-
Во општество што се распаѓа и уметноста,
-
доколку е веродостојна, мора да одразува распаѓање.
-
Освен ако не сака да ја изневери својата општествена функција
-
Уметноста мора да го прикаже светот како менлив
-
И да помогне во неговото менување.
-
- Ернест Фишер
-
Смртоносни немири поради планот на Владата
-
да го избегне не-исплаќањето на нејзините кредити...
-
дали поради тоа што невработеноста продолжува
-
да расте и дали мора да се одржува во пораст
-
само затоа што ние имаме вишок на понуда на стоки...
-
сето ова се позајмени пари...
-
а долгот е во сопственост на банки од други земји..
-
П-А-Р-И во форма на кредит што вам лично ви одговара...
-
...филтер цигара што ви го нуди посакуваниот вкус...
-
45 години старо виски...Топло ви е?!...
-
дали САД планира да го бомбардира Иран..
-
...Америка спонзорира терористички напади врз Иран?
-
Вака, баба ми беше прекрасна личност,
-
ме научи како се игра Монопол.
-
Таа сфатила дека името на играта значи да присвојуваш.
-
Ќе насобереше се што можеше
-
и на крај стануваше мајстор на играта.
-
Потоа, секогаш ми кажуваше една иста работа.
-
Ќе ме погледнеше и ќе ми кажеше:
-
„еден ден и ти ќе научиш како се игра.“
-
Едно лето играв Монопол речиси секој ден, по цел ден,
-
токму тоа лето научив како се игра оваа игра.
-
Сфатив дека единствениот начин да победиш
-
е да се посветиш целосно на присвојување.
-
Почнав да сфаќам дека парите и стекнатите добра...
-
тоа е она што ти го одржува резултатот.
-
До крајот на тоа лето
-
бев уште понемилосрден од баба ми.
-
Бев спремен да ги прекршам правилата само за да победам...
-
и следната есен седнав со неа да играме.
-
И земав се што имаше. Ја гледав
-
како го дава и последниот долар и се откажува крајно поразена.
-
Во тој момент, таа реши да ме поучи уште една работа.
-
И тогаш таа рече:
-
„Сега сето тоа оди назад во кутијата.
-
Сите тие куќи и хотели.
-
Сите патишта и јавни претпријатија...
-
Целиот имот и сите тие прекрасни пари...
-
сега сето тоа оди назад во кутијата.
-
Ништо од тоа не беше навистина твое.
-
Ти ептен се загреа по тоа за момент.
-
Но беше тука долго време пред ти да седнеш на масата
-
и ќе биде овде и кога тебе ќе те нема - играчите доаѓаат и заминуваат.
-
Куќите и колите...
-
Титулите и облеката....
-
Дури и твоето тело.’’
-
Бидејќи факт е дека се што јас ќе зграбам, освојам и сочувам
-
ќе оди назад во кутијата и јас ќе го изгубам сето тоа.
-
Затоа мора да се запрашаш себеси
-
кога конечно ќе го добијам крајното унапредување
-
кога ќе ја направам крајната набавка
-
кога ќе го купам крајниот дом
-
кога ќе обезбедам финансиска сигурност
-
и ќе ја искачам скалата на успехот до
-
највисокиот ранг на кој би можеле да се искачам...
-
И возбудата ќе исчезне,
-
а ке исчезне...
-
Што тогаш?
-
Колку далеку треба да одиш по патот
-
за да видиш каде води.
-
Сигурно разбираш
-
дека никогаш нема да биде доволно.
-
Затоа мора да се запрашаш себеси
-
Што е тоа што ти значи?
-
Тие се жешки!
-
Тие се богати!
-
И тие се разгалени!
-
Шоуто на Америка бр.1 се враќа!
-
Gentle Machine Productions ви претставува
-
филм на Питер Џозеф
-
Кога бев млад
-
растејќи во Њујорк
-
одбив да се заколнам на верност пред знамето.
-
Секако бев пратен во канцеларијата на директорот.
-
И тој ме праша ‘зошто не сакаш да дадеш Заклетва на верност?
-
Сите го прават тоа!‘
-
Јас реков, ’Сите некогаш верувале дека земјата е рамна
-
но тоа не ја прави рамна.’
-
Објаснав дека Америка се што има им го должи
-
на другите култури
-
и другите нации
-
и дека порадо би се заколнал на верност
-
кон планетата земја
-
и кон сите на неа.
-
Не треба да се каже дека не помина премногу време
-
пред целосно да го напуштам училиштето
-
и да поставам лабораторија во мојата спална соба.
-
Таму почнав да учам за науката
-
и природата.
-
Тогаш сфатив
-
дека универзумот е управуван од закони
-
и дека човечките суштества
-
заедно со општеството
-
потпаѓаат под тие закони.
-
Тогаш дојде падот во 1929.
-
Што ја започна тоа што ние сега го нарекуваме
-
„Големата депресија”.
-
Ми беше тешко да разберам зошто милиони
-
беа отпуштени од работа, бездомни, прегладнети
-
додека сите фабрики и понатаму беа тука.
-
Ресурсите беа непроменети.
-
Тогаш беше моментот кога сфатив
-
дека правилата на економската игра
-
се погрешни по природа.
-
Наскоро после тоа дојде Втората Светска Војна
-
каде разни нации се свртија против себе
-
систематски уништувајќи се едни со други.
-
Јас подоцна пресметав дека сето уништување
-
и фрлени ресурси
-
потрошени на таа војна
-
можеа лесно да обезбедат доволно за секоја
-
човечка потреба на планетата.
-
Оттогаш го гледам човештвото
-
како ги поставува темелите за сопственото исчезнување
-
Гледав како драгоцените ограничени ресурси
-
постојано се трошат и уништуваат
-
во името на профитот и слободните-пазари.
-
Гледав како социјалните вредности во општеството се сведуваат
-
на ниска извештаченост на материјализам
-
и безумна потрошувачка.
-
И гледав како монетарната моќ
-
ја контролира политичката структура
-
во наводно слободните општества.
-
Сега имам 94 години.
-
И, за жал, моето мислење
-
е исто какво што беше
-
уште од пред 75 години.
-
Ова срање мора да си оди.
-
[ZEITGEIST]
-
[ZEITGEIST: ЧЕКОР НАПРЕД]
-
[Не сомневајте се дека мала група промислени,
-
посветени граѓани може да го смени светот.
-
Всушност, тоа е единственото нешто што го сменило.
-
-Маргарет Мид]
-
[Прв дел : Човековата Природа]
-
Значи, ти си научник
-
и со текот на времето, набиено во твојот ум
-
е неминовното „вродено наспроти стекнато“
-
во секој случај таму е заедно со Кока Кола наспроти Пепси
-
или Грците наспроти Тројанците.
-
Значи вродено наспроти стекнато, овој, досега
-
наполно поедноставуван поглед
-
на потеклото на влијанијата.
-
Влијанија од тоа како една клетка се справува
-
со енергетска криза се до тоа
-
што не прави она што сме на најиндивидуалните
-
нивоа на личноста.
-
И тоа што го добивате е потполно погрешна дихотомија
-
изградена околу вроденото како детерминистичко
-
како основа причина за се.
-
Животот е ДНК и кодот на кодовите
-
и светиот Грал, и се е придвижено од неа...
-
а на другиот крај имаме многу повеќе
-
социјална научна перспектива која вели
-
ние сме 'општествени организми'
-
а биологијата е за калапи од кал.
-
Луѓето се ослободени од биологија
-
и очигледно е дека и двата погледи се бесмислени.
-
Она што го гледате наместо тоа е
-
дека виртуелно е невозможно да се разбере
-
како функционира биологијата
-
надвор од контекстот на животната средина.
-
[Генетско е]
-
Една од најлудите
-
но сепак многу раширена и
-
потенцијално опасна концепција е:
-
„О, таквото однесување е генетско“.
-
Е сега што навистина значи тоа?
-
Тоа значи секакви видови на суптилни работи ако
-
знаеме модерна биологија, но за повеќето луѓе
-
во светот, тоа се сведува на:
-
детерминистички поглед на животот;
-
поглед вкоренет во биологијата и генетиката;
-
гените се нешто кое не може да биде променето;
-
гените се поистоветуваат со работи кои се
-
неизбежни, па затоа може да се решиме и да не
-
потрошиме никакви ресурси пробувајќи да ги поправиме;
-
нема потреба да вложиме социјален напор обидувајќи се
-
да се подобриме, бидејќи е неизбежно и неменливо...
-
и сето тоа е чиста глупост.
-
[Болести]
-
Широко е познато дека состојби како
-
ADHD се генетски програмирани
-
состојби како шизофренија се генетски програмирани.
-
Вистината е токму спротивното.
-
Ништо не е генетски програмирано.
-
Постојат многу малку болести
-
само неколку
-
екстремно ретко распоредени меѓу популацијата
-
кои се вистински генетски утврдени.
-
Повеќето комплексни состојби
-
може да имаат предиспозиција која содржи генетска компонента
-
но предиспозиција не е исто што и предодреденост.
-
Целата потрага по изворот на заболувањата внатре во геномот
-
беше осудена на пропаст пред уште некој да помисли на неа
-
бидејќи повеќето заболувања не се генетски предодредени.
-
Срцево заболување, рак, мозочни удари
-
реума, автоимуните состојби општо
-
состојби на менталното здравје, зависности...
-
ништо од нив не е генетски одредено.
-
Ракот на дојка, на пример, од 100 жени со рак на дојка
-
само седум ќе ги носат гените за ракот.
-
Но не и останатите 93
-
и од 100 жени кои ги носат овие гени
-
нема сите да заболат од рак.
-
[Однесување]
-
Гените не се само нешта кои не тераат да се однесуваме
-
на одреден начин без оглед на нашата средина.
-
Гените ни даваат различни начини на реагирање на нашата средина.
-
И, всушност, се чини дека некои од раните
-
влијанија во детството и начинот на одгледување на детето
-
влијаат врз изразувањето на гените
-
всушност исклучуваат и вклучуваат различни гени
-
и ве стават на различна патека на развој
-
која може да одговара на типот на свет со кој треба да се справите.
-
Така, на пример.
-
Истражување направено во Монтреал со жртви на самоубиство
-
изврши преглед на аутопсиите на мозоците на овие луѓе
-
и се покажа дека ако жртвите на самоубиство
-
(ова се најчесто млади луѓе)
-
биле злоупотребувани како деца, злоупотребата всушност
-
предизвикала генетска промена во мозокот
-
која била отсутна во мозоците на луѓето кои не биле злоупотребувани.
-
Тоа е епигенетско влијание
-
“епи“ значи над, така што
-
епигенетското влијание е она што се случува
-
во животната средина кое или активира или деактивира одредени гени.
-
Во Нов Зеланд постои истражување
-
кое е направено во градот Дјунедин
-
во кој неколку илјади индивидуи
-
беа истражувани од денот на раѓање до нивните 20-ти.
-
Беше откриено дека може да се идентификува
-
генетска мутација, абнормален ген
-
кој има некаква врска со
-
предиспозицијата да се изврши насилство
-
но само ако покрај тоа личноста
-
била подложена на сурово злоставување како дете.
-
Со други зборови, дете со овие абнормални гени
-
не би било понасилно од било кој друг
-
и, всушност, ваквите деца имаат пониска стапка на насилство
-
од луѓе со нормални гени
-
под услов да не биле злоставувани како деца.
-
Еве уште еден пример за начинот на кој
-
гените не се почеток и крај.
-
Постои фина техника со која можете да
-
земете одреден ген од извесен глушец
-
и тој глушец и неговите потомци нема да го имаат тој ген.
-
Вие сте го ’разбиле’ тој ген.
-
Значи еве еден ген кој кодира
-
протеин кој има врска со
-
учењето и меморијата и со оваа фабулозна демонстрација -
-
сте го ’разбиле’ тој ген и сега
-
имате глушец кој не учи баш најдобро.
-
„Ах! Генетска основа на интелегенцијата!“
-
Тоа што беше занемарено во оваа типична студија
-
која доби внимание од лево и десно ориентираните медиуми
-
е фактот дека ако тие генетски осакатени глувци
-
се одгледувани во поблагородна
-
стимулативна средина отколку нормален глушец во лабораториски кафез
-
тие се способни комплетно да го надминат дефицитот.
-
Така, кога некој во современа смисла ќе рече нешто како
-
“ох, ова однесување е генетско“
-
под претпоставка дека тоа е валидна фраза која можете да ја употребите
-
тоа што го велите е : постои
-
генетски придонес кон начинот на кој
-
еден организам одговара на средината;
-
гените можат да влијаат на
-
подготвеноста со која еден организам ќе се
-
соочи со одреден предизвик во средината.
-
Знаете, тоа не е верзијата која повеќето луѓе ја имаат на ум
-
и не сакам да проповедам,
-
но да се продолжи со старата верзија
-
„тоа е генетика“
-
не е така далеку од историјата на еугениката
-
и слични такви нешта.
-
Тоа е широко распространета заблуда
-
и е потенцијално мошне опасна.
-
Една причина поради која
-
биолошко објаснување за насилство ...
-
една од причините поради која хипотезата е
-
потенцијално опасна, не е само погрешното информирање
-
таа навистина може да направи штета ...
-
затоа што ако верувате во неа
-
можете многу лесно да кажете:
-
"Па, ништо не можеме да сториме
-
за да се промени предиспозиција
-
луѓето мораат да станат насилни;
-
Се што можеме да направиме е да ги казниме - да ги затвориме
-
или да ги погубиме
-
но не треба да се грижиме за менување на
-
општествената средина или на општествените предуслови
-
кои можат да ги наведат луѓето да станат насилни, бидејќи
-
тоа е небитно".
-
Генетичкиот аргумент ни го дозволува луксузот да игнорираме
-
историски и општествени фактори, во минатото и сегашноста
-
и со зборовите на Луј Менанд
-
кој напиша за New Yorker
-
Многу итро, рече тој :
-
"сè е во гените ... објаснување за за тоа какви се работите
-
тоа не е закана за тоа како се поставени работите.
-
Зошто некој треба да се чувствуваат несреќен
-
или да се вклучи во антисоцијално однесување
-
кога таа личност живее во
-
најслободната и најпросперитетната нација на земјата?
-
Тоа не може да биде системот.
-
Мора да има грешка некаде во инсталацијата."
-
Што е добро објаснување.
-
Значи, генетичкиот аргумент е едноставно само алиби
-
кое ни овозможува да ги игнорираме
-
социјалните и економските и политичките фактори
-
кои, всушност, лежат во основа на
-
многу проблематични однесувања.
-
[Истражување: Зависност]
-
Зависностите вообичаено се
-
сметаат како проблем поврзан со дроги,
-
но гледано на поопшт начин
-
јас ја дефинирам зависноста како однесување
-
што е поврзано со копнеж,
-
со привремено олеснување
-
и со долгорочни негативни последици
-
проследени со попречена контрола над истото, така што личноста
-
посакува да се откаже или ветува дека тоа ќе го стори
-
но не го прави тоа
-
и кога ќе го разберете тоа, ќе видите дека
-
постојат многу други зависности
-
од оние поврзани со дроги.
-
Постои зависност од работа; зависност од шопинг;
-
од интернет, од видео игри...
-
Тука е зависноста од моќ. Луѓе кои имаат моќ но
-
сакаат повеќе и повеќе; ништо не е доволно за нив.
-
Присвојување - корпорации што мора да поседуваат повеќе и повеќе.
-
Зависноста од нафта
-
или макар од богатството и од производите
-
што ни се достапни поради нафтата.
-
Погледнете ги негативните последици врз животната средина.
-
Ја уништиваме самата земја на која сме
-
населени поради таа зависност.
-
Сега, овие зависности се далеку поразорни
-
како социјални последици отколку навиките
-
на земање кокаин или хероин на моите пациенти од Истсајд.
-
Без разлика на тоа, тие се наградувани и гледани со почит.
-
Извршен директор во тутунска индустрија што постигнува повисок
-
профит ќе добие многу поголема награда.
-
Тој не се соочува со правни или поинакви негативни последици.
-
Всушност, тој е почитуван член на
-
бордот на директори во повеќе корпорации.
-
Но, болести поврзани со чад од цигари
-
убиваат 5.5 милиони луѓе годишно низ целиот свет.
-
Во САД убива 400 000 луѓе годишно.
-
И овие луѓе се зависни од што? Од профит.
-
До тој степен се зависни
-
што тие ги одрекуваат
-
негативните влијанија на нивното однесување
-
што е типично за зависници што е одрекување.
-
И тоа е за почит. За почит е
-
да се биде зависен од профит без разлика на цената.
-
Значи што е прифатливо и за почит
-
е многу произволен феномен во нашето општество
-
и изгледа дека колку поголема е
-
штетата толку попочитувана е зависноста.
-
[Митот]
-
Постои општо уверување дека дрогите создаваат зависност.
-
Всушност, војната против дрогата е заснована
-
на уверувањето дека ако да го забраните
-
изворот ќе се справите со зависноста.
-
Сега, ако ја разбереме зависноста во поширока смисла
-
гледаме дека ништо само по себе не е зависно.
-
Ниедна супстанца или дрога сама по себе не е зависна
-
и ниедно однесување само по себе е зависно.
-
Многу луѓе може да одат на шопинг без да станат зависни од тоа.
-
Не секој станува зависник од храна .
-
Не секој што ќе се напие чаша вино станува алкохоличар.
-
Значи вистинското прашање е што ги прави луѓето подложни
-
бидејќи комбинацијата од подложна личност
-
и потенцијално зависна супстанца или однесување
-
го прави созревањето на зависноста.
-
На кратко, не е дрогата таа што е зависна
-
во прашање е подлежноста на личноста
-
да биде зависна од одредена супстанца или однесување.
-
[Средина]
-
Ако сакаме да разбереме што
-
е тоа што ги прави некои луѓе подложни
-
ние всушност треба да погледнеме во животното искуство.
-
Старата идеја, стара, но сеуште широко распространета,
-
дека зависностите се поради некоја генетска причина
-
која едноставно не е научно издржана.
-
Проблемот е што одредени животни искуства
-
ги прават луѓето подложни.
-
Животни искуства кои не само што ги оформуваат
-
личноста и психолошките потреби на лицата
-
туку и самите нивни мозоци на одреден начин.
-
А тој процес започнува во утробата.
-
[Преднатални услови]
-
На пример, покажано е дека
-
ако мајките за време на бременоста се под стрес,
-
поверојатно е нивните деца да имаат
-
поголема предиспонираност кон зависности
-
и тоа е така затоа што развојот е обликуван
-
од психолошката и социјалната средина.
-
Значи, биологијата на човекот е под значително влијание на
-
и програмирана од животното искуство почнувајќи од утробата.
-
Средината не започнува со раѓањето.
-
Средината започнува во моментот кога се има средина
-
уште во фаза на фетус, подложен си на каква било
-
информација што доаѓа преку циркулацијата на мајката
-
Хормони, ниво на хранливи материи...
