Return to Video

Зошто цртам со роботи

  • 0:01 - 0:04
    Многу од нас тука користиме технологија
    во нашето секојдневие.
  • 0:04 - 0:07
    И некои од нас се потпираат
    на технологијата да ни ги заврши задачите.
  • 0:07 - 0:11
    Долго време, сметав дека машините и
    технологиите кои ги движат
  • 0:11 - 0:16
    се совршени алатки за да ја направат
    мојата работа поефективна и продуктивна.
  • 0:16 - 0:20
    Но зголемувањето на автоматизацијата
    во многу различни индустрии,
  • 0:20 - 0:21
    ме натера да се запрашам:
  • 0:21 - 0:23
    Ако машините почнуваат
    да прават работи
  • 0:23 - 0:25
    кои вообичаено се правени од луѓе,
  • 0:25 - 0:27
    што ќе стане со човечката рака?
  • 0:28 - 0:32
    Како нашата желба за совршенство,
    прецизност и автоматизација
  • 0:32 - 0:34
    влијае на нашата способност
    за креативност?
  • 0:35 - 0:38
    Работејќи како уметник и истражувач,
    истражувам вештачка интелигенција и роботи
  • 0:39 - 0:42
    за да развијам нови процеси
    за човечка креативност.
  • 0:42 - 0:43
    Последните неколку години,
  • 0:43 - 0:48
    сум работела со машини, податоци
    и технологии во развој.
  • 0:48 - 0:50
    Тоа е дел од животната фасцинација
  • 0:50 - 0:53
    во врска со динамиката
    на поединците и системите
  • 0:53 - 0:55
    и сиот неред што тоа го опфаќа.
  • 0:55 - 1:00
    Така истражувам каде завршува
    вештачката интелигенција, а каде
  • 1:00 - 1:02
    почнуваме ние и притоа развивам процеси
  • 1:02 - 1:05
    за истражување на потенцијалните
    сетилни мешавини во иднината.
  • 1:06 - 1:09
    Тоа е место каде филозофијата
    и технологијата се среќаваат.
  • 1:09 - 1:11
    Работењето на ова
    ме има научено неколку работи.
  • 1:12 - 1:14
    Сфатив дека прифаќајќи го несовршенството,
  • 1:14 - 1:17
    всушност можеме да научиме
    нешто за нас.
  • 1:17 - 1:20
    Ме научи дека истражувањето на уметноста
  • 1:20 - 1:23
    може да ја обликува технологијата
    која не` формира нас.
  • 1:23 - 1:26
    И ме научи дека комбинирањето
    вештачка интелигенција и роботика
  • 1:26 - 1:30
    со традиционални форми на креативност -
    визуелни уметности во мој случај -
  • 1:30 - 1:32
    може да ни помогне да размислуваме
    подлабоко
  • 1:32 - 1:35
    за тоа што е човекот,
    а што е машината.
  • 1:36 - 1:38
    И ме натера да сфатам
  • 1:38 - 1:41
    дека соработката е клучот
    за создавање простор за двете
  • 1:41 - 1:42
    како што одиме напред.
  • 1:42 - 1:45
    Сѐ почна со едноставен
    експеримент со машини
  • 1:45 - 1:48
    наречен „Операции за цртање:
    Генерација 1".
  • 1:48 - 1:51
    Машината ја нарекувам „Даг“.
  • 1:51 - 1:52
    Пред да ја направам Даг,
  • 1:52 - 1:55
    не знаев ништо
    за конструирање роботи.
  • 1:55 - 1:58
    Зедов дизајни за роботска рака
    кои беа слободни за употреба,
  • 1:58 - 2:01
    создадов систем каде роботот
    ги копира моите гестови
  • 2:02 - 2:03
    и ги следи во реално време.
  • 2:03 - 2:05
    Премисата беше едноставна:
  • 2:05 - 2:07
    Јас водев, а роботот ме следеше.
  • 2:07 - 2:10
    Јас ќе нацртав линија,
    а тој ја прецртуваше.
  • 2:10 - 2:14
    Во 2015 г. цртавме за првпат
  • 2:14 - 2:17
    пред мала публика
    во Њујорк.
  • 2:17 - 2:19
    Процесот беше прилично едноставен -
  • 2:19 - 2:23
    без светилки, без звуци,
    ништо не се криеше одзади.
  • 2:23 - 2:27
    Само моите дланки кои се потеа
    и роботот кој се загреваше.
  • 2:27 - 2:29
    (се смее) Очигледно, ние не сме
    создадени за ова.
  • 2:30 - 2:33
    Но нешто интересно се случи,
    нешто што не очекував.
  • 2:33 - 2:37
    Првобитниот Даг
    не ми ја следеше линијата совршено.
  • 2:37 - 2:40
    При симулацијата која
    се случуваше на екран,
  • 2:40 - 2:42
    беше совршено до пиксел,
  • 2:42 - 2:44
    но во физичката стварност
    беше друга приказна.
  • 2:44 - 2:47
    Се лизгаше, запираше,
    се колебаше,
  • 2:47 - 2:49
    па јас морав да реагирам.
  • 2:50 - 2:51
    Тоа воопшто не беше идеално.
  • 2:51 - 2:55
    Но сепак, некако, грешките ја правеа
    работата поинтересна.
  • 2:55 - 2:57
    Машината ја толкуваше мојата
    линија, но не совршено.
  • 2:57 - 2:59
    И јас морав да реагирам.
  • 2:59 - 3:01
    Ние се приспособувавме еден на друг
    во реално време.
  • 3:01 - 3:04
    Гледајќи го ова, научив
    неколку работи.
  • 3:04 - 3:08
    Ме научи дека грешките ја прават
    работата поинтересна.
  • 3:09 - 3:13
    И сфатив дека преку
    несовршеноста на машината
  • 3:13 - 3:17
    нашите несовршености станаа она убавото
    кај интеракцијата.
  • 3:18 - 3:21
    И бев возбудена,
    бидејќи ме натера да сфатам
  • 3:21 - 3:24
    дека убавината на човечките
    и машинските системи делумно се должи
  • 3:24 - 3:27
    на нивната суштинска,
    заедничка грешност.
  • 3:27 - 3:29
    Што се однесува до
    втората генерација на Даг
  • 3:29 - 3:31
    сакав да истражам
    една идеја.
  • 3:31 - 3:36
    Но наместо случајност предизвикана од
    туркање на роботска рака до границите,
  • 3:36 - 3:39
    сакав да дизајнирам систем кој ќе
    реагира на моите цртежи
  • 3:39 - 3:41
    на начини кои не ги очекував.
  • 3:41 - 3:44
    Па, употребив визуелен алгоритам за
    извлекување визуелни информации
  • 3:44 - 3:47
    од моите дигитални и
    аналогни цртежи.
  • 3:47 - 3:50
    На овие цртежи тренирав
    невронска мрежа
  • 3:50 - 3:52
    за да создадам
    повторливи шеми во работата
  • 3:52 - 3:56
    кои преку специјализиран софтвер
    беа вметнати назад во машината.
  • 3:56 - 4:00
    Макотрпно собирав толку цртежи
    колку што можев да најдам -
  • 4:00 - 4:04
    завршени дела, незавршени експерименти
    и различни скици -
  • 4:04 - 4:07
    и ги вметнав во системот со вештачка
    интелигенција.
  • 4:07 - 4:10
    Како уметник,
    повеќе од 20 години изработувам дела.
  • 4:10 - 4:12
    Собирањето на толку цртежи
    траеше со месеци,
  • 4:12 - 4:14
    тоа беше голема работа.
  • 4:14 - 4:17
    Што се однесува до тренирањето
    системи со вештачка интелегенција,
  • 4:17 - 4:19
    знајте дека тоа
    е многу напорна работа.
  • 4:19 - 4:21
    Многу работи се одвиваат
    во позадина.
  • 4:21 - 4:24
    Но правејќи го тоа,
    добив дополнителна претстава
  • 4:24 - 4:27
    за тоа како се гради конструкцијата
    на вештачката интелигенција.
  • 4:27 - 4:30
    И сфатив дека не е направена само од
    модели и класификатори
  • 4:30 - 4:32
    за невронската мрежа.
  • 4:32 - 4:35
    Туку е фундаментално податлив систем
  • 4:35 - 4:38
    во кој човековата рака е секогаш
    присутна.
  • 4:38 - 4:42
    Далеку е од семоќната ВИ
    во која ни е кажано да веруваме.
  • 4:42 - 4:45
    Па, ги собрав цртежите за
    невронската мрежа.
  • 4:45 - 4:49
    И сфатив нешто што
    претходно не беше возможно.
  • 4:49 - 4:53
    Мојот робот Даг стана интерактивен
    одраз во реално време
  • 4:53 - 4:56
    на работата што сум ја правела во
    текот на мојот живот.
  • 4:56 - 5:00
    Податоците беа лични,
    но резултатите моќни.
  • 5:00 - 5:01
    И многу се возбудив,
  • 5:01 - 5:06
    почнав да мислам дека
    машините не мора да бидат само алатки,
  • 5:06 - 5:09
    туку можат да фукнционираат како
    нечовечки соработници.
  • 5:10 - 5:11
    И дури повеќе од тоа,
  • 5:11 - 5:14
    помислив дека иднината
    на човечката креативност
  • 5:14 - 5:15
    не зависи од она што го прават,
  • 5:15 - 5:19
    туку од тоа како соработуваат за да
    истражат нови начини на креирање.
  • 5:19 - 5:21
    Па, ако Даг 1 беше мускулот,
  • 5:21 - 5:23
    а Даг 2 мозокот,
  • 5:23 - 5:26
    тогаш Даг 3 е семејството.
  • 5:26 - 5:31
    Идејата за соработка меѓу човек и нечовек
    сакав да ја истражам во големи размери.
  • 5:31 - 5:33
    Па, во изминативе неколку месеци
  • 5:33 - 5:36
    работев со мојот тим за да развијам 20
    специјализирани роботи
  • 5:36 - 5:38
    кои ќе работат со мене како колектив.
  • 5:38 - 5:39
    Тие би работеле како група,
  • 5:39 - 5:42
    и заедно, би соработувале со цел
    Њујорк.
  • 5:42 - 5:45
    Бев инспирирана
    од истражувачот од Стенфорд, Феи-Феи Ли,
  • 5:45 - 5:48
    кој рекол: „Aко сакаме да ги научиме
    машините да мислат,
  • 5:48 - 5:50
    прво мораме да ги научиме
    да гледаат.“
  • 5:50 - 5:53
    Ме натера да размислувам за последната
    деценија од мојот живот во Њујорк,
  • 5:53 - 5:56
    за тоа како бев надгледувана од камерите
    за надзор во градот.
  • 5:56 - 5:58
    И мислев дека би било интересно
  • 5:58 - 6:01
    да ги искористам за да ги
    научам моите роботи да гледаат.
  • 6:01 - 6:03
    Па, при овој проект,
  • 6:03 - 6:05
    размислував за погледот на машината,
  • 6:05 - 6:08
    и почнав да размислувам за видот
    како повеќедимензионален,
  • 6:08 - 6:10
    како погледи од некаде.
  • 6:10 - 6:12
    Зедовме снимка
  • 6:12 - 6:15
    од јавно достапни преноси во живо
  • 6:15 - 6:17
    на луѓе кои одат по тротоарите,
  • 6:17 - 6:19
    автомобили и таксија на патот,
  • 6:19 - 6:20
    секаков вид на урбано движење.
  • 6:21 - 6:24
    Со помош на тие снимки истрениравме
    алгоритам за вид,
  • 6:24 - 6:26
    врз основа на техниката наречена
    „оптички тек“.
  • 6:26 - 6:29
    Toj e nаменет за анализирање
    на колективната густина,
  • 6:29 - 6:32
    насоката, задржувањето и брзината
    на урбаното движење.
