Франс де Вал: Морално однесување кај животните
-
0:00 - 0:02Роден сум во Ден Бош,
-
0:02 - 0:05место според кое сликарот Хиеронимус Бош се нарекол себеси.
-
0:05 - 0:07Од секогаш бев позитивно наклонет кон овој сликар
-
0:07 - 0:10кој живеел и работел во 15-от век.
-
0:10 - 0:12Она што е интересно за него во однос на моралот
-
0:12 - 0:15е дека тој живеел во време кога влијанието на религијата исчезнувало,
-
0:15 - 0:17а тој пак се прашувал, мислам,
-
0:17 - 0:19што ќе се случи со општеството
-
0:19 - 0:22доколку не постои религија или доколку има помалку религија.
-
0:22 - 0:25И така тој ја насликал познатата слика, "Градината на Земските Задоволства,"
-
0:25 - 0:27која што од некои беше интерпретирана
-
0:27 - 0:29дека го претставува човештвото пред Гревот,
-
0:29 - 0:32или дека е човештвото без никаков Грев.
-
0:32 - 0:34Веројатно се прашувате,
-
0:34 - 0:37што ќе се случеше доколку не го вкусевме овошјето на знаењето,
-
0:37 - 0:40и каков морал ќе имавме ?
-
0:40 - 0:42Многу подоцна, како студент,
-
0:42 - 0:44отидов во многу различна градина,
-
0:44 - 0:47зоолошка градина во Арнхем
-
0:47 - 0:49каде што чуваме шимпанза.
-
0:49 - 0:51Ова сум јас во младоста со бебе шимпанзо.
-
0:51 - 0:54(Смеа)
-
0:54 - 0:56Таму открив
-
0:56 - 0:59дека шимпанзата се многу гладни за моќ и воедно напишав книга за тоа.
-
0:59 - 1:02Во тоа време, фокусот на многуте истражувања врз животни
-
1:02 - 1:04беше кон агресијата и натпреварувањето.
-
1:04 - 1:06Насликав цела слика за животинското царство,
-
1:06 - 1:08вклучувајќи го и човештвото,
-
1:08 - 1:10која вели дека длабоко во нас ние сме натпреварувачи,
-
1:10 - 1:12ние сме агресивни,
-
1:12 - 1:15сите ние сме заинтересирани само за нашата корист.
-
1:15 - 1:17Ова е промоцијата на мојата книга.
-
1:17 - 1:19Не сум сигурен колку шимпанзата ја разбраа,
-
1:19 - 1:22но со сигурност беа заинтересирани за книгата.
-
1:24 - 1:26Додека работев
-
1:26 - 1:28и ја проучував моќта и доминацијата
-
1:28 - 1:30и агресијата и така натаму,
-
1:30 - 1:33открив дека шимпанзата се помируваат после борбите.
-
1:33 - 1:36Овде гледате двајца мажјаци кои имале борба.
-
1:36 - 1:39Завршиле горе на дрвото, и еден од нив му подава рака на другиот.
-
1:39 - 1:42Неколку секунди подоцна откако ги сликав, тие дојдоа во крошната на дрвото
-
1:42 - 1:44каде што се бакнаа и прегрнаа еден со друг.
-
1:44 - 1:46Ова е многу интересно бидејќи
-
1:46 - 1:49во тоа време сè се вртеше околу натпреварувањето и агресијата,
-
1:49 - 1:51и затоа ова немаше никаква смисла.
-
1:51 - 1:53Она што е важно дали победуваш или губиш.
-
1:53 - 1:55Но, зошто би се помириле после борба?
-
1:55 - 1:57Тоа нема никаква смисла.
-
1:57 - 2:00Бонобоата вака го прават тоа. Бонобоата прават сè со секс.
-
2:00 - 2:02Исто така се помируваат преку секс.
-
2:02 - 2:04Меѓутоа принципот е ист.
-
2:04 - 2:06Принципот е дека имате
-
2:06 - 2:08важна врска
-
2:08 - 2:10која што е оштетена од конфилкт,
-
2:10 - 2:12а вие мора да направите нешто во врска со тоа.
-
2:12 - 2:14Целото мое мислење за животинското царство,
-
2:14 - 2:16тука вклучувајќи ги и луѓето,
-
2:16 - 2:18започна да се менува во тоа време.
-
2:18 - 2:20Го имаме ова гледиште
-
2:20 - 2:22во политичката наука, економијата, социјалните науки,
-
2:22 - 2:24филозофијата, а тоа е дека
-
2:24 - 2:26човек на човека е волк.
-
2:26 - 2:29Значи нашата фундаментална природа е мрачна.
-
2:29 - 2:32Мислам дека е многу неправедна слика за волкот.
-
2:32 - 2:34Волкот е всушност,
-
2:34 - 2:36многу кооперативно животно.
-
2:36 - 2:38Поради тоа многумина од вас имате кучиња по дома,
-
2:38 - 2:40кое што пак ги има сите тие карактеристики.
-
2:40 - 2:42Исто така е многу неферски спрема човештвото,
-
2:42 - 2:46бидејќи човештвото е всушност многу повеќе кооперативно и сочувствително
-
2:46 - 2:48за разлика од она што се смета.
-
2:48 - 2:50Така почнав да се интересирам за овие работи
-
2:50 - 2:52и да ги проучувам кај другите животни.
-
2:52 - 2:54Ова се столбовите на моралноста.
-
2:54 - 2:58Ако го прашате некого, "На што се базира моралноста?"
-
2:58 - 3:00овие се двата фактори кои секогаш се појавуваат.
-
3:00 - 3:02Едниот е реципрочноста,
-
3:02 - 3:05а со него е поврзано чувството на правда.
-
3:05 - 3:07Другиот е емпатијата и сочувството.
-
3:07 - 3:10Човечката моралноста е повеќе од ова,
-
3:10 - 3:12но ако ги отстраните овие два столба,
-
3:12 - 3:14сепак нема да остане многу.
-
3:14 - 3:16Тие се апсолутно важни.
-
3:16 - 3:18Да ви дадам неколку примери овде.
-
3:18 - 3:20Ова е многу стара снимка од Јеркс Центарот за Примати
-
3:20 - 3:23каде што ги тренираат шимпанзата како да соработуваат.
-
3:23 - 3:26Ова е веќе пред околу сто години кога
-
3:26 - 3:29се правеа експерименти за соработката.
-
3:29 - 3:32Овде имате две млади шимпанза кои имаат кутија, а кутијата
-
3:32 - 3:35е премногу тешка за само едното шимпанзо да ја влече.
-
3:35 - 3:37И се разбира, има храна на кутијата.
-
3:37 - 3:39Инаку тие не би влечеле толку силно.
-
3:39 - 3:41Така тие се обидуваат да ја довлечат кутијата.
-
3:41 - 3:43Можете да видите дека се синхронизирани.
-
3:43 - 3:46Можете да видите дека работат заедно, влечат во исто време.
-
3:46 - 3:49Тоа е веќе голема предност во однос на многу други животни
-
3:49 - 3:51кои не би биле способни да го прават тоа.
-
3:51 - 3:53Сега ќе добиете многу поинтересна слика, бидејќи
-
3:53 - 3:56сега едно од двете шимпанза е нахрането.
-
3:56 - 3:58Значи едното од нив повеќе не го интересира
-
3:58 - 4:01задачата.
-
4:01 - 4:04(Смеа)
-
4:08 - 4:13(Смеа)
-
4:19 - 4:22(Смеа)
-
4:35 - 4:38Погледнете што ќе се случи на крајот од ова.
-
4:41 - 4:43(Смеа)
-
4:52 - 4:54Во основа тој зема сè.
-
4:54 - 4:57(Смеа)
-
4:57 - 4:59Има два интересни дела за ова.
-
4:59 - 5:01Едниот е дека шимпанзото од десно
-
5:01 - 5:03има целосно разбирање дека му треба партнер --
-
5:03 - 5:05значи има потполно разбирање за потребата од соработка.
-
5:05 - 5:08Вториот дел е дека партнерот има волја да соработува
-
5:08 - 5:10и покрај тоа што тој не е заинтересиран за храната.
-
5:10 - 5:13Зошто е така? Веројатно е поврзано со реципрочноста.
-
5:13 - 5:15Всушност постојат многу докази кај приматите и другите животни
-
5:15 - 5:17дека тие возвраќаат на услугите.
-
5:17 - 5:19Значи тој за возврат ќе добие услуга
-
5:19 - 5:21во одреден период од иднината.
-
5:21 - 5:23Тој е начинот на кој сето ова функционира.
-
5:23 - 5:25Ја направивме истата задача со слонови.
-
5:25 - 5:28Со слонови, многу е опасно да се работи со слонови.
-
5:28 - 5:30Друг проблем со слоновите е
-
5:30 - 5:32дека не можете да направите апарат кој
-
5:32 - 5:34ќе биде доволно тежок за еден слон.
-
5:34 - 5:36Веројатно можете да направите,
-
5:36 - 5:38меѓутоа ќе биде прилично лесен и кревок.
-
5:38 - 5:40Она што направивме во овој случај --
-
5:40 - 5:43овие истражувања ги правиме во Тајланд со Џош Плотник --
-
5:43 - 5:46имаме апарат околу кој има јаже, едно јаже.
-
5:46 - 5:48Ако влечете на оваа страна од јажето,
-
5:48 - 5:50јажето изчезнува на другата страна.
-
5:50 - 5:53Значи потребни се два слона да го земат и да го повлечат во исто време.
-
5:53 - 5:55Инаку ништо нема да се случи
-
5:55 - 5:57и јажето само ќе изчезне.
-
5:57 - 5:59Првата снимка што ќе ја видите
-
5:59 - 6:01е како два слона кои се ослободени заедно
-
6:01 - 6:03пристигнуваат кај апаратот.
-
6:03 - 6:06Апаратот е на лево со храна на истиот.
-
6:06 - 6:09Тие доаѓаат заедно, пристигнуваат заедно,
-
6:09 - 6:11го земаат јажето заедно и заедно го влечат.
-
6:11 - 6:14Всушност е прилично едноставно за нив.
-
6:15 - 6:17Еве ги.
-
6:24 - 6:26Еве како го влечат јажето.
-
6:26 - 6:28Но, сега ќе направиме да биде потешко.
-
6:28 - 6:30Бидејќи целта на овој експеримент е да
-
6:30 - 6:32видиме колку добро ја разбираат соработката.
-
6:32 - 6:35Дали ја разбираат онолку добро како и шимпанзата, на пример?
-
6:35 - 6:37Она што правиме во следниот чекор
-
6:37 - 6:39е, го ослободуваме едниот слон пред другиот,
-
6:39 - 6:41а тој слон треба да биде доволно паметен за
-
6:41 - 6:43да остане таму, да чека и да не го влече јажето --
-
6:43 - 6:46бидејќи ако го повлече, тоа ќе изчезне и тестот ќе заврши.
-
6:46 - 6:48Сега овој слон прави нешто нелегално
-
6:48 - 6:50на кое што ние не го учевме.
-
6:50 - 6:52Меѓутоа ова го покажува неговото разбирање,
-
6:52 - 6:55бидејќи тој ја става неговата голема нога на јажето,
-
6:55 - 6:57стои на јажето и го чека другиот слон,
-
6:57 - 7:00а другиот ќе ја заврши целата работа место него.
-
7:00 - 7:03Ова го нарекуваме паразитизам.
-
7:03 - 7:05(Смеа)
-
7:05 - 7:08Но, ова ја покажува интелигенцијата што ја поседуваат слоновите.
-
7:08 - 7:11Тие развија неколку вакви алтернативни техники, а кои
-
7:11 - 7:14што ние сметаме дека не се нужно потребни.
