< Return to Video

Семе на Слободата

  • 0:01 - 0:06
    Закопај ја раката во почвата и слушни ја мојата приказна,
  • 0:06 - 0:12
    почувствувај го памукот, пченицата и пченката, богатството и славата,
  • 0:12 - 0:16
    почувствувај го испотениот напор на оние кои работеа пред мене,
  • 0:16 - 0:20
    закопај ја раката долу во почвата.
  • 0:26 - 0:33
    Глобалното земјоделие се смени повеќе во нашето време, отколку во претходните 10,000 години.
  • 0:34 - 0:38
    Но како што и случајот со секоја промена, се појавија конфликти на интереси.
  • 0:39 - 0:44
    Овој конфликт никаде не е поинтензивен колку што е во приказната за семето.
  • 0:44 - 0:49
    Во овој филм ќе погледнеме како семето се сменило во земјоделието и во нашата култура,
  • 0:49 - 0:58
    од свет елемент и дарител на живот; до моќен комодитет, искористен за воведување монопол во глобалното производство на храна.
  • 0:59 - 1:03
    Овој конфликт помеѓу земјоделството и бизнисот; помеѓу знаењето и контролата;
  • 1:03 - 1:10
    помеѓу вистината и пропагандата; лежи во срцето на приказната за семето.
  • 1:11 - 1:15
    Штом една компанијата ќе започне да гледа надоместок за лиценца од секое семе,
  • 1:15 - 1:22
    таа ги форсира своите генетички модифицирани жетви, за да ги замени домородните жетви кои фармерите и селаните ги одгледувале со милениуми наназад.
  • 1:22 - 1:24
    Не знаеме што има во нивниот еко-систем.
  • 1:24 - 1:27
    Не знаеме што имаме: во него.
  • 1:27 - 1:29
    Тоа нема никаква врска со хранење на светот.
  • 1:29 - 1:32
    Тоа не се занимава со решавање на некои од овие огромни проблеми со кои се соочуваме денес.
  • 1:32 - 1:35
    Се работи за контрола на прехрамбениот сектор, за прехрамбената индустрија.
  • 1:38 - 1:46
    СЕМЕ НА СЛОБОДАТА
  • 2:03 - 2:10
    ЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЗНОВИДНОСТА
  • 2:15 - 2:18
    Ја започнуваме приказната на семето, пред илјадници години,
  • 2:18 - 2:24
    во време кога Земјата беше полна со неспоредливи заедници, одалечени едни од други со планини, мориња и пустини.
  • 2:25 - 2:30
    Се разви огромна разновидност на култури, традиции и јазици низ целата планета,
  • 2:30 - 2:34
    приспособена на многубројни различни поднебја и еко-системи.
  • 2:35 - 2:39
    Индивидуалните општества развиле различни идеи низ вековите,
  • 2:39 - 2:45
    разни космологии, рутини и ритуали; создавајќи бескраен темел на разновидност.
  • 2:47 - 2:52
    Денес, сеуште постојат заедници низ светот, кај кои се наѕира ова родовско минато.
  • 2:54 - 2:58
    Сите традиционални култури се засноваат на
  • 2:58 - 3:02
    признанието дека најважната причина за нашето постоење на Земјата,
  • 3:02 - 3:06
    е да ја одиграме нашата улога во одржување на животот во сета своја разновидност.
  • 3:07 - 3:09
    Затоа што семето содржи живот,
  • 3:10 - 3:16
    семето е од централно значење во репродукцијата на животната култура.
  • 3:17 - 3:22
    И ако ги разгледате ритуалите во Индија, Африка, Латинска Америка,
  • 3:23 - 3:25
    семето е нивната срж.
  • 3:26 - 3:28
    Семето е нашиот живот...
  • 3:31 - 3:35
    Нашиот опстанок зависи од него.
  • 3:36 - 3:45
    Садиме семиња за да го пречекаме новиот живот.
  • 3:45 - 3:49
    Кога едно момче станува маж го опсипуваме со семе.
  • 3:50 - 3:55
    И кога некој ќе умре, садиме семиња во нивниот гроб.
  • 3:56 - 4:01
    Семињата не се само за исхрана....
  • 4:03 - 4:07
    Тие имаат духовно значење...
  • 4:07 - 4:13
    Ги употребуваме кога изведуваме ритуали.
  • 4:26 - 4:31
    Разновидноста на нашите предци се пренесе на нивното семе, а со тоа и на нивните земјоделски култури.
  • 4:32 - 4:36
    Долго пред Дарвин да ја сподели својата теорија за еволуција по пат на природна селекција,
  • 4:36 - 4:40
    мажи и жени ширум светот го практикуваа тој ист процес:
  • 4:41 - 4:45
    повторно засејување на семиња кои најдобро се приспособиле кон нивната конкретна околина
  • 4:45 - 4:49
    и на тој начин, станале дел од процесот на еволуционерна промена.
  • 4:50 - 4:53
    Во центарот на оваа промена беше семето
  • 4:53 - 4:56
    кое секоја година одново се жнеело
  • 4:56 - 4:59
    и можело да се складира, сподели и вкрсти.
  • 5:00 - 5:04
    Ние сме наследници на оваа богата, глобална биолошка разновиснот.
  • 5:05 - 5:13
    Колку повеќе гледаме на семето и биолошката разновидност, толку повеќе сфаќаме дека степенот на интелигенција - во самото семе -
  • 5:13 - 5:17
    и во расплодот кој земјоделците го добиле употребување на семето,
  • 5:17 - 5:20
    ни го овозможи, не само највисокиот степен на биолошка разновидност,
  • 5:20 - 5:23
    туку и највисокиот степен на квалитет на храна.
  • 5:23 - 5:25
    Највисокиот степен на прехрамбена вредност.
  • 5:27 - 5:30
    Еден посебен вид е недоволен.
  • 5:31 - 5:34
    Ако го изгубиме тоа и ние сме изгубени.
  • 5:34 - 5:37
    Земјоделците расплодуваат за издржливост.
  • 5:37 - 5:40
    Значи тие расплодуваат за соработувачки аранжмани.
  • 5:40 - 5:42
    Не расплодуваат една култура.
  • 5:43 - 5:45
    Знаат дека мораат да имаат повеќе култури поради климатските промени.
  • 5:45 - 5:49
    Тие знаат дека мораат да имаат многу култури бидејќи потребите во исхраната се различни.
  • 5:51 - 5:55
    Производството на храна според домородните традиции, во поголем дел од човечката историја,
  • 5:55 - 6:00
    се фокусирало кон унапредување на биолошката разновидност.
  • 6:21 - 6:27
    ПАТОТ КОН ИНДУСТРИЈАТА
  • 6:34 - 6:39
    На премин кон 20тиот век, земјоделството започна да се потпира на технологијата;
  • 6:39 - 6:43
    присилувајќи ги луѓето да преминат од своите поседи во градовите,
  • 6:43 - 6:48
    каде традиционалните вештини и труд постепено се заменувале со модерна машинерија.
  • 6:48 - 6:51
    Но кога Европа се заплетка во 2 Светски војни,
  • 6:51 - 6:56
    хемикалиите произведени за војување се подготвија да го сменат лицето на агрокултурата.
  • 6:57 - 7:03
    Додека светот беше заклучен во конфликт, се произведуваат нови хемикалии во огромни количини.
  • 7:03 - 7:07
    И кога се врати мирот, компаниите кои ги произведуваа овие хемикалии
  • 7:07 - 7:11
    требаа да создадат алтернативни примени на нивните производи.
  • 7:12 - 7:20
    Со правење на мали измени, експлозивите и нервните гасови се реформулираа во вештачко ѓубриво и пестициди,
  • 7:21 - 7:25
    и хемиската агрономија го најде својот пат во земјоделството ширум светот.
  • 7:26 - 7:31
    Денес сѐ се промени...
  • 7:33 - 7:36
    Нашата почва бара храна....
  • 7:36 - 7:41
    Бара различни видови на храна.
  • 7:41 - 7:45
    Нашите предци никогаш немале потреба од овие хемикалии.
  • 7:46 - 7:48
    Сега внесуваме премногу хемикалии,
  • 7:49 - 7:53
    а потребата за истите продолжува да расте, таа не е статична,
  • 7:54 - 7:56
    и таа потреба никогаш нема да згасне.
  • 7:56 - 8:02
    Во еден момент нашите почви почнаа да еродираат, да се истрошуваат...
  • 8:02 - 8:05
    Велиме дека станале „зависници од дрога“.
  • 8:06 - 8:09
    Тие станаа зависни од овие вештачки ѓубрива.
  • 8:09 - 8:12
    Доколку се решите да употребите вештачко ѓубриво во текот на една сезона...
  • 8:14 - 8:18
    Наредната сезона, ќе морате да го употребите истото ѓубриво. Немате избор.
  • 8:33 - 8:37
    Како што се механизираше земјоделството и се зголеми употребата на хемикалии,
  • 8:37 - 8:40
    така и приказната за семето ја очекуваше промена.
  • 8:42 - 8:45
    Природните циклуси на чување и споделување на семиња,
  • 8:45 - 8:47
    со кои се држеа настрана бизнис интересите,
  • 8:47 - 8:51
    се соочија со предизвикот на нов пронајдок во одгледувањето на семиња:
  • 8:51 - 8:53
    Новите хибридни семиња,
  • 8:53 - 9:00
    со вкрстување на две матилни растенија се доби генетички богата прва генерација на семиња,
  • 9:01 - 9:06
    кои брзо ја губат својата виталност во втората и третата сезона.
  • 9:06 - 9:09
    Овој природен процес на хибридно разградување,
  • 9:09 - 9:14
    значеше дека земјоделците повеќе немаа корист од повторно засадување на нивното семе.
  • 9:14 - 9:17
    Наместо тоа тие мораа да купуваат ново семе за секоја сезона.
  • 9:18 - 9:23
    Ова им овозможи на интернационалните корпорации да го приватизираат и контролираат профитот од семето.
  • 9:24 - 9:30
    Во 1960тите, овие корпорации започнаа глобална распространување на нивните нови семиња,
  • 9:30 - 9:36
    гледајќи во глобалната агрикултура како на неискористен и високо профитабилен пазар,
  • 9:36 - 9:41
    тие се насочина кон приватизација на светскиот прехрамбен систем.
  • 9:41 - 9:46
    Земјоделците ширум светот бргу ги напуштија своите традиционални земјоделски системи;
  • 9:46 - 9:52
    слепо верувајќи на сонот за поголема продуктивност, помалку труд и повеќе пари.
  • 9:52 - 9:57
    Монокултурите, како чај и кафе ги заменија домородните културни видови,
  • 9:57 - 10:01
    и земјоделието за сопствени потреби - со кое преживуваше локалната заедница -
  • 10:02 - 10:06
    се замени со овие нови монокултури одгледувани за извоз.
  • 10:09 - 10:14
    Како што се зголеми глобалното производство на храна, традиционалните земјоделци ги заведе овој нов систем,
  • 10:15 - 10:18
    и покрај тоа што гледаа дека драматично се зголемуваат нивните трошоци на произвоство,
  • 10:19 - 10:25
    бидејќи секоја нова сезона мораа да купуваат ново семе, вештачки ѓубрива и пестициди.
  • 10:25 - 10:31
    И тие открија дека нивните нови жетви се дел од непредвидливи интернационални пазари.
  • 10:31 - 10:37
    Овие земјоделци без да знаат станаа дел од систем кој се покажа како помалку издржлив,
  • 10:37 - 10:41
    помалку одржлив, поскап и,
  • 10:41 - 10:44
    на крајот, штетни за нивниот опстанок.
  • 10:45 - 10:49
    Кога ги садиме овие нови семиња...
  • 10:49 - 10:55
    Можеме да ги употребиме само една сезона.
  • 10:55 - 10:59
    Наредната сезона, нема да успеат.
  • 10:59 - 11:05
    Нашите традиционални жетви се добри за јадење,
  • 11:05 - 11:09
    додека модерните жетви можат да се извезуваат.
  • 11:09 - 11:13
    Но не можеме да јадеме кафе.
  • 11:13 - 11:21
    Што мислите дека се последиците од замената на многубројни, различни видови на култури,
  • 11:21 - 11:25
    прехрамбени култури, со единечна култура која не може да се јаде?
  • 11:26 - 11:32
    Мислам дека вистинскиот проблем е дека постои зголемена корпоративна контрола врз семето.
  • 11:32 - 11:36
    А тоа значи дека многу мал број на луѓе
  • 11:36 - 11:40
    имаат масивно влијание врз начинот на кој земјоделците ја обработуваат почвата.
  • 11:40 - 11:46
    Традиционалните практики на чување на семето се сега загрозени бидејќи всушност се бара
  • 11:46 - 11:51
    да се стави корпоративниот профит пред способноста на земјоделците да се прехранат себе си и нивните заедници.
  • 11:52 - 12:00
    Ова ново семе има лоши последици.
  • 12:00 - 12:05
    Мора да го купите...
  • 12:05 - 12:12
    А потоа не можете да го складирате затоа што се расипува.
  • 12:12 - 12:16
    Би заштедиле пари доколку се вратиме на нашето старо семе.
  • 12:22 - 12:27
    Делчињата се поврзани заедно во два испреплетени нишки,
  • 12:27 - 12:31
    формирајќи структура како долги, спирални скалила.
  • 12:31 - 12:35
    И во оваа молекула го имате суштинскиот квалитет на живата материја.
  • 12:35 - 12:39
    Способноста за репродукција, да се направат копии од себе си,
  • 12:40 - 12:42
    од сите молекули познати на хемијата,
  • 12:42 - 12:46
    ја имаат само ДНК и нејзините роднини.
