0:00:01.000,0:00:05.000 Запрепастен сум од тоа како една од имплицитните теми на TED 0:00:05.000,0:00:08.000 е сочувствувањето, овие навистина потресни слики кои ги видовме: 0:00:09.000,0:00:13.000 СИДА во Африка, претседателот Клинтон минатата ноќ. 0:00:13.000,0:00:18.000 И би сакал да додадам малку колатерално размислување, 0:00:18.000,0:00:23.000 за сочувствувањето и да го доближам од глобално до ниво на личноста. 0:00:23.000,0:00:25.000 Јас сум психолог, но бидете сигурни, 0:00:25.000,0:00:26.000 нема да бидам премногу интимен. 0:00:27.000,0:00:31.000 (Смеење) 0:00:32.000,0:00:34.000 Направено е многу важно истражување неодамна 0:00:34.000,0:00:38.000 на Принстон Теолошкото Училиште која кажува зошто 0:00:39.000,0:00:42.000 кога сите ние имаме толку многу прилики да помогнеме, 0:00:42.000,0:00:45.000 некогаш помагаме, а некогаш не. 0:00:46.000,0:00:49.000 На една група студенти на Принстон Теолошкото Училиште 0:00:50.000,0:00:54.000 им било кажано дека ќе вежбаат обраќање 0:00:54.000,0:00:57.000 и секому од нив му била дадена тема на обраќањето. 0:00:57.000,0:01:00.000 На половина од овие студенти им била дадена, како тема, 0:01:00.000,0:01:02.000 однесувањето на Добиот Самарјанин: 0:01:02.000,0:01:04.000 човекот кој застанал покрај непознато лице 0:01:05.000,0:01:07.000 за да му помогне на непознатиот во неволја на патот. 0:01:07.000,0:01:10.000 На другата половина им биле дадени теми од библијата. 0:01:10.000,0:01:13.000 Потоа на еден по еден, им соопштиле дека треба да отидат во друга зграда 0:01:14.000,0:01:15.000 и да го направат своето обраќање. 0:01:15.000,0:01:18.000 Додека тие оделе од првата во втората зграда, 0:01:18.000,0:01:21.000 сите до еден поминале покрај човек кој превиткан молел, 0:01:22.000,0:01:26.000 очигледно за помош. Прашањето е: Дали тие застанале да помогнат? 0:01:26.000,0:01:27.000 Уште поинтересно е прашањето: 0:01:28.000,0:01:31.000 Дали било битно што биле сконцентрирани на однесувањето 0:01:31.000,0:01:35.000 на Добриот Самарјанин? Одговор: Не. Не воопшто. 0:01:36.000,0:01:39.000 Она што одредило дали некој би застанал 0:01:39.000,0:01:40.000 и би му помогнал на непознат во неволја 0:01:40.000,0:01:43.000 било колку тие мислеле дека се во брзање, 0:01:44.000,0:01:48.000 дали мислеле дека доцнат или дали биле замислени 0:01:48.000,0:01:49.000 за она за што требале да зборуваат. 0:01:50.000,0:01:52.000 И ова, мислам дека е карактеристика на нашиот живот: 0:01:53.000,0:01:57.000 дека не ги користиме сите прилики да помогнеме 0:01:57.000,0:02:00.000 бидејќи нашиот фокус е во погрешна насока. 0:02:00.000,0:02:03.000 Воспоставена е нова област во изучувањето на мозокот, општествена невронаука. 0:02:04.000,0:02:08.000 Таа ги изучува деловите на мозоците на двајца луѓе 0:02:08.000,0:02:10.000 кои се активираат додека зборуваат. 0:02:10.000,0:02:14.000 А новото сфаќање за сочувството во невронауката 0:02:14.000,0:02:18.000 е дека нашата основна поставеност е да помагаме. 0:02:18.000,0:02:22.000 Така, доколку забележиме друга личност, 0:02:23.000,0:02:26.000 ние автоматски се сплотуваме, сочувствуваме со неа. 0:02:27.000,0:02:29.000 Откриени се нови неврони, имитирачки неврони, 0:02:29.000,0:02:33.000 кои се однесуваат како невро Wi-Fi, активирајќи се во нашиот мозок 0:02:33.000,0:02:37.000 во идентични области како и во нивниот мозок. Ние сочувствуваме автоматски. 0:02:37.000,0:02:41.000 И доколку таа личност е во неволја, доколку пати, 0:02:42.000,0:02:46.000 ние сме автоматски подготвени да помогнеме. Барем такви се аргументите. 0:02:46.000,0:02:49.000 Но следува прашањето: Зошто не помагаме:? 0:02:49.000,0:02:51.000 Мислам дека ова зборува за цела палета 0:02:52.000,0:02:54.000 која започнува од целосна опседнатост со себе 0:02:55.000,0:02:57.000 до забележување, до емпатија и сочувствување. 0:02:57.000,0:03:01.000 И едноставен факт, доколку сме фокусирани на себе, 0:03:02.000,0:03:05.000 доколку сме презафатени, а такви сме честопати во текот на денот, 0:03:05.000,0:03:08.000 ние навистина не ги забележуваме останатите. 0:03:08.000,0:03:10.000 И оваа разлика помеѓу сопствениот и туѓиот фокус 0:03:10.000,0:03:11.000 може да биде многу деликатна. 0:03:11.000,0:03:15.000 Пред некој ден си го пресметував данокот и се најдов себеси 0:03:15.000,0:03:17.000 како ги прегледувам сите донации кои сум ги дал, 0:03:18.000,0:03:21.000 и имав привидение, кога всушност, стигнав до мојот чек 0:03:21.000,0:03:24.000 за фондацијата Сева и си помислив, 0:03:24.000,0:03:26.000 мојот пријател Лери Брилијант би бил навистина среќен 0:03:27.000,0:03:28.000 што сум дал пари на Сева. 0:03:28.000,0:03:31.000 Потоа сфатив дека од донирањето јас добивам 0:03:31.000,0:03:35.000 нарцисоидна придобивка -дека се чувствувам добро во врска со себе. 0:03:35.000,0:03:40.000 Потоа започнав да размислувам за луѓето на Хималаите 0:03:40.000,0:03:42.000 на кои им требаше помош поради катаракта и сфатив 0:03:43.000,0:03:46.000 дека од нарцисоидниот сопствен фокус преминав 0:03:47.000,0:03:50.000 кон алтруистичка радост, убаво чувство 0:03:50.000,0:03:54.000 за луѓето на кои ќе им се помогне. Мислам дека тоа е мотиватор. 0:03:54.000,0:03:57.000 Но разликата помеѓу фокусирањето на самите нас 0:03:57.000,0:03:58.000 и фокусирањето на другите 0:03:58.000,0:04:01.000 е она на што мислам дека сите треба да обрнеме внимание. 0:04:01.000,0:04:04.000 Тоа можете да го видите глобално ниво кај запознавањето партнерки. 0:04:05.000,0:04:08.000 Бев во еден суши ресторан пред некое време 0:04:08.000,0:04:11.000 и слушнав како две жени зборуваат за братот на едната од нив, 0:04:12.000,0:04:15.000 кој сè уште не бил во врска. Едната жена рече, 0:04:15.000,0:04:17.000 "Мојот брат има проблем со запознавање партнерка, 0:04:17.000,0:04:19.000 затоа се обидува со брзо спарување." Дали знаете што е брзо спарување? 0:04:19.000,0:04:23.000 Жената седнува на маса, а мажот оди од маса на маса, 0:04:23.000,0:04:26.000 и има часовник и звонче, и на секои пет минути, сигнал, 0:04:27.000,0:04:29.000 разговорот завршува и жената може да одлучи 0:04:29.000,0:04:33.000 дали да го даде својот телефон или нејзината e-mail адреса на мажот 0:04:33.000,0:04:35.000 за следна средба. И едната жена вели, 0:04:35.000,0:04:39.000 "Мојот брат никогаш нема добиено телефон и јас точно знам зошто. 0:04:39.000,0:04:44.000 Само што ќе седне, тој започнува непрестано да зборува за себе, 0:04:44.000,0:04:45.000 тој никогаш не се распрашува за жената." 0:04:46.000,0:04:51.000 И јас направив некои истражувања во Сандеј Стајлс рубриката 0:04:51.000,0:04:54.000 на Њујорк Тајмс, гледајќи ги позадинските приказни на браковите, 0:04:54.000,0:04:57.000 бидејќи тие беа многу интересни - и стигнав до бракот 0:04:57.000,0:05:00.000 на Алис Черни Епстајн. Таа рече 0:05:00.000,0:05:02.000 дека кога се запознавала со некој дечко, 0:05:03.000,0:05:05.000 имала едноставен тест кој им го правела. 0:05:06.000,0:05:08.000 Тестот бил: од моментот кога се заедно, 0:05:08.000,0:05:11.000 колку долго би му требало на момчето да ѝ постави прашање 0:05:11.000,0:05:13.000 со зборчето "ти" во него. 0:05:13.000,0:05:17.000 Очигледно Eпстин го погодила тестот, а со тоа и статијата. 0:05:17.000,0:05:18.000 (Смеење) 0:05:18.000,0:05:20.000 Сега ова е еден мал тест 0:05:20.000,0:05:22.000 ве охрабрувам да го пробате на некоја забава. 0:05:22.000,0:05:24.000 Овде на TED има мноштво можности. 0:05:26.000,0:05:29.000 Харвард Бизнис Ривју скоро имаше статија со наслов 0:05:29.000,0:05:32.000 "Човечкиот Момент" за тоа како да направите вистински контакт 0:05:32.000,0:05:35.000 со некоја личност на работа. И тие рекоа, 0:05:35.000,0:05:38.000 основната работа која треба да ја направите е да го исклучите Вашето блекбери, 0:05:39.000,0:05:42.000 да го затворите Вашиот лаптоп, да престанете со мечтаење 0:05:43.000,0:05:45.000 и посветете ѝ целосно внимание на личноста. 0:05:46.000,0:05:50.000 Има еден нов збор во англискиот јазик 0:05:51.000,0:05:54.000 за моментот кога личноста со која сме - го вади нејзиниот блекбери 0:05:54.000,0:05:57.000 или одговара на повик, а ние одеднаш за неа не постоиме. 0:05:58.000,0:06:02.000 Тој збор е "pizzled": тоа е комбинација од збунет и налутен. 0:06:02.000,0:06:05.000 (Смеење) 0:06:05.000,0:06:11.000 Мислам дека е прилично вообичаено. Тоа е нашата емпатија, нашето доближување 0:06:12.000,0:06:15.000 кое нè издвојува од Макијавелистите или од социопатите. 0:06:15.000,0:06:20.000 Имам еден зет кој е експерт за хорор и за терор, 0:06:20.000,0:06:23.000 ги има напишано книгите Annotated Dracula и Essential Frankenstein, 0:06:23.000,0:06:24.000 кој бил обучен како ученик на Chaucer, 0:06:24.000,0:06:26.000 но роден е во Трансилванија 0:06:26.000,0:06:28.000 и мислам дека тоа малку му влијаело. 0:06:28.000,0:06:32.000 Како и да е, мојот зет, Леонард, 0:06:32.000,0:06:34.000 одлучи да напише книга за еден сериски убиец. 0:06:34.000,0:06:37.000 Се работи за човек кој ги тероризирал луѓето 0:06:38.000,0:06:40.000 многу одамна. Тој бил познат како вампирот Санта Круз. 0:06:41.000,0:06:45.000 И пред да биде уапсен, тој ги убил своите баба и дедо, 0:06:45.000,0:06:48.000 неговата мајка и пет колеги од Санта Круз колеџот. 0:06:49.000,0:06:51.000 Така мојот зет оди да го интервјуира овој убиец 0:06:52.000,0:06:54.000 и кога го запознава сфаќа 0:06:54.000,0:06:55.000 дека овој тип е навистина застрашувачки. 0:06:56.000,0:06:58.000 Само една работа, висок е 2,3 метри. 0:06:58.000,0:07:01.000 Но тоа не е најзастрашувачкото кај него. 0:07:01.000,0:07:06.000 Најстрашната работа е што неговиот IQ е 160: потврден гениј. 0:07:07.000,0:07:11.000 Но нема никаква корелација помеѓу неговиот IQ и емоционалната емпатија, 0:07:11.000,0:07:12.000 сочувствување со други луѓе. 0:07:13.000,0:07:15.000 Тие се контролираат од различни делови во мозокот. 0:07:16.000,0:07:18.000 Во еден момент, мојот зет собира храброст 0:07:19.000,0:07:21.000 да му го постави прашањето на кое сака да го знае одговорот, 0:07:21.000,0:07:24.000 а тоа е: Како можеше да го направиш тоа? 0:07:24.000,0:07:26.000 Зарем не ти беше жал за твоите жртви? 