Ален Сејвори: Како да се озеленат светските пустини и да се сопрат климатските промени
-
0:01 - 0:05Најголемото
-
0:05 - 0:10цунами,
-
0:10 - 0:14совршената бура натежнува над нас.
-
0:14 - 0:17Оваа совршена бура
-
0:17 - 0:22навестува тмурна реалност која расте
-
0:22 - 0:27а ние се соочуваме со таа реалност
-
0:27 - 0:29со целосна верба
-
0:29 - 0:31дека ќе можеме да си ги решиме проблемите со технологија
-
0:31 - 0:33и тоа е многу разбирливо.
-
0:33 - 0:38Оваа совршена бура со која се соочуваме
-
0:38 - 0:41е резултат на нашата растечка популација
-
0:41 - 0:44која се ближи кон 10 милијарди луѓе,
-
0:44 - 0:47земјата која се претвора во пустина,
-
0:47 - 0:50и се разбира, климатските промени.
-
0:50 - 0:52Нема двоумење во врска со тоа
-
0:52 - 0:54ќе го решиме проблемот единствено со замена
-
0:54 - 0:58на фосилните горива со помош на технологијата.
-
0:58 - 1:01Но фосилните горива - нафта, јаглен и гас
-
1:01 - 1:03во никој случај не се единственото нешто
-
1:03 - 1:07кое предизвикува климатски промени.
-
1:07 - 1:09"Дезертификацијата" е фенси збор за процесот
-
1:09 - 1:14при кој земјата се претвора во пустина
-
1:14 - 1:17и ова се случува само кога ние создаваме
-
1:17 - 1:19премногу соголена почва,
-
1:19 - 1:21нема друг причинител.
-
1:21 - 1:23Јас ќе се фокусирам на најголемиот дел од земјата во светот
-
1:23 - 1:28која се претвора во пустина.
-
1:28 - 1:33Но имам за вас една многу едноставна порака
-
1:33 - 1:37која нуди повеќе надеж одколку што можете да си замислите.
-
1:37 - 1:39Имаме места
-
1:39 - 1:42каде што влажноста е загарантирана преку целата година.
-
1:42 - 1:45Таму, скоро е невозможно
-
1:45 - 1:48да се создадат огромни површини соголена земја.
-
1:48 - 1:51Што и да направите, природата ќе го покрие многу бргу.
-
1:51 - 1:53Од друга страна, имаме места
-
1:53 - 1:56каде што има влажност неколку месеци
-
1:56 - 1:57проследени со повеќе месеци сува клима.
-
1:57 - 2:01Овде се јавува дезертификацијата.
-
2:01 - 2:03За среќа, со денешната вселенска технологија
-
2:03 - 2:05може да ги видиме овие области од вселената
-
2:05 - 2:09и еве овде, многу убаво може да се видат размерите на тие области.
-
2:09 - 2:11Генерално гледано - она што го гледате во
-
2:11 - 2:12зелена боја е во ред,
-
2:12 - 2:15а она што е кафено се претвора во пустина.
-
2:15 - 2:19А овие области зафаќаат огромни делови од Земјата.
-
2:19 - 2:24околу две третини, по мое гледање, од светот, полека се претвораат во пустина.
-
2:24 - 2:27Оваа слика е од пустината Тиама:
-
2:27 - 2:31Иако паднаа 25 милиметри дожд - тоа е околу еден инч -
-
2:31 - 2:33замислете ги овие мерки како буриња со вода -
-
2:33 - 2:36секое од нив содржи 200 литри.
-
2:36 - 2:41Над 1000 буриња вода паднаа на секој
-
2:41 - 2:43хектар земја тој ден.
-
2:43 - 2:46Следниот ден, земјата изгледаше вака
-
2:46 - 2:49Каде отиде целата таа вода?
-
2:49 - 2:51Дел од неа се отцеди преку поплави
-
2:51 - 2:54Но поголемиот дел од водата кој се впи во земјата
-
2:54 - 2:56едноставно повторно испари.
-
2:56 - 2:59Исто како што испарува и во вашата градина
-
2:59 - 3:02ако ја оставите земјата непокриена.
-
3:02 - 3:05бидејки водата и јаглеродот се врзани заедно
-
3:05 - 3:09во органската материја на почвата,
-
3:09 - 3:13кога таа се оштетува, се ослободува јаглерод.
-
3:13 - 3:15Jаглеродот се враќа назад во атмосферата.
-
3:15 - 3:19Постојано ни повторуваат
-
3:19 - 3:22дека дезертификацијата се јавува само во
-
3:22 - 3:26суви и полусуви предели во светот,
-
3:26 - 3:30и дека високите пасишта, како ова,
-
3:30 - 3:34со висока стапка на врнежи не се засегнати.
-
3:34 - 3:38Но ако не гледате однадвор на пасиштата, туку внатре во нив,
-
3:38 - 3:41ќе сватите дека поголемиот дел од почвата во тие пасишта
-
3:41 - 3:45е гола и покриена со кора од алги,
-
3:45 - 3:48која придонесува за зголемено отцедување и испарување на водата.
-
3:48 - 3:52Тоа е ракот на дезертификацијата,
-
3:52 - 3:57кој не го препознаваме се до неговата последна, терминална фаза.
-
3:57 - 4:02Знаеме дека дезертификацијата во најголем дел е предизвикана од добитокот -
-
4:02 - 4:05говеда, овци и кози
-
4:05 - 4:08кои ги испасуваат растенијата над нивната моќ за обнова,
-
4:08 - 4:12оставајќи ја почвата соголена и оддавајќи метан.
-
4:12 - 4:14Скоро секој го знае ова, од нобелови лауреати
-
4:14 - 4:17до обичниот работник,
-
4:17 - 4:20односно, го научиле дека е така, како мене.
-
4:20 - 4:23Животните средини како оваа која ја гледате,
-
4:23 - 4:26прашливите области во Африка - овде пораснав,
-
4:26 - 4:29со љубов спрема дивиот свет
-
4:29 - 4:32и мразејќи го добитокот
-
4:32 - 4:34заради штетата која ја прави.
-
4:34 - 4:38А потоа моето универзитетско образование
-
4:38 - 4:41како еколог ги засили овие верувања.
-
4:41 - 4:46Епа, имам новости за вас.
-
4:46 - 4:49Некогаш порано сме биле исто толку сигурни
-
4:49 - 4:52и дека земјата е рамна плоча.
-
4:52 - 4:56Сме грешеле тогаш, а грешиме и сега.
-
4:56 - 4:58Сега сакам да ве поканам
-
4:58 - 5:04да ми се придружите на едно патување кон ре-едукација и откритие.
-
5:04 - 5:07Кога бев млад човек,
-
5:07 - 5:09млад биолог во Африка
-
5:09 - 5:14бев дел од еден проект за бирање на најубавите предели
-
5:14 - 5:16и нивна подготовка за идни национални паркови
-
5:16 - 5:20Ова беше во 1950тите
-
5:20 - 5:23И веднаш штом ги отселивме домородците
-
5:23 - 5:26за да го заштитиме дивиот свет, земјата почна да пропаѓа,
-
5:26 - 5:28земјата почна да пропаѓа,
-
5:28 - 5:33како што може да се види кај овој парк што го формиравме.
-
5:33 - 5:35А овојпат немаше влијание од добиток.
-
5:35 - 5:39Се посомневавме дека имаме премногу слонови.
-
5:39 - 5:43Направив истражување и докажав дека имаме
-
5:43 - 5:46премногу слонови. Препорачав дека би морале да го намалиме
-
5:46 - 5:50нивниот број до ниво кое таа област би можела да го поднесе.
-
5:50 - 5:54Е тоа беше страшна одлука која требаше да ја донесам.
-
5:54 - 5:57и искрено, беше политички динамит.
-
5:57 - 6:00Па така, нашата влада формираше тим од експерти
-
6:00 - 6:03да го оценат мојот труд.
-
6:03 - 6:05Го преиспитаа и се сложија со мене.
-
6:05 - 6:07Во текот на наредните години
-
6:07 - 6:13убивме 40.000 слонови во обид да ја сопреме штетата,
-
6:13 - 6:17но, ситуацијата само се влоши, не се подобри.
-
6:17 - 6:19За мене, кој ги сакам слоновите толку многу,
-
6:19 - 6:23тоа беше најтажната и најголемата грешка во мојот живот
-
6:23 - 6:26која ќе си ја носам со мене до гроб.
-
6:26 - 6:28Сепак, една добра работа излезе од сето тоа.
-
6:28 - 6:31Ме направи апсолутно решен
-
6:31 - 6:37да го посветам мојот живот на пронаоѓање решение.
-
6:37 - 6:41Кога дојдов во САД се шокирав
-
6:41 - 6:43дознавајки дека и тамошните национални паркови како овој,
-
6:43 - 6:48се во процес на дезертификација во иста мера колку и во Африка,
-
6:48 - 6:50А таму не постои влијание од добиток веќе
-
6:50 - 6:5270 години.
-
6:52 - 6:54И разбрав дека американските научници
-
6:54 - 6:57немаат објаснување за ова
-
6:57 - 7:00- освен дека е суво и природно -
-
7:00 - 7:04Тогаш почнав да ги разгледувам
-
7:04 - 7:07сите истражувања кои можев да ги најдам
-
7:07 - 7:10за целата западна област на САД
-
7:10 - 7:12од каде што добитокот бил отстранет
-
7:12 - 7:15за да докажам дека тоа би требало да ја запре дезертификацијата,
-
7:15 - 7:16но дојдов до спротивниот заклучок.
-
7:16 - 7:19Како што може да се забележи кај оваа станица за испитување,
-
7:19 - 7:23каде што пасиштата биле зелени во 1961,
-
7:23 - 7:28а веќе во 2002 се промениле во оваа состојба.
-
7:28 - 7:33Авторите на месното истражување за климатски промени
-
7:33 - 7:35од каде ги извлеков овие слики
-
7:35 - 7:41ја припишуваат оваа промена на "непознати процеси".
-
7:41 - 7:45Станува јасно дека всушност никогаш не сме
-
7:45 - 7:48разбрале што ја предизвикува дезертификацијата
-
7:48 - 7:51која уништила многу цивилизации
-
7:51 - 7:54и сега ни се заканува глобално.
-
7:54 - 7:56Никогаш не сме го разбрале тоа.
-
7:56 - 7:58Земете еден метар квадратен земја
-
7:58 - 8:01и соголете ја како оваа овде,
-
8:01 - 8:04и ве уверувам
дека ќе ја најдете многу поладна взори -
8:04 - 8:07и многу пожешка напладне,
-
8:07 - 8:10споредено со тоа исто парче земја ако е само покриено
-
8:10 - 8:12со растителни отпадоци.
-
8:12 - 8:15Микро-климата на почвата се менува.
-
8:15 - 8:17Во моментов додека ние го правиме ова,
-
8:17 - 8:23процентот на соголени површини драстично расте
-
8:23 - 8:27на повеќе од половина од пасиштата на планетата
-
8:27 - 8:30и веќе ја менуваме и макро-климата.
-
8:30 - 8:33Па сепак, никогаш не свативме
-
8:33 - 8:37зошто сето ова почнало да се случува пред 10.000 години?
-
8:37 - 8:39И зошто од скоро почна да се забрзува овој процес?
-
8:39 - 8:41За тие прашања немаме одговор.