-
Типичен пример за ова -
-
нешто наречено Данска зима на глад
-
Во 1944, Нацистите ја окупираат Холандија
-
и поради повеќе причини одлучиле да
-
ја земат сета храна и да ја пратат во Германија;
-
во период од три месеци сите таму гладувале
-
десетици илјади луѓе изгладнеле до смрт.
-
Ефектот на Данската зима на гладот е:
-
ако си бил фетус во второ или трето тромесечие за време на гладот
-
твоето тело „научило“ нешто многу уникатно во тој период.
-
Испаѓа дека, второто и третото тромесечие е кога
-
твоето тело се обидува да ја осознае средината:
-
Колку заканувачко место е надворешниот свет?
-
Какво е изобилството? Колку хранливи материи се добиваат
-
преку циркулацијата на мајката?
-
Ако си фетус кој гладувал во тој период, тогаш твоето тело
-
се програмира засекогаш да биде
-
многу, многу претпазливо и штедливо со шеќери и масти,
-
што значи дека ќе го складира секое делче од нив.
-
Ако си бил фетус за време на Данската зима на глад,
-
половина век подоцна, се останато е исто,
-
имаш поголеми шанси да имаш висок крвен притисок,
-
дебелина или пореметување поврзано со метаболизмот.
-
Ова е пример како средината влијае на непредвиден начин.
-
Може да изложите лабораториски животни на стрес
-
и нивните потомци ќе бидат повеќе
-
склони кон употреба на кокаин и алкохол како возрасни.
-
Можете да ги заплашете мајките, на пример во Британска студија
-
жените кои биле злоупотребувани за време на бременост
-
имале повисоко ниво на
-
стрес хормонот кортисол во плацентата за време на пораѓање
-
и нивните деца е поверојатно да имаат состојба која
-
им дава предиспозициja за зависност за време на 7та и 8та година.
-
Значи материчниот стрес веќе го спрема ’пиштолот’
-
за сите видови ментални здраствени проблеми.
-
Израелска студија направена на деца
-
родени од мајки кои биле бремени
-
пред почетокот на војната во 1967...
-
Овие жени, нормално биле под голем стрес
-
и нивните деца имаат поголема веројатност за шизофренија
-
од просечното.
-
Значи, има многу докази дека пренаталните ефекти
-
имаат огромен удел во понатамошното развивање на човекот.
-
[Рано детство]
-
Суштината на човековиот развој а
-
посебно развојот на човековиот мозок
-
е дека се случува најчесто под влијание на околината
-
и претежно после раѓањето.
-
Сега, ако се споредиме со коњ
-
кој што може да трча на првиот ден од својот живот
-
можеме да забележиме дека сме доста неразвиени.
-
Не можеме да постигнеме толку голема невролошка координација,
-
баланс, мускулна сила, изостреност на видот
-
се до година и пол или двегодишна возраст.
-
Тоа е поради тоа што мозочниот развој на коњот
-
се случува во сигурноста на утробата
-
а кај човекот тоа мора да се случи после раѓањето
-
и тоа е поврзано со едноставна еволутивна логика.
-
Како што расте главата, она што не прави луѓе
-
рапидното ширење на предниот дел од мозокот е
-
всушност она што го креира човековиот род.
-
Исто - одиме на две нозе, значи нашата карлица се стеснува
-
за да го овзможи тоа. Значи ние
-
имаме тесна карлица, поголема глава
-
бинго: ние мора да бидеме родени предвремено.
-
И тоа значи дека мозочниот развој што кај другите животни
-
се случува во утробата
-
кај нас, се случува после раѓањето
-
и во голема мера под влијание на средината.
-
Концептот на Невронскиот Дарвинизам, едноставно, значи
-
дека колата кои добиваат соодветна побуда од околината
-
оптимално ќе се развијат, а оние кои нема да добијат
-
нема оптимално или воопшто нема да се развијат.
-
Ако земеме дете со совршено добар вроден вид
-
и го ставиме во темна соба пет години
-
тоа ќе остане слепо до крајот на својот живот,
-
бидејќи колата за вид имаат потреба од светлосни бранови за нивниот развој
-
и без нив, дури и најосновните
-
вродени и активни кола
-
ќе атрофираат и ќе умрат, а нови нема да се развијат.
-
[Меморија]
-
Постои значајна тенденција при што
-
раните искуства го обликуваат однесувањето на возрасните,
-
и тоа посебно оние рани
-
искуства на кои можеме да се присетиме.
-
Произлегува дека постојат два вида меморија:
-
јасна меморија, помнење на кое се сеќаваме, кое
-
се случува кога можеме да се присетиме на фактите
-
деталите, епизодите, околностите.
-
Структурата во мозокот наречена хипокампус
-
која го кодира помнењето на кое се сеќаваме
-
не ни започнува да се развива во целост пред година и половина
-
а не е целосно развиена и многу подоцна.
-
Затоа одвај некој да може
-
да се присети на сеќавање од пред 18 месечна возраст.
-
Но постои и друг вид
-
меморија кое се нарекува имплицитна меморија
-
кое е, во суштина, емоционална меморија
-
при што влијанието на емоциите на детето и нивното толкување
-
согласно емотивните искуства е вкоренето во мозокот
-
во облик на нервни кола кои се подготвени да се вклучат
-
без на нив јасно да се сеќаваме.
-
За да дадеме јасен пример
-
луѓето кои се посвоени имаат
-
многу често чувство на отфрленост во текот на целиот живот.
-
Не можат да се присетат на посвојувањето.
-
Не можат да се присетат на одделувањето од родената мајка
-
бидејќи не постои нешто на кое што можат да се присетат.
-
Но емоционалното сеќавање на разделба и одбивање
-
е длабоко вкоренето во нивните мозоци.
-
Оттука многу е поверојатно тие
-
да искусат чувство на одбиеност
-
и голема емоционална вознемиреност
-
кога тие ќе се согледаат себеси како одбиени
-
од другите луѓе.
-
Тоа не важи само за луѓето кои се
-
посвоени но кај нив е исклучително силно
-
поради оваа функција на имплицитната меморија.
-
Луѓето кои се зависници, со оглед на сета
-
истражувачка литература и моето искуство
-
оние хард-кор зависници сите биле
-
значително злоупотребувани како деца
-
или претрпеле сериозен недостаток на емоции.
-
Нивната емоционална или имплицитна меморија
-
е за свет кој не е безбеден
-
и не помага; негуватели на кои не требало да им се верува
-
и односи кои не се
-
доволно безбедни за да може да им се отвориме
-
и оттука нивниот одговор е да се стремат
-
да се чуваат себеси на растојание од
-
навистина интимни односи;
-
да не им се верува на негувателите
-
докторите и други луѓе кои сакаат да им помогнат
-
и општо го гледаат светот како небезбедно место...
-
и тоа е стриктно функција на имплицитната меморија
-
која понекогаш е поврзана со инциденти на кои не се ни сеќаваат.
-
[Допир]
-
Предвреме родените или новороденчињата кои биле во инкубатор
-
и други видови на апаратури и
-
машинерии со недели а можеби и месеци,
-
денес е познато дека ако овие
-
деца се допираат и галат по грбот барем
-
10 минути дневно дека тоа им го подобрува развојот на мозокот.
-
Значи, човечкиот допир е од суштинска важност за развојот,
-
новороденчиња кои нема да бидат подигнати од човечки раци ќе умрат.
-
Еве колку суштинска потреба
-
претставува држењето во раце за човечките суштества.
-
Во нашето општество, за жал постои тенденција
-
да им се кажува на родителите да не ги креваат децата, да не ги држат
-
да не креваат бебиња кои плачат, од страв да не ги разгалат
-
или да ги охрабрат да спијат навечер
-
вие не ги кревате...
-
што е токму спротивното од она што му е потребно на детето
-
и овие деца можат да се вратат на спиење бидејќи се предаваат
-
и нивниот мозок се исклучува како
-
начин на одбрана против ранливоста
-
од вистинското напуштање од нивните родители
-
но нивните имплицитни мемории ќе бидат
-
за свет кој не се грижи за нив.
-
[Детство]
-
Многу од овие разлики се структурирани многу рано во животот.
-
На некој начин, тегобноста на родителското искуство
-
колку животот е тежок или лесен,
-
е пренесено на децата
-
било преку мајчинска депресија
-
или родители кои се однесуваат лошо со
-
своите деца затоа што имале тежок ден
-
или само затоа што се преморени на крајот од денот...
-
и овa има многу големи ефекти во програмирањето
-
на развојот на децата, за кој денес имаме големи познавања
-
Но таа рана чувствителност, не е само еволуциска грешка.
-
Постои и кај многу различни видови.
-
Дури и кај младиот расад постои ран процес на адаптација
-
на видот на средина во која расте растението
-
но за луѓето, адаптацијата е за квалитетот на социјалните односи.
-
И така, раниот живот:
-
како одгледувањето, конфликтите и вниманието што го добивате
-
е проба на видот на свет во кој би можеле да растете.
-
Дали растете во свет каде што
-
мора да се борите за она што можете да го добиете;
-
си го чувате грбот; се браните себеси; учите да не им верувате на другите...
-
или вие растете во општество во кое зависите од
-
реципроцитет, заемност, соработка, во кое сочуството е битно
-
каде што вашата сигурност зависи од добрите односи со другите луѓе...
-
и каде што има потреба од многу различен
-
емоционален и когнитивен развој
-
раната чувствителност се однесува на тоа
-
и родителството е речиси, прилично несвесно
-
систем за пренесување на тоа искуство на децата...
-
од видот на свет во кој тие се.
-
Големиот Британски детски психијатар, DW Winnicott, кажа
-
дека воглавно две нешта можат да тргнат наопаку во детството.
-
Едната е кога се случуваат нешта што не требало да се случат
-
и потоа нешта што требало да се случат, но не се случиле.
-
Во првата категорија се драматичните, навредливи
-
и искуства за напуштање на моите
-
пациенти во центарот на Истсајд и на многу зависници.
-
Тоа е нешто што не требало да се случи но се случило.
-
Но, потоа го имаме и ненагласеното
-
прилагодено, компактно внимание
-
од родителот потребно на секое дете
-
кое многу често детето не го добива.
-
Тие не се злоупотребени. Тие не се запоставени
-
тие не се трауматизирани
-
но тоа што требало да се случи
-
присуство на емоционално достапниот, грижлив родител
-
едноставно не им е достапен поради
-
стресовите во нашето општество и родителската средина.
-
Психологот Алан Шурер ова го нарекува „Проксимално напуштање"
-
кога родителот е физички присутен
-
но емоционално отсутен.
-
Ги потрошив...
-
грубо последните 40 години од мојот живот
-
работејќи со најнасилните луѓе што ги создава нашето општество:
-
убијци, силувачи и така натаму.
-
Во обид да сфатам што го предизвикува ова насилство,
-
јас открив дека најнасилните криминалци во нашите затвори
-
и самите биле жртви
-
на степен на детска злоупотреба која била преку границата на
-
тоа што јас сум го мислел како примена на тој поим.
-
Не бев свесен за длабочината
-
на изопаченоста со која децата во нашето општество
-
се толку често третирани.
-
Најнасилните луѓе што ги видов и самите преживеале
-
обид за убиство, најчесто од нивните родители
-
или други луѓе во нивната социјална средина
-
или преживеале убиство на членови на нивното семејството
-
нивните најблиски членови на семејството, од други луѓе.
-
Буда говорел дека се зависи од нешто друго.
-
Тој вели: ’поединечното се состои во мноштвото и обратно’
-
Не можете да разберете нешто изолирано од неговата средина
-
Листот, очигледно, го содржи сонцето, небото и земјата.
-
Ова сега се покажува вистинито на повеќе рамништа
-
а посебно во доменот на човечкиот развој.
-
Модерниот научен термин за тоа е
-
“био психо социјалната“ природа на човечкиот развој
-
според која биологијата на луѓето
-
значително зависи од нивната интеракција
-
со социјалната и психолошка средина.
-
Психологот и истражувач
-
Daniel Siegel во Калифорнискиот Универзитет, Лос Анџелес, UCLA
-
ја скова фразата „Интерперсонална Невробиологија“
-
која сака да каже дека начинот
-
на кој функционира нашиот нервен систем
-
значително зависи од нашите лични односи.
-
На прво место со старателите негуватели, на
-
второ место со останати важни фигури за кои сме приврзани
-
и на трето место, со целата култура.
-
Значи не можете да го одделите
-
невролошкото функционирање на еден човек
-
од средината во која тој или таа пораснала
-
и во која продолжува да постои
-
и ова е точно низ животниот циклус.
-
Ова е посебно точно кога сте
-
зависни и беспомошни и вашиот мозок се развива
-
но точно е дури и кај возрасни и при крајот на животот.
-
[Култура]
-
Луѓето живееле во речиси секаков вид општества.
-
Од најправедни... општествата на ловци и собирачи
-
делуваат како да биле праведни,
-
основани на поделба на храната, размена на подароци...
-
Мали групи луѓе кои живеат во основа
-
од собирање храна, но и нешто лов
-
помеѓу луѓе кои во најчест случај
-
ги познавате целиот свој живот
-
или пак сте опкружени од трети пратучеди или поблиски;
-
во свет во кој постои голема
-
мера на флуидност помеѓу различни групи;
-
во свет во кој нема многу
-
во рамки на материјалната култура...
-
овој е начинот на кој луѓето ја поминале својата хоминидна историја.
-
И не е изненадување, што придонесува за еден сосема поинаков свет.
-
Една од работите добиени како резултат на тоа е далеку помалку насилство.
-
Организираното, групно насилство не е
-
нешто што се случувало во тоа време
-
од човечката историја и тоа се чини сосема јасно.
-
Значи каде згрешивме?
-
Насилството не е универзално.
-
Тоа не е подеднакво распределено низ целата човечка раса.
-
Постои огромна разлика во количината на насилство во различни општества.
-
Постојат некои општества во кои речиси нема никакво насилство.
-
Постојат други кои се уништуваат самите.
-
Некои од Анабаптистичките религиозни
-
групи, кои се комплетно строги пацифисти
-
како Амишите, Менонитите, Хутеритите ...
-
меѓу некои од овие групи, кај Хутеритите
-
нема регистрирани случаи на убиства.
-
За време на нашите најголеми војни, како Втората Светска Војна
-
каде што луѓето беа регрутирани
-
тие одбивале да служат воен рок.
-
Тие попрво би оделе во затвор отколку да служат воен рок
-
Во Кибуцимите во Израел
-
нивото на насилство е толку ниско што на кривичните судови таму
-
често испраќаат насилни престапници
-
луѓе кои извршиле злосторства
-
да живеат во Кибуцим со цел да
-
научат како да живеат ненасилен живот ...
-
затоа што тоа е начинот на кој луѓето живеат таму.
-
Значи, ние сме целосно обликувани од општеството.
-
Нашите општества, во поширока смисла вклучувајќи ги нашите
-
теолошки, метафизички, јазични влијанија, итн.
-
нашите општествата не обликуваат до таа мера дали ќе гледаме
-
дека животот е поврзан со грев или со убавина,
-
дали во задгробниот живот ќе треба да платиме за
-
тоа како сме го живееле животот или тоа е небитно.
-
Во поширок смисол различни големи општества може да
-
да се наречат индивидуални или
-
колективистички и ќе добиете многу различни луѓе
-
и различни начини на размислување а верувам и
-
различни мозоци кои доаѓаат заедно со тоа.
-
Ние во Америка сме во едно од најиндивидуалистичките општества.
-
Со капитализмот како систем кој ви дозволува да се движите
-
се повисоко на потенцијалната пирамида,
-
поентата е во тоа што со него доаѓаат помалку ’мрежи за спасување’.
-
По дефиниција, колку пораслоено општество
-
толку помалку луѓе на кои може да сметате, помалку луѓе со кои
-
имате симетрични, реципрочни односи
-
и на крај се што добивате се спротивни точки и бескрајни хиерархии...
-
а светот во кој имате малку реципрочни партнери
-
е свет со многу помалку алтруизам.
-
[Човечка природа]
-
Значи ова не‘ води кон целосно невозможен спој -
-
кон обидот да пронајдеме смисла во перспективна наука...
-
за тоа каква е природата на човечката природа.
-
Знаете, на некое ниво
-
во природата на нашата природа е да не сме
-
особено ограничени од нашата природа.
-
Имаме поголема социјална
-
разноликост од било кој друг вид.
-
Повеќе системи на верување, на типови на семејни структури
-
на начини на воспитување на деца. Потенцијалот
-
за разноликост во нас е извонреден.
-
Во општество кое е предусловено од конкурентност
-
и навистина, многу често, од безмилосно експлоатирање
-
на еден човек од страна на друг
-
профитирањето на сметка на проблемите на другите луѓе,
-
а многу често и создавањето на
-
проблеми со цел да се профитира
-
владеачката идеологија често ќе го оправда ваквото однесување
-
на основа на некоја суштинска и неменлива човекова природа.
-
Значи, митот во нашето општество е
-
дека луѓето се конкурентни по природа
-
и дека се индивидуалисти и себични.
-
Но, вистинската реалност е сосема спротивна.
-
Ние имаме одредени човечки потреби.
-
Можете да зборувате конкретно за човечката природа
-
единствено ако сте свесни за овие човечки потреби.
-
Имаме човечка потреба за дружење и близок контакт
-
да бидеме сакани, да бидеме поврзани, да бидеме прифатени
-
да бидеме видени, да бидеме примени какви што сме.
-
Ако тие потреби се задоволени, се развиваме
-
во луѓе кои сочувствуваат
-
кои се кооперативни и кои сочувствуваат со други луѓе.
-
Значи...
-
спротивното, што често може да се види во нашето
-
општество, е всушност изобличување на човечката природа
-
баш поради тоа што на малку луѓе им се задоволени потребите.
-
Значи, може да се зборува за човечката природа
-
но само во смисла на основните човечки потреби
-
што се појавуваат инстинктивно
-
или може треба да речам, одредени човечки потреби
-
што водат кон одредени карактеристики ако се задоволени
-
и друга група карактеристики, ако не се.
-
Значи...
-
кога ќе го препознаеме фактот дека човечкиот организам,
-
што има голема флексибилност за прилагодување,
-
која ни дозволува да преживееме во различни услови,
-
е исто така ригидно програмиран за одредени нужности
-
или човечки потреби,
-
се појавува социјален императив.
-
Исто како што нашите тела имаат потреба од физички нутритиенти
-
човечкиот мозок бара позитивни форми на стимулација од средината
-
во сите фази на развојот,
-
и во исто време заштита
-
од негативни форми на стимулација.
-
И ако нешта што треба да се случат, не се случат....
-
или нешта што не треба да се случат, се случат...
-
се гледа дека сега вратата е отворена не само за
-
низа ментални и физички заболувања
-
туку и за многу штетни човечки однесувања.
-
И, како што ја променуваме перспективата нанадвор
-
и ги земаме во предвид нештата што се случуваат денес
-
мора да се запрашаме:
-
Дали состојбата која сме ја создале во модерниот свет
-
го поддржува нашето здравје?
-
Дали темелот на нашиот социо-економски
-
систем делува како позитивна сила
-
за човечкиот и социјалниот развој и напредок?
-
Или, основното тежнеење на нашето општество
-
всушност оди против суштинските еволуционерни потреби
-
за создавање и одржување на
-
нашата лична и социјална благосостојба?
-
[Втор дел: Социјална патологија]
-
Некој може ќе се запраша, каде започна сето ова?
-
Она што го имаме денес… всушност е еден свет во состојба на
-
кумулативен колапс.
-
[Пазарот]
-
Започнува со Џон Лок.
-
А Џон Лок ја воведува сопственоста.
-
Тој има три постулати за праведно лично право и сопственост.
-
А тие три постулати се:
-
Мора да остане доволно и за другите
-
и не смее да се дозволи да се троши попусто,
-
и дека, пред се‘, морате да го помешате и својот труд со тоа.
-
Се чини оправдано - го споделувате трудот со светот
-
бидејќи така имате право на производот,
-
а се додека има доволно остатоци за останатите,
-
и се додека не распипувате,
-
а и не дозволувате било што да ви отиде попусто, тогаш се е во ред.
-
Тој троши многу време на ова, а неговата позната студија за владата
-
од тогаш наваму е канонски текст
-
за разбирање на економијата, политиката и правото.
-
Сеуште е класичен текст кој се изучува.
-
Е сега - откако ги поставил овие услови,
-
а вие веќе размислувате за тоа дали
-
сте за приватна сопственост или не,
-
ни дава и многу добра остварлива и моќна одбрана
-
на приватното сопствеништво овде...
-
Всушност, ја отфрла!
-
Ја отфрла, туку така. Во една реченица.
-
Вели, ’Веднаш по воведувањето на парите
-
со премолчана согласност на луѓето
-
тогаш веќе се стана....’
-
а не вели дека сите постулати се избришани -
-
туку едноставно тоа е она што се случува.
-
Затоа сега немаме
-
производ и вашата сопственост не е заработена со вашиот труд -
-
е, не - сега парите го купуваат трудот.
-
Повеќе не се размислува
-
за тоа дали има доволно и за останатите;
-
нема повеќе грижа за тоа дали се троши попусто
-
бидејќи тој кажал парите се како
-
сребро и злато, а златото не може да се расипе
-
и затоа парите не може да бидат одговорни за загубата...
-
што е смешно. Ние не зборуваме за пари
-
и сребро, ние зборуваме за ефектите од нив.
-
Тоа се нелогични изјави - една по друга.
-
Тоа е само најневеројатната
-
логичка измама со која се извлекува
-
затоа што им одговара на интересите на сопствениците на капиталот.
-
Тогаш се појавува Адам Смит и ја додава
-
религијата на сето ова...
-
Лок започна со Господ и стигна до овде
-
тоа е Господово право,
-
и сега ние се расправаме исто и со Смит
-
кој вели „Не е само Господово...“
-
добро, тој всушност не кажува така но
-
тоа е она што се случува филозофски, во принцип
-
тој кажува дека „не е само прашање на приватна сопственост...“.
-
Сето е „преодредено“ - Тоа е Дадено.
-
И дека постојат „инвеститори на пари кои купуваат работна сила“ - Дадено
-
Нема ограничувања на тоа колку туѓа работна сила можат да купат
-
колку можат да соберат, колку многу „нееднаквост“
-
сето тоа се подразбира само по себе сега.
-
Тогаш се појавува тој со неговата голема идеја, која
-
повторно е претставена во заграда, на поминување...
-
Знаете, кога луѓето нудат стока за продажба - понуда,
-
а други луѓе ја купуваат - побарувачка итн.
-
како да имаме еднаква понуда на побарувачката
-
или побарувачка еднаква на понудата?
-
како можат тие да дојдат во рамнотежа?
-
тоа е една од централните идеи во економијата,
-
како тие всушност доаѓаат во рамнотежа...
-
и тој вели: тоа е „Невидливата Рака на Пазарот“
-
што ги доведува до рамнотежа.
-
И сега ние имаме “Господ е всушност неизбежен“
-
Тој само не ги даде правата за сопственост
-
и сите поврзани права и неговите „природни права“
-
во врска со тоа Лок рече...
-
сега системот сам по себе е „Господ“.
-
Всушност, Смит кажува, кога зборува
-
и треба да ја прочитате цела
-
„Богатство на нациите“ за да го најдете овој цитат
-
Кажува: „оскудноста на условите за преживување
-
поставува граници на репродукцијата на сиромашните
-
и дека природата не може да се справи со ова на друг начин
-
освен да ги елиминира нивните деца.“
-
Значи тој ја предвидел теоријата на еволуција во најлоша смисла...
-
години пред Дарвин.
-
Ги нарекол „Расата на работниците“.
-
Можете да видите: постоел вроден расизам вграден тука
-
постоела вродена животна слепост да се убиваат
-
безброј деца
-
и помислил „тоа е Невидливата Рака што прави понудата
-
да ја задоволи побарувачката и побарувачката да ја задоволи понудата.“
-
Значи, гледаке колку е мудар „Господ“?
-
Гледате, повеќето заразни
-
уништувачки, еко-геноцидни нешта
-
што се случуваат сега имаат, на некој начин,
-
„мисловен ген“ и кај Смит исто.
-
Кога размислуваме на оригиналниот концепт на
-
т.н. слободен пазар - капиталистички систем
-
започнат од раните економски филозофи
-
како што е Адам Смит
-
гледаме дека првичната намена на „пазарот“
-
била базирана на вистински, опипливи, добра битни за животот - за трговија.
-
Адам Смит никогаш не предвидел дека
-
најпрофитабилен економски сектор на планетата
-
на крајот ќе биде арената на финансиската трговија
-
или т.н. инвестиции
-
каде самите пари едноставно
-
се добиваат преку движењето на други пари
-
во произволна игра која нема
-
никаква продуктивна придобивка за општеството.
-
Но и покрај намерата на Смит,
-
вратата за такви навидум аномални појави
-
била широко отворена преку еден темелно начело на оваа теорија:
-
Парите се третираат како Стока, сами по себе.
-
Денес, во секоја економија во светот
-
без разлика на социјалниот систем кон кој се придржува
-
парите се барани за пари и за ништо друго.
-
Во основа на оваа идеја, која беше мистериозно оквалификувана
-
од Адам Смит со неговата религиозна објава на
-
’Невидливата рака'
-
е дека ограничената, себична потрага
-
по оваа фиктивна стока
-
некако магично ќе манифестира
-
човечка и социјална благосостојба и напредок.
-
Реалноста е дека интересот за монетарен поттик
-
или она што некои го нарекуваат :„Вредност на Парична Секвенца”
-
е сега целосно раздвоено од основниот
-
’животен интерест’ - кој може да се нарече
-
„Вредност на Животна Секвенца.“
-
Се случила комплетна конфузија
-
во економската доктрина
-
помеѓу овие две секвенци.
-
Тие мислат дека Вредноста на Паричната Секвенца
-
ја носи и Вредноста на Животната Секвенца
-
и поради тоа тие велат ако повеќе добра се продадени
-
ако БДП расте и така натаму...
-
ќе има поголемо подобрување на благосостојбата
-
и оттука можеме да го земеме БДП како наш основен индикатор
-
за социјалното здравје...
-
Па, тука можете да ја забележувите конфузијата.
-
Зборува за Вредност на Паричната Секвенца
-
која претставува, сите приходи и сите даноци кои
-
се добиени од продажба на добрата
-
и тие го мешаат тоа со животната репродукција.
-
Значи, имате вградено директно во ова уште од самиот почеток
-
комплетно спојување на вредноста на паричната
-
со животната секвенца.
-
Што значи, се справуваме со еден вид на структурна заблуда
-
која постанува се повеќе и повеќе смртоносна
-
како што паричната секвенца се раздвојува од производството
-
на било што.
-
Заради тоа, ова е системско нарушување,
-
а системското нарушување делува како фатално.
-
[Добредојдовте во Машинеријата]
-
Во денешното општество, ретко се слуша некој да зборува
-
за напредокот во нивната земја или општество
-
во однос на нивната физичка благосостојба, состојба на среќа,
-
доверба или социјална стабилност.
-
Наместо тоа, мерките ни се претставени
-
преку економски апстракции.
-
Имаме бруто домашен производ, потрошувачки ценовен индекс,
-
вредност на берзата, стапка на инфлација...
-
и така натаму.
-
Но дали ова, ни зборува нешто од реалната вредност
-
за квалитетот на животот на луѓето?
-
Не. Сите овие мерки укажуваат
-
за самата секвенца на парите и ништо повеќе.
-
На пример, Бруто Домашниот Производ на една земја
-
е мерка за вредноста на продадените добра и услуги.
-
Се тври дека таа мерка е во сооднос со
-
„стандардот на живеење“ на жителите на една држава.
-
Во САД здравството претставуваше над
-
17% од БДП за 2009
-
трошејќи износ од над 2.5 трилиони.
-
Така што се создава позитивно ефект со ваквата економска мерка.
-
И, базирано на ваквата логика
-
за економијата на САД би било дури и подобро
-
ако здравствените услуги уште повеќе се зголемат до...
-
можеби 3 трилиони долари... или 5 трилиони
-
на тој начин ќе се создаде уште поголем раст,
-
повеќе работни места што ќе биде истакнато од економистите
-
како пораст на стандардот на живеење во државата.
-
Каква лекомисленост.
-
Што всушност претставуваат здравствените услуги?
-
ЛУЃЕ КОИ СЕ БОЛНИ И ПРЕД УМИРАЊЕ.
-
Токму така - колку што има повеќе заболени луѓе во Америка
-
толку е подобра економијата.
-
Тоа не е претерување или цинична перспектива.
-
Всушност, ако доволно се навратиме
-
ќе сфатиме дека БДП
-
не само што не го одразува јавното или социјалното здравје
-
на било какво опипливо ниво
-
туку, во суштина, главно е мерка
-
на индустриската неефикасност
-
и социјалната деградација.
-
Колку повеќе расте толку полоши стануваат работите
-
во поглед на личниот, социјалниот
-
и интегритетот на животната средина.
-
Мора да се создадат проблеми, за да се создаде профит.
-
Нема профит под постоечката парадигма
-
во спасување животи, воспоставување рамнотежа на оваа планета,
-
праведноста и мирот или нешто друго.
-
Во нив едноставно нема профит.
-
Има една поговорка -
-
’Усвои закон и направи бизнис’.
-
Без разлика дали создаваш бизнис за некој адвокат или било кој.
-
Значи, криминалот навистина создава
-
бизниси исто како што уништувањето создава
-
бизниси во Хаити.
-
Моментално има околу 2.000.000 затвореници
-
во САД
-
и од нив голем број се наоѓаат во затвори управувани
-
од страна на приватни корпорации:
-
Corrections Corporation of America, Wackenhut
-
кои тргуваат со своите акции на берзата
-
врз основа на тоа колку луѓе се моментално во затвор.
-
Е тоа е веќе болно.
-
Но тоа е само одраз на она што
-
оваа економска парадигма го бара.
-
Што е тоа што всушност го бара оваа економска парадигма ?
-
Што е тоа што овозможува нашиот економски систем да функционира?
-
Потрошувачката.
-
Или попрецизно - Цикличната Потрошувачка.
-
Кога ќе ја разглобиме
-
основата на класичната пазарна економија
-
ќе видиме дека ни остануваат само низи од монетарни размени
-
кои едноставно не смее да се дозволи да сопрат
-
или дури и значително да се забават
-
ако општеството какво што го знаеме
-
сакаме да остане функционално.
-
Има 3 главни актери на економската сцена:
-
вработениот, работодавачот
-
и потрошувачот.
-
Вработениот продава труд на работодавачот за приход.
-
Работодавецот ги продава своите производни услуги, и со тоа стоки,
-
на потрошувачот за приход,
-
а потрошувачот, се разбира, претставува уште една улога
-
на работодавачот и на вработениот
-
трошејќи пари назад кон системот
-
за да овозможи продолжување на цикличната потрошувачка.
-
Со други зборови, глобалниот пазарен систем е базиран врз
-
претпоставката дека секогаш ќе има доволно
-
побарувачка на продукти во општеството
-
да се движат доволно пари наоколу, со стапка
-
која може да го одржува процесот на потрошувачка.
-
И колку побрза е стапката на потрошувачка
-
толку повеќе се претпоставува т.н. економски раст
-
и така машината се движи...
-
Меѓутоа, почекајте-
-
Јас мислев дека економија треба да, незнам...
-
“Економизира“?
-
Не треба самиот поим да има врска со зачувување
-
и ефикасност и намалување на отпад?
-
Тогаш како нашиот систем кој бара потрошувачка
-
и тоа колку повеќе толку подобро, да биде ефикасен во зачувување
-
или да “Економизира“ воопшто?
-
Па... не го прави тоа.
-
Намерата на пазарниот систем, всушност, е токму спротивното
-
од она што вистинската економија би требала да го прави,
-
а тоа е ефикасно и конзервативно ориентирање
-
на материјалите за производство и дистрибуција
-
на артиклите потребни за живот.
-
Ние живееме на конечна планета, со ограничени ресурси
-
каде, на пример, за нафтата која ја користиме биле потребни
-
милиони години да се создаде...
-
каде што биле потребни милијарди години да се создадат минералите.
-
Значи... да се има систем кој намерно го промовира
-
забрзувањето на потрошувачката
-
за доброто на т.н. “економски раст“
-
е чисто екоцидно лудило.
-
Отсуство на отпад, тоа е ефикасност.
-
Отсуство на отпад?
-
Системов произведува повеќе отпад од сите други
-
системи кои постоеле во историјата на планетата.
-
Секое ниво на животна организација и животен систем
-
е во состојба на криза и предизвик
-
и распад или колапс.
-
Секое рецензирано списание во последните 30 години
-
ќе ви го каже истото:
-
дека секој животен систем е во пад
-
како и социјалните програми...
-
како и нашиот пристап до вода.
-
Обидете се да именувате некој аспект на животот кој
-
не е загрозен и во опасност...
-
Не можете.
-
Навистина нема ниеден и тоа е многу, многу очајно.
-
Но не сме го сфатиле дури ни механизмот причинител.
-
Не сакаме да се соочиме со механизмот причинител.
-
Сакаме само да продолжиме. Знаете, тука е лудоста -
-
кога правите иста работа повторно и повторно
-
иако тоа јасно не функционира.
-
Значи, вие навистина
-
не се соочувате со економски систем
-
туку би одел дотаму да кажам анти-економски систем.
-
[Анти-Економијата]
-
Има една стара поговорка дека конкурентниот
-
модел на пазарот има за цел да
-
"создаде најдобра можна стока по најниски можни цени".
-
Ова тврдење е во основа концептот на поттик
-
кој ја оправдува конкуренцијата на пазарот
-
базирана на претпоставката дека резултатот
-
е производство на поквалитетни добра.
-
Ако сакам да си направам маса од нула,
-
се разбира дека ќе ја правам од најдобрите
-
најиздржливите можни материјали, нели?
-
Со намера таа да трае што е можно подолго.
-
Зошто би сакал да направам нешто лошо
-
знаејќи дека евентуално би морал да го направам пак
-
и да потрошам повеќе материјал и повеќе енергија?
-
Меѓутоа, колку тоа да делува разумно во физичкиот свет
-
кога станува збор за светот на пазарот
-
не само што е експлицитно неразумно
-
туку не се ни зема како можност.
-
Технички е невозможно да се произведе
-
било што најдобро
-
ако компанијата сака да ја задржи конкурентската предност,
-
а со тоа да остане и пристапна до потрошувачот.
-
Буквално се што е создадено и наменето за продажба
-
во глобалната економија е инфериорно
-
во моментот кога е произведено
-
бидејќи математички е невозможно
-
да се направи научно најнапреден, ефикасен
-
и стратешки одржлив производ.
-
Ова се должи на фактот дека на пазарниот систем
-
му е нужна оваа “рентабилност“
-
или потребата да се скратат трошоците
-
која постои во секоја фаза од производство.
-
Од цената на трудот, до цената на
-
материјалите, амбалажата итн.
-
Оваа конкурентна стратегија, се разбира,
-
постои со цел јавноста да ги купува нивните
-
наместо производите на конкурентниот производител
-
...кој го прави потполно истото
-
за да ги направи своите производи конкурентни и достапни.
-
Постојаната расипничка последица на системот
-
може да се нарече: Вградена излишност.
-
Сепак, ова е само дел од поголем проблем:
-
Основното управувачко начело на пазарната економија
-
кое нема да го најдете во никој учебник, патем речено -
-
е следното:
-
„Не смее да се дозволи ниеден производ да има животен век
-
подолг од тој кој е потребен
-
за да продолжи цикличната потрошувачка“.
-
Со други зборови, од критична важност е нештата да се расипуваат,
-
кршат и истекуваат во одреден период.
-
Ова се нарекува - „Планирана излишност“.
-
Планираната излишност е 'рбетот на маркетинг
-
стратегиите за секоја корпорација производител која постои.
-
Ретко која од нив, се разбира,
-
отворено ќе ја признае ваквата стратегија,
-
ќе се обидат да ја прикријат под маската на
-
феноменот на Вградената излишност за кој зборувавме погоре,
-
притоа игнорирајќи, дури и потиснувајќи ги
-
новите технолошки пронајдоци
-
со кои може да се создадат поодржливи, издржливи стоки.
-
Значи, не е доволно деструктивно
-
што во системот е вродено да не смее да дозволи да се
-
произведуваат најтрајните и ефикасни стоки,
-
Планираната излишност намерно
-
признава дека колку подолго работи одредена стока
-
толку е полоша за одржување на цикличната потрошувачка,
-
а со тоа и самиот пазарен систем.
-
Со други зборови, одржливоста на производите
-
е всушност обратно пропорционална од економскиот раст
-
и заради тоа постои директен, засилен поттик
-
да се осигура кус животен век
-
за било која произведена стока.
-
И, во суштина, системот не може да работи на друг начин.
-
Еден поглед врз морето од депонии кои се шират низ
-
светот ја покажува реалноста на излишноста.
-
Сега постојат милијарди евтино направени мобилни телефони
-
компјутери и други технологии,
-
секоја од нив полна со скапоцени материјали, тешки за откопување,
-
како што е златото, колтанот, бакарот ...
-
кои сега скапуваат во огромни купови
-
обично заради дефект или застареност
-
на малите делови кои, во конзервативно општество
-
веројатно би можеле да се поправат или ажурираат
-
со што би им се продолжил рокот на траење.
-
За жал, колку и да се чини како ефикасно
-
во нашата физичка реалност, живеењето
-
на ограничена планета со ограничени ресурси,
-
е особено неефикасно, во поглед на пазарот.
-
Да се стави во една фраза:
-
"Ефикасноста, одржливоста, и
-
зачувувањето се непријатели на нашиот економски систем ".
-
Исто така, не само физичките стоки треба да бидат постојано
-
произведувани и репродуцирани
-
без оглед на нивното влијание врз животната средина
-
индустријата на услужни дејности работи со истата логика.
-
Факт е дека не постои парична корист
-
во решавањето на проблемите
-
кои тековно се опслужуваат.
-
На крајот на краиштата
-
последната работа која медицинскиот естаблишмент навистина ја сака
-
е лекување на болестите како што е ракот
-
што би елиминирало безброј работни места и трилиони во приходи.
-
А бидејќи сме на темата...
-
Криминалот и тероризмот во овој систем се добри!
-
Па, барем од економска гледна точка...
-
бидејки ја вработуваат полицијата,
-
генерирајќи стоки поврзани за безбедноста со висока вредност,
-
а да не ја споменувам вредноста на затворите
-
кои се во приватна сопственост - за профит.
-
А што е со војната?
-
Воената индустрија во Америка е огромен двигател на БДП
-
- една од најпрофитабилните индустрии -
-
произведувајќи оружје за убивање и уништување.
-
Омилената игра на оваа индустрија е да ги дига нештата во воздух
-
а потоа да оди да ги гради повторно, за профит.
-
Го видовме ова со ненадејните договори од билиони долари
-
направени од војната во Ирак.
-
Во крајна линија, општествено негативните
-
атрибути на општеството
-
станаа позитивно наградени потфати за индустријата
-
и било кој интерес за решавање на проблемите
-
или за одржливоста и зачувувањето на животната средина
-
е суштински спротивен на економската одржливост.
-
Токму поради тоа
-
секој пат кога ќе видите дека се покачува БДП на некоја земја
-
сведочите пораст на потребата,
-
без разлика дали е вистинска или измислена,
-
и по дефиниција, потребата во својот корен има неефикасност.
-
Оттука, зголемената потреба значи и зголемена неефикасност.
-
[Нарушување на системот на вредности]
-
Американскиот сон се заснова на
-
на неконтролирана потрошувачка.
-
Се базира на фактот дека
-
популарните медиуми,
-
а особено комерцијаното рекламирање
-
- сите корпорации на кои им е потребен овој безграничен раст -
-
не имаат убедено или им ги имаат испрано мозоците
-
на мнозинството луѓе во Америка и светот
-
дека мораме да имаме одреден број на материјални добра
-
како и опција за здобивање со бесконечно многу повеќе
-
материјални добра, за да бидеме среќни.
-
Тоа, едноставно, не е вистина.
-
Тогаш зошто луѓето продолжуваат да купуваат на овој начин
-
кој е ултимативно еко - геноциден.
-
во својот кумулативен системски ефект?
-
Тоа е само класично и оперативно условување.
-
Едноставно имате влезови на условување во организмот
-
и имате излези на посакуваните однесувања
-
или цели.
-
И ги имаат сите технолошки ресурси
-
и имаат само добри зборови за тоа како
-
влегуваат во мозоците на децата
-
и она што го слушаат веќе ги прави
-
условени на брендот.
-
Тогаш ви станува јасно зошто
-
луѓето се такви будали.
-
Тие биле учени да бидат будали.
-
Тоа е нарушување на системот на вредност.
-
Знаете, ако некаде има сведоштво за пластичноста
-
на човечкиот мозок.
-
Ако некаде има доказ за тоа колку лесно се оформува
-
човековата мисла и колку лесно
-
можат да бидат водени и условувани луѓето
-
на основа на стимулите од нивната средина
-
и што тие засилуваат:
-
тогаш светот на комерцијалното рекламирање е доказот.
-
Ти треба да стоиш со стравопочит
-
пред степенот на перење мозок
-
пред тие програмирани роботи познати како „потрошувачи“
-
талкаат наоколу
-
само за да влезат во продавница и потрошат, на пример
-
4000 долари за ташна
-
која најверојатно чини 10 долари за да се изработи
-
во работилница некаде преку море.
-
Само за статусот кој брендот наводно
-
го претставува во културата.
-
Или можеби древните традиции во заедниците,
-
кои ја зголемуваат довербата и кохезијата во општеството -
-
а кои се сега киднапирани од страна на присвојувачките
-
материјални вредности при што ние сега годишно
-
разменуваме непотребни глупости неколку пати.
-
Можеби ќе се запрашаме зошто толку луѓе денеска имаат
-
силна потреба да купуваат и присвојуваат
-
кога е јасно дека се условени од детство
-
да очекуваат материјални добра
-
како знак на нивниот статус кај пријателите и семејството.
-
Фактот е дека темелите на кое било општество
-
се вредностите што го подржуваат неговото функционирање
-
и нашето општество, какво што е
-
може само да функционира ако нашите вредности ја поддржуваат
-
очигледната потрошувачка која е
-
потребна за да продолжи пазарниот систем.
-
Пред 75 години потрошувачката во Америка
-
и поголемиот дел на Западниот свет била половина
-
од тоа што гледаме денес, по човек.
-
Новата потрошувачка култура на денешницата
-
била произведена и наметната
-
поради многу реалната потреба за поголем
-
и поголем степен на потрошувачка.
-
Тоа е причината зошто повеќето од корпорациите сега трошат
-
повеќе пари на рекламирање, отколку на вистинскиот процес
-
на создавање на самиот производ.
-
Тие напорно работат да создадат лажна потреба за вие да ја исполните.
-
И тоа функционира.
-
[„Економистите“]
-
Знаете, економистите всушност воопшто не се економисти.
-
Тие се пропагатори на парична вредност
-
и ќе откриете дека сите нивни
-
модели се сведуваат на симболички
-
размени што се верни на профитот
-
од една страна или обострано или било како
-
но тие се целосно одвоени од вистинскиот
-
постоечки свет на репродукција.
-
Во Охајо, еден стар човек не ја платил сметката за струја
-
можеби го знаете овој случај,
-
и компанијата за електродистрибуција му ја исклучила струјата и тој умрел.
-
Причината зошто ја исклучиле е
-
поради тоа што не би било профитабилно
-
за нив да ја остават уклучена затоа што тој не ја платил сметката.
-
Дали верувате дека тоа било правилно?
-
Одговорноста навистина не е во
-
компанијата за електродистрибуција за исклучувањето
-
туку на соседите и пријателите на овој човек
-
и колегите
-
кои не биле доволно добротворни
-
да му овозможат, како индивидуа
-
да ја плати сметката за струја.
-
ХММММММ...
-
Дали добро слушнав?
-
Дали тој штотуку рече дека смртта на човек
-
предизвикана од немање пари
-
била одговорност на...
-
други луѓе...
-
или последица на добротворноста?
-
Па ако е така, претпоставувам ќе ни треба
-
едно чудо информативни реклами, мали мизерни
-
касички за донации во маркети
-
и еден куп тегли од туршија
-
за милијардата луѓе кои гладуваат до смрт
-
на оваа планета...
-
поради самиот систем што Милтон Фридман го промовира.
-
Дали ќе се занимавате со филозофиите на
-
Милтон Фридман, Ф.А. Хајек,
-
Џон Мајнард Кејнс, Лудвиг вон Мисес
-
или кој било друг голем пазарен економист
-
основата на размислувањето
-
ретко оди подалеку од паричната секвенца.
-
Тоа е како религија.
-
Анализа на потрошувачката, стабилизирачки политики
-
трошење на дефицит, агрегатна побарувачка...
-
постојат како бескраен, авто-референцијален,
-
авто-рационализиран дискурзивен круг,
-
каде универзалните човечки потреби, природните ресурси
-
и секоја форма на физички живот кој поддржува ефикасност
-
се исклучени од почеток
-
и заменети со единственото уверување дека луѓето
-
барајќи надмоќ едни над други само за пари
-
мотивирани од нивниот сопствен, тесен личен интерес
-
магично ќе создадат одржливо, здраво, балансирано општество.
-
Не постои животна координата во целата оваа теорија
-
во целата доктрина.
-
Што прават тие?
-
Тоа што тие го прават е следење на текот на парите.
-
Тоа е се, следење на текот на парите
-
претпоставувајќи дека тоа е она што е важно.
-
Прво: Не постојат животни координати...
-
...нема животни координати!
-
Второ: Сите претставници се
-
себе-максимизирачки трагачи по погодности.
-
Поточно, не мислат на ништо друго освен на самите себе
-
и што повеќе да приграбат за себе.
-
Тоа е главната идеја на рационалноста:
-
себе-максимизирачки избор,
-
а едниственото нешто што ги интересира во себе-максимизирањето
-
се или парите или стоките.
-
Добро, каде се социјалните односи?
-
Ги нема, освен во размената за себе-максимизирање.
-
Каде се нашите природни ресурси?
-
Ги нема, освен да бидат експлоатирани.
-
Каде е семејството кое што можеше да опстане?
-
Го нема. Треба да имаат
-
пари за да можат да платат за било што.
-
Добро, нели би требало една економија
-
некаде да се справи со потребите на луѓето?
-
Нели е тоа основниот проблем?
-
Ох, „потреба“ го нема дури ни во вашиот вокабулар.
-
Го разложувате на „посакувања“...
-
а што е тоа посакување? Тоа значи
-
побарување на пари кои сакаат да купуваат.
-
Но, ако таа побарувачка на пари која сака да купува
-
таа нема никаква врска со потребата
-
бидејќи човекот може да нема побарувачка на пари,
-
а очајно да има потреба од, да речеме, вода.
-
Или, можеби побарувачката на пари посакува златна тоалетна школка.
-
Па, каде не води сето ова?
-
Кон златната тоалетна школка.
-
И вие го нарекувате ова економија?
-
Навистина, ако размислите за тоа,
-
ова мора да е најбизарната
-
измама во историјата на човековата мисла.
-
[Монетарен Систем]
-
Досега се фокусиравме на пазарниот систем.
-
Но овој систем е всушност само
-
половина од глобалната економска парадигма.
-
Другата половина е „Монетарниот систем“.
-
Додека пазарниот систем се однесува на интеракцијата на луѓето
-
кои работат за профит ширум спектарот на трудот
-
производството и дистрибуцијата,
-
Монетарниот систем е во својата основа е збир на политики
-
одредени од финансиските институции
-
кои ги создаваат условите за
-
пазарниот систем, меѓу другите нешта.
-
Вклучува термини за кои често слушаме
-
како каматни стапки, кредити, долгови, снабдување со пари
-
инфлација и така натаму.
-
И додека можеби сакате да си ја искубете косата слушајќи ги
-
глупостите кои ги брборат монетарните економисти:
-
„Скромните превентивни мерки, можат да ја избегнат потребата
-
за подрастични мерки во иднината.“
-
природата и ефектот од овој
-
систем се всушност многу едноставни:
-
Нашата економија има...
-
или глобалната економија има
-
три основни нешта што ја управуваат.
-
Едната е банкарството со фракционални резерви,
-
или банките кои печатат пари од ништо.
-
Тоа е исто така засновано на насобрана камата.
-
Кога позајмувате пари, мора да вратите повеќе
-
од она што сте го позајмиле, што значи дека вие, всушност
-
создавате пари од ништо
-
што, повторно, мора да биде опслужено со создавање уште повеќе пари.
-
Ние живееме во бесконечна парадигма на раст.
-
Економската парадигма во која живееме денес е Понзиева шема.
-
Ништо не расте вечно.
-
Не е возможно.
-
Како што напиша истакнатиот психолог Џејмс Хилман
-
„Единственото нешто кое расте во човековото тело после
-
одредена возраст е рак.“
-
Не е само количината на пари онаа која мора да продолжи да расте
-
туку и бројот на потрошувачи.
-
Потрошувачите да позајмуваат пари со одредена камата
-
за да создадат повеќе пари и очигледно, тоа не е возможно
-
на ограничена планета.
-
Луѓето се во основа средства за само да се создаваат пари
-
кои мораат да создаваат повеќе пари
-
за да не се распадне целата работа
-
што е она што се случува во моментов.
-
Навистина, има само две работи што секој треба да ги знае
-
за монетарниот систем:
-
1: Сите пари се создадени од долг.
-
Парите се циркулирачки долг,
-
било дали е материјализиран од државни обврзници
-
договори за станбени кредити или кредитни картички.
-
Со други зборови, ако целиот неподмирен долг
-
би се исплатил во моментов
-
нема да има ни еден долар во циркулација.
-
И 2: Каматата се наплатува на скоро сите направени кредити
-
и парите потребни да се врати таа камата
-
не постојат во залихата на пари во моментов.
-
Само основата е создадена од заемот
-
и основата е залихата на пари.
-
Значи, ако целиот овој долг би се исплатил во моментов
-
не само што нема да остане ниту еден долар да кружи
-
би имало огромна сума на долг
-
која е буквално невозможно да се исплати, бидејќи не постои.
-
Последицата од сето ова е дека две работи се неизбежни:
-
Инфлација
-
и Банкрот.
-
Во поглед на инфлацијата, ова може да се гледа како историски тренд
-
во скоро секоја денешна земја
-
и лесно врзан со неговата причина
-
која е постојано зголемување на залихата на пари
-
која е потребна
-
да се покријат каматните трошоци и да се одржува системот.
-
А што се однесува на банкротирањето
-
тоа доаѓа во форма на колапс на долгови.
-
Овој колапс неизбежно ќе се случи со личност,
-
компанија или земја
-
и типично се случува кога каматните трошоци
-
е невозможно да се исплатат.
-
Но има и светла страна на се ова...
-
барем од гледна точка на пазарниот систем.
-
Бидејќи долгот создава притисок.
-
Долгот создава робови за плата.
-
Човек во долгови поверојатно би прифатил ниска плата
-
отколку човек што не е
-
станувајќи евтина стока
-
значи одлично е за корпорациите да имаат група луѓе
-
кои немаат финансиска поткрепеност.
-
Но, таа иста идеја важи и за цели држави...
-
Светската банка и Меѓународниот Монетарен Фонд
-
кои најчесто служат како посредници за
-
транснационални корпоративни интереси
-
даваат огромни кредити на проблематични земји
-
со многу високи каматни стапки
-
и потоа, штом еднаш земјите влезат
-
длабоко во бездната и не можат да платат,
-
се применуваат сурови мерки
-
корпорациите ненадејно се појавуваат,
-
основаат експлоататорски компании и ги земаат нивните природни ресурси.
-
Е тоа e ефикасностa на пазарот.
-
Но, тоа не е се:
-
гледате, тука е тој единствен
-
хибрид од монетарниот и пазарниот систем
-
наречен берза на хартии од вредност
-
во кој наместо да произведуваат нешто реално
-
тие само купуваат и продаваат пари.
-
Знаете што прават кога доаѓа до долг?
-
Токму така - тргуваат со него.
-
Тие всушност купуваат и продаваат долг за профит.
-
Од размени на неплатени кредити
-
и колатерални должнички обврски за потрошувачки долгови
-
до сложени дериватни шеми кои се користат
-
да се камуфлира долгот на цели држави
-
како што е тајниот договор меѓу
-
инвестициската банка Goldman Sachs и Грција
-
што речиси ја уништи целата Европска економија.
-
Па кога зборуваме за берзата и Вол Стрит
-
имаме сосема ново ниво на лудило
-
изведена од Паричната секвенца на вредност.
-
Се што треба да знаете за пазарите
-
беше напишано во воведната статија на Wall Street Journal
-
пред неколку години
-
и беше наречено "Предавања од инвеститорот со оштетен мозок"
-
И во ова издание, тие објаснуваат зошто
-
луѓето со благо мозочно пореметување
-
се подобри инвеститори
-
од луѓето со нормална мозочна функционалност.
-
Зошто? Бидејќи луѓето со
-
благо пореметување немаат сочуство.
-
И тоа е клучот. Ако немате сочуство
-
поминувате одлично како инвеститор
-
и така Вол Стрит подржува луѓе кои немаат сочуство.
-
Да се биде таму и да се носат одлуки
-
и да се тргува, тие немаат грижа на совест
-
и не размислуваат кој е ефектот на тоа што го прават
-
врз останатите луѓе.
-
Затоа ги одгледуваат овие роботи.
-
Овие луѓе кои немаат душа
-
и бидејќи веќе не сакаат ни да ги плаќаат овие луѓе -
-
сега прават роботи - вистински роботи -
-
вистински алгоритмички трговци.
-
Goldman Sachs и скандалот со тргување со висока фрекфенција:
-
тие поставиле компјутер до Њујоршката берза.
-
Овој компјутер, овој ’ко-лоциран’ компјутер, како што го нарекуваат:
-
ги претркува сите тргувања на берзата и
-
на берзата и дава големи нарачки
-
на начин што „дере“
-
ситни парички од размената.
-
Тоа е како да цицаат пари по цел ден.
-
Минатата година цел квартал,
-
30 или 60 дена беа без ни еден лош ден
-
и правеа милиони долари секој еден ден?
-
Тоа е статистички невозможно!
-
Кога јас работев на Вол Стрит, работите одеа
-
со тоа што сите даваа поткуп погоре.
-
Брокерите ги поткупуваат менаџерите
-
менаџерите ги поткупуваат менаџерите за регионални продажби.
-
Менаџерите за регионални продажби
-
ги поткупуваат националните.
-
Тоа е премолчан договор.
-
На Божиќ, кој го добива најголемиот бонус со просечна
-
брокерска работа? Службеникот за усогласеност.
-
Службеникот за усогласеност седи таму цел ден;
-
тој би требало да се осигура дека вие
-
нема да прекршите некое од основните правила
-
и дека сте во "соглaсност" со законот.
-
Се разбира, да, до мерката кога
-
можете да го поткупите службеникот,
-
да, тaка е, ти си во согласност со законот!
-
Па, како измамата стана систем?
-
Тоа веќе не е нуспроизвод.
-
Тоа е системот.
-
Како во онаа стара шега на Вуди Ален. Тој вели:
-
„Докторe, брат ми мисли дека е кокошка“.
-
А докторот вели „Напиј се апче
-
и тоа би требало да го реши проблемот“.
-
И тој вели, „Не докторе. Вие не разбирате
-
нам ни требаат јајцата".
-
Во ред?
-
Така, трговијата со лажни побарувања напред-назад
-
меѓу банките
-
за да соберат провизии,
-
за да соберат бонуси,
-
стана погонот за производство на БДП
-
за пораст на екомонијата на САД
-
иако тие во основа тргуваат со лажни побарувања
-
за кои апсолутно нема никаква надеж дека некогаш ќе се платат.
-
Тие обработуваат, генерираат и ре-осигуруваат воздух.
-
Ако напишам 20 милијарди долари на салфетка
-
и ја продадам на J.P. Morgan, а исто така и J.P. Morgan напишат
-
20 милијарди долари на салфетка
-
и ги размениме овие две салфетки на шанкот
-
и ако секој од нас си плати четвртина од 1% за провизија,
-
ќе направиме многу пари за нашите Божиќни бонуси.
-
Секој од нас во својот извештај има салфетка од 20 милијарди долари
-
која нема вистинска вредност, се додека
-
системот веќе не е во состојба да поддржува лажни
-
салфетки, во кој случај одиме кај владата
-
за да не извлече.
-
И заради Вол Стрит и глобалната берза
-
сега постојат загрижувачки 700 трилиони долари
-
од извонредни лажни побарувања -
-
познати како деривати
-
кои чекаат да пропаднат.
-
Вредност во износ 10
-
пати над бруто домашниот производ
-
на целата планета.
-
И додека ние ги имаме видено помагањата на
-
корпорациите и банките од страна на владите...
-
кои, секако, комично ги позајмуваат
-
нивните пари од банките за почеток.
-
Сега ние гледаме обиди финансиски да се помогнат цели земји
-
од страна на конгломерати на други земји
-
преку интернационалните банки.
-
Но како финансиски да спасиш планета?
-
Нема ниедна земја која не е преполна со долгови.
-
Каскадата на неплаќање на државни долгови која ја видовме
-
можеби е само почетокот, кога разгледуваме математички.
-
Само во САД се проценува
-
дека данокот на приход ќе треба да е покачи до 65%
-
по човек, само за да ја покрие каматата во блиска иднина.
-
Економистите сега предвидуваат дека за неколку декади
-
60% од земјите на планетата ќе бидат банкротирани.
-
Но застанете-- да расчистиме нешто.
-
Светот оди кон банкрот
-
што по ѓаволите и да значи тоа
-
заради оваа идеја наречена „долг“
-
кој што не ни постои во физичката реалност.
-
Тоа е само дел од играта која ја измисливме...
-
а сепак благосостојбата на милијарди луѓе
-
сега е доведенa во прашање.
-
Масовни отпуштања - сиромашни квартови - забрзано осиромашување
-
Наметнати мерки за штедење - затворање училишта -
-
гладни деца... и други нивоа на семејна беда...
-
се заради оваа детално испланирана фикција...
-
Што сме ние, ебано глупави?!
-
Еј! Еј! Марс - друже.
-
Ќе даеш некој динар, а?
-
Порасни, мали.
-
Сатурн! Како иде брат?
-
Се сеќаваш на онаа жешка небула со која те запознав
-
пред некое време?
-
Слушај, Земјо.
-
Навистина сме уморни од тебе.
-
Се ти беше дадено и се потроши.
-
Имаш изобилство на ресурси и го знаеш тоа.
-
Ај порасни и научи се
-
на малку одговорност, аман.
-
Ја растажуваш мајка ти.
-
Сама си, другар.
-
Аха, сеедно.
-
[Јавно Здравје]
-
Сега, имајќи се во предвид...
-
од машината за трошење позната како пазарен систем-
-
до машината за долгови позната како монетарен систем-
-
кои ја создаваат парадигмата на монетарен-пазар
-
која ја дефинира глобалната економија денес...
-
постои една последица што ќе влијае
-
на целата машина:
-
Нееднаквост.
-
Без разлика дали пазарниот систем е оној кој создава природна
-
гравитација кон монополот и јакнење на моќта
-
истовремено создавајќи збирови на богати индустрии
-
кои се наметнуваат над другите
-
без оглед на намената-
-
како фактот дека врвните
-
менаџери на ограничените фондови на Вол Стрит
-
сега заработуваат над 300 милиони долари годишно
-
за придонес кон буквално ништо.
-
Додека научник кој бара лек за болест
-
обидувајќи се да му помогне на човештвото
-
може да направи 60.000 долари годишно ако има среќа.
-
Или дали монетарниот систем
-
кој има вградено класна поделба во неговата структура.
-
На пример:
-
Ако имам екстра 1 милион долари и ги ставам во депозит
-
со 4% камата -
-
Јас ќе направам 40,000 долари годишно.
-
Нема општествен придонес - нема ништо.
-
Сепак, ако сум личност од ниската класа и морам да земам кредити
-
да си купам автомобил или дом
-
Плаќам камата која
-
на крајот
-
ќе му исплати на милионерот со 4% депозит.
-
Оваа крадење од сиромашните за да им се плати на богатите
-
е темелен, вграден аспект на монетарниот систем.
-
Истиот може да биде означен како „Структурален класизам“
-
Се разбира, социјалното раслојување отсекогаш
-
историски било гледано како нефер
-
но очигледно било прифатено
-
бидејќи сега 1% од популацијата поседува 40% од земјеното богатство.
-
Ако ја оставиме материјалната праведност на страна,
-
ќе видиме дека нешто друго се случува
-
под површината на нееднаквоста
-
што предизвикува неверојатно нарушување на јавното здравје во целина.
-
Верувам дека луѓето често се збунети од контрастот
-
помеѓу материјалниот успех на нашето општество,
-
незапаметени нивоа на богатство,
-
а огромен број општествени неуспеси.
-
Ако ги погледнете стапките на
-
употреба на дрога или насилство или самонаштетување
-
помеѓу деца, или ментални болести
-
јасно е дека нешто сериозно не е во ред
-
со нашето општество.
-
Податоците кои ги опишав
-
едноставно ја докажуваат интуицијата која луѓето
-
ја имале веќе стотици години, дека нееднаквоста дели
-
и е општествено разорна.
-
Оваа интуиција е поточна отколку што некогаш замислувавме.
-
Нееднаквоста има многу големи психолошки
-
и социјални ефекти. Претпоставувам тоа има врска
-
со чувството на супериорност и инфериорност.
-
Ваквиот тип на поделба...
-
Или ако одиме со почитта и непочитта -
-
кога луѓето се чувствуваат дека се гледани од високо,
-
што, патем речено, е причината зошто насилството
-
е почесто во помалку еднаквите општества -
-
поводот за насилство често е начинот на кој луѓето се гледани
-
од високо и непочитувани.
-
Ако има едно начело кое би го нагласил
-
тоа е дека најважното начело зад
-
превенцијата на насилството
-
е „Еднаквоста“.
-
Најзначајниот фактор
-
кој влијае врз стапката на насилство
-
е степенот на еднаквост наспроти степенот на нееднаквост
-
во даденото општество.
-
Значи, она што го гледаме е еден вид на
-
целосна општествена нефункционалност.
-
Не е дека една или две работи ќе тргнат во погрешен правец
-
со зголемување на нееднаквоста,
-
туку се одеднаш, без разлика дали зборуваме за
-
криминал или здравје или ментална болест или што и да е.
-
Едно од навистина вознемирувачките откритија во јавното здравство
-
е никогаш да не си ја дозволите грешката да бидете сиромашни.
-
Или пак да се родите сиромашни.
-
Вашето здравје плаќа на безброј начини:
-
нешто што е познато како „здравствена социоекономска градација.“
-
Како што се движите надолу од највисоките слоеви
-
во општеството, во смисла на социоекономскиот статус,
-
со секој чекор надолу, здравјето е се полошо
-
за неизмерно многу различни болести.
-
Животниот век се намалува.
-
Степеност на смртност кај новороденчињата -
-
се што би можеле да набљудувате.
-
Затоа, огромно прашање е
-
зошто всушност постои оваа градација.
-
Еден прост и очигледен одговор е
-
дека, „ако сте хронично болни, нема да
-
бидете многу продуктивни, па според тоа
-
здравствените проблеми се двигател на социоекономските разлики“.
-
Воопшто не е тоа бидејќи -
-
на најпросто можно ниво
-
би можеле да го погледнете
-
социоекономскиот статус на 10 годишник,
-
и да предвидите нешто поврзано со неговото здравје
-
децении подоцна.
-
Толку за насоката на последиците.
-
Следно - „Ох, премногу е очигледно“ -
-
сиромашните не можат да си дозволат да одат на доктор...
-
се работи за пристап до здравството?
-
Нема никаква врска со тоа
-
бидејќи ги гледате истите овие градации
-
во земји во кои има државно здравство
-
и социјализирана медицина.
-
Во ред - следното „едноставно објаснување“
-
Ох -во просек- колку си посиромашен
-
толку е поголема веројатноста да пушиш
-
и да пиеш и сите животни стилови со ризични фактори .
-
Да, тие придонесуваат, но темелни студии покажале
-
дека се должни за можеби третина од променливоста.
-
И што остана?
-
Тоа што преостанува има многу врска со
-
со СТРЕСОТ од сиромаштија .
-
Колку си посиромашен, почнувајки од
-
лицето кое е еден долар заработувачка зад Бил Гејтс...
-
колку посиромашен си во оваа земја
-
во просек, се полошо е твоето здравје.
-
Ова ни кажува нешто навистина важно:
-
врската помеѓу здравјето и сиромаштијата
-
не е во тоа да бидеш сиромашен, туку да се чувствуваш сиромашно.
-
Се повеќе го препознаваме хроничниот стрес
-
како важно влијание на здравјето,
-
но најважните извори на стрес
-
се квалитетите на социјалните врски,
-
и ако таму има нешто
-
што го намалува квалитетот на социјалните врски
-
тоа е социоекономската поделба на општеството.
-
Она што науката сега го докажа
-
е дека, без оглед на материјалното богатство,
-
стресот од самото живеење во поделено општество
-
води кон огромен спектар на здравствени проблеми кај луѓето
-
и колку е поголема нееднаквоста ,толку се полоши проблемите.
-
Просечен животен век: подолго во поеднакви земји.
-
Злоупотреба на дрога: помала во поеднакви земји.
-
Психички болести: помалку во поеднакви земји.
-
Општествен капитал - значи
-
способноста на луѓето да си веруваат меѓу себе:
-
Се разбира поголем во поеднакви земји.
-
Образовни резултати: Повисоки во поеднакви земји.
-
Стапка на убиства: помала во поеднакви земји.
-
Криминал и стапка на затворање:
-
Помали во поеднакви земји.
-
Тоа трае и трае:
-
Смртност на новороденчиња, дебелина, стапка на тинејџерски бременост:
-
Помали во поеднакви земји.
-
и можеби најинтересно:
-
Иновација: повисока во поеднакви земји.
-
Што го оспорува дамнешното мислење дека конкурентско
-
слоевито општество е некако покреативно и инвентивно.
-
Уште повеќе, истражување спроведено во Обединетото Кралство
-
наречено WhiteHall Истражување
-
потврдило дека постои општествена поделба на болести
-
како што одите од врвот на социоекономското скалило
-
до дното.
-
На пример, откриено е дека најниските степени
-
од хиерархијата имала четирикратно зголемување
-
на смрност предизвикана од срцеви болести
-
споредено со највисоките степени.
-
А оваа шема постои, без оглед на пристапот до здравството.
-
Според тоа - што полоша е финансиската состојба на лицето
-
толку полошо ќе и нивното здравје во просек.
-
Овој феномен е вкоренет во нешто што може да се нарече
-
Психосоцијален стрес
-
и се наоѓа во темелите на најголемите општествени нарушувања
-
кои го мачат денешното општество.
-
Причината?
-
Монетарниот пазарен систем.
-
Не грешите:
-
најголемиот уништувач на екологијата...
-
најголемиот извор на отпад, исцрпување и загадување...
-
најголемиот поттикнувач на насилство-
-
војна - криминал - сиромаштија - злоупотреба на животни и нехуманост...
-
најголемиот произведувач на општествена и лична невроза...
-
ментални пореметувања, депресија, страв...
-
Да не спомнуваме, најголемиот извор на социјална парализа
-
што не кочи во движењето кон нови методологии
-
за лично здравје, глобална одржливост
-
и напредок на планетава-
-
не е некоја корумпирана влада или закон...
-
не е некоја одметничка корпорација или банкарски картел...
-
не е некој недостаток во човечката природа...
-
и не некоја скриена интрига што го контролира светот.
-
Тоа е всушност
-
самиот на Социо-економски систем
-
во неговото основа.
-
[Трет дел: Проектот Земја]
-
Да си замислиме само за момент дека имаме можност
-
да ја редизајнираме човечката цивилизација од нула.
-
Што би било, хипотетички кажано,
-
да откриеме целосна реплика на планетата Земја
-
со тоа што оваа нова планета
-
единствено би се разликувала од нашата моментална
-
по тоа што човечката еволуција на нејзе не се случила.
-
Еден вид отворена палета.
-
Без земји, без градови, без загадување, без републиканци...
-
само исконска, отворена животна средина.
-
Што би направиле тогаш?
-
Најпрво ни треба некаква „цел“, нели?
-
Сигурно е дека таа цел би била да преживееме.
-
И не само да преживееме, туку да го направиме тоа на еден оптимален,
-
здрав и просперитетен начин.
-
Повеќето луѓе, навистина, имаат желба да живеат
-
и би сакале да го прават тоа без страдање.
-
Поради тоа, основата на оваа цивилизација
-
треба да го поддржува, притоа
-
и одржува човечкиот живот, колку е можно повеќе -
-
притоа земајќи ги во предвид материјалните потреби
-
на сите луѓе на светот
-
и трудејќи се да отстранува се
-
што би можело да не повреди на долги патеки.
-
Ако сме ја сфатиле оваа цел за „Максимална одржливост“
-
следното прашање ни е поврзано со „методот“.
-
Како би пристапиле?
-
Па, да видиме - кога последен пат проверив
-
политиката беше метод за општествени оперирања на Земјата.
-
а што имаат да кажат доктрините на републиканците, либералите,
-
конзервативците или социјалистите за општествениот дизајн?
-
Хмммм.... ама баш ништо!
-
Добро, тогаш - што е со религијата?
-
Секако, големиот устроител зад себе некаде морал да остави некакви нацрти...
-
Не баш....ништо не успеав да најдам.
-
Добро, тогаш што ни останува?
-
Се чини нешто што се вика „Наука“.
-
Науката е уникатна по тоа што нејзините методи не бараат само идеите
-
предложени да бидат тестирани и пресликани....
-
туку се откриено со науката е исто така проверливо по природа.
-
Со други зборови, за разлика од религијата и политиката
-
науката нема его
-
и се што се предлага ја прифаќа можноста
-
евентуално да биде докажано како погрешно.
-
Не се држи до нешто и постојано еволуира.
-
Па, тоа звучи доволно природно за мене.
-
И така - базирано на моменталната состојба на научното знаење
-
во раниот 21-ви век
-
заедно со нашата цел за „максимална одржливост“
-
за човечката популација
-
како да се започне актуелниот процес на изградба?
-
Па, првото прашање би било:
-
Што ни треба за да преживееме?
-
Одговорот, се разбира, се Ресурсите на планетата.
-
Дали е тоа водата што ја пиеме, енергијата што ја користиме
-
или сировините што ги користиме за да создадеме алатки и засолништа
-
планетата содржи палета на ресурси -
-
од кои голем број се неопходни за нашиот опстанок.
-
Значи, во таква реалност
-
критично е да сфатиме што имаме и каде е тоа.
-
Тоа значи дека треба да спроведеме истражување.
-
Едноставно го лоцираме и идентификуваме секој постоечки ресурс на планетата
-
ние можеме, заедно со количината достапна на секоја локација
-
од залихите на бакар, до најдобрите локации за
-
ветерници за производство на енергија
-
до природните извори на вода за пиење
-
до проценка на количината на риба во океанот
-
до најдобрата обработлива површина за одгледување на храна и така натаму.
-
Но, бидејќи ние луѓето ќе ги
-
трошиме овие извори со текот на времето
-
ние тогаш сфаќаме дека не само што треба да лоцираме и идентификуваме -
-
ние исто така треба и да следиме.
-
Треба да се осигураме дека нема да ни снема ниту една од овие работи...
-
тоа би било лошо.
-
И тоа значи дека не само да ги следиме стапките на употреба
-
туку и стапката на регенерација на земјата исто така
-
како што е на пример колку време му треба
-
на дрвото да порасне или на изворот да се пополни.
-
Ова е наречено “Динамична рамнотежа“
-
Со други зборови, ако ги искористиме дрвата побргу одошто можат да израстат повторно
-
имаме сериозен проблем, затоа што е неодржливо.
-
Значи тогаш, како да ги следиме ресурсите
-
особено кога знаеме дека сите
-
нешта се расфрлани насекаде.
-
Имаме големи рудници на минерали во Африка
-
енергетска концентрација во Блискиот Исток
-
огромни можности за плиматска енергија на Атланското крајбрежје на Северна Америка
-
најголема количина на свежа вода во Бразил и така натаму.
-
Епа, уште еднаш, старата добра наука има предлози:
-
наречена е „Системска теорија“.
-
Системската теорија препознава дека самата основа на природниот свет
-
од човечката биологија до земјината биосфера
-
до гравитациската сила на самиот сончев систем
-
е еден огромен синергиски поврзан систем - целосно меѓусебно врзан.
-
Како што човечките клетки се поврзуваат да ги формираат органите
-
и ограните се порвзуваат да создадат тело,
-
и штом нашите тела не можат да живеат без земјени ресурси
-
како храна, воздух и вода, ние сме тесно поврзани со земјата.
-
И така натаму.
-
Значи - како што природата предлага да се земат расположливите средства
-
и податоците за следење и да се направи „систем“ за управување на сето.
-
„Глобален систем за управување со ресурси“, всушност
-
што води сметка за секој значаен ресурс на планетата.
-
Едноставно нема логичка алтернатива ако наша цел како вид
-
е долгорочно преживување. Треба да водиме грижа како целина.
-
Ако тоа го разбрабме, можеме да размислуваме за производство.
-
Како ги користиме сите овие нешта?
-
Каков ќе биде нашиот процес на производство и што ни е потребно
-
да разгледаме за да бидеме сигурни дека е најоптимално решение
-
за да се достигне највисок степен на одржливост?
-
Па, првото нешто на што налетуваме е фактот дека
-
мораме постојано да се трудиме да зачувуваме.
-
Ресурсите на планетава се во основа конечни.
-
Значи, важно е да постапуваме „стратешки“.
-
„Стратешко зачувување“ е клучот.
-
Второто нешто што го препознаваме, е дека некои ресурси
-
не се толку добри во споредба со својствата на други.
-
Всушност, некои од овие нешта, кога се користат
-
имаат ужасен ефект врз животната средина
-
што неизбежно го влошува нашето здравје.
-
На пример: нафтата и фосилните горива, без разлика како се користат
-
испуштаат некои доста деструктивни агенси во средината.
-
Поради тоа, клучно е да се потрудиме да ги користиме овие работи
-
само кога навистина неопходно - ако воопшто е.
-
За наша среќа,гледаме цели тони на различна соларна-ветар-плима-бранова-
-
топлина како и геотермални можности за произведување на енергија
-
за да можеме да поставиме објективна стратегија што да користиме и каде
-
да ги избегнеме така наречените “негативни ретроакции”
-
или било што кое резултира од производство или употреба
-
на материи кои се штетни за средината, а воедно и за нас.
-
Ова ќе го наречеме “Стратешка сигурност”
-
како пар заедно со нашето "Стратешко одржување”.
-
Но производствените стратегии не застануваат тука.
-
Ќе ни биде потребна и "Стратегија на ефикасност”
-
за фактичката механика на самото производство.
-
И тоа што го откриваме е дека има приближно
-
три специфични протоколи до кои мора да се придржуваме:
-
Еден: Секое добро кое го произведуваме мора да биде
-
дизајнирано да трае колку што е можно повеќе.
