Ron Gutman: Скриената моќ на насмевката
-
0:00 - 0:03Кога бев дете, секогаш сакав да бидам супер херој.
-
0:03 - 0:06Сакав да го спасам светот и потоа сите да бидат среќни.
-
0:06 - 0:08Но знаев дека ќе ми треба супер моќ
-
0:08 - 0:10за да си ги остварам соништата.
-
0:10 - 0:13Често одев на имагинарни патувања
-
0:13 - 0:16за да најдам интергалактички објекти од планетата Криптон,
-
0:16 - 0:18што беше навистина забавно,
-
0:18 - 0:20но немав значителни резултати.
-
0:20 - 0:22Кога пораснав, и сфатив
-
0:22 - 0:25дека научната фантастика не беше добар извор за супер моќ,
-
0:25 - 0:28одлучив наместо тоа да тргнам на патување низ реалната наука,
-
0:28 - 0:30за да пронајдам покорисни факти.
-
0:30 - 0:33Патувањето го започнав во Калифорнија
-
0:33 - 0:36со продолжена 30-годишна студија на универзитетот Беркли
-
0:36 - 0:38која ги изучуваше фотографиите на студентите
-
0:38 - 0:40во годишниот алманах
-
0:40 - 0:42и се обидуваше да се измери нивниот успех
-
0:42 - 0:44низ нивниот живот.
-
0:44 - 0:46Со мерење на насмевките на студентите,
-
0:46 - 0:48истражувачите можеа да предвидат,
-
0:48 - 0:50колку исполнет и долготраен
-
0:50 - 0:53ќе биде бракот на испитаникот,
-
0:53 - 0:55колку добар резултат би направилa
-
0:55 - 0:57на општите тестови
-
0:57 - 1:00и колку инспиративна би била за другите.
-
1:01 - 1:04Во друг алманах, наидов на сликата на Бери Обама.
-
1:04 - 1:06Кога прв пат ја здогледав сликата,
-
1:06 - 1:09си помислив дека оваа супер моќ доаѓа од неговата супер крагна.
-
1:10 - 1:13Но сега знам дека сè било до неговата насмевка.
-
1:13 - 1:15Друг "аха!" момент
-
1:15 - 1:18имав во 2010 година на еден проект на Вејн Стејт Универзитетот
-
1:18 - 1:21кој ги испитуваше безбол сликичките од пред 1950 година
-
1:21 - 1:23од играчи од главната лига.
-
1:23 - 1:25Истражувачите открија
-
1:25 - 1:27дека должината на насмевката на играчот
-
1:27 - 1:30би можела да ја предвиди должината на неговиот живот.
-
1:30 - 1:33Играчите кои не се смееле на нивните слики
-
1:33 - 1:36живееле во просек само 72.9 години
-
1:36 - 1:38додека играчите со широки насмевки
-
1:38 - 1:41живееле во просек скоро 80 години.
-
1:41 - 1:43(Смеење)
-
1:43 - 1:46Добрата вест е дека ние сме родени насмеани.
-
1:46 - 1:48Со користење на технологија на ултразвук
-
1:48 - 1:51сега можеме да видиме дека бебињата се смеат,
-
1:51 - 1:53дури и во матката.
-
1:53 - 1:55Кога ќе се родат,
-
1:55 - 1:57тие продолжуваат да се смеат,
-
1:57 - 1:59на почетокот, најмногу додека спијат.
-
1:59 - 2:01Па дури и слепите бебиња се смеат
-
2:01 - 2:04на звукот на човечкиот глас.
-
2:04 - 2:07Смеењето е еден од најосновните, биолошки-униформни
-
2:07 - 2:09изрази на сите луѓе.
-
2:09 - 2:11Во студии спроведени во Папуа Нова Гвинеја,
-
2:11 - 2:13Пол Екман,
-
2:13 - 2:16светски најпознатиот истражувач на изрази на лицето,
-
2:16 - 2:19открил дека дури и членовите на племето Фори,
-
2:19 - 2:22кои целосно биле отсечени од Западниот свет,
-
2:22 - 2:26и исто така познати по своите невообичаени канибалистички ритуали,
-
2:26 - 2:29вклучувале насмевки во описот на ситуации
-
2:29 - 2:31на истиот начин на кој вие и јас би го правеле тоа.