-
8:41 - 8:45Она кое не успеавме да го сватиме
-
8:45 - 8:49е дека во сите предели во светот со сезонски врнежи и суши
-
8:49 - 8:51земјата и вегетацијата
-
8:51 - 8:57се развивале паралелно со многу големи броеви тревопасни животни
-
8:57 - 9:00и дека овие тревопасни животни
-
9:00 - 9:05се развивале заедно со свирепи глутници предатори.
-
9:05 - 9:09Главен начин на одбрана од овие глутници
-
9:09 - 9:11е групирањето во стада
-
9:11 - 9:15и колку е поголемо стадото, толку е поголема сигурноста на единката.
-
9:15 - 9:20Овие огромни стада оставаат урина и лепешки по целата површина каде што пасат.
-
9:20 - 9:23и се постојано во движење.
-
9:23 - 9:25А тоа движење е она кое
-
9:25 - 9:28ги спречува стадата да ја исцрпат тревата со преголемо испасување
-
9:28 - 9:30додека повременото набивање
-
9:30 - 9:33обезбедува добра покриеност на земјата,
-
9:33 - 9:36како на сликава каде поминало стадо.
-
9:36 - 9:42Ова на сликата е типично сезонско пасиште
-
9:42 - 9:45кое штотуку поминало низ четиримесечен дождовен период
-
9:45 - 9:49и сега влегува во осуммесечен сув период.
-
9:49 - 9:52Гледајте ги промените низ кои поминува во овој долг сув период.
-
9:52 - 9:55Целата трева која ја гледате над земјата
-
9:55 - 9:59Мора да се распадне биолошки
-
9:59 - 10:03пред следната сезона, а ако не се распадне
-
10:03 - 10:07пасиштето и почвата почнуваат да умираат.
-
10:07 - 10:10Ако не се распадне тревата биолошки,
-
10:10 - 10:15се префрла на процес на оксидација, кој што е многу спор
-
10:15 - 10:18и ги гуши и убива тревите
-
10:18 - 10:21водејки кон појава на дрвна вегетација
-
10:21 - 10:25и гола почва и ослободувајки јаглерод диоксид.
-
10:25 - 10:30За да го спречиме тоа, ние по традиција се служиме со оган.
-
10:30 - 10:35Но оганот исто така ја остава земјата соголена, ослободувајки јаглерод диоксид.
-
10:35 - 10:38и уште полошо
-
10:38 - 10:41со горење на еден хектар пасишта
-
10:41 - 10:44се ослободуваат повеќе
и поштетни -
10:44 - 10:47загадувачи од 6.000 автомобили
-
10:47 - 10:51А ние во Африка секоја година гориме
-
10:51 - 10:56повеќе од една милијарда хектари на пасишта
-
10:56 - 10:59и скоро никој не зборува за тоа.
-
10:59 - 11:04Го оправдуваме горењето, како научници
-
11:04 - 11:07затоа што, навистина, го отстранува мртвиот материјал
-
11:07 - 11:10и му дозволува на растението да расте.
-
11:10 - 11:13Сега, гледајки како наше ова пасиште се исушило
-
11:13 - 11:16Што можеме да направиме за да го задржиме здраво?
-
11:16 - 11:19И, внимавајте, зборувам за поголемиот дел од светската земја сега.
-
11:19 - 11:23Во ред?Не можеме да го намалиме бројот на животни за да го одмориме земјиштето
-
11:23 - 11:27без да предизвикаме опустошување и климатски промени.
-
11:27 - 11:30Не можеме да го изгориме без да предизвикаме
-
11:30 - 11:32опустошување и климатски промени.
-
11:32 - 11:36Што да направиме?
-
11:38 - 11:41Има само една можност,
-
11:41 - 11:44повторувам, само една можност
-
11:44 - 11:46им останува на климатолозите и научниците
-
11:46 - 11:49а тоа е да го направат незамисливото,
-
11:49 - 11:52и да употребат добиток,
-
11:52 - 11:55ќе го направиме тоа,во стадо кое се движи
-
11:55 - 11:58како замена за поранешните диви стада и предатори
-
11:58 - 12:00и да се имитира природата.