-
7:14 - 7:19Сега другиот слон доаѓа и тој
-
7:19 - 7:22ќе го повлече.
-
7:38 - 7:41Сега гледајте го другиот. Другиот не заборава да јаде, се разбира.
-
7:41 - 7:45(Смеа)
-
7:45 - 7:47Ова беше соработката, реципрочноста.
-
7:47 - 7:49Сега нешто за емпатијата.
-
7:49 - 7:51Емпатијата е главната тема на моето истражување.
-
7:51 - 7:53Емпатијата има два вида на квалитет.
-
7:53 - 7:56Едниот дел е разбирањето. Ова е една вообичаена дефиниција:
-
7:56 - 7:58способноста за разбирање и споделување на чувствата на другите.
-
7:58 - 8:00И емоционалниот дел.
-
8:00 - 8:02Значи емпатијата во основа има два канала.
-
8:02 - 8:04Едниот е телесниот канал.
-
8:04 - 8:06Ако зборувате со тажна личност,
-
8:06 - 8:09тогаш ќе завземете тажен израз и тажен став,
-
8:09 - 8:11и дур да трепнете станувате тажни.
-
8:11 - 8:14Тоа е еден вид телесен канал на емоционалната емпатија,
-
8:14 - 8:16кој што го поседуваат многу животни.
-
8:16 - 8:18Вашето просечно куче исто така го има тоа.
-
8:18 - 8:20Всушност поради тоа луѓето чуваат цицачи во домот,
-
8:20 - 8:22а не желки или змии или нешто такво кое што
-
8:22 - 8:24не поседува таков вид на емпатија.
-
8:24 - 8:26Исто така постои когнитивниот канал,
-
8:26 - 8:28кое што се однесува на превземањето на нечија друга перспектива.
-
8:28 - 8:30Тоа е повеќе ограничено.
-
8:30 - 8:32Има неколку животни -- мислам дека слоновите и мајмуните го можат тоа --
-
8:32 - 8:35но има многу малку животни кои го можат тоа.
-
8:35 - 8:37Значи, синхронизацијата,
-
8:37 - 8:39која е дел од целиот тој емпатски механизам
-
8:39 - 8:41е многу стара во животинското царство.
-
8:41 - 8:43Кај луѓето, се разбира, тоа можеме да го истражуваме
-
8:43 - 8:45преку заразата од зевање.
-
8:45 - 8:47Луѓето зеваат тогаш кога другите зеваат.
-
8:47 - 8:49Тоа е поврзано со емпатијата.
-
8:49 - 8:51Ги активира истите области од мозокот.
-
8:51 - 8:53Исто така, знаеме дека луѓето кои лесно се заразуваат од зевање
-
8:53 - 8:55имаат високо ниво на емпатија.
-
8:55 - 8:57Луѓето кои имаат проблем со емпатијата, како децата со аутизам,
-
8:57 - 8:59кај нив не се јавува зараза од зевање.
-
8:59 - 9:01Значи е поврзано.
-
9:01 - 9:04Тоа го проучуваме кај нашите шимпанза со тоа што им прикажуваме анимирана глава.
-
9:04 - 9:06Токму тоа гледате горе-лево,
-
9:06 - 9:08анимирана глава што се прозева.
-
9:08 - 9:10Шимпанзото го гледа тоа,
-
9:10 - 9:13вистинско шимпанзо кое гледа во компјутерски екран
-
9:13 - 9:16на кој ги пуштаме овие анимации.
-
9:20 - 9:22(Смеа)
-
9:22 - 9:24Значи, заразата од зевање
-
9:24 - 9:26со која веројатно сите сте запознаени --
-
9:26 - 9:29и можеби ќе почнете сега да зевате сите --
-
9:29 - 9:32е нешто што го споделуваме со другите животни.
-
9:32 - 9:35Тоа е поврзано со целиот тој телесен канал за синхронизација
-
9:35 - 9:37врз кој се базира емпатијата
-
9:37 - 9:40и кој што во основа е универзален кај цицачите.
-
9:40 - 9:43Исто така ги истражуваме и посложените експресии. Ова е утеха.
-
9:43 - 9:46Ова е машко шимпанзо кое изгубило борба и кое што вреска,
-
9:46 - 9:48а младото доаѓа и ја става раката околу него
-
9:48 - 9:50и го смирува.
-
9:50 - 9:53Тоа е утеха. Многу е слична на човечката утеха.
-
9:53 - 9:56Утешното однесување,
-
9:56 - 9:58е поттикнато од емпатијата.
-
9:58 - 10:01Всушност, начин за проучување на емпатијата кај децата
-
10:01 - 10:03е да му кажете на член од семејството да глуми демек е вознемирен,
-
10:03 - 10:05а потоа да гледате што прави детето.
-
10:05 - 10:07Тоа е поврзано со емпатијата,
-
10:07 - 10:10и токму таква експресија бараме да видиме.
-
10:10 - 10:13Неодамна објавивме експеримент за кој можеби имате слушнато.
-
10:13 - 10:16Се работи за алтруизмот и шимпанзата
-
10:16 - 10:18каде што прашањето е, дали шимпанзата се грижат
-
10:18 - 10:20за добросостојбата на некој друг?
-
10:20 - 10:22Со декади се претпоставуваше
-
10:22 - 10:24дека само луѓето го можат тоа,
-
10:24 - 10:27дека само луѓето се грижат за добросостојбата на некој друг.
-
10:27 - 10:29Направивме еден многу едноставен експеримент.
-
10:29 - 10:32Го направивме со шимпанза кои живеат во Лоуренсвил,
-
10:32 - 10:34во станицата во Јеркс.
-
10:34 - 10:36На овој начин живеат.
-
10:36 - 10:39Ги повикуваме во соба и правиме експерименти со нив.
-
10:39 - 10:41Во овој случај, ставивме две шимпанза едно до друго.
-
10:41 - 10:44едното има кофа полна со жетони, а жетоните имаат различни значења.
-
10:44 - 10:47Едниот вид на жетон го храни само партнерот што избира,
-
10:47 - 10:49другиот вид на жетон ги храна двајцата.
-
10:49 - 10:52Ова истражување го направивме со Вики Хорнер.
-
10:53 - 10:55Овде ги гледате двата обоени жетони.
-
10:55 - 10:57Значи имаат полна кофа од истите тие жетони.
-
10:57 - 11:00Мораат да изберат една од двете бои.
-
11:00 - 11:03Ќе видите како оди тоа.
-
11:03 - 11:06Значи, ако ова шимпанзо го направи себичниот избор,
-
11:06 - 11:09во овој случај тоа е црвениот жетон,
-
11:09 - 11:11тој треба да ни го даде на нас.
-
11:11 - 11:14Ние го земаме, го ставаме на маса на која се наоѓаат двете награди во храна,
-
11:14 - 11:17но овој случај само шимпанзото од десно добива храна.
-
11:17 - 11:19Она од лево си заминува бидејќи веќе знае дека ова
-
11:19 - 11:22не е добар тест за нејзе.
-
11:22 - 11:24Следниот е просоцијалниот жетон.
-
11:24 - 11:27Оној што го прави изборот -- ова е интересниот дел овде --
-
11:27 - 11:29за оној кој го прави изборот,
-
11:29 - 11:31нема некое значење.
-
11:31 - 11:34Сега таа ни дава просоцијален жетон и двете шимпанза се нахранети.
-
11:34 - 11:37Значи, шимпанзото кое го прави изборот секогаш добива награда.
-
11:37 - 11:39Значи нема било какво значење.
-
11:39 - 11:41Оттука, претпоставка е дека ќе избира на слепо.
-
11:41 - 11:43Но, она што најдовме
-
11:43 - 11:45е дека тие ги преферираат про-социјалните жетони.
-
11:45 - 11:48Ова е 50 процентната линија, тоа е случајното очекување.
-
11:48 - 11:51И особено ако партнерот го привлече вниманието кон себе, тие бираат повеќе.