  • 12:46 - 12:49
    КОНТРОЛИРАЊЕ НА СЕМЕТО
  • 12:49 - 12:54
    Во 1953та, откритието на Вотсон и Крик на двојниот хеликс на молекулата на ДНК,
  • 12:54 - 12:58
    ја постави сцената за едно од најбрзите напредоци на науката.
  • 12:58 - 13:00
    Генетичкото Инженерство.
  • 13:00 - 13:06
    Способноста на пренос на гени помеѓу ќелии, организми и видови,
  • 13:06 - 13:08
    наскоро стана реалност.
  • 13:09 - 13:13
    Во агрокултурата, можностите од таквото инженерство беа навидум бесконечни.
  • 13:13 - 13:20
    Поголем принос, повисока отпорност на суши, подобар вкус и побрзо созревање.
  • 13:20 - 13:27
    Но појавата на оваа нова технологија беше придружена со жестока дебата за нејзината етика.
  • 13:27 - 13:32
    Во меѓувреме, најзначајната улога на оваа нова технологија
  • 13:32 - 13:36
    не се одлучуваше на полето туку во судницата.
  • 13:37 - 13:42
    „Уставот на САД му дава моќ на Конгресот да донесува закони поврзани со патенти,
  • 13:42 - 13:45
    кои му доделуваат на сопственикот одредени права за еден изум.
  • 13:46 - 13:56
    Овие го вклучуваат правото да се спречат другите од правење, употреба, продажба или нудење на продажба на изумот опишан во патентот.“
  • 13:56 - 14:03
    Законите за интелектуална сопственост одамна назначија дека патенти можат да се бараат за нови и докажани изуми.
  • 14:04 - 14:10
    Но во 1995, Светската Трговска Организација предложи радикална промена во интернационалното право.
  • 14:11 - 14:18
    Под притисок од глобалните корпорации тие одлучија дека микро-организмите и микробиолошките процеси,
  • 14:18 - 14:22
    кои веќе постојат во природата, можат да се патентираат.
  • 14:23 - 14:28
    Со овој нов закон, семето може генетички да се модифицира да содржи одредени гени,
  • 14:28 - 14:33
    кои потоа можат да се патентираат и приватно да се поседуваат.
  • 14:33 - 14:41
    Во поглед на семето, овој скок, во смисол на права на сопственост на самиот живот,
  • 14:41 - 14:43
    е најсериозната закана
  • 14:44 - 14:49
    за семињата на разновидност, семињата на слобода, кои се во рацете на селаните.
  • 14:49 - 14:56
    Една година подоцна, агро-хемискиот гигант Монсанто ја произведе првата генетички модифицирана (ГМ) култура во Америка:
  • 14:56 - 15:02
    „Раундап Реди“ соја, која набргу беше проследена со ГМ пченка и канола.
  • 15:03 - 15:07
    Овие генетички модифицирани семиња содржеа единечна благородна особина,
  • 15:08 - 15:14
    тие беа специфично создадени да бидат отпорни на отровните ефекти на хемискиот хербицид Раундап,
  • 15:15 - 15:19
    најпродаваниот хербицид на Монсанто од 1980те.
  • 15:19 - 15:23
    Со вклучување ген за отпорност кон хербицидот
  • 15:23 - 15:29
    тие имаат монопол врз хемикалот, како и врз семето кое е венчано со тој хемикал.
  • 15:29 - 15:32
    Тие се првично хемиски комании но исто така се и компании за семе.
  • 15:32 - 15:37
    Ако го контролирате семето го контролирате и профитот од храната.
  • 15:38 - 15:41
    Создавате монопол кога сте снабдувачи на семиња,
  • 15:41 - 15:45
    кои се модифицирани за отпорност кон пестицидот употребуван на тие семиња.
  • 15:45 - 15:48
    Добиениот нето-ефект е огромен пораст во употребата на пестициди,
  • 15:48 - 15:51
    нешто против кое требаше да се бори ГМ.
  • 15:51 - 15:58
    Дваесет години по појавата на ГМ на нашите пазари, ветувањата за ранo научно истражување остануваат неисполнети.
  • 15:58 - 16:03
    Технологијата „Раундап-Реди“ доминира на ГМ пазарот во Америка.
  • 16:03 - 16:06
    И сега приказната за семето ќе се врати во судницата
  • 16:06 - 16:10
    кога целосните последици од законот за патенти ќе му станат јасни на светот.
  • 16:13 - 16:17
    Никогаш нема да заборавам моментот кога со жена ми излеговме низ оваа влезна врата,
  • 16:17 - 16:26
    таа се сврте и рече „Го молам Господ да имам покрив над глава кога вечерва ќе се вратам дома.“
  • 16:26 - 16:29
    Толку блиску бевме да изгубиме сѐ.
  • 16:29 - 16:30
    Сѐ ставивме на ризик,
  • 16:31 - 16:35
    и жал ми е за земјоделците кои ја немаа таа можност,
  • 16:35 - 16:38
    и ги изгубија своите фарми, стотици од нив.
  • 16:39 - 16:46
    Канадскиот земјоделец, Перси Шмајзер, одгледува канола, и 50 години го чува и обработува семето.
  • 16:46 - 16:52
    Но во 1998, кај дел од неговото семе се најдоа траги од патентираниот „Раундап“ ген.
  • 16:53 - 16:58
    Без разлика дали ќе се пренесе од соседното поле, со поленација од ветерот или пчелите,
  • 16:58 - 17:02
    доколку се случи тоа, повеќе нема да ги поседувате своите семиња, своите растенија,
  • 17:02 - 17:06
    затоа што тие, според законот за патенти, веднаш стануваат сопственост на корпорацијата.
  • 17:07 - 17:11
    Перси беше донесен пред Канадскиот федерален суд поради прекршување на законите за патенти.
  • 17:11 - 17:15
    Неговата одбрана, дека присуството на ГМ е случајно,
  • 17:15 - 17:20
    беше одбиена од страна на судот и во 2000 тој беше прогласен за виновен.
  • 17:21 - 17:25
    Немаа доказ дека сме се снабдиле со нивното семе или дека сме го купиле истото,
  • 17:25 - 17:29
    но тврдеа дека штом нашите соседи го одгледувале нивното семе и го контаминирале нашето -
  • 17:29 - 17:30
    не сме смееле да го употребуваме тоа семе.
  • 17:30 - 17:32
    Требало да знаеме.
  • 17:32 - 17:35
    А тоа е апсолутно невозможно.
  • 17:35 - 17:39
    Канола семето без разлика дали е генетички модифицирано или не, или е органско,
  • 17:39 - 17:42
    изгледа сосема идентично, освен ако не направите ДНК анализа.
  • 17:43 - 17:50
    До денес, над 140 американски земјоделци се тужени за прекршување на интелектуалната сопственост на семето.
  • 17:51 - 17:55
    А илјадници повеќе биле под истрага за таканаречената „пиратерија на семе“.
  • 17:56 - 17:58
    Што треба да се прави со семето?
  • 17:58 - 18:03
    Семето треба да се сади, размножува, употребува, приспособува, итн.
  • 18:03 - 18:06
    А тоа е токму она што не е дозволено во корпоративниот ум.
  • 18:06 - 18:09
    Корпорациите ни го продаваат семето, или ни дава лиценца
  • 18:09 - 18:13
    за употреба на семето на специфичен начин, начин кој тие го назначуваат. Точка.
  • 18:13 - 18:15
    Со контролирање на семето, вие го контролирате земјоделецот.
  • 18:15 - 18:19
    Со контролирање на земјоделецот, вие го контролирате целиот прехрамбен систем.
  • 18:20 - 18:22
    Тоа е наследството што ни го остави генетиката во земјоделието.
  • 18:23 - 18:27
    Денес, ГМ пазарот се прошири вон границите на Северна Америка,
  • 18:27 - 18:33
    и се втемели во Аргентина, Парагвај, Бразил, а сега и во Индија.
  • 18:34 - 18:39
    Додека ГМ индустријата тврди дека го зголемува приносот и ги подобрува животите,
  • 18:39 - 18:44
    сѐ повеќе земјоделци пријавуваат нови и неочекувани проблеми.
  • 18:45 - 18:49
    Во Индиската држава, Гуџарат, стотици илјади земјоделци,
  • 18:49 - 18:52
    наведени да одгледуваат генетички модифициран БТ памук,
  • 18:52 - 18:55
    - култура која произведува сопствен пестицид -
  • 18:55 - 19:00
    пронајдоа дека со тек на време, штетниците развиле своја отпорност кон културата.
  • 19:01 - 19:07
    Појавата на овие „супер-штетници“ ги присили земјоделците да употребуваат уште посилни пестициди.
  • 19:08 - 19:14
    Наместо контрола врз штетниците и плевелот, добивате супер-штетници и супер плевел.
  • 19:14 - 19:21
    Значи, дури и во тесниот домен на контрола врз плевелот и штетниците, технологијата нѐ разочарува.
  • 19:22 - 19:26
    Со постојаниот пораст на цените на семето, ѓубривата и пестицидите,
  • 19:27 - 19:30
    многу од земјоделците се турнати во неконтролирана дупка на долгови.
  • 19:31 - 19:37
    Ширењето на ГМ памукот е поврзано со трагичен пораст на самоубиства на Индиските земјоделци.
