WEBVTT 00:00:01.000 --> 00:00:04.000 Да претпоставиме дека двајца пријатели американци патуваат заедно во Италија. 00:00:04.000 --> 00:00:06.000 Тие одат да го видат „Давид“ на Микеланџело. 00:00:06.000 --> 00:00:08.000 и кога конечно ќе дојдат лице в лице со статуата, 00:00:08.000 --> 00:00:10.000 двајцата се стаписани. 00:00:10.000 --> 00:00:12.000 Првиот, да го наречеме Адам, 00:00:12.000 --> 00:00:15.000 е стаписан од убавината на совршената човекова форма. 00:00:15.000 --> 00:00:17.000 Вториот, да го наречеме Бил, 00:00:17.000 --> 00:00:21.000 е стаписан од срам од тоа што го гледа таму во центарот. 00:00:22.000 --> 00:00:24.000 Па, еве го моето прашање за вас: 00:00:24.000 --> 00:00:28.000 за кој од овие двајца е поверојатно дека гласал за Џорџ Буш, 00:00:28.000 --> 00:00:30.000 а кој за Ал Гор? NOTE Paragraph 00:00:30.000 --> 00:00:31.000 Не треба да кревате раце 00:00:31.000 --> 00:00:34.000 бидејќи сите ги имаме истите политички стереотипи. 00:00:34.000 --> 00:00:36.000 Сите знаеме дека тоа е Бил. 00:00:36.000 --> 00:00:40.000 И во овој случај стереотипот соодветстува со реалноста. 00:00:40.000 --> 00:00:43.000 Факт е дека кај либералите, за разлика од конзервативците, 00:00:43.000 --> 00:00:46.000 многу повеќе е изразена карактерната особина наречена отвореност кон искуства. 00:00:46.000 --> 00:00:48.000 Луѓето кои се на високо ниво во отвореноста кон искуствата 00:00:48.000 --> 00:00:52.000 копнеат по новитети, разноликост, различност, нови идеи, патувања. 00:00:52.000 --> 00:00:57.000 Луѓето кои се на ниско ниво сакаат нешта кои се познати, кои безбедни и на кои можат да се ослонат. NOTE Paragraph 00:00:57.000 --> 00:00:59.000 Ако знаете за оваа карактерна особина, 00:00:59.000 --> 00:01:01.000 можете да разберете многу од загатките на човековото однесување. 00:01:01.000 --> 00:01:04.000 Можете да разберете зошто уметниците се толку различни од сметководителите. 00:01:04.000 --> 00:01:06.000 Можете да предвидите какви книги тие сакаат да читаат, 00:01:06.000 --> 00:01:08.000 на какви места сакаат да патуваат, 00:01:08.000 --> 00:01:10.000 и каква храна сакаат да јадат. 00:01:10.000 --> 00:01:13.000 Штом ќе ја разберете оваа особина, можете да разберете и 00:01:13.000 --> 00:01:17.000 зошто некој би јадел во Еплби, но не некој што го познавате. 00:01:17.000 --> 00:01:23.000 (Смеа) 00:01:23.000 --> 00:01:25.000 Оваа особина исто така ни кажува многу за политиката. 00:01:25.000 --> 00:01:28.000 Главнот истражувач на оваа особина, Робер Мекри вели дека 00:01:28.000 --> 00:01:32.000 „Отворените личности имаат афинитет за либерални, прогресивни, лево-ориентирани политички гледишта“ -- 00:01:32.000 --> 00:01:34.000 тие сакаат општество кое е отворено и кое се менува -- 00:01:34.000 --> 00:01:39.000 „додека затворените личности преферираат конзервативни, традиционални, десно-ориентирани погледи“. NOTE Paragraph 00:01:39.000 --> 00:01:43.000 Оваа особина исто така ни кажува многу за тоа во какви групи се зачленуваат луѓето. 00:01:43.000 --> 00:01:45.000 Еве еден опис на група што ја најдов на Интернет. 00:01:45.000 --> 00:01:47.000 Каков тип на луѓе би се приклучиле на глобална заедница 00:01:47.000 --> 00:01:49.000 која е отворена за луѓе од секоја дисциплина и култура, 00:01:49.000 --> 00:01:51.000 кои бараат подлабоко разбирање на светот, 00:01:51.000 --> 00:01:54.000 и кои се надеваат дека тоа разбирање ќе го претворат во подобра иднина за сите нас? 00:01:54.000 --> 00:01:56.000 Ова е од некој тип што се вика TED. 00:01:56.000 --> 00:01:58.000 (Смеа) 00:01:58.000 --> 00:02:02.000 Па, да видиме, ако отвореноста предвидува кој ќе стане либерал, 00:02:02.000 --> 00:02:04.000 и ако отвореноста предвидува кој ќе стане TED-овец, 00:02:04.000 --> 00:02:07.000 тогаш дали може да предвидиме дека повеќето TED-овци се либерали? 00:02:07.000 --> 00:02:08.000 Да видиме. 00:02:08.000 --> 00:02:12.000 Ќе ве замолам да ја кренете раката ако сте либерални, лево од центарот, 00:02:12.000 --> 00:02:14.000 пред сѐ зборуваме за општествени прашања, 00:02:14.000 --> 00:02:16.000 или конзервативни, и ќе ви дадам трета опција, 00:02:16.000 --> 00:02:18.000 бидејќи знам дека има извесен број на либертаријанци во публиката. 00:02:18.000 --> 00:02:20.000 Па сега, кренете рака, 00:02:20.000 --> 00:02:21.000 и вие долу во собите, 00:02:21.000 --> 00:02:23.000 сите нека видат кој е тука. 00:02:23.000 --> 00:02:26.000 Кренете рака ако мислите дека сте либерални или лево од центарот. 00:02:26.000 --> 00:02:29.000 Кренета рака сега. Во ред. 00:02:30.000 --> 00:02:32.000 Кренете рака ако мислите дека сте либертаријанци. 00:02:33.000 --> 00:02:35.000 Во ред. Околу дваесеттина. 00:02:35.000 --> 00:02:38.000 И кренете рака ако мислите дека сте десно од центарот или конзервативни. 00:02:38.000 --> 00:02:43.000 Еден, два, три, четири, пет... околу осум или десет. NOTE Paragraph 00:02:44.000 --> 00:02:47.000 Во ред. Ова е мал проблем. 00:02:47.000 --> 00:02:50.000 Ако нашата цел е да го разбереме светот 00:02:50.000 --> 00:02:52.000 да бараме подлабоко разбирање на светот, 00:02:52.000 --> 00:02:55.000 тогаш овдешниот недостаток на морална разноликост ќе го направи тоа потешко. 00:02:55.000 --> 00:02:59.000 Штом луѓето делат исти вредности, штом делат ист морал, 00:02:59.000 --> 00:03:02.000 тие стануваат дел од тим и штом ја употребите тимската психологија, 00:03:02.000 --> 00:03:04.000 го исклучувате отвореното размислување. 00:03:07.000 --> 00:03:11.000 Кога либералниот тим ќе изгуби, како што се случи во 2004, 00:03:11.000 --> 00:03:15.000 и како што речиси се случи во 2000, се тешиме себе си. 00:03:15.000 --> 00:03:17.000 (Смеа) 00:03:17.000 --> 00:03:21.000 Се обидуваме да објасниме зошто пола Америка гласаше за другиот тим. 00:03:21.000 --> 00:03:26.000 Мислиме дека тие мора да се заслепени од религија или од обична глупост. 00:03:26.000 --> 00:03:29.000 (Смеа) 00:03:29.000 --> 00:03:37.000 (Аплауз) 00:03:37.000 --> 00:03:43.000 Ако мислите дека пола Америка гласа за Републиканците 00:03:43.000 --> 00:03:46.000 бидејќи е заслепена на овој начин, 00:03:46.000 --> 00:03:49.000 тогаш мојата порака до вас е дека сте заробени во морална матрица, 00:03:49.000 --> 00:03:50.000 во една одредена морална матрица. 00:03:50.000 --> 00:03:54.000 И под „матрица“, буквално мислам матрица како во филмот „Матрикс“. NOTE Paragraph 00:03:54.000 --> 00:03:56.000 Но, денес сум овде за да ви дадам избор. 00:03:56.000 --> 00:04:00.000 Можете да го земете синото апче и удобно да останете со своите заблуди, 00:04:00.000 --> 00:04:02.000 или може да го земете црвеното апче 00:04:02.000 --> 00:04:05.000 и да научите малку психологија на моралот и да излезете од моралната матрица. 00:04:05.000 --> 00:04:07.000 Бидејќи знам -- 00:04:07.000 --> 00:04:10.000 (Аплауз) 00:04:10.000 --> 00:04:12.000 Во ред. Претпоставувам дека тоа е одговор на моето прашање. 00:04:12.000 --> 00:04:14.000 Ќе прашав кое апче ќе го изберете, но нема потреба. 00:04:14.000 --> 00:04:16.000 Сите се отворени за искуство, и 00:04:16.000 --> 00:04:19.000 се чини дека може да има и добар вкус, а вие сите сте епикуријанци. 00:04:19.000 --> 00:04:21.000 Па да одиме со црвеното апче. 00:04:21.000 --> 00:04:23.000 Да проучиме малку психологија на моралот и да видиме каде ќе не однесе. NOTE Paragraph 00:04:23.000 --> 00:04:25.000 Да почнеме од почеток. 00:04:25.000 --> 00:04:27.000 Што е моралот и од каде потекнува? 00:04:27.000 --> 00:04:29.000 Најлошата идеја во сета психологија 00:04:29.000 --> 00:04:32.000 е идејата дека умот при раѓање е празна плоча (Табула Раса). 00:04:32.000 --> 00:04:34.000 Развојната психологија покажа 00:04:34.000 --> 00:04:36.000 дека децата доаѓаат на светот со многу знаење 00:04:36.000 --> 00:04:38.000 за физичкото и општественото опкружување 00:04:38.000 --> 00:04:42.000 и дека се програмирани така што им е лесно да научат некои работи 00:04:42.000 --> 00:04:43.000 а тешко да научат некои други. 00:04:43.000 --> 00:04:45.000 Најдобрата дефиниција за вроденоста што сум ја видел -- 00:04:45.000 --> 00:04:47.000 што ми разјасни многу работи -- 00:04:47.000 --> 00:04:49.000 е од невронаучникот Гери Маркус. 00:04:49.000 --> 00:04:54.000 Тој вели: „Почетната организација на мозокот не зависи толку многу од искуствата. 00:04:54.000 --> 00:04:57.000 Природата го дава првиот нацрт, кој искуството потоа го ревидира. 00:04:57.000 --> 00:04:59.000 „Вродено“ не значи „неменливо“. 00:04:59.000 --> 00:05:02.000 туку „организирано пред стекнување на искуство“. 00:05:02.000 --> 00:05:04.000 Тогаш, каков е првиот нацрт на моралниот ум? 00:05:04.000 --> 00:05:07.000 За да го откриеме тоа јас и мојот колега Крег Џозеф 00:05:07.000 --> 00:05:09.000 читавме литература за антропологија 00:05:09.000 --> 00:05:11.000 за културната различност во моралноста 00:05:11.000 --> 00:05:13.000 и за еволуциската психологија, со цел да најдеме преклопувања. 00:05:13.000 --> 00:05:16.000 Кои се работите за кои луѓето разговараат во различните дисциплини 00:05:16.000 --> 00:05:18.000 и кои се пронаоѓаат во различните култури, па дури и животински видови? 00:05:18.000 --> 00:05:20.000 Пронајдовме пет најдобри допирни точки 00:05:20.000 --> 00:05:22.000 кои ги викаме пет темели на моралноста. NOTE Paragraph 00:05:22.000 --> 00:05:24.000 Првиот е штета-грижа. 00:05:24.000 --> 00:05:28.000 Сите сме цицачи, сите имаме многу невронско и хормонално програмирање 00:05:28.000 --> 00:05:30.000 што овозможува вистински да се поврзуваме со другите, да се грижиме за нив, 00:05:30.000 --> 00:05:33.000 да бидеме сочуствителни, посебно кон слабите и ранливите. 00:05:33.000 --> 00:05:36.000 Затоа силно реагираме на тие што предизвикуваат штета. 00:05:36.000 --> 00:05:39.000 Овој морален темел е во основата на отприлика 70 проценти 00:05:39.000 --> 00:05:41.000 од моралните изјави што сум ги чул на TED. NOTE Paragraph 00:05:41.000 --> 00:05:44.000 Вториот темел е фер-реципроцитет. 00:05:44.000 --> 00:05:46.000 Има спротиставени докази 00:05:46.000 --> 00:05:48.000 за тоа дали постои реципроцитет и кај другите животни, 00:05:48.000 --> 00:05:50.000 но доказите за луѓето не можат да бидат појасни. 00:05:50.000 --> 00:05:52.000 Ова е сликата „Златното правило“ на Норман Роквел, 00:05:52.000 --> 00:05:54.000 и сме чуле за ова од Карен Армстронг, секако, 00:05:54.000 --> 00:05:57.000 дека е темел на толку многу религии. 00:05:57.000 --> 00:05:59.000 Овој втор темел е во основата на останатите 30 проценти 00:05:59.000 --> 00:06:01.000 од моралните изјави што сум ги чул на TED. NOTE Paragraph 00:06:01.000 --> 00:06:03.000 Третиот темел е лојалност кон групата. 00:06:03.000 --> 00:06:05.000 Има групи во царството на животните -- 00:06:05.000 --> 00:06:07.000 има кооперативни групи -- 00:06:07.000 --> 00:06:10.000 но овие групи секогаш се многу мали или се семејни. 00:06:10.000 --> 00:06:13.000 Само помеѓу луѓето има големи групи 00:06:13.000 --> 00:06:16.000 кои можат да соработуваат, да се здружат -- 00:06:16.000 --> 00:06:20.000 но во овој случај, групите се здружуваат да се борат против други групи. 00:06:20.000 --> 00:06:24.000 Ова веројатно доаѓа од нашата долга историја на живеење во племиња, племенска психологија. 00:06:24.000 --> 00:06:26.000 И таа племенска психологија ни носи толку длабоко задоволство 00:06:26.000 --> 00:06:28.000 што и кога немаме племиња, 00:06:28.000 --> 00:06:31.000 создаваме племиња бидејќи е забавно. 00:06:31.000 --> 00:06:34.000 (Смеа) 00:06:34.000 --> 00:06:37.000 Спортот е за војната тоа што порнографијата е за сексот. 00:06:37.000 --> 00:06:40.000 Вежбаме некои прастари нагони. NOTE Paragraph 00:06:40.000 --> 00:06:43.000 Четвртиот темел е авторитет-почит. 00:06:43.000 --> 00:06:46.000 Овде гледате гестови на потчинетост од членови на многу тесно поврзани видови -- 00:06:46.000 --> 00:06:50.000 но авторитетот кај луѓето не е толку тесно базиран на моќ и бруталност, 00:06:50.000 --> 00:06:52.000 како што е тоа кај другите примати. 00:06:52.000 --> 00:06:54.000 Повеќе се базира на доброволно почитување, 00:06:54.000 --> 00:06:56.000 и понекогаш на елементи на лубов. NOTE Paragraph 00:06:56.000 --> 00:06:58.000 Петиот темел е чистота-светост. 00:06:58.000 --> 00:07:01.000 Оваа слика се вика „Алегорија на чедност“. 00:07:01.000 --> 00:07:04.000 но чистоста не е само за потиснување на женската сексуалност. 00:07:04.000 --> 00:07:07.000 Тоа е за било која идеологија, било која идеја 00:07:07.000 --> 00:07:09.000 која вели дека можете да постигнете честитост 00:07:09.000 --> 00:07:10.000 со контрола на активностите што ги правите со вашето тело, 00:07:10.000 --> 00:07:12.000 со контрола на тоа што го внесувате во вашето тело. 00:07:12.000 --> 00:07:16.000 И додека политичката десница можеби го морализира сексот повеќе, 00:07:16.000 --> 00:07:18.000 политичката левица го прави истото со храната. 00:07:18.000 --> 00:07:20.000 Денес храната станува екстремно морализирана, 00:07:20.000 --> 00:07:22.000 и во тоа има многу идеи за чистота, 00:07:22.000 --> 00:07:25.000 за тоа што сте волни да допирате или ставате во вашето тело. NOTE Paragraph 00:07:25.000 --> 00:07:28.000 Мислам дека ова се петте најдобри кандидати 00:07:28.000 --> 00:07:30.000 за тоа што е запишано во првиот нацрт на моралниот ум. 00:07:30.000 --> 00:07:31.000 Мислам дека барем доаѓаме 00:07:31.000 --> 00:07:34.000 со подготвеност да учиме за овие работи. 00:07:34.000 --> 00:07:37.000 Но како што мојот син Макс расте во либерален универзитетски град, 00:07:38.000 --> 00:07:40.000 како овој прв нацрт ќе биде ревидиран? 00:07:40.000 --> 00:07:42.000 И како ќе биде различен 00:07:42.000 --> 00:07:45.000 од дете родено 96 km јужно во Линчбург, Вирџинија? 00:07:45.000 --> 00:07:47.000 За да размислиме за културните разлики, да се обидеме со друга метафора. 00:07:47.000 --> 00:07:50.000 Ако навистина има пет системи кои работат во умот -- 00:07:50.000 --> 00:07:52.000 пет извори на интуиција и чувства -- 00:07:52.000 --> 00:07:54.000 тогаш можеме да размислуваме за моралниот ум 00:07:54.000 --> 00:07:56.000 како за аудио еквилајзер со пет канали 00:07:56.000 --> 00:07:58.000 каде што може да се намести различно ниво на секој канал. 00:07:58.000 --> 00:08:01.000 Јас и моите колеги, Брајан Нозек и Џеси Грем, 00:08:01.000 --> 00:08:06.000 направивме прашалник, што го објавивме на интернет на www.YourMorals.org. 00:08:06.000 --> 00:08:11.000 И до сега, 30.000 луѓе го одговорија овој прашални и можете и вие да го сторите истото. 00:08:11.000 --> 00:08:12.000 Еве ги резултатите. 00:08:12.000 --> 00:08:15.000 Ова се резултатите од околу 23.000 американски граѓани. 00:08:15.000 --> 00:08:17.000 На лево се прикажани резултатите на либералите, 00:08:17.000 --> 00:08:19.000 на десно тие на конзервативците, а на средина на умерените. 00:08:19.000 --> 00:08:21.000 Сините линии ги прикажуваат одговорите на луѓето 00:08:21.000 --> 00:08:23.000 во просек за сите прашања за штета. NOTE Paragraph 00:08:23.000 --> 00:08:26.000 Како што можете да видите луѓето се грижат за прашањата во врска со грижата и причинувањето на штета. 00:08:26.000 --> 00:08:28.000 Тие ги поддржуваат ваквите изјави 00:08:28.000 --> 00:08:30.000 преку целата табла, но како што исто можете да видите, 00:08:30.000 --> 00:08:33.000 либералите се грижат малку повеќе од конзервативците, линијата паѓа надолу. 00:08:33.000 --> 00:08:35.000 Исто е и за праведноста. 00:08:35.000 --> 00:08:37.000 Но видете ги другите три линии, 00:08:37.000 --> 00:08:39.000 за либералите резултатот е многу низок. 00:08:39.000 --> 00:08:41.000 Либералите во основа велат: „Не, ова не е морал. 00:08:41.000 --> 00:08:44.000 Лојалност кон групата, авторитет, чистотa -- овие работи немаат врска со морал. Ги одбивам“. 00:08:44.000 --> 00:08:46.000 Но како што луѓето стануваат поконзервативни вредностите се качуваат. 00:08:46.000 --> 00:08:49.000 Можеме да речеме дека либералите имаат некој вид на морал 00:08:49.000 --> 00:08:50.000 кој се темели на два столба. 00:08:50.000 --> 00:08:52.000 Конзервативците имаат повеќе морал 00:08:52.000 --> 00:08:54.000 кој се темели на пет столба. NOTE Paragraph 00:08:54.000 --> 00:08:55.000 Ова е вака во секоја земја која ќе ја погледаме. 00:08:55.000 --> 00:08:57.000 Еве ги податоците за 1.100 Канаѓани. 00:08:57.000 --> 00:08:59.000 Ќе свртам уште неколку други слајдови. 00:08:59.000 --> 00:09:02.000 Обединетото кралство, Австралија, Нов Зеланд, Западна Европа, Источна Европа, 00:09:02.000 --> 00:09:06.000 Латинска Америка, Блискиот исток, Источна Азија и Јужна Азија. 00:09:06.000 --> 00:09:08.000 Забележете дека исто така на сите овие графици, 00:09:08.000 --> 00:09:11.000 падот е пооштар за групата, авторитетот и чистоста. 00:09:11.000 --> 00:09:13.000 Тоа покажува дека во секоја земја, 00:09:13.000 --> 00:09:16.000 несогласувањето не е околу штетата и правичноста. 00:09:16.000 --> 00:09:18.000 Сите -- мислам, дебатираме за тоа што е фер -- 00:09:18.000 --> 00:09:21.000 но сите се согласуваат дека штетата и правичноста се важни. 