ ?
-
9:56 - 9:59Мислам, преку изборот на вистинските филмови
-
9:59 - 10:03можеме да постигнеме нешто многу важно,
-
10:03 - 10:06и овде воглавно им се обраќам на татковците.
-
10:06 - 10:09Сметам дека мора да им покажеме на нашите синови
-
10:09 - 10:10една нова дефиниција за машкоста.
-
10:10 - 10:15Машкоста веќе фундаментално ја менува својата суштина.
-
10:15 - 10:17Сте прочитале за тоа како новата економија
-
10:17 - 10:20ги менува традиционалните машко-женски улоги.
-
10:20 - 10:22Сето тоа веќе паѓа во вода.
-
10:22 - 10:25Па така нашите синови ќе мора да најдат некој начин
-
10:25 - 10:28да се адаптираат на ова, да се поврзат на нов начин меѓу себе,
-
10:28 - 10:32и мислам дека мора да им покажеме, да им дадеме пример,
-
10:32 - 10:35за тоа како вистинскиот маж
-
10:35 - 10:39е некој кој им верува на сестрите,
-
10:39 - 10:42ги почитува и сака да биде дел од нивниот тим,
-
10:42 - 10:46и им се спротиставува на лошите дечки,
-
10:46 - 10:50односно на мажите кои сакаат да ги злоставуваат жените.
-
10:50 - 10:53Користејќи го Нетфликс системот, треба
-
10:53 - 10:56да ги бираме оние филмови кои го поминуваат Бехдел тестот,
-
10:56 - 11:01откако ќе ги најдеме, да ги побараме хероините
-
11:01 - 11:02кои се таму,
-
11:02 - 11:06кои покажуваат вистинска храброст, кои ги спојуваат луѓето,
-
11:06 - 11:10да ги поттикнеме нашите синови да се идентификуваат со овие хероини
-
11:10 - 11:13и да речат „Сакам да сум дел од нивниот тим,"
-
11:13 - 11:18бидејќи ќе бидат дел од нивниот тим.
-
11:18 - 11:21Кога ја прашав ќерка ми кој ѝ е омилениот лик во „Војна на ѕвездите“,
-
11:21 - 11:23знаете што ми одговори?
-
11:23 - 11:26Оби-Ван.
-
11:26 - 11:30Оби-Ван Кеноби и Глинда.
-
11:30 - 11:33Што имаат заедничко овие двајца?
-
11:33 - 11:35Можеби не е само светкавиот фустан.
-
11:35 - 11:39Мислам дека овие луѓе се експерти.
-
11:39 - 11:40Овие ликови
-
11:40 - 11:42имаат најголемо знаење од сите,
-
11:42 - 11:45и сакаат да го споделат нивното знаење со другите луѓе
-
11:45 - 11:48за да им помогнат да го достигнат нивниот потенцијал.
-
11:48 - 11:50Тие всушност се лидери.
-
11:50 - 11:53Би сакал ќерка ми да се стреми кон тоа,
-
11:53 - 11:55а истото важи и за син ми.
-
11:55 - 11:57Сакам да има повеќе такви идеали.
-
11:57 - 11:59Не сакам филмови кои му велат на син ми,
-
11:59 - 12:02„Оди и бори се сам,"
-
12:02 - 12:07туку филмови кои ќе го подучат да се вклучи во некој тим,
-
12:07 - 12:11можеби некој тим предводен од жена,
-
12:11 - 12:16да им помага на другите да станат
-
12:16 - 12:19и да бидат подобри луѓе,
-
12:19 - 12:21онака како што прави и Волшебникот од Оз.
-
12:21 - 12:34Ви благодарам.
- Title:
- Колин Стоукс: Какви пораки ни праќаат филмовите за машкоста
- Speaker:
- Colin Stokes
- Description:
-
Кога тригодишниот син на Колин Стоукс го здогледал „Војна на ѕвездите,“ тој веднаш станал опседнат од филмот. Но, какви пораки, всушност, добил од научно-фантастичниот класик? Стоукс бара да има повеќе филмови кои праќаат позитивни пораки до момчињата: дека соработката е херојска и дека почитувањето на жените е онолку мажествено колку и поразувањето на негативецот. (Снимено на TEDxBeaconStreet.)
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 12:56
![]() |
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for How movies teach manhood | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for How movies teach manhood | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood |