Чимаманда Адичи: опасноста од еднострана приказна
-
0:00 - 0:02Јас сум раскажувач на приказни.
-
0:02 - 0:05И би сакала да ви раскажам неколку лични приказни
-
0:05 - 0:10за она што го нарекувам „опасност од еднострана приказна“.
-
0:10 - 0:14Израснав во универзитетски кампус во источна Нигерија.
-
0:14 - 0:17Мајка ми вели дека сум почнала да читам на две години,
-
0:17 - 0:22иако мислам дека поверојатно е дека сум имала четири.
-
0:22 - 0:24Значи, читам уште од мала.
-
0:24 - 0:27А читав американски и британски книги за деца.
-
0:27 - 0:30И пишував од мала.
-
0:30 - 0:34Отприлика на седум години почнав да пишувам приказни со молив
-
0:34 - 0:36што ги илустрирав со боички
-
0:36 - 0:39и кои мојата сирота мајка мораше да ги чита.
-
0:39 - 0:43Приказните што ги пишував беа исти како оние што ги читав.
-
0:43 - 0:48Сите ликови беа бели и со сини очи.
-
0:48 - 0:50Си играа во снегот.
-
0:50 - 0:52Јадеа јаболка.
-
0:52 - 0:54(Смеа)
-
0:54 - 0:56Постојано коментираа за времето,
-
0:56 - 0:58колку е убаво што конечно е сончево.
-
0:58 - 1:00(Смеа)
-
1:00 - 1:03Зборуваа вака и покрај тоа што живеев во Нигерија.
-
1:03 - 1:07Никогаш немав излезено од Нигерија.
-
1:07 - 1:10Немавме снег. Јадевме манго.
-
1:10 - 1:12И никогаш не зборувавме за времето,
-
1:12 - 1:14бидејќи немаше потреба.
-
1:14 - 1:17Моите ликови пиеја пиво од ѓумбир,
-
1:17 - 1:19затоа што ликовите од британските книги што ги читав
-
1:19 - 1:21пиеја пиво од ѓумбир.
-
1:21 - 1:24Не беше важно што немав поим што е тоа пиво од ѓумбир.
-
1:24 - 1:25(Смеа)
-
1:25 - 1:28И многу години потоа, душа давав
-
1:28 - 1:30да пробам пиво од ѓумбир.
-
1:30 - 1:32Ама тоа е друга приказна.
-
1:32 - 1:34Според мене, од ова се гледа
-
1:34 - 1:37колку длабок впечаток
-
1:37 - 1:39ни оставаат приказните и колку ни влијаат,
-
1:39 - 1:41особено како деца.
-
1:41 - 1:43Во сите книги што ги читав
-
1:43 - 1:45имаше странски ликови,
-
1:45 - 1:47па бев убедена дека книгите сами по себе
-
1:47 - 1:50мора да имаат странски ликови
-
1:50 - 1:52и да се за нешта
-
1:52 - 1:55што ми се туѓи.
-
1:55 - 1:59Сѐ се смени кога ги открив африканските книги.
-
1:59 - 2:01Ги немаше многу.
-
2:01 - 2:03А и многу потешко се наоѓаа од странските.
-
2:03 - 2:07Но, поради писатели како Чинуа Ачебе и Камара Лае
-
2:07 - 2:09книжевноста почнав да ја гледам
-
2:09 - 2:11со други очи.
-
2:11 - 2:13Сфатив дека и сличните на мене,
-
2:13 - 2:15девојките со чоколаден тен
-
2:15 - 2:18и со пуцвал коса што не може да се врзе во репче,
-
2:18 - 2:20можат да бидат во приказните.
-
2:20 - 2:24Така почнав да пишувам за нешта што ми се блиски.
-
2:24 - 2:28Ги обожавав американските и британските книги што ги читав.
-
2:28 - 2:32Ми ја разбранува фантазијата. Ми ги прошируваа видиците.
-
2:32 - 2:34Но, исто така, поради нив не знаев
-
2:34 - 2:36и дека во литературата,
-
2:36 - 2:38постојат и луѓе како мене.
-
2:38 - 2:42Откако ги открив африканските писатели,
-
2:42 - 2:45се спасив од опасноста да имам еднострана приказна
-
2:45 - 2:47за тоа како треба да изгледаат книгите.
-
2:47 - 2:50Потекнувам од просечно нигериско семејство од средната класа.
-
2:50 - 2:52Татко ми беше професор.
-
2:52 - 2:55Мајка ми беше службеничка.
-
2:55 - 2:58Како и сите други,
-
2:58 - 3:03имавме куќна послуга, обично луѓе од околните села.
-
3:03 - 3:07Кога наполнив осум години, дојде уште едно момче во послугата.
-
3:07 - 3:09Се викаше Фиде.
-
3:09 - 3:12За него мајка ми ни кажа
-
3:12 - 3:15само дека е од многу сиромашно семејство.
-
3:15 - 3:17Мајка ми им праќаше компири и ориз,
-
3:17 - 3:20како и износената облека.
-
3:20 - 3:22И кога немаше да ја дојадам вечерата, мајка ми ќе речеше,
-
3:22 - 3:27„Дојади! Знаеш дека луѓе како семејството на Фиде немаат леб да јадат“.
-
3:27 - 3:31Затоа, многу ми беше жал за семејството на Фиде.
-
3:31 - 3:34Една сабота отидовме кај него в село.
-
3:34 - 3:38Мајка му ни покажа кошничка од обоена рафија
-
3:38 - 3:41со интересна плетка, што брат му ја изработил.
-
3:41 - 3:43Бев вчудоневидена.
-
3:43 - 3:46Ни на крај памет не ми беше
-
3:46 - 3:49дека некој од неговото семејство може да направи било што.
-
3:49 - 3:52Единствено што слушав за нив е дека биле многу сиромашни,
-
3:52 - 3:54па не можев да ги гледам
-
3:54 - 3:57никако поинаку.
-
3:57 - 4:01Нивната сиромаштија беше мојата еднострана приказна за нив.
-
4:01 - 4:03Години подоцна, размислував за ова
-
4:03 - 4:06кога заминав од Нигерија на студии во САД.
-
4:06 - 4:08Имав деветнаесет години.
-
4:08 - 4:12Ја шокирав цимерката, што беше Американка.
-
4:12 - 4:15Ме праша каде сум научила англиски толку добро
-
4:15 - 4:17и се збуни кога ѝ кажав дека по некоја случајност
-
4:17 - 4:22англискиот е официјален јазик на Нигерија.
-
4:22 - 4:26Побара да ѝ пуштам “племенска музика”, како што ја нарекуваше,
-
4:26 - 4:28и се разочара
-
4:28 - 4:30кога ја извадив касетата од Мараја Кери.
-
4:30 - 4:33(Смеа)
-
4:33 - 4:35Мислеше дека не знам
-
4:35 - 4:38да уклучам шпорет.
-
4:38 - 4:40Ме погоди тоа што ме сожалувала
-
4:40 - 4:42уште пред да ме види.
-
4:42 - 4:46Кон мене, како Африканка,
-
4:46 - 4:50покажуваше еден вид снисходливо, добронамерно сожалување.
-
4:50 - 4:53Цимерка ми имаше еднострана приказна за Африка.
-
4:53 - 4:56Еднострана приказна за катастрофа.
-
4:56 - 4:58Во оваа еднострана приказна немаше шанси
-
4:58 - 5:02Африканците да имаат некаква сличност со неа.
-
5:02 - 5:05Немаше шанси за нешто повеќе од сожалување.
-
5:05 - 5:09Немаше шанси да бидеме еднакви како луѓе.
-
5:09 - 5:11Мора да признаам дека пред да заминам за САД
-
5:11 - 5:14свесно не се идентификував како Африканка.
-
5:14 - 5:17Но, кога и да се споменеше Африка таму, луѓето ми се обраќаа,
-
5:17 - 5:21без разлика што не знаев ништо за места како Намибија.
-
5:21 - 5:23Сепак, на крајот го прифатив овој нов идентитет
-
5:23 - 5:26и сега се сметам за Африканка поради многу причини.
-
5:26 - 5:28Сепак, многу се нервирам
-
5:28 - 5:30кога Африка ја нарекуваат држава.
-
5:30 - 5:34Последен пример за ова е летот од Лагос пред два дена
-
5:34 - 5:36кој цело време беше пријатен,
-
5:36 - 5:38освен кога од авиокомпанијата Вирџин нѐ известија
-
5:38 - 5:43за хуманитарната работа во „Индија, Африка и други држави“.
-
5:43 - 5:44(Смеа)
-
5:44 - 5:48По неколку години поминати во САД како Африканка,
-
5:48 - 5:52почнав да ѝ ги разбирам реакциите на цимерката.
-
5:52 - 5:55Да не пораснев во Нигерија и ако за Африка знаев само
-
5:55 - 5:57од општоприфатената слика,
-
5:57 - 6:00тогаш и јас ќе мислев дека Африка
-
6:00 - 6:04е земја на преубави пејзажи, преубави животни
-
6:04 - 6:06и неразбирливи луѓе,
-
6:06 - 6:09кои водат бесмислени војни, умираат од сиромаштија и сида,
-
6:09 - 6:12немаат право на свое мислење
-
6:12 - 6:14и чекаат да ги спаси
-
6:14 - 6:17некој љубезен бел странец.
-
6:17 - 6:19Тогаш би ги доживувала Африканците на ист начин
-
6:19 - 6:23како што го доживував семејството на Фиде кога бев мала.
-
6:23 - 6:27Според мене, единостраната приказна за Африка потекнува од западната литература.
-
6:27 - 6:29Еве еден цитат
-
6:29 - 6:32од делата на Џон Лок, трговец од Лондон,
-
6:32 - 6:35кој отпловил во западна Африка во 1561 година
-
6:35 - 6:40и фантастично го опишал своето патување.
-
6:40 - 6:42Откако црните Африканци ги опишува
-
6:42 - 6:44како „ѕверови без куќи“,
-
6:44 - 6:48вели „Тие се и луѓе без глави,
-
6:48 - 6:53со устата и очите на градите“.
-
6:53 - 6:55Кога и да го прочитам ова, се смеам.
-
6:55 - 6:59Фантазијата на Џон Лок е за восхит.
-
6:59 - 7:01Но, неговите дела се важни
-
7:01 - 7:03зашто го означуваат почетокот
-
7:03 - 7:06на традицијата на раскажување приказни за Африка на Западот,
-
7:06 - 7:09во која супсахарска Африка е место на негативности,
-
7:09 - 7:11на разлики, на мрак,
-
7:11 - 7:15на луѓе кои се, како што вели прекрасниот поет
-
7:15 - 7:17Радјард Киплинг,
-
7:17 - 7:20„пола ѓаволи, пола деца“.
-
7:20 - 7:23Така, почнав да сфаќам дека цимерката од Америка
-
7:23 - 7:25сигурно слушнала и видела
-
7:25 - 7:27само различни верзии
-
7:27 - 7:29на оваа еднострана приказна,
-
7:29 - 7:31исто како и еден професор
-
7:31 - 7:36кој еднаш ми рече дека мојот роман не бил „автентично африкански“.
-
7:36 - 7:38Искрено, спремна бев да признаам дека многу работи во романот
-
7:38 - 7:40не чинеа
-
7:40 - 7:44и дека во многу погледи тој беше неуспешен.
-
7:44 - 7:46Но, ни на крај памет не ми падна дека не сум успеала
-
7:46 - 7:49да доловам нешто наречено „африканска автентичност“.
-
7:49 - 7:51Всушност, не ни знаев
-
7:51 - 7:54што е африканска автентичност.
-
7:54 - 7:56Професорот ми кажа дека моите ликови
-
7:56 - 7:58премногу личат на него,
-
7:58 - 8:00образован човек од средната класа.
-
8:00 - 8:02Моите ликови возеа коли
-
8:02 - 8:05и не гладуваа.
-
8:05 - 8:09Затоа, тие не беа автентични Африканци.
-
8:09 - 8:12Но, веднаш да ви кажам дека и јас сум исто толку виновна
-
8:12 - 8:15во однос на едностраната приказна.
-
8:15 - 8:19Пред неколку години, од САД го посетив Мексико.
-
8:19 - 8:21Тогаш политичката клима во САД беше напната.
-
8:21 - 8:25Се дебатираше за имиграцијата.
-
8:25 - 8:27И како што често се случува во САД,
-
8:27 - 8:30имиграцијата стана синоним за Мексиканец.
-
8:30 - 8:32Се ширеа безброј приказни
-
8:32 - 8:34дека Мексиканците
-
8:34 - 8:36го дерат здравството,
-
8:36 - 8:38минуваат граница на црно,
-
8:38 - 8:42ги апсат на граница, такви работи.
-
8:42 - 8:46Се сеќавам на првиот ден во Гвадалахара.
-
8:46 - 8:48Се шетав, ги гледав луѓето како одат на работа,
-
8:48 - 8:50виткаат тортиљи на пазар,
-
8:50 - 8:53пушат, се смеат.
-
8:53 - 8:56Се сеќавам дека отпрвин се подизненадив.
-
8:56 - 8:59А потоа, пропаднав во земја.
-
8:59 - 9:02Сфатив дека медиумскиот приказ
-
9:02 - 9:04на Мексиканците толку многу ми влијаел
-
9:04 - 9:06што ги гледав
-
9:06 - 9:09само како бедни имигранти.
-
9:09 - 9:11Наседнав на едностраната приказна за Мексиканците
-
9:11 - 9:14и умрев од срам.
-
9:14 - 9:16Ете така се создава еднострана приказна;
-
9:16 - 9:19ако постојано претставувате само една особина на народот,
-
9:19 - 9:21само една,
-
9:21 - 9:23без престан,
-
9:23 - 9:26тогаш само по тоа и ги препознаваме.
-
9:26 - 9:28Невозможно е да се зборува за еднострана приказна
-
9:28 - 9:31без да се зборува за моќ.
-
9:31 - 9:33Кога и да помислам
-
9:33 - 9:35на структурите на моќ во светот,
-
9:35 - 9:38ми текнува на зборот „нкали“, од јазикот Игбо.
-
9:38 - 9:40Тоа е именка што во слободен превод
-
9:40 - 9:43значи „да се биде поголем од другиот“.
-
9:43 - 9:46Принципот „нкали“
-
9:46 - 9:48не ги одредува само економијата и политиката,
-
9:48 - 9:51туку и приказните.
-
9:51 - 9:53Од моќта зависи како се раскажани,
-
9:53 - 9:56кој ги раскажува, кога ги раскажува
-
9:56 - 10:00и колку приказни раскажува.
-
10:00 - 10:03Кога имате моќ, не само што можете на другите да им раскажете приказна за еден човек,
-
10:03 - 10:07туку приказната да ја претставите и како единствената приказна за тој човек.
-
10:07 - 10:09Палестинскиот поет Моурид Бархоти пишува
-
10:09 - 10:12дека ако сакате да негирате еден народ,
-
10:12 - 10:15најлесно е да ја започнете приказната
-
10:15 - 10:18со „и како второ “.
-
10:18 - 10:22Наместо со пристигнувањето на Британците,
-
10:22 - 10:25почнете ја приказната со стрелите на домородците од Америка,
-
10:25 - 10:28и имате сосем поинаква приказна.
-
10:28 - 10:30Почнете ја приказната
-
10:30 - 10:32со пропаѓањето на африканската држава,
-
10:32 - 10:36а не со создавањето на африканската држава со колонизација,
-
10:36 - 10:40и имате сосема поинаква приказна.
-
10:40 - 10:42Неодамна говорев на еден универзитет,
-
10:42 - 10:44каде еден студент ми рече
-
10:44 - 10:46дека е огромна штета
-
10:46 - 10:49што Нигеријците се насилници,
-
10:49 - 10:52како ликот на таткото во мојот роман.
-
10:52 - 10:54Му реков дека само што го прочитав романот
-
10:54 - 10:56„Американски психопат“
-
10:56 - 10:58(Смеа)
-
10:58 - 11:00и дека е жалосно
-
11:00 - 11:03што младите Американци се сериски убијци.
-
11:03 - 11:07(Смеа)
-
11:07 - 11:13(Аплауз)
-
11:13 - 11:16Секако, бев благо изреволтирана кога го реков тоа.
-
11:16 - 11:18(Смеа)
-
11:18 - 11:20Никогаш не би ми паднало на памет
-
11:20 - 11:22дека сите Американци се сериски убијци
-
11:22 - 11:24само зашто сум прочитала роман
-
11:24 - 11:26во кој еден од ликовите
-
11:26 - 11:28бил сериски убиец.
-
11:28 - 11:31Значи, не дека сум подобра од тој студент,
-
11:31 - 11:34туку заради културната и економската моќ на Америка
-
11:34 - 11:36имав пристап до многу приказни за Америка.
-
11:36 - 11:40Ги имам прочитано Тајлер, Апдајк, Стајнбек и Гејтскил.
-
11:40 - 11:43Немав само еднострана приказна за Америка.
-
11:43 - 11:46Кога дознав пред неколку години дека писателите
-
11:46 - 11:50требало да имаат мошне тешко детство
-
11:50 - 11:52за да бидат успешни,
-
11:52 - 11:54ми падна на ум дека можам да измислам
-
11:54 - 11:56триста работи што ми ги направиле моите родители.
-
11:56 - 11:58(Смеа)
-
11:58 - 12:02Што е за право, имав среќно детство,
-
12:02 - 12:05исполнето со смеа и љубов, и во семејството бевме многу блиски.
-
12:05 - 12:09Но имав и дедовци кои умреле во кампови за бегалци.
-
12:09 - 12:13Братучед ми Поли умре зашто не доби соодветна здравствена нега.
-
12:13 - 12:16Една блиска другарка, Околома, загина во авионска несреќа
-
12:16 - 12:19бидејќи немало вода во противпожарните камиони.
-
12:19 - 12:22Пораснав во време на репресивен воен режим
-
12:22 - 12:24што не го ценеше образованието,
-
12:24 - 12:27па се случуваше моите да не добијат плата.
-
12:27 - 12:31Така, како дете, почна да снемува мармалад за доручек,
-
12:31 - 12:33па снема и маргарин,
-
12:33 - 12:36па лебот поскапе,
-
12:36 - 12:39па се чекаше ред за млеко.
-
12:39 - 12:42Како капак на сѐ, бевме присилени да го прифатиме
-
12:42 - 12:46наметнатиот страв од властите.
-
12:46 - 12:48Сиве овие приказни ме дефинираат.
-
12:48 - 12:52Но, ако се фокусирам само на негативните приказни,
-
12:52 - 12:55го гледам животното искуство само дводимензионално
-
12:55 - 12:57и ги прескокнувам многуте други приказни
-
12:57 - 12:59што ме оформија.
-
12:59 - 13:02Со едностраната приказна се создаваат стереотипи.
-
13:02 - 13:05Не дека стереотипите
-
13:05 - 13:07не се вистинити,
-
13:07 - 13:09туку се нецелосни.
-
13:09 - 13:13Една приказна ја претставуваат како единствената приказна.
-
13:13 - 13:15Секако, Африка е континент преплавен со несреќи.
-
13:15 - 13:19Некои се страшни, како ѕверските силувања во Конго.
-
13:19 - 13:21Некои се очајни, како што во Нигерија
-
13:21 - 13:26за едно работно место се пријавуваат 5000 луѓе.
-
13:26 - 13:29Но, има и други приказни што не се за несреќи.
-
13:29 - 13:33Како и негативните приказни, навистина е важно да ги раскажуваме и овие добри приказни.
-
13:33 - 13:35Цел живот верувам дека не е можно
-
13:35 - 13:38човек вистински да се поврзе со едно место или личност
-
13:38 - 13:42без претходно да се поврзе со сите приказни за тоа место и таа личност.
-
13:42 - 13:45Едностраната приказна има една последица :
-
13:45 - 13:48го лишува човека од достоинството.
-
13:48 - 13:52Тешко согледуваме дека сите сме еднакви.
-
13:52 - 13:55Ги истакнува нашите разлики,
-
13:55 - 13:57а не нашите сличности.
-
13:57 - 13:59Што ако пред да одам во Мексико ги следев
-
13:59 - 14:03и американската и мексиканската страна
-
14:03 - 14:05на дебатата за имиграција?
-
14:05 - 14:09Што ако мајка ми ни имаше кажано дека семејството на Фиде е сиромашно
-
14:09 - 14:11и трудољубиво?
-
14:11 - 14:13Што ако имавме африканска национална телевизија
-
14:13 - 14:17која емитува најразлични африкански приказни низ целиот свет?
-
14:17 - 14:19Она што нигерискиот писател Чинуа Ачебе
-
14:19 - 14:22го нарекува „рамнотежа на приказни“.
-
14:22 - 14:25Што ако цимерка ми знаеше за мојот нигериски издавач,
-
14:25 - 14:27Мукта Бакарај,
-
14:27 - 14:29неверојатен човек кој си даде отказ во банката
-
14:29 - 14:32за да си го оствари сонот и да отвори издавачка куќа?
-
14:32 - 14:36Општото мислење беше дека Нигеријците не читаат литература.
-
14:36 - 14:38Тој не се сложуваше. Според него,
-
14:38 - 14:40луѓето кои знаат да читаат би читале
-
14:40 - 14:44доколку литературата им е поевтина и подостапна.
-
14:44 - 14:47Откако тој го објави мојот прв роман,
-
14:47 - 14:50за кратко време бев на интервју во една телевизија во Лaгос.
-
14:50 - 14:53Една жена која таму работеше како курир, ми пријде и ми рече:
-
14:53 - 14:56„Многу ми се допадна книгата, но не ми се допадна крајот.
-
14:56 - 14:59Напиши втор дел, и вака да биде...“
-
14:59 - 15:02(Смеа)
-
15:02 - 15:05И продолжи да ми кажува што да напишам во вториот дел.
-
15:05 - 15:08Ме восхити, но и ме трогна.
-
15:08 - 15:11Пред мене стоеше жена, од широките народни маси во Нигерија
-
15:11 - 15:14што наводно не читаат.
-
15:14 - 15:16Но таа не само што ја имаше прочитано книгата,
-
15:16 - 15:19туку ја чувствуваше како своја и си зеде за право
-
15:19 - 15:21да ми каже што да напишам во вториот дел.
-
15:21 - 15:25Што ако цимерка ми знаеше за другарка ми Фуми Онда,
-
15:25 - 15:28бестрашна жена која води ТВ емисија во Лагос,
-
15:28 - 15:31и е решена да ги раскаже приказните што ги избегнуваме?
-
15:31 - 15:35Што ако цимерка ми знаеше за операцијата на срце
-
15:35 - 15:38што ја изведоа минатата недела во болницата во Лагос?
-
15:38 - 15:42Што ако цимерка ми знаеше за современата нигериска музика?
-
15:42 - 15:45Талентирани луѓе кои пеат на англиски и на пиџин,
-
15:45 - 15:47на игбо, на јоруба и на иџо,
-
15:47 - 15:51со најразлични влијанија, од Џеј-Зи до Фела,
-
15:51 - 15:54Боб Марли и нивните дедовци?
-
15:54 - 15:56Што ако цимерка ми ја знаеше адвокатката
-
15:56 - 15:58која неодамна отиде во суд во Нигерија
-
15:58 - 16:00за да оспори еден апсурден закон
-
16:00 - 16:03со кој на жените им се забранува да ги обноват пасошите
-
16:03 - 16:06без претходна дозвола од мажот?
-
16:06 - 16:09Што ако цимерка ми знаеше за Ноливуд,
-
16:09 - 16:13град полн со креативни луѓе кои снимаат филмови и покрај техничките тешкотии?
-
16:13 - 16:15Овие филмови се толку популарни
-
16:15 - 16:17што се најдобар пример
-
16:17 - 16:20за тоа како Нигеријците го трошат она што го произведуваат.
-
16:20 - 16:23Што ако цимерка ми знаеше за мојата амбициозна фризерка,
-
16:23 - 16:27која само што започна бизнис со надградба на коса?
-
16:27 - 16:29Или за милиони други Нигеријци
-
16:29 - 16:31кои почнуваат бизнис, понекогаш не успеваат,
-
16:31 - 16:35ама и понатаму се амбициозни?
-
16:35 - 16:37Кога и да сум дома се соочувам
-
16:37 - 16:40со она што секојдневно ги нервира повеќето Нигеријци:
-
16:40 - 16:43пропаднатата инфраструктура, пропаднатата власт.
-
16:43 - 16:46Но се соочувам и со неверојатно истрајни луѓе
-
16:46 - 16:49кои успеваат и покрај власта,
-
16:49 - 16:51а не поради неа.
-
16:51 - 16:54Секое лето во Лагос водам работилници по пишување.
-
16:54 - 16:57И ме зачудува колку многу луѓе се пријавуваат,
-
16:57 - 17:00колку многу луѓе се желни да пишуваат,
-
17:00 - 17:02да раскажуваат приказни.
-
17:02 - 17:05Со нигерискиот издавач основавме непрофитна организација,
-
17:05 - 17:07„Фондација Фарафина“.
-
17:07 - 17:10И имаме визија да изградиме библиотеки
-
17:10 - 17:12и да ги реновираме постоечките,
-
17:12 - 17:15да набавиме книги за државните училишта,
-
17:15 - 17:17што имаат речиси празни библиотеки,
-
17:17 - 17:19и да организираме уште повеќе работилници,
-
17:19 - 17:21за читање и пишување,
-
17:21 - 17:24за сите кои се желни да ги раскажат нашите бројни приказни.
-
17:24 - 17:26Приказните се битни.
-
17:26 - 17:28Важно е да се има многу приказни.
-
17:28 - 17:32Сведоци сме за приказни што се користеа за омаловажување и оцрнување.
-
17:32 - 17:36Но, исто така, приказните можат да се користат и за охрабрување и сочувствување.
-
17:36 - 17:39Со приказните можете да му го скршите достоинството на еден народ.
-
17:39 - 17:44Но, со приказните може и да се врати тоа достоинство.
-
17:44 - 17:46Американската писателка Алис Вокер
-
17:46 - 17:48вака ги опишува роднините од југот
-
17:48 - 17:50кои се преселиле на север.
-
17:50 - 17:52Им дала книга за животот на југот
-
17:52 - 17:55кој го оставиле зад себе.
-
17:55 - 17:59„Испоседнати, ја читаа книгата,
-
17:59 - 18:05ме слушаа кога им ја читав, и повторно како да придобија еден вид рај“.
-
18:05 - 18:08Би завршила со една мисла:
-
18:08 - 18:11Кога ја отфрламе едностраната приказна,
-
18:11 - 18:14кога сфаќаме дека никогаш не постои само еднострана приказна
-
18:14 - 18:16за едно место,
-
18:16 - 18:18повторно сме го придобиле рајот.
-
18:18 - 18:20Ви благодарам.
-
18:20 - 18:28(Аплауз)
- Title:
- Чимаманда Адичи: опасноста од еднострана приказна
- Speaker:
- Chimamanda Ngozi Adichie
- Description:
-
Животите и културите ни се создадени од повеќе испреплетени приказни. Писателката Чимаманда Адичи ни ја раскажува приказната како си го пронашла автентичниот културолошки глас -- и предупредува дека ако чуеме само една страна од приказната за еден човек или земја, ризикуваме да настане големо недоразбирање. Текстот го преведоа студентите од четврта година од Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје во декември 2010 г.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 18:29