-
12:00 - 12:05Нема друга алтернатива која му останува на човештвото.
-
12:05 - 12:07Па ајде да го направиме тоа.
-
12:07 - 12:10Еве на ова парче земја, ќе го направиме тоа, но само во предниот дел.
-
12:10 - 12:14Ќе влијаеме на него многу интензивно со добиток имитирајки ја природата.
-
12:14 - 12:17Го сторивме тоа и видете го резултатот:
-
12:17 - 12:20Целата таа трева сега ја покрива земјата како отпадок
-
12:20 - 12:24урина и лепешки - со други зборови - прекривка
-
12:24 - 12:27како што секој од вас кој градинарел веќе знае.
-
12:27 - 12:31И таа земја е подготвена за го впие и задржи дождот
-
12:31 - 12:37да складира јаглерод диоксид и да го разложи метанот.
-
12:37 - 12:39И го постигнавме сево ова
-
12:39 - 12:42без употреба на оган кој ја оштетува почвата,
-
12:42 - 12:45а растенијата се слободни да растат.
-
12:45 - 12:47Кога сватив дека немаме друга
-
12:47 - 12:49опција како научници
-
12:49 - 12:52освен да го користиме озлогласениот добиток
-
12:52 - 12:57во врска со климатските промени и опустошувањето,
-
12:57 - 13:00бев сoочен со вистинска дилема
-
13:00 - 13:01Како да се изведе тоа?
-
13:01 - 13:0610.000 години сме имале високо образовани сточари
-
13:06 - 13:08кои го групирале својот добиток во стада и го испасувале во движење
-
13:08 - 13:12но тие го предизвикале создавањето на големите вештачки пустини во светот.
-
13:12 - 13:15Потоа имавме 100 години модерна наука
-
13:15 - 13:19која само го забрза процесот на опустошување
-
13:19 - 13:21како што најпрво откривме во Африка,
-
13:21 - 13:24а потоа потврдивме во САД
-
13:24 - 13:26и како што гледате на сликава
-
13:26 - 13:29од подрачје менаџирано од федералната влада.
-
13:29 - 13:31Јасно е дека е потребно нешто повеќе
-
13:31 - 13:33од групирање и движење на добитокот.
-
13:33 - 13:37Луѓето во текот на илјадници години
-
13:37 - 13:41не биле моќни да се справат со сите комплексности на природата.
-
13:41 - 13:43Но ние биолозите и еколозите
-
13:43 - 13:46никогаш не сме се бореле со нешто волку комплексно.
-
13:46 - 13:49Па, наместо да измислувам топла вода
-
13:49 - 13:53почнав да проучувам други професии да видам дали некој друг го правел тоа.
-
13:53 - 13:56И дознав дека постојат техники на планирање
-
13:56 - 13:59кои можам да ги преземам и адаптирам на нашите биолошки потреби.
-
13:59 - 14:02Од нив го развив таканаречениот
-
14:02 - 14:05Холистички менаџмент и планирано испасување,
-
14:05 - 14:07процес на планирање
-
14:07 - 14:11кој се осврнува, како на целата комплексност на природата,
-
14:11 - 14:16така и на нашата социјална, еколошка и економска комплексност.
-
14:16 - 14:19Денес, имаме млади жени како оваа,
-
14:19 - 14:21кои ги подучуваат селаните во Африка
-
14:21 - 14:24како да ги групираат своите животни во поголеми стада,
-
14:24 - 14:27да го планираат пасењето како имитација на природата
-
14:27 - 14:31и каде да ги сместуваат животните преку ноќ.
-
14:31 - 14:33- животните и предаторите се безбедни едни од други,
-
14:33 - 14:35бидејки имаме многу пасишта и така натаму,
-
14:35 - 14:38а каде што ќе испасат и останат преку ноќ -
-
14:38 - 14:39како припрема на посевите -
-
14:39 - 14:43исто така добиваме многу голем пораст во приносите.
-
14:43 - 14:45Да погледнеме некои од резултатите:
-
14:45 - 14:49Оваа површина е блиску до една која ние ја раководиме во Зимбабве.
-
14:49 - 14:53Парцелите штотуку поминаа низ четири месеци солиден дожд
-
14:53 - 14:56таа година и сега влегуваат во сув период.
-
14:56 - 14:59Но како што можете да видите, целиот тој дожд, скоро цел
-
14:59 - 15:02испарил од површината на земјата.
-
15:02 - 15:06Реката е сува и покрај штотуку завршената дождовна сезона.
-
15:06 - 15:10А овде имаме 150,000 луѓе,
-
15:10 - 15:13кои се скоро постојано на помош во храна.
-
15:13 - 15:18Сега, да се префрлиме на другата парцела близу до оваа, на тој ист ден,
-
15:18 - 15:21со истата количина дожд. Погледнете го ова:
-
15:21 - 15:23Нашата река е полна, здрава и чиста.
-
15:23 - 15:26Се е во ред.
-
15:26 - 15:31Тревите, грмушките, дрвата, дивиот свет
-
15:31 - 15:34се е попродуктивно
-
15:34 - 15:38и немаме баш никаков страв од сушни години.
-
15:38 - 15:44А ова го направивме преку зголемување на бројот на говеда и кози
-
15:44 - 15:46на 400 проценти
-
15:46 - 15:49планирајки го испасувањето да ја имитира природата
-
15:49 - 15:51и интегрирајки ги со слоновите, бафалата, жирафите и другите диви животни.
-
15:51 - 15:55Ова е друг предел кој беше гол и еродиран
-
15:55 - 16:01Но пред да почнеме, нашата земја изгледаше вака
-
16:01 - 16:06Овој предел беше гол и еродиран над 30 години
-
16:06 - 16:09без разлика колку дожд паѓаше годишно.
-
16:09 - 16:12Погледнете го маркираното дрво и видете ја разликата
-
16:12 - 16:16откако употребуваме стада да ја имитираме природата
-
16:16 - 16:17Ова е друг предел
-
16:17 - 16:20кој беше гол и еродиран
-
16:20 - 16:23и во подножјето на малото маркирано дрво
-
16:23 - 16:27има над 30 см ерозија на почвата.
-
16:27 - 16:28И повторно, погледнете ја промената
-
16:28 - 16:31само од користење стада кои ја имитираат природата
-
16:31 - 16:33Има и паднати дрва сега
-
16:33 - 16:38затоа што вака подобрената земја ги привлекува и слоновите итн
-
16:38 - 16:42Оваа земја во Мексико беше во очајна состојба
-
16:42 - 16:44И морав да го обележам ридот
-
16:44 - 16:48затоа што промената
-
16:48 - 16:54е толку коренита.
-
16:56 - 17:01Почнав да и помагам на една фамилија во пустината Кару во седумдесетите години
-
17:01 - 17:04да ја претворат пустината која ја гледате на сликата
-
17:04 - 17:06назад во пасиште
-
17:06 - 17:09и за среќа денес нивните внуци
-
17:09 - 17:11се на таа земја со надеж за иднината.
-
17:11 - 17:14А погледнете ја неверојатната промена кај ова пасиште
-
17:14 - 17:16онаа бразда целосно се затворила
-
17:16 - 17:21само со употреба на стада кои ја имитираат природата.
-
17:21 - 17:25И уште еднаш, ја имаме третата генерација од таа фамилија,
-
17:25 - 17:29на таа земја, со нивното знаме како се виори
-
17:29 - 17:31Пространите пасишта на Патагонија
-
17:31 - 17:33се претвораат во пустина, како што гледате овде.
-
17:33 - 17:36Човекот во средината е истражувач од Аргентина
-
17:36 - 17:40и тој го има документиранопостојаното пропаѓање на таа земја со текот
-
17:40 - 17:43на годините како што го намалувале бројот на овците.
-
17:43 - 17:48Тие собраа 25.000 овци во едно стадо
-
17:48 - 17:52стварно имитирајки ја природата овојпат, со планирана испаша
-
17:52 - 17:56и документираа повеќе од 50 проценти пораст
-
17:56 - 18:00на продуктивноста на земјата уште во првата година.
-
18:00 - 18:03Сега кај Виолент Хорн во Африка имаме
-
18:03 - 18:06сточари кои ја планираат испашата според урнекот на природата
-
18:06 - 18:10и отворено кажуваат дека тоа им е единствената надеж
-
18:10 - 18:13за спас на нивните семејства и култура.
-
18:13 - 18:15Деведесет и пет проценти од таа земја
-
18:15 - 18:19може да ги нахрани луѓето само преку добитокот.
-
18:19 - 18:21Ве потсетувам дека зборувам за поголемиот дел
-
18:21 - 18:25од светската земја сега, која ја контролира нашата судбина,
-
18:25 - 18:28вклучувајки ги и најнегостопримливите региони во светот,
-
18:28 - 18:31каде само животните можат да ги нахранат луѓето
-
18:31 - 18:35од околу 95 проценти од земјата.
-
18:35 - 18:40Она што го правиме со пасиштата, глобално покренува климатски промени,
-
18:40 - 18:43верувам, исто колку и фосилните горива,
-
18:43 - 18:47а можеби и повеќе од нив.
-
18:47 - 18:50Но, уште полошо, предизвикува глад,
-
18:50 - 18:53сиромаштија, насилство, социјално раслојување и војни
-
18:53 - 18:56и во моментов, додека ви зборувам,
-
18:56 - 18:59милиони мажи, жени и деца
-
18:59 - 19:01страдаат и умираат.
-
19:01 - 19:04И ако ова продолжи,
-
19:04 - 19:08тешко дека ќе можеме да ги сопреме климатските промени,
-
19:08 - 19:13дури и откако сме ја елиминирале употребата на фосилни горива.
-
19:13 - 19:17Верувам дека ви објаснив како можеме да соработуваме
-
19:17 - 19:20со природата по многу ниска цена,
-
19:20 - 19:22за да го смениме текот на работите.
-
19:22 - 19:24за илјадници години.
-
19:24 - 19:28Веќе работиме на 15 милиони хектари
-
19:28 - 19:31на пет континенти
-
19:31 - 19:33и луѓето кои се рабираат многу
-
19:33 - 19:35повеќе во јаглеродните емисии
-
19:35 - 19:38од мене, пресметале дека - за илустрација
-
19:38 - 19:41- ако правиме како што ви покажав овде,
-
19:41 - 19:45можеме да одземеме доволно јаглерод диоксид од атмосферата
-
19:45 - 19:48и безбедно да го складираме во почвата од
-
19:48 - 19:50пасиштата за илјадници години.
-
19:50 - 19:55Ако го направиме тоа на само половина од светските пасишта
-
19:55 - 19:56кои ви ги покажав, можеме да се
-
19:56 - 20:00вратиме на прединдустриските нивоа од јаглерони емисии,
-
20:00 - 20:02додека во исто време ги храниме луѓето.
-
20:02 - 20:04Не можам да смислам скоро ништо друго
-
20:04 - 20:08што нуди повеќе надеж за нашата планета,
-
20:08 - 20:10нашите деца,
-
20:10 - 20:13и нивните деца,
-
20:13 - 20:16и целото човештво.
-
20:16 - 20:24Благодарам.
-
20:24 - 20:29Благодарам.
