< Return to Video

Дејвид Блеин: Како успеав да го задржам здивот 17 минути

  • 0:00 - 0:03
    Како магионичар се обидувам да создадам слики
  • 0:03 - 0:06
    кои луѓето ги стаписуваат и замислуваат.
  • 0:06 - 0:08
    Исто така се предизвикувам себе си
  • 0:08 - 0:12
    да направам работи кои за докторите се невозможни.
  • 0:12 - 0:17
    Бев закопан жив во Њујорк во ковчег,
  • 0:17 - 0:20
    закопан жив во ковчег во Април 1999,
  • 0:20 - 0:22
    цела седмица.
  • 0:22 - 0:26
    Преживеав само со вода.
  • 0:26 - 0:29
    И на крајот испадна толку забавно
  • 0:29 - 0:31
    што се одлучив дека би можел
  • 0:31 - 0:33
    да направам други слични подвизи.
  • 0:33 - 0:36
    Следно беше кога се замрзнав во огромна коцка мраз
  • 0:36 - 0:39
    цели три дена и ноќи во Њујорк.
  • 0:39 - 0:44
    Тоа испадна многу потешко одошто очекував.
  • 0:44 - 0:47
    После тоа, стоев на столб триесеттина метри висок
  • 0:47 - 0:49
    цели 36 часа.
  • 0:49 - 0:51
    Започнав да халуцинирам толку силно
  • 0:51 - 0:56
    зградите кои се наоѓаа до мене ми наликуваа на големи животински глави.
  • 0:56 - 0:58
    Следно отидов во Лондон.
  • 0:58 - 1:02
    Во Лондон живеев во стаклена кутија цели 44 дена
  • 1:02 - 1:04
    и тоа само со вода.
  • 1:04 - 1:07
    Беше тоа една од најсложените работи која ја имам направено,
  • 1:07 - 1:11
    но исто така беше и најубавата работа.
  • 1:11 - 1:14
    Имаше толку многу скептици, особено печатот во Лондон
  • 1:14 - 1:17
    и започнаа да ме облетуваат со чизбургери
  • 1:17 - 1:20
    на хеликоптери околу кутијата за да ме намамат.
  • 1:20 - 1:21
    (Смеење)
  • 1:21 - 1:24
    Се чувствував многу задоволно
  • 1:24 - 1:26
    кога New England Journal of Medicine всушност
  • 1:26 - 1:30
    го искористи истражувањето за научни цели.
  • 1:30 - 1:34
    Мојот следен предизвик беше да видам колку долго можам да го задржам здивот,
  • 1:34 - 1:36
    колку долго можам да издржам без ништо,
  • 1:36 - 1:38
    па дури и без воздух.
  • 1:38 - 1:40
    Не ни претпоставував дека тоа ќе стане
  • 1:40 - 1:42
    најневеројатното патување во мојот живот.
  • 1:45 - 1:47
    Како млад магионичар
  • 1:47 - 1:51
    бев опседнат со Худини и со неговите подвизи под вода
  • 1:51 - 1:54
    Така започнав да се натпреварувам со другите деца,
  • 1:54 - 1:56
    да видиме колку долго можам да издржам под вода
  • 1:56 - 1:58
    и додека тие се исправаа и земаа воздух
  • 1:58 - 2:01
    дури и пет пати, јас лежев задржувајќи го првиот здив.
  • 2:01 - 2:03
    Кога станав тинејџер
  • 2:03 - 2:06
    можев да го задржам здивот до три минути и триесет секунди
  • 2:06 - 2:12
    Подоцна открив дека толку изнесувал личниот рекорд на Худини.
  • 2:12 - 2:15
    Во 1987 година слушнав приказна
  • 2:15 - 2:18
    за едно момче кое паднало низ мразот
  • 2:18 - 2:20
    и било заробено во реката.
  • 2:20 - 2:26
    Тој бил под мразот, не дишејќи 45 минути.
  • 2:26 - 2:28
    Кога спасувачите дошле
  • 2:28 - 2:31
    го анимирале и сè тоа поминало без оштетување на мозокот.
  • 2:31 - 2:36
    Неговата телесна температура била симната до 25 степени Целзиусови.
  • 2:36 - 2:39
    Како магионичар мислам дека сè е можно.
  • 2:39 - 2:41
    И мислам дека нешто што е направено од една личност
  • 2:41 - 2:44
    може да го направат и други.
  • 2:44 - 2:47
    Започнав да размислувам, доколку момчето преживеало
  • 2:47 - 2:49
    без дишење, толку долго,
  • 2:49 - 2:51
    мора да постои начин и јас да го сторам истото.
  • 2:51 - 2:54
    Се сретнав со еден врвен неврохирург.
  • 2:54 - 2:56
    И го запрашав, колку долго може
  • 2:56 - 2:59
    да се издржи без дишење, или колку долго можам да издржам без воздух?
  • 2:59 - 3:02
    Ми рече дека сè што е над шест минути
  • 3:02 - 3:04
    носи сериозен ризик
  • 3:04 - 3:08
    за хипоксичко оштетување на мозокот.
  • 3:08 - 3:11
    И тоа си го сфатив како предизвик.
  • 3:11 - 3:12
    (Смеење)
  • 3:12 - 3:17
    Во мојот прв обид, сфатив дека би можел да направам нешто слично,
  • 3:17 - 3:21
    и направив еден резервоар за вода,
  • 3:21 - 3:24
    го наполнив со мраз и ладна вода.
  • 3:24 - 3:27
    И ќе застанев во резервоарот
  • 3:27 - 3:30
    надевајќи се дека мојата телесна температура ќе почне да паѓа.
  • 3:30 - 3:33
    И се тресев целиот. Во мојот прв обид да го задржам здивот
  • 3:33 - 3:35
    не можев да издржам ниту една минута.
  • 3:35 - 3:38
    Сфатив дека тоа воопшто нема да функционира.
  • 3:38 - 3:42
    Отидов кај еден пријател кој е доктор,
  • 3:42 - 3:48
    и го прашав како би можел да го сторам тоа?
  • 3:48 - 3:51
    "Сакам да го задржам здивот навистина долго време. Како може да се стори тоа?"
  • 3:51 - 3:54
    И тој рече, "Дејвид, ти си магионичар,
  • 3:54 - 3:57
    создади илузија дека не дишеш, така ќе е многу полесно."
  • 3:57 - 4:01
    (Смеење)
  • 4:01 - 4:03
    Така тој доби идеја
  • 4:03 - 4:05
    да изработи направа за дишење,
  • 4:05 - 4:07
    со филтер за јаглерод диоксид,
  • 4:07 - 4:12
    која во суштина е обична цевка од Home Depot,
  • 4:12 - 4:15
    со балон залепен со селотејп,
  • 4:15 - 4:18
    потоа предложи ова да го стави во мене,
  • 4:18 - 4:22
    и некако да овозможи циркулација на водухот и дишење
  • 4:22 - 4:24
    со оваа направа во мене.
  • 4:24 - 4:28
    Ова е малку непријатно за гледање.
  • 4:28 - 4:31
    Но ова е тој обид.
  • 4:37 - 4:39
    Но тоа воопшто не функционираше.
  • 4:39 - 4:43
    (Смеење)
  • 4:43 - 4:45
    Тогаш всушност започнав да размислувам за
  • 4:45 - 4:47
    течно дишење.
  • 4:47 - 4:50
    Постои средство наречено перфлуброн.
  • 4:50 - 4:52
    Тоа е толку богато со кислород
  • 4:52 - 4:54
    што теоретски би можеле да го вдишите.
  • 4:54 - 4:57
    Рацете ги брцнав во средството,
  • 4:57 - 5:00
    наполнив еден сад со него и го пикнав лицето во садот
  • 5:00 - 5:02
    и се обидов да вдишам од него,
  • 5:02 - 5:04
    што беше навистина невозможно.
  • 5:04 - 5:07
    Тоа е како да се обидувате да дишете, како што еден доктор рече,
  • 5:07 - 5:09
    додека имате цел слон кој ви стои на градите.
  • 5:09 - 5:11
    Така таа идеја пропадна.
  • 5:11 - 5:13
    Тогаш почнав да размислувам,
  • 5:13 - 5:18
    дали би било возможно да си прикачам бајпас машина за дишење
  • 5:18 - 5:21
    и да се подложам на операција за вградување на црево во мојата артерија,
  • 5:21 - 5:25
    и потоа да не дишам додека машината и дава кислород на крвта?
  • 5:25 - 5:29
    Што исто така беше луда идеја, очигледно.
  • 5:29 - 5:34
    Тогаш се сетив на најлудата идеја од сите можни идеи:
  • 5:34 - 5:36
    да го направам последново.
  • 5:36 - 5:37
    (Смеење)
  • 5:37 - 5:40
    Да се обидам да го задржам здивот после точката
  • 5:40 - 5:45
    која докторите би ја сметале за смртоносна.
  • 5:45 - 5:48
    Така започнав да истражувам
  • 5:48 - 5:50
    кај ловците на бисери.
  • 5:50 - 5:53
    Затоа што тие се симнуваат долу на четири минути во еден здив.
  • 5:53 - 5:55
    И кога истражував меѓу ловците на бисери го открив светот
  • 5:55 - 5:57
    на слободно нуркање.
  • 5:57 - 6:02
    Тоа беше најчудесната работа која некогаш сум ја открил.
  • 6:02 - 6:05
    Постојат неколку различни аспекти на слободното нуркање.
  • 6:05 - 6:08
    Постојат рекорди во длабочина, каде луѓето се спуштаат колку што можат подлабоко.
  • 6:08 - 6:10
    А постои и статичка апнеа.
  • 6:10 - 6:13
    Тоа е кога го задржувате здивот што е можно подолго
  • 6:13 - 6:15
    на едно место без да се движите.
  • 6:15 - 6:17
    Токму тоа и го изучував.
  • 6:17 - 6:20
    Првата работа која ја научив е дека кога го задржувате здивот
  • 6:20 - 6:23
    воопшто не треба да се движите, со тоа трошите енергија.
  • 6:23 - 6:25
    Така се троши кислородот
  • 6:25 - 6:29
    и го зголемува јаглерод диоксидот во вашата крв. Научив дека не треба да мрдам.
  • 6:29 - 6:32
    И научив како да го успорам пулсот на срцето.
  • 6:32 - 6:34
    Морав да останам перфектно мирен и опуштен
  • 6:34 - 6:36
    и да мислам дека не сум во моето тело,
  • 6:36 - 6:38
    и само да го контролирам тоа.
  • 6:38 - 6:40
    И потоа научив како да се полнам.
  • 6:40 - 6:42
    Полнењето е всушност хипервентилирање.
  • 6:42 - 6:45
    Длабоко вдишувате навнатре и издишувате...
  • 6:48 - 6:51
    Го правите тоа, ви се разбиструва главата.
  • 6:51 - 6:53
    И навистина го ослободувате телото од јаглерод диоксид.
  • 6:53 - 6:57
    Така, кога ќе го задржите здивот станува многу полесно.
  • 6:57 - 7:01
    Тогаш сфатив дека треба да вдишете многу длабоко,
  • 7:01 - 7:05
    и да го задржите релаксирани и воопшто да не испуштате воздух,
  • 7:05 - 7:08
    и да се задржите и релаксирате со сите болки.
  • 7:08 - 7:11
    Секое утро, и тоа со месеци,
  • 7:11 - 7:13
    ќе се разбудев и првата работа која ја правев
  • 7:13 - 7:16
    беше да го задржам здивот
  • 7:16 - 7:18
    од вкупно 52 минути,
  • 7:18 - 7:21
    јас го задржував здивот вкупно 44 минути.
  • 7:21 - 7:23
    Всушност, тоа значи дека ќе се наполнев,
  • 7:23 - 7:25
    ќе дишев многу длабоко околу една минута.
  • 7:25 - 7:28
    И ќе го задржев здивот, веднаш потоа, околу пет и пол минути.
  • 7:28 - 7:30
    Потоа повторно дишев околу една минута,
  • 7:30 - 7:32
    полнејќи се што е можно повеќе,
  • 7:32 - 7:35
    и веднаш потоа ќе го задржев здивот уште пет и пол минути.
  • 7:35 - 7:38
    Го повторував овој процес осум пати по ред.
  • 7:38 - 7:42
    Од вкупно 52 минути, вие дишите само осум минути.
  • 7:42 - 7:45
    На крајот вие сте целосно согорени, како и вашиот мозок.
  • 7:45 - 7:47
    Се чувствувате како да одите наоколу занесени.
  • 7:47 - 7:49
    И имате ужасни главоболки.
  • 7:49 - 7:53
    Во основа, не сум најдобриот соговорник кога ги правам овие работи.
  • 7:53 - 7:55
    Започнав да учам повеќе за носителот на светскиот рекорд.
  • 7:55 - 7:57
    Неговото име е Том Зитас.
  • 7:57 - 8:01
    А овој тип е идеално граден за задржување на здивот.
  • 8:01 - 8:05
    Тој е висок 190 см. Има 72 килограми.
  • 8:05 - 8:07
    А вкупниот капацитет на неговите дробови е
  • 8:07 - 8:10
    двојно поголем од просечен човек.
  • 8:10 - 8:13
    Јас сум околу 180 см и дебел сум.
  • 8:13 - 8:15
    Подобро кажано крупен.
  • 8:15 - 8:17
    (Смеење)
  • 8:17 - 8:21
    Морав да симнам 23 килограми за три месеци.
  • 8:21 - 8:23
    Така сè што внесував во моето тело
  • 8:23 - 8:25
    го сметав како лек.
  • 8:25 - 8:30
    Секое најмало парче храна беше точно пресметано со својата хранлива вредност.
  • 8:30 - 8:32
    Јадев навистина мали контролирани количини
  • 8:32 - 8:34
    во текот на денот.
  • 8:34 - 8:37
    И започнав да го прилагодувам моето тело.
  • 8:37 - 8:43
    (Смеење)
  • 8:43 - 8:46
    Колку послаб бев, подолго можев да го задржам мојот здив.
  • 8:46 - 8:50
    Хранејќи се така и тренирајќи напорно,
  • 8:50 - 8:53
    пулсот на срцето ми се спушти на 38 удари во минута.
  • 8:53 - 8:57
    Што е пониско од поголемиот дел олимписки прваци.
  • 8:57 - 8:59
    За четири месеци тренирање, можев да го задржам здивот
  • 8:59 - 9:02
    на повеќе од седум минути.
  • 9:02 - 9:05
    Сакав да пробам да го задржам здивот секаде.
  • 9:05 - 9:07
    Сакав да се обидам во најекстремни ситуации
  • 9:07 - 9:10
    да видам дали можам да го успорам пулсот
  • 9:10 - 9:12
    под невозможното.
  • 9:12 - 9:15
    (Смеење)
  • 9:15 - 9:18
    Решив да го срушам светскиот рекорд
  • 9:18 - 9:20
    во живо на ударната телевизија.
  • 9:20 - 9:24
    Светскиот рекорд беше осум минути и 58 секунди,
  • 9:24 - 9:27
    го држеше Том Зитас, типот со китовски бели дробови за кој ви кажував.
  • 9:27 - 9:29
    (Смеење)
  • 9:29 - 9:32
    Сметав дека би можел да ставам резервоар со вода во Линколн центарот
  • 9:32 - 9:36
    и кога би останал таму цела недела без јадење,
  • 9:36 - 9:38
    би се чувствувал комфорно во таква ситуација
  • 9:38 - 9:40
    и би го успорил мојот метаболизам,
  • 9:40 - 9:42
    за кое бев сигурен дека ќе ми помогне да го задржам здивот
  • 9:42 - 9:44
    подолго одошто бев во можност дотогаш.
  • 9:44 - 9:47
    Но воопшто не бев во право.
  • 9:47 - 9:51
    Влегов во топката една недела пред закажаниот датум за пренос.
  • 9:51 - 9:55
    И мислев дека сè е како што треба.
  • 9:55 - 9:59
    Два дена пред мојот голем подвиг, да напоменам,
  • 9:59 - 10:01
    продуцентите од мојата телевизија
  • 10:01 - 10:04
    мислеа дека само гледањето некого
  • 10:04 - 10:06
    како го задржува здивот, и како скоро се дави,
  • 10:06 - 10:09
    е премногу досадно за на телевизија.
  • 10:09 - 10:11
    (Смеење)
  • 10:11 - 10:13
    Затоа морав да додадам лисици.
  • 10:13 - 10:16
    и додека го задржувам здивот, да се ослободам од нив.
  • 10:16 - 10:19
    Ова беше критична грешка.
  • 10:19 - 10:23
    Бидејќи поради движењето јас го трошев кислородот.
  • 10:23 - 10:25
    И за седум минути веќе се изгубив
  • 10:25 - 10:29
    во овие ужасни контракции.
  • 10:29 - 10:34
    Во 7:08 започнав да се губам.
  • 10:34 - 10:37
    И во 7 минути и 30 секунди
  • 10:37 - 10:41
    мораа да ми го извлечат телото и да ме повратат во живот.
  • 10:45 - 10:47
    Разочарав на сите нивоа.
  • 10:47 - 10:49
    (Смеење)
  • 10:49 - 10:52
    Нормално, единствениот излез од потонувањето
  • 10:52 - 10:54
    на кој можев да се сетам
  • 10:54 - 10:58
    беше, да и се јавам на Опра.
  • 10:58 - 11:01
    (Смеење)
  • 11:01 - 11:03
    И кажав дека сум спремен да се обложам
  • 11:03 - 11:07
    дека ќе го задржам здивот подолго од било кое друго човечко суштество.
  • 11:07 - 11:10
    Тоа беше поинаков рекорд. Тоа беше чист кислород
  • 11:10 - 11:12
    рекорд на статичка апнеа кој Гинис
  • 11:12 - 11:16
    го имаше поставено светскиот рекорд на 13 минути.
  • 11:16 - 11:19
    Значи, прво вдишувате чист кислород,
  • 11:19 - 11:21
    го оксигенизирате телото, исфрлате јаглерод диоксид
  • 11:21 - 11:25
    и сте во можност да издржите подолго.
  • 11:25 - 11:28
    Сфатив дека мојот вистински конкурент
  • 11:28 - 11:30
    беше дабарот.
  • 11:30 - 11:37
    (Смеење)
  • 11:37 - 11:39
    Во Јануари 2008
  • 11:39 - 11:42
    Опра ми даде четири месеци да се подготвам.
  • 11:42 - 11:45
    Затоа спиев во хипоксички шатор секоја вечер.
  • 11:45 - 11:47
    Хипоксички шатор е шатор кој симулира
  • 11:47 - 11:50
    надморска висина од 4.500 метри
  • 11:50 - 11:52
    Нешто како камп на Монт Еверест.
  • 11:52 - 11:55
    Со него, започнувате да го зголемувате
  • 11:55 - 11:58
    бројот на црвени крвни зрнца во телото,
  • 11:58 - 12:01
    што помага подобро да го складирате кислородот.
  • 12:01 - 12:05
    Секое утро, по излегувањето од шаторот,
  • 12:05 - 12:08
    вашиот мозок е целосно испиен.
  • 12:08 - 12:12
    Во мојот прв обид на чист кислород, можев да издржам до 15 минути.
  • 12:12 - 12:15
    Тоа беше прилично голем успех.
  • 12:15 - 12:17
    Неврохирургот ме извлече од водата
  • 12:17 - 12:19
    бидејќи според него, по 15 минути
  • 12:19 - 12:22
    вашиот мозок е готов, вие сте мртов.
  • 12:22 - 12:25
    Тој ме извлече, и јас бев добар.
  • 12:25 - 12:30
    Постоеше една личност која воопшто не беше воодушевена.
  • 12:30 - 12:34
    Мојата поранешна девојка. Додека го рушев светскиот рекорд под вода
  • 12:34 - 12:36
    за прв пат, таа пребаруваше низ моето Blackberry,
  • 12:36 - 12:38
    проверувајќи ги моите пораки.
  • 12:38 - 12:41
    (Смеење)
  • 12:41 - 12:43
    Мојот брат имаше слика од тоа. Тоа е навистина...
