-
Ова сум јас.
-
А ова е дедо ми, Маноло.
-
Роден во Севилја, Шпанија, во 1942 година,
-
од мали нозе знаеше
-
дека сака да стане забен техничар.
-
Ако се прашувате што е тоа,
-
па,
-
изработуваше забни протези.
-
Беше решителен човек.
-
Напорно учеше и отвори ординација
-
што подоцна ќе стане
-
семеен бизнис.
-
Ама тоа не е сѐ.
-
Дедо ми беше познат
-
по својата великодушност.
-
И покрај шесте деца
-
за кои требаше да се грижи и да ги прехранува,
-
често им помагаше на другите
-
сиромашни семејства.
-
Анонимно им купуваше храна
-
и ги плаќаше нивните сметки.
-
Често од својот џеб.
-
Се сеќавам дека ме носеше
-
на фудбалски натпревари скоро секој викенд.
-
Тој ме направи
-
фудбалски фанатик.
-
Чест е да се биде дел од неговото семејство.
-
Благодарение на него,
-
знам дека еден од клучевите за среќата
-
во овој живот е да ги ставаме другите
-
пред себе.