-
11:51 - 11:54И ако партнерот изврши притисок врз нив --
-
11:54 - 11:57ако партнерот почне да плука вода и да ги заплашува --
-
11:57 - 12:00тогаш изборите опаѓаат.
-
12:00 - 12:02Како да велат,
-
12:02 - 12:04"ако не се однесуваш примерно, нема да бидам просоцијален денес."
-
12:04 - 12:06Токму ова се случува без партнер,
-
12:06 - 12:08кога нема партнер кој седи таму.
-
12:08 - 12:10Откривме дека шимпанзата навистина се грижат
-
12:10 - 12:12за добро-состојбата на некој друг --
-
12:12 - 12:15особено, ова се други членови од нивната група.
-
12:15 - 12:18Последниот експеримент кој што сакам да го споменам
-
12:18 - 12:20е нашата студија за правдата.
-
12:20 - 12:23Ова стана многу позната студија.
-
12:23 - 12:25Денеска се спроведени уште повеќе,
-
12:25 - 12:27бидејќи откако ја спроведовме оваа пред 10 години,
-
12:27 - 12:29истата стана многу позната.
-
12:29 - 12:31Таа ја спроведовме со мајмуните капучини.
-
12:31 - 12:34Ќе ви го покажам првиот експеримент кој го направивме.
-
12:34 - 12:37Неодамна беше направен со кучиња, со птици
-
12:37 - 12:39и со шимпанза.
-
12:39 - 12:43Но, ние со Сара Броснан започнавме со мајмуни капучини.
-
12:43 - 12:45Она што направивме
-
12:45 - 12:47е ставивме два мајмуни капучини еден до друг.
-
12:47 - 12:49Повторно, овие животни, тие живеат во група, се знаат меѓусебно.
-
12:49 - 12:52Ги земаме од групата, ги ставаме во комора за тестирање.
-
12:52 - 12:54Тука има една многу едноставна задача
-
12:54 - 12:56што треба да ја исполнат.
-
12:56 - 12:59Ако и на двајцата им дадете краставица за задачата,
-
12:59 - 13:01двата мајмуни еден до друг,
-
13:01 - 13:03со задоволство ќе го прават ова 25 пати последователно.
-
13:03 - 13:07Значи краставицата, иако според мене е само вода, но
-
13:07 - 13:10краставицата им е сосем доволна.
-
13:10 - 13:13Но, ако му дадете на партнерот грозје --
-
13:13 - 13:15преференцијата на храна кај моите мајмуни капучини
-
13:15 - 13:18прецизно коренспондира со цените во супермаркетите --
-
13:18 - 13:21ако им дадете грозје -- многу подобра храна --
-
13:21 - 13:24тогаш создавате нееднаквост помеѓу нив.
-
13:24 - 13:26Значи тоа е експериментот што го спроведовме.
-
13:26 - 13:29Неодамна го снимавме со нови мајмуни кои никогаш не ја вршеле задачата,
-
13:29 - 13:31мислејќи дека можеби тие ќе имаат посилна реакција,
-
13:31 - 13:33а тоа се испостави дека е точно.
-
13:33 - 13:35Оној на лево е мајмунот кој што добива краставица.
-
13:35 - 13:38Оној од десно го добива грозјето.
-
13:38 - 13:40Оној што добива краставица,
-
13:40 - 13:42забележете дека првото парче краставица е сосема во ред.
-
13:42 - 13:45Првото парче го јаде.
-
13:45 - 13:48Потоа гледа како другиот добива грозје, и ќе видите што се случува.
-
13:48 - 13:51Таа ни дава камен на нас. Тоа е задачата.
-
13:51 - 13:54А, ние и даваме парче од краставица и таа го јаде.
-
13:54 - 13:57Дргиот треба да ни даде камен.
-
13:57 - 14:00Токму тоа и го прави.
-
14:00 - 14:03Потоа добива грозје и го јаде.
-
14:03 - 14:05Другиот го гледа тоа.
-
14:05 - 14:07Сега ни дава камен,
-
14:07 - 14:10и повторно, добива краставица.
-
14:12 - 14:27(Смеа)
-
14:27 - 14:30Го тестира каменот од ѕидот.
-
14:30 - 14:32Треба да ни го даде на нас.
-
14:32 - 14:35И повторно добива краставица.
-
14:37 - 14:41(Смеа)
-
14:43 - 14:47Во основа сега го гледате протестот на Вол Стрит.
-
14:47 - 14:50(Смеа)
-
14:50 - 14:53(Аплауз)
-
14:53 - 14:55Да ви кажам --
-
14:55 - 14:57имам уште две минути, да ви кажам една интересна приказна за ова.
-
14:57 - 14:59Оваа студија стана многу позната
-
14:59 - 15:01и добивме многу коментари,
-
15:01 - 15:03особено од антрополози, економисти,
-
15:03 - 15:05филозофи.
-
15:05 - 15:07На нив не им се допаѓаше ова воопшто.
-
15:07 - 15:10Бидејќи веќе имаа одлучено во нивните умови, верувам,
-
15:10 - 15:12дека правдата е многу сложена работа.
-
15:12 - 15:14и дека животните не можат да ја имаат.
-
15:14 - 15:16Дури еден филозоф ни напиша дека е
-
15:16 - 15:19невозможно за мајмуните да имаат чувство за правда
-
15:19 - 15:22бидејќи правдата била измислена за време на Француската Револуција.
-
15:22 - 15:24(Смеа)
-
15:24 - 15:27Еден друг напиша цело поглавје
-
15:27 - 15:31велејќи дека тој би поверувал дека е некако поврзано со правдата
-
15:31 - 15:33доколку оној мајмун кој го добива грозјето го одбие истото.
-
15:33 - 15:35Интересно е што Сара Броснан,
-
15:35 - 15:37која го правеше ова со шимпанзата,
-
15:37 - 15:39имаше неколку комбинации на шимпанза
-
15:39 - 15:42каде, навистина, оној кој го добива грозјето го одбиваше истото се
-
15:42 - 15:44додека другиот не добие исто така грозје.
-
15:44 - 15:47Значи доаѓаме многу блиску до човечкото чувство за правда.
-
15:47 - 15:51Мислам дека филозофите треба да ја ревидираат својата филозофија.
-
15:51 - 15:53Да резимирам.
-
15:53 - 15:55Верувам дека постои еволуирана моралност.
-
15:55 - 15:57Мислам дека моралноста е многу повеќе од ова за што зборував,
-
15:57 - 16:00но би била невозможна без овие состојки кои ги наоѓаме
-
16:00 - 16:02кај другите примати,
-
16:02 - 16:04а тоа се емпатијата и утехата,
-
16:04 - 16:07про-социјалните тенденции, реципрочноста и чувството за правда.
-
16:07 - 16:10Работиме на овие поединечни прашања
-
16:10 - 16:13за да видиме дали можеме да ја создадеме моралноста одоздола па нагоре,
-
16:13 - 16:15без притоа да ги вклучуваме Бог и религијата,
-
16:15 - 16:18и да видиме како да дојдеме до еволуирана моралност,
-
16:18 - 16:21Ви благодарам на вашето внимание.
-
16:21 - 16:30(Аплауз)
- Title:
- Франс де Вал: Морално однесување кај животните
- Speaker:
- Frans de Waal
- Description:
-
Емпатија, соработка, правда и реципроцитет -- грижата за добро-состојбата на другите се чини како многу карактеристична особина за луѓето. Меѓутоа Франс де Вал споделува неколку изненадувачки видеа на кои се прикажани бихевиорални тестови спроведени врз примати и разни други цицачи, видеа кои покажуваат колку од овие морални особини секој од нас ги поседува.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 16:31
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Moral behavior in animals | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for Moral behavior in animals | ||
Сања Богоева edited Macedonian subtitles for Moral behavior in animals | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI added a translation |