Return to Video

Даниел Голман за сочувството

  • 0:01 - 0:05
    Запрепастен сум од тоа како една од имплицитните теми на TED
  • 0:05 - 0:08
    е сочувствувањето, овие навистина потресни слики кои ги видовме:
  • 0:09 - 0:13
    СИДА во Африка, претседателот Клинтон минатата ноќ.
  • 0:13 - 0:18
    И би сакал да додадам малку колатерално размислување,
  • 0:18 - 0:23
    за сочувствувањето и да го доближам од глобално до ниво на личноста.
  • 0:23 - 0:25
    Јас сум психолог, но бидете сигурни,
  • 0:25 - 0:26
    нема да бидам премногу интимен.
  • 0:27 - 0:31
    (Смеење)
  • 0:32 - 0:34
    Направено е многу важно истражување неодамна
  • 0:34 - 0:38
    на Принстон Теолошкото Училиште која кажува зошто
  • 0:39 - 0:42
    кога сите ние имаме толку многу прилики да помогнеме,
  • 0:42 - 0:45
    некогаш помагаме, а некогаш не.
  • 0:46 - 0:49
    На една група студенти на Принстон Теолошкото Училиште
  • 0:50 - 0:54
    им било кажано дека ќе вежбаат обраќање
  • 0:54 - 0:57
    и секому од нив му била дадена тема на обраќањето.
  • 0:57 - 1:00
    На половина од овие студенти им била дадена, како тема,
  • 1:00 - 1:02
    однесувањето на Добиот Самарјанин:
  • 1:02 - 1:04
    човекот кој застанал покрај непознато лице
  • 1:05 - 1:07
    за да му помогне на непознатиот во неволја на патот.
  • 1:07 - 1:10
    На другата половина им биле дадени теми од библијата.
  • 1:10 - 1:13
    Потоа на еден по еден, им соопштиле дека треба да отидат во друга зграда
  • 1:14 - 1:15
    и да го направат своето обраќање.
  • 1:15 - 1:18
    Додека тие оделе од првата во втората зграда,
  • 1:18 - 1:21
    сите до еден поминале покрај човек кој превиткан молел,
  • 1:22 - 1:26
    очигледно за помош. Прашањето е: Дали тие застанале да помогнат?
  • 1:26 - 1:27
    Уште поинтересно е прашањето:
  • 1:28 - 1:31
    Дали било битно што биле сконцентрирани на однесувањето
  • 1:31 - 1:35
    на Добриот Самарјанин? Одговор: Не. Не воопшто.
  • 1:36 - 1:39
    Она што одредило дали некој би застанал
  • 1:39 - 1:40
    и би му помогнал на непознат во неволја
  • 1:40 - 1:43
    било колку тие мислеле дека се во брзање,
  • 1:44 - 1:48
    дали мислеле дека доцнат или дали биле замислени
  • 1:48 - 1:49
    за она за што требале да зборуваат.
  • 1:50 - 1:52
    И ова, мислам дека е карактеристика на нашиот живот:
  • 1:53 - 1:57
    дека не ги користиме сите прилики да помогнеме
  • 1:57 - 2:00
    бидејќи нашиот фокус е во погрешна насока.
  • 2:00 - 2:03
    Воспоставена е нова област во изучувањето на мозокот, општествена невронаука.
  • 2:04 - 2:08
    Таа ги изучува деловите на мозоците на двајца луѓе
  • 2:08 - 2:10
    кои се активираат додека зборуваат.
  • 2:10 - 2:14
    А новото сфаќање за сочувството во невронауката
  • 2:14 - 2:18
    е дека нашата основна поставеност е да помагаме.
  • 2:18 - 2:22
    Така, доколку забележиме друга личност,
  • 2:23 - 2:26
    ние автоматски се сплотуваме, сочувствуваме со неа.
  • 2:27 - 2:29
    Откриени се нови неврони, имитирачки неврони,
  • 2:29 - 2:33
    кои се однесуваат како невро Wi-Fi, активирајќи се во нашиот мозок
  • 2:33 - 2:37
    во идентични области како и во нивниот мозок. Ние сочувствуваме автоматски.
  • 2:37 - 2:41
    И доколку таа личност е во неволја, доколку пати,
  • 2:42 - 2:46
    ние сме автоматски подготвени да помогнеме. Барем такви се аргументите.
  • 2:46 - 2:49
    Но следува прашањето: Зошто не помагаме:?
  • 2:49 - 2:51
    Мислам дека ова зборува за цела палета
  • 2:52 - 2:54
    која започнува од целосна опседнатост со себе
  • 2:55 - 2:57
    до забележување, до емпатија и сочувствување.
  • 2:57 - 3:01
    И едноставен факт, доколку сме фокусирани на себе,
  • 3:02 - 3:05
    доколку сме презафатени, а такви сме честопати во текот на денот,
  • 3:05 - 3:08
    ние навистина не ги забележуваме останатите.
  • 3:08 - 3:10
    И оваа разлика помеѓу сопствениот и туѓиот фокус
  • 3:10 - 3:11
    може да биде многу деликатна.
  • 3:11 - 3:15
    Пред некој ден си го пресметував данокот и се најдов себеси
  • 3:15 - 3:17
    како ги прегледувам сите донации кои сум ги дал,
  • 3:18 - 3:21
    и имав привидение, кога всушност, стигнав до мојот чек
  • 3:21 - 3:24
    за фондацијата Сева и си помислив,
  • 3:24 - 3:26
    мојот пријател Лери Брилијант би бил навистина среќен
  • 3:27 - 3:28
    што сум дал пари на Сева.
  • 3:28 - 3:31
    Потоа сфатив дека од донирањето јас добивам
  • 3:31 - 3:35
    нарцисоидна придобивка -дека се чувствувам добро во врска со себе.
  • 3:35 - 3:40
    Потоа започнав да размислувам за луѓето на Хималаите
  • 3:40 - 3:42
    на кои им требаше помош поради катаракта и сфатив
  • 3:43 - 3:46
    дека од нарцисоидниот сопствен фокус преминав
  • 3:47 - 3:50
    кон алтруистичка радост, убаво чувство
  • 3:50 - 3:54
    за луѓето на кои ќе им се помогне. Мислам дека тоа е мотиватор.
  • 3:54 - 3:57
    Но разликата помеѓу фокусирањето на самите нас
  • 3:57 - 3:58
    и фокусирањето на другите
  • 3:58 - 4:01
    е она на што мислам дека сите треба да обрнеме внимание.
  • 4:01 - 4:04
    Тоа можете да го видите глобално ниво кај запознавањето партнерки.
  • 4:05 - 4:08
    Бев во еден суши ресторан пред некое време
  • 4:08 - 4:11
    и слушнав како две жени зборуваат за братот на едната од нив,
  • 4:12 - 4:15
    кој сè уште не бил во врска. Едната жена рече,
  • 4:15 - 4:17
    "Мојот брат има проблем со запознавање партнерка,
  • 4:17 - 4:19
    затоа се обидува со брзо спарување." Дали знаете што е брзо спарување?
  • 4:19 - 4:23
    Жената седнува на маса, а мажот оди од маса на маса,
  • 4:23 - 4:26
    и има часовник и звонче, и на секои пет минути, сигнал,
  • 4:27 - 4:29
    разговорот завршува и жената може да одлучи
  • 4:29 - 4:33
    дали да го даде својот телефон или нејзината e-mail адреса на мажот
  • 4:33 - 4:35
    за следна средба. И едната жена вели,
  • 4:35 - 4:39
    "Мојот брат никогаш нема добиено телефон и јас точно знам зошто.
  • 4:39 - 4:44
    Само што ќе седне, тој започнува непрестано да зборува за себе,
  • 4:44 - 4:45
    тој никогаш не се распрашува за жената."
  • 4:46 - 4:51
    И јас направив некои истражувања во Сандеј Стајлс рубриката
  • 4:51 - 4:54
    на Њујорк Тајмс, гледајќи ги позадинските приказни на браковите,
  • 4:54 - 4:57
    бидејќи тие беа многу интересни - и стигнав до бракот
  • 4:57 - 5:00
    на Алис Черни Епстајн. Таа рече
  • 5:00 - 5:02
    дека кога се запознавала со некој дечко,
  • 5:03 - 5:05
    имала едноставен тест кој им го правела.
  • 5:06 - 5:08
    Тестот бил: од моментот кога се заедно,
  • 5:08 - 5:11
    колку долго би му требало на момчето да ѝ постави прашање
  • 5:11 - 5:13
    со зборчето "ти" во него.
  • 5:13 - 5:17
    Очигледно Eпстин го погодила тестот, а со тоа и статијата.
  • 5:17 - 5:18
    (Смеење)
  • 5:18 - 5:20
    Сега ова е еден мал тест
  • 5:20 - 5:22
    ве охрабрувам да го пробате на некоја забава.
  • 5:22 - 5:24
    Овде на TED има мноштво можности.
  • 5:26 - 5:29
    Харвард Бизнис Ривју скоро имаше статија со наслов
  • 5:29 - 5:32
    "Човечкиот Момент" за тоа како да направите вистински контакт
  • 5:32 - 5:35
    со некоја личност на работа. И тие рекоа,
  • 5:35 - 5:38
    основната работа која треба да ја направите е да го исклучите Вашето блекбери,
  • 5:39 - 5:42
    да го затворите Вашиот лаптоп, да престанете со мечтаење
  • 5:43 - 5:45
    и посветете ѝ целосно внимание на личноста.
  • 5:46 - 5:50
    Има еден нов збор во англискиот јазик
  • 5:51 - 5:54
    за моментот кога личноста со која сме - го вади нејзиниот блекбери
  • 5:54 - 5:57
    или одговара на повик, а ние одеднаш за неа не постоиме.
  • 5:58 - 6:02
    Тој збор е "pizzled": тоа е комбинација од збунет и налутен.
  • 6:02 - 6:05
    (Смеење)
  • 6:05 - 6:11
    Мислам дека е прилично вообичаено. Тоа е нашата емпатија, нашето доближување
  • 6:12 - 6:15
    кое нè издвојува од Макијавелистите или од социопатите.
  • 6:15 - 6:20
    Имам еден зет кој е експерт за хорор и за терор,
  • 6:20 - 6:23
    ги има напишано книгите Annotated Dracula и Essential Frankenstein,
  • 6:23 - 6:24
    кој бил обучен како ученик на Chaucer,
  • 6:24 - 6:26
    но роден е во Трансилванија
  • 6:26 - 6:28
    и мислам дека тоа малку му влијаело.
  • 6:28 - 6:32
    Како и да е, мојот зет, Леонард,
  • 6:32 - 6:34
    одлучи да напише книга за еден сериски убиец.
  • 6:34 - 6:37
    Се работи за човек кој ги тероризирал луѓето
  • 6:38 - 6:40
    многу одамна. Тој бил познат како вампирот Санта Круз.
  • 6:41 - 6:45
    И пред да биде уапсен, тој ги убил своите баба и дедо,
  • 6:45 - 6:48
    неговата мајка и пет колеги од Санта Круз колеџот.
  • 6:49 - 6:51
    Така мојот зет оди да го интервјуира овој убиец
  • 6:52 - 6:54
    и кога го запознава сфаќа
  • 6:54 - 6:55
    дека овој тип е навистина застрашувачки.
  • 6:56 - 6:58
    Само една работа, висок е 2,3 метри.
  • 6:58 - 7:01
    Но тоа не е најзастрашувачкото кај него.
  • 7:01 - 7:06
    Најстрашната работа е што неговиот IQ е 160: потврден гениј.
  • 7:07 - 7:11
    Но нема никаква корелација помеѓу неговиот IQ и емоционалната емпатија,
  • 7:11 - 7:12
    сочувствување со други луѓе.
  • 7:13 - 7:15
    Тие се контролираат од различни делови во мозокот.
  • 7:16 - 7:18
    Во еден момент, мојот зет собира храброст
  • 7:19 - 7:21
    да му го постави прашањето на кое сака да го знае одговорот,
  • 7:21 - 7:24
    а тоа е: Како можеше да го направиш тоа?
  • 7:24 - 7:26
    Зарем не ти беше жал за твоите жртви?
  • 7:26 - 7:29
    Се работеше за свирепи убиства - тој ги гушел жртвите.
  • 7:30 - 7:32
    А убиецот одговара смирено,
  • 7:32 - 7:37
    "О, не. Доколку почувствував вознемиреност, немаше да го направам тоа.
  • 7:37 - 7:43
    Морав да го исклучам тој дел во мене. Морав да го исклучам тој дел од мене."
  • 7:43 - 7:48
    Мислам дека тоа е навистина проблематично,
  • 7:49 - 7:53
    и некако, се посветив на исклучувањето на овој дел од нас.
  • 7:53 - 7:55
    Кога се фокусираме на самите себе во било која активност,
  • 7:56 - 7:59
    го исклучуваме тој дел во нас доколку сме покрај друга личност.
  • 8:00 - 8:05
    Помислете кога одите во шопинг и за можностите
  • 8:05 - 8:07
    за сочувствувачка потрошувачка.
  • 8:08 - 8:10
    Токму сега, како што Bill McDonough потенцираше,
  • 8:12 - 8:16
    предметите кои ги купуваме и ги користиме имаат скриени последици.
  • 8:16 - 8:19
    Сите ние несвесно сме жртви на колективно спепило.
  • 8:20 - 8:22
    Не ги забележуваме и не забележуваме дека не ги забележуваме
  • 8:23 - 8:29
    отровните молекули кои излегуваат од теписонот или материјалот на седиштата.
  • 8:30 - 8:35
    Или не знаеме дека материјалот е технолошка
  • 8:35 - 8:39
    или производствена состојка, која може повторно да биде употребена
  • 8:39 - 8:41
    или едноставно завршува на отпад? Со други зборови,
  • 8:41 - 8:46
    ние сме безобѕирни кон еколошкото или јавното здравје
  • 8:47 - 8:50
    и кон општествените и економските последици
  • 8:50 - 8:52
    од работите кои ги купуваме и ги користиме.
  • 8:54 - 8:58
    На некој начин, самата соба е слонот во собата,
  • 8:58 - 9:02
    но не го гледаме. И ние стануваме жртви
  • 9:02 - 9:05
    на систем кој нè насочува на друго место. Размислете за ова.
  • 9:06 - 9:09
    Има една прекрасна книга со назив
  • 9:10 - 9:12
    Материјал: Скриениот живот на секојдневните предмети.
  • 9:13 - 9:16
    И тој зборува за позадинската приказна за предмети како на пример маица.
  • 9:16 - 9:19
    И тој кажува каде растел памукот
  • 9:19 - 9:21
    за користените ѓубрива и последиците
  • 9:21 - 9:25
    врз земјата од тие ѓубрива. И споменува, на пример,
  • 9:25 - 9:28
    дека памукот е многу отпорен на текстилна боја,
  • 9:28 - 9:31
    околу 60% отпаѓа во отпадната вода.
  • 9:31 - 9:34
    И добро е познато од епидемиолозите дека децата
  • 9:34 - 9:39
    кои живеат близу текстилни фабрики имаат висок процент на леукемија.
  • 9:40 - 9:44
    Има една компанија, Бенет енд Компани, која го снабдува Polo.com,
  • 9:45 - 9:50
    Victoria's Secret -- и тие, бидејќи нивниот директор, кој е свесен за ова,
  • 9:51 - 9:55
    во Кина формирал здружен бизнис со нивната бојаџилница
  • 9:55 - 9:57
    за да се осигура дека отпадната вода
  • 9:57 - 10:01
    ќе биде правилно третирана пред да се врати во земјата.
  • 10:01 - 10:05
    Во моментов, немаме можност да избереме ваква маица
  • 10:06 - 10:10
    од сите останати. Па што би било потребно за тоа?
  • 10:13 - 10:16
    Размислував за тоа. Да напоменам,
  • 10:16 - 10:21
    постои нова електронска технологија за означување која дозволува секоја продавница
  • 10:21 - 10:25
    да ја знае целокупната историја на секој продукт на полиците во продавницата.
  • 10:26 - 10:28
    Можете да ја следите назад сè до фабриката. Откако ќе се вратите
  • 10:28 - 10:32
    назад во фабриката, можете да ги погледнете производните процеси
  • 10:32 - 10:36
    кои биле користени за изработка, и доколку е еколошка,
  • 10:36 - 10:40
    можете така и да ја означите. Или доколку не е еколошка,
  • 10:40 - 10:44
    можете да влезете, денес, во било која продавница,
  • 10:44 - 10:47
    да го скенирате баркодот,
  • 10:47 - 10:49
    и тој ќе ве одведе до нивниот веб сајт.
  • 10:49 - 10:51
    Тоа го имаат за луѓе алергични на кикирики.
  • 10:52 - 10:54
    Овој веб сајт може да ви каже работи за предметот.
  • 10:55 - 10:56
    Со други зборови, во моментот на купување,
  • 10:56 - 11:00
    би можеле да направиме сочувствителен избор.
  • 11:00 - 11:06
    Постои изрека во светот на информациската наука:
  • 11:06 - 11:09
    на крајот сите ќе знаат сè.
  • 11:09 - 11:11
    Прашањето е: дали тоа ќе направи разлика?
  • 11:13 - 11:16
    Пред некое време кога работев во Њујорк Тајмс,
  • 11:17 - 11:19
    тоа беше во осумдесеттите, напишав статија,
  • 11:19 - 11:21
    за она што беше нов проблем во Њујорк,
  • 11:21 - 11:23
    а тоа беа бездомните луѓе на улиците.
  • 11:23 - 11:27
    Поминав неколку недели одејќи наоколу со агенција за социјална работа
  • 11:27 - 11:30
    која им помагаше на бездомниците. Сфатив дека гледајќи ги бездомниците
  • 11:30 - 11:35
    низ нивните очи дека скоро сите од нив се психијатриски случаи
  • 11:35 - 11:39
    кои немаа каде да одат. Имаа дијагнози. Тоа ме натера,
  • 11:40 - 11:43
    ме протресе од урбаниот транс во кој се наоѓав,
  • 11:44 - 11:47
    кога ќе видиме, кога поминуваме покрај некој бездомник
  • 11:47 - 11:50
    во периферијата на нашата визија, тој останува на периферијата.
  • 11:52 - 11:54
    Не забележуваме затоа и не делуваме.
  • 11:57 - 12:02
    Еден ден, набрзо после тоа, беше петок, при крај на денот,
  • 12:02 - 12:05
    се симнував надолу во метрото. Беше време на шпиц
  • 12:05 - 12:07
    и илјадници луѓе се слеваа надолу по скалите.
  • 12:07 - 12:09
    Одеднаш додека се симнував по скалите
  • 12:09 - 12:12
    забележав дека имаше човек легнат на едната страна,
  • 12:12 - 12:16
    гол, неподвижен, а луѓето едноставно газеа врз него,
  • 12:17 - 12:18
    стотици и стотици луѓе.
  • 12:19 - 12:22
    И бидејќи мојот урбан транс беше донекаде ослабен,
  • 12:23 - 12:26
    застанав за да откријам што не е во ред.
  • 12:27 - 12:29
    Штом застанав, неколкумина други
  • 12:30 - 12:31
    веднаш го забележаа истиот човек.
  • 12:32 - 12:34
    Откривме дека тој беше Хиспано, не зборуваше англиски,
  • 12:34 - 12:39
    немаше пари, скитал по улиците со денови, гладувајќи,
  • 12:39 - 12:40
    и на крајот се онесвестил од глад.
  • 12:40 - 12:42
    Веднаш некој отиде и донесе сок од портокал,
  • 12:42 - 12:44
    некој донесе хотдог, некој доведе полицаец од метрото.
  • 12:45 - 12:48
    Човекот беше вратен на нозе веднаш.
  • 12:48 - 12:52
    Но за тоа беше потребен само еден мал чин на забележување.
  • 12:53 - 12:54
    и јас сум навистина оптимист.
  • 12:54 - 12:55
    Ви благодарам многу.
  • 12:55 - 12:57
    (Аплауз)
Title:
Даниел Голман за сочувството
Speaker:
Daniel Goleman
Description:

Даниел Голман, авторот на книгата „Емоционална интелигенција“, прашува зошто не сочувствуваме повеќе.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:56
Dejan Spaseski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions