< Return to Video

Елизабет Писани: Секс, дрога и ХИВ - ајде да се вразумиме

  • 0:01 - 0:03
    „Луѓето прават глупави работи.
  • 0:03 - 0:05
    Заради тоа ХИВ вирусот се шити низ светот.“
  • 0:05 - 0:07
    Ова, не многу одамна, беше наслов во британскиот весник,
  • 0:07 - 0:09
    Гардијан.
  • 0:09 - 0:12
    Љубопитна сум, дигнете раце, кој се согласува?
  • 0:14 - 0:16
    Па, една или две храбри души.
  • 0:16 - 0:19
    Ова е всушност директен цитат од епидемиолог
  • 0:19 - 0:21
    која работи на полето на ХИВ 15 години,
  • 0:21 - 0:23
    која работела на четири континенти
  • 0:23 - 0:25
    и стои сега пред вас.
  • 0:25 - 0:27
    Сега ќе објаснам дека
  • 0:27 - 0:29
    ова е само половина од вистината.
  • 0:29 - 0:32
    Луѓето добиваат ХИВ затоа што прават глупави работи,
  • 0:32 - 0:34
    но многу од нив прават глупави работи
  • 0:34 - 0:37
    од совршено разумни причини.
  • 0:37 - 0:40
    Сега, „разумно“ е доминантната парадигма
  • 0:40 - 0:42
    во јавното здравство.
  • 0:42 - 0:45
    И ако ги ставите очилата на сезнајко од јавното здравство,
  • 0:45 - 0:48
    ќе видите дека ако им ги дадете на луѓето потребните информации
  • 0:48 - 0:50
    за она што е добро, а што лошо за нив,
  • 0:50 - 0:52
    ако им дадете услуги кои
  • 0:52 - 0:54
    може да ги користат да дејствуваат со таа информација,
  • 0:54 - 0:56
    малку мотивација,
  • 0:56 - 0:58
    луѓето ќе донесат разумни одлуки
  • 0:58 - 1:00
    и ќе живеат долг и здрав живот.
  • 1:00 - 1:02
    Прекрасно.
  • 1:02 - 1:05
    Малку е проблематично за мене затоа што работам во полето на ХИВ,
  • 1:05 - 1:07
    и иако сум сигурна дека сите знаете
  • 1:07 - 1:10
    дека ХИВ се врти околу сиромаштијата и не-еднаквоста на половите
  • 1:10 - 1:12
    а ако бевте на TED '07,
  • 1:12 - 1:14
    знаете дека се врти околу цените на кафето;
  • 1:14 - 1:17
    всушност, ХИВ се врти околу сексот и дрогите.
  • 1:17 - 1:19
    А ако има две работи што ги прави
  • 1:19 - 1:21
    човечките суштества по малку ирационални,
  • 1:21 - 1:24
    тоа се ерекциите и зависностите.
  • 1:24 - 1:26
    (смеа)
  • 1:26 - 1:29
    Па, ајде да почнеме со она што е разумно за еден зависник.
  • 1:29 - 1:32
    Се сеќавам дека зборував со еден мој пријател од Индонезија, Френки.
  • 1:32 - 1:34
    Ручавме и тој ми раскажуваше
  • 1:34 - 1:37
    за времето кога бил во затвор на Бали за користење на дрога.
  • 1:37 - 1:39
    По повод роденденот на еден од затворениците, многу љубезно од нив,
  • 1:39 - 1:41
    успеале да прошверцуваат малку хероин во затворот
  • 1:41 - 1:44
    а славеникот многу великодушно го делел
  • 1:44 - 1:46
    со сите свои колеги.
  • 1:46 - 1:48
    Така, сите се подредиле,
  • 1:48 - 1:50
    сите наркомани во еден ред.
  • 1:50 - 1:52
    А дечкото што славел роденден,
  • 1:52 - 1:55
    го наполнил шприцот
  • 1:55 - 1:57
    и почнал да им инјектира дрога на луѓето.
  • 1:57 - 1:59
    Така, му инјектира на првиот,
  • 1:59 - 2:02
    потоа ја избришал иглата од кошулата
  • 2:02 - 2:04
    па му инјектира од дрогата на следниот итн.
  • 2:04 - 2:08
    Франки рече, „Јас бев дваесет и втори на ред,
  • 2:08 - 2:11
    и ја гледав иглата како оди накај мене,
  • 2:11 - 2:13
    и има крв насекаде.
  • 2:13 - 2:15
    Станува се потапа и потапа.