  • 19:41 - 19:46
    Во Аргентина, илјадници мали земјоделци беа приморани да ги напуштат своите земјишта,
  • 19:47 - 19:52
    поради неможност да се натпреваруваат економски со високо механизираните монокултурни фарми.
  • 19:53 - 19:59
    Многу од земјоделците кои не употребуваат ГМ семе не можеа да спречат пренос на „Раундап“ хербицидот од соседните ниви
  • 20:00 - 20:04
    и беа сведоци на пропаста на нивните жетви и опстанок.
  • 20:04 - 20:11
    А со масовното заминување на земјоделците од своите земјишта, уште повеќе се намали биолошката разновидност на фармите.
  • 20:12 - 20:18
    Традиционалните земјоделски култури се заменија со други. Употребата на хербициди драматично се зголеми.
  • 20:18 - 20:25
    И тешко стекнатото знаење и земјоделски системи се турнаа настрана.
  • 20:25 - 20:27
    Со губитокот на разновидноста се губи и безбедноста.
  • 20:28 - 20:35
    Затоа што разновидноста е синоним на безбедност. Таа значи подобрена егзистенција.
  • 20:35 - 20:39
    Таа значи подобрена нутрициска вредност. Значи подобрена поделба на трудот.
  • 20:40 - 20:42
    Сѐ ова се губи поради една култура.
  • 20:43 - 20:47
    Мора да разбереме дека разновидноста значи опстанок.
  • 20:48 - 20:51
    Разновидноста значи способност за понатамошно производство.
  • 20:51 - 20:53
    Способност за продолжување на земјоделството.
  • 20:54 - 21:00
    Важно е да разбереме дека без тоа ние едноставно нема да можеме
  • 21:00 - 21:05
    да ја произведуваме храната која ни е потребна, ако дозволиме понатамошно уништување на овој вид на разновидност.
  • 21:16 - 21:23
    Зад глобалното буткање на ГМ, и неговата појава во нови држави во Африка, Азија и Јужна Америка,
  • 21:23 - 21:26
    стои една порака како поткрепа на нејзиниот напредок.
  • 21:27 - 21:34
    Фактот дека земјите во развој се борат со сиромаштија и со глад,
  • 21:35 - 21:39
    но ГМ може да им ја промени нивната лоша среќа.
  • 21:40 - 21:44
    Тамошните сиромашни земјоделци не се ефикасни и работат со старо семе,
  • 21:44 - 21:50
    и тие треба да станат попродуктивни и тогаш проблемот со гладот низ светот ќе се реши.
  • 21:50 - 21:54
    Таа порака воопшто не се заснова на факти.
  • 21:55 - 21:57
    Ние сме загрижени за прегладнетите луѓе во Африка.
  • 21:58 - 22:00
    Загрижени сме за прегладнетите луѓе во Азија.
  • 22:00 - 22:02
    Ајде да бидеме грубо директни.
  • 22:02 - 22:09
    Се заснова на долната линија, на финансиските интереси на овие компании.
  • 22:09 - 22:15
    Не се работи за никаква општествено-продуховена цел.
  • 22:16 - 22:17
    Значи тоа нема никаква врска со хранење на светот.
  • 22:17 - 22:21
    Нема никаква врска со решавање на некои од овие огромни проблеми со кои се соочуваме денес.
  • 22:21 - 22:24
    Се работи за контрола на прехрамбениот секот, на прехрамбената индустрија.
  • 22:25 - 22:30
    Во реалност, сѐ е поврзано со контрола:
    да се спречат земјоделците
  • 22:30 - 22:33
    во имањето сопствено семе,
  • 22:33 - 22:36
    а во исто време...
  • 22:36 - 22:40
    ...да се искорени независното производство на храна.
  • 22:40 - 22:45
    Корпорациите сакаат контролата врз производството на храна...
  • 22:45 - 22:47
    ... да биде во рацете на неколкумина.
  • 22:48 - 22:55
    Затоа што генетичкото инженерство потекнува од старата агро-хемиска индустрија,
  • 22:56 - 23:00
    која е заинтересирана за задржување на својата агро-хемиска продажба на хербициди и пестициди,
  • 23:00 - 23:05
    со напоредно воспоставување на монопол врз семето -
  • 23:05 - 23:11
    затоа генетското инженерство отиде во целосно погрешна насока во поглед на агрокултурата.
  • 23:14 - 23:21
    Денес, семето и агро-хемиската индустрија е во главно под контрола на неколку клучни компании:
  • 23:22 - 23:26
    Корпорации за хибридно семе како Дупонт, Сингента;
  • 23:27 - 23:30
    агро-хемиски компании како Бајер и БАСФ;
  • 23:31 - 23:34
    и ГМ гигантот, Монсанто.
  • 23:34 - 23:41
    Во овој концентриран центар на моќ се наоѓа не само масивниот профит од производството на семе,
  • 23:42 - 23:45
    туку и донесувањето на одлуки и поставувањето на агенди,
  • 23:45 - 23:51
    кои на подолг план ќе го воспостават наследството на нашиот глобален агрокултурен систем.
  • 23:52 - 23:59
    Во оваа иднина, земјоделските култури и разновидноста на семето ќе се фрли во историска корпа за отпадоци,
  • 24:00 - 24:04
    по цена која само што почнуваме да ја разбираме.
  • 24:07 - 24:10
    Закопај ја раката во почвата,
  • 24:10 - 24:12
    допри ја маката и тагата
  • 24:12 - 24:15
    во почвата од која парите никогаш не растат
  • 24:15 - 24:17
    од тоа што го позајмив.
  • 24:17 - 24:21
    Копај надолу и речи ми каде е моето семе на утрешницата.
  • 24:21 - 24:25
    Закопај ја раката долу во почвата.
  • 24:25 - 24:27
    СЕМЕ НА НАДЕЖ
  • 24:30 - 24:34
    Агро-хемиската и ГМ индустријата тврдат дека малото
  • 24:34 - 24:39
    агро-еколошко земјоделство е застарено и неефикасно.
  • 24:40 - 24:45
    Но реалноста е дека и покрај немилосрдните притисоци со кои се соочуваат,
  • 24:46 - 24:51
    токму овие земјоделци хранат 70% од светското население.
  • 24:52 - 24:59
    Овие традиционални земјоделски системи искористуваат помало земјиште, помалку вода и помалку ресурси.
  • 25:00 - 25:05
    Тие одгледуваат здрава и нутрициски богата храна и негуваат поголема разновидност на културите.
  • 25:06 - 25:10
    Ја заштитуваат почвата, водата и еко-системите.
  • 25:10 - 25:15
    И се покажуваат за поизджливи во пресрет на климатските промени.
  • 25:15 - 25:22
    Токму овие земјоделски методи можат да ни го покажат патот кон вистинска прехрамбена безбедност.
  • 25:23 - 25:30
    Еколошките системи: локализираните, биолошки разновидните, се оние кои навистина нудат
  • 25:30 - 25:35
    храна, прехрана, здравје и радост на јадење кај локалните заедници.
  • 25:35 - 25:38
    Треба да го де-централизираме нашиот прехрамбен систем,
  • 25:38 - 25:43
    и доколку го направиме тоа, треба да ги де-централизираме залихите со семе.
  • 25:43 - 25:48
    Суверенитетот на семето мора да стане од централно значење за суверенитетот на храната.
  • 25:48 - 25:51
    Не сме ги изгубиле нашите семиња.
  • 25:51 - 25:56
    Проблемот e дека тие исчезнуваат.
  • 25:56 - 26:00
    Сеуште можеме да ги вратиме назад.
  • 26:00 - 26:03
    Тие се сеуште таму.
  • 26:03 - 26:09
    Ако не ја искористиме оваа можност, ќе го изгубиме семето и ќе ја изгубиме иднината.
  • 26:10 - 26:13
    Иднината на сите нас, иднината на нашите деца.
  • 26:14 - 26:19
    Затоа, земјоделци од целиот свет се здружуваат и се борат за суверенитет на храната,
  • 26:19 - 26:22
    правото на луѓето да произведуваат своја културна храна.
  • 26:23 - 26:31
    Кога ја обработувам својата домородна храна...
  • 26:31 - 26:36
    Знам со сигурност дека ќе имам жетва.
  • 26:36 - 26:40
    И со тоа знам дека моите деца ќе јадат.
  • 26:43 - 26:50
    Мислам дека јавноста не смее да ја потцени својата потенцијална моќ доколку се одлучат да ја употребат.
  • 26:51 - 26:55
    Кој би помислил дека Мурдок и Нјуз Корп можеше да се победат
  • 26:55 - 26:57
    со едноставно чувство на бес.
  • 26:59 - 27:03
    Сметам дека доколку имаме поголема јавна дебата за тоа какви видови на агрокултура сакаме,
  • 27:03 - 27:07
    наспроти оние видови на практики и техники на големите корпорации на семе,
  • 27:07 - 27:12
    можеби би се здобиле со исто количество на бес, а на подолг план и систем
  • 27:12 - 27:15
    кој е подобар за луѓето и за планетата.
  • 27:17 - 27:21
    Кога ќе погледнеме на начините на нашите предци
  • 27:21 - 27:27
    ќе пронајдеме како да го вратиме она што е уништено.
  • 27:44 - 27:49
    Наратор: Џереми Ајронс
  • 27:49 - 27:52
    Не заборавајте дека секој пат кога пазарувате го давате својот глас за прехрамбениот систем.
  • 27:52 - 27:58
    Купувајте локална, органска и сезонска храна и дадете поддршка на земјоделците, пазарите и независните продавници.
  • 27:58 - 28:02
    Посетете ја интернет страницата за да дознаете повеќе за суверенитетот на храната, движењата и кампањите кон кои можете да се приклучите и да ги поддржите
  • 28:02 - 28:04
    www.seedsoffreedom.info
  • 28:05 - 28:09
    За крај, Ви благодариме што одвоивте време да го погледнете "Семе на Слободата"
  • 28:09 - 28:14
    А сега Ве замолуваме да засеете семе на промена со споделување на овој филм насекаде.
  • 28:14 - 28:19
    Филм на: The Gaia Foundation & The Afrivan Biodiversity Network (ABN)
  • 28:19 - 28:21
    Во соработка со:
  • 28:21 - 28:25
    MELCA Етиопија, GRAIN International & Navdanya International
  • 28:26 - 28:29
    Посебна благодарност до:
  • 28:29 - 28:38
    Д-р. Мелаку Вореде, Д-р Вандана Шива, Коралин Лукас, Зак Голдсмит МР, Џон Видал, Рамон Херера, Хенк Хобелинк, Лиз Хоскен, Куми Наиду, Перси Шмајзер, Гатуру Мбуру, КМпателени Макаулуле, Тимот на Гаја Фондацијата, Флорина Тудосе, Џејсон Тејлор и Проектот „Извор“
  • 28:38 - 28:43
    И посебна благодарност до земјоделските заедници кои ја оживуваат разновидноста на нивното семе и традициите за да ја подобрат биолошката разновидност и сувереноста на храната,
  • 28:43 - 28:51
    заедниците на Воло во Етиопија, и особено Махамед и Ајалнеш, Водач Вутанда од Венда, Јужна Африка, Норман од Карима во Кенија, Џозеф од Кива во Кенија, Агнес од Кива во Кенија.
  • 28:51 - 28:53
    Благодарност за поддршката од:
  • 28:53 - 28:58
    Родик Фондација, Фондот „Кристенсен“, Фондација Свифт, Сведбио, Норад
  • 28:58 - 28:59
    Архивски материјал:
  • 28:59 - 29:04
    Гринпис Интернешнл, Технички Центар за Агрокултурна и Рурална Соработка (ACP-EU, CTA), Пријатели на Земјата, Прелинџер Архива
  • 29:04 - 29:10
    Камера: Џес Филмор, Џејсон Тејлор, Дамијан Престиж
  • 29:10 - 29:14
    Дополнителна камера: Ричард Декалие, Џошуа Бејкер, Хозе Марија Нориега
  • 29:14 - 29:19
    Графички дизајн: Камила Карденоса
  • 29:19 - 29:24
    Звук: Џеј Харис
  • 29:24 - 29:29
    Филм на: Џес Филмор
  • 29:29 - 29:33
    Хозе Луценбергер: 1926 - 2002
  • 29:34 - 29:42
    Поминаа десет години од смртта на Хозе Луценбергер, познат како татко на Бразилското еколошко движење.
  • 29:42 - 29:52
    Го посветуваме овој филм на бескрајната одлучност и страст во посочувањето на фактот дека социјалната правда и еколошката разумност се две страни на иста монета.
  • 29:55 - 30:02
    „Здрава цивилизација може да биде само онаа која се вклопува и вклучува во севкупноста на животот, подобрувајќи а не уништувајќи го истиот.
  • 30:02 - 30:07
    Хозе Луценбергер
  • 30:07 - 30:13
    2012
Title:
Семе на Слободата
Description:

Значаен филм со Џереми Ајронс како наратор.

Дознајте повеќе на www.seedsoffreedom.info.

Приказната за семето е една приказна на загуба, контрола, потчинетост и долг. Напишана е од оние кои сакаат да направат огромен профит од нашиот прехрамбен систем, без оглед на вистинската цена. Време е да ја промениме таа приказна.

Произведено од: The Gaia Foundation and the African Biodiversity Network, во соработка со MELCA Ethiopia, Navdanya International and GRAIN.
Благодарност до оние кои го овозможија создавањето на овој филм.
Продуцирано и режирано од Џес Филмор, Камера - Џес Филмор, Џејсон Тејлор, Демијан Престиџ.

more » « less
Video Language:
English
Duration:
30:13

Macedonian subtitles

Revisions