  • 12:43 - 12:48
    (Смеење)
  • 12:48 - 12:51
    Тогаш соопштив дека ќе го нападнам
  • 12:51 - 12:53
    рекордот на Зитас, јавно.
  • 12:53 - 12:55
    А тој како одговор,
  • 12:55 - 12:58
    отиде кај Regis and Kelly
  • 12:58 - 13:00
    и го сруши неговиот стар рекорд.
  • 13:00 - 13:04
    Потоа неговиот главен конкурент излезе и го сруши неговиот рекорд.
  • 13:04 - 13:06
    Така одеднаш тој го помести рекордот на
  • 13:06 - 13:09
    16 минути и 32 секунди.
  • 13:09 - 13:12
    Што беше три минути подолго од што бев подготвен.
  • 13:12 - 13:15
    Тоа беше подолго од рекордот.
  • 13:15 - 13:19
    Сакав да ги натерам Science Times да го документираат ова.
  • 13:19 - 13:21
    Сакав да ги натерам да се вклучат.
  • 13:21 - 13:25
    Направив нешто што било која личност
  • 13:25 - 13:28
    сериозно посветена на науката би го направила.
  • 13:28 - 13:31
    Отидов во канцелариите на Њујорк Тајмс
  • 13:31 - 13:33
    и им покажав неколку трикови со карти.
  • 13:33 - 13:37
    (Смеење)
  • 13:37 - 13:40
    Не знам дали беше до магијата или до самите Кајмански острови,
  • 13:40 - 13:42
    но Џон Тирни наседна
  • 13:42 - 13:45
    и напиша статија за сериозноста на задржувањето на здивот.
  • 13:45 - 13:47
    Додека тој беше таму се обидов да го импресионирам.
  • 13:47 - 13:50
    И направив нуркање до 55 метри,
  • 13:50 - 13:54
    што е еднакво на висина на шеснаесеткатница,
  • 13:54 - 13:57
    и додека излегував, се онесвестив под вода,
  • 13:57 - 13:59
    што е многу опасно; така можете да се удавите.
  • 13:59 - 14:01
    За среќа Кирк ме виде
  • 14:01 - 14:03
    доплива и ме извади надвор.
  • 14:03 - 14:06
    Така започнав со целосна фокусираност.
  • 14:06 - 14:09
    Исцрпно тренирав во задржување на здивот
  • 14:09 - 14:11
    за она што требаше да го направам.
  • 14:11 - 14:14
    Но немаше начин како да се подготвам за преносот на ТВ во живо,
  • 14:14 - 14:16
    додека сум кај Опра.
  • 14:16 - 14:20
    Во пракса, би го направил тоа со лицето надолу, плутајќи во базенот.
  • 14:20 - 14:24
    Но на ТВ бараа да стојам исправено.
  • 14:24 - 14:27
    за да можат да ми го гледаат лицето, всушност.
  • 14:27 - 14:29
    Друг проблем беше што
  • 14:29 - 14:31
    оделото ме подигнуваше
  • 14:31 - 14:34
    и мораа да ми ги прицврстат стапалата за да ме спречат да плутам.
  • 14:34 - 14:38
    Морав со нозете да ги држам стапалата во лабави држачи,
  • 14:38 - 14:41
    што беше голем проблем за мене.
  • 14:41 - 14:43
    Тоа ме направи крајно нервозен,
  • 14:43 - 14:45
    ми го зголеми пулсот.
  • 14:45 - 14:47
    Потоа, друго што направија,
  • 14:47 - 14:50
    а што го немавме направено порано, поставија монитор за срцевиот пулс.
  • 14:50 - 14:53
    И тој беше поставен веднаш до топката.
  • 14:53 - 14:56
    Така секој пат кога моето срце ќе отчукаше, го слушав звукот на бип,
  • 14:56 - 14:58
    отчукувањето, навистина гласно.
  • 14:58 - 15:00
    Тоа ме правеше уште понервозен.
  • 15:00 - 15:03
    А нема начин како да го успорам пулсот.
  • 15:03 - 15:06
    Така, вообичаено
  • 15:06 - 15:09
    започнував со 38 удари во минута,
  • 15:09 - 15:12
    и со задржување на здивот, тој ќе се намалеше на 12 удари во минута,
  • 15:12 - 15:14
    што е прилично невообичаено.
  • 15:14 - 15:18
    (Смеење)
  • 15:20 - 15:24
    Овојпат тоа започна со 120 удари,
  • 15:24 - 15:26
    и воопшто не се спушти.
  • 15:26 - 15:29
    Ги поминав првите пет минути под вода
  • 15:29 - 15:32
    очајно обидувајќи се да го намалам пулсот.
  • 15:32 - 15:34
    Само стоев таму и си мислев: "Морам да го намалам.
  • 15:34 - 15:36
    Нема да успеам. Нема да успеам."
  • 15:36 - 15:38
    И станував понервозен.
  • 15:38 - 15:40
    А пулсот само се качуваше сè повеќе и повеќе.
  • 15:40 - 15:42
    сè до 150 удари во минута.
  • 15:45 - 15:48
    Всушност поради истата причина беше неуспехот и во Линколн Центарот.
  • 15:48 - 15:51
    Трошењето на кислородот.
  • 15:51 - 15:53
    Кога стигнав до знакот за половина, на осум минути,
  • 15:53 - 15:56
    бев 100% сигурен
  • 15:56 - 15:58
    дека нема да можам да успеам во ова.
  • 15:58 - 16:00
    Не постоеше начин како да го сторам.
  • 16:00 - 16:04
    И сфатив, дека Опра одвоила еден час
  • 16:04 - 16:07
    за делот со задржувањето на здивот, и доколку се откажам порано
  • 16:07 - 16:10
    целото шоу би било за тоа колку сум разочаран.
  • 16:10 - 16:12
    (Смеење)
  • 16:12 - 16:14
    И сфатив дека е подобро да продолжам
  • 16:14 - 16:16
    и да останам таму додека не се онесвестам,
  • 16:16 - 16:19
    барем ќе ме извадат и ќе се погрижат за мене да останам жив.
  • 16:19 - 16:23
    (Смеење)
  • 16:23 - 16:25
    Продолжив до 10 минути. На 10 минути
  • 16:25 - 16:28
    започнувате да добивате навистина силни
  • 16:28 - 16:30
    чудни боцкања во прстите на рацете и на нозете.
  • 16:30 - 16:32
    И знаев дека тоа е поради крвотокот,
  • 16:32 - 16:34
    кога крвта се повлекува од вашите екстремитети
  • 16:34 - 16:37
    за да обезбеди кислород за виталните органи.
  • 16:40 - 16:42
    На 11 минути започнав да чувствувам
  • 16:42 - 16:44
    пулсирање во моите нозе,
  • 16:44 - 16:48
    и моите усни ги чувствував многу чудно.
  • 16:48 - 16:52
    На 12 минути започна ѕвонењето во моите уши,
  • 16:52 - 16:55
    и осетив дека не ја чувствувам едната рака.
  • 16:55 - 16:58
    Јас сум хипохондрик, и се сетив дека откажувањето на раката значи инфаркт.
  • 16:58 - 17:01
    Започнав да се чувствувам параноично.
  • 17:01 - 17:04
    Потоа на 13 минути, можеби поради хипохондријата,
  • 17:04 - 17:09
    започнав да чувствувам болка во градите.
  • 17:09 - 17:11
    Беше ужасно.
  • 17:11 - 17:13
    На 14 минути,
  • 17:13 - 17:15
    добив ужасни контракции,
  • 17:15 - 17:17
    како да имате потреба за дишење.
  • 17:17 - 17:25
    (Смеење)
  • 17:25 - 17:27
    На 15 минути страдав од
  • 17:27 - 17:30
    значителен недостаток на кислород во срцето.
  • 17:30 - 17:33
    И се здобив со исхемија на срцето.
  • 17:33 - 17:35
    Пулсот на срцето се движеше од 120,
  • 17:35 - 17:41
    на 50, на 150, на 40, на 20, на 150 повторно,
  • 17:41 - 17:43
    Прескокнуваше удари.
  • 17:43 - 17:45
    Ќе започнеше. Ќе престанеше. Го чувствував сè ова.
  • 17:45 - 17:48
    И бев сигурен дека ќе добијам срцев удар.
  • 17:48 - 17:51
    На 16 минути ги извлеков моите стапала надвор
  • 17:51 - 17:54
    зашто знаев дека ако излегувам
  • 17:54 - 17:56
    доколку добијам срцев удар, ќе мораат да
  • 17:56 - 17:58
    скокнат во резервоарот и да ми ги извлечат стапалата
  • 17:58 - 18:00
    пред да ме подигнат. Поради тоа бев нервозен.
  • 18:00 - 18:03
    Ги отпуштив стапалата и почнав да плутам на површината.
  • 18:03 - 18:05
    И не ја извадив главата надвор.
  • 18:05 - 18:07
    Само плутав чекајќи моето срце да престане да чука,
  • 18:07 - 18:09
    едноставно чекав.
  • 18:09 - 18:11
    Тие имаа доктори со "Pst,", кои
  • 18:11 - 18:13
    седеа и чекаа.
  • 18:13 - 18:15
    И одеднаш слушнав врискање.
  • 18:15 - 18:17
    Мислев дека се случила некаква чудна работа --
  • 18:17 - 18:20
    дека умрев или нешто се случило.
  • 18:20 - 18:24
    Веднаш сфатив дека стигнав до 16:32.
  • 18:24 - 18:27
    Со преостанатата енергија која ја имав
  • 18:27 - 18:29
    решив да продолжам да издржам.
  • 18:29 - 18:31
    И стигнав до 17 минути и 4 секунди.
  • 18:31 - 18:41
    (Аплауз)
  • 18:41 - 18:43
    Како тоа да не беше доволно, веднаш потоа
  • 18:43 - 18:45
    отидов во Quest Labs
  • 18:45 - 18:47
    и им дозволив да ги земат сите можни примероци од крв
  • 18:47 - 18:50
    за да ги тестираат и да видат до каде се моите граници,
  • 18:50 - 18:52
    и докторите да можат да ги искористат, уште еднаш.
  • 18:52 - 18:54
    И не сакав никој да ме оспорува.
  • 18:54 - 18:56
    Имав светски рекорд и сакав да
  • 18:56 - 18:58
    да се осигурам дека е легитимен.
  • 18:58 - 19:01
    Отидов отидов во Њујорк следниот ден,
  • 19:01 - 19:04
    и едно дете наиде на мене - Јас влегувам во продавница на Епл -
  • 19:04 - 19:06
    детево наидува на мене и ми вели, "Eј, Ди"
  • 19:06 - 19:08
    Јас велам, "Да"?
  • 19:08 - 19:11
    Тоа вели, "Ако навистина го задржа здивот толку долго,
  • 19:11 - 19:13
    зошто од водата излезе сув?"
  • 19:13 - 19:15
    Јас си реков: "Што?"
  • 19:15 - 19:17
    (Смеење)
  • 19:17 - 19:19
    И тоа е мојот живот. Така да...
  • 19:19 - 19:24
    (Смеење)
  • 19:24 - 19:26
    Како магионичар правам работи кои на луѓето
  • 19:26 - 19:28
    им изгледаат невозможно.
  • 19:28 - 19:31
    И мислам дека магијата, кога го задржувам здивот
  • 19:31 - 19:33
    или правам трикови со карти,
  • 19:33 - 19:35
    е прилично едноставен.
  • 19:35 - 19:39
    Само вежбање, само тренинг, и тоа е -
  • 19:39 - 19:43
    само вежбање, само треннг и експериментирање,
  • 19:43 - 19:46
    додека се борам со болката за да бидам најдобар што можам.
  • 19:46 - 19:50
    И тоа е магијата за мене, затоа ви благодарам.
  • 19:50 - 19:58
    (Аплауз)
Title:
Дејвид Блеин: Како успеав да го задржам здивот 17 минути
Speaker:
David Blaine
Description:

Во овој личен говор, магионичарот и каскадерот Дејвид Блеин опишува што сè му било потребно за да успее да не дише под вода цели 17 минути - светски рекорд (само една минута помалку од неговиот говор!) - и колку му значи неговата работа честопати опасна по неговиот живот. Предупредување: НЕ го пробувајте ова дома.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
19:58
Dejan Spaseski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions