Return to Video

Како влијае менопаузата на мозокот

  • 0:01 - 0:04
    Жените се дело на уметноста.
  • 0:04 - 0:06
    Одвнатре и однадвор.
  • 0:06 - 0:10
    Јас сум невронаучник
    и се фокусирам на внатрешноста,
  • 0:10 - 0:12
    особено на женскиот мозок.
  • 0:12 - 0:15
    Многу теории зборуваат
    за разликите помеѓу
  • 0:15 - 0:17
    машкиот и женскиот мозок.
  • 0:17 - 0:19
    Го проучувам мозокот веќе 20 години
  • 0:19 - 0:22
    и тврдам дека не постои нешто
  • 0:22 - 0:24
    што се нарекува родов мозок.
  • 0:24 - 0:26
    Розево и сино, Барбика и Лего коцки,
  • 0:26 - 0:29
    тоа се откритија кои немаат врска
  • 0:29 - 0:31
    со начинот на кој е изграден мозокот.
  • 0:32 - 0:35
    Иако, мозокот на жените се разликува
    од мозокот на мажите
  • 0:35 - 0:37
    до одреден степен.
  • 0:37 - 0:39
    Овде сум за да зборувам за овие разлики
  • 0:39 - 0:42
    бидејќи тие се важни за нашето здравје.
  • 0:42 - 0:44
    На пример:
  • 0:44 - 0:47
    жените се повеќе склони кон анксиозни нарушувања
  • 0:47 - 0:49
    или депресија,
  • 0:49 - 0:51
    да не зборуваме за главоболки и мигрени.
  • 0:52 - 0:54
    Но, исто така во сржта моите истражувања,
  • 0:54 - 0:58
    поголема е веројатноста жените
    да имаат Алцхајмер.
  • 0:58 - 1:00
    Алцхајмеровата болест е најчестата причина
  • 1:00 - 1:02
    за деменција на планетата
  • 1:02 - 1:08
    која ја имаат приближно 6 милиони
    луѓе во САД.
  • 1:08 - 1:11
    Но, речиси две третини од нив
  • 1:11 - 1:13
    всушност се жени.
  • 1:13 - 1:16
    Значи, на секој маж
    кој страда од Алцхајмер
  • 1:16 - 1:18
    има две жени.
  • 1:18 - 1:21
    Зошто е тоа така?
  • 1:21 - 1:22
    Дали е заради возраста?
  • 1:22 - 1:23
    Или животниот век?
  • 1:23 - 1:26
    Што друго може да биде?
  • 1:26 - 1:27
    Пред неколку години
  • 1:27 - 1:29
    ја почнав Иницијативата за женскиот мозок
  • 1:29 - 1:31
    на медицинскиот факултет Вејл Корнел
    во Њујорк
  • 1:31 - 1:34
    за ги најдам одговорите на овие прашања.
  • 1:34 - 1:37
    Вечерва ќе споделам некои од нив.
  • 1:38 - 1:42
    Изгледа дека нашите мозоци
    различно стареат,
  • 1:42 - 1:46
    и тука голема улога игра
    менопаузата кај жените.
  • 1:47 - 1:50
    Многумина размислуваат за мозокот
    како за голема црна кутија,
  • 1:50 - 1:52
    која е изолирана од остатокот на телото.
  • 1:52 - 1:56
    Но во реалноста нашиот мозок
    е во постојана интеракција
  • 1:56 - 1:57
    со останатиот дел од нас.
  • 1:57 - 1:58
    Изненадувачки е дека
  • 1:58 - 2:02
    интеракциите со репродуктивниот систем
  • 2:02 - 2:06
    се пресудни за стареењето
    на мозокот кај жените.
  • 2:06 - 2:09
    Овие интеракции се потпомогнати
    од нашите хормони.
  • 2:09 - 2:13
    Знаеме дека хормоните
    се разликуваат кај родовите.
  • 2:13 - 2:16
    Мажите имаат повеќе тестотерон,
    жените имаат повеќе естроген.
  • 2:16 - 2:18
    Она што е важно тука
  • 2:18 - 2:21
    е разликата во времетраењето на хормоните.
  • 2:21 - 2:25
    Тестостеронот кај мажите
    трае до подоцна во животот,
  • 2:25 - 2:29
    и процесот на губење е бавен
    и без симптоми, се разбира.
  • 2:30 - 2:33
    (Смеа)
  • 2:33 - 2:35
    Естрогенот кај жените од друга страна,
  • 2:35 - 2:38
    почнува да се губи за време на менопауза
  • 2:38 - 2:42
    и е проследен со бројни симптоми.
  • 2:42 - 2:45
    Менопаузата ја поистоветуваме
    со јајниците,
  • 2:45 - 2:48
    но кога жените се жалат
    на топлотни бранови,
  • 2:48 - 2:52
    ноќно потење, несоница, заборавање,
    депресија, анксиозност,
  • 2:52 - 2:54
    тие симптоми не почнуваат во јајниците.
  • 2:54 - 2:57
    Тие почнуваат во мозокот.
  • 2:57 - 2:59
    Тие се невролошки симптоми.
  • 2:59 - 3:02
    Но ние не сме навикнати да размислуваме
    за нив на тој начин.
  • 3:02 - 3:04
    Зошто е тоа така?
  • 3:04 - 3:07
    Зошто менопаузата влијае на нашиот мозок?
  • 3:07 - 3:09
    Најпрво,
  • 3:09 - 3:13
    нашиот мозок и јајниците
    се дел од невро-ендокриниот систем.
  • 3:13 - 3:15
    Како дел од системот, мозокот зборува со
    јајниците
  • 3:15 - 3:17
    и јајниците му возвраќаат на мозокот
  • 3:17 - 3:20
    секојдневно во нашиот живот како жени.
  • 3:20 - 3:24
    Значи, здравјето на јајниците е поврзано
    со здравјето на мозокот
  • 3:24 - 3:26
    и обратно.
  • 3:26 - 3:28
    Истовремено,
  • 3:28 - 3:31
    хормоните како естрогенот
    не се дел само од репродукцијата,
  • 3:31 - 3:34
    туку тие се дел и од функцијата
    на мозокот.
  • 3:34 - 3:37
    Особено естрогенот или естрадиолот
  • 3:37 - 3:41
    е клучен за создавање
    на енергија во мозокот.
  • 3:41 - 3:42
    На клеточно ниво, естрогенот
  • 3:42 - 3:46
    делува на невроните да согоруваат
    глукоза за да создадат енергија.
  • 3:46 - 3:48
    Ако естрогенот е висок,
  • 3:48 - 3:50
    енергијата во мозокот е на високо ниво.
  • 3:50 - 3:52
    Кога естрогенот паѓа,
  • 3:52 - 3:56
    невроните стануваат
    побавни и побрзо стареат.
  • 3:56 - 3:58
    Студиите покажуваат дека овие процеси
  • 3:58 - 4:02
    можат да водат дури и до создавање
    на амилоидни плочки
  • 4:02 - 4:03
    или Алцхајмер плочки,
  • 4:03 - 4:06
    кои се карактеристики
    на Алцхајмерова болест.
  • 4:06 - 4:09
    Овие влијанија се посилни во
    специфични делови на мозокот,
  • 4:09 - 4:11
    почнувајќи од хипоталамусот,
  • 4:11 - 4:14
    кој е одговорен за регулирање
    на телесната температура.
  • 4:14 - 4:17
    Кога естрогенот не го активира
    правилно хипоталамусот,
  • 4:17 - 4:21
    мозокот не може правилно да
    ја регулира телесната температура.
  • 4:21 - 4:23
    Топлотните бранови кои ги имаат жените,
  • 4:23 - 4:26
    тоа е хипоталамусот.
  • 4:26 - 4:29
    Потоа, тука е мозочното стебло
    кое е поврзано со сонот и будноста.
  • 4:29 - 4:32
    Кога естрогенот не го активира
    правилно мозочното стебло
  • 4:32 - 4:34
    имаме проблеми со спиењето.
  • 4:34 - 4:35
    Или амигдалата,
  • 4:35 - 4:38
    емоционалниот центар
    на мозокот близу хипоталамусот,
  • 4:38 - 4:40
    центарот за меморија на мозокот.
  • 4:40 - 4:43
    Кога естрогените нивоа
    опаѓаат во овие делови
  • 4:43 - 4:45
    почнуваме да имаме
    променливи расположенија
  • 4:45 - 4:47
    и забораваме.
  • 4:47 - 4:51
    Значи, ова е анатомијата на мозокот
    при менопауза.
  • 4:51 - 4:52
    Но, ќе ви покажам
  • 4:52 - 4:55
    како всушност изгледа женскиот мозок.
  • 4:55 - 4:57
    Ова е ден вид на скен на мозокот
  • 4:57 - 5:00
    кој се нарекува
    Томографија на емисија на позитрон (ПЕТ).
  • 5:00 - 5:02
    Ги испитува енергетските нивоа на мозокот.
  • 5:02 - 5:06
    Вака изгледа мозокот кој го посакуваме
  • 5:06 - 5:07
    на 40 год. возраст.
  • 5:07 - 5:09
    Изгледа убаво и светло.
  • 5:09 - 5:12
    Ова е мозок на жена кога имала 43 год.
  • 5:12 - 5:16
    кога првпат ѝ е направен скен
    пред менопауза.
  • 5:16 - 5:20
    Овој овде е истиот мозок 8 години подоцна
  • 5:20 - 5:23
    после менопауза.
  • 5:23 - 5:25
    Ако ги ставиме еден до друг,
  • 5:25 - 5:27
    може да видите како светложолтата боја
  • 5:27 - 5:30
    станува портокалова, речиси виолетова.
  • 5:30 - 5:34
    Тоа е падот од 30 степени
    на енергетските нивоа на мозокот.
  • 5:35 - 5:37
    Генерално,
  • 5:37 - 5:43
    ова не се случува
    кај мажите на иста возраст.
  • 5:43 - 5:45
    Во нашите студии опфативме стотици луѓе,
  • 5:45 - 5:50
    се покажа дека средовечните мажи имаат
    повисоки нивоа на енергија на мозокот.
  • 5:50 - 5:54
    Кај жените, енергијата на мозокот
    е добра пред менопауза,
  • 5:54 - 5:58
    но потоа почнува постепено
    да опаѓа при транзицијата.
  • 5:59 - 6:02
    Ова го откривме независно од возраста.
  • 6:02 - 6:05
    Немаше влијание дали жените
    имаа 40, 50 или 60 год.
  • 6:05 - 6:09
    Најмногу влијаеше тоа
    што тие беа во менопауза.
  • 6:09 - 6:12
    Треба повеќе да истражуваме
    за да го потврдиме ова,
  • 6:12 - 6:15
    но изгледа дека женскиот мозок
    во средни години
  • 6:15 - 6:17
    е почувствителен на хормоналното стареење
  • 6:17 - 6:20
    отколку на самото хронолошко стареење.
  • 6:20 - 6:22
    Ова е значајна информација за нас,
  • 6:22 - 6:26
    бидејќи има толку многу жени
    кои ги чувствуваат овие промени.
  • 6:26 - 6:28
    Многу наши пациенти ми кажуваат
  • 6:28 - 6:31
    дека се чувствуваат како
    умот да си поигрува со нив,
  • 6:31 - 6:32
    најблаго речено.
  • 6:32 - 6:35
    Сакам ова да го потврдам
    бидејќи е вистинско.
  • 6:35 - 6:39
    За да појасниме,
    ако сте вие во ова категорија,
  • 6:39 - 6:41
    не сте луди.
  • 6:41 - 6:43
    (Смеа)
  • 6:43 - 6:45
    (Аплауз)
  • 6:45 - 6:46
    Благодарам.
  • 6:47 - 6:48
    Важно е.
  • 6:48 - 6:51
    Многу жени се плашат
    дека го губат разумот.
  • 6:51 - 6:55
    Но, вистината е дека вашиот мозок
    можеби ќе минува низ транзиција,
  • 6:55 - 6:56
    или веќе е во транзиција
  • 6:56 - 6:59
    и му треба време и поддршка
    за да се прилагоди.
  • 6:59 - 7:01
    Ако некој е загрижен
  • 7:01 - 7:04
    дека средовечните жени даваат
    послаби резултати во работата,
  • 7:04 - 7:07
    веднаш ќе кажам дека погледнавме
    во когнитивните перформанси.
  • 7:07 - 7:08
    Бог да чува, нели?
  • 7:08 - 7:10
    (Смеа)
  • 7:10 - 7:12
    Ајде да не го правиме тоа.
  • 7:12 - 7:14
    Но, ги погледнавме когнитивните
    перформанси
  • 7:14 - 7:17
    и не откривме апсолутно никакви
    разлики меѓу мажите и жените
  • 7:17 - 7:20
    пред и по менопауза.
  • 7:20 - 7:22
    Други проучувања исто така
    го потврдуваат тоа.
  • 7:22 - 7:25
    Значи, може да сме уморни,
  • 7:25 - 7:27
    но ние сме исто толку бистри.
  • 7:27 - 7:29
    (Смеа)
  • 7:29 - 7:31
    Доста со тоа.
  • 7:31 - 7:33
    Имајќи го ова предвид,
  • 7:33 - 7:36
    има нешто посериозно на кое
    треба да се обрне внимание.
  • 7:36 - 7:37
    Ако се сеќавате,
  • 7:37 - 7:40
    напоменав дека падот на естроген
    може да предизвика
  • 7:40 - 7:43
    создавање на амилоидни плочки,
    или Алцхајмерови плочки.
  • 7:43 - 7:46
    Има еден друг скен на мозок
    кој ги прикажува тие плочки.
  • 7:46 - 7:50
    Ги употребивме да покажеме дека
    средовечните мажи едвај ги имаат,
  • 7:50 - 7:52
    што е одлично.
  • 7:52 - 7:53
    Но, кај жените,
  • 7:53 - 7:58
    има незначителен пораст за време
    на транзицијата кон менопауза.
  • 7:58 - 8:00
    Сакам да појаснам овде
  • 8:00 - 8:03
    дека плочките не се создаваат
    кај сите жени.
  • 8:03 - 8:06
    и ако се создадат,
    не значи дека ќе развијат Алцхајмер.
  • 8:06 - 8:08
    Плочките се ризичен фактор,
  • 8:08 - 8:12
    во никој случај не се работи за дијагноза
    особено во оваа фаза.
  • 8:12 - 8:15
    Но, сепак е показател
  • 8:15 - 8:17
    кој ги поврзува Алцхајмер со менопауза.
  • 8:17 - 8:20
    Мислиме дека менопаузата
    е дел од средовечноста
  • 8:20 - 8:23
    и дека Алцхајмер е дел од староста.
  • 8:23 - 8:24
    Но, во реалноста
  • 8:24 - 8:26
    многу студии, вклучувајќи го и мојот труд,
  • 8:26 - 8:30
    покажуваат дека Алцхајмер почнува
    со негативните промени во мозокот
  • 8:30 - 8:35
    години или децении
    пред клиничките симптоми.
  • 8:35 - 8:36
    Кај жените,
  • 8:36 - 8:39
    изгледа дека овој процес почнува
    во средните години,
  • 8:39 - 8:40
    за време на менопаузата.
  • 8:40 - 8:42
    Тоа е значајна информација
  • 8:42 - 8:47
    бидејќи ни дава временска рамка
    за да почнеме да ги бараме промените.
  • 8:47 - 8:49
    Во однос на временската рамка,
  • 8:49 - 8:52
    повеќето жени минуваат низ менопауза
    во раните 50-ти години.
  • 8:52 - 8:54
    Но кај некои може и порано
  • 8:54 - 8:57
    поради медицински интервенции.
  • 8:57 - 9:01
    Најчести примери се
    хистеректомија и/или офоректомија
  • 9:01 - 9:03
    што е хируршко отстранување на матката
  • 9:03 - 9:05
    и/или јајниците.
  • 9:05 - 9:08
    За среќа, постојат докази
  • 9:08 - 9:11
    дека отстранувањето на матката
    или дури и, на јајниците
  • 9:11 - 9:13
    пред менопауза
  • 9:13 - 9:17
    има врска со високиот ризик
    за деменција кај жените.
  • 9:17 - 9:20
    Знам дека ова се вознемирувачки вести
  • 9:20 - 9:22
    и дефинитивно депресивни вести,
  • 9:22 - 9:23
    но ние мораме да зборуваме за тоа
  • 9:23 - 9:27
    бидејќи повеќето жени не се свесни
    за оваа поврзаност,
  • 9:27 - 9:30
    но многу е важно да се знае.
  • 9:30 - 9:33
    Никој не вели дека жените
    треба да ги одбијат овие процедури
  • 9:33 - 9:35
    ако е потребно да се направат.
  • 9:35 - 9:39
    Суштината е дека треба
    подобро да разбереме
  • 9:39 - 9:42
    што се случува во нашиот мозок
    кога минуваме низ менопауза,
  • 9:42 - 9:44
    природна или медицинска,
  • 9:44 - 9:47
    и како да го заштитиме нашиот
    мозок низ тој процес.
  • 9:47 - 9:49
    Како да го направиме тоа?
  • 9:49 - 9:50
    Како да го заштитиме мозокот?
  • 9:50 - 9:52
    Дали треба да земаме хормони?
  • 9:52 - 9:55
    Тоа е исправно прашање, добро прашање.
  • 9:55 - 9:57
    Најкусиот одговор на тоа сега
  • 9:57 - 10:00
    е дека хормоналната терапија
    може да е корисна
  • 10:00 - 10:03
    и да ги намали бројните симптоми
    како топлотните бранови,
  • 10:03 - 10:07
    но во моментов не се препорачува
    за превенција од деменција.
  • 10:07 - 10:10
    Многумина работиме на тестирање
    на различни формулации,
  • 10:10 - 10:13
    различни дози и различни временски рамки
  • 10:13 - 10:17
    и за среќа, овој труд ќе донесе
    промени во препораките
  • 10:17 - 10:19
    во иднина.
  • 10:19 - 10:22
    Во меѓувреме,има други работи
    кои можеме да ги направиме денес
  • 10:22 - 10:25
    за да ги зајакнеме хормоните
    и нивното влијание на мозокот
  • 10:25 - 10:27
    и тие не мора да се лекови,
  • 10:27 - 10:31
    но бараат да се свртиме
    кон начинот на живеење.
  • 10:31 - 10:33
    Бидејќи храната што ја јадеме,
  • 10:33 - 10:35
    колку вежбаме,
  • 10:35 - 10:37
    колку спиеме или не спиеме,
  • 10:37 - 10:39
    колку стрес имаме во нашите животи,
  • 10:39 - 10:42
    тоа се нештата кои всушност
    влијаат на нашите хормони
  • 10:42 - 10:45
    за добро или лошо.
  • 10:45 - 10:47
    Храната, на пример.
  • 10:47 - 10:49
    Постојат многу начини на исхрана,
  • 10:49 - 10:52
    но студиите покажуваат дека
    медитеранската исхрана особено
  • 10:52 - 10:56
    е корисна за здравјето на жената.
  • 10:56 - 10:59
    Жените со овој начин
    на исхрана имаат помал ризик
  • 10:59 - 11:02
    за когнитивен пад или депресија,
  • 11:02 - 11:05
    срцеви заболувања, мозочен удар или рак,
  • 11:05 - 11:08
    имаат и помалку топлотни бранови.
  • 11:08 - 11:10
    Интересно е што овој начин на исхрана
  • 11:10 - 11:14
    е богат со производи кои содржат естроген
  • 11:14 - 11:18
    во форма на фитоестроген
    или естроген од растенија
  • 11:18 - 11:21
    кои делуваат како благ
    естроген во нашето тело.
  • 11:21 - 11:24
    Некои фитоестрогени се поврзани
    со можниот ризик од рак
  • 11:24 - 11:27
    но не и тие во овој начин
    на исхрана кој е безбеден.
  • 11:27 - 11:30
    Особено од лененото семе,
  • 11:30 - 11:33
    сусамот, сувите кајсии,
  • 11:33 - 11:36
    мешункасти растенија и многу овошја.
  • 11:36 - 11:37
    Една добра вест,
  • 11:38 - 11:41
    темното чоколадо
    содржи фитоестрогени, исто така.
  • 11:41 - 11:44
    Исхраната е еден начин
    како да дојдеме до естроген,
  • 11:44 - 11:48
    но исто е важно да избегнуваме нешта
    кои го потиснуваат естрогенот,
  • 11:48 - 11:50
    особено стресот.
  • 11:50 - 11:53
    Стресот буквално го краде вашиот естроген
  • 11:53 - 11:57
    бидејќи кортизолот
    кој е главен хормон на стрес,
  • 11:57 - 11:59
    балансира со естрогенот.
  • 11:59 - 12:02
    Кога кортизолот расте,
    естрогенот се намалува.
  • 12:02 - 12:05
    Кога кортизолот се намалува,
    естрогенот се зголемува.
  • 12:05 - 12:07
    Намалувањето на стресот
    е навистина важно.
  • 12:07 - 12:10
    Не го подобрува само денот
  • 12:10 - 12:12
    туку му помага на мозокот.
  • 12:12 - 12:14
    Овие се само неколку работи
  • 12:14 - 12:16
    кои можеме да ги направиме
    за мозокот.
  • 12:16 - 12:17
    Има многу повеќе.
  • 12:17 - 12:18
    Важно е да се знае
  • 12:18 - 12:22
    дека ако го промениме начинот
    на кој го разбираме мозокот,
  • 12:22 - 12:25
    ќе го смениме и начинот
    на кој се грижиме за него
  • 12:25 - 12:28
    и начинот на кој гледаме
    на здравјето на жената.
  • 12:28 - 12:31
    Колку повеќе жени ги бараат
    овие информации
  • 12:31 - 12:34
    толку побрзо ќе можеме да ги прекршиме
    табуата околу менопаузата
  • 12:34 - 12:37
    и ќе дојдеме до ефикасни реченија,
  • 12:37 - 12:39
    не само за Алцхајмер,
  • 12:39 - 12:42
    туку за здравјето на мозокот
    на жените воопшто.
  • 12:42 - 12:44
    Здравје на мозокот е здравје на жената.
  • 12:44 - 12:46
    Ви благодарам.
  • 12:46 - 12:48
    (Аплауз)
  • 12:48 - 12:49
    Благодарам.
  • 12:49 - 12:50
    Ох, благодарам!
Title:
Како влијае менопаузата на мозокот
Speaker:
Лиза Москони
Description:

Многу од симптомите на менопауза-топлотни бранови, ноќни потења, несоница, заборавање, депресија или анксиозност-започнуваат во мозокот.Како всушност влијае менопаузата на когнитивното здравје? Лиза Москони споделува значајни откритија од областа на невронауката за начинот на кој влијае намалувањето на хормоните на стареењето на мозокот. Притоа, таа укажува на едноставни промени на начинот на живот кои можат да помогнат за здравјето на мозокот во текот на животот.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
13:04

Macedonian subtitles

Revisions