  • 6:32 - 6:36
    Нашиот систем ги извлече тие вредности од
    преносите во форма на позициони податоци
  • 6:36 - 6:40
    и стана место за цртање на мојата
    роботска рака.
  • 6:40 - 6:42
    Наместо соработка еден на еден,
  • 6:42 - 6:45
    направивме соработка многу со многу.
  • 6:45 - 6:49
    Со комбинирање на видот на човек
    и машина,
  • 6:49 - 6:52
    го преосмисливме пејзажното сликарство.
  • 6:52 - 6:54
    За време на експериментите со Даг,
  • 6:54 - 6:57
    сите дела беа потполно различни.
  • 6:57 - 6:58
    Преку соработка,
  • 6:58 - 7:01
    создаваме нешто што никој од нас не би
    можел сам да го направи:
  • 7:01 - 7:04
    ги истражуваме границите на нашата
    креативност,
  • 7:04 - 7:07
    човек и нечовек работејќи паралелно.
  • 7:08 - 7:10
    Јас мислам дека ова е само почеток.
  • 7:11 - 7:13
    Годинава ја основав „Силисет“,
  • 7:13 - 7:17
    мојата нова лабораторија за истражување
    на човечката и меѓучовечката соработка.
  • 7:17 - 7:20
    Не` интересира повратната спрега
  • 7:20 - 7:24
    помеѓу индивидуалните, вештачките и
    еколошките системи.
  • 7:24 - 7:27
    Поврзуваме човечки и машински излезни
    податоци
  • 7:27 - 7:30
    со биометриски и други видови податоци за
    животната средина.
  • 7:30 - 7:34
    Ги покануваме сите кои се заинтересирани
    за иднината на работата, системите
  • 7:34 - 7:35
    и меѓучовечката соработка
  • 7:35 - 7:37
    да истражуваат со нас.
  • 7:37 - 7:40
    Знаеме дека не се само технолозите тие
    кои треба да ја работат оваа работа
  • 7:40 - 7:42
    и дека сите имаме улога да играме.
  • 7:42 - 7:45
    Веруваме дека преку поучување на машините
  • 7:45 - 7:47
    како да ја работат работата која
    вообичаено ја вршат луѓе
  • 7:47 - 7:50
    може да го испитаме и промениме
    критериумот
  • 7:50 - 7:53
    за тоа што може
    да направи човечката рака.
  • 7:53 - 7:56
    А дел од тоа патување е прифаќањето
    на несовршеностите
  • 7:56 - 8:00
    и препознавање на грешноста и на
    човекот и на машините,
  • 8:00 - 8:03
    за да го зголемиме потенцијалот и на
    двете.
  • 8:03 - 8:05
    Денес се` уште трагам
    по убавината
  • 8:05 - 8:08
    во човечката и нечовечката креативност.
  • 8:08 - 8:11
    Немам претстава како
    би изгледало тоа во иднина,
  • 8:12 - 8:14
    но сум прилично љубопитна да дознаам.
  • 8:14 - 8:15
    Ви благодарам.
  • 8:15 - 8:17
    (аплауз)
Title:
Зошто цртам со роботи
Speaker:
Сугвен Чунг
Description:

Што настанува кога луѓето и роботите прават уметност заедно? Во овој воодушевувачки говор, уметничката Сугвен Чунг ни покажува како го „предала" нејзиниот уметнички стил на машина - и ги споделува резултатите од нивната соработка по доаѓање до неочекувано откритие: и роботите грешат. „Убавината на човечките и машинските системи делумно се должи на нивната суштинска, заедничка грешност"- вели таа.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
08:30
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for Why I draw with robots
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Why I draw with robots
Stefan Mitikj accepted Macedonian subtitles for Why I draw with robots
Stefan Mitikj edited Macedonian subtitles for Why I draw with robots
Mimi Vojnovska edited Macedonian subtitles for Why I draw with robots
Mimi Vojnovska edited Macedonian subtitles for Why I draw with robots
Mimi Vojnovska edited Macedonian subtitles for Why I draw with robots

Macedonian subtitles

Revisions