"TED Prize" желбата на Џејми Оливер (Jamie Oliver): да го научи секое дете за храната
-
0:00 - 0:02За жал,
-
0:02 - 0:05во следните 18 минути додека зборувам
-
0:05 - 0:08четворица Американци
-
0:08 - 0:10ќе умрат
-
0:10 - 0:13од храната што ја јадат.
-
0:13 - 0:17Името ми е Џејми Оливер (Jamie Oliver). Имам 34 години.
-
0:17 - 0:19Од Есекс сум, во Англија
-
0:19 - 0:22и во последните седум години
-
0:22 - 0:25работам прилично напорно
-
0:25 - 0:28на тоа да спасам животи на свој начин.
-
0:28 - 0:30Не сум доктор.
-
0:30 - 0:32Јас сум готвач;
-
0:32 - 0:34немам скапа опрема
-
0:34 - 0:36или лекови
-
0:36 - 0:39Користам информации, образование.
-
0:39 - 0:42Длабоко сум уверен дека моќта на храната
-
0:42 - 0:45е примарно место во нашите домови
-
0:45 - 0:49кое не врзува за најдобрите делови од нашите животи.
-
0:51 - 0:53Живееме во ужасна,
-
0:53 - 0:57ужасна стварност во моментов.
-
0:58 - 1:01Америко, вие сте на врвот.
-
1:01 - 1:05Ова е една од најнездравите земји на светот.
-
1:05 - 1:07Можат ли, ве молам, да дигнат рака
-
1:07 - 1:10оние од вас кои имаат деца?
-
1:10 - 1:12Ве молам дигнете рака.
-
1:12 - 1:13Тетки, вујковци, продолжете...
-
1:13 - 1:16Подигнете раце. Тетки и тетиновци, исто така.
-
1:16 - 1:18Поголемиот број.ОК.
-
1:18 - 1:21Ние, возрасните од последните четири генерации
-
1:21 - 1:24на своите деца им ја подаривме судбината
-
1:24 - 1:26да имаат пократок животен век
-
1:26 - 1:29од своите родители.
-
1:29 - 1:32Вашето дете ќе живее живот десет години пократок
-
1:32 - 1:34од вашиот
-
1:34 - 1:37заради сликата за храната што околу нив ја имаме изградено.
-
1:37 - 1:40Две третини од луѓето во оваа просторија,
-
1:40 - 1:43денес во Америка, имаат прекумерна тежина или прекумерна дебелина.
-
1:43 - 1:46Вие сте во ред, но ќе дојдеме и до вас, не се грижите.
-
1:46 - 1:47(смеење)
-
1:47 - 1:48Ок?
-
1:48 - 1:51Статистиката за лошото здравје е јасна,
-
1:51 - 1:53многу јасна.
-
1:53 - 1:56Го поминуваме животот во параноја од смрт, убиства,
-
1:56 - 2:00сешто. Тоа е на насловните страни на сите весници, CNN.
-
2:00 - 2:03Погледнете, убиствата се на дното, боже.
-
2:03 - 2:04Гледате?
-
2:04 - 2:06(смеење)
-
2:06 - 2:11(аплауз)
-
2:11 - 2:13Секоја од овие црвени
-
2:13 - 2:15е болест поврзана со исхраната.
-
2:15 - 2:18Било кој доктор, специјалист ќе ви го каже тоа.
-
2:18 - 2:21Факт. Болестите кои се поврзани со исхраната се најголемиот убиец
-
2:21 - 2:24во Соединетите Држави, овој момент, денес.
-
2:27 - 2:29Тоа е глобален проблем.
-
2:29 - 2:31Тоа е катастрофа.
-
2:31 - 2:33Тоа го уништува светот.
-
2:33 - 2:35Англија е веднаш зад вас, по обичај.
-
2:35 - 2:39(смеење)
-
2:39 - 2:42Знаев дека се блиски, но не толку блиски.
-
2:42 - 2:44Потребна ни е револуција.
-
2:44 - 2:47Мексико, Австралија, Германија, Индија, Кина,
-
2:47 - 2:50сите имаат огромен проблем со дебелина и лошо здравје.
-
2:51 - 2:53Размислете за пушењето.
-
2:53 - 2:56Тоа денес чини многу помалку од борбата со дебелината.
-
2:56 - 2:59Дебелината изнесува кај вас Американците
-
2:59 - 3:0210% од вашето здравствено осугурување.
-
3:02 - 3:05150 милијарди долари годишно.
-
3:05 - 3:08За 10 години двојно ќе се зголеми.
-
3:08 - 3:10300 милијарди долари годишно.
-
3:10 - 3:13И да бидеме искрени, луѓе, вие немате толку пари.
-
3:13 - 3:16(смеење)
-
3:16 - 3:19Дојдов овде за да започнам прехрамбена револуција
-
3:19 - 3:22во која длабоко верувам.
-
3:22 - 3:25Таа ни е потребна. Сега е моментот.
-
3:25 - 3:27Се наоѓаме на пресвртницата.
-
3:27 - 3:29Ова го работам седум години.
-
3:29 - 3:31Во Америка се обидувам седум години.
-
3:31 - 3:34Сега е моментот кога е зрело - зрело за берба.
-
3:34 - 3:36Одев во центарот на случувањата.
-
3:36 - 3:39Отидов во Западна Вирџинија, најнездравата држава во Америка.
-
3:39 - 3:41Таква беше минатата година.
-
3:41 - 3:44Оваа година имаме нова, но на тоа ќе работиме следната сезона.
-
3:44 - 3:45(смеење)
-
3:45 - 3:46Хентингтон, Западна Вирџинија.
-
3:46 - 3:48Преубав град.
-
3:48 - 3:51Сакав луѓето, со срце и душа,
-
3:51 - 3:53вашата јавност,
-
3:53 - 3:55да ја сфатат статистиката на која толку
-
3:55 - 3:57сме навикнати.
-
3:57 - 4:00Сакам да ви претставам некои луѓе за кои се грижам.
-
4:00 - 4:01Ваши луѓе. Ваши деца.
-
4:01 - 4:04Сакам да ви покажам слика од мојата пријателка Британи.
-
4:04 - 4:06Таа има 16 години.
-
4:06 - 4:09И остануваат уште 6 години живот
-
4:09 - 4:12благодарејќи на храната што ја јаде.
-
4:12 - 4:15Таа е трета генерација на Американци
-
4:15 - 4:17што не израснала во амбиент каде,
-
4:17 - 4:19во училиште или дома, ги учат да готват.
-
4:19 - 4:22ниту нејзината мајка ни мајката на нејзината мајка.
-
4:22 - 4:25И остануваат уште 6 години живот.
-
4:25 - 4:27Таа си го јаде сопствениот црн дроб до смрт.
-
4:27 - 4:30Стејси, од семејството Едвардс.
-
4:30 - 4:32Ова е нормално семејство, луѓе.
-
4:32 - 4:35Стејси дава се од себе, но и таа е трета генерација;
-
4:35 - 4:37никогаш не ја учеле да готви, дома или на училиште.
-
4:37 - 4:39Тоа семејство е прекумерно дебело.
-
4:39 - 4:40Џастин, има 12 години.
-
4:40 - 4:41Има 175 кг.
-
4:41 - 4:43Го исмејуваат, Боже.
-
4:43 - 4:45Ќерката, Кејти, има 4 години.
-
4:45 - 4:48Таа е прекумерно дебела уште пред да тргне во основно училиште.
-
4:48 - 4:51Мариса. Таа е во ред. Таа е една од вас.
-
4:51 - 4:54Но знаете што? Нејзиниот татко, кој бил прекумерно дебел,
-
4:54 - 4:56и умрел на раце.
-
4:56 - 4:58И наскоро вториот најважен човек во нејзиниот живот,
-
4:58 - 5:01нејзиниот чичко, умрел од дебелина.
-
5:01 - 5:04Сега нејзиниот очув е прекумерно дебел.
-
5:04 - 5:06Видете, случајот со
-
5:06 - 5:08дебелината и болестите поврзани со исхраната
-
5:08 - 5:10е таков да не се повредуваат само луѓето кои боледуваат;
-
5:10 - 5:12туку и сите нивни пријатели, семејството,
-
5:12 - 5:14браќата, сестрите.
-
5:14 - 5:16Пасторот Стив.
-
5:16 - 5:20Инспиративен човек. Еден од моите први сојузници во Хантингон, во Западна Вирџинија.
-
5:20 - 5:24Тој е на самиот раб на овој проблем.
-
5:24 - 5:26Тој мора да ги закопува луѓето.
-
5:26 - 5:29И доста му е од тоа. Доста му е да ги закопува своите пријатели
-
5:29 - 5:31и семејството и заедницата.
-
5:31 - 5:35Со доаѓањето на зимата трипати повеќе луѓе умираат.
-
5:35 - 5:36Смачено му е од тоа.
-
5:36 - 5:39Ова е болест што може да се спречи. Отфрлање на животот.
-
5:39 - 5:42Инаку, во ова се закопуваат.
-
5:42 - 5:45Не сме спремни да го работиме ова.
-
5:45 - 5:48Неможат ни да се изнесат од вратата, сериозен сум.
-
5:48 - 5:50Неможат ни да ги помрднат. Користат вилушкар.
-
5:50 - 5:53Ок, го гледам тоа како триаголник, ок?
-
5:53 - 5:55Ова е слика од нашата храна.
-
5:55 - 5:56Важно ми е да разберете.
-
5:56 - 5:57Веројатно сето ова сте го чуле порано,
-
5:57 - 5:59но да повториме уште еднаш.
-
5:59 - 6:00Во последните 30 години,
-
6:00 - 6:02што е она што се случило што го искорнало срцето на оваа земја?
-
6:02 - 6:04Да бидеме директни и искрени.
-
6:04 - 6:07Па, модерен живот.
-
6:07 - 6:09Да почнеме со Главната улица.
-
6:09 - 6:12Брзата храна ја презема целата земја. Тоа го знаеме.
-
6:12 - 6:15Големите фирми се едни од најмоќните
-
6:15 - 6:17имаат големо влијание во оваа земја.
-
6:17 - 6:20Супермаркетите исто така.
-
6:20 - 6:22Големите компании. Големите компании.
-
6:22 - 6:25Пред 30 години поголемиот дел од храната
-
6:25 - 6:28била во главно локална и воглавно свежа.
-
6:28 - 6:31Сега е најчесто обработена и полна со секакви адитиви,
-
6:31 - 6:34додатни состојки и остатокот од приказната го знаете.
-
6:34 - 6:37Големината на порцијата очигледно е огромен, огромен проблем.
-
6:37 - 6:40Етикетите се огромен проблем.
-
6:40 - 6:43Етикетите во оваа земја се срамота.
-
6:43 - 6:47Тие сакаат сами да се регулираат.
-
6:47 - 6:50Индустријата сака да се контролира самата себеси.
-
6:50 - 6:53Што, во вакви околности? Тие тоа не го заслужуваат.
-
6:53 - 6:57Како можете да кажете дека нешто е диетално кога е преполно со шеќер?
-
6:57 - 6:59Домот.
-
7:00 - 7:02Најголемиот проблем со домот
-
7:02 - 7:04е што тој беше срце
-
7:04 - 7:07на учење за храната и култура на храната,
-
7:07 - 7:10што го формираше нашето друштво
-
7:10 - 7:11Тоа веќе не се случува.
-
7:11 - 7:14Знаете, како одиме на работа и нашиот живот се менува,
-
7:14 - 7:16и како животот секогаш еволуира,
-
7:16 - 7:18мораме на тоа да гледаме холистички--
-
7:18 - 7:20да дадеме чекор наназад и да ја провериме состојбата
-
7:20 - 7:23Тоа не се случува. Не се случува веќе 30 години.
-
7:23 - 7:26Сакам да ви ја покажам ситуацијата
-
7:26 - 7:29која е многу нормална
-
7:29 - 7:31моментално. Семејството Едвардс.
-
7:31 - 7:33(Видео) Џејми Оливер: Да поразговараме.
-
7:33 - 7:36Овие работи поминуваат низ твоето и телата на твоето семејство
-
7:36 - 7:38секоја недела.
-
7:38 - 7:44И мораш да знаеш дека ова ќе ги убие твоите деца.
-
7:44 - 7:46Како се чуствуваш?
-
7:46 - 7:49Стејси: Се чуствувам многу тажно и депримирано сега.
-
7:49 - 7:52Но, знаеш, сакам моите деца да успеат во животот,
-
7:52 - 7:55а ова нема да им помогне во тоа.
-
7:55 - 7:58Но јас ги убивам.
-
7:58 - 8:01ЏО: Да, ги убиваш. Така е.
-
8:01 - 8:04Но тоа можеме да го спречиме.
-
8:07 - 8:11Нормално. Да поминеме на училиштата,
-
8:11 - 8:14нешто за што прилично сум стручен.
-
8:14 - 8:16ОК. Училиште.
-
8:16 - 8:19Што е училиште? Кој го измислил? Која е целта на училиштето?
-
8:19 - 8:22Училиштето е секогаш правено за да не наоружа со алатите
-
8:22 - 8:25да бидеме креативни, да работиме фантастични работи,
-
8:25 - 8:28да научиме да заработиме за живот, итн, итн, итн.
-
8:28 - 8:31Знаете, училиштето е веќе долго, долго како таа некаква тесна кутија.
-
8:31 - 8:32ОК?
-
8:32 - 8:34Но ја немаме баш развиено
-
8:34 - 8:37за да излегува на крај со здравствените катастрофи на Америка, ок?
-
8:37 - 8:40Училишната храна е нешто
-
8:40 - 8:43што голем број на деца--поточно 31 милион дневно--
-
8:43 - 8:46го јадат два пати дневно, најчесто
-
8:46 - 8:49појадок и ручек, 180 денови годишно.
-
8:49 - 8:52Би можеле да кажеме дека училишната храна е прилично важна,
-
8:52 - 8:55судејќи спрема околностите.
-
8:55 - 8:58(смеење)
-
9:00 - 9:02Пред да почнам да бладам,
-
9:02 - 9:05што, сигурен сум, сите го чекате...
-
9:05 - 9:07(смеење)
-
9:07 - 9:10морам да кажам една работа, која е многу важна
-
9:10 - 9:13за, се надевам, магијата која ќе се случи и развива
-
9:13 - 9:14во следните три месеци.
-
9:14 - 9:18Готвачките на ручек во Америка...
-
9:18 - 9:21се нудам да бидам нивен амбасадор.
-
9:21 - 9:23Не велам дека се мрзливи.
-
9:23 - 9:25Тие работат најдобро што умеат
-
9:27 - 9:29Работат најдобро што знаат.
-
9:29 - 9:31Но тие го работат она што им се кажува,
-
9:31 - 9:34а она што им се кажува да го работат е погрешно.
-
9:34 - 9:37Со системот во главно го управуваат сметководители.
-
9:37 - 9:39Нема доволно, или воопшто нема,
-
9:39 - 9:41во таа работа луѓе кои знаат нешто за храната.
-
9:41 - 9:43Тука е проблемот.
-
9:43 - 9:45Ако не сте стручњак за храна и имате мал буџет
-
9:45 - 9:47кој само се смалува, тогаш не можете да бидете креативен,
-
9:47 - 9:50не можете да замачкате нешто и да напишете различни рецепти.
-
9:50 - 9:52Ако сте сметководител, работите со финансии,
-
9:52 - 9:55единствена работа која можете да ја направите во вакви околности
-
9:55 - 9:57е да купувате евтини срања.
-
9:57 - 9:59Е сега, вистина е
-
9:59 - 10:01дека храната што вашите деца ја јадат секој ден е брза храна,
-
10:01 - 10:03многу обработена,
-
10:03 - 10:05во која воопшто нема доволно свежа храна.
-
10:05 - 10:09Знаете, количината на адитивите, Е броевите, состојките за кои не би верувале..
-
10:09 - 10:12Воопшто нема доволно зеленчук. Помфритот се смета за зеленчук.
-
10:12 - 10:15Пица за појадок. Ни чинии не им даваат.
-
10:15 - 10:18Ножеви и вилушки? Не, премногу се опасни.
-
10:18 - 10:20Во училницата имаат ножици,
-
10:20 - 10:22но не и ножеви и вилушки, не.
-
10:22 - 10:24Јас на тоа гледам вака, ако немате ножеви и вилушки
-
10:24 - 10:27тогаш во потполност ја подржувате,
-
10:27 - 10:30на државно ниво, брзата храна. Затоа што се држи во рака.
-
10:30 - 10:32И да, инаку, тоа е брза храна. Тоа се сендвичи,
-
10:32 - 10:34хамбургери, виршли,
-
10:34 - 10:38пици, сите тие работи.
-
10:40 - 10:4310 проценти од она што го трошите на здравството, како што порано реков,
-
10:43 - 10:46оди во дебелина. И ќе се дуплира.
-
10:46 - 10:48Не ги учиме нашите деца.
-
10:48 - 10:50Не постои уставно право да ги учиме децата за храната,
-
10:50 - 10:52во основното или средното училиште. ОК?
-
10:52 - 10:54Не ги учиме децата за храната. Нели така?
-
10:54 - 10:56Ова е кратко видео од едно основно училиште,
-
10:56 - 10:58што е многу вообичаено во Англија.
-
11:01 - 11:03Видео: Кој знае што е ова?
-
11:03 - 11:06Дете: Компир. Џејми Оливер: Компир? Значи, ти мислиш дека е ова компир?
-
11:06 - 11:08Дали знаете што е ова?
-
11:08 - 11:10Знаете ли што е ова? Дете: Брокола?
-
11:10 - 11:12ЏО: А ова? Нашиот стар добар пријател.
-
11:12 - 11:14Знаеш ли што е ова срце? Дете: Целер.
-
11:14 - 11:17ЏО: Не. Што мислиш ти, што е ова? Дете: Лук. ЏО: Лук? Не.
-
11:17 - 11:20Џејми Оливер: Веднаш добивате многу јасна слика
-
11:20 - 11:23за тоа дали децата знаат нешто за тоа од каде доаѓа храната.
-
11:23 - 11:25Видео: ЏО: Кој знае што е ова? Дете: Хм, крушка.
-
11:25 - 11:27ЏО: Што мислиш ти, што е ова? Дете: Не знам.
-
11:27 - 11:29ЏО: Ако децата не знаат што се овие работи,
-
11:29 - 11:33тогаш никогаш нема да ги јадат.
-
11:33 - 11:34(смеење)
-
11:34 - 11:37ЏО: Нормално. Англија и Америка,
-
11:37 - 11:39Англија и Америка.
-
11:39 - 11:41Погодете како да го поправиме ова. Погодете како да го поправиме.
-
11:41 - 11:43Со две предавања од по еден саат.
-
11:44 - 11:46Мораме да почнеме да ги учиме нашите деца
-
11:46 - 11:49за храната во школите, точка.
-
11:49 - 11:54(аплауз)
-
11:54 - 11:56Сакам да ви раскажам нешто,
-
11:56 - 11:59сакам да ви раскажам нешто што на некој начин
-
11:59 - 12:02ја сумира оваа невоља во која се наоѓаме. Ок?
-
12:02 - 12:06Сакам да зборувам за нешто толку основно како што е млекото.
-
12:06 - 12:08Секое дете има право на млеко во училиштето.
-
12:08 - 12:11Вашите деца ќе пијат млеко во училиштето, за појадок и ручек. Така ли?
-
12:11 - 12:13Ќе испијат две чаши. Ок?
-
12:13 - 12:15И поголемиот број на деца и испиваат.
-
12:15 - 12:18Но млекото веќе не е доволно добро.
-
12:18 - 12:20Бидејќи некој во одборот за млеко - и немојте погрешно да ме разберете,
-
12:20 - 12:22јас го подржувам млекото, но некој во одборот за млеко
-
12:22 - 12:24веројатно му дал многу пари на некој помошник,
-
12:24 - 12:26кој смислил дека ако ставите куп вкус и боја
-
12:26 - 12:28и шеќер во млекото,
-
12:28 - 12:31децата повеќе ќе го пијат. Да.
-
12:31 - 12:32(аплауз)
-
12:32 - 12:34И сега очигледно тоа ќе продолжи.
-
12:34 - 12:36Одборот за јаболко ќе смисли
-
12:36 - 12:38дека ако направат јаболко со прегорен шеќер децата ќе јадат и повеќе јаболки.
-
12:38 - 12:40Разбирате што мислам?
-
12:40 - 12:43Спрема мене, нема потреба да се додаваат вкусови во млекото.
-
12:43 - 12:45Ок? Шеќерот го има во се.
-
12:45 - 12:47Знам што се оди во тие состојки.
-
12:47 - 12:50Тој се наоѓа во се. Дури ни млекото го нема избегнато
-
12:50 - 12:52овој вид на модерен проблем.
-
12:52 - 12:54Еве го нашето млеко. Овде е нашето пакување.
-
12:54 - 12:56Во тоа има скоро исто толку шеќер
-
12:56 - 12:58колку и во една од вашите омилени лименки газиран сок.
-
12:58 - 13:00А тие дневно пијат две.
-
13:00 - 13:02Дозволете да ви покажам.
-
13:02 - 13:06Имаме едно дете кое
-
13:06 - 13:11зема, гледате, 8 супени лажици шеќер дневно.
-
13:11 - 13:14Гледате, ова е за една недела.
-
13:14 - 13:17Ова е за еден месец.
-
13:17 - 13:19И овде ставив
-
13:19 - 13:22шеќер за пет години основно училиште,
-
13:25 - 13:27само од млекото.
-
13:30 - 13:32Не знам за вас,
-
13:32 - 13:35но судејќи по овие околности
-
13:35 - 13:37било кој судија од овој свет
-
13:37 - 13:40би ја погледнал статистиката и доказите
-
13:40 - 13:42и би ја обвинил секоја влада
-
13:42 - 13:44за злоставување на децата. Тоа го верувам јас.
-
13:44 - 13:53(аплауз)
-
13:53 - 13:56Сега, да сум дошол овде, а би сакал да сум можел да дојдам денес
-
13:56 - 13:59и да донесам лек за СИДА, или рак,
-
13:59 - 14:03вие би сте се тепале за да дојдете до мене.
-
14:03 - 14:06Можно е сите овие лоши вести да се спречат
-
14:06 - 14:08Тоа е добрата вест.
-
14:08 - 14:10Навистина е можно да се спречи.
-
14:10 - 14:13Да размислиме малку, имаме проблем овде
-
14:13 - 14:15потребно е да почнеме наново.
-
14:15 - 14:18Ок, значи во мојот свет, што би требало да направиме?
-
14:18 - 14:20Еве во што е работата.
-
14:20 - 14:22Не може да дојде само од еден извор.
-
14:22 - 14:25Да се почне од почеток и да се направи видлива промена,
-
14:25 - 14:28стварна промена, на тој начин за да можам да ве погледнам во очи
-
14:28 - 14:30и да кажам „ За 10 години,
-
14:30 - 14:32животите на вашите деца,
-
14:32 - 14:35среќата - и да не заборавиме, попаметни сте ако се храните здраво,
-
14:35 - 14:37знаете ќе живеете подолго,
-
14:37 - 14:39и сето тоа, сето ќе изгледа поинаку. ОК?“
-
14:39 - 14:42Значи, супермаркети.
-
14:42 - 14:44Каде што сеуште толку религиозно купувате?
-
14:44 - 14:46Од недела до недела.
-
14:46 - 14:49Колку пари трошите, во својот живот, во супермаркет?
-
14:49 - 14:52Ги обожавам. Тие ни зборуваат што сакаме. Во ред.
-
14:52 - 14:54Ни должат да стават амбасадор на храна
-
14:54 - 14:57во секој голем супермаркет.
-
14:57 - 15:00Мораат да ни помогнат во купувањето. Мораат да ни покажат како се готват
-
15:00 - 15:02брзи, вкусни, сезонски јадења
-
15:02 - 15:04за луѓе кои се зафатени.
-
15:04 - 15:06Тоа не е скапо.
-
15:06 - 15:08Во некои тоа го прават. И би требало да се направи во цела
-
15:08 - 15:11Америка наскоро и брзо.
-
15:11 - 15:14Големите фирми, знаете, ланците на храна
-
15:14 - 15:16би требало да воведат образование за храната
-
15:16 - 15:18во самото срце на своето работење.
-
15:18 - 15:20Знам, полесно е да се каже отколку да се направи.
-
15:20 - 15:22Тоа е иднината. Тоа е единствениот начин.
-
15:22 - 15:26Брза храна. Индустријата за брза храна
-
15:26 - 15:28е многу конкурентна.
-
15:28 - 15:30Имав многу тајни хартии и зделки
-
15:30 - 15:32со ресторантите за брза храна.
-
15:32 - 15:34Знам како го прават тоа.
-
15:34 - 15:36Мислам, не навлекоа
-
15:36 - 15:39на тие дози на шеќер, сол, масти, x, y и z.
-
15:39 - 15:41И сите ги сакаат. Зарем не?
-
15:41 - 15:44Така да, овие типови мораат да бидат дел од решението.
-
15:44 - 15:46Но мораме да ја наведеме владата да работи
-
15:46 - 15:49со сите снабдувачи на брза храна и ресторанската индустрија.
-
15:49 - 15:51И за пет, шест, седум години да не
-
15:51 - 15:54одвикнат од екстремните количини
-
15:54 - 15:57масти, шеќер и сите останати состојки кои не се храна.
-
15:57 - 16:00Сега, да се вратам на големите фирми, етикетите,
-
16:00 - 16:03претходно реков, тие се комплетна фарса
-
16:03 - 16:05и тоа мора да се среди.
-
16:05 - 16:08ОК, училиште.
-
16:08 - 16:10Очигледно, во училиштата сме должни
-
16:10 - 16:12да осигураме да тие 180 денови годишно
-
16:12 - 16:14почнувајќи од осетливата 4та година
-
16:14 - 16:16до 18, 20, 24, било до каде,
-
16:16 - 16:18мора да им се готви
-
16:18 - 16:21соодветна свежа храна
-
16:21 - 16:23од локалните добавувачи, ок?
-
16:23 - 16:25Ви требало да постои нов стандард за соодветна свежа храна
-
16:25 - 16:27за вашите деца. Зарем не?
-
16:27 - 16:32(аплауз)
-
16:32 - 16:35Под овие околности, исклучително е значајно
-
16:35 - 16:38да секое дете во Америка го заврши училиштето
-
16:38 - 16:40знаејќи да готви 10 рецепти
-
16:40 - 16:42кои ќе му го спасат животот.
-
16:42 - 16:44Животни вештини.
-
16:44 - 16:45(аплауз)
-
16:45 - 16:48Тоа значи да можат да бидат студенти, млади родители
-
16:48 - 16:51и да се способни да се снајдат
-
16:51 - 16:53со основите на готвењето,
-
16:53 - 16:55без разлика на тоа каква рецесија ќе ги зафати следниот пат. Ако знаете да готвите
-
16:55 - 16:57парите во рецесијата не се важни.
-
16:57 - 17:01Ако знаете да готвите, времето не е важно.
-
17:01 - 17:04Работно место. За тоа не разговаравме.
-
17:04 - 17:07Знаете, време е за корпоративна одговорност,
-
17:07 - 17:09навистина да погледаат со што ги хранат
-
17:09 - 17:11или што обезбедуваат за своите вработени.
-
17:11 - 17:15Вработените се мајките и татковците на американските деца.
-
17:15 - 17:17Мариса, нејзиниот татко и умрел на раце,
-
17:17 - 17:19мислам дека би била прилично среќна
-
17:19 - 17:22кога американските корпорации би почнале да ги хранат своите вработени како што треба.
-
17:22 - 17:24Никако не би смееле да бидат изоставени.
-
17:24 - 17:26Да се вратиме на домот.
-
17:26 - 17:28Гледате, ако сето ова го направиме, а можеме,
-
17:28 - 17:31може да се постигне. Можете да правите добро и да правите бизнис.
-
17:31 - 17:33Апсолутно.
-
17:33 - 17:35Но дома мора да почне учење
-
17:35 - 17:37да се вратиме на готвењето, тоа е сигурно.
-
17:37 - 17:39Се разбира, пренесувајте го тоа како филозофија.
-
17:39 - 17:41За мене тоа е прилично романтично.
-
17:41 - 17:43Но всушност ако една личност научи други тројца
-
17:43 - 17:45како да зготват нешто,
-
17:45 - 17:47и тие тројца што научиле да научат други тројца
-
17:47 - 17:49тоа треба да се повтори само 25 пати,
-
17:49 - 17:52за да се научи целиот американски народ.
-
17:52 - 17:55Романтично, да, но
-
17:55 - 17:56што е најважно,
-
17:56 - 17:59се работи за тоа да ги наведеме луѓето да разберат
-
17:59 - 18:01дека секој ваш индивидуален напор
-
18:01 - 18:02помага.
-
18:02 - 18:05Мораме да го вратиме изгубеното.
-
18:05 - 18:09"Huntington Kitchen", Хантингтон, каде ја работев оваа програма,
-
18:09 - 18:10знаете имаме програма во ударниот термин која се надевам дека ќе
-
18:10 - 18:13ги инспирира луѓето на оваа промена.
-
18:13 - 18:15Искрено верувам дека ќе дојде до промена.
-
18:15 - 18:17"Huntington Kitchen". Јас работам со заедницата.
-
18:17 - 18:21Работев во училишта. Пронајдов локално одржливо финансирање
-
18:21 - 18:24да секое училиште од околината прејде
-
18:24 - 18:26од брза на свежа храна.
-
18:26 - 18:286.500 по училиште.
-
18:28 - 18:29(аплауз)
-
18:29 - 18:32Само тоа е потребно. 6.500 долари по училиште.
-
18:32 - 18:34Кујната е 25 илјади месечно. Ок?
-
18:34 - 18:38Ова можат да го работат 5000 луѓе годишно,
-
18:38 - 18:39што е 10 % од нивното население.
-
18:39 - 18:41Луѓето ги учат другите луѓе.
-
18:41 - 18:43Знаете, локалните готвачи ги учат локалните луѓе.
-
18:43 - 18:48Бесплатни часови за готвење, луѓе бесплатни часови за готвење на главната улица.
-
18:48 - 18:52Тоа е права, промена што се чуствува, права промена што се чуствува.
-
18:52 - 18:55Ширум Америка, ако погледнеме,
-
18:55 - 18:58се случуваат многу убави работи.
-
18:58 - 19:00Многу убави работи се случуваат. Постојат ангели
-
19:00 - 19:03ширум Америка кои работат одлични работи
-
19:03 - 19:06во училиштата, организираните фарми,
-
19:06 - 19:09организираните градини, во образованието.
-
19:09 - 19:11Постојат исклучителни луѓе кои тоа веќе го работат.
-
19:11 - 19:13Проблемот е што сите тие сакаат да го прошираат она што го работат
-
19:13 - 19:15на следното училиште, па на следното.
-
19:15 - 19:17Но нема пари.
-
19:17 - 19:21Мораме брзо да ги препознаеме стручњаците и ангелите
-
19:21 - 19:24да ги идентификуваме и да им овозможиме лесно да пронајдат извори
-
19:24 - 19:26како би го продолжиле она што веќе го работат
-
19:26 - 19:28и што добро го работат.
-
19:28 - 19:30Фирмите во Америка би требало да ја поддржат
-
19:30 - 19:33г-ѓа Обама да ги направи работите што сака да ги направи.
-
19:33 - 19:39(аплауз)
-
19:39 - 19:41Погледнете, знам дека е чудно
-
19:41 - 19:44што Англичанец стои овде пред вас
-
19:44 - 19:46и зборува за ова.
-
19:46 - 19:49Јас можам да кажам дека се грижам. Јас сум татко.
-
19:49 - 19:51И ја сакам оваа земја.
-
19:51 - 19:54И верувам, искрено, навистина,
-
19:54 - 19:57дека доколку е можно да се направи промена во оваа земја,
-
19:57 - 19:59преубави работи ќе се случат ширум светот. Ако Америка го направи тоа
-
19:59 - 20:01верувам дека другите луѓе ќе ја пратат.
-
20:01 - 20:03Тоа е исклучително важно.
-
20:03 - 20:10(аплауз)
-
20:10 - 20:12Кога бев во Хантингтон и се обидував да направам да профункциоринам некои работи
-
20:12 - 20:15кои не функционираа, помислував на тоа што би направил
-
20:18 - 20:20кога би имал магично стапче? И знаете што сум помислил?
-
20:20 - 20:24Ви сакал да се најдам пред некои од неверојатните
-
20:24 - 20:26моќници и влијателни луѓе во Америка.
-
20:26 - 20:31Месец дена подоцна, ме повикаа од ТЕД и ми ја дадоа оваа награда.
-
20:31 - 20:33Овде сум.
-
20:35 - 20:37Значи, ова е мојата желба.
-
20:41 - 20:43Дислексичен сум, па сум малку спор.
-
20:48 - 20:50Мојата желба
-
20:50 - 20:52е да го помогнете формирањето на
-
20:52 - 20:54едно силно и одржливо движење
-
20:54 - 20:58за да се образува секое дете
-
20:58 - 21:00за храната,
-
21:00 - 21:03да ги инспирирате семејствата повторно да готват,
-
21:03 - 21:07и да ги охрабрите луѓето од целиот свет
-
21:07 - 21:09да се борат против дебелината.
-
21:09 - 21:19(аплауз)
-
21:19 - 21:21Ви благодарам.
-
21:21 - 21:30(аплауз)
- Title:
- "TED Prize" желбата на Џејми Оливер (Jamie Oliver): да го научи секое дете за храната
- Speaker:
- Jamie Oliver
- Description:
-
more » « less
Делејќи ги своите силни приказни од проекти против дебелината од Хантингтон, Западна Вирџинија, добитник на TED Prize (награда ТЕД) Џејми Оливер ги објаснува причините за потполн напад врз нашето незнаење за храната
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 21:37