00:09:21.000 --> 00:09:23.000 Дебатите за моралот во културите 00:09:23.000 --> 00:09:26.000 посебно се за прашања за групата, авторитетот и чистотата. NOTE Paragraph 00:09:26.000 --> 00:09:29.000 Овој ефект е толку робусен што го пронаоѓаме без разлика како ќе го поставиме прашањето. 00:09:29.000 --> 00:09:31.000 Во едно неодамнешно истражување, 00:09:31.000 --> 00:09:33.000 им рековме на луѓето да замислат дека ќе добијат куче. 00:09:33.000 --> 00:09:34.000 Одбирате определена раса, 00:09:34.000 --> 00:09:36.000 и учите некои нови информации за неа. 00:09:36.000 --> 00:09:39.000 И да речеме дека учите дека оваа раса е своеволна, 00:09:39.000 --> 00:09:41.000 и својот сопственик го смета за пријател и еднаков на себе? 00:09:41.000 --> 00:09:43.000 Ако сте либерален ќе речете „Еј, тоа е супер!“ 00:09:43.000 --> 00:09:45.000 бидејќи либералите сакаат да речат „Донеси го стапчето, те молам“. 00:09:45.000 --> 00:09:49.000 (Смеа) 00:09:50.000 --> 00:09:53.000 Но ако сте конзервативец, тоа не е толку атрактивно. 00:09:53.000 --> 00:09:56.000 Ако сте конзервативец, и ако научите дека тоа куче е екстремно лојално 00:09:56.000 --> 00:09:58.000 на својот дом и семејство и не се спријателува лесно со странци, 00:09:58.000 --> 00:10:01.000 за конзервативците -- лојалноста е добра -- кучињата треба да бидат лојални. 00:10:01.000 --> 00:10:03.000 Но за либералот, звучи дека ова куче 00:10:03.000 --> 00:10:05.000 се кандидира за републиканска номинација. 00:10:05.000 --> 00:10:06.000 (Смеа) NOTE Paragraph 00:10:06.000 --> 00:10:08.000 Па можете да си речете, во ред, 00:10:08.000 --> 00:10:10.000 постојат овие разлики меѓу либералите и конзервативците, 00:10:10.000 --> 00:10:12.000 но што ги прави останатите три темели морални? 00:10:12.000 --> 00:10:14.000 Нели се тие само основ за ксенофобија 00:10:14.000 --> 00:10:16.000 и автократија и пуританство? 00:10:16.000 --> 00:10:17.000 Што ги прави нив морални? 00:10:17.000 --> 00:10:20.000 Мислам дека одговорот е содржан во овој неверојатен триптих од Хиронимус Бош, 00:10:20.000 --> 00:10:22.000 „Градината на убавините на Земјата“. 00:10:22.000 --> 00:10:25.000 На првиот панел го гледаме моментот на креација. 00:10:25.000 --> 00:10:29.000 Се е подредено, се е убаво, сите луѓе и животни 00:10:29.000 --> 00:10:32.000 го прават тоа што треба да го прават, таму каде што треба да го прават. 00:10:32.000 --> 00:10:35.000 Но тогаш, како што одат работите, светот се менува. 00:10:35.000 --> 00:10:37.000 Секој човек прави она што сака, 00:10:37.000 --> 00:10:40.000 со секој отвор на секој друг човек и секое животно. 00:10:40.000 --> 00:10:42.000 Некои од вас можеби ќе го препознаат ова како шеесетите. 00:10:42.000 --> 00:10:43.000 (Смеа) 00:10:43.000 --> 00:10:47.000 Но шеесетите на крај им го препуштаат местото на седумдесетите, 00:10:47.000 --> 00:10:51.000 каде раните на отворите болат малку повеќе. 00:10:51.000 --> 00:10:53.000 Секако, Бош ова го нарекува Пекол. NOTE Paragraph 00:10:53.000 --> 00:10:56.000 Па овој триптих, овие три панели, 00:10:56.000 --> 00:11:01.000 ја портретираат безвременската вистина дека редот тежнее да пропадне. 00:11:01.000 --> 00:11:03.000 Вистината на општествената ентропија. 00:11:03.000 --> 00:11:06.000 Но ако мислите дека ова е само дел од Христијанската имагинација 00:11:06.000 --> 00:11:08.000 дека Христијаните имаат некој чуден проблем со задоволството, 00:11:08.000 --> 00:11:11.000 еве ја истата приказна, истиот развој на настани, 00:11:11.000 --> 00:11:14.000 раскажан во труд објавен во „Нејчр“ пред неколку години, 00:11:14.000 --> 00:11:18.000 во кој Ернс Фер и Симин Гечтер проучуваат луѓе соочени со дилема за заедништво. 00:11:18.000 --> 00:11:20.000 Во играта луѓето добиваат пари, 00:11:20.000 --> 00:11:22.000 и во секоја рунда 00:11:22.000 --> 00:11:24.000 можат да стават пари во заедничко купче, 00:11:24.000 --> 00:11:26.000 и потоа истражувачот го дуплира тоа што е во купчето 00:11:26.000 --> 00:11:28.000 и потоа сета сума се дели меѓу играчите. 00:11:28.000 --> 00:11:31.000 Ова е многу убава аналогија за сите прашања за животната средина 00:11:31.000 --> 00:11:33.000 за кои бараме од луѓето да направат жртва 00:11:33.000 --> 00:11:35.000 а тие самите немаат некоја користи од својата жртва. 