Тивката драма на фотографијата
-
0:01 - 0:03Не сум сигурен дека секој човек овде
-
0:03 - 0:06е запознаен со моите фотографии.
-
0:06 - 0:10Сакам да започнам со тоа
што ќе ви покажам неколку слики, -
0:10 - 0:13а потоа ќе зборувам.
-
0:46 - 0:50Морам да ви кажам малку за моето минато,
-
0:50 - 0:52бидејќи ќе зборувам за тоа
-
0:52 - 0:55во мојот говор денес.
-
0:55 - 0:58Роден сум во 1944 во Бразил,
-
0:58 - 1:02во времињата кога Бразил сеуште
не беше пазарна економија. -
1:02 - 1:04Роден сум на фарма,
-
1:04 - 1:08која беше над 50% дождовна шума.
-
1:08 - 1:10Прекрасно место.
-
1:10 - 1:14Живеев со неверојатни птици и животни,
-
1:14 - 1:18пливав во нашите мали реки со каимани.
-
1:18 - 1:21Имаше околу 35 семејства кои
живееја на оваа фарма -
1:21 - 1:25и сè што произведувавме на
оваа фарма самите го трошевме. -
1:25 - 1:28Многу малку работи одеа на пазарот.
-
1:28 - 1:30Еднаш годишно, единственото
нешто што одеше на пазарот -
1:30 - 1:32беа говедата кои ги израснавме
-
1:32 - 1:35и патувавме околу 45 дена
-
1:35 - 1:37за да стигнеме до кланицата,
-
1:37 - 1:39носејќи илјадници грла,
-
1:39 - 1:42и околу 20 дена враќање назад
-
1:42 - 1:44за повторно да стигнеме на нашата фарма.
-
1:44 - 1:46Кога имав 15 години,
-
1:46 - 1:50морав да го напуштам ова место
-
1:50 - 1:53и да одам во малку поголем град
-- многу поголем -- -
1:53 - 1:57каде ја завршив втората
половина од средно училиште. -
1:57 - 2:00Таму научив различни нешта.
-
2:00 - 2:02Бразил почна да се урбанизира,
индустријализира, -
2:02 - 2:07и ја познавав политиката.
Станав малку радикален, -
2:07 - 2:10бев член на левичарските партии,
-
2:10 - 2:13и станав активист.
-
2:13 - 2:16Отидов на факултет за да станам економист.
-
2:16 - 2:18Магистрирав економија.
-
2:18 - 2:21Најважното нешто во мојот живот
-
2:21 - 2:23исто така се случи тогаш.
-
2:23 - 2:26Запознав една неверојатна девојка
-
2:26 - 2:30која ми стана доживотен најдобар пријател
-
2:30 - 2:34и мој соработник во сè
што сум направил до сега, -
2:34 - 2:37мојата сопруга, Лејла Веник Салгадо.
-
2:37 - 2:39Бразил многу се радикализира.
-
2:39 - 2:42Напорно се боревме против диктатурата,
-
2:42 - 2:44во тој момент беше неопходно за нас
-
2:44 - 2:47или да останеме во тајност
со оружја во рацете, -
2:47 - 2:50или да го напуштиме Бразил.
Бевме многу млади, -
2:50 - 2:55а нашата организација сметаште
дека е подобро за нас да си одиме, -
2:55 - 2:56и заминавме во Франција
-
2:56 - 2:58каде докторирав економија,
-
2:58 - 3:00а Лејла стана архитект.
-
3:00 - 3:03Работев за инвестициска банка.
-
3:03 - 3:06Бевме на многу патувања,
го финансиравме развојот, -
3:06 - 3:09економски проекти во Африка
со Светската Банка. -
3:09 - 3:12И еден ден фотографијата целосно
ми го освои животот. -
3:12 - 3:13Станав фотограф,
-
3:13 - 3:16напуштив сè и станав фотограф
-
3:16 - 3:19и почнав да го фотографирам
-
3:19 - 3:22она што беше важно за мене.
-
3:22 - 3:24Многумина ми велат дека сум фоторепортер,
-
3:24 - 3:27дека сум фотограф-антрополог,
-
3:27 - 3:29дека сум фотограф-активист.
-
3:29 - 3:32Но, јас направив многу повеќе од тоа.
-
3:32 - 3:35Го поистоветував фотографирањето
со мојот живот. -
3:35 - 3:38Целожно живеев за фотографирањето
-
3:38 - 3:40правев долгорочни проекти,
-
3:40 - 3:42и сакам да ви покажам само неколку слики,
-
3:42 - 3:48ќе видите во друштвените проекти,
-
3:48 - 3:50тогаш издадов многу книги
-
3:50 - 3:53за овие фотографии,
-
3:53 - 3:57но сега ќе ви покажам само неколку.
-
4:43 - 4:47Во деведесеттите, од 1994 до 2000,
-
4:47 - 4:50фотографирав приказна наречена Миграции.
-
4:50 - 4:52Стана книга. Стана шоу.
-
4:52 - 4:55Но во времето кога го фотографирав ова,
-
4:55 - 5:00минував низ многу тежок период
од мојот живот, претежно во Руанда. -
5:00 - 5:05Во Руанда видов тотална бруталност.
-
5:05 - 5:08Гледав по илјадници смртни случаи дневно.
-
5:08 - 5:11Ја изгубив надежта во човечкиот вид.
-
5:11 - 5:15Не верував дека е можно да
продолжиме да живееме, -
5:15 - 5:20a и ме нападнаа сопствените стафилококи.
-
5:20 - 5:23Бев инфициран насекаде.
-
5:23 - 5:28Кога имав односи со мојата жена,
од мене не излегуваше сперма, -
5:28 - 5:31туку крв.
-
5:31 - 5:34Отидов на доктор во Париз,
-
5:34 - 5:36му кажав дека сум многу болен.
-
5:36 - 5:39Тој долго ме испитуваше
и ми рече: „Себастијан, -
5:39 - 5:42не си болен, твојата простата е совршена.
-
5:42 - 5:46Она што се случило, си видел толку многу
смртни случаи што и самиот умираш. -
5:46 - 5:49Мораш да престанеш. Престани.
-
5:49 - 5:54Мораш да престанеш бидејќи
во спротивно, ќе умреш.“ -
5:54 - 5:58И решив да престанам.
-
5:58 - 6:00Ме вознемируваше фотографирањето,
-
6:00 - 6:02и сè на светот,
-
6:02 - 6:06и одлучив да се вратам
онаму каде се родив. -
6:06 - 6:08Беше голема случајност.
-
6:08 - 6:11Беше периодот кога моите родители остареа.
-
6:11 - 6:15Имам седум сестри. Јас сум
единствениот маж во семејството, -
6:15 - 6:16и тие заедно ја донесоа одлуката
-
6:16 - 6:19да ни го препишат имотот
на Лејла и мене. -
6:19 - 6:25Кога ја добивме земјата,
беше мртва исто колку и јас. -
6:25 - 6:28Кога бев дете, беше повеќе
од 50% дождовна шума. -
6:28 - 6:30Кога ја добивме земјата,
-
6:30 - 6:33на целото подрачје имаше помалку од
-
6:33 - 6:35пола процент дождовна шума.
-
6:35 - 6:38Поради развојот на Бразил,
-
6:38 - 6:41уништивме многу голем дел од нашата шума.
-
6:41 - 6:43Исто како што направивте вие во САД
-
6:43 - 6:45или во Индија и секаде на планетата.
-
6:45 - 6:47Поради нашиот развој,
-
6:47 - 6:49дојдовме до огромна контрадикција
-
6:49 - 6:52и уништивме сè околу нас.
-
6:52 - 6:56Оваа фарма која имаше над
илјадници грла говеда -
6:56 - 6:58сега имаше само неколку стотици,
-
6:58 - 7:01и не знаевме што да правиме.
-
7:01 - 7:05Лејла доби една
неверојатна, луда идеја. -
7:05 - 7:09Таа рече, зошто да не ја вратиме
дождовната шума што беше тука претходно? -
7:09 - 7:11Велиш дека си бил роден во рај.
-
7:11 - 7:14Ајде повторно да го направиме рајот.
-
7:14 - 7:17И отидов да видам еден добар пријател,
-
7:17 - 7:18шумарски инженер
-
7:18 - 7:20да ни подготви проект,
-
7:20 - 7:22и почнавме. Започнавме да садиме, и
-
7:22 - 7:26првата година изгубивме многу
дрвја, втората година помалку, -
7:26 - 7:31и полека, полека оваа мртва
земја почна да се прераѓа. -
7:31 - 7:35Почнавме да садиме стотици
и илјадници дрвја, -
7:35 - 7:38само локални видови, само домашни видови,
-
7:38 - 7:42изградивме екосистем идентичен
на оној кој беше уништен, -
7:42 - 7:46и животот почна да се враќа
на неверојатен начин. -
7:46 - 7:49Беше неопходно за нас да
ја претвориме нашата земја -
7:49 - 7:50во национален парк.
-
7:50 - 7:53Тоа го направивме. Ја вративме
природата во оваа земја. -
7:53 - 7:54Стана национален парк.
-
7:54 - 7:58Формиравме институција
наречена Instituto Terra, -
7:58 - 8:03и направивме голем проект
за да собереме пари. -
8:03 - 8:07Тука во Лос Анџелес, во
заливот во Сан Франциско, -
8:07 - 8:09започна да се одбива од даноците во САД.
-
8:09 - 8:12Собравме пари во Шпанија,
Италија и многу во Бразил. -
8:12 - 8:15Работевме со многу компании во Бразил
-
8:15 - 8:17што вложија пари во овој
проект, а и владата. -
8:17 - 8:21Животот се враќаше, а јас
имав голема желба -
8:21 - 8:24да се вратам на фотографијата,
повторно да фотографирам. -
8:24 - 8:28Овој пат, не сакав да ја фотографирам
-
8:28 - 8:32единствената врста на животни која ја
фотографирав целиот мој живот: нас. -
8:32 - 8:35Сакав да ги фотографирам другите животни,
-
8:35 - 8:37да ги фотографирам пејзажите,
-
8:37 - 8:40да нè фотографирам нас, но од почетокот,
-
8:40 - 8:43од времето кога живеевме
во рамнотежа со природата. -
8:43 - 8:47Така и почнав. Започнав
на почетокот на 2004, -
8:47 - 8:50и завршив на крај на 2011.
-
8:50 - 8:53Направивме неверојатна
количина на фотографии, -
8:53 - 8:57а резултатот - Лејла ги дизајнираше
сите мои книги и сите мои говори. -
8:57 - 8:58Таа е креаторот на сите говори.
-
9:00 - 9:02Со овие фотографии сакаме
-
9:02 - 9:08да отвориме дискусија за она
недопреното што го имаме на планетата -
9:08 - 9:11и што мора да задржиме на оваа планета
-
9:11 - 9:14доколку сакаме да живееме, да имаме
некаква рамнотежа во животот. -
9:14 - 9:17И сакав да нè видам нас
-
9:17 - 9:23кога сме го користеле
каменот како орудија. -
9:23 - 9:25Сеуште постоиме. Мината недела бев
-
9:25 - 9:28во Националната Индијанска
Фондација во Бразил, -
9:28 - 9:31и само во Амазон има околу 110 групи
-
9:31 - 9:34Индијанци со кои сеуште немаме контакт.
-
9:34 - 9:36Во смисла на тоа, мора
да ги зачуваме шумите. -
9:36 - 9:41И со овие фотографии, се
надевам дека може да креираме -
9:41 - 9:44систем од информации.
-
9:44 - 9:47Се обидовме да ја прикажеме
планетата на нов начин -
9:47 - 9:49и сега сакам да ви покажам неколку слики
-
9:49 - 9:52од овој проект.
-
11:48 - 11:50Ова - (Аплауз) -
-
11:50 - 11:55Многу ви благодарам.
-
11:57 - 12:00Мора напорно да се бориме за ова
-
12:00 - 12:02да остане онака како што е.
-
12:02 - 12:06Но, постои и уште нешто кое мора
заедно одново да го изградиме, -
12:06 - 12:10да формираме друштво, модерно
семејство од друштва, -
12:10 - 12:13од овде не можеме да се вратиме назад.
-
12:13 - 12:15Но ние создаваме неверојатна
контрадикторност. -
12:15 - 12:17За да го изградиме сè ова,
уништуваме многу. -
12:17 - 12:20Нашата шума во Бразил, древната шума
-
12:20 - 12:22која беше голема колку Калифорнија,
-
12:22 - 12:25денес е 93% уништена.
-
12:25 - 12:28Овде на западниот брег и вие
сте ги уништиле вашите шуми. -
12:28 - 12:31И овде. Шумите со црвени дрвја исчезнаа.
-
12:31 - 12:33Многу брзо исчезнаа.
-
12:33 - 12:36Доаѓајќи тука од Атланта пред два дена
-
12:36 - 12:38летав преку пустини
-
12:38 - 12:41кои самите сме ги напрaвиле
со сопствените раце. -
12:41 - 12:43Индија нема веќе дрјва, ниту Шпанија.
-
12:43 - 12:47Мора да ги обновиме сите овие шуми.
-
12:47 - 12:50Тоа е суштината на нашите
животи, овие шуми. -
12:50 - 12:55Мора да дишеме.
Единствената фабрика -
12:55 - 12:58која може да го претвори
јаглеродниот-диоксид во кислород, -
12:58 - 13:00се шумите.
-
13:00 - 13:04Единствените машини способни
да го заробат јаглеродот -
13:04 - 13:07кој го произведуваме,
-
13:07 - 13:11дури и кога ќе го намалиме, што
и да правиме, произведуваме CO2, -
13:11 - 13:13се дрвјата.
-
13:13 - 13:17Пред три или четири недели
го поставив прашањето - -
13:17 - 13:19видовме во весниците
-
13:19 - 13:22милиони риби умреле во Норвешка.
-
13:22 - 13:25Недостаток на кислород во водата.
-
13:25 - 13:27Се запрашав, ако за момент
-
13:27 - 13:31недостасува кислород за сите
животниски видови, -
13:31 - 13:34вклучувајќи го и нашиот -- тоа би
било многу сложено за нас. -
13:34 - 13:39За водениот систем, дрвјата се неопходни.
-
13:39 - 13:42Ќе ви дадам краток пример
кој лесно ќе го разберете. -
13:42 - 13:46Вие среќници кои имате
многу коса на главата, -
13:46 - 13:50ако се истуширате, ви треба
-
13:50 - 13:53два или три часа за да ја исушите косата
-
13:53 - 13:55доколку не употребите фен.
-
13:55 - 14:00Мене ми треба една минута и сум сув.
Исто е и со дрвјата. -
14:00 - 14:03Дрвјата се косата на нашата планета.
-
14:03 - 14:07Кога врне дожд во места без дрвја,
-
14:07 - 14:10само за неколку минути,
водата стига до потокот, -
14:10 - 14:13носи земја, уништувајќи
го нашиот извор за вода, -
14:13 - 14:15ги уништува реките и влажноста
-
14:15 - 14:16не може да се задржи.
-
14:16 - 14:20Кај дрвјата, кореновиот
систем ја задржува водата. -
14:20 - 14:23Сите гранки од дрвјата, лисјата кои паѓаат
-
14:23 - 14:25прават влажна површина
-
14:25 - 14:30и со месеци се под вода, стигаат до реките
-
14:30 - 14:33и го одржуваат нашиот извор, нашите реки.
-
14:33 - 14:35Ова е најважното нешто,
-
14:35 - 14:39кога ќе сфатиме дека водата ни е
потребна за секоја активност во животот. -
14:39 - 14:42Сега за крај сакам да ви покажам
-
14:42 - 14:44неколку фотографии кои за мене
-
14:44 - 14:47се многу важни во таа насока.
-
14:47 - 14:49Се сеќавате дека ви кажав
-
14:49 - 14:52кога ја добив фармата од моите родители
-
14:52 - 14:54таа фарма беше мојот рај.
-
14:54 - 15:00Земјата потполно уништена и
исушена од ерозијата. -
15:00 - 15:02Но, на оваа слика можете да видите,
-
15:02 - 15:06започнавме да градиме едукативен центар
-
15:06 - 15:11кој стана прилично голем центар за
заштита на околината во Бразил. -
15:11 - 15:16Но, во оваа слика можете да
видите многу мали точки. -
15:16 - 15:19Кај секоја точка, ние засадивме дрво.
-
15:19 - 15:21Има илјадници дрвја.
-
15:21 - 15:24Сега ќе ви ги покажам
фотографиите од истото место -
15:24 - 15:26пред два месеци.
-
15:28 - 15:35(Аплауз)
-
15:37 - 15:39На почетокот ви кажав дека беше
-
15:39 - 15:43неопходно да засадиме околу
2.5 милиони дрвја -
15:43 - 15:46од околу 200 различни врсти
-
15:46 - 15:49за одново да го изградиме екосистемот.
-
15:49 - 15:52И ќе ви ја покажам последната фотографија.
-
15:52 - 15:55Сега имаме 2 милиони дрвја.
-
15:55 - 15:56Правиме секвестрација
-
15:56 - 16:01на околу 100,000 тони
јаглерод со овие дрвја. -
16:01 - 16:05Мои пријатели, многу е лесно да се
направи тоа. Ние го направивме, зарем не? -
16:05 - 16:08Поради несреќата која ми се случи мене,
-
16:08 - 16:11се вративме и изградивме екосистем.
-
16:11 - 16:14Верувам дека сите ние во оваа просторија,
-
16:14 - 16:17имаме ист интерес
-
16:17 - 16:20и овој модел кој го креиравме во Бразил
-
16:20 - 16:21може да го пренесеме и тука.
-
16:21 - 16:24Можеме да го примениме секаде.
-
16:24 - 16:27И верувам дека можеме тоа
да го направиме заедно. -
16:27 - 16:29Ви благодарам многу.
-
16:29 - 16:33(Аплауз)
- Title:
- Тивката драма на фотографијата
- Speaker:
- Себастијао Салгадо
- Description:
-
Докториран економист, Себастијао Салгадо, започнал со фотографирање во своите триесетти години и тоа се претворило во опсесија. Неговите долгогодишни проекти ја покажуваат човечката страна на глобалните приказни кои најчесто вклучуваат смрт, уништување или распад. Тука тој ја раскажува својата длабоко лична приказна за професијата која речиси го убила, и ги прикажува фотографите од своето најново дело наречено „Џенесис“ (Постанок) кои го одзимаат здивот, во кое се документирани заборавените луѓе и места низ светот.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 16:53
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for The silent drama of photography | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for The silent drama of photography | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The silent drama of photography | |
![]() |
Temi Angjuseva edited Macedonian subtitles for The silent drama of photography | |
![]() |
Temi Angjuseva edited Macedonian subtitles for The silent drama of photography |