Марк Рот: Одложената анимација е на дофат на рака
-
0:01 - 0:04Денес ќе зборувам со вас за мојата работа со одложената анимација.
-
0:04 - 0:07Обично кога ќе спомнам одложена анимација,
-
0:07 - 0:10луѓето ќе ми го покажат Вулканскиот знак и ќе се изнасмејат.
-
0:10 - 0:14Но сега, не зборувам за замрзнување на луѓето
-
0:14 - 0:17за да можат да одлетаат до Марс или дури до Пандора,
-
0:17 - 0:19колку интересно и да звучи тоа.
-
0:19 - 0:22Зборувам за
-
0:22 - 0:25концептот на користење одложена анимација
-
0:25 - 0:28за да им се помогне на луѓето во траума.
-
0:28 - 0:30Па, што мислам
-
0:30 - 0:33кога велам, "одложена анимација"?
-
0:33 - 0:36Тоа е процесот со кој
-
0:36 - 0:39животните де-анимираат,
-
0:40 - 0:42изгледаат мртви,
-
0:42 - 0:45и потоа можат повторно да се разбудат без да бидат повредени.
-
0:45 - 0:49Во ред, еве ја големата идеја.
-
0:49 - 0:52Ако ја погледнете природата,
-
0:52 - 0:54ќе откриете дека
-
0:54 - 0:57како што сте склони кон забележување на одложената анимација
-
0:57 - 1:01склони сте кон гледање на бессмртност.
-
1:01 - 1:04Па затоа, она што ќе ви го кажам
-
1:04 - 1:09е начин да и се укаже на личност која е во траума --
-
1:09 - 1:12да се изнајде начин малку да се де-анимира
-
1:12 - 1:14и да постане малку повеќе бессмртна
-
1:14 - 1:16кога ќе го има тој срцев удар.
-
1:16 - 1:19Пример за неколку организми
-
1:19 - 1:22кои се чини дека се бессмртни,
-
1:22 - 1:24би биле семињата на растенијата
-
1:24 - 1:26или бактериските спори.
-
1:26 - 1:28Овие суштества се
-
1:28 - 1:31неколку од најбессмртните животни форми на нашата планета,
-
1:31 - 1:34и тие се склони кон поминување на поголемиот дел од нивното време
-
1:34 - 1:37во одложена анимација.
-
1:37 - 1:40Бактериските спори од страна на научниците сега се смета
-
1:40 - 1:42дека постојат како индивидуални клетки
-
1:42 - 1:45кои се живи, но во одложена анимација
-
1:45 - 1:48понекогаш и по 250 милиони години.
-
1:48 - 1:53Да се предложи сево ова за вака мали, ситни суштества
-
1:53 - 1:55- би сакал да го приближам ова и кон нас.
-
1:55 - 1:58Во бессмртната линија на основни клетки
-
1:58 - 2:00на човечките суштества,
-
2:00 - 2:03тоа се јајце-клетките кои се присутни во јајниците,
-
2:03 - 2:07тие всушност постојат таму во состојба на одложена анимација
-
2:07 - 2:10до 50 години од животот на секоја жена.
-
2:11 - 2:14Исто така, тука е и мојот омилен пример
-
2:14 - 2:16за одложена анимација.
-
2:16 - 2:18Тоа се морските мајмунчиња.
-
2:18 - 2:20Вие што имате деца,
-
2:20 - 2:22сте запознаени со нив.
-
2:22 - 2:24Одите во пет-шоп или продавница за играчки,
-
2:24 - 2:26и можете да ги купите овие нешта.
-
2:26 - 2:28Само ја отворате кесата, ги истурате во
-
2:28 - 2:30пластичниот аквариум,
-
2:30 - 2:33и за околу една недела, ќе имате мали ракчиња кои пливаат наоколу.
-
2:33 - 2:36Па, јас не бев толку заинтересиран во пливањето.
-
2:36 - 2:39Бев заинтересиран за тоа што се случува во кесата,
-
2:39 - 2:41кесата на полицата во продавницата
-
2:41 - 2:43каде што тие ракчиња седеле
-
2:43 - 2:46неодредено време во одложена анимација.
-
2:46 - 2:51Значи овие идеи за одложена анимација
-
2:51 - 2:54не се само за клетки и чудни, мали организми.
-
2:54 - 2:56Честопати човечки суштества
-
2:56 - 2:58се де-анимирани за кратко,
-
2:58 - 3:01и приказните за луѓе кои биле за кратко време де-анимирани
-
3:01 - 3:03кои најмногу ме интересираат
-
3:03 - 3:05се оние кои имаат врска со студеното.
-
3:05 - 3:08Пред 10 години, имаше скијачка во Норвешка
-
3:08 - 3:11којашто беше заглавена во леден водопад.
-
3:11 - 3:14И таа останала таму два часа, пред да успеат да ја извлечат.
-
3:14 - 3:16Таа била екстремно студена,
-
3:16 - 3:18и немала срцев ритам.
-
3:18 - 3:20По сите критериуми, таа била мртва, смрзната.
-
3:20 - 3:23По седум часа
-
3:23 - 3:25сеуште без срцев ритам,
-
3:25 - 3:27ја вратиле назад во живот, и таа успеа да стане
-
3:27 - 3:29главен радиолог
-
3:29 - 3:31во болницата којашто ја излечила.
-
3:31 - 3:33Неколку години подоцна --
-
3:33 - 3:35значи навистина се возбудувам за овие работи --
-
3:35 - 3:37неколку години подоцна,
-
3:37 - 3:40имаше 13-месечно бебе, таа беше од Канада.
-
3:40 - 3:42Нејзиниот татко излегол надвор за време на зимата: тој работел во ноќна смена,
-
3:42 - 3:45и го следела надвор во ништо друго освен пелена.
-
3:45 - 3:47Ја пронајдоа неколку часа подоцна
-
3:47 - 3:49смрзната и безживотна.
-
3:49 - 3:51И ја вратија назад во живот.
-
3:51 - 3:53Имаше случај на 65-годишна жена
-
3:53 - 3:55минатата година во Дулут, Минесота
-
3:55 - 3:57којашто беше пронајдена смрзната и без пулс
-
3:57 - 4:00во нејзиниот двор едно зимско утро
-
4:00 - 4:02и ја вратија назад во живот.
-
4:02 - 4:04Следниот ден, таа се осеќала толку добро, што лекарите сакале да извршат повеќе тестирања врз неа.
-
4:04 - 4:06Нејзе и се здосадило, се намуртила и отишла дома.
-
4:06 - 4:08(Смеа)
-
4:08 - 4:10Значи, ова се чуда, така.
-
4:10 - 4:13Овие случувања навистина се чуда.
-
4:13 - 4:15Докторите имаат изрека
-
4:15 - 4:18дека, всушност, не си мртов додека не си топол и мртов.
-
4:18 - 4:21И точно е. Точно е.
-
4:21 - 4:23Во Њу Ингланд Журналот за Медицина,
-
4:23 - 4:25имаше објавено истражување кое покажа
-
4:25 - 4:27дека со прикладното затоплување,
-
4:27 - 4:30луѓето кои останале без срцев ритам и до три часа,
-
4:30 - 4:33можат да бидат вратени во живот без никакви невролошки проблеми.
-
4:33 - 4:35Тоа е во преку 50 проценти.
-
4:35 - 4:38Тоа што сакав да го направам е да изнајдам начин
-
4:38 - 4:40на којшто би можеле да ја проучиме
-
4:40 - 4:42одложената анимација
-
4:42 - 4:44да се измисли начин
-
4:44 - 4:46да го репродуцираме, можеби
-
4:46 - 4:48тоа што и се случи на скијачката.
-
4:48 - 4:50Па, морам да ви кажам нешто навистина необично,
-
4:50 - 4:53а тоа е дека изложеноста на ниско ниво на кислород
-
4:53 - 4:56не секогаш убива.
-
4:56 - 4:59Значи, во собава има 20 проценти на кислород, или така нешто.
-
4:59 - 5:01И ако ја намалиме концентрацијата на кислородот,
-
5:01 - 5:03сите ќе бидеме мртви.
-
5:03 - 5:06И, фактички, животните со коишто работевме во лабораторијата,
-
5:06 - 5:08овие мали градински црви, нематоди,
-
5:08 - 5:11тие исто така беа мртви кога ги изложивме на ниско ниво на кислород.
-
5:11 - 5:13И следува нештото што ќе ве изненади.
-
5:13 - 5:16А тоа е дека, кога ја намаливме концентрацијата уште повеќе
-
5:16 - 5:20за 100 пати, на 10 дела од милион,
-
5:20 - 5:22тие не беа мртви,
-
5:22 - 5:24тие беа во одложена анимација,
-
5:24 - 5:27и ние можевме да ги вратиме во живот без никаква последица.
-
5:28 - 5:30И оваа точна концентрација на кислород,
-
5:30 - 5:3210 дела на милион,
-
5:32 - 5:34која што ја предизвика забавената анимација,
-
5:34 - 5:36е зачувана.
-
5:36 - 5:38Може да ја видиме во разни видови организми.
-
5:38 - 5:40Едно од суштествата кајшто може да се види ова
-
5:40 - 5:42е рибата.
-
5:42 - 5:45Можеме да и го вклучуваме и исклучуваме срцето со излегувањето
-
5:45 - 5:48и враќањето во одложена анимација како со прекинувач за светло.
-
5:48 - 5:51Па ова беше доста шокирачко за мене,
-
5:53 - 5:55дека ние можеме да го направиме ова.
-
5:55 - 5:57И така се прашував, кога се обидувавме
-
5:57 - 5:59да ја репродуцираме ситуацијата со скијачката,
-
5:59 - 6:02забележавме дека, секако
-
6:02 - 6:04таа воопшто не вдишувала кислород,
-
6:04 - 6:07и можеби беше во некаква слична состојба на одложена анимација.
-
6:07 - 6:09Но, секако, таа беше исто така екстремно студена.
-
6:09 - 6:11Па се запрашавме што би се случило
-
6:11 - 6:13ако ги земеме нашите де-анимирани животни и ги изложиме на студ.
-
6:13 - 6:15И така, тоа што го откривме
-
6:15 - 6:17беше дека, ако се земат животни
-
6:17 - 6:19кои се анимирани како вас и како мене,
-
6:19 - 6:22и се смрзнат -- значи, ова беа градинските црви --
-
6:22 - 6:24сега тие се мртви.
-
6:24 - 6:26Но ако ги имаме во суспендирана, одложена анимација,
-
6:26 - 6:29и ги пренесеме на студено, тие се живи.
-
6:29 - 6:31И ова е важното нешто овде:
-
6:31 - 6:33ако сакате да го преживеете студеното,
-
6:33 - 6:35треба да бидете суспендирани. Така?
-
6:35 - 6:37Тоа е навистина добро нешто.
-
6:38 - 6:40Па така, размислувавме за тоа,
-
6:40 - 6:42за оваа врска меѓу овие нешта,
-
6:42 - 6:45и размислувавме за тоа дали ова е тоа што се случило со скијачката.
-
6:45 - 6:48Па се запрашавме: дали можеби постои некој агенс
-
6:48 - 6:50што е во нас, нешто што самите го произведуваме
-
6:50 - 6:53со кој би можеле да ја регулираме сопствената метаболичка флексибилност
-
6:53 - 6:55на таков начин што би можеле да преживееме
-
6:55 - 6:58ако сме целосно замрзнати, а во спротивно би починале.
-
6:59 - 7:02Мислев дека би било интересно на некој начин да почнеме да ловиме вакви нешта.
-
7:02 - 7:04Знаете?
-
7:04 - 7:07Треба да споменам на кратко
-
7:07 - 7:10дека учебниците по физиологија кои можете да ги прочитате
-
7:10 - 7:13ќе ви кажат дека ова е доста еретички предлог.
-
7:13 - 7:16Имаме, од времето кога сме плеснати по задникот
-
7:16 - 7:18до нашиот последен здив --
-
7:18 - 7:20тоа е од кога сме новороденчиња до кога ќе сме мртви --
-
7:20 - 7:22метаболизам кој неможе да се забави
-
7:22 - 7:24под тоа што се нарекува стандардна,
-
7:24 - 7:26или базална метаболичка брзина.
-
7:27 - 7:29Но знаев дека има примери
-
7:29 - 7:31на суштества, исто така цицачи,
-
7:31 - 7:33кои успеваат да ја намалат својата метаболичка брзина
-
7:33 - 7:35како што се верверичките и мечките.
-
7:35 - 7:37Тие го забавуваат својот метаболизам
-
7:37 - 7:39во зимата кога хибернираат.
-
7:39 - 7:42Па се запрашав: дали би можеле да најдеме агенс или предизвикувач
-
7:42 - 7:45кој би можел да индуцира таква состојба кај нас?
-
7:45 - 7:48Па така, тргнавме во потрага по вакви нешта.
-
7:48 - 7:51И ова беше периодот во кој доживеавме голем неуспех.
-
7:51 - 7:53Кен Робинсон е тука. Тој зборуваше за славата на неуспехот.
-
7:53 - 7:55Па, ние имавме многу од тоа.
-
7:55 - 7:57Се обидовме со многу различни хемикалии и агенси,
-
7:57 - 8:00и се разочарувавме повторно и повторно.
-
8:00 - 8:02Така, еднаш, кога бев дома
-
8:02 - 8:04и гледав телевизија
-
8:04 - 8:08додека мојата жена го заспиваше нашето дете,
-
8:08 - 8:10јас гледав телевизиско шоу.
-
8:10 - 8:12Беше тв емисија --
-
8:12 - 8:15беше NOVA шоуто на PBS --
-
8:15 - 8:17за пештерите во Ново Мексико.
-
8:17 - 8:19Пештерата за која стануваше збор беше Лечугија,
-
8:19 - 8:22и оваа пештера е неверојатно отровна за луѓето.
-
8:22 - 8:24Истражувачите мораа да носат специјални костими само за да влезат во неа.
-
8:24 - 8:26Таа е исполнета со токсичниот гас
-
8:26 - 8:28водород сулфид.
-
8:28 - 8:32Сега, хидроген сулфидот е, занимливо, присутен во сите нас.
-
8:32 - 8:34Ние самите го произведуваме.
-
8:34 - 8:37Најголемата концентрација е во нашите мозоци.
-
8:37 - 8:39Да, беше користен
-
8:39 - 8:42како хемиско оружје во Втората Светска Војна.
-
8:44 - 8:46Тоа е неверојатно отровно нешто.
-
8:46 - 8:48Всушност, во хемиските несреќи,
-
8:48 - 8:52водород сулфидот е познат дека --
-
8:52 - 8:55ако вдишеш премногу од него, ќе колабираш,
-
8:56 - 8:58ќе изгледаш мртов,
-
8:58 - 9:01но ако бидеш изведен на собен воздух, можеш да бидеш реанимиран без последици,
-
9:01 - 9:03ако тоа се изведе доволно брзо.
-
9:03 - 9:07Па, си помислив, уау, морам да дојдам до ова нешто.
-
9:07 - 9:09(Смеа)
-
9:09 - 9:15Сега, ние сме во пост 9/11 Америка,
-
9:15 - 9:18и кога ќе отидеш во истражувачкиот институт,
-
9:18 - 9:20и им речеш, "Здраво.
-
9:20 - 9:22Би сакал да купам концентрирани,
-
9:22 - 9:24компресирани гасни цилиндри
-
9:24 - 9:26од смртоносен гас
-
9:26 - 9:28бидејќи ги имам овие идеи овде
-
9:28 - 9:30и сакам да суспендирам луѓе.
-
9:30 - 9:32Навистина се ќе биде во ред."
-
9:32 - 9:34Е, тоа може да е лош ден,
-
9:34 - 9:37но реков, навистина има
-
9:37 - 9:41основи за размислување зошто би сакал да го направиме ова.
-
9:41 - 9:43Како што реков, овој агенс е во нас,
-
9:43 - 9:45и, всушност, доволно интригантно,
-
9:45 - 9:48се сврзува со истото место во вашите клетки
-
9:48 - 9:50каде што се сврзува и кислородот и каде што го согорувате,
-
9:50 - 9:52а ова согорување е потребно за да преживеете.
-
9:52 - 9:55И така мислевме, како во игра со музичко столче,
-
9:55 - 10:00дека би можеле да му дадеме некому
-
10:00 - 10:02малку водород сулфид,
-
10:02 - 10:04и тој би можел да го зафати тоа место
-
10:04 - 10:07како во играта со музичкото столче, местото кадешто се сврзува кислородот,
-
10:07 - 10:09и бидејќи неможете да сврзете кислород,
-
10:09 - 10:11можеби не би го ни консумирале,
-
10:11 - 10:14и тогаш можеби би се намалила вашата потреба за кислород.
-
10:14 - 10:16Мислам, кој би знаел?
-
10:16 - 10:19Па -- (Смеа)
-
10:19 - 10:22Па, еве го делот за допамин
-
10:22 - 10:25и станувањето малку, како што би рекле, пореметен
-
10:25 - 10:27и би можеле да кажете дека тоа беше тоа.
-
10:27 - 10:29И така, сакавме да откриеме
-
10:29 - 10:32дали би можеле да користиме
-
10:32 - 10:35водород сулфид во пристуство на студ,
-
10:35 - 10:37и сакавме да видиме дали можеме
-
10:37 - 10:39да ја репродуцираме состојбата на скијачката во цицач.
-
10:40 - 10:44Сега, цицачите се топлокрвни суштества,
-
10:44 - 10:47и кога ни е студено, ние трепериме и се тресеме.
-
10:47 - 10:50Се обидуваме да ја зачуваме нашата внатрешна температура на 37 степени
-
10:50 - 10:53всушност со согорување на повеќе кислород.
-
10:55 - 10:57Така, беше интересно за нас
-
10:57 - 11:00кога го применивме водород сулфидот
-
11:00 - 11:04врз глушец кој исто така беше смрзнат
-
11:04 - 11:06затоа што тоа што се случи, беше дека внатрешната температура
-
11:06 - 11:08на глушецот се намали.
-
11:08 - 11:10Тој престана да мрда.
-
11:10 - 11:12Изгледаше мртов.
-
11:12 - 11:14Неговата консумпција на кислород
-
11:14 - 11:16се намали за десетина.
-
11:16 - 11:19И еве ја навистина важната поента.
-
11:19 - 11:22Ви реков дека водород сулфидот е во сите нас.
-
11:22 - 11:24Тој е метаболизиран со голема брзина,
-
11:24 - 11:26и се што треба да направите по шест часа поминати
-
11:26 - 11:28во оваа состојба на де-анимација
-
11:28 - 11:30е едноставно да го ставите ова нешто на собен воздух,
-
11:30 - 11:33и тоа се затоплува, и се враќа во нормала.
-
11:33 - 11:35Е ова беше навистина космичко.
-
11:36 - 11:40Навистина. Бидејќи изнајдовме начин
-
11:40 - 11:43да де-анимираме цицач.
-
11:43 - 11:46И тоа не го повреди.
-
11:46 - 11:49Пронајдовме начин да ја намалиме
-
11:49 - 11:51неговата консумпција на кислород
-
11:51 - 11:54до навистина минимални нивоа, и тој беше добро.
-
11:54 - 11:57Сега, во оваа состојба на де-анимација,
-
11:57 - 11:59тој неможеше да оди на танцување,
-
11:59 - 12:01но не беше мртов,
-
12:01 - 12:03и не беше повреден.
-
12:03 - 12:06Па започнавме да мислиме: дали е ова агенсот
-
12:06 - 12:08којшто бил присутен во скијачката,
-
12:08 - 12:11и дали таа можеби имала повеќе од него од некој друг
-
12:11 - 12:14па била во можност да ја намали
-
12:14 - 12:16нејзината потреба за кислород
-
12:16 - 12:18пред да смрзне, што
-
12:18 - 12:20во спротивност би умрела,
-
12:20 - 12:23како што и откривме во другите експерименти?
-
12:24 - 12:27Па, се запрашавме:
-
12:27 - 12:29Можеме ли да направиме нешто корисно
-
12:29 - 12:31со оваа можност да
-
12:31 - 12:33ја контролираме метаболичката флексибилност?
-
12:33 - 12:36И едно од нештата за кое се запрашавме --
-
12:36 - 12:38сигурен сум дека некои од вас се економисти,
-
12:38 - 12:40и знаете се за набавки и потреби.
-
12:40 - 12:42И кога набавката е еднаква на потребата,
-
12:42 - 12:44се е во ред,
-
12:44 - 12:46но кога набавката е намалена --
-
12:46 - 12:48во овој случај на кислород --
-
12:48 - 12:51а потребата останува висока, ти си мртов.
-
12:51 - 12:53Па, тоа што ви го објаснив пред малку
-
12:53 - 12:55е како да ја намалиме потребата.
-
12:55 - 12:57Треба да ја намалиме набавката
-
12:57 - 13:00на многу ниско ниво без да го убиеме животното.
-
13:00 - 13:03И со парите кои ги добивме од DARPA,
-
13:03 - 13:05можеме да го покажеме токму тоа.
-
13:05 - 13:08Ако им се даде водород сулфид на глувците,
-
13:08 - 13:10може да им се намали нивната потреба за кислород,
-
13:10 - 13:13и може да се подложат на нивоа на кислород
-
13:13 - 13:16кои се толку ниски колку и на 5,000 стапки над врвот Монт Еверест,
-
13:16 - 13:19и тие можат да останат така со часови, и не би имале проблем.
-
13:19 - 13:21Па ова беше навистина кул.
-
13:21 - 13:23Исто така откривме дека можеме да ги подложиме животните
-
13:23 - 13:26на инаку смртоносни загуби на крв, и можевме да ги спасиме
-
13:26 - 13:29доколку им дадевме водород сулфид.
-
13:29 - 13:32Па овие докази за замислените експерименти
-
13:32 - 13:35ме доведоа до заклучокот дека треба да основаме компанија,
-
13:35 - 13:38и да го употребиме ова на пошироко поле.
-
13:40 - 13:42Ја основав компанијата Икариа
-
13:42 - 13:44со помош на другите.
-
13:44 - 13:46И оваа компанија, првото нешто што го направи
-
13:46 - 13:49беше изнаоѓањето на формулацијата за течен водород сулфид
-
13:49 - 13:51инјектибилна форма којашто можевме да ја спакуваме
-
13:51 - 13:54и испратиме до лекарите научници низ цел свет
-
13:54 - 13:56кои работат на модели на критична медицинска нега,
-
13:56 - 13:58и резултатите беа неверојатно позитивни.
-
13:58 - 14:00Во еден модел на срцев удар,
-
14:00 - 14:02животните на кои им беше даден водород сулфид
-
14:02 - 14:04покажаа 70 процентно намалување на срцевото оштетување
-
14:04 - 14:06споредено со оние кои ја добија вообичаената нега
-
14:06 - 14:09којашто јас и вие би ја добиле доколку имаме срцев удар денес.
-
14:09 - 14:11Истото важи и при откажување на органите
-
14:11 - 14:16кога се губи функцијата на бубрегот, црниот дроб,
-
14:16 - 14:18акутен напад на дишните патишта
-
14:18 - 14:21и штета причинета од бајпас операција на срцето.
-
14:23 - 14:25Значи, ова се наводните лидери во медицинска траума
-
14:25 - 14:27од цел свет кои велат дека ова е точно,
-
14:27 - 14:31па изгледа дека изложеноста на водород сулфид
-
14:31 - 14:33ја намалува штетата којашто би ја добиле
-
14:33 - 14:36од изложеноста на инаку смртоносно ниско ниво на кислород.
-
14:36 - 14:39И треба да речам дека концентрациите на водород сулфид
-
14:39 - 14:42потребни за да бидат од корист
-
14:43 - 14:45се ниски, неверојатно ниски.
-
14:45 - 14:48Всушност толку ниски што лекарите не мораат да го намалат или згаснат
-
14:48 - 14:50премногу метаболизмот на луѓето
-
14:50 - 14:52за да ја видат користа која штотуку ја спомнав,
-
14:52 - 14:54што е прекрасно нешто, ако размислувате да го усвоите ова.
-
14:54 - 14:56Неморате да ги предозирате луѓето во зомбија
-
14:56 - 14:58само за да ги спасите, тоа е многу збунувачко.
-
14:58 - 15:00(Смеа)
-
15:00 - 15:04Па, сакав да речам дека сме во фаза на тестирање кај луѓе.
-
15:04 - 15:06Сега, така --
-
15:06 - 15:12(Аплауз)
-
15:12 - 15:15Ви благодарам. Првата фаза од истражувањата за безбедноста е завршена,
-
15:15 - 15:17и се се одвива во добар ред, и ние веќе продолживме понатаму.
-
15:17 - 15:20Сега треба да стигнеме до фаза два и фаза три. Ќе ни бидат потребни неколку години.
-
15:20 - 15:22Ова се се случуваше доста брзо,
-
15:22 - 15:24и експериментите со глувци
-
15:24 - 15:27со хибернирачките глувчиња се случуваше во 2005,
-
15:27 - 15:29првите човечки истражувања беа изведени во 2008,
-
15:29 - 15:31и би требало за неколку години да знаеме
-
15:31 - 15:33дали ова функционира или не.
-
15:33 - 15:35И сето ова се случи навистина брзо
-
15:35 - 15:37поради големата помош од многу луѓе.
-
15:37 - 15:39Сакам да ја споменам, пред се,
-
15:39 - 15:42мојата жена, без која овој разговор и мојата работа не би биле возможни,
-
15:42 - 15:44Ти благодарам многу.
-
15:44 - 15:47Исто така, брилијантните научници кои работат во мојата лабораторија
-
15:47 - 15:49и остатокот од вработените,
-
15:49 - 15:51Истражувачкиот центар за рак Фред Хатчинсон во Сиетл, Вашингтон
-
15:51 - 15:53- прекрасно место за работа.
-
15:53 - 15:55И секако прекрасните научници
-
15:55 - 15:57и бизнисмените во Икариа.
-
15:57 - 16:00Едно од нештата што овие луѓе го направија
-
16:00 - 16:03е да ја земат технологијата на водород сулфидот
-
16:03 - 16:06којашто е оваа млада компанија која што бргу напредува
-
16:06 - 16:08и ја споија со друга компанија
-
16:08 - 16:10којашто продава друг отровен гас
-
16:10 - 16:14којшто е поотровен од водород сулфидот,
-
16:14 - 16:17и им го даваат на новороденчињата кои инаку би умреле
-
16:17 - 16:20поради проблеми со неуспешно оксигенирање на нивните ткива.
-
16:21 - 16:24И овој гас, кој е доставен во преку
-
16:24 - 16:26илјада болници за итни случаи ширум светот,
-
16:26 - 16:28сега е одобрен, обележан
-
16:28 - 16:30и им ги спасува животите на илјадници бебиња годишно
-
16:30 - 16:32од сигурна смрт.
-
16:32 - 16:34(Аплауз)
-
16:34 - 16:37Па навистина е неверојатно
-
16:37 - 16:39за мене што сум дел од ова.
-
16:39 - 16:41И тоа што сакам да кажам е дека мислам дека сме на пат
-
16:41 - 16:43до разбирање на метаболичката флексибилност
-
16:43 - 16:45на основно ниво,
-
16:45 - 16:49и дека во не така далечната иднина,
-
16:49 - 16:52медицинските лица би можеле да употребат инјекција од водород сулфид
-
16:52 - 16:54или некоје сродно соединение,
-
16:54 - 16:57на личност која претрпела сериозни повреди
-
16:57 - 16:59и оваа личност би била де-анимирана за кратко,
-
16:59 - 17:03би постанала малку по-бессмртна.
-
17:03 - 17:05Нивниот метаболизам би опаднал
-
17:05 - 17:11како што вие би го намалувале светлото на светилките во вашите домови.
-
17:11 - 17:14И тогаш, тие би имале време, тие би се здобиле со времето
-
17:14 - 17:17потребно да бидат транспортирани до болницата
-
17:19 - 17:23кадешто би ја добиле потребната нега.
-
17:23 - 17:28И тогаш, откога ќе ја добијат потребната помош,
-
17:28 - 17:30како глувчето, како скијачот,
-
17:30 - 17:32како 65-годишната жена,
-
17:32 - 17:34тие би се разбудиле.
-
17:34 - 17:36Чудо?
-
17:36 - 17:38Се надеваме не, или можеби се надеваме
-
17:38 - 17:40да правиме чуда малку почесто.
-
17:40 - 17:42Ви благодарам.
-
17:42 - 17:49(Аплауз)
- Title:
- Марк Рот: Одложената анимација е на дофат на рака
- Speaker:
- Mark Roth
- Description:
-
Mark Roth studies suspended animation: the art of shutting down life processes and then starting them up again. It's wild stuff, but it's not science fiction. Induced by careful use of an otherwise toxic gas, suspended animation can potentially help trauma and heart attack victims survive long enough to be treated.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 17:52