  • 2:15 - 2:18
    Еден мал дел од мојот мозок си вели:
  • 2:18 - 2:20
    „Ова е одвратно
  • 2:20 - 2:22
    и навистина опасно“
  • 2:22 - 2:24
    но најголемиот дел од мојот мозок си вели:
  • 2:24 - 2:26
    „Те молам нека остане дрога за мене
  • 2:26 - 2:28
    кога ќе ми дојде редот.
  • 2:28 - 2:30
    Те молам, нека има малку за мене““
  • 2:30 - 2:32
    И кога ми ја раскажуваше приказнава,
  • 2:32 - 2:34
    Френки рече:
  • 2:34 - 2:36
    „Знаеш, господе,
  • 2:36 - 2:39
    дрогата навистина те заглупавува.“
  • 2:40 - 2:43
    Знаете, не може да го обвинувате за точноста,
  • 2:43 - 2:46
    но, всушност, Френки, во тоа време,
  • 2:46 - 2:48
    бил зависник од хероин и бил во затвор.
  • 2:48 - 2:50
    Така неговиот избор бил
  • 2:50 - 2:53
    или да ја прифати таа нечиста игла или да не стане „хај“.
  • 2:53 - 2:55
    А ако има едно место каде што навистина сакаш да си „хај“
  • 2:55 - 2:57
    тоа е кога си во затвор.
  • 2:57 - 2:59
    Но, јас сум научник,
  • 2:59 - 3:01
    и не сакам да изведувам податоци од анегдоти,
  • 3:01 - 3:03
    па ајде да погледаме малку податоци.
  • 3:03 - 3:06
    Зборувавме со 600 зависници
  • 3:06 - 3:08
    во три градови во Индонезија,
  • 3:08 - 3:10
    и ги прашавме „Добро, знаете ли како се добива ХИВ?“
  • 3:10 - 3:12
    „О, да. Преку користење на исти игли“
  • 3:12 - 3:15
    Гледате, скоро 100 проценти. Да, преку делење игли.
  • 3:15 - 3:17
    И, „Знаете ли каде да набавите чиста игла
  • 3:17 - 3:19
    за цена која може да си ја дозволите за да го избегнете тоа?“
  • 3:19 - 3:21
    „О да“ 100 проценти.
  • 3:21 - 3:23
    „Наркомани сме, знаеме каде да најдеме чисти игли.“
  • 3:23 - 3:25
    „Па, носите ли игла со себе?“
  • 3:25 - 3:27
    Ние ги прашувавме луѓево на улица,
  • 3:27 - 3:29
    на местата на кои излегуваат и земаат дрога.
  • 3:29 - 3:31
    „Носите ли чисти игли со себе?“
  • 3:31 - 3:34
    Еден од четири, максимум.
  • 3:34 - 3:36
    Така, не е изненадување
  • 3:36 - 3:38
    што пропорцијата на оние што навистина користеле чисти игли
  • 3:38 - 3:40
    секогаш кога вбризгале дрога претходната недела
  • 3:40 - 3:43
    е само околу еден од десет,
  • 3:43 - 3:46
    а другите девет од десет дела иста игла.
  • 3:46 - 3:48
    Така се добива оваа огромна разлика.
  • 3:48 - 3:50
    Сите знаат дека
  • 3:50 - 3:52
    ако делат иста игла ќе добијат ХИВ,
  • 3:52 - 3:54
    но сепак делат.
  • 3:54 - 3:57
    Зошто е тоа така? Дали ти е подобар трипот ако делиш или нешто?
  • 3:57 - 4:00
    Го поставивме ова прашање на еден наркоман чија реакција беше: „Луди ли сте?“
  • 4:00 - 4:02
    Не сакаш да делиш игла ништо повеќе отколку што сакаш да
  • 4:02 - 4:05
    делиш четка за заби, дури и со некој со кој спиеш.
  • 4:05 - 4:07
    Тука постои одреден „бљак“ фактор.
  • 4:07 - 4:10
    Не, не. Делиме игли бидејќи не сакаме да одиме во затвор.’
  • 4:11 - 4:14
    Во тој момент во Индонезија,
  • 4:14 - 4:17
    ако носиш игла и ако те собере полицијата,
  • 4:17 - 4:19
    може да завршиш во затвор.
  • 4:19 - 4:21
    Ова малку ја менува равенката, нели?
  • 4:21 - 4:24
    Затоа што вашиот избор сега е -
  • 4:24 - 4:28
    да ја користам мојата игла сега
  • 4:28 - 4:30
    или да делам игла со некого во овој момент и
  • 4:30 - 4:32
    да добијам болест што можеби
  • 4:32 - 4:34
    ќе ме убие 10 години подоцна,
  • 4:34 - 4:37
    или, да ја користам својата игла и
  • 4:37 - 4:40
    да одам во затвор утре.
  • 4:40 - 4:42
    И, иако наркоманите мислат дека навистина
  • 4:42 - 4:45
    е лоша идеја да се изложуваат себе си на ХИВ,
  • 4:45 - 4:47
    сметаат дека е уште полошо да
  • 4:47 - 4:49
    ја поминат наредната година во затвор,
  • 4:49 - 4:51
    каде веројатно би се нашле во ситуација слична на онаа на Френки
  • 4:51 - 4:54
    и секако би се изложиле на вирусот.
  • 4:54 - 4:56
    Така, одеднаш, станува совршено разумно
  • 4:56 - 4:58
    да се делат иглите.
  • 4:58 - 5:00
    Сега, да го погледнеме ова од законодавна перспектива.
  • 5:00 - 5:02
    Ова е навистина лесен проблем.
  • 5:02 - 5:05
    За прв пат, мотивите се на исто рамниште.
  • 5:05 - 5:08
    Од една страна е она што е разумно за јавното здравство.
  • 5:08 - 5:10
    Сакаме луѓето да користат чисти игли,
  • 5:10 - 5:12
    а и наркоманите сакаат да користат чисти игли.
  • 5:12 - 5:14
    Така, би можеле да го избришеме проблемот
  • 5:14 - 5:17
    само со тоа што ќе направиме чистите игли да бидат достапни насекаде
  • 5:17 - 5:19
    и да го отстраниме стравот од апсење.
  • 5:19 - 5:21
    Првата личност што го сфати тоа
  • 5:21 - 5:23
    и направи нешто на национално ниво,
  • 5:23 - 5:26
    беше познатата либералка во душа
  • 5:26 - 5:28
    Маргарет Тачер.
  • 5:28 - 5:30
    Таа ја основаше првата национална
  • 5:30 - 5:32
    програма за замена на игли во светот
  • 5:32 - 5:35
    и други држави го повторија истото - Австралија, Холандија и уште неколку,
  • 5:35 - 5:37
    и во сите овие земји, како што гледате,
  • 5:37 - 5:39
    никогаш не се заразиле повеќе од 4%
  • 5:39 - 5:42
    од луѓето со ХИВ.
  • 5:42 - 5:45
    На местата каде не постои ваква програма, Њу Јорк, на пример,
  • 5:45 - 5:47
    Москва, Џакарта,
  • 5:47 - 5:49
    зборуваме за неговиот врв,
  • 5:49 - 5:52
    еден од двајца наркомани
  • 5:52 - 5:55
    се заразени со оваа фатална болест
  • 5:55 - 5:57
    Сега, Маргарет Тачер не го направи ова
  • 5:57 - 6:00
    затоа што многу ги сака наркоманите.
  • 6:00 - 6:03
    Го стори ова бидејќи водеше земја
  • 6:03 - 6:05
    што имаше национален здравствен сервис.
  • 6:05 - 6:08
    Па така, ако не инвестираше во ефективна превенција,
  • 6:08 - 6:10
    ќе мораше да ги плати трошоците
  • 6:10 - 6:12
    за лечење подоцна,
  • 6:12 - 6:14
    а очигледно тие се многу повисоки.
  • 6:14 - 6:17
    Значи таа донесе разумна политичка одлука.
  • 6:17 - 6:19
    Сега, ако ги извадам моите
  • 6:19 - 6:21
    очила на сезнајко од јавното здравство
  • 6:21 - 6:24
    и погледнам
  • 6:24 - 6:27
    изгледа многу просто, нели.
  • 6:27 - 6:29
    Но во земјава,
  • 6:29 - 6:32
    каде владата очигледно не чувствува обврска
  • 6:32 - 6:34
    да им обезбеди здравствена заштита на своите граѓани,
  • 6:34 - 6:37
    имаме сосема различен пристап.
  • 6:37 - 6:39
    Така, она што го правиме во САД
  • 6:39 - 6:42
    е прегледување на податоците, бескрајно прегледување на податоците.
  • 6:42 - 6:45
    Така се прегледуваат стотици студии
  • 6:45 - 6:47
    на сите фиљан научници
  • 6:47 - 6:50
    во научниот пантеон во САД,
  • 6:50 - 6:52
    и сите овие студии покажуваат
  • 6:52 - 6:54
    дека програмите од тој тип се ефективни, прилично голем дел од нив.
  • 6:54 - 6:57
    Сега, оние кои покажуваат дека програмите за замена на игли не се ефективни -
  • 6:57 - 7:00
    сигурно мислите дека ова е еден од оние досадни динамични слајдови
  • 7:00 - 7:02
    и дека ќе го притиснам копчето и дека вториот дел ќе се појави,
  • 7:02 - 7:05
    но, не, тоа е целиот слајд.
  • 7:05 - 7:07
    (смеа)
  • 7:07 - 7:10
    Нема ништо на другата страна.
  • 7:12 - 7:14
    Значи сосема неразумно.
  • 7:14 - 7:16
    би помислиле,
  • 7:16 - 7:19
    освен што, почекајте малку, политичарите се исто така разумни.
  • 7:19 - 7:22
    и одговараат на она што мислат дека гласачите го сакаат.
  • 7:22 - 7:24
    Така она што го гледаме дека гласачите реагираат многу
  • 7:24 - 7:26
    добро на вакво нешто
  • 7:26 - 7:29
    и не баш толку добро на вакво нешто.
  • 7:29 - 7:36
    (смеа)
  • 7:36 - 7:39
    Така станува многу разумно да им
  • 7:39 - 7:42
    им се одбие правото на услуги на наркоманите.
  • 7:42 - 7:44
    Сега да зборуваме за сексот.
  • 7:44 - 7:47
    Дали сме бар малку поразумни во врска со сексот?
  • 7:47 - 7:49
    Секако, нема да се осврнам на
  • 7:49 - 7:51
    видливо неразумните позиции
  • 7:51 - 7:53
    на сличните на католичката црква,
  • 7:53 - 7:56
    кои некако се убедени дека ако раздавате кондоми
  • 7:56 - 8:00
    сите ќе излезат и ќе имаат секс.
  • 8:00 - 8:02
    Не знам дали Папата Бенедикт
  • 8:02 - 8:04
    ги гледа овие TEDTalks на интернет,
  • 8:04 - 8:07
    но ако го гледаш ова, имам нешто да ти кажам Бенедикт.
  • 8:07 - 8:10
    Носам кондоми со себе секогаш,
  • 8:10 - 8:12
    но никогаш не завршувам во кревет со некого.
  • 8:12 - 8:14
    (смеа)
  • 8:14 - 8:16
    Не е така лесно.
  • 8:16 - 8:18
    Еве, можеби вие ќе имате повеќе среќа.
  • 8:18 - 8:24
    (Аплауз)
  • 8:24 - 8:26
    Во ред, сериозно,
  • 8:26 - 8:29
    всушност и не е така лесно да се
  • 8:29 - 8:31
    пренесе ХИВ по сексуален пат.
  • 8:31 - 8:33
    Тоа зависи од количината на вирусот во
  • 8:33 - 8:35
    вашата крв и во вашите телесни течности.
  • 8:35 - 8:38
    А она што го имаме е многу, многу високо ниво на вирусот
  • 8:38 - 8:40
    веднаш на почетокот, веднаш по инфицирањето,
  • 8:40 - 8:42
    потоа почнувате да создавате антитела,
  • 8:42 - 8:44
    и тогаш вирусот се спушта на прилично ниско ниво
  • 8:44 - 8:46
    за долго време, 10 или 12 години,
  • 8:46 - 8:49
    имате врвови ако добиете друга сексуално пренослива инфекција,
  • 8:49 - 8:51
    но генерално, ништо посебно не се случува
  • 8:51 - 8:53
    додека да почнете да добивате симптоми на СИДА.
  • 8:53 - 8:55
    А веќе во таа фаза, овде,
  • 8:55 - 8:57
    не изгледате добро, не се чувствувате добро,
  • 8:57 - 8:59
    немате баш многу односи.
  • 8:59 - 9:01
    Значи. сексуалното пренесување на ХИВ
  • 9:01 - 9:04
    е всушност одредено од бројот на партнери кои ги имате
  • 9:04 - 9:07
    во овие многу кратки периоди на време
  • 9:07 - 9:09
    кога имате висока виремиа.
  • 9:09 - 9:12
    Е ова ги полудува луѓето,
  • 9:12 - 9:15
    затоа што значи дека треба да зборувате за
  • 9:15 - 9:17
    некои групи кои имаат повеќе сексуални партнери
  • 9:17 - 9:19
    во пократки временски периоди од други групи,
  • 9:19 - 9:21
    а тоа се смета за стигматизирачко.
  • 9:21 - 9:23
    Секогаш сум била љубопитна околу тоа
  • 9:23 - 9:25
    бидејќи мислам дека стигмата е лоша,
  • 9:25 - 9:27
    а многу секс е навистина добра работа,
  • 9:27 - 9:30
    но да го оставиме тоа.
  • 9:30 - 9:32
    Вистината е дека 20 години
  • 9:32 - 9:34
    на многу добри истражувања
  • 9:34 - 9:36
    ни покажаа дека
  • 9:36 - 9:39
    има групи кои имаат поголема веројатност да
  • 9:39 - 9:41
    имаат поголем број на партнери во пократок временски период,
  • 9:41 - 9:43
    а овие групи, глобално се
  • 9:43 - 9:46
    луѓето кои продаваат секс и нивните поредовни партнери,
  • 9:46 - 9:48
    исто така и хомосексуалците кои се редовни на журките
  • 9:48 - 9:50
    кои, во просек, имаат три пати повеќе партнери од
  • 9:50 - 9:52
    хетеросексуалците кои се редовни на журките.
  • 9:52 - 9:54
    И тоа се хетеросексуалци
  • 9:54 - 9:56
    од држави кои имаат
  • 9:56 - 9:58
    традиција на полигамност
  • 9:58 - 10:01
    и релативно високо ниво на женска автономија,
  • 10:01 - 10:04
    а скоро сите од овие држави се во источна или јужна Африка.
  • 10:04 - 10:07
    И тоа се рефлектира во епидемијата што ја имаме денес.
  • 10:07 - 10:10
    Така, може да ги видите овие застрашувачки бројки од Африка.
  • 10:10 - 10:12
    Сите овие се држави во јужна Африка
  • 10:12 - 10:14
    каде помеѓу еден од седум и
  • 10:14 - 10:16
    еден од тројца
  • 10:16 - 10:18
    од сите возрасни
  • 10:18 - 10:20
    се заразени со ХИВ.
  • 10:20 - 10:22
    Но, во остатокот од светот,
  • 10:22 - 10:25
    во основа не се случува ништо значајно во генералната популација,
  • 10:25 - 10:27
    има многу, многу ниско ниво на ХИВ
  • 10:27 - 10:30
    но има невообичаено високо ниво на ХИВ
  • 10:30 - 10:33
    во овие други високоризични популации,
  • 10:33 - 10:35
    интравенозните наркомани, сексуалните работници,
  • 10:35 - 10:37
    и хомосексуалните мажи.
  • 10:37 - 10:39
    Може да забележите дека ова се локални податоци од Лос Анџелес.
  • 10:39 - 10:42
    25 проценти преваленција кај хомосексуалните мажи.
  • 10:43 - 10:46
    Секако, не можете да се заразите со ХИВ само преку незаштитен секс.
  • 10:46 - 10:49
    Може да добиете ХИВ само преку незаштитен секс
  • 10:49 - 10:52
    со ХИВ-позитивна личност.
  • 10:52 - 10:54
    Во најголемиот дел од светот
  • 10:54 - 10:56
    без да се земат предвид овие
  • 10:56 - 10:58
    неколку неуспеси при превенцијате,
  • 10:58 - 11:00
    добро ни оди деновиве
  • 11:00 - 11:02
    во комерцијалниот секс.
  • 11:02 - 11:04
    Кондоми се користат во 80 до 100 проценти
  • 11:04 - 11:07
    при комерцијален секс во најголем дел од земјите.
  • 11:07 - 11:10
    И повторно, тоа се случува поради изедначувањето на мотивите.
  • 11:10 - 11:12
    Она што е разумно за јавното здравство
  • 11:12 - 11:14
    е подеднакво разумно и за индивидуалните сексуални работници
  • 11:14 - 11:17
    бидејќи е навистина лошо за бизнисот да имате уште една сексуално пренослива болест.
  • 11:17 - 11:19
    Никој не го сака тоа.
  • 11:19 - 11:21
    И, всушност, ни клиентите не сакаат да си одат дома со зараза.
  • 11:21 - 11:24
    Занчи, во суштина, може да се постигне
  • 11:24 - 11:27
    прилично висока стапка на користење на кондоми при комерцијален секс.
  • 11:27 - 11:29
    Но во „интимни“ врски,
  • 11:29 - 11:31
    тоа е многу потешко бидејќи со
  • 11:31 - 11:33
    вашата сопруга или момче,
  • 11:33 - 11:36
    или со некој за кого се надевате дека ќе ви стане момче или девојка,
  • 11:36 - 11:39
    имаме илузија на романтика и
  • 11:39 - 11:41
    доверба и интимност,
  • 11:41 - 11:44
    а нема ништо помалку романтично од
  • 11:44 - 11:47
    прашањето „Мојот или твојот кондом,душо?“.
  • 11:47 - 11:50
    И со оглед на тоа
  • 11:50 - 11:53
    потребен ви е навистина силен мотив
  • 11:53 - 11:56
    за користење на кондом.
  • 11:56 - 11:59
    Ова, на пример. Овој господин се вика Џозеф.
  • 11:59 - 12:01
    Тој е од Хаити и има СИДА,
  • 12:01 - 12:04
    и веројатно нема многу секс во моментов,
  • 12:04 - 12:06
    но тој е потсетник за остатокот од популацијата,
  • 12:06 - 12:08
    зошто би сакале да
  • 12:08 - 12:10
    користите кондоми.
  • 12:10 - 12:12
    Ова е исто така на Хаити и, веројатно, е потсетник
  • 12:12 - 12:15
    за причините поради кои би сакале да имате секс.
  • 12:16 - 12:19
    Но, за чудо, ова е исто така Џозеф
  • 12:19 - 12:22
    по шест месечна антиретровирална терапија.
  • 12:23 - 12:26
    Не попусто ја нарекуваме Лазаров ефект.
  • 12:28 - 12:31
    Но, тоа ја менува равенката
  • 12:31 - 12:33
    на она што е разумно
  • 12:33 - 12:36
    при донесување одлуки во врска со сексот.
  • 12:36 - 12:38
    Така сега -
  • 12:38 - 12:40
    некои луѓе велат: „О, па и не е многу важно
  • 12:40 - 12:43
    бидејќо сега, всушност терапијата е ефективна превенција
  • 12:43 - 12:45
    бидејќи го намалува количеството на вирус во организмот и така
  • 12:45 - 12:47
    тој потешко се пренесува.“
  • 12:47 - 12:50
    Така, ако го погледнеме повторно дијаграмот на виремијата,
  • 12:50 - 12:52
    ако почнете со лечење кога сте болни,
  • 12:52 - 12:55
    што се случува? Количеството на вирус во организмот се намалува.
  • 12:55 - 12:58
    Но во однос на што? Што ќе се случи ако не се лечите?
  • 12:59 - 13:01
    Па, умирате, и
  • 13:01 - 13:03
    количеството на вирус кој го носите се спушта до 0.
  • 13:03 - 13:06
    А целава оваа зелена зона, вклучувајќи ги и врвовите,
  • 13:06 - 13:10
    кои се појавуваат затоа што не сте стигнале да отидете до аптека,
  • 13:10 - 13:13
    или сте снемале лекови, или сте биле на тридневна журка
  • 13:13 - 13:15
    па сте заборавиле да ги земете лековите,
  • 13:15 - 13:18
    или сте почнале да станувате отпорни на нив, или што и да е,
  • 13:18 - 13:20
    сето тоа е вирус
  • 13:20 - 13:23
    кој не би бил таму, ако го нема лечењето.
  • 13:23 - 13:26
    Сега, дали велам, о па добро, одлична превентивна стратегија,
  • 13:26 - 13:28
    ајде да престанеме со лечењето на луѓето?
  • 13:28 - 13:30
    Секако дека не. Секако дека не,
  • 13:30 - 13:33
    мора да ја прошириме антиретровиралната терапија колку што можеме повеќе.
  • 13:33 - 13:35
    Но јас всушност ги доведувам во прашање
  • 13:35 - 13:37
    тврдењата на луѓето кои велат дека зголемено лечење
  • 13:37 - 13:39
    е целата превенција која ни е потребна.
  • 13:39 - 13:42
    Тоа едноставно не мора да биде точно,
  • 13:42 - 13:44
    и мислам дека може многу да научиме од искуствата на хомосексуалците
  • 13:44 - 13:47
    од богатите земји каде лечењето е широко распространето
  • 13:47 - 13:49
    веќе 15 години
  • 13:49 - 13:51
    а она што го гледаме е дека
  • 13:51 - 13:53
    взушност стапката на користење на кондоми,
  • 13:53 - 13:55
    која беше многу висока -
  • 13:55 - 13:58
    хомосексуалната заедница многу брзо одговори на ХИВ
  • 13:58 - 14:00
    со екстремно малку помош од
  • 14:00 - 14:02
    сезнајковците од јавното здравство,
  • 14:02 - 14:05
    сега гледаме дека стапката на користење на кондоми драматично опадна откако
  • 14:05 - 14:07
    лечењето стана достапно, генерално од две причини.
  • 14:07 - 14:09
    Едната е претпоставката: „Па,
  • 14:09 - 14:11
    ако е инфициран, веројатно е под лекови,
  • 14:11 - 14:14
    и нема да има голема количина на вирус во организмот, па ќе бидам доста безбеден“
  • 14:14 - 14:16
    А од друга страна, луѓето едноставно
  • 14:16 - 14:18
    не се толку исплашени од ХИВ
  • 14:18 - 14:21
    како што се плашеа од СИДА-та, и со право.
  • 14:21 - 14:24
    СИДА e изобличувачка болест што те убива,
  • 14:24 - 14:26
    а ХИВ е невидлив вирус
  • 14:26 - 14:28
    поради кој мора да земаш пилула секој ден.
  • 14:28 - 14:30
    А тоа е досадно,
  • 14:30 - 14:33
    но дали е исто толку досадно како
  • 14:33 - 14:35
    обврската да користите кондом секој пат кога имате секс,
  • 14:35 - 14:37
    без разлика колку сте пијани,
  • 14:37 - 14:40
    без разлика колку дрога сте земале, што и да е?
  • 14:40 - 14:42
    Ако ги погледнеме податоците, може да се забележи дека
  • 14:42 - 14:44
    одговорот на ова прашање е
  • 14:44 - 14:46
    мхммм.
  • 14:46 - 14:48
    Ова се податоци од Шкотска.
  • 14:48 - 14:50
    Го гледате врвот на вирусот кај интравенозните наркомани
  • 14:50 - 14:52
    пред почетокот на националната програма за замена на игли.
  • 14:52 - 14:54
    Тогаш нагло се спушти и
  • 14:54 - 14:56
    тоа подеднакво кај хетеросексуалците, најмногу кај комерцијалниот секс
  • 14:56 - 14:58
    и кај наркоманите,
  • 14:58 - 15:01
    не се случува ништо посебно откако терапијата станува достапна,
  • 15:01 - 15:03
    а тоа е поради она изедначување на мотивите
  • 15:03 - 15:05
    за кое зборував претходно.
  • 15:05 - 15:07
    Но кај хомосексуалните мажи.
  • 15:07 - 15:09
    има прилично драматичен пораст
  • 15:09 - 15:11
    кој почнува 3-4 години
  • 15:11 - 15:13
    откако терапијата стана достапна на голема територија.
  • 15:13 - 15:15
    Ова се нови заразени.
  • 15:15 - 15:17
    Што значи ова?
  • 15:17 - 15:20
    Значи дека комбинираниот ефект на помала загриженост и
  • 15:20 - 15:23
    постоењето на поголема количина на вирусот раширена во популацијата,
  • 15:23 - 15:25
    повеќе луѓе кои живеат подолги, поздрави животи,
  • 15:25 - 15:27
    со поголеми шанси да имаат секс
  • 15:27 - 15:29
    со ХИВ,
  • 15:29 - 15:32
    ги надминува ефектите на ниската количина на вирус,
  • 15:32 - 15:34
    а тоа е многу загрижувачко.
  • 15:34 - 15:36
    Што тоа точно значи?
  • 15:36 - 15:39
    Значи дека колку подостапна терапија имаме, треба толку повеќе да се концентрираме на превенција.
  • 15:39 - 15:41
    Дали тоа се случува?
  • 15:41 - 15:44
    Не. Јас тоа го нарекувам парадоксот на сочувството.
  • 15:44 - 15:47
    Зборувавме многу за сочувството овие два дена.
  • 15:47 - 15:50
    А она што навистина се случува е дека луѓето
  • 15:50 - 15:52
    не можат да се натераат себе си да обезбедат
  • 15:52 - 15:55
    добри здравствени услуги за сексуалните работници,
  • 15:55 - 15:58
    да им делат игли на наркоманите,
  • 15:58 - 16:01
    но кога еднаш ќе престанат да бидат
  • 16:01 - 16:04
    личности преку чие однесување не сакаме да поминеме,
  • 16:04 - 16:06
    и ќе станат жртви на СИДА-та
  • 16:06 - 16:08
    тогаш стануваме многу сочувствителни со нив
  • 16:08 - 16:10
    и им купуваме неверојатно скапи лекови до крајот на нивните животи.
  • 16:10 - 16:12
    Нема никаква смисла
  • 16:12 - 16:14
    од гледната точка на јавното здравство.
  • 16:14 - 16:18
    Сакам да и го дадам, скоро последниот збор, на Инес.
  • 16:18 - 16:21
    Инес е транссексуална проститутка на улиците на Џакарта.
  • 16:21 - 16:23
    Таа е женска со пенис.
  • 16:23 - 16:25
    Зошто го работи тоа?
  • 16:25 - 16:28
    Па, секако, затоа што била натерана со сила,
  • 16:28 - 16:30
    затоа што нема подобар избор и тн, итн,
  • 16:30 - 16:32
    но ако ја научиме да шие и
  • 16:32 - 16:35
    и обезбедиме убава работа во фабрика се ќе биде добро.
  • 16:35 - 16:37
    Ова е сумата која се заработува во фабрика во Индонезија за 1 час,
  • 16:37 - 16:39
    20 центи во просек.
  • 16:39 - 16:41
    Малку варира од провинција до провинција.
  • 16:41 - 16:44
    Јас разговарав со 150.000 сексуални работници
  • 16:44 - 16:46
    баш за овој слајд.
  • 16:46 - 16:48
    И ова е сумата која сексуалните работници
  • 16:48 - 16:50
    тврдат дека ја заработуваат за 1 час.
  • 16:50 - 16:53
    Секако, не е добра работа, но за многу луѓе
  • 16:53 - 16:55
    тоа е навистина разумен избор.
  • 16:55 - 16:57
    Во ред, Инес.
  • 17:00 - 17:05
    Ги имаме алатките, знаењето и парите,
  • 17:05 - 17:09
    и обврската да го спречиме ширењето на ХИВ.
  • 17:09 - 17:15
    Инес: Зошто тогаш бројот на заразените расте?
  • 17:15 - 17:18
    Се е политика.
  • 17:18 - 17:21
    Кога ќе стигнете до политиката, ништо нема смисла.
  • 17:21 - 17:24
    Елизабет Писани: „Кога ќе стигнете до политиката, ништо нема смисла“
  • 17:24 - 17:27
    Значи, од гледната точка на сексуален работник,
  • 17:27 - 17:29
    политичарите немаат смисла.
  • 17:29 - 17:31
    Од гледната точка на сезнајко од јавното здравство,
  • 17:31 - 17:34
    наркоманите прават глупави работи.
  • 17:35 - 17:38
    Тоа што сакам да го кажам е дека секој има различно начело.
  • 17:38 - 17:40
    Има толку начини да се биде разумен
  • 17:40 - 17:42
    колку што има луѓе на планетата,
  • 17:42 - 17:44
    и тоа е една од убавите работи на човековото постоење
  • 17:44 - 17:46
    Но овие начини да се биде разумен
  • 17:46 - 17:48
    не се меѓусебно независни.
  • 17:48 - 17:50
    Значи разумно е за
  • 17:50 - 17:52
    интравенозен наркоман да споделува игли,
  • 17:52 - 17:55
    заради глупава одлука донесена од политичар,
  • 17:55 - 17:57
    и е разумно за политичар да
  • 17:57 - 18:00
    ја донесе таа глупава одлука
  • 18:00 - 18:02
    затоа што одговара на
  • 18:02 - 18:04
    она што мисли дека гласачите го сакаат.
  • 18:04 - 18:06
    Но еве што е работата:
  • 18:06 - 18:08
    Ние сме гласачите.
  • 18:08 - 18:11
    Ние секако не сме сите, но ТЕД е заедница на влијателни водачи
  • 18:11 - 18:13
    и секој кој е во оваа соба,
  • 18:13 - 18:16
    и секој кој го гледа ова преку интернет,
  • 18:16 - 18:19
    мислам дека е должен да бара од своите политичари
  • 18:19 - 18:22
    да се донесат правила базирани на научни докази и
  • 18:22 - 18:24
    на здрав разум,
  • 18:24 - 18:26
    Ќе ни биде многу тешко
  • 18:26 - 18:29
    индивидуално да влијаеме врз она што е разумно
  • 18:29 - 18:31
    за секој Френки и секоја Инес во светот.
  • 18:31 - 18:34
    Но можете барем да го искористите својот глас
  • 18:34 - 18:37
    за да ги спречите политичарите да донесуваат глупави одлуки
  • 18:37 - 18:39
    кои го шират ХИВ вирусот.
  • 18:39 - 18:41
    Благодарам.
  • 18:41 - 18:50
    (Аплауз)
Title:
Елизабет Писани: Секс, дрога и ХИВ - ајде да се вразумиме
Speaker:
Elizabeth Pisani
Description:

Наоружана со освежувачка логика, остроумност и нејзините очила на „сезнајко од јавното здравство“, Елизабет Писани ни ги открива многубројните недоследности во денешните политички системи кои оневозможуваат нашите пари да се користат за ефективна борба против ширењето на ХИВ. Нејзиното истражување на ризичните популации - од наркомани во затвор до сексуални работници на улиците во Камбоџа - ни покажува не толку интиутивни мерки, кои би можеле да го забават ширењето на оваа уништувачка болест.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
18:54
Ivana Stoilkovska added a translation

Macedonian subtitles

Revisions