0:07:26.000,0:07:29.000 Се работеше за свирепи убиства - тој ги гушел жртвите. 0:07:30.000,0:07:32.000 А убиецот одговара смирено, 0:07:32.000,0:07:37.000 "О, не. Доколку почувствував вознемиреност, немаше да го направам тоа. 0:07:37.000,0:07:43.000 Морав да го исклучам тој дел во мене. Морав да го исклучам тој дел од мене." 0:07:43.000,0:07:48.000 Мислам дека тоа е навистина проблематично, 0:07:49.000,0:07:53.000 и некако, се посветив на исклучувањето на овој дел од нас. 0:07:53.000,0:07:55.000 Кога се фокусираме на самите себе во било која активност, 0:07:56.000,0:07:59.000 го исклучуваме тој дел во нас доколку сме покрај друга личност. 0:08:00.000,0:08:05.000 Помислете кога одите во шопинг и за можностите 0:08:05.000,0:08:07.000 за сочувствувачка потрошувачка. 0:08:08.000,0:08:10.000 Токму сега, како што Bill McDonough потенцираше, 0:08:12.000,0:08:16.000 предметите кои ги купуваме и ги користиме имаат скриени последици. 0:08:16.000,0:08:19.000 Сите ние несвесно сме жртви на колективно спепило. 0:08:20.000,0:08:22.000 Не ги забележуваме и не забележуваме дека не ги забележуваме 0:08:23.000,0:08:29.000 отровните молекули кои излегуваат од теписонот или материјалот на седиштата. 0:08:30.000,0:08:35.000 Или не знаеме дека материјалот е технолошка 0:08:35.000,0:08:39.000 или производствена состојка, која може повторно да биде употребена 0:08:39.000,0:08:41.000 или едноставно завршува на отпад? Со други зборови, 0:08:41.000,0:08:46.000 ние сме безобѕирни кон еколошкото или јавното здравје 0:08:47.000,0:08:50.000 и кон општествените и економските последици 0:08:50.000,0:08:52.000 од работите кои ги купуваме и ги користиме. 0:08:54.000,0:08:58.000 На некој начин, самата соба е слонот во собата, 0:08:58.000,0:09:02.000 но не го гледаме. И ние стануваме жртви 0:09:02.000,0:09:05.000 на систем кој нè насочува на друго место. Размислете за ова. 0:09:06.000,0:09:09.000 Има една прекрасна книга со назив 0:09:10.000,0:09:12.000 Материјал: Скриениот живот на секојдневните предмети. 0:09:13.000,0:09:16.000 И тој зборува за позадинската приказна за предмети како на пример маица. 0:09:16.000,0:09:19.000 И тој кажува каде растел памукот 0:09:19.000,0:09:21.000 за користените ѓубрива и последиците 0:09:21.000,0:09:25.000 врз земјата од тие ѓубрива. И споменува, на пример, 0:09:25.000,0:09:28.000 дека памукот е многу отпорен на текстилна боја, 0:09:28.000,0:09:31.000 околу 60% отпаѓа во отпадната вода. 0:09:31.000,0:09:34.000 И добро е познато од епидемиолозите дека децата 0:09:34.000,0:09:39.000 кои живеат близу текстилни фабрики имаат висок процент на леукемија. 0:09:40.000,0:09:44.000 Има една компанија, Бенет енд Компани, која го снабдува Polo.com, 0:09:45.000,0:09:50.000 Victoria's Secret -- и тие, бидејќи нивниот директор, кој е свесен за ова, 0:09:51.000,0:09:55.000 во Кина формирал здружен бизнис со нивната бојаџилница 0:09:55.000,0:09:57.000 за да се осигура дека отпадната вода 0:09:57.000,0:10:01.000 ќе биде правилно третирана пред да се врати во земјата. 0:10:01.000,0:10:05.000 Во моментов, немаме можност да избереме ваква маица 0:10:06.000,0:10:10.000 од сите останати. Па што би било потребно за тоа? 0:10:13.000,0:10:16.000 Размислував за тоа. Да напоменам, 0:10:16.000,0:10:21.000 постои нова електронска технологија за означување која дозволува секоја продавница 0:10:21.000,0:10:25.000 да ја знае целокупната историја на секој продукт на полиците во продавницата. 0:10:26.000,0:10:28.000 Можете да ја следите назад сè до фабриката. Откако ќе се вратите 0:10:28.000,0:10:32.000 назад во фабриката, можете да ги погледнете производните процеси 0:10:32.000,0:10:36.000 кои биле користени за изработка, и доколку е еколошка, 0:10:36.000,0:10:40.000 можете така и да ја означите. Или доколку не е еколошка, 0:10:40.000,0:10:44.000 можете да влезете, денес, во било која продавница, 0:10:44.000,0:10:47.000 да го скенирате баркодот, 0:10:47.000,0:10:49.000 и тој ќе ве одведе до нивниот веб сајт. 0:10:49.000,0:10:51.000 Тоа го имаат за луѓе алергични на кикирики. 0:10:52.000,0:10:54.000 Овој веб сајт може да ви каже работи за предметот. 0:10:55.000,0:10:56.000 Со други зборови, во моментот на купување, 0:10:56.000,0:11:00.000 би можеле да направиме сочувствителен избор. 0:11:00.000,0:11:06.000 Постои изрека во светот на информациската наука: 0:11:06.000,0:11:09.000 на крајот сите ќе знаат сè. 0:11:09.000,0:11:11.000 Прашањето е: дали тоа ќе направи разлика? 0:11:13.000,0:11:16.000 Пред некое време кога работев во Њујорк Тајмс, 0:11:17.000,0:11:19.000 тоа беше во осумдесеттите, напишав статија, 0:11:19.000,0:11:21.000 за она што беше нов проблем во Њујорк, 0:11:21.000,0:11:23.000 а тоа беа бездомните луѓе на улиците. 0:11:23.000,0:11:27.000 Поминав неколку недели одејќи наоколу со агенција за социјална работа 0:11:27.000,0:11:30.000 која им помагаше на бездомниците. Сфатив дека гледајќи ги бездомниците 0:11:30.000,0:11:35.000 низ нивните очи дека скоро сите од нив се психијатриски случаи 0:11:35.000,0:11:39.000 кои немаа каде да одат. Имаа дијагнози. Тоа ме натера, 0:11:40.000,0:11:43.000 ме протресе од урбаниот транс во кој се наоѓав, 0:11:44.000,0:11:47.000 кога ќе видиме, кога поминуваме покрај некој бездомник 0:11:47.000,0:11:50.000 во периферијата на нашата визија, тој останува на периферијата. 0:11:52.000,0:11:54.000 Не забележуваме затоа и не делуваме. 0:11:57.000,0:12:02.000 Еден ден, набрзо после тоа, беше петок, при крај на денот, 0:12:02.000,0:12:05.000 се симнував надолу во метрото. Беше време на шпиц 0:12:05.000,0:12:07.000 и илјадници луѓе се слеваа надолу по скалите. 0:12:07.000,0:12:09.000 Одеднаш додека се симнував по скалите 0:12:09.000,0:12:12.000 забележав дека имаше човек легнат на едната страна, 0:12:12.000,0:12:16.000 гол, неподвижен, а луѓето едноставно газеа врз него, 0:12:17.000,0:12:18.000 стотици и стотици луѓе. 0:12:19.000,0:12:22.000 И бидејќи мојот урбан транс беше донекаде ослабен, 0:12:23.000,0:12:26.000 застанав за да откријам што не е во ред. 0:12:27.000,0:12:29.000 Штом застанав, неколкумина други 0:12:30.000,0:12:31.000 веднаш го забележаа истиот човек. 0:12:32.000,0:12:34.000 Откривме дека тој беше Хиспано, не зборуваше англиски, 0:12:34.000,0:12:39.000 немаше пари, скитал по улиците со денови, гладувајќи, 0:12:39.000,0:12:40.000 и на крајот се онесвестил од глад. 0:12:40.000,0:12:42.000 Веднаш некој отиде и донесе сок од портокал, 0:12:42.000,0:12:44.000 некој донесе хотдог, некој доведе полицаец од метрото. 0:12:45.000,0:12:48.000 Човекот беше вратен на нозе веднаш. 0:12:48.000,0:12:52.000 Но за тоа беше потребен само еден мал чин на забележување. 0:12:53.000,0:12:54.000 и јас сум навистина оптимист. 0:12:54.000,0:12:55.000 Ви благодарам многу. 0:12:55.000,0:12:57.000 (Аплауз)