Малколм Гладвел: Чудната приказна за Норден наведувачот на бомби
-
0:00 - 0:02Ви благодарам.
-
0:02 - 0:04Вистинско задоволство е да се биде овде.
-
0:04 - 0:06Последниот пат кога имав говор на TED
-
0:06 - 0:10мислам дека беше пред седум години отприлика.
-
0:10 - 0:13Зборував за сос за шпагети.
-
0:13 - 0:16Многумина, претпоставувам, ги гледаат овие видеа.
-
0:16 - 0:18Луѓето оттогаш постојано доаѓаат кај мене
-
0:18 - 0:20за да ме прашаат за сосот за шпагети,
-
0:20 - 0:23што е одлично за на кратки стази,
-
0:23 - 0:25(смеење)
-
0:25 - 0:27но е докажано дека е помалку од идеално
-
0:27 - 0:29во рок од седум години.
-
0:29 - 0:31И затоа си реков да дојдам пак
-
0:31 - 0:34и да се обидам да го оставам сосот за шпагети зад мене.
-
0:34 - 0:36(смеење)
-
0:36 - 0:39Темата на денешната сесија е Работите Кои ги Правиме.
-
0:39 - 0:41И затоа си реков да раскажам приказна
-
0:41 - 0:43за некој
-
0:43 - 0:45кој го изработил еден од најпрецизните уреди
-
0:45 - 0:47на неговата ера.
-
0:47 - 0:50Името на човекот е Карл Норден.
-
0:50 - 0:52Карл Норден бил роден во 1880 година.
-
0:52 - 0:54И тој бил Швајцарец.
-
0:54 - 0:56И секако, Швајцарците може да се поделат
-
0:56 - 0:58во две главни категории:
-
0:58 - 1:00оние кои изработуваат мали, важни,
-
1:00 - 1:02скапи предмети
-
1:02 - 1:04и оние кои раководат со парите
-
1:04 - 1:07на оние кои купуваат мали, значајни,
-
1:07 - 1:09скапи предмети.
-
1:09 - 1:12Карл Норден сигурно припаѓа во првиот табор.
-
1:12 - 1:14Тој бил инженер.
-
1:14 - 1:17Бил запишан на Федералниот Политехнички факултет во Цирих.
-
1:17 - 1:20Всушност, еден од неговите соученици е младото момче со име Ленин
-
1:20 - 1:22кој постојано
-
1:22 - 1:26ги кршел малите, скапи, значајни уреди.
-
1:26 - 1:29А Карл бил швајцарски инженер.
-
1:29 - 1:32А тоа го мислам во целосна смисла на зборот.
-
1:32 - 1:34Тој носел троделни одела,
-
1:34 - 1:39и имал многу, многу мали, битни мустачиња,
-
1:39 - 1:41бил доминантен,
-
1:41 - 1:43нарцисоиден
-
1:43 - 1:45енергичен
-
1:45 - 1:47и имал огромно его;
-
1:47 - 1:50и работел по 16 часа дневно,
-
1:50 - 1:53и имал многу силни чувства кон наизменичната струја,
-
1:53 - 1:57и сметал дека исончаниот тен е знак на морална слабост,
-
1:57 - 1:59пиел многу кафе,
-
1:59 - 2:01а најдобрите дела ги има направено
-
2:01 - 2:03седејќи со часови во кујната на мајка му во Цирих
-
2:03 - 2:05во целосна тишина
-
2:05 - 2:07притоа користејќи само лизгачки лењир.
-
2:07 - 2:09Како и да е,
-
2:09 - 2:12Карл Норден емигрирал во САД
-
2:12 - 2:14пред самиот почеток на Првата светска војна
-
2:14 - 2:16и отворил продавница на улицата Лафајет
-
2:16 - 2:18во центарот Менхетн.
-
2:18 - 2:20И станал опседнат со прашањето
-
2:20 - 2:23како да се исфрлаат бомби од авион.
-
2:23 - 2:25Доколку размислите за ова,
-
2:25 - 2:28во времето пред измислувањето на GPS и радари
-
2:28 - 2:30тоа очигледно било навистина сложен проблем.
-
2:30 - 2:32Тоа било сложена физика.
-
2:32 - 2:35Имате авион кој е илјадници метри високо во воздухот,
-
2:35 - 2:37кој се движи со стотици милји на час,
-
2:37 - 2:40и се обидувате да испуштите предмет, бомба,
-
2:40 - 2:42кон одредена статична цел
-
2:42 - 2:45соочувајќи се со секакви видови ветрови и облаци
-
2:45 - 2:47и сите други видови на пречки.
-
2:47 - 2:49И секаков тип на луѓе,
-
2:49 - 2:51кои живееле околу Првата светска војна или меѓу двете војни,
-
2:51 - 2:53се обиделе да го решат овој проблем,
-
2:53 - 2:55и скоро никој не успеал.
-
2:55 - 2:57Наведувачите на бомби кои постоеле
-
2:57 - 2:59биле неверојатно примитивни.
-
2:59 - 3:02Но Карл Норден е навистина оној кој ја открил тајната.
-
3:02 - 3:05И се појавил со еден неверојатно сложен уред.
-
3:05 - 3:07Тежел околу 20 килограми.
-
3:07 - 3:11Наречен е Норден Марк 15 наведувач на бомби.
-
3:11 - 3:13Ги има сите видови на полуги и лагери
-
3:13 - 3:16додатоци и мерачи.
-
3:16 - 3:19Така тој ја изработил оваа сложена направа.
-
3:19 - 3:21И она што овозможил
-
3:21 - 3:25е пилотот на бомбардерот да ја земе оваа направа,
-
3:25 - 3:27да нанишани кон целта,
-
3:27 - 3:31бидејќи тие се наоѓаат во непробојното стакло на бомбардерот,
-
3:31 - 3:34и потоа да ја внесат висината на летање на авионот,
-
3:34 - 3:37брзината на движење, брзината на ветерот
-
3:37 - 3:39и координатите
-
3:39 - 3:41на целта.
-
3:41 - 3:45А уредот за наведување ќе им каже кога да ја испуштат бомбата.
-
3:45 - 3:48И како што Норден рекол,
-
3:48 - 3:50"Пред наведувачот да се појави,
-
3:50 - 3:52бомбите редовно ги промашувале целите
-
3:52 - 3:54за една милја или повеќе."
-
3:54 - 3:57Но, со Марк 15 Норден наведувачот,
-
3:57 - 3:59тој можел да фрли бомба во обично буре
-
3:59 - 4:01на висина од 6000 метри.
-
4:01 - 4:03Сега не можам да ви кажам
-
4:03 - 4:05колкава била возбудата
-
4:05 - 4:07кај војската на САД
-
4:07 - 4:10кога излегла оваа вест.
-
4:10 - 4:12Тоа било како храна од рајот.
-
4:12 - 4:14Имало армија
-
4:14 - 4:16која штотуку ја искусила Првата Светска Војна,
-
4:16 - 4:18каде милиони мажи
-
4:18 - 4:20се бореле меѓусебе во ровови,
-
4:20 - 4:22без цел, не бележејќи никаков напредок,
-
4:22 - 4:26и одеднаш некој се појавува со уред
-
4:26 - 4:28кој им дозволува да летаат на небото
-
4:28 - 4:30високо над непријателската територија
-
4:30 - 4:32и да уништат сè што сакаат
-
4:32 - 4:34со неверојатна прецизност.
-
4:34 - 4:36И војската на САД
-
4:36 - 4:38потрошила 1.5 милијарди долари,
-
4:38 - 4:41милијарди долари уште во тоа време,
-
4:41 - 4:43за да го развијат Норден наведувачот.
-
4:43 - 4:46И чисто за споредба,
-
4:46 - 4:48вкупниот трошок за проектот Менхетен
-
4:48 - 4:50изнесувал три милијарди долари.
-
4:50 - 4:53Наведувачот Норден вредел една половина од цената на
-
4:53 - 4:57најпознатиот воено-индустриски проект
-
4:57 - 4:59во модерната доба.
-
4:59 - 5:02Имало луѓе, стратези, во војската на САД
-
5:02 - 5:04кои тврделе дека самиот уред
-
5:04 - 5:06ќе ја одреди разликата
-
5:06 - 5:08помеѓу поразот и победата
-
5:08 - 5:10што се однесува до борбата против нацистите
-
5:10 - 5:12и против Јапонците.
-
5:12 - 5:14И за Норден исто така,
-
5:14 - 5:17уредот бил од неверојатна морална важност,
-
5:17 - 5:19бидејќи Норден бил верен Христијанин.
-
5:19 - 5:21Всушност, тој секогаш се вознемирувал
-
5:21 - 5:24кога луѓето ќе го поврзеле наведувачот како негова иновација,
-
5:24 - 5:26бидејќи во неговите очи,
-
5:26 - 5:28само Господ можел да создава работи.
-
5:28 - 5:30Тој едноставно бил посредникот на волјата господова.
-
5:30 - 5:32А која била волјата господова?
-
5:32 - 5:35Волјата господова била да страдањето во кој било вид на војна
-
5:35 - 5:38да се намали што е можно повеќе.
-
5:38 - 5:40Што се постигнало со Норден наведувачот?
-
5:40 - 5:42Па тој токму тоа и го овозможил.
-
5:42 - 5:44Тој овозможил да се бомбардираат само оние работи
-
5:44 - 5:48кои било потребни да се бомбардираат.
-
5:48 - 5:51Затоа во годините пред Втората Светска Војна,
-
5:51 - 5:54војската на САД купила 90.000
-
5:54 - 5:56од овие Норден наведувачи
-
5:56 - 5:58по цена од 14.000 долари секој,
-
5:58 - 6:01и повторно, тоа се многу долари во 1940 година.
-
6:01 - 6:04И истренирале 50.000 бомбардери како да го користат,
-
6:04 - 6:08со долготрајни обуки кои траеле со месеци,
-
6:08 - 6:10бидејќи овие работи во основа се аналогни компјутери,
-
6:10 - 6:12и не се лесни за ракување.
-
6:12 - 6:15И го терале секој бомбардер да даде збор,
-
6:15 - 6:18да се заколне дека доколку некогаш бидат заробени,
-
6:18 - 6:20дека нема да оддадат ниту детал
-
6:20 - 6:22за овој уред на непријателот,
-
6:22 - 6:25бидејќи императивот бил непријателот да не стигне
-
6:25 - 6:27до ова апсолутно извонредно дело на технологијата.
-
6:27 - 6:30И секогаш кога Норден наведувачот се поставувал во авионите,
-
6:30 - 6:33тоа било придружувано од низа вооружени чувари.
-
6:33 - 6:36Се пренесувало во кутија со заштитен поклопец.
-
6:36 - 6:39А кутијата секогаш била врзана за еден од чуварите.
-
6:39 - 6:41Никогаш не било дозволено да се фотографира.
-
6:41 - 6:44И имало уште еден заштитен уред внатре во него,
-
6:44 - 6:47за да ако авионот некогаш се урне, тој да биде уништен
-
6:47 - 6:50и да не се дозволи да стигне во рацете на непријателот.
-
6:50 - 6:52Норден наведувачот на бомби
-
6:52 - 6:55е како Светиот Грал.
-
6:55 - 6:58Па што се случило во Втората Светска Војна?
-
6:58 - 7:01Произлегло дека и не бил Светиот Грал.
-
7:01 - 7:03Во пракса, Норден наведувачот
-
7:03 - 7:06може да испушти бомба во обично буре од 6.000 метри
-
7:06 - 7:08но само во идеални услови.
-
7:08 - 7:10И секако, во време на војна,
-
7:10 - 7:12условите не се идеални.
-
7:12 - 7:15Пред сè, навистина е сложен за користење, навистина сложен.
-
7:15 - 7:17И не сите луѓе, кои припаѓале
-
7:17 - 7:19на тие 50,000 бомбардери ја имале способноста
-
7:19 - 7:23соодветно да програмираат еден аналоген компјутер.
-
7:23 - 7:25Второ, се расипувал многу често.
-
7:25 - 7:27Тој е полн со секакви видови жироскопи и тегови
-
7:27 - 7:29разни механизми и лагери,
-
7:29 - 7:31кои не работат така добро како што се очекува
-
7:31 - 7:33во текот на самата борба.
-
7:33 - 7:36Трето, кога Норден ги направил калкулациите,
-
7:36 - 7:38тој претпоставил дека авионот би летал
-
7:38 - 7:41со релативно мала брзина и ниско.
-
7:41 - 7:43Но во вистинска војна, тоа не оди така,
-
7:43 - 7:45Ќе ве срушат.
-
7:45 - 7:48Затоа тие летале на голема висина со неверојатни брзини.
-
7:48 - 7:50А Норден наведувачот не работел добро
-
7:50 - 7:52под овие услови.
-
7:52 - 7:54Но пред сè,
-
7:54 - 7:56Норден наведувачот барал бомбардерот
-
7:56 - 7:59да направи визуелен контакт со целта.
-
7:59 - 8:01Но, што се случувало во реалноста?
-
8:01 - 8:04Имате облаци, нели?
-
8:04 - 8:07Потребно е да нема облаци за да бидете навистина прецизни.
-
8:07 - 8:09А колку денови без облаци
-
8:09 - 8:11мислите дека имало над Централна Европа
-
8:11 - 8:14помеѓу 1940 и 1945 година?
-
8:14 - 8:16Не многу.
-
8:16 - 8:18И за да ви доловам
-
8:18 - 8:20колку непрецизен бил Норден наведувачот,
-
8:20 - 8:22познат е случајот од 1944 година
-
8:22 - 8:26кога сојузниците бомбардирале хемиска фабрика во Леуна, Германија.
-
8:26 - 8:28А хемиска фабрика се простирала
-
8:28 - 8:30на 1.900 хектари.
-
8:30 - 8:33И за време на 22 бомбардирања,
-
8:33 - 8:38сојузниците фрлиле 85.000 бомби
-
8:38 - 8:42на оваа огромна фабрика,
-
8:42 - 8:45користејќи го Норден наведувачот.
-
8:45 - 8:47И колкав процент од овие бомби
-
8:47 - 8:49мислите дека паднале
-
8:49 - 8:52на површината од 1.900 хектари?
-
8:52 - 8:5510 проценти. 10 проценти.
-
8:55 - 8:57И од овие 10 проценти кои паднале,
-
8:57 - 9:0016 проценти воопшто и не експлодирале.
-
9:00 - 9:02Леуна хемиската фабрика,
-
9:02 - 9:05после едно од најголемите бомбардирања во историјата на војните,
-
9:05 - 9:08била рестартирана и работела со недели.
-
9:08 - 9:10Патем, сите овие мерки
-
9:10 - 9:13за да се спречи Норден наведувачот да не падне во рацете на нацистите?
-
9:13 - 9:15Произлегува дека
-
9:15 - 9:17Карл Норден, како вистински Швајцарец,
-
9:17 - 9:20бил многу приврзан кон германските инженери.
-
9:20 - 9:22Така во 1930 година, тој најмил еден куп од нив,
-
9:22 - 9:24вклучувајќи и еден со име Херман Лонг
-
9:24 - 9:26кој во 1938 година,
-
9:26 - 9:29комлетните шеми за Норден наведувачот им ги дал на нацистите.
-
9:29 - 9:32Така тие имале сопствен Норден наведувач за целото времетраење на војната,
-
9:32 - 9:35кој исто така, не работел многу добро.
-
9:35 - 9:37(Смеење)
-
9:37 - 9:40Па зошто зборуваме за Норден наведувачот?
-
9:40 - 9:42Затоа што живееме во време
-
9:42 - 9:44кога има многу и многу
-
9:44 - 9:46Норден наведувачи на бомби.
-
9:46 - 9:48Живееме во време каде постојат секакви видови
-
9:48 - 9:50на навистина, навистина паметни луѓе
-
9:50 - 9:52кои наоколу кажуваат дека измислиле направи
-
9:52 - 9:54кои ќе го променат нашиот свет.
-
9:54 - 9:57Измислисле веб сајтови кои ќе им овозможат на луѓето слобода.
-
9:57 - 10:01Измислиле некаков си вид на ваков уред, или онаков уред
-
10:01 - 10:04кој ќе го направи нашиот свет засекогаш подобар.
-
10:04 - 10:06Доколку одите во војската,
-
10:06 - 10:08ќе најдете многу Карловци исто така.
-
10:08 - 10:10Ако одите во Пентагон, тие ќе речат,
-
10:10 - 10:12'Знаете ли дека сега навистина можеме
-
10:12 - 10:14можеме да фрлиме бомба во обично буре
-
10:14 - 10:16од 6.000 метри висина."
-
10:16 - 10:19И знаете ли дека, тоа е точно, тие навистина можат да го направат тоа.
-
10:19 - 10:21Но треба да ни биде јасно
-
10:21 - 10:24колку тоа малку значи.
-
10:24 - 10:27Во војната во Ирак, на самиот почеток на војната,
-
10:27 - 10:29восјката на САД, воздушните сили,
-
10:29 - 10:32испратија два ескадрони од авиони Ф-15
-
10:32 - 10:34во ирачката пустина
-
10:34 - 10:36опремени со камери од пет милиони долари
-
10:36 - 10:39со кои го гледаа целокупниот простор во пустината.
-
10:39 - 10:42А мисијата им беше да најдат и да уништат,
-
10:42 - 10:44се сеќавате на Скад лансирните рампи,
-
10:44 - 10:46оние земја-воздух проектили
-
10:46 - 10:48кои Ирачаните ги лансираа врз Израелците?
-
10:48 - 10:50Мисијата на двата ескадрони
-
10:50 - 10:53била да ги уништат сите Скад лансирни рампи.
-
10:53 - 10:55И така тие летале во мисија два дена,
-
10:55 - 10:57и фрлиле илјадници бомби,
-
10:57 - 11:00и испукале илјадници проектили
-
11:00 - 11:03во обид да ја уништат оваа опасност.
-
11:03 - 11:05И откако заврши војната, била направена ревизија,
-
11:05 - 11:07каква што армијата прави, авијацијата секогаш прави,
-
11:07 - 11:09и тие го поставиле прашањето:
-
11:09 - 11:11колку Скадови ние всушност уништивме?
-
11:11 - 11:13Дали знаете кој бил одговорот?
-
11:13 - 11:15Нула, ниту еден.
-
11:15 - 11:17Сега зошто е така?
-
11:17 - 11:19Дали е поради тоа што оружјето не било прецизно?
-
11:19 - 11:22О не, тие биле брилијантно прецизни.
-
11:22 - 11:24Тие би можеле да уништат една ваква мала работа
-
11:24 - 11:26од висина од 8.000 метри.
-
11:26 - 11:30Проблемот бил што тие не знаеле каде се наоѓаат Скад рампите.
-
11:30 - 11:33Проблемот со бомбите и со бурињата
-
11:33 - 11:35не е да ја фрлите бомбата точно во бурето,
-
11:35 - 11:38туку е како да го најдете бурето.
-
11:38 - 11:40Тоа секогаш било потешкиот проблем
-
11:40 - 11:42кога доаѓало до борба во војна.
-
11:42 - 11:45Или земете ја битката во Авганистан.
-
11:45 - 11:47Кое е најзначајното оружје
-
11:47 - 11:49на ЦИА во војната во северозападен Пакистан?
-
11:49 - 11:52Тоа е безпилотното летало. Што е тоа?
-
11:52 - 11:56Тоа е внукот на Норден 15 наведувачот на бомби.
-
11:56 - 12:00Тоа е оружје со неверојатна точност и прецизност.
-
12:00 - 12:02И за време на последните шест години
-
12:02 - 12:05во северозападен Пакистан,
-
12:05 - 12:08ЦИА користела стотици вакви проектили,
-
12:08 - 12:10и ги користела овие летала
-
12:10 - 12:12за да убие 2.000 сомнителни
-
12:12 - 12:16пакистански и талибански милитанти.
-
12:16 - 12:19Каква е прецизноста на овие летала?
-
12:19 - 12:21Извонредна.
-
12:21 - 12:24Мислиме дека имаме 95 проценти прецизност
-
12:24 - 12:26кога се работи за напад со безпилотно летало.
-
12:26 - 12:2995 проценти од луѓето кои ги убиваме треба да бидат убиени, нели?
-
12:29 - 12:31Тоа е еден од најневеројатните рекорди
-
12:31 - 12:33во историјата на модерните војни.
-
12:33 - 12:35Но знаете ли која е најважната работа?
-
12:35 - 12:37Токму во истиот период
-
12:37 - 12:39кога ние ги користевме овие летала
-
12:39 - 12:41со неверојатна точност,
-
12:41 - 12:44бројот на напади, на самоубиствени и терористички напади,
-
12:44 - 12:46против американските сили во Авганистан
-
12:46 - 12:49се зголеми десеткратно.
-
12:49 - 12:51Како што станувавме сè повеќе ефикасни
-
12:51 - 12:53во нивното убивање,
-
12:53 - 12:56тие стануваа сè повеќе бесни
-
12:56 - 12:59и сè повеќе мотивирани да нè убијат.
-
12:59 - 13:02Не ви раскажав приказна за успех.
-
13:02 - 13:04Ви раскажав
-
13:04 - 13:06неуспешна приказна.
-
13:06 - 13:08И ова е проблемот
-
13:08 - 13:10со нашето залажување со работите кои ги правиме.
-
13:10 - 13:13Мислиме дека работите кои ги правиме ќе ги решат нашите проблеми,
-
13:13 - 13:16но нашите проблеми се многу посложени.
-
13:16 - 13:19Работата не е во прецизноста на бомбите кои ги имате,
-
13:19 - 13:21туку како ги користите бомбите кои ги имате,
-
13:21 - 13:23и уште поважно,
-
13:23 - 13:26дали воопшто морате да ги користите бомбите.
-
13:27 - 13:29Има и продолжение
-
13:29 - 13:31на приказната за Норден,
-
13:31 - 13:34за Карл Норден и неговиот наведувач на бомби.
-
13:34 - 13:37А тоа е, на 6 Август, 1945 година,
-
13:37 - 13:40еден Б-29 бомбардер наречен Енола Геј
-
13:40 - 13:42летал над Јапонија
-
13:42 - 13:44и, користејќи го Норден уредот
-
13:44 - 13:47исфрлил многу голема термонуклеарна направа
-
13:47 - 13:50над градот Хирошима.
-
13:50 - 13:53И како што обично бивало со Норден уредот,
-
13:53 - 13:56бомбата ја промашила својата цел за 250 метри.
-
13:56 - 13:59Но се разбира, не било важно.
-
13:59 - 14:01И тоа е најголемата иронија од сè
-
14:01 - 14:04кога се работи за Норден наведувачот на бомби.
-
14:04 - 14:08авијацискиот уред од 1.5 милијарди долари
-
14:08 - 14:12бил користен за да се фрли бомба од три милијарди долари,
-
14:12 - 14:15за која воопшто не бил потребен наведувач.
-
14:15 - 14:17Во меѓувреме, во Њујорк,
-
14:17 - 14:19никој не му кажал на Карл Норден
-
14:19 - 14:22дека неговиот наведувач бил користен над Хирошима.
-
14:22 - 14:24Тој бил посветен христијанин.
-
14:24 - 14:26Тој мислел дека направил нешто
-
14:26 - 14:29што ќе го намали страдањето во војна.
-
14:29 - 14:32Тоа само би му го скршило срцето.
-
14:32 - 14:39(Аплауз)
- Title:
- Малколм Гладвел: Чудната приказна за Норден наведувачот на бомби
- Speaker:
- Malcolm Gladwell
- Description:
-
more » « less
Одличниот раскажувач Малколм Гладвел ја раскажува приказната за Норден наведувачот на бомби, напредна технологија од Втората светска војна што довела до навистина неочекуван резултат.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 14:40