-
20:38 - 20:39Благодарам, Крис
-
20:39 - 20:43Крис Андерсон: Благодарам.
-
20:43 - 20:45Јас, а мислам и сите други овде имаме
-
20:45 - 20:48А) стотици прашања, Б) сакаме да те гушнеме
-
20:48 - 20:50Сакам само да те прашам едно кратко прашање
-
20:50 - 20:54Кога прв пат почнува ова и го собрираш првото стадо добиток,
-
20:54 - 20:57пасиштето е пустина. Што јадат животните? Како функционира тој дел?
-
20:57 - 20:58Како се започнува?
-
20:58 - 21:00Ален Сејвори: Па, ова го правиме веќе долго време
-
21:00 - 21:03и едниствениот пат кога моравме да обезбедиме
-
21:03 - 21:05било каква храна беше при обновувањето на згуриштата од рудниците
-
21:05 - 21:08каде се е 100 проценти соголено.
-
21:08 - 21:12Но пред многу години, ја земавме најлошата земја во Зимбабве
-
21:12 - 21:15каде понудив банкнота од 5
-
21:15 - 21:17фунти на патување од 100 милји
-
21:17 - 21:19ако некој успее да најде
-
21:19 - 21:21макар една тревка.
-
21:21 - 21:24ете таму, го утростручивме сточниот фонд,
-
21:24 - 21:28бројот на животни, во првата година, без дополнително хранење
-
21:28 - 21:30само со преместување на стоката, имитирајки ја природата
-
21:30 - 21:35и користејки го принципот на сигмоидна крива.
-
21:35 - 21:38Малку е техничко за да се објасни овде, но тоа е тоа.
-
21:38 - 21:41КА: Па, баш би сакал... ... мислам, ова е баш интересна и важна идеја.
-
21:41 - 21:43Најдобрите луѓе на нашиот блог ќе се соберат
-
21:43 - 21:46и ќе ти се обраќаат и ќе се обидат да добијат повеќе информации за ова
-
21:46 - 21:49кои ќе можат да се споделат заедно со овој говор. АС: Прекрасно
-
21:49 - 21:52КА: Ова е извонреден говор, навистина
-
21:52 - 21:55и мислам дека веќе слушна како те бодриме да продолжиш понатаму.
-
21:55 - 21:58Многу Ти благодарам. АС: Благодарам многу
-
21:58 - 21:59и на тебе, Крис
- Title:
- Ален Сејвори: Како да се озеленат светските пустини и да се сопрат климатските промени
- Speaker:
- Allan Savory
- Description:
-
"Дезертификација е фенси збор кој опишува пасиште кое се претвора во пустина", го започнува Ален Сејвори својот моќен говор. И застрашувачки, ова се случува на две третини од светските пасишта, забрзувајки ја климатската промена и предизвикувајки хаос во традиционалните општества кои зависат од тие пасишта. Сејвори го посветил својот живот на напорот да го сопре овој процес - и неговата работа до сега покажува дека постои еден изненадувачки фактор кој може да ги заштити пасиштата и дури да ги поврати во живот опустошените предели.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 22:19
![]() |
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for How to fight desertification and reverse climate change | |
![]() |
Tanja Nestoroska accepted Macedonian subtitles for How to fight desertification and reverse climate change | |
![]() |
Tanja Nestoroska edited Macedonian subtitles for How to fight desertification and reverse climate change | |
![]() |
Tanja Nestoroska edited Macedonian subtitles for How to fight desertification and reverse climate change | |
![]() |
Tanja Nestoroska edited Macedonian subtitles for How to fight desertification and reverse climate change | |
![]() |
Tanja Nestoroska edited Macedonian subtitles for How to fight desertification and reverse climate change | |
![]() |
Tanja Nestoroska edited Macedonian subtitles for How to fight desertification and reverse climate change | |
![]() |
Tanja Nestoroska edited Macedonian subtitles for How to fight desertification and reverse climate change |