00:11:35.000 --> 00:11:37.000 Но она што вистина сакате е сите други да се жртвуваат, 00:11:37.000 --> 00:11:39.000 а иствремено сите имаат копнеж да поминат лесно. 00:11:39.000 --> 00:11:43.000 Се случува следново: на почеток луѓето разумно соработуваат -- 00:11:43.000 --> 00:11:45.000 сето ова се игра анонимно -- 00:11:45.000 --> 00:11:48.000 во првата рунда луѓето даваат околу половина од парите што можат да ги дадат. 00:11:48.000 --> 00:11:51.000 Но брзо сфаќаат: „Знаете, другите не даваат толку многу. 00:11:51.000 --> 00:11:53.000 Не сакам да бидам наивен. Нема да соработувам.“ 00:11:53.000 --> 00:11:57.000 И така соработката брзо се распаѓа од разумно добра до речиси никаква. NOTE Paragraph 00:11:57.000 --> 00:11:59.000 Но тогаш, и ова е трикот, 00:11:59.000 --> 00:12:01.000 Фер и Гечтер во седмата рунда рекле, 00:12:01.000 --> 00:12:03.000 „Знаете што? Ново правило. 00:12:03.000 --> 00:12:05.000 Ако сакате да дадете дел од своите пари 00:12:05.000 --> 00:12:09.000 за да ги казните тие што не придонесуваат, можете да го направите тоа.“ 00:12:09.000 --> 00:12:12.000 И штом луѓето чуле за системот за казни, 00:12:12.000 --> 00:12:14.000 соработката почнала да се качува нагоре. 00:12:14.000 --> 00:12:16.000 Се качува и не застанува. 00:12:16.000 --> 00:12:19.000 Има многу истражувања кои покажуваат дека за да се решат проблемите со соработка, казните помагаат. 00:12:19.000 --> 00:12:21.000 Не е доволно само да се поттикнуваат добрите мотиви на луѓето, 00:12:21.000 --> 00:12:23.000 помага и тоа да се има некаков вид на казна. 00:12:23.000 --> 00:12:25.000 Дури и ако тоа е некој вид на срам или озборување 00:12:25.000 --> 00:12:28.000 потребен е некаков вид на казна што ќе ги натера луѓето, 00:12:28.000 --> 00:12:30.000 кога се во големи групи, да соработуваат. 00:12:30.000 --> 00:12:33.000 Има уште поскорашни истражувања кои укажуваат дека религијата -- 00:12:33.000 --> 00:12:35.000 повикувањето на Господ, терањето на луѓето да мислат на Господ -- 00:12:35.000 --> 00:12:40.000 често во дадени ситуации води до поголема соработка, поголемо про-општествено однесување. NOTE Paragraph 00:12:41.000 --> 00:12:43.000 Некои луѓе мислат дека религијата е адаптација 00:12:43.000 --> 00:12:45.000 која се развила и од културна и од биолошка еволуција 00:12:45.000 --> 00:12:47.000 што служи за групите да се зближуваат, 00:12:47.000 --> 00:12:49.000 во дел со цел поголема меѓусебна доверба, 00:12:49.000 --> 00:12:51.000 а потоа и за да бидат по ефективни во натпреварувањето со другите групи. 00:12:51.000 --> 00:12:52.000 Мислам дека тоа е веројатно точно, 00:12:52.000 --> 00:12:54.000 иако ова е контроверзно прашање. 00:12:54.000 --> 00:12:56.000 Но религијата посебно ме интересира, 00:12:56.000 --> 00:12:59.000 како и нејзиното потекло и што таа ни прави нам и за нас. 00:12:59.000 --> 00:13:03.000 Затоа што мислам дека најголемото чудо на светот не е Големиот кањон. 00:13:03.000 --> 00:13:05.000 Тој е многу едноставен. 00:13:05.000 --> 00:13:08.000 Тој е само многу камен, и потоа многу вода и ветер и многу време, 00:13:08.000 --> 00:13:10.000 и така го добивате Големиот кањон. 00:13:10.000 --> 00:13:11.000 Не е толку комплицирано. 00:13:11.000 --> 00:13:13.000 Она што навистина е комплицирано 00:13:13.000 --> 00:13:15.000 е тоа што имало луѓе што живеат на места како Големиот кањон, 00:13:15.000 --> 00:13:17.000 кои соработувале меѓу себе, или во саваните во Африка, 00:13:17.000 --> 00:13:20.000 или на смрзнатите брегови на Аљаска, и некои од овие села 00:13:20.000 --> 00:13:24.000 прераснале во моќни градови како Вавилон, Рим и Теночитлан. 00:13:24.000 --> 00:13:25.000 Како се случило ова? 00:13:25.000 --> 00:13:28.000 Ова е апсолутно чудо што е многу потешко да се објасни од Големиот кањон. NOTE Paragraph 00:13:28.000 --> 00:13:31.000 Мислам дека одоговорот е во тоа дека го користеле секој алат во кутијата. 00:13:31.000 --> 00:13:33.000 Потребна била целата наша морална психологија 00:13:33.000 --> 00:13:35.000 за да се создатат овие групи кои соработуваат. 00:13:35.000 --> 00:13:37.000 Да, треба да бидете загрижени за штета, 00:13:37.000 --> 00:13:38.000 и ви треба психологија на правда. 00:13:38.000 --> 00:13:41.000 Но навистина полесно е да се организира група ако имате подгрупи 00:13:41.000 --> 00:13:44.000 и ако тие имаат своја внатрешна структура 00:13:44.000 --> 00:13:46.000 и ако имате некоја идеологија кој им вели на луѓето 00:13:46.000 --> 00:13:50.000 да ги потиснат своите чувства и да се посветат на повисоки и поблагородни цели. 00:13:50.000 --> 00:13:52.000 И сега пристигнуваме до центарот на недоразбирањето 00:13:52.000 --> 00:13:54.000 помеѓу либералите и конзервативците, 00:13:54.000 --> 00:13:56.000 бидејќи либералите одбиваат три од овие темели. 00:13:56.000 --> 00:13:59.000 Тие велат: „Не, ајде да ја славиме различноста, а не заедничкото членување во група“. 00:13:59.000 --> 00:14:01.000 Тие велат: „Да го доведеме во прашање авторитетот“. 00:14:01.000 --> 00:14:03.000 И велат: „Чувајте ги законите подалеку од моето тело“. NOTE Paragraph 00:14:03.000 --> 00:14:06.000 Либералите имаат многу благородни мотиви за ова. 00:14:06.000 --> 00:14:09.000 Традиционалниот авторитет, традиционалниот морал можат да бидат мошне репресивни 00:14:09.000 --> 00:14:12.000 и рестриктивни за оние на дното, за жените, за оние што не се вклопуваат. 00:14:12.000 --> 00:14:14.000 Така либералите зборуваат за слабите и обесправените. 00:14:14.000 --> 00:14:16.000 Тие сакаат промена и правда, дури и со ризик од хаос. 00:14:16.000 --> 00:14:19.000 Маичката на овој човек вели: „Доста се жалите, почнете револуција“. 00:14:19.000 --> 00:14:21.000 Ако сте високо во отвореноста кон искуства, револуцијата е добра, 00:14:21.000 --> 00:14:23.000 таа е промена, забавна е. 00:14:23.000 --> 00:14:26.000 Конзервативците, од друга страна, зборуваат за институции и традиција. 00:14:26.000 --> 00:14:30.000 Сакаат ред, дури и ако трошокот за тоа падне врз тие на дното. 00:14:30.000 --> 00:14:32.000 Големото конзервативно видување е дека редот тешко се постигнува. 00:14:32.000 --> 00:14:35.000 Драгоцен е и лесно може да се загуби. 00:14:35.000 --> 00:14:37.000 Како што вели Едмонт Бурк: „Ограничувањата на луѓето, 00:14:37.000 --> 00:14:40.000 како и нивните слободи, треба да бидат сместени меѓу нивните права“. 00:14:40.000 --> 00:14:42.000 Ова беше по хаосот на Француската револуција. 00:14:42.000 --> 00:14:44.000 Па штом ќе го видите ова, штом ќе видите 00:14:44.000 --> 00:14:47.000 дека и либералите и конзервативците имаат нешто да придонесат, 00:14:47.000 --> 00:14:50.000 дека формираат рамнотежа помеѓу промената и стабилноста, 00:14:50.000 --> 00:14:53.000 тогаш мислам дека патот за да се излезе од моралната матрица е отворен. NOTE Paragraph 00:14:53.000 --> 00:14:58.000 Ова е големото видување што го задржале религиите од Азија. 00:14:58.000 --> 00:15:00.000 Размислете за Јин и Јанг. 00:15:00.000 --> 00:15:02.000 Јин и Јанг не се непријатели. Тие не се мразат еден со друг. 00:15:02.000 --> 00:15:04.000 И Јин и Јанг се потребни, како ден и ноќ, 00:15:04.000 --> 00:15:06.000 за функционирањето на светот. 00:15:06.000 --> 00:15:08.000 Истото го има и во Хиндуизмот. 00:15:08.000 --> 00:15:10.000 Има многу врховни богови во Хиндуизмот. 00:15:10.000 --> 00:15:13.000 Двајца од нив се Вишну заштитувачот и Шива уништувачот. 00:15:13.000 --> 00:15:16.000 На оваа слика тие два бога делат исто тело. 00:15:16.000 --> 00:15:18.000 Ги имате ознаките на Вишну на лево, 00:15:18.000 --> 00:15:21.000 па може да го замислите Вишну како конзервативен бог. 00:15:21.000 --> 00:15:23.000 Ознаките на Шива се на лево. 00:15:23.000 --> 00:15:25.000 Шива е либералниот бог и тие работат заедно. 00:15:25.000 --> 00:15:27.000 Истото го има и во Будизмот. 00:15:27.000 --> 00:15:29.000 Овие две строфи ги содржат најдлабоките увиди 00:15:29.000 --> 00:15:32.000 кои некогаш ги постигнала моралната психологија. 00:15:32.000 --> 00:15:34.000 Од Шенгс-тсан - Зен учителот: 00:15:34.000 --> 00:15:38.000 „Ако сакаш вистината да биде јасна пред тебе, никогаш немој да бидеш за или против, 00:15:38.000 --> 00:15:42.000 битката помеѓу за и против е најлошата болест за умот.“ 00:15:42.000 --> 00:15:44.000 Тоа за жал е болест 00:15:44.000 --> 00:15:46.000 што ја имаат многу од светските водачи. 00:15:46.000 --> 00:15:49.000 Но пред да помислите дека сте подобри од Џорџ Буш, 00:15:49.000 --> 00:15:53.000 пред да фрлите камен, запрашајте се: „Дали јас го прифаќам тоа?“ 00:15:53.000 --> 00:15:56.000 Дали прифаќате да ја напуштите битката меѓу доброто и злото? 00:15:56.000 --> 00:15:59.000 Можете ли да бидете ниту за, ниту против нешто? NOTE Paragraph 00:16:00.000 --> 00:16:03.000 Што е поентата? Што треба да правите? 00:16:03.000 --> 00:16:05.000 Ако ги земете најголемите увиди 00:16:05.000 --> 00:16:07.000 од древните азиски филозофии и религии 00:16:07.000 --> 00:16:09.000 и ги комбинирате со најновите истражувања за моралната психологија 00:16:09.000 --> 00:16:11.000 ќе дојдете до овие заклучоци: 00:16:11.000 --> 00:16:15.000 Дека нашите правични умови се дизајнирани од еволуцијата 00:16:15.000 --> 00:16:18.000 за да не обединат во тимови и да не поделат спроти другите тимови 00:16:18.000 --> 00:16:20.000 и да не заслепат пред вистината. 00:16:21.000 --> 00:16:25.000 Што да правите? Велам ли да не се стремите? 00:16:25.000 --> 00:16:28.000 Ви велам ли да го прифатите Шенг-тсан и да застанете, 00:16:28.000 --> 00:16:31.000 да застанете во битката за и против? 00:16:31.000 --> 00:16:33.000 Не, апсолутно не. Не го велам тоа. 00:16:33.000 --> 00:16:36.000 Ова е неверојатна група на луѓе кои прават толку многу, 00:16:36.000 --> 00:16:40.000 употребуваат толку многу од нивниот талент, брилијантност, енергија, пари 00:16:40.000 --> 00:16:42.000 за да го направат светот подобар, да се борат -- 00:16:42.000 --> 00:16:45.000 да се борат против погрешните работи, да решаваат проблеми. NOTE Paragraph 00:16:46.000 --> 00:16:50.000 Но, како што научувме од Саманта Пауер во нејзината приказна 00:16:50.000 --> 00:16:55.000 за Серџо Виеира де Мело, не може само да влетате 00:16:55.000 --> 00:16:57.000 велејќи: „Вие грешите, јас сум во право.“ 00:16:57.000 --> 00:17:01.000 Бидејќи како што чувме, сите мислат дека се во право. 00:17:01.000 --> 00:17:03.000 Многу од проблемите што треба да ги решиме 00:17:03.000 --> 00:17:06.000 се проблеми што бараат од нас да промениме други луѓе. 00:17:06.000 --> 00:17:09.000 И ако сакате да промените други луѓе, многу подобар начин да го направите тоа е 00:17:09.000 --> 00:17:13.000 прво да разберете кои сме -- да ја разберете нашата морална психологија, 00:17:13.000 --> 00:17:16.000 да разберете дека сите ние мислиме дека сме во право -- и потоа да застанете -- 00:17:16.000 --> 00:17:20.000 дури и тоа да е само за момент, застанете и потсетете се на Шенг-тсан. 00:17:20.000 --> 00:17:22.000 Излезете од моралната матрица, 00:17:22.000 --> 00:17:24.000 обидете се да ја видите како борба која се одвива 00:17:24.000 --> 00:17:26.000 и во која сите мислат дека се во право, 00:17:26.000 --> 00:17:28.000 и сите, барем, имаат некакви причини -- дури и ако не се согласувате со нив -- 00:17:28.000 --> 00:17:30.000 сите имаат некакви причини поради кои го прават тоа што го прават. 00:17:30.000 --> 00:17:31.000 Излезете. 00:17:31.000 --> 00:17:35.000 И ако го направите тоа, тоа е нужниот чекор за да се култивира морална скромност, 00:17:35.000 --> 00:17:36.000 за да излезете од оваа само-правичност, 00:17:36.000 --> 00:17:38.000 која е нормална човечка состојба. 00:17:38.000 --> 00:17:40.000 Помислете на Далај Лама. 00:17:40.000 --> 00:17:43.000 Помислете на огромниот морален авторитет на Далај Лама -- 00:17:43.000 --> 00:17:45.000 тој доаѓа од неговата морална скромност. NOTE Paragraph 00:17:47.000 --> 00:17:49.000 Па затоа мислам дека поентата на мојот говор 00:17:49.000 --> 00:17:52.000 и поентата на TED, 00:17:52.000 --> 00:17:55.000 е дека ова е група на луѓе 00:17:55.000 --> 00:17:57.000 во страсна потера по промени на светот кон подобро. 00:17:57.000 --> 00:18:00.000 Луѓето овде се страсно вклучени 00:18:00.000 --> 00:18:02.000 во обидите да го направат светот подобар. 00:18:02.000 --> 00:18:05.000 Но, има и страсна посветеност на вистината. 00:18:05.000 --> 00:18:09.000 И затоа мислам дека одговорот е да да се користи таа страсна посветеност 00:18:09.000 --> 00:18:13.000 на вистината за да се обидеме да ја претвориме во подобра иднина за сите нас. 00:18:13.000 --> 00:18:14.000 Благодарам. 00:18:14.000 --> 00:18:17.000 (Аплауз)