Return to Video

Џонатан Хајдт за моралните корени на либералите и конзервативците

  • 0:01 - 0:04
    Да претпоставиме дека двајца пријатели американци патуваат заедно во Италија.
  • 0:04 - 0:06
    Тие одат да го видат „Давид“ на Микеланџело.
  • 0:06 - 0:08
    и кога конечно ќе дојдат лице в лице со статуата,
  • 0:08 - 0:10
    двајцата се стаписани.
  • 0:10 - 0:12
    Првиот, да го наречеме Адам,
  • 0:12 - 0:15
    е стаписан од убавината на совршената човекова форма.
  • 0:15 - 0:17
    Вториот, да го наречеме Бил,
  • 0:17 - 0:21
    е стаписан од срам од тоа што го гледа таму во центарот.
  • 0:22 - 0:24
    Па, еве го моето прашање за вас:
  • 0:24 - 0:28
    за кој од овие двајца е поверојатно дека гласал за Џорџ Буш,
  • 0:28 - 0:30
    а кој за Ал Гор?
  • 0:30 - 0:31
    Не треба да кревате раце
  • 0:31 - 0:34
    бидејќи сите ги имаме истите политички стереотипи.
  • 0:34 - 0:36
    Сите знаеме дека тоа е Бил.
  • 0:36 - 0:40
    И во овој случај стереотипот соодветстува со реалноста.
  • 0:40 - 0:43
    Факт е дека кај либералите, за разлика од конзервативците,
  • 0:43 - 0:46
    многу повеќе е изразена карактерната особина наречена отвореност кон искуства.
  • 0:46 - 0:48
    Луѓето кои се на високо ниво во отвореноста кон искуствата
  • 0:48 - 0:52
    копнеат по новитети, разноликост, различност, нови идеи, патувања.
  • 0:52 - 0:57
    Луѓето кои се на ниско ниво сакаат нешта кои се познати, кои безбедни и на кои можат да се ослонат.
  • 0:57 - 0:59
    Ако знаете за оваа карактерна особина,
  • 0:59 - 1:01
    можете да разберете многу од загатките на човековото однесување.
  • 1:01 - 1:04
    Можете да разберете зошто уметниците се толку различни од сметководителите.
  • 1:04 - 1:06
    Можете да предвидите какви книги тие сакаат да читаат,
  • 1:06 - 1:08
    на какви места сакаат да патуваат,
  • 1:08 - 1:10
    и каква храна сакаат да јадат.
  • 1:10 - 1:13
    Штом ќе ја разберете оваа особина, можете да разберете и
  • 1:13 - 1:17
    зошто некој би јадел во Еплби, но не некој што го познавате.
  • 1:17 - 1:23
    (Смеа)
  • 1:23 - 1:25
    Оваа особина исто така ни кажува многу за политиката.
  • 1:25 - 1:28
    Главнот истражувач на оваа особина, Робер Мекри вели дека
  • 1:28 - 1:32
    „Отворените личности имаат афинитет за либерални, прогресивни, лево-ориентирани политички гледишта“ --
  • 1:32 - 1:34
    тие сакаат општество кое е отворено и кое се менува --
  • 1:34 - 1:39
    „додека затворените личности преферираат конзервативни, традиционални, десно-ориентирани погледи“.
  • 1:39 - 1:43
    Оваа особина исто така ни кажува многу за тоа во какви групи се зачленуваат луѓето.
  • 1:43 - 1:45
    Еве еден опис на група што ја најдов на Интернет.
  • 1:45 - 1:47
    Каков тип на луѓе би се приклучиле на глобална заедница
  • 1:47 - 1:49
    која е отворена за луѓе од секоја дисциплина и култура,
  • 1:49 - 1:51
    кои бараат подлабоко разбирање на светот,
  • 1:51 - 1:54
    и кои се надеваат дека тоа разбирање ќе го претворат во подобра иднина за сите нас?
  • 1:54 - 1:56
    Ова е од некој тип што се вика TED.
  • 1:56 - 1:58
    (Смеа)
  • 1:58 - 2:02
    Па, да видиме, ако отвореноста предвидува кој ќе стане либерал,
  • 2:02 - 2:04
    и ако отвореноста предвидува кој ќе стане TED-овец,
  • 2:04 - 2:07
    тогаш дали може да предвидиме дека повеќето TED-овци се либерали?
  • 2:07 - 2:08
    Да видиме.
  • 2:08 - 2:12
    Ќе ве замолам да ја кренете раката ако сте либерални, лево од центарот,
  • 2:12 - 2:14
    пред сѐ зборуваме за општествени прашања,
  • 2:14 - 2:16
    или конзервативни, и ќе ви дадам трета опција,
  • 2:16 - 2:18
    бидејќи знам дека има извесен број на либертаријанци во публиката.
  • 2:18 - 2:20
    Па сега, кренете рака,
  • 2:20 - 2:21
    и вие долу во собите,
  • 2:21 - 2:23
    сите нека видат кој е тука.
  • 2:23 - 2:26
    Кренете рака ако мислите дека сте либерални или лево од центарот.
  • 2:26 - 2:29
    Кренета рака сега. Во ред.
  • 2:30 - 2:32
    Кренете рака ако мислите дека сте либертаријанци.
  • 2:33 - 2:35
    Во ред. Околу дваесеттина.
  • 2:35 - 2:38
    И кренете рака ако мислите дека сте десно од центарот или конзервативни.
  • 2:38 - 2:43
    Еден, два, три, четири, пет... околу осум или десет.
  • 2:44 - 2:47
    Во ред. Ова е мал проблем.
  • 2:47 - 2:50
    Ако нашата цел е да го разбереме светот
  • 2:50 - 2:52
    да бараме подлабоко разбирање на светот,
  • 2:52 - 2:55
    тогаш овдешниот недостаток на морална разноликост ќе го направи тоа потешко.
  • 2:55 - 2:59
    Штом луѓето делат исти вредности, штом делат ист морал,
  • 2:59 - 3:02
    тие стануваат дел од тим и штом ја употребите тимската психологија,
  • 3:02 - 3:04
    го исклучувате отвореното размислување.
  • 3:07 - 3:11
    Кога либералниот тим ќе изгуби, како што се случи во 2004,
  • 3:11 - 3:15
    и како што речиси се случи во 2000, се тешиме себе си.
  • 3:15 - 3:17
    (Смеа)
  • 3:17 - 3:21
    Се обидуваме да објасниме зошто пола Америка гласаше за другиот тим.
  • 3:21 - 3:26
    Мислиме дека тие мора да се заслепени од религија или од обична глупост.
  • 3:26 - 3:29
    (Смеа)
  • 3:29 - 3:37
    (Аплауз)
  • 3:37 - 3:43
    Ако мислите дека пола Америка гласа за Републиканците
  • 3:43 - 3:46
    бидејќи е заслепена на овој начин,
  • 3:46 - 3:49
    тогаш мојата порака до вас е дека сте заробени во морална матрица,
  • 3:49 - 3:50
    во една одредена морална матрица.
  • 3:50 - 3:54
    И под „матрица“, буквално мислам матрица како во филмот „Матрикс“.
  • 3:54 - 3:56
    Но, денес сум овде за да ви дадам избор.
  • 3:56 - 4:00
    Можете да го земете синото апче и удобно да останете со своите заблуди,
  • 4:00 - 4:02
    или може да го земете црвеното апче
  • 4:02 - 4:05
    и да научите малку психологија на моралот и да излезете од моралната матрица.
  • 4:05 - 4:07
    Бидејќи знам --
  • 4:07 - 4:10
    (Аплауз)
  • 4:10 - 4:12
    Во ред. Претпоставувам дека тоа е одговор на моето прашање.
  • 4:12 - 4:14
    Ќе прашав кое апче ќе го изберете, но нема потреба.
  • 4:14 - 4:16
    Сите се отворени за искуство, и
  • 4:16 - 4:19
    се чини дека може да има и добар вкус, а вие сите сте епикуријанци.
  • 4:19 - 4:21
    Па да одиме со црвеното апче.
  • 4:21 - 4:23
    Да проучиме малку психологија на моралот и да видиме каде ќе не однесе.
  • 4:23 - 4:25
    Да почнеме од почеток.
  • 4:25 - 4:27
    Што е моралот и од каде потекнува?
  • 4:27 - 4:29
    Најлошата идеја во сета психологија
  • 4:29 - 4:32
    е идејата дека умот при раѓање е празна плоча (Табула Раса).
  • 4:32 - 4:34
    Развојната психологија покажа
  • 4:34 - 4:36
    дека децата доаѓаат на светот со многу знаење
  • 4:36 - 4:38
    за физичкото и општественото опкружување
  • 4:38 - 4:42
    и дека се програмирани така што им е лесно да научат некои работи
  • 4:42 - 4:43
    а тешко да научат некои други.
  • 4:43 - 4:45
    Најдобрата дефиниција за вроденоста што сум ја видел --
  • 4:45 - 4:47
    што ми разјасни многу работи --
  • 4:47 - 4:49
    е од невронаучникот Гери Маркус.
  • 4:49 - 4:54
    Тој вели: „Почетната организација на мозокот не зависи толку многу од искуствата.
  • 4:54 - 4:57
    Природата го дава првиот нацрт, кој искуството потоа го ревидира.
  • 4:57 - 4:59
    „Вродено“ не значи „неменливо“.
  • 4:59 - 5:02
    туку „организирано пред стекнување на искуство“.
  • 5:02 - 5:04
    Тогаш, каков е првиот нацрт на моралниот ум?
  • 5:04 - 5:07
    За да го откриеме тоа јас и мојот колега Крег Џозеф
  • 5:07 - 5:09
    читавме литература за антропологија
  • 5:09 - 5:11
    за културната различност во моралноста
  • 5:11 - 5:13
    и за еволуциската психологија, со цел да најдеме преклопувања.
  • 5:13 - 5:16
    Кои се работите за кои луѓето разговараат во различните дисциплини
  • 5:16 - 5:18
    и кои се пронаоѓаат во различните култури, па дури и животински видови?
  • 5:18 - 5:20
    Пронајдовме пет најдобри допирни точки
  • 5:20 - 5:22
    кои ги викаме пет темели на моралноста.
  • 5:22 - 5:24
    Првиот е штета-грижа.
  • 5:24 - 5:28
    Сите сме цицачи, сите имаме многу невронско и хормонално програмирање
  • 5:28 - 5:30
    што овозможува вистински да се поврзуваме со другите, да се грижиме за нив,
  • 5:30 - 5:33
    да бидеме сочуствителни, посебно кон слабите и ранливите.
  • 5:33 - 5:36
    Затоа силно реагираме на тие што предизвикуваат штета.
  • 5:36 - 5:39
    Овој морален темел е во основата на отприлика 70 проценти
  • 5:39 - 5:41
    од моралните изјави што сум ги чул на TED.
  • 5:41 - 5:44
    Вториот темел е фер-реципроцитет.
  • 5:44 - 5:46
    Има спротиставени докази
  • 5:46 - 5:48
    за тоа дали постои реципроцитет и кај другите животни,
  • 5:48 - 5:50
    но доказите за луѓето не можат да бидат појасни.
  • 5:50 - 5:52
    Ова е сликата „Златното правило“ на Норман Роквел,
  • 5:52 - 5:54
    и сме чуле за ова од Карен Армстронг, секако,
  • 5:54 - 5:57
    дека е темел на толку многу религии.
  • 5:57 - 5:59
    Овој втор темел е во основата на останатите 30 проценти
  • 5:59 - 6:01
    од моралните изјави што сум ги чул на TED.
  • 6:01 - 6:03
    Третиот темел е лојалност кон групата.
  • 6:03 - 6:05
    Има групи во царството на животните --
  • 6:05 - 6:07
    има кооперативни групи --
  • 6:07 - 6:10
    но овие групи секогаш се многу мали или се семејни.
  • 6:10 - 6:13
    Само помеѓу луѓето има големи групи
  • 6:13 - 6:16
    кои можат да соработуваат, да се здружат --
  • 6:16 - 6:20
    но во овој случај, групите се здружуваат да се борат против други групи.
  • 6:20 - 6:24
    Ова веројатно доаѓа од нашата долга историја на живеење во племиња, племенска психологија.
  • 6:24 - 6:26
    И таа племенска психологија ни носи толку длабоко задоволство
  • 6:26 - 6:28
    што и кога немаме племиња,
  • 6:28 - 6:31
    создаваме племиња бидејќи е забавно.
  • 6:31 - 6:34
    (Смеа)
  • 6:34 - 6:37
    Спортот е за војната тоа што порнографијата е за сексот.
  • 6:37 - 6:40
    Вежбаме некои прастари нагони.
  • 6:40 - 6:43
    Четвртиот темел е авторитет-почит.
  • 6:43 - 6:46
    Овде гледате гестови на потчинетост од членови на многу тесно поврзани видови --
  • 6:46 - 6:50
    но авторитетот кај луѓето не е толку тесно базиран на моќ и бруталност,
  • 6:50 - 6:52
    како што е тоа кај другите примати.
  • 6:52 - 6:54
    Повеќе се базира на доброволно почитување,
  • 6:54 - 6:56
    и понекогаш на елементи на лубов.
  • 6:56 - 6:58
    Петиот темел е чистота-светост.
  • 6:58 - 7:01
    Оваа слика се вика „Алегорија на чедност“.
  • 7:01 - 7:04
    но чистоста не е само за потиснување на женската сексуалност.
  • 7:04 - 7:07
    Тоа е за било која идеологија, било која идеја
  • 7:07 - 7:09
    која вели дека можете да постигнете честитост
  • 7:09 - 7:10
    со контрола на активностите што ги правите со вашето тело,
  • 7:10 - 7:12
    со контрола на тоа што го внесувате во вашето тело.
  • 7:12 - 7:16
    И додека политичката десница можеби го морализира сексот повеќе,
  • 7:16 - 7:18
    политичката левица го прави истото со храната.
  • 7:18 - 7:20
    Денес храната станува екстремно морализирана,
  • 7:20 - 7:22
    и во тоа има многу идеи за чистота,
  • 7:22 - 7:25
    за тоа што сте волни да допирате или ставате во вашето тело.
  • 7:25 - 7:28
    Мислам дека ова се петте најдобри кандидати
  • 7:28 - 7:30
    за тоа што е запишано во првиот нацрт на моралниот ум.
  • 7:30 - 7:31
    Мислам дека барем доаѓаме
  • 7:31 - 7:34
    со подготвеност да учиме за овие работи.
  • 7:34 - 7:37
    Но како што мојот син Макс расте во либерален универзитетски град,
  • 7:38 - 7:40
    како овој прв нацрт ќе биде ревидиран?
  • 7:40 - 7:42
    И како ќе биде различен
  • 7:42 - 7:45
    од дете родено 96 km јужно во Линчбург, Вирџинија?
  • 7:45 - 7:47
    За да размислиме за културните разлики, да се обидеме со друга метафора.
  • 7:47 - 7:50
    Ако навистина има пет системи кои работат во умот --
  • 7:50 - 7:52
    пет извори на интуиција и чувства --
  • 7:52 - 7:54
    тогаш можеме да размислуваме за моралниот ум
  • 7:54 - 7:56
    како за аудио еквилајзер со пет канали
  • 7:56 - 7:58
    каде што може да се намести различно ниво на секој канал.
  • 7:58 - 8:01
    Јас и моите колеги, Брајан Нозек и Џеси Грем,
  • 8:01 - 8:06
    направивме прашалник, што го објавивме на интернет на www.YourMorals.org.
  • 8:06 - 8:11
    И до сега, 30.000 луѓе го одговорија овој прашални и можете и вие да го сторите истото.
  • 8:11 - 8:12
    Еве ги резултатите.
  • 8:12 - 8:15
    Ова се резултатите од околу 23.000 американски граѓани.
  • 8:15 - 8:17
    На лево се прикажани резултатите на либералите,
  • 8:17 - 8:19
    на десно тие на конзервативците, а на средина на умерените.
  • 8:19 - 8:21
    Сините линии ги прикажуваат одговорите на луѓето
  • 8:21 - 8:23
    во просек за сите прашања за штета.
  • 8:23 - 8:26
    Како што можете да видите луѓето се грижат за прашањата во врска со грижата и причинувањето на штета.
  • 8:26 - 8:28
    Тие ги поддржуваат ваквите изјави
  • 8:28 - 8:30
    преку целата табла, но како што исто можете да видите,
  • 8:30 - 8:33
    либералите се грижат малку повеќе од конзервативците, линијата паѓа надолу.
  • 8:33 - 8:35
    Исто е и за праведноста.
  • 8:35 - 8:37
    Но видете ги другите три линии,
  • 8:37 - 8:39
    за либералите резултатот е многу низок.
  • 8:39 - 8:41
    Либералите во основа велат: „Не, ова не е морал.
  • 8:41 - 8:44
    Лојалност кон групата, авторитет, чистотa -- овие работи немаат врска со морал. Ги одбивам“.
  • 8:44 - 8:46
    Но како што луѓето стануваат поконзервативни вредностите се качуваат.
  • 8:46 - 8:49
    Можеме да речеме дека либералите имаат некој вид на морал
  • 8:49 - 8:50
    кој се темели на два столба.
  • 8:50 - 8:52
    Конзервативците имаат повеќе морал
  • 8:52 - 8:54
    кој се темели на пет столба.
  • 8:54 - 8:55
    Ова е вака во секоја земја која ќе ја погледаме.
  • 8:55 - 8:57
    Еве ги податоците за 1.100 Канаѓани.
  • 8:57 - 8:59
    Ќе свртам уште неколку други слајдови.
  • 8:59 - 9:02
    Обединетото кралство, Австралија, Нов Зеланд, Западна Европа, Источна Европа,
  • 9:02 - 9:06
    Латинска Америка, Блискиот исток, Источна Азија и Јужна Азија.
  • 9:06 - 9:08
    Забележете дека исто така на сите овие графици,
  • 9:08 - 9:11
    падот е пооштар за групата, авторитетот и чистоста.
  • 9:11 - 9:13
    Тоа покажува дека во секоја земја,
  • 9:13 - 9:16
    несогласувањето не е околу штетата и правичноста.
  • 9:16 - 9:18
    Сите -- мислам, дебатираме за тоа што е фер --
  • 9:18 - 9:21
    но сите се согласуваат дека штетата и правичноста се важни.
  • 9:21 - 9:23
    Дебатите за моралот во културите
  • 9:23 - 9:26
    посебно се за прашања за групата, авторитетот и чистотата.
  • 9:26 - 9:29
    Овој ефект е толку робусен што го пронаоѓаме без разлика како ќе го поставиме прашањето.
  • 9:29 - 9:31
    Во едно неодамнешно истражување,
  • 9:31 - 9:33
    им рековме на луѓето да замислат дека ќе добијат куче.
  • 9:33 - 9:34
    Одбирате определена раса,
  • 9:34 - 9:36
    и учите некои нови информации за неа.
  • 9:36 - 9:39
    И да речеме дека учите дека оваа раса е своеволна,
  • 9:39 - 9:41
    и својот сопственик го смета за пријател и еднаков на себе?
  • 9:41 - 9:43
    Ако сте либерален ќе речете „Еј, тоа е супер!“
  • 9:43 - 9:45
    бидејќи либералите сакаат да речат „Донеси го стапчето, те молам“.
  • 9:45 - 9:49
    (Смеа)
  • 9:50 - 9:53
    Но ако сте конзервативец, тоа не е толку атрактивно.
  • 9:53 - 9:56
    Ако сте конзервативец, и ако научите дека тоа куче е екстремно лојално
  • 9:56 - 9:58
    на својот дом и семејство и не се спријателува лесно со странци,
  • 9:58 - 10:01
    за конзервативците -- лојалноста е добра -- кучињата треба да бидат лојални.
  • 10:01 - 10:03
    Но за либералот, звучи дека ова куче
  • 10:03 - 10:05
    се кандидира за републиканска номинација.
  • 10:05 - 10:06
    (Смеа)
  • 10:06 - 10:08
    Па можете да си речете, во ред,
  • 10:08 - 10:10
    постојат овие разлики меѓу либералите и конзервативците,
  • 10:10 - 10:12
    но што ги прави останатите три темели морални?
  • 10:12 - 10:14
    Нели се тие само основ за ксенофобија
  • 10:14 - 10:16
    и автократија и пуританство?
  • 10:16 - 10:17
    Што ги прави нив морални?
  • 10:17 - 10:20
    Мислам дека одговорот е содржан во овој неверојатен триптих од Хиронимус Бош,
  • 10:20 - 10:22
    „Градината на убавините на Земјата“.
  • 10:22 - 10:25
    На првиот панел го гледаме моментот на креација.
  • 10:25 - 10:29
    Се е подредено, се е убаво, сите луѓе и животни
  • 10:29 - 10:32
    го прават тоа што треба да го прават, таму каде што треба да го прават.
  • 10:32 - 10:35
    Но тогаш, како што одат работите, светот се менува.
  • 10:35 - 10:37
    Секој човек прави она што сака,
  • 10:37 - 10:40
    со секој отвор на секој друг човек и секое животно.
  • 10:40 - 10:42
    Некои од вас можеби ќе го препознаат ова како шеесетите.
  • 10:42 - 10:43
    (Смеа)
  • 10:43 - 10:47
    Но шеесетите на крај им го препуштаат местото на седумдесетите,
  • 10:47 - 10:51
    каде раните на отворите болат малку повеќе.
  • 10:51 - 10:53
    Секако, Бош ова го нарекува Пекол.
  • 10:53 - 10:56
    Па овој триптих, овие три панели,
  • 10:56 - 11:01
    ја портретираат безвременската вистина дека редот тежнее да пропадне.
  • 11:01 - 11:03
    Вистината на општествената ентропија.
  • 11:03 - 11:06
    Но ако мислите дека ова е само дел од Христијанската имагинација
  • 11:06 - 11:08
    дека Христијаните имаат некој чуден проблем со задоволството,
  • 11:08 - 11:11
    еве ја истата приказна, истиот развој на настани,
  • 11:11 - 11:14
    раскажан во труд објавен во „Нејчр“ пред неколку години,
  • 11:14 - 11:18
    во кој Ернс Фер и Симин Гечтер проучуваат луѓе соочени со дилема за заедништво.
  • 11:18 - 11:20
    Во играта луѓето добиваат пари,
  • 11:20 - 11:22
    и во секоја рунда
  • 11:22 - 11:24
    можат да стават пари во заедничко купче,
  • 11:24 - 11:26
    и потоа истражувачот го дуплира тоа што е во купчето
  • 11:26 - 11:28
    и потоа сета сума се дели меѓу играчите.
  • 11:28 - 11:31
    Ова е многу убава аналогија за сите прашања за животната средина
  • 11:31 - 11:33
    за кои бараме од луѓето да направат жртва
  • 11:33 - 11:35
    а тие самите немаат некоја користи од својата жртва.
  • 11:35 - 11:37
    Но она што вистина сакате е сите други да се жртвуваат,
  • 11:37 - 11:39
    а иствремено сите имаат копнеж да поминат лесно.
  • 11:39 - 11:43
    Се случува следново: на почеток луѓето разумно соработуваат --
  • 11:43 - 11:45
    сето ова се игра анонимно --
  • 11:45 - 11:48
    во првата рунда луѓето даваат околу половина од парите што можат да ги дадат.
  • 11:48 - 11:51
    Но брзо сфаќаат: „Знаете, другите не даваат толку многу.
  • 11:51 - 11:53
    Не сакам да бидам наивен. Нема да соработувам.“
  • 11:53 - 11:57
    И така соработката брзо се распаѓа од разумно добра до речиси никаква.
  • 11:57 - 11:59
    Но тогаш, и ова е трикот,
  • 11:59 - 12:01
    Фер и Гечтер во седмата рунда рекле,
  • 12:01 - 12:03
    „Знаете што? Ново правило.
  • 12:03 - 12:05
    Ако сакате да дадете дел од своите пари
  • 12:05 - 12:09
    за да ги казните тие што не придонесуваат, можете да го направите тоа.“
  • 12:09 - 12:12
    И штом луѓето чуле за системот за казни,
  • 12:12 - 12:14
    соработката почнала да се качува нагоре.
  • 12:14 - 12:16
    Се качува и не застанува.
  • 12:16 - 12:19
    Има многу истражувања кои покажуваат дека за да се решат проблемите со соработка, казните помагаат.
  • 12:19 - 12:21
    Не е доволно само да се поттикнуваат добрите мотиви на луѓето,
  • 12:21 - 12:23
    помага и тоа да се има некаков вид на казна.
  • 12:23 - 12:25
    Дури и ако тоа е некој вид на срам или озборување
  • 12:25 - 12:28
    потребен е некаков вид на казна што ќе ги натера луѓето,
  • 12:28 - 12:30
    кога се во големи групи, да соработуваат.
  • 12:30 - 12:33
    Има уште поскорашни истражувања кои укажуваат дека религијата --
  • 12:33 - 12:35
    повикувањето на Господ, терањето на луѓето да мислат на Господ --
  • 12:35 - 12:40
    често во дадени ситуации води до поголема соработка, поголемо про-општествено однесување.
  • 12:41 - 12:43
    Некои луѓе мислат дека религијата е адаптација
  • 12:43 - 12:45
    која се развила и од културна и од биолошка еволуција
  • 12:45 - 12:47
    што служи за групите да се зближуваат,
  • 12:47 - 12:49
    во дел со цел поголема меѓусебна доверба,
  • 12:49 - 12:51
    а потоа и за да бидат по ефективни во натпреварувањето со другите групи.
  • 12:51 - 12:52
    Мислам дека тоа е веројатно точно,
  • 12:52 - 12:54
    иако ова е контроверзно прашање.
  • 12:54 - 12:56
    Но религијата посебно ме интересира,
  • 12:56 - 12:59
    како и нејзиното потекло и што таа ни прави нам и за нас.
  • 12:59 - 13:03
    Затоа што мислам дека најголемото чудо на светот не е Големиот кањон.
  • 13:03 - 13:05
    Тој е многу едноставен.
  • 13:05 - 13:08
    Тој е само многу камен, и потоа многу вода и ветер и многу време,
  • 13:08 - 13:10
    и така го добивате Големиот кањон.
  • 13:10 - 13:11
    Не е толку комплицирано.
  • 13:11 - 13:13
    Она што навистина е комплицирано
  • 13:13 - 13:15
    е тоа што имало луѓе што живеат на места како Големиот кањон,
  • 13:15 - 13:17
    кои соработувале меѓу себе, или во саваните во Африка,
  • 13:17 - 13:20
    или на смрзнатите брегови на Аљаска, и некои од овие села
  • 13:20 - 13:24
    прераснале во моќни градови како Вавилон, Рим и Теночитлан.
  • 13:24 - 13:25
    Како се случило ова?
  • 13:25 - 13:28
    Ова е апсолутно чудо што е многу потешко да се објасни од Големиот кањон.
  • 13:28 - 13:31
    Мислам дека одоговорот е во тоа дека го користеле секој алат во кутијата.
  • 13:31 - 13:33
    Потребна била целата наша морална психологија
  • 13:33 - 13:35
    за да се создатат овие групи кои соработуваат.
  • 13:35 - 13:37
    Да, треба да бидете загрижени за штета,
  • 13:37 - 13:38
    и ви треба психологија на правда.
  • 13:38 - 13:41
    Но навистина полесно е да се организира група ако имате подгрупи
  • 13:41 - 13:44
    и ако тие имаат своја внатрешна структура
  • 13:44 - 13:46
    и ако имате некоја идеологија кој им вели на луѓето
  • 13:46 - 13:50
    да ги потиснат своите чувства и да се посветат на повисоки и поблагородни цели.
  • 13:50 - 13:52
    И сега пристигнуваме до центарот на недоразбирањето
  • 13:52 - 13:54
    помеѓу либералите и конзервативците,
  • 13:54 - 13:56
    бидејќи либералите одбиваат три од овие темели.
  • 13:56 - 13:59
    Тие велат: „Не, ајде да ја славиме различноста, а не заедничкото членување во група“.
  • 13:59 - 14:01
    Тие велат: „Да го доведеме во прашање авторитетот“.
  • 14:01 - 14:03
    И велат: „Чувајте ги законите подалеку од моето тело“.
  • 14:03 - 14:06
    Либералите имаат многу благородни мотиви за ова.
  • 14:06 - 14:09
    Традиционалниот авторитет, традиционалниот морал можат да бидат мошне репресивни
  • 14:09 - 14:12
    и рестриктивни за оние на дното, за жените, за оние што не се вклопуваат.
  • 14:12 - 14:14
    Така либералите зборуваат за слабите и обесправените.
  • 14:14 - 14:16
    Тие сакаат промена и правда, дури и со ризик од хаос.
  • 14:16 - 14:19
    Маичката на овој човек вели: „Доста се жалите, почнете револуција“.
  • 14:19 - 14:21
    Ако сте високо во отвореноста кон искуства, револуцијата е добра,
  • 14:21 - 14:23
    таа е промена, забавна е.
  • 14:23 - 14:26
    Конзервативците, од друга страна, зборуваат за институции и традиција.
  • 14:26 - 14:30
    Сакаат ред, дури и ако трошокот за тоа падне врз тие на дното.
  • 14:30 - 14:32
    Големото конзервативно видување е дека редот тешко се постигнува.
  • 14:32 - 14:35
    Драгоцен е и лесно може да се загуби.
  • 14:35 - 14:37
    Како што вели Едмонт Бурк: „Ограничувањата на луѓето,
  • 14:37 - 14:40
    како и нивните слободи, треба да бидат сместени меѓу нивните права“.
  • 14:40 - 14:42
    Ова беше по хаосот на Француската револуција.
  • 14:42 - 14:44
    Па штом ќе го видите ова, штом ќе видите
  • 14:44 - 14:47
    дека и либералите и конзервативците имаат нешто да придонесат,
  • 14:47 - 14:50
    дека формираат рамнотежа помеѓу промената и стабилноста,
  • 14:50 - 14:53
    тогаш мислам дека патот за да се излезе од моралната матрица е отворен.
  • 14:53 - 14:58
    Ова е големото видување што го задржале религиите од Азија.
  • 14:58 - 15:00
    Размислете за Јин и Јанг.
  • 15:00 - 15:02
    Јин и Јанг не се непријатели. Тие не се мразат еден со друг.
  • 15:02 - 15:04
    И Јин и Јанг се потребни, како ден и ноќ,
  • 15:04 - 15:06
    за функционирањето на светот.
  • 15:06 - 15:08
    Истото го има и во Хиндуизмот.
  • 15:08 - 15:10
    Има многу врховни богови во Хиндуизмот.
  • 15:10 - 15:13
    Двајца од нив се Вишну заштитувачот и Шива уништувачот.
  • 15:13 - 15:16
    На оваа слика тие два бога делат исто тело.
  • 15:16 - 15:18
    Ги имате ознаките на Вишну на лево,
  • 15:18 - 15:21
    па може да го замислите Вишну како конзервативен бог.
  • 15:21 - 15:23
    Ознаките на Шива се на лево.
  • 15:23 - 15:25
    Шива е либералниот бог и тие работат заедно.
  • 15:25 - 15:27
    Истото го има и во Будизмот.
  • 15:27 - 15:29
    Овие две строфи ги содржат најдлабоките увиди
  • 15:29 - 15:32
    кои некогаш ги постигнала моралната психологија.
  • 15:32 - 15:34
    Од Шенгс-тсан - Зен учителот:
  • 15:34 - 15:38
    „Ако сакаш вистината да биде јасна пред тебе, никогаш немој да бидеш за или против,
  • 15:38 - 15:42
    битката помеѓу за и против е најлошата болест за умот.“
  • 15:42 - 15:44
    Тоа за жал е болест
  • 15:44 - 15:46
    што ја имаат многу од светските водачи.
  • 15:46 - 15:49
    Но пред да помислите дека сте подобри од Џорџ Буш,
  • 15:49 - 15:53
    пред да фрлите камен, запрашајте се: „Дали јас го прифаќам тоа?“
  • 15:53 - 15:56
    Дали прифаќате да ја напуштите битката меѓу доброто и злото?
  • 15:56 - 15:59
    Можете ли да бидете ниту за, ниту против нешто?
  • 16:00 - 16:03
    Што е поентата? Што треба да правите?
  • 16:03 - 16:05
    Ако ги земете најголемите увиди
  • 16:05 - 16:07
    од древните азиски филозофии и религии
  • 16:07 - 16:09
    и ги комбинирате со најновите истражувања за моралната психологија
  • 16:09 - 16:11
    ќе дојдете до овие заклучоци:
  • 16:11 - 16:15
    Дека нашите правични умови се дизајнирани од еволуцијата
  • 16:15 - 16:18
    за да не обединат во тимови и да не поделат спроти другите тимови
  • 16:18 - 16:20
    и да не заслепат пред вистината.
  • 16:21 - 16:25
    Што да правите? Велам ли да не се стремите?
  • 16:25 - 16:28
    Ви велам ли да го прифатите Шенг-тсан и да застанете,
  • 16:28 - 16:31
    да застанете во битката за и против?
  • 16:31 - 16:33
    Не, апсолутно не. Не го велам тоа.
  • 16:33 - 16:36
    Ова е неверојатна група на луѓе кои прават толку многу,
  • 16:36 - 16:40
    употребуваат толку многу од нивниот талент, брилијантност, енергија, пари
  • 16:40 - 16:42
    за да го направат светот подобар, да се борат --
  • 16:42 - 16:45
    да се борат против погрешните работи, да решаваат проблеми.
  • 16:46 - 16:50
    Но, како што научувме од Саманта Пауер во нејзината приказна
  • 16:50 - 16:55
    за Серџо Виеира де Мело, не може само да влетате
  • 16:55 - 16:57
    велејќи: „Вие грешите, јас сум во право.“
  • 16:57 - 17:01
    Бидејќи како што чувме, сите мислат дека се во право.
  • 17:01 - 17:03
    Многу од проблемите што треба да ги решиме
  • 17:03 - 17:06
    се проблеми што бараат од нас да промениме други луѓе.
  • 17:06 - 17:09
    И ако сакате да промените други луѓе, многу подобар начин да го направите тоа е
  • 17:09 - 17:13
    прво да разберете кои сме -- да ја разберете нашата морална психологија,
  • 17:13 - 17:16
    да разберете дека сите ние мислиме дека сме во право -- и потоа да застанете --
  • 17:16 - 17:20
    дури и тоа да е само за момент, застанете и потсетете се на Шенг-тсан.
  • 17:20 - 17:22
    Излезете од моралната матрица,
  • 17:22 - 17:24
    обидете се да ја видите како борба која се одвива
  • 17:24 - 17:26
    и во која сите мислат дека се во право,
  • 17:26 - 17:28
    и сите, барем, имаат некакви причини -- дури и ако не се согласувате со нив --
  • 17:28 - 17:30
    сите имаат некакви причини поради кои го прават тоа што го прават.
  • 17:30 - 17:31
    Излезете.
  • 17:31 - 17:35
    И ако го направите тоа, тоа е нужниот чекор за да се култивира морална скромност,
  • 17:35 - 17:36
    за да излезете од оваа само-правичност,
  • 17:36 - 17:38
    која е нормална човечка состојба.
  • 17:38 - 17:40
    Помислете на Далај Лама.
  • 17:40 - 17:43
    Помислете на огромниот морален авторитет на Далај Лама --
  • 17:43 - 17:45
    тој доаѓа од неговата морална скромност.
  • 17:47 - 17:49
    Па затоа мислам дека поентата на мојот говор
  • 17:49 - 17:52
    и поентата на TED,
  • 17:52 - 17:55
    е дека ова е група на луѓе
  • 17:55 - 17:57
    во страсна потера по промени на светот кон подобро.
  • 17:57 - 18:00
    Луѓето овде се страсно вклучени
  • 18:00 - 18:02
    во обидите да го направат светот подобар.
  • 18:02 - 18:05
    Но, има и страсна посветеност на вистината.
  • 18:05 - 18:09
    И затоа мислам дека одговорот е да да се користи таа страсна посветеност
  • 18:09 - 18:13
    на вистината за да се обидеме да ја претвориме во подобра иднина за сите нас.
  • 18:13 - 18:14
    Благодарам.
  • 18:14 - 18:17
    (Аплауз)
Title:
Џонатан Хајдт за моралните корени на либералите и конзервативците
Speaker:
Jonathan Haidt
Description:

Психологот Џонатан Хајдт ги проучува петте морални вредности кои ја формираат основата на нашите политички избори, без разлика дали сме од левицата, десницата или центарот. Во неговиот разоткривачки говор, тој ги потенцира моралните вредности кои и либералите и конзервативците тежнеат да ги почитуваат најмногу.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
18:19
Novica Nakov added a translation

Macedonian subtitles

Revisions