-
Нормално, колку повеќе нештата се кршат
-
толку повеќе ресурси ќе ни се потребни да ги заменеме
-
и повеќе отпадок ќе биде создаден.
-
Два: Кога нештата се кршат
-
или не се повеќе употребливи од која било причина
-
клучно е да ги собираме, или рециклираме колку што е тоа можно.
-
Значи дизајнот на производството мора да го земе ова во
-
предвид директно уште во најраните фази.
-
Три: Брзо еволуирачките технологии, како електрониката
-
кои се субјект на најбрзите стапки на технолошко застарување
-
ќе биде потребно да бидат дизајнирани да ги
-
предвидат и да се прилагодени за физички надградби.
-
Последното нешто што сакаме да го направиме е да фрлиме цел компјутерски
-
систем само поради тоа што има еден расипан или застарен дел.
-
Значи ние едноставно ги дизајнираме компонентите да бидат лесно надградливи,
-
дел по дел, стандардизирани и универзално заменливи
-
предвидени од страна на сегашниот тренд на технолошка промена.
-
И кога ќе сфатиме дека механизмот на „Стратегиско Зачувување“
-
„Стратегиска Безбедност“ и „Стратегиска Ефикасност“
-
се чисто технички проценувања
-
лишени од човечко мислење или влијание
-
ние едноставно ги програмираме овие постапки во компјутер
-
способен да ги содржи и пресметува сите релевантни променливи
-
и ни дозволува секогаш да дојдеме до
-
апсолутно најдобриот метод за одржливо производство
-
втемелен на сегашните сознанија.
-
Иако тоа може да звучи комплицирано
-
тоа е само усовршен пресметувач,
-
а да не споменуваме дека носењето одлуки
-
со повеќе променливи и надгледување на системите
-
веќе и денес се користат низ светот
-
за одделни потреби. Тоа е проста постапка на зголемување.
-
Така...
-
Сега, не само што имаме Систем за Управување со Ресурсите
-
туку и Систем за Управување со Производството,
-
секој од нив, лесно компјутерски автоматизиран
-
за да се максимизира ефикасноста, одржувањето и безбедноста.
-
Реалноста за информациите е таква што човечкиот мозок,
-
дури и на група луѓе, не можат да го следат она што треба да се следи.
-
Тоа мора да биде направено од компјутери и може да биде.
-
Ова не носи на наредното ниво: Дистрибуција.
-
Какви одржливи стратегии тука имаат смисла?
-
Значи, ако знаеме дека најкраткото
-
растојание помеѓу две точки е права линија
-
и бидејќи е потребна енергија за работат транспортните машини,
-
пократко транспортно растојание значи поголема ефикасност.
-
Да се произведуваат добра на еден континент и да се испорачуваат на друг
-
има смисла само ако побаруваните добра едноставно не можат
-
да се произведат на одредената територија.
-
Во спротивно, тоа е само расипничко.
-
Мораме да го локализираме производството за дистрибуцијата да биде едноставна,
-
брза и да бара помало количество енергија.
-
Ова ќе го наречеме „Приближувачка Стратегија"
-
што едноставно значи намалување на
-
патувањето на продуктите, колку е можно повеќе
-
без разлика дали се работи за сировини или крајни производи.
-
Секако, важно е да
-
знаеме кои добра ќе ги транспортираме и зошто...
-
Ова спаѓа под категоријата Побарувачка.
-
А побарувачката едноставно е она што им е треба на луѓето да бидат
-
здрави и да имаат висок квалитет на живот.
-
Спектарот на материјалните човечки потреби
-
се протега од основните потреби за живот
-
како храна, питка вода и засолниште...
-
до социјални и рекреативни продукти кои овозможуваат релаксација
-
и лично - општествено уживање -
-
и обата важни фактори во целосното човеково и општествено здравје.
-
Така - многу едноставно - правиме уште еден преглед.
-
Луѓето ги опишуваат своите потреби, побарувачката е
-
утврдена и производството започнува врз основа на таа побарувачка.
-
И бидејќи нивото на побарувачка на различни продукти
-
природно ќе варира и ќе се менува во различни области
-
мора да создадеме „Систем за Следење на Побарувачката / Дистрибуцијата“
-
за да избегнеме појава на преголеми залихи и дефицити.
-
Секако, оваа идеја не е нешто ново
-
денес се користи во секој поголем ланец на продавници
-
за да ги следат своите залихи.
-
Само што овој пат, ние следиме на глобално ниво.
-
Но, чекајте малку. Ние не можеме целосно да ја разбереме побарувачката
-
ако не ја земеме во предвид вистинската употреба на самиот производ.
-
Дали е логично и одржливо секој човек, да речеме,
-
да има едно од се направено? Без оглед на нивната употребливост?
-
Не. Тоа би било едноставно расипничко и непродуктивно.
-
Ако некој човек има потреба од некој производ, но таа потреба е околу:
-
45 минути на ден
-
би било многу поефикасно ако
-
тој производ биде достапен за него
-
но и за други кога ќе им треба.
-
Многумина забораваат дека не го сакаат производот
-
туку намената на тој производ.
-
Кога ќе воочиме дека самиот производ
-
е онолку важен колку и неговата намена
-
ќе видиме дека „надворешното ограничување“
-
или она што денес би можеле да го наречеме „сопственост“
-
е крајно расипничко и еколошки нелогично
-
во суштинска, економска смисла.
-
Затоа мора да развиеме стратегија наречена „Стратешки Пристап“
-
Ова би била основата на нашиот
-
„Систем за Следење на Побарувачката / Дистрибуцијата“.
-
кој осигурува да можеме да ги исполниме
-
барањата и потребите на популацијата
-
за пристап до се што им треба, кога и да им треба.
-
А што се однесува до физичка набавка на добрата,
-
централизирани и регионални пристапни
-
центри имаат смисла, во најголем дел
-
сместени во близина на популацијата
-
и човек едноставно би влегол, би го земал предметот
-
би го употребил и кога ќе заврши, би го вратил ако веќе не е потребен...
-
нешто како што денес функционира библиотека.
-
Всушност, овие центри би можеле да постојат не само
-
во заедницата на начин како што постојат денешните локални продавници,
-
туку би постоеле специјализирани пристапни центри во определени области
-
каде одредени продукти често се употребуваат
-
штедејќи повеќе енергија со помало повторување на транспортот.
-
И штом овој Систем за Следење на Побарувачката е во функција
-
тој е поврзан со нашиот Систем за Управување со Производството
-
и, секако, со нашиот Систем за Управување со Ресурсите
-
и со тоа создавајќи обединета динамично ажурирана
-
глобална економска машина за управување
-
која едноставно осигурува да останеме одржливи
-
започнувајќи со обезбедување на интегритетот на нашите конечни ресурси
-
продолжувајќи со осигурување дека ние ги создаваме само најдобрите
-
најстратешките можни добра,
-
додека се се дистрибуира на
-
најинтелигентниот и најефикасниот начин.
-
И единствениот резултат од овој пристап базиран на зачувување,
-
кој е интуитивно спротивен на многу,
-
е дека овој логичен, темелен
-
емпириски процес на зачувување и ефикасност
-
кој може само да дефинира вистинска човечка одржливост на планетата
-
веројатно би овозможил нешто досега невидено во човековата историја.
-
Пристап до изобилство...
-
не само за процент од глобалната популација...
-
туку за целата цивилизација.
-
Овој економски модел, како што беше опишан...
-
Овој одговорен, системски пристап за тотално
-
управување со ресурсите и процесите на Земјата
-
одново дизајниран да не прави ништо помалку,
-
туку да се грижи за човештвото како целина
-
на најефикасниот и најодржлив начин
-
може да се нарече:
-
“ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА РЕСУРСИ“.
-
Идејата се појави во 1970-тите од
-
социјалниот инженер Жак Фреско.
-
Тој сфатил дека тогашното општество е во судир
-
со природата и самото со себе - неодржливо на секое ниво
-
и ако работите не се сменат
-
ќе се уништиме себеси, на еден или на друг начин.
-
Дали сите овие работи за кои зборуваш, Жак...
-
можат да бидат изградени со она што денес го познаваме?
-
Или претпоставуваш... врз основа на она што денес го познаваме.
-
Не, сите овие работи можат да се изградат со она што го знаеме денес.
-
Би биле потребни 10 години за да се смени лицето на Земјата
-
Да се реконструира светот во втората Рајска Градина.
-
Изборот е во тебе.
-
Глупоста на трката за нуклеарно оружје...
-
развојот на оружјето...
-
обидот твоите проблеми да ги решиш политички
-
со избирање на оваа или онаа политичка партија...
-
дека цела политика е потоната во корупција.
-
Дозволете ми да кажам повторно:
-
Комунизмот, социјализмот, фашизмот... Демократите
-
Либералите - сакаме да проголтуваме човечки суштества.
-
Сите организации што веруваат во подобар живот за човекот:
-
нема Црнечки проблеми или Полски проблеми
-
или Еврејски проблеми или Грчки проблеми
-
или проблеми на жените - има човечки проблеми!
-
Не се плашам од никој ; Не работам за никој;
-
никој не може да ме отпушти.
-
Немам шеф.
-
Се плашам да живеам во општеството во кое живееме денес.
-
Нашето општество не може да се одржи со оваа неспособност.
-
Слободниот пазар беше супер
-
пред 35 години. Тогаш за последен пат беше корисен.
-
Сега мораме да го смениме нашиот начин на размислување или да исчезнеме.
-
Нашето општество ќе биде како хорор филмовите за иднината...
-
начинот кој не успеа
-
и политиката...
-
ќе биде дел од хорор филмот.
-
Па, многу луѓе денес го користат терминот 'ладна наука'
-
бидејќи е аналитичка,
-
а не ни знаат што значи аналитичка.
-
Науката значи: приближни претпоставки
-
за начинот на кој светот навистина функционира.
-
Значи, ја кажува вистината - она што е
-
Научникот не се труди да се согласува со луѓето.
-
Им кажуваат само кои се нивните откритија.
-
Мораат да ги истражат сите работи
-
и ако некој научник излезе со експеримент што покажува дека
-
одредени материјали имаат одредени карактеристики
-
други научници ќе мораат да го повторат
-
тој експеримент и да дојдат до истите заклучоци.
-
Дури и ако научникот претпоставува дека крилото на авионот
-
поради математика или пресметки
-
може да издржи одредена количина маса
-
тие сепак трупаат вреќи
-
да видат кога ќе се скрши и велат:
-
„знаеш, моите пресметки се точни или не се точни“.
-
Го сакам тој систем бидејќи е ослободен од влијанија
-
и ослободен од мислењето дека математиката може да ги реши сите проблеми.
-
Мора да ја тестирате и вашата математика.
-
Мислам дека секој систем кој може
-
да биде тестиран, треба да биде тестиран.
-
И дека сите одлучки треба да бидат донесени врз основа на истражување.
-
Економијата базирана на Ресурси е едноставно
-
научниот метод применет по општествените прашања -
-
пристап крајно отсутен во денешниот свет.
-
Општеството е технички пронајдок.
-
И најефикасните методи за оптимизирање на човечко здравје
-
физичката продукција, дистрибуцијата, градската инфраструктура и слично
-
лежат во полето на науката и
-
технологијата - не во политиката и монетарната економија.
-
Функционира на истиот систематски начин како, да речеме, авионот
-
и не постои Републикански или Либерален начин да се изгради авион.
-
На тој начин, самата природата е
-
физичкиот референт што го користиме за да ја докажеме нашата наука
-
и тоа е поставен систем-
-
кој се појавува само од нашите разбирања за него.
-
Всушност, тој нема врска со она што вие
-
субјективно мислите или верувате дека е вистина.
-
Наместо тоа, ви дава опција:
-
можете да научите и да се подредите според
-
природните закони и да се однесувате следствено-
-
создавајќи непроменливо добро здравје и одржливост...
-
или може да одите против течението - кон бескорисност.
-
Не е важно колку верувате дека можете само да
-
станете и да почнете да одите по ѕидот до вас
-
законот на гравитација нема да го дозволи тоа.
-
Ако не јадете - ќе умрете.
-
Ако не сте биле допрени како деца - ќе умрете.
-
Колку и да звучи остро, природата е диктатура,
-
а ние може или да ја слушаме и да бидеме во хармонија со неа
-
или да страдаме од неизбежните негативни последици.
-
Значи, Економијата базирана на Ресурси не е ништо повеќе
-
од збир докажани знаења кои го поддржуваат животот,
-
каде сите одлуки се носат според
-
оптималната одржливост на човекот и околината.
-
Ги зема во предвид емпириските „животни основи“
-
кои секое човечко суштество ги има како потреба,
-
повторно независно од неговата политичка или религиозна филозофија.
-
Нема културен релативизам во овој пристап.
-
Не е прашање на одредено мислење.
-
Човечките потреби се човечки потреби
-
и да се има пристап до неопходностите на животот, како чист воздух,
-
хранлива храна и чиста вода
-
заедно со една позитивно зацврстена, стабилна,
-
поддржувачка, ненасилна средина, ова е неопходно
-
за нашето ментално и физичко здравје,
-
нашата еволутивна кондиција
-
и од ова, самиот опстанок на расата.
-
Економијата базирана на Ресурси
-
би била базирана врз достапните ресурси.
-
Не можеш само да донесеш многу луѓе на остров
-
или да изградиш град за 50,000 луѓе, без да имаш пристап
-
до сите неопходности за живот.
-
Значи, кога го користам терминот „комплетен системски пристап“
-
зборувам да однапред извршен попис на областа
-
и одредување со што таа област би можела да не снабди-
-
не само архитектонски пристап-
-
не само дизајнерски пристап-
-
туку дизајн базиран врз сите потребни услови
-
за да се подобри човечкиот живот,
-
на ова мислам кога велам интегриран начин на размислување.
-
Храна, облека, засолниште, топлина, љубов -
-
Сите тие нешта се неопходни
-
и ако на луѓето им одземете било кое од нив
-
ќе добиете помало човечко суштество, помалку способно за функционирање.
-
Како што претходно посочивме, Економијата базирана на Ресурси
-
втемелена глобално, систематскиот пристап кон користењето, производството и дистрибуцијата
-
го базира врз група вистински економски механизми, или „стратегии“
-
кои гарантираат ефикасност и
-
одржливост во секоја област на економијата.
-
Значи, ако продолжиме со ова размислување во врска со логичкиот дизајн-
-
што е следно во нашата равенка?
-
Каде се материјализира сето ова?
-
Градовите.
-
Воскревањето на градовите е дефинирачка одлика на современата цивилизација.
-
Нивната улога е да ни овозможат ефикасен пристап до животните потреби
-
заедно со зголемената општествена поддршка и соработка на заедницата.
-
Како би почнале да дизајнираме идеален град?
-
Во кој облик треба да го направиме?
-
Квадратен? Трапезоиден?
-
Па, бидејќи ќе треба да се движиме низ ова здание
-
може и да направиме се‘ да ни биде на што е можно подеднаква далечина...
-
оттаму и кружната форма.
-
Што би требало да содржи овој град?
-
Нормално, потребна ни е населена област, област за производство на добра,
-
област за производство на енергија, земјоделска област.
-
Но, како човечки суштества, и нам ни треба грижа - затоа ја имаме културата,
-
природата, рекреацијата и образованието.
-
Па, да вклучиме и убав отворен парк,
-
област за забава/настани од културна природа и социјализирање
-
и образовни и истражувачки центри.
-
А бидејќи работиме со круг
-
се чини логично да ги ставиме овие служби во Појаси
-
според големината на површината која е потребна за секоја цел,
-
а сето тоа со лесен пристап.
-
Многу добро.
-
Сега, да се сконцентрираме на прецизирање:
-
Прво, треба да се обмисли суштинската
-
инфраструктура или утробата на градскиот организам.
-
Тоа би биле водата, добрата,
-
отпадот и каналите за пренос на енергија.
-
Како што имаме вода и канализација под нашите градови денес
-
би го прошириле овој концепт на канализирање
-
во споен концепт за рециклирање на ѓубрето и дистрибуција.
-
Веќе нема поштар или ѓубреџија.
-
Се е вградено. Дури и можеме да користиме
-
автоматизирани воздушни туби или слични технологии.
-
Истото важи и за транспортот.
-
Треба да биде вклопен и стратешки дизајниран за да ја намали,
-
дури и отстрани потребата од потрошувачки, сопствени автомобили.
-
Електрични трамваи, конвеери, трансвеери и
-
маглеви, кои можат да ве однесат речиси
-
секаде во градот, дури и горе и долу
-
притоа поврзувајќи ве и со други градови.
-
Се разбира, во случај кога е потребна кола
-
таа е управувана од сателит, поради безбедност и прегледност.
-
Всушност, оваа автоматизирана технологија работи и сега.
-
Автмобилските несреќи убиваат околу 1,2 милиони луѓе секоја година;
-
се повредуваат околу 50 милиони.
-
Ова е апсурдно и не мора да се случува.
-
Во ефикасниот градски дизајн и автоматските коли без возачи
-
оваа стапка на смртност може скоро да се елиминира.
-
Земјоделство.
-
Денес, преку нашите неорганизирани методи за намалување на трошоците во индустријата
-
со користење пестициди, премногу ѓубриво и други средства
-
ние успеавме да уништиме многу
-
од обработливата површина на оваа планета
-
да не го спомнеме постојаното загадување на нашите тела.
-
Всушност, индустриските и земјоделските хемиски токсини
-
сега се појавуваат во скоро секој тестиран човек, вклучувајќи ги и бебињата.
-
За среќа, има сјајна алтернатива -
-
методите кои не бараат земја, како хидропониката или аеропониката
-
кои имаат помала потреба од одгледување и вода,
-
дури до 75% од сегашниот начин на користење.
-
Сега храната може да биде органски одгледувана на индустриско ниво
-
во затворени вертикални фарми.
-
Во 50 катни парцели на земјиште од 4 декари -
-
скоро исчезнува потребата од
-
пестициди и јаглеводороди воглавно.
-
Ова е иднината на индустриско одгледување на храна.
-
Ефикасно, чисто и во изобилство.
-
Значи, напреден систем од овој вид би бил, делумно
-
она што го сочинува земјоделскиот појас
-
што ја произведува сета храна потребна за целото население на градот
-
без потреба за увоз на што било однадвор
-
што заштедува време, отпад и енергија.
-
И кога сме кај енергијата-
-
Енергетскиот појас би работел во системски пристап за
-
користење струја од изобилен обновлив извор
-
- поточно ветерна, сончева, геотермална и топлински разлики
-
и ако има воден потенцијал - плиматска и бранова енергија.
-
За да не си пречат едни на други за да се осигура
-
позитивeн поврат на енергетската мрежа
-
овие медиуми би работеле во интегриран систем
-
кој ќе ги напојува другите кога е потребно
-
додека складира вишок на енергија во големи
-
подземни супер-кондензатори
-
за да нема никаква загуба.
-
И не само што градот има сопствено напојување
-
туку и одредени згради ќе имаат самостојна енергија
-
и ќе произведуваат струја преку фотоволтаични бои
-
притисочни конвертори на конструкциите, термопарен ефект
-
и други сегашни но не доволно искористени технологии.
-
Но, се разбира, се појавува прашањето:
-
како овие технологии, и продукти
-
во глобала, првично се создаваат?
-
Ова нè води до Производство:
-
Индустрискиот појас, покрај присутството на болници и слично,
-
би бил централниот дел од фабричкото производство.
-
Целосно локализиран во поголемиот дел,
-
се разбира, би добивал суровини преку
-
глобалниот систем за управување со ресурси, штотуку дискутиран-
-
со побарувачката поттикната од популацијата на самиот град.
-
Кога станува збор за механиката на производство
-
мора да разговараме за нов, моќен феномен
-
што се појави многу бргу во човечката историја
-
и со силно темпо променува сè.
-
Се вика Механизација
-
или автоматизација на трудот.
-
Па, ако погледнете наоколу, ќе забележете дека скоро
-
се што користиме денеска
-
е изградено автоматски.
-
Вашите чевли, вашата облека, домашна апаратура, автомобил и така натаму...
-
сите се направени од машини на автоматизиран начин.
-
Дали можеме да кажеме дека општеството не е
-
под влијание на овие големи технолошки достигнувања?
-
Се разбира дека не.
-
Овие системи навистина ги одредуваат новите структури
-
и новите потреби и тие прават многу други нешта застарени.
-
Значи, се движиме нагоре во однос на развојот
-
и употребата на технологијата на експоненцијален начин.
-
Што значи, автоматизацијата дефинитивно ќе продолжи. Не можете да запрете
-
технологии кои едноставно имаат смисла.
-
Автоматизацијата на трудот преку технологијата е основа
-
на многу големи социјални трансформации во човечката историја.
-
Од земјоделската револуција и пронаоѓањето на плугот,
-
до индустриската револуција и пронаоѓањето на парната машина,
-
па се до информативната доба во кој живееме сега со
-
главното пронаоѓање на напредната електороника и компјутери.
-
И со оглед на напредните производствени методи денеска
-
механизацијата сега сама се развива.
-
Одалечувајќи се од традиционалниот метод на
-
монтажа на составните делови во една конфигурација -
-
во напреден метод на креирање
-
на целосни производи во еден единствен процес.
-
Како и повеќето инженери, jас сум фасциниран од биологијата бидејќи е
-
толку полна со примери на извонредни инженерски парчиња.
-
Она што е биологијата - е изучување на нешта кои се копираат себеси.
-
Најдобра дефиниција за животот која ја имаме.
-
Повторно како инженер, секогаш бев
-
заинтригиран од идејата за машини кои се копираат себеси.
-
Rep-Rap е три-димензионален принтер-
-
всушност, принтер кој го вклучувате во вашиот компјутер и
-
наместо да направи дво-димензионални листови хартија со шеми на нив
-
тој прави вистински, физички, три-димензионални објекти.
-
Но нема ништо ново во тоа,
-
3-Д принтерите постојат веќе 30 години.
-
Големата работа со "RepRap" е во тоа што ги копира повеќето сопствени делови.
-
Така што, ако имаш еден, можеш да
-
направиш уште еден и да му го дадеш на пријател,
-
како и можноста да ископираш многу корисни нешта.
-
Од едноставно копирање на основните куќни предмети во вашиот дом
-
сѐ до копирање на цела автомобилска школка со еден замав,
-
напредното, автоматизирано 3-Д копирање сега има
-
потенцијал да го преобрази речиси секое поле на производство.
-
Вклучувајќи го и домашното градежништво.
-
Контурната Изработка е
-
всушност технологија за произведување-
-
така наречено 3-Д копирање- кога директно градиш
-
3-Д објекти од компјутерски модел.
-
Употребувајќи Контурна Изработка, ќе биде возможно
-
да се изгради еден дом од 180 квадратни метри
-
во еден ден, само од машината.
-
Причината поради која луѓето се интересираат да го автоматизираат градежништвото
-
е во тоа што тоа навистина носи многу придобивки.
-
Како пример, изградбата е доста интензивна работа
-
и иако обезбедува работни места во еден сектор од општеството,
-
исто така има проблеми и компликации.
-
На пример, градежништвото е најопасната работа која постои.
-
Поопасна е и од рударството и од земјоделието.
-
Има највисок степен на смртност во скоро секоја земја.
-
Друг проблем е отпадот.
-
Еден просечен дом во Америка има 3 до 7 тони отпад.
-
Ова е премногу ако го погледнеме влијанието на градежништвото
-
знаејќи дека околу 40% од сите материјали
-
во светот се користат при изградба.
-
Значи, голема е потрошувачката на енергија и ресурси
-
и големо е оштетувањето на околината.
-
Правејќи домови со користење на чекани и клинци и дрва
-
имајќи ја денешната технолошка состојба, е навистина апсурдно
-
и ќе води кон тоа нашата работничка класа
-
да се гледа како манифактурата во САД.
-
Неодамна, имаше студија од економистот Дејвид Оутор од MIT
-
која вели дека нашата средна класа е исчезната
-
и е заменета со автоматизацијата.
-
Сосема искрено, механизацијата денес е производствено
-
поефикасна и поодржлива отколку човечката работа
-
во скоро секој дел од денешната економијата.
-
На машините не им треба одмор, паузи, осигурување, пензија
-
и можат да работат 24 часа на ден, секој ден.
-
На крај, потенцијалот и прецизноста
-
во однос на оние при човековата работа, се неспоредливи.
-
Заклучокот е: репетитивната човечка работа станува бескорисна
-
и непрактична низ целиот свет
-
и невработеноста која денес ја гледате околу вас
-
е главниот резултат на оваа
-
еволуција на ефикасноста во технологијата.
-
Пазарните економисти со години ја отфрлаат оваа шема во пораст
-
која може да се нарече „технолошка невработеност“
-
поради самиот факт што секогаш се појавуваат
-
нови сектори кои го реапсорбираат вишокот на работници.
-
Денес, услужниот сектор е еднинственото вистинско јадро
-
и моментно содржи над 80% од Американската работна сила,
-
процент кој е доста блиску до оние на повеќето индустриски држави.
-
Како и да е, овој сектор е се' позагрозен
-
од страна на автоматизирани киосци,
-
автоматизирани ресторани, па дури и автоматизирани продавници.
-
Економистите денес конечно го признаваат
-
она што со години го негираа:
-
технолошката невработеност не само што ја влошува
-
постоечката криза на човечки труд што ја гледаме низ целиот
-
свет како резултат на падот на глобалната економија,
-
туку и со продлабочувањето на рецесијата
-
индустријата се' побрзо се механизира.
-
Трикот, кој не се согледува,
-
е во тоа што колку побрзо се врши механизација за да се заштедат пари;
-
колку повеќе се заменуваат луѓето -
-
толку повеќе се намалува куповната моќ на потрошувачите.
-
Ова значи дека, додека корпорацијата
-
произведува се' поевтино,
-
се' помалку и помалку луѓе ќе имаат пари да купат било што,
-
без разлика колку е тоа ефтино.
-
Заклучокот е дека на играта „труд
-
за приход“ полека и' се ближи крајот.
-
Всушност, ако за момент ги разгледаме
-
работните места кои постојат денес
-
и кои автоматизацијата би можела веднаш да ги преземе, кога би се применила,
-
тогаш 75% од глобалната работна сила би можела
-
уште утре да се замени со механизација.
-
Затоа, во Економија базирана на ресурси
-
Нема Монетарно-Пазарен систем.
-
Пари нема воопшто...
-
Бидејќи нема потреба.
-
Економијата базирана на ресурси
-
ја препознава ефикасноста на механизацијата
-
и ја прифаќа заради она што го нуди.
-
Не се бори против неа, како што ние се бориме денес.
-
Зошто? Зашто е неодговорно да не се придава
-
важност на ефикасност и одржливост.
-
И со ова се навраќаме на нашиот градски систем.
-
Во центарот се наоѓа Централната купола
-
во која не само што се сместени
-
објектите за едукација и транспортните центри-
-
туку и централниот компјутер кој
-
управува со техничките операции на градот.
-
Градот е, всушност, една голема автоматизирана машина.
-
Има сензори во сите технички појаси
-
за да го следи напредувањето на архитектурата-
-
собирање енергија, производство, дистрибуција и слично.
-
Дали би имало потреба луѓето да ги надгледуваат овие
-
операции во случај на дефект и слично?
-
Најверојатно: да.
-
Но нивниот број би се намалувал
-
со време, како што напредуваат подобрувањата.
-
Меѓутоа, споредено со денес, би биле потребни
-
само околу 3% од градската популација
-
за оваа работа.
-
А ве уверувам:
-
дека во економски систем кој
-
е дизајниран да се грижи за вас
-
и да ја осигура вашата благосостојба
-
без да морате да потклекнувате на
-
секојдневна приватна диктатура...
-
Најчесто на професија која е или
-
технички непотребна, или општествено бесмислена,
-
додека често се борите со непостоечки долг
-
само да сврзете крај со крај...
-
Ви гарантирам: насекаде ќе има доброволци што ќе се грижат
-
да се задржи и подобри системот
-
кој навистина се грижи за нив.
-
А заедно со прашањето на „Поттик“-
-
се јавува и вообичаената претпоставка дека
-
ако нема некој надворешен притисок
-
за човек да „работи за живот“,
-
луѓето само би седеле, не би правеле ништо
-
и би се претвориле во дебели мрзливци.
-
Ова се глупости.
-
Работниот систем што го имаме денес
-
е всушност генератор на мрзеливост-
-
а не лек за истата.
-
Ако се сетиш на времето кога си бил дете-
-
полн со живот, заинтересиран да дознаеш нови нешта-
-
веројатно си создавал и проучувал...
-
Но како што минувало времето, системот те притискал
-
кон тоа како да смислиш начин за правење пари.
-
И од раното образование
-
да студираш на универзитет, те стеснуваат.
-
Само за да испливаш како суштество кое служи
-
како забец на тркалото во модел што
-
го дава сиот плод за висок 1%.
-
Научните истражувања укажуваат на тоа дека луѓето, всушност,
-
не ги мотивира паричната награда
-
кога станува збор за проникливост и создавање.
-
Самото создавање е награда.
-
Парите се јавуваат само како поттик
-
за повторливи, секојдневни активности-
-
улога за која само што покажавме дека може да се замени со машина.
-
Кога станува збор за иновации,
-
употребата на човечкиот мозок
-
докажува дека паричниот поттик е само пречка
-
која се вмешува и одвлекува од креативно размислување.
-
А со ова би се објаснило и зошто Никола Тесла, Браќата Рајт
-
и други пронаоѓачи кои дале значаен придонес
-
за светов во кој живееме
-
никогаш не покажале паричен поттик за да го сторат тоа.
-
Парите се всушност лажен мотив
-
и предизвикуваат 100 пати повеќе изобличување,
-
отколку придонес.
-
Добро утро, ученици. Ве молам за внимание.
-
Прво би сакал да прошетате низ училницата
-
и секого да го прашате што сака да биде кога ќе порасне.
-
Кој сака да биде прв?
-
Добро, може ли ти, Сара?
-
Кога ќе пораснам сакам да работам во Мекдоналдс како мајка ми!
-
Семејна традиција, а?
-
А ти, Линда?
-
Кога ќе пораснам ќе бидам
-
проститутка во Њујорк!
-
Опа! Гламурозна девојка, а?
-
Многу амбициозно.
-
А ти, Томи?
-
Кога ќе пораснам, јас ќе бидам
-
богат, елитистички бизнисмен кој работи
-
на Вол Стрит и профитира од
-
колапсот на економиите на други земји.
-
Проникливо...
-
Одлично е да се види малку мултикултурен интерес!
-
[Жртви на Културата]
-
Како што рековме претходно, Економијата базирана
-
на ресурси го применува Научниот метод кон општествените прашања
-
и тоа не ограничено само на техничка ефикасност.
-
Исто така, директно ги зема предвид
-
човечката и општествената благосостојба и она што ги нарушува.
-
Од каква корист е општествениот систем ако, најпосле,
-
не нуди среќа и мирен соживот?
-
Значи, важно е да се нагласи дека
-
со отстранување на паричниот систем
-
и обезбедување на потребите за живот
-
би се забележало глобално намалување на
-
криминалот за околу 95%, речиси веднаш,
-
зашто не би имало што да се украде, проневери, измами и слично.
-
95% од луѓето во затворите денес се таму
-
заради некое злосторство поврзано со пари или дрога,
-
а злоупотребата на дрога е растројство - не криминал.
-
Но што е со останатите 5%?
-
Оние навистина насилни...
-
За кои често се мисли дека се насилни
-
само заради тоа што сакаат да се насилни.
-
Дали се тие само „злобни“ луѓе?
-
Причината поради која искрено сметам дека е губење време
-
да се вклучувам во осуда на моралните вредности
-
во врска со насилството е
-
зашто не го продлабочува ни за трошка
-
нашето сфаќање ни за причините,
-
ни за спречувањето на насилното однесување.
-
Луѓето понекогаш прашуваат дали мислам дека треба да им се „прости“ на криминалците.
-
Мојот одговор е
-
„Не, не верувам во проштевање
-
исто како што не верувам ни во осуда.“
-
Само ако ние, како општество,
-
можеме да го заземеме истиот став кон третирањето на насилството како
-
проблем на јавното здравство и превентивната медицина
-
наместо како морално „зло“...
-
Само тогаш кога ќе ги промениме сопствените
-
ставови и претпоставки и вредности,
-
ќе може навистина да успееме во намалувањето на
-
нивото на насилство, наместо да го поттикнуваме-
-
а баш тоа го правиме сега.
-
Колку повеќе трагаш по правда, толку повеќе се повредуваш
-
зашто правдата не постои.
-
Постои што е да е тоа што е таму. Тоа е тоа.
-
Со други зборови, ако луѓето се условени да бидат фанатични расисти-
-
ако израснале во средина која се залага за тоа
-
зошто се обвинува личноста?
-
Тие се жртва на субкултурата.
-
Оттука, треба да им се помогне.
-
Поентата е дека треба да ја преизградиме средината
-
што произведува несоодветно однесување.
-
Тоа е проблемот.
-
А не да го затвориме човекот.
-
Затоа судии, адвокати-
-
„слобода на избор“ - таквите концепти
-
се опасни, зашто ви даваат погрешни информации.
-
Дека лицето е „лошо“... Или дека лицето е „сериски убиец“.
-
Сериските убијци се создаваат
-
исто како што војниците стануваат сериски убијци со митралез.
-
Стануваат машини за убивање, но никој
-
не ги гледа како убијци или атентатори
-
зашто тоа е „природно“,
-
Така, ги обвинуваме луѓето.
-
Велиме: „Па, типов беше Нацист - измачуваше Евреи“
-
Не, тој беше одгледан да измачува Евреи.
-
Штом еднаш прифатиш дека луѓето
-
имаат индивидуален избор и се слободни
-
да го направат тој избор... Слободни да прават
-
избор значи без некој да влијае на нив,
-
а тоа воопшто не го разбирам.
-
Се влијае на сите нас и на сите наши избори
-
од страна на културата, родителите
-
и вредностите што доминираат.
-
Значи, се влијае на нас и не може да имаме „слободен“ избор.
-
Која е најголемата земја во светов? - Вистинскиот одговор:
-
Не сум бил секаде во светов и не знам
-
доволно за различните култури за да одговорам.
-
Не познавам никого што би го рекол ова.
-
Велат дека тоа се „старите добри САД!
-
Најголемата земја во светов!“
-
Нема истражување... „Сте биле ли во Индија?“ - „Не.“
-
„Сте биле во Англија?“ - „Не.“
-
„Сте биле во Франција?“ - „Не.“
-
Тогаш врз која основа расудувате?
-
Не можат да одговорат - ви се лутат.
-
Велат, „Ѓавол да те земе! Што се замислуваш ти,
-
па ми кажуваш што да мислам?!“
-
Знаете... Запомнете: си имате работа со ограничени луѓе.
-
Тие не се одговорни за своите одговори,
-
тие се жртви на културата, а тоа значи дека
-
културата влијаела на нив.
-
[Четврти дел: Подем]
-
Кога разгледуваме Економија базирана на ресурси
-
се јавуваат бројни аргументи кои никнуваат...
-
[Еј]
-
[Еј! ЕЈ!]
-
[Почекај малку]
-
[Знам што е ова. Ова ти се вика Марксизам, братче]
-
[Сталин убил 800 милијарди заради идеи како оваа...]
-
[Татко ми загина на Гулаг!]
-
[Комунист! Фашист!]
-
[Ако не ти се допаѓа Америка, оди си!]
-
Во ред, смирете се...
-
[Смрт за Новиот Светски Поредок!]
-
[Смрт за Новиот Светски Поредок!]
-
И додека ирационалноста на шокираната
-
и збунета публиката растеше:
-
наеднаш нараторот доби смртоносен срцев удар.
-
И филмот, навидум комунистичка пропаганда, заврши.
-
[Внатрешна грешка]
-
[Почни враќање - Вратено]
-
Знаете, сум им го рекол тоа на такви луѓе
-
во ситуации во кои вреди да се размисли,
-
знаете, типови од Римскиот Клуб и така натаму...
-
И велат „Марксист!“
-
Што? Марксист? Од каде пак сега тоа?
-
Тие си имаат една икона и се држат до неа-
-
нивниот Свет Грал,
-
а, знаете, тоа е барем лесно.
-
Луѓето прашуваат дали сум Социјалист или Комунист или Капиталист.
-
Јас велам дека не сум ништо од наведеното. Зошто
-
мислите дека тие се единствените опции?
-
Сите тие политички концепти
-
се создадени од автори кои претпоставиле
-
дека живееме на планета со бесконечни ресурси.
-
Ниту една од тие политички философии не ни
-
помислува дека може да постои недостаток на било што.
-
Верувам дека комунизмот, социјализмот, слободниот пазар, фашизмот
-
се дел од општествената еволуција.
-
Не може да се направи џиновски чекор
-
од една култура до друга-
-
постојат системи меѓу нив.
-
Пред да се појави некаков „изам“, има услови за живот,
-
а условите за живот, како што опишав,
-
се - едноставно - оние услови
-
кои се потребни за да го вдишеме следниот здив
-
и во нив спаѓаат воздухот што го дишеме,
-
водата што ја добиваме, безбедноста која ја имаме,
-
достапното образование - сето
-
она што го делиме и користиме, и без кое
-
животот, во било која култура, не може да опстои.
-
Значи, мораме да се вратиме на Условите за живот,
-
а условите за живот не се некаков „изам“.
-
Тоа е „анализа на животните вредности“.
-
[Преку Бледилото]
-
Едноставно, се работи за историски факт
-
дека доминантната интелектуална култура
-
на кое било општество е одраз
-
на интересите на доминантната група во тоа општество.
-
Во робовладетелско општество
-
верувањата за човечките суштества и човечките права
-
и така натаму се одраз на потребите на робовладетелот.
