< Return to Video

Анатомија на неврон

  • 0:00 - 0:05
    Можеме да имаме дебата околу тоа која клетка е најинтересна во човековото тело
  • 0:05 - 0:09
    но несомнено сметам дека невронот би бил во првите пет,
  • 0:09 - 0:12
    и не само поради тоа што клетката сама по себе е занимлива.
  • 0:12 - 0:15
    Фактот дека суштински го сочинува нашиот мозок и нашиот
  • 0:15 - 0:17
    нервен систем, и е одговорен за мислите
  • 0:17 - 0:22
    и нашите чувства и можеби за целосната наша сфера на свест,
  • 0:22 - 0:25
    милам дека поради тоа би била меѓу најинтересните.
  • 0:25 - 0:28
    Сега најпрвин би сакал да ви покажам како изледа еден неврон.
  • 0:28 - 0:30
    И секако, ова е идеален пример.
  • 0:30 - 0:32
    Сите неврони не личат на овој.
  • 0:32 - 0:33
    И сега ние ќе позборуваме малку за тоа како си
  • 0:33 - 0:38
    извршува функција, која во суштина е комуникација,
  • 0:38 - 0:41
    пренесување на сигнали по неговата должина,
  • 0:41 - 0:43
    зависно од сигналот што го добива.
  • 0:43 - 0:48
    И ако јас треба да нацртам неврон - да си одберам подобра боја.
  • 0:51 - 0:52
    Да кажеме дека јас имам неврон.
  • 0:52 - 0:53
    Личи нешто на ова.
  • 0:53 - 0:58
    Во средината ја имате вашата сома (тело) и од сомата -
  • 0:58 - 1:01
    дозволете да го нацртам јадрото.
  • 1:01 - 1:03
    Ова е јадро, како јадрото на било која друга клетка.
  • 1:03 - 1:07
    И тогаш сомата се смета за телото на невронот и
  • 1:07 - 1:10
    невронот ги има овие ствари кои штрчат од него
  • 1:10 - 1:14
    и продолжуваат да се разгрануваат.
  • 1:14 - 1:16
    Можеби тие личат на ова.
  • 1:16 - 1:19
    Не сакам да потрошам премногу време само цртајќи го невронот,
  • 1:19 - 1:24
    но вие најверојатно сте виделе цртежи како овој претходно.
  • 1:24 - 1:28
    И овие се гранат од сомата на невронот, надвор од неговото тело,
  • 1:28 - 1:32
    тие се нарекуваат дендрити.
  • 1:32 - 1:34
    Тие можам да се делат така.
  • 1:34 - 1:37
    Сакам да направам релативно јасна шема
  • 1:37 - 1:39
    и ќе посветам малце време на тоа.
  • 1:43 - 1:46
    Тие овдека, тие се дендритите.
  • 1:46 - 1:50
    И овие сакаат да бидат - ништо не е никогаш случај во биологијата.
  • 1:51 - 1:53
    Понекогаш различни делови на различни клетки извршуваат различни функции,
  • 1:53 - 1:58
    но овие се местата каде што невронот го добива неговиот сигнал.
  • 1:58 - 2:01
    Ние ќе збориме повеќе околу тоа што значи да добие и
  • 2:01 - 2:05
    пренесе сигнал во ова видео и веројатно во наредните неколку
  • 2:05 - 2:10
    Ова е местото каде што го добива сигналот.
  • 2:10 - 2:11
    И ова е дендритот.
  • 2:11 - 2:14
    Тука е сомата. “Somа“ значи тело.
  • 2:14 - 2:17
    Ова е телото на невронот.
  • 2:18 - 2:23
    И тука имаме нешто налик на - можете да го гледате како опаш на невронот.
  • 2:23 - 2:24
    Се вика аксон.
  • 2:26 - 2:30
    Невронот може да биде нормална по величина клетка, иако
  • 2:30 - 2:33
    има огромен распон, но и аксоните може да бидат долги.
  • 2:33 - 2:34
    Може да бидат кратки.
  • 2:34 - 2:37
    Некогаш во мозокот можете да имате многу кратки аксони,
  • 2:37 - 2:40
    но исто така може да имате аксони кои се простираат по рбетниот столб или
  • 2:40 - 2:42
    да се протегаат низ вашите екстремитети - или пак ако збориме
  • 2:42 - 2:44
    за еден од екстремитетите на диносаурусот.
  • 2:44 - 2:47
    Всушност аксонот може да се протега неколку педи.
  • 2:47 - 2:49
    Не сите аксони се толку долги,
  • 2:49 - 2:50
    но можат да бидат.
  • 2:50 - 2:55
    И ова е всушност каде што најголемиот дел од дистанцата ја поминува сигналот.
  • 2:55 - 2:58
    Дозволете да нацртам аксон.
  • 2:58 - 3:02
    Аксонот би изгледал некако вака.
  • 3:02 - 3:06
    И на крајот, прекинува со аксонскиот завршеток
  • 3:06 - 3:12
    каде што може да се поврзе со други дендрити или можеби со други видови на ткива или мускули
  • 3:12 - 3:15
    ако целта на овој неврон е да му каже на мускулот да направи нешто.
  • 3:15 - 3:20
    На прекинот на аксонот, имате аксонски завршеток точно тука.
  • 3:20 - 3:22
    Ќе се обидам да го нацртам најдобро што можам.
  • 3:22 - 3:23
    Сега да го обележам.
  • 3:23 - 3:25
    Ова е аксонот.
  • 3:25 - 3:30
    Ова е аксонскиот завршеток.
  • 3:30 - 3:33
    И понекогаш ќе го чуете зборот -
  • 3:33 - 3:37
    местото каде што сомата или телото на невронот се поврзува за аксонот
  • 3:37 - 3:39
    е често нарекувано аксонско брегче -
  • 3:39 - 3:41
    можеби вие ќе гледате на ова како налик на грутка.
  • 3:41 - 3:47
    Почнува од аксонот. Ова е аксонското брегче
  • 3:47 - 3:55
    И тогаш ќе збориме за тоа како импулсот патува.
  • 3:55 - 3:59
    И голем дел од тоа што им дозволува да се пренесат ефикасно се
  • 3:59 - 4:04
    овие изолаторски клетки околу аксонот.
  • 4:05 - 4:07
    Ќе збориме за ова детално
  • 4:07 - 4:11
    и како всушност работата, но добро е најпрвин да ја имаме анатомската структура.
  • 4:11 - 4:17
    Овие се нарекуваат Шванови клетки и
  • 4:18 - 4:20
    тие покриваат - тие ја создаваат миелинската обвивка.
  • 4:20 - 4:24
    Оваа покривка, оваа изолација, на различни интервали околу аксонот,
  • 4:25 - 4:27
    ова се нарекува миелинска обвивка.
  • 4:27 - 4:30
    Значи Швановите клетки ја прават миелинската обвивка.
  • 4:30 - 4:32
    Ќе направам уште едно како тоа.
  • 4:32 - 4:40
    Ќе кажам Швановите клетки или миелинската обвивка
  • 4:41 - 4:43
    и овие тесни простори меѓу миелинската обвивка -
  • 4:43 - 4:46
    само за да ја имаме целата терминологија
  • 4:46 - 4:50
    - за да можеме да ја знаеме вкупната анатомија на невронот -
  • 4:50 - 4:56
    тие се викаат Ранвиерови стеснувања.
  • 4:57 - 4:58
    Претпоставувам дека се именувани по Ранвиер.
  • 4:58 - 5:00
    Можеби тој бил дечкото кој видел и забележал
  • 5:00 - 5:03
    дека тие содржат мали стеснувања тука каде што немате муелинска обвивка.
  • 5:03 - 5:05
    Овие се Ранвиеровите стеснувања.
  • 5:05 - 5:10
    Идеата е, како што напоменав, дека добивате сигнал тула.
  • 5:10 - 5:11
    Ќе збориме повеќе околу тоа што значи сигналот - и
  • 5:11 - 5:14
    каде сигнало стига - впрочем, сигналите може да бидат собрани
  • 5:14 - 5:17
    и така да имате малечок сигнал точно тука,
  • 5:17 - 5:19
    уште еден сигнал тамѕ, и тогаш може да добиете
  • 5:19 - 5:21
    поголем сигнал тука и таму -
  • 5:22 - 5:26
    и комбинираниот ефект од овие сигнали се сумира
  • 5:26 - 5:30
    и тие патуваат до брегчето и доколу се доволно големи,
  • 5:30 - 5:35
    тие ќе започнат акциски потенцијал по аксонот,
  • 5:35 - 5:38
    кој ќе предизвика сигналот да пропатува низ аксонот
  • 5:38 - 5:44
    и тогаш овдека може да биде поврзан преку синапси со останати дендрити или мускули.
  • 5:44 - 5:48
    И ќе збориме повеќе за синаспи - и самите тие можно е да поттикнуваат други работи.
  • 5:48 - 5:50
    И се прашувате, што ги предизвикува овие работи?
  • 5:50 - 5:56
    Епа, ова може да биде завршетокот на нечив невронски аксон како во мозокот.
  • 5:57 - 5:59
    Ова може да биде вид на сензорен неврон.
  • 5:59 - 6:02
    Ова може да биде на вкусна папила некаде, и молекула на сол
  • 6:02 - 6:08
    може да го потикне или молекула на сахариди - или ова може да биде некаков стрес-сензор.
  • 6:08 - 6:09
    Може да биде цел куп на различни работи
  • 6:09 - 6:15
    и ќе збориме повеќе за различните видови на неврони.
Title:
Анатомија на неврон
Description:

Вовед во невронот и неговата анатомија

more » « less
Video Language:
English
Duration:
06:13
DraganC added a translation

Macedonian subtitles

Revisions