-
2:31 - 2:34Така од Папуа Нова Гвинеја
-
2:34 - 2:36до Холивуд
-
2:36 - 2:39па сè до модерниот Пекинг,
-
2:39 - 2:41се смееме често,
-
2:41 - 2:43и се смеете за да изразите уживање
-
2:43 - 2:45и задоволство.
-
2:45 - 2:47Колкумина од луѓето овде во просторијава
-
2:47 - 2:49се смеат повеќе од 20 пати дневно?
-
2:49 - 2:52Подигнете рака доколку сте вие дел од нив.
-
2:52 - 2:54Надвор од просторијава,
-
2:54 - 2:57повеќе од една третина од нас се смеат повеќе од 20 пати дневно,
-
2:57 - 3:00додека 14 проценти од нас
-
3:00 - 3:02се смеат помалку од пет пати.
-
3:02 - 3:05Всушност, оние со најголемата супер моќ
-
3:05 - 3:08се всушност децата
-
3:08 - 3:11кои се смеат околу 400 пати дневно.
-
3:11 - 3:13Сте се запрашале зошто кога сте со деца
-
3:13 - 3:15кои се смеат многу често
-
3:15 - 3:18и вие се смеете повеќе?
-
3:19 - 3:21Една скорешна студија од Упсала Универзитетот во Шведска
-
3:21 - 3:24открила дека е многу тешко да се муртите
-
3:24 - 3:26додека гледате некој кој се смее.
-
3:26 - 3:28Ќе прашате, зошто?
-
3:28 - 3:30Бидејќи смеењето е еволутивно заразно однесување,
-
3:30 - 3:32и тоа ја намалува контролата
-
3:32 - 3:35која ние ја имаме на мускулите на лицето.
-
3:35 - 3:37Имитирањето на насмевка
-
3:37 - 3:39и покажувајќи ја само физички
-
3:39 - 3:43ни помага да дознаеме дали нашата насмевка е лажна или вистинска,
-
3:43 - 3:45за да можеме да ја разбереме емоционалната состојба
-
3:45 - 3:47на лицето кое се смее.
-
3:47 - 3:49Во една скорешна студија за имитирање
-
3:49 - 3:52на Универзитетот Клермонт-Феранд во Франција,
-
3:52 - 3:54испитаниците биле замолени да одредат
-
3:54 - 3:56дали насмевката била вистинска или лажна
-
3:56 - 3:58додека држеле молив во нивната уста
-
3:58 - 4:00за да ги поттиснат мускулите за смеење.
-
4:00 - 4:03Без моливот, испитаниците биле одлични во расудувањето,
-
4:03 - 4:05но со моливот во нивната уста,
-
4:05 - 4:08кога не можеле да ја имитираат насмевката која ја гледале,
-
4:08 - 4:10нивното расудување било влошено.
-
4:10 - 4:12(Смеење)
-
4:12 - 4:15Како дополнување на теоријата во развој на "Потеклото на видовите",
-
4:15 - 4:17Чарлс Дарвин исто така напишал
-
4:17 - 4:19теорија за реагирањето со лицето.
-
4:19 - 4:21Неговата теорија тврди
-
4:21 - 4:23дека чинот на смеење сам по себе
-
4:23 - 4:25нè прави да се чувствуваме подобро,
-
4:25 - 4:27а не дека смеењето е резултат
-
4:27 - 4:29на тоа што се чувствуваме добро.
-
4:29 - 4:31Во неговата студија,
-
4:31 - 4:34Дарвин всушност го цитира францускиот невролог, Гијом Дишен,
-
4:34 - 4:37кој користел електрични импулси на мускулите на лицето
-
4:37 - 4:39за да индуцира и стимулира насмевки.
-
4:39 - 4:41Ве молам, не го пробувајте ова дома.
-
4:41 - 4:43(Смеење)
-
4:43 - 4:45Во слична германска студија,
-
4:45 - 4:47истражувачите сликале со магнетна резонанција
-
4:47 - 4:49за да ја измерат мозочната активност
-
4:49 - 4:52пред и по инјектирањето ботокс
-
4:52 - 4:55за поттиснување на мускулите на лицето.
-
4:55 - 4:57Резултатите ја поддржале Дарвиновата теорија
-
4:57 - 4:59со покажување дека реакциите на лицето
-
4:59 - 5:01го менуваат нервното процесирање
-
5:01 - 5:03на емотивната содржина во мозокот
-
5:03 - 5:06на начин кој ни помага да се чувствуваме подобро кога се смееме.
-
5:07 - 5:09Смеењето го стимулира нашиот механизам за возвраќање
-
5:09 - 5:11на начин на кој дури и чоколадото,
-
5:11 - 5:14како добро познат извор на задоволство,
-
5:14 - 5:16не може да го направи тоа.
-
5:16 - 5:19Британските истражувачи откриле дека една насмевка
-
5:19 - 5:22може да поттикне исто ниво на мозочна стимулација
-
5:22 - 5:25која би се добила од 2.000 чоколади.
-
5:25 - 5:27(Смеење)
-
5:27 - 5:30Чекајте. Истата студија открила
-
5:30 - 5:32дека смеењето е исто стимулирачкo
-
5:32 - 5:37како да примите 16.000 фунти во готово.
-
5:37 - 5:39Тоа е како насмевка од 25.000 долари.
-
5:39 - 5:41Не е лошо.
-
5:41 - 5:43И размислувајте на следниот начин:
-
5:43 - 5:4525.000 помножено со 400 --
-
5:45 - 5:47прилично многу деца надвор од овде
-
5:47 - 5:50се чувствуваат како Марк Закерберг секој ден.
-
5:50 - 5:52И, за разлика од многу чоколадо,
-
5:52 - 5:55многу смеење може да ве направи и поздрави.
-
5:55 - 5:57Смеењето може да помогне да се намали нивото
-
5:57 - 5:59на хормоните кои се лачат при стрес
-
5:59 - 6:02како кортизол, адреналин и допамин,
-
6:02 - 6:04да се зголеми нивото на хормоните за добро расположение
-
6:04 - 6:06како ендорфинот
-
6:06 - 6:08и да се намали крвниот притисок.
-
6:08 - 6:10И доколку ова не е доволно,
-
6:10 - 6:12смеењето може да изгледа добро
-
6:12 - 6:14во очите на другите.
-
6:14 - 6:16Една скорешна студија од Пен Стејт Универзитетот
-
6:16 - 6:18откри дека кога се смеете
-
6:18 - 6:21не само што изгледате повеќе допадливи и почитувани,
-
6:21 - 6:25туку вие всушност изгледате многу покомпетентни.
-
6:25 - 6:27Секогаш кога сакате да изгледате одлично и компетентно,
-
6:27 - 6:29да го намалите стресот
-
6:29 - 6:31или да го подобрете вашиот брак,
-
6:31 - 6:34или да се чувствувате како штотуку да сте изеле еден куп чоколади,
-
6:34 - 6:37без да се грижите за калориската штета --
-
6:37 - 6:39или како да сте нашле 25.000 долари во џебот
-
6:39 - 6:42на старата јакна која не сте ја носеле со години,
-
6:42 - 6:46или секогаш кога сакате да добиете супер моќ
-
6:46 - 6:49која ќе ви помогне вас и на сите околу вас
-
6:49 - 6:52живејте подолго, поздрав, посреќен живот,
-
6:52 - 6:54смејте се.
-
6:54 - 7:05(Аплауз)
- Title:
- Ron Gutman: Скриената моќ на насмевката
- Speaker:
- Ron Gutman
- Description:
-
Ron Gutman анализира серија на истражувања за смеењето, и открива некои изненадувачки резултати. Дали знаевте дека смеењето може да биде показател за тоа колку долго ќе живете - и дека една едноставна насмевка има значителен ефект на вас како битие? Подгответе се да размрдате неколку мускули на лицето и да научите повеќе за овој битен детал од животот.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 07:06