-
Во општеството, пак, кое е базирано на
-
моќта на одредени луѓе да го контролираат и профитираат од
-
животот и работата на милиони други,
-
доминантната интелектуална култура
-
е одраз на потребите на доминантната група.
-
Значи, ако добро погледнете,
-
водечките идеи во психологијата и
-
социологијата и историјата
-
и политичката економија и политичките науки
-
во суштина се одраз на одредени елитни интереси.
-
А академиците кои се сомневаат премногу во тоа
-
обично се истуркани на страна или
-
се третирани како некој вид „радикали“.
-
Доминантните вредности на една култура
-
обично го поддржуваат и поттикнуваат
-
она што се наградува во дадената култура.
-
А во општество во кое успехот
-
и положбата се мерат со материјално богатство
-
- не општествен придонес -
-
лесно се гледа зошто состојбата на светот е таква каква што е денес.
-
Имаме работа со растројство во системот на вредности
-
- целосно оттргнат од природата -
-
каде приоритетот на лично и општествено здравје
-
се поставува зад штетноста
-
на вештачко богатство и неограничен пораст.
-
И, како вирус, ова растројство
-
го обзема секој аспект на владеење
-
- медиуми - забава - па дури и академски кругови.
-
А механизмите за одбрана
-
против се' што може да се вмеша
-
се вградени во неговата структура.
-
Следбениците на Монетарно-Пазарната религија,
-
Само-назначените чувари на Статус Кво состојбата
-
постојано трагаат по начини на избегнување секакви форми на
-
размислување кое би можело да се спротистави на нивните сфаќања.
-
Од кои најчести се: Проектираните дуалности.
-
Ако не си Републиканец, мора да си Демократ.
-
Ако не си Христијанин, можеби си Сатанист.
-
И ако сметаш дека општеството може значајно да се подобри,
-
да речеме, можеби - што знам? -
-
се грижиш за сите?
-
Тогаш си само „Утопист“
-
И најподмолното од сите:
-
ако не си за „слободен пазар“,
-
мора да си и против самата слобода.
-
Јас верувам во слободата!
-
Секогаш кога ќе го чуеш зборот слобода,
-
каде и да е изговорен, како интервенција на власта
-
изречена било каде, тоа - декодирано - значи:
-
блокирање на максимизацијата за претворање на парите
-
во повеќе пари за приватни поседувачи на пари.
-
Тоа е тоа. Цело време повторуваат:
-
„О, потребни се повеќе добра за луѓето“;
-
„О, ова е слобода против тиранија“ и така натаму.
-
Секогаш кога ќе го видиш, можеш да го декодираш
-
и мислам дека постои еднаква корелација
-
секојпат кога го користат.
-
А ова, на некој начин, може да се нарече:
-
Синтакса. Владина синтакса на разбирање и вредност.
-
Значи, управува без нивно признание,
-
па можат да речат: „О, не мислев така воопшто!“
-
Но, всушност, тоа и го прават.
-
Исто како што може да се зборува за граматика
-
и правила на граматиката кои треба да се следат
-
без свесно да се препознаваат...
-
И така, имаме таканаречена „Синтакса на владеачки вредности“
-
на која се' се потпира. И секојпат кога ги користат зборовите:
-
„интервенција на власта“; „недостиг на слобода“ или „слобода“
-
или „напредок“ или „развој“
-
сите може да се декодираат до нивното првично значење.
-
Се разбира, кога го слушаме зборот „слобода“
-
обично е во истата реченица
-
со нешто што се нарекува „демократија“.
-
Зачудувачки е тоа што луѓето денес веруваат
-
дека навистина имаат релевантно
-
влијание врз она што го прават нивните влади,
-
а забораваат дека самата природа на
-
нашиот систем нуди се' на продажба.
-
Единствен глас што се брои е монетарниот глас
-
и не е важно колку некој
-
активист вреви за етика и одговорност.
-
Во пазарниот систем, секој политичар, секој закон,
-
а, оттука, и секоја влада е на продажба.
-
Па дури и со банкарските гаранции од 20 трилиони долари
-
од 2007 година,
-
износ на пари кој би можел да ја промени,
-
да речеме, инфраструктурата за глобална енергија
-
до целосно обновливи методи,
-
наместо да минува низ низа институции
-
кои буквално не прават ништо за да му помогнат на општеството,
-
институции кои би можеле
-
уште утре да се отстранат без регрес...
-
Слепите убедувања дека политиката и
-
политичарите постојат за општо добро и натаму продолжуваат.
-
Вистината е дека политиката е бизнис
-
- во никој случај поинаков од било кој друг во пазарниот систем
-
и тие се грижат пред се' за својот сопствен интерес.
-
Јас, најискрено, ни најмалку не верувам во политичка активност
-
Сметам дека системот се стеснува и се шири како што сака.
-
Располага со ваквите промени.
-
Сметам дека движењето за граѓански права беше актуелизирано
-
од тие кои ја поседуваат земјава.
-
Мислам дека сфаќаат што е добро за нивното користољубие;
-
сфаќаат дека извесен степен на слобода изгледа привлечно
-
-илузија на слобода- дај им на луѓево ден за гласање еднаш годишно
-
за да се под илузијата на беззначаен избор.
-
Беззначен избор - тоа што одиме, како робови и велиме
-
„О, јас гласав.“ Границите за дебатирање во земјава се поставени
-
уште пред да почне дебатата и секој
-
е маргинализиран и се прави да изгледа или
-
како комунист, или како некој вид нелојална личност
-
-„чукнат“- тоа е добар збор...
-
И веќе се работи за „заговор“. Гледаш-тие го создаваат тоа.
-
Нешто за што не би требало да се размислува ни за миг:
-
дека моќните луѓе можеби се собираат и кројат план!
-
Не е можно! Ти си „чукнат“! Ти си „љубител на заговори“!
-
А од сите одбрамбени механизми на овој систем
-
има два кои постојано се јавуваат.
-
Првиот е идејата дека системот е „причината“
-
за материјалниот напредок на оваа планета.
-
Епа... Не.
-
Во основа постојат две главни причини кои
-
го создаваат зголемувањето на таканареченото „богатство“
-
и порастот на популацијата што го гледаме денес.
-
Прво: експоненцијалниот напредок на производната технологија;
-
оттука, и научната инвентивност.
-
И второ: пронаоѓањето на изобилство јаглеводородна енергија
-
-која во моментов е основа на целиот социо-економски систем.
-
Слободниот / капиталистички / монетарен
-
пазарен систем - наречете го како сакате -
-
не прави ништо, освен што плови на бранот на овие достигнувања
-
со растроен систем на поттикнување и ризичен, страшно
-
неурамнотежен метод на искористување и дистрибуција на овие добра.
-
Втора одбрана се агресивните општествени предрасуди
-
кои се резултат на долгогодишна пропаганда
-
која го гледа секој друг општествен систем
-
како патека до таканаречената „тиранија“
-
зачинета со имињата на Сталин, Мао, Хитлер...
-
И посмртните ѕвона кои ги предизвикале.
-
Сепак, колкави деспоти и да биле овие
-
и покрај општествените пристапи кои ги овековечиле...
-
Кога се работи за играта наречена смрт
-
- кога се работи за систематско
-
секојдневно масовно уништување на човечки суштества -
-
Ништо во историјата не се споредува со она што го имаме денес.
-
Гладот - барем низ целиот изминат век од нашата историја
-
не беше предизвикан од недостаток на храна.
-
Беше предизвикан од релативна сиромаштија.
-
Економските ресурси беа толку нерамномерно распределени
-
што сиромашните едноставно немаа доволно пари
-
за да ја купат храната која би била
-
достапна кога би можеле да си дозволат да ја платат.
-
Ова би бил пример за Структурно насилство.
-
Друг пример: во Африка и други области-
-
ќе се фокусирам посебно на Африка-
-
десетици милиони луѓе умираат од СИДА.
-
Зошто умираат?
-
Не зашто не знаеме како да лекуваме од СИДА.
-
Имаме милиони луѓе во богатите земји
-
кои се снаоѓаат зачудувачки добро зашто
-
имаат лекови кои им помагаат.
-
Луѓето во Африка кои умираат од СИДА
-
не умираат заради ХИВ вирусот...
-
Умираат бидејќи немаат пари за да
-
ги платат лековите кои би ги одржале во живот.
-
Ганди го согледа ова. Рече:
-
„Најсмртоносен облик на насилство е сиромаштијата.“
-
И тоа е апсолутно точно.
-
Сиромаштијата убива далеку повеќе луѓе отколку сите војни во историјата;
-
повеќе луѓе од сите убијци во историјата;
-
повеќе од сите самоубиства во историјата...
-
Не само што Структурното насилство убива повеќе луѓе
-
од сето насилно однесување заедно,
-
Структурното насилство е исто така и
-
главната причина за насилно однесување.
-
[После нафтениот зенит]
-
Нафтата е темелот
-
и насекаде присутен дел од колосалноста на цивилизацијата.
-
10 калории јаглеводородна енергија - нафта и природен гас - има
-
во секоја калорија од храната што ја јадеме во индустријализираниот свет.
-
Ѓубривата се направени од природен гас.
-
Пестицидите се направени од нафта.
-
Возиме машини кои работат на нафта за да посадиме - ораме -
-
наводнуваме - жнееме - пренесеме и спакуваме. Храната ја
-
пакуваме во пластика - тоа е нафта. Целата пластика е нафта.
-
Има 26 литри нафта во секоја автомобилска гума.
-
Нафтата е насекаде; сеприсутна е. Само поради нафта
-
има 7 милијарди луѓе или
-
речиси 7 милијарди луѓе сега на планетава.
-
Појавата на оваа ефтина и лесно достапна енергија
-
која, патем, соодветствува на
-
милијарда робови што работат до исцрпување
-
го промени светот толку радикално во последниот век
-
и популацијата се зголеми 10 пати.
-
Но, до 2050 резервите на нафта ќе можат да обезбедат
-
помалку од половина од светската популација
-
да продолжи со сегашниот начин на живот.
-
Значи, размерот на приспособување на поинаков живот е огромен .
-
Светот сега користи 6 барели нафта за секој барел што ќе го најде.
-
Пред пет години користеше 4
-
барели нафта за секој барел што ќе го најде.
-
За една година ќе се користат
-
8 барели нафта за секој барел што ќе биде најден.
-
Она што е вознемирувачко за мене е
-
недостигот на реален напор од владите и индустриските
-
лидери ширум светот да променат нешто.
-
Имаме, наводни, обиди да се гради за енергија од ветрот
-
или нешто да се направи со енергијата од приливот...
-
имаме обиди да ги направиме автомобилите поефикасни
-
но нема ништо што изгледа како
-
револуција - сите овие се незначителни
-
и мислам дека тоа е прилично застрашувачко.
-
А владите водени од овие економисти
-
кои баш и не го ценат она за што зборуваме
-
се обидуваат да стимулираат потрошувачка со надеж
-
дека ќе се врати минатото и минатиот просперитет.
-
Печатат уште пари без обзир на придружната штета.
-
Па ако економијата се подобри и
-
се опорави и фамозниот пораст се врати
-
ќе биде само краткотрајно бидејќи
-
во краток временски период, сметан во месеци
-
а не во години, повторно ќе ја стигне бариерата на средства;
-
ќе има уште еден шок на цените -
-
и подлабока рецесија. Затоа мислам
-
дека сме во серија магични кругови
-
Значи економскиот раст се зголемува - цените растат -
-
се се умртвува. Сега сме таму.
-
Тогаш повторно оживува, но сега веќе немаме можност
-
за производство на ефтина енергија.
-
Сега сме во зенитот - оттука одиме надолу во производство на нафта
-
Не постои начин да се испумпа повеќе и побрзо од земјата
-
што значи нештата замираат, цената на нафтата ќе паѓа
-
што се случи на почетокот на 2009, но штом има ’опоравување’
-
цената на нафтата повторно се враќа.
-
Неодамна се движеше околу 80 долари
-
за барел и гледаме дека дури и по оваа цена
-
со финансискиот и економскиот колапс
-
луѓето тешко можат да си ја дозволат.
-
Светското производство на нафта е околу 86 барели дневно во овој момент.
-
Во рок од десет години, имате работа со
-
околу 14 милиони барели дневно што треба да се заменат.
-
Нема ништо што може да се приближи
-
ни до 1% од задоволување на таа побарувачка.
-
Доколку не направиме нешто брзо
-
ќе има голем енергетски дефицит.
-
Мислам дека големата грешка е што не се препозна
-
пред една деценија потребата од заеднички напор
-
за да се развијат овие
-
одржливи форми на енергија.
-
Мислам дека тоа е нешто кон кое нашите внуци ќе гледаат
-
со неверување. ’Вие сте знаеле
-
дека имате работа со конечна стока...
-
како е можно да сте ја основале вашата економија
-
на нешто што ќе исчезне?’
-
За првпат во човечката историја
-
нашиот вид е соочен со исчезнувањето на основен ресурс
-
централен за нашиот систем на опстанок.
-
Поентата на целата ситуација е што
-
дури и со недостигот на нафтата
-
економскиот систем ќе го турка
-
својот тумороиден модел на развој...
-
за луѓето да купуваат повеќе автомобили на нафта
-
да развијат БДП и работни места...засилувајќи ја пропаста.
-
Дали постојат решенија со кои би се заменила
-
колосалната јаглеводородна економија?
-
Секако дека има.
-
Но, патот по кој треба да се остварат овие промени
-
нема да се оствари преку Протоколите на Пазарниот Систем
-
бидејќи новите решенија можат да бидат
-
спроведени единствено преку Механизмот на Профит.
-
Луѓето не инвестираат во обновливи извори на енергија
-
бидејќи нема пари во тоа, краткорочно и долгорочно.
-
А потребната посветеност за да се случи нешто такво
-
е можна само при тешки финансиски загуби.
-
Значи, нема паричен поттик и во овој систем
-
ако нема паричен поттик, нештата не се случуваат.
-
Згора на тоа, Нафтениот Зенит е
-
само една од видливите последици
-
на еколошко-социјалниот воз на распадот кој зема сила.
-
Другите загуби ја вклучуваат Водата за пиење
-
- самата основа на нашето постоење -
-
која моментално е во
-
недостаток за 2.8 милијарди луѓе
-
и тој недостаток е на пат да достигне 4 милијарди до 2030.
-
Производство на храна:
-
Уништувањето на обработлива земја, од која
-
доаѓаат 99.7% од целата храна наменета за луѓето, денес
-
се случува 40 пати побрзо отколку што е потребно да се обнови
-
и во последниве 40 години, 30 % од
-
обработливата земја стана непродуктивна.
-
Да не споменувам дека јаглеводородите се 'рбетот
-
на денешното земјоделство и како што се намалуваат...
-
ќе се намалува и залихата на храна.
-
А што се однесува општо на ресурсите
-
со сегашните трендови на потрошувачка, до 2030
-
ќе ни требаат 2 планети ако ја задржиме сегашната стапка.
-
Да не го споменувам постојаното уништување
-
на биодиверзитетот кој го одржува животот,
-
уништување кое предизвикува грчеви на истребување и
-
дестабилизација на животната средина на планетата.
-
И со сите овие опаѓања
-
ние имаме речиси експоненцијален раст на популацијата
-
при што до 2030 би можело да има преку
-
8 милијарди луѓе на оваа планета.
-
Само производството на енергија ќе треба
-
да се зголеми за 44 % до 2030 за да задоволи таква побарувачка.
-
И пак, бидејќи парите се единствениот иницијатор за делување -
-
дали ние треба да очекуваме дека секоја земја на
-
планетата ќе биде во можност да си ги дозволи
-
големите промени потребни да се револуционизира земјоделството,
-
обработката на вода, производството на енергија, и слично?
-
Кога глобалната пирамидна шема на долгот
-
полека го замира целиот свет...
-
Да не го споменуваме фактот дека
-
невработеноста која моментално ја гледаме
-
ќе стане вообичаеност поради
-
природата на технолошката невработеност.
-
Работните места нема да се вратат.
-
И конечно, широка социјална перспектива.
-
Од 1970 до 2010, сиромаштијата на оваа
-
планета се удвои благодарение на овој систем...
-
и со оглед на моменталната состојба -
-
дали навистина мислите дека ќе видиме
-
нешто помалку од уште удвојувања...
-
уште страдање и масовен глад?
-
[Почетокот]
-
Нема да има никакво опоравување.
-
Ова не е некоја долга депресија
-
од која ќе се извлечеме некој ден.
-
Мислам дека наредната фаза која ќе ја видиме по
-
наредната низа економски падови е масовни јавни немири.
-
Кога социјалната помош ќе престане да се исплаќа
-
бидејќи државата нема повеќе пари.
-
И кога работите ќе станат доволно лоши луѓето да изгубат доверба
-
во одбраните лидери, тие ќе бараат промени
-
доколку не се испоубиеме меѓусебно во процесот
-
или ја уништиме природата.
-
Се плашам дека може да дојдеме до точка од која нема враќање...
-
а тоа ме мачи до немајкаде.
-
Правиме се што можеме за да ја избегнеме таа состојба.
-
Очигледно сме на работ на голема транзиција во човечкиот живот...
-
Она со кое се соочуваме сега е суштинска
-
промена на животот каков што го знаевме во минатиот век.
-
Мора да постои врска помеѓу економијата и
-
ресурсите на оваа планета
-
се подразбира, ресурси како живиот свет,
-
состојбата на океаните и се останато.
-
Ова е монетарна парадигма која нема да
-
си оди додека не го убие и последното човечко суштество.
-
„In“ групата ќе направи се што може за да ја зачува моќта
-
и тоа е нешто што треба да го имате на ум.
-
Тие ќе ја употребат армијата и морнарицата и лагите...
-
и се останато шо можат за да ја зачуваат моќта.
-
Тие нема да се откажат
-
бидејќи не знаат за друг систем што ќе го продолжи нивниот вид.
-
[Во живо од Њу Јорк]
-
[Глобални протести ја замреа светската економија]
-
[Лондон - во живо]
-
[Кина - во живо]
-
[Јужна Африка - во живо]
-
[Шпанија -во живо]
-
[Русија - во живо]
-
[Канада - во живо]
-
[Саудиска Арабија - во живо]
-
[Стапките на криминал на Запад се зголемуваат]
-
[ОН објавува Глобална Вонредна Состојба]
-
[Глобална невработеност до 65 %]
-
[Стравувањата од Светска Војна продолжуваат]
-
[Должничката криза предизвикува недостиг на храна]
-
[Вратете го]
-
[Без известувања за насилство
-
продолжуваат досега невидени протести
-
Се чини дека нешто околу трилиони долари
-
систематски се повлекуваат од банкарските сметки
-
низ светот и за возврат...
-
очигледно сега се фрлени
-
пред светските централни банки]
-
[ОВА Е ТВОЈОТ СВЕТ]
-
[ОВА Е НАШИОТ СВЕТ]
-
[РЕВОЛУЦИЈАТА Е СЕГА]
-
[WWW.THEZEITGEISTMOVEMENT.COM]