Кен Робинсон вели дека училиштата ја убиваат креативноста
-
0:00 - 0:07Добро утро. Како сте? Одлично е досега, нели?
-
0:07 - 0:11Целава работа ме одвеа.
-
0:11 - 0:15Всушност, ќе си одам сега. (Смеа)
-
0:15 - 0:19Во текот на конференцијава имаше три теми
-
0:19 - 0:23кои што се релевантни за
-
0:23 - 0:25она за што сакам да зборувам.
-
0:25 - 0:29Едната се однесува на извонредните докази за човечката креативност
-
0:29 - 0:32во сите досегашни презентации
-
0:32 - 0:35и кај сите луѓе овде. Помислете само на разновидноста
-
0:35 - 0:38и опфатот. Втората е таа дека
-
0:38 - 0:41се наоѓаме на место од каде што не знаме што ќе се случи понатаму,
-
0:41 - 0:43во поглед на иднината. Немаме претстава
-
0:43 - 0:45како можат да се одвиваат работите.
-
0:45 - 0:48Јас се интересирам за образованието --
-
0:48 - 0:51Всушност, сметам дека сите се интересираат за образованието.
-
0:51 - 0:53Нели? Мислам дека ова е многу интересно.
-
0:53 - 0:56Ако сте поканети некаде на вечера и кажете
-
0:56 - 0:59дека работите во образование --
-
0:59 - 1:06всушност, доколку работите во образование, веројатно ретко одите на вечери.
-
1:06 - 1:09(Смеа) Не ве канат.
-
1:09 - 1:14А сигурно не ве канат повторно. Тоа ми е чудно.
-
1:14 - 1:16Но, доколку ве поканат и некој
-
1:16 - 1:18ве праша „Што работите?“
-
1:18 - 1:20а вие одговорите дека сте во образование,
-
1:20 - 1:24ќе видите како им истекува крвта од лицето. Си велат,
-
1:24 - 1:30„О, господе, зошто јас? Мојата единствена слободна вечер цела недела.“ (Смеа)
-
1:30 - 1:32Но, ако ги прашате за нивното образование,
-
1:32 - 1:34ќе ве приковаат за ѕидот. Бидејќи тоа е една од оние работи
-
1:34 - 1:37кои што луѓето длабоко ги чувствуваат, нели сум во право?
-
1:37 - 1:40Како религијата, парите и останатите нешта.
-
1:40 - 1:44Јас сум мошне заинтересиран за образованието, како сите нас.
-
1:44 - 1:46Сите имаме огромен личен интерес во него,
-
1:46 - 1:49делумно затоа што образованието е наменето да не
-
1:49 - 1:52одведе во иднината која што не можеме да ја опфатиме.
-
1:52 - 1:55Ако размислите, децата што тргнуваат на училиште оваа година
-
1:55 - 2:01ќе се пензионираат во 2065. Никој нема претстава --
-
2:01 - 2:04и покрај сета стручност што имавме можност да ја видиме минативе четири дена --
-
2:04 - 2:06за тоа како ќе изгледа светот по
-
2:06 - 2:08пет години. А сепак, треба да ги
-
2:08 - 2:11образуваме за таа иднина. Непредвидливоста, ми се чини,
-
2:11 - 2:13е извонредна.
-
2:13 - 2:15А третиот дел од ова е дека сите
-
2:15 - 2:20се имаме согласено во однос на
-
2:20 - 2:23навистина извонреднот капацитет што го имаат децата --
-
2:23 - 2:25нивниот капацитет за иновации. Мислам, Сирена сношти беше чудо,
-
2:25 - 2:28нели? Само да се види што таа може да направи.
-
2:28 - 2:33А таа е исклучителна, но мислам дека сепак не е
-
2:33 - 2:36исклучителна за целото детство.
-
2:36 - 2:39Станува збор за лице со извонредна посветеност
-
2:39 - 2:41што нашла талент. А јас тврдам дека
-
2:41 - 2:43сите деца имаат извонредни таленти.
-
2:43 - 2:45А ние им ги угушуваме, прилично немилосрдно.
-
2:45 - 2:48Затоа би сакал да зборувам за образованието
-
2:48 - 2:51и за креативност. Јас тврдам дека креативноста
-
2:51 - 2:54денес е подеднакво важна во образованието како писменоста,
-
2:54 - 2:58и треба да ја третираме со истиот статус.
-
2:58 - 3:06(Аплауз) Ви благодарам. Тоа беше се, патем речено.
-
3:06 - 3:10Ви благодарам многу. (Смеа) Значи, имаме уште 15 минути.
-
3:10 - 3:17Па, јас се родив -- не (Смеа)
-
3:17 - 3:21Неодамна слушнав одлична приказна -- многу сакам да ја раскажувам --
-
3:21 - 3:25за едно мало девојче што била на час по ликовно. Шестгодишното
-
3:25 - 3:27девојче седело назад во училницата и цртало.
-
3:27 - 3:29Наставникот вели дека девојчево ретко обрнувало
-
3:29 - 3:33внимание, но во текот на оваа лекција по цртање внимавала.
-
3:33 - 3:35Наставникот бил фасциниран и отишол кај нејзе
-
3:35 - 3:38и ја прашал, „Што црташ?“
-
3:38 - 3:41Девојчето одговорило, „Цртам слика од Господ.“
-
3:41 - 3:44А наставникот рекол, „Но никој не знае како изгледа господ.“
-
3:44 - 3:51А девојчето рекло, „Ќе дознаат наскоро.“
-
3:51 - 3:52(Смеа)
-
3:52 - 3:57Кога син ми имаше четири години во Англија --
-
3:57 - 4:00всушност, тој имаше четири години секаде, да бидам искрен. (Смеа)
-
4:00 - 4:06Ако го т'нчиме, каде и да отидеше, таа година имаше четири години.
-
4:06 - 4:08Тој играше во училишната претстава за Рождеството на Исус.
-
4:08 - 4:11Се сеќавате на приказната? Многу голема претстава.
-
4:11 - 4:14Приказната беше многу важна. Мел Гибсон го направи продолжението.
-
4:14 - 4:19Можеби сте го виделе: „Рождество 2.“ Но, Џејмс ја доби улогата на Јосиф
-
4:19 - 4:22за што бевме мошне возбудени.
-
4:22 - 4:24Сметавме дека ова е една од главните улоги.
-
4:24 - 4:26Целата сала беше полна со агенти облечени во маици со натписот:
-
4:26 - 4:29„Џејмс Робинсон Е Јосиф!“ (Смеа)
-
4:29 - 4:31Тој не мораше да зборува, но го знаете делот каде
-
4:31 - 4:34што доаѓаат тројцата мудреци. Тие носат подароци,
-
4:34 - 4:36злато, темјан и смирна.
-
4:36 - 4:38Ова е вистинска приказна. Ние седевме таму
-
4:38 - 4:40и мислам дека не излегоа по ред,
-
4:40 - 4:42бидејќи зборувавме со момчето потоа и го прашавме,
-
4:42 - 4:44„Во ред беше така?“ А тој ни рече, „Да, зошто, да не згрешив?“
-
4:44 - 4:46Тие само се сменија, толку беше.
-
4:46 - 4:47Како и да е, трите момчиња излегоа на бината,
-
4:47 - 4:49четиригодишни деца со крпи на главите,
-
4:49 - 4:52и ги ставија своите кутии долу,
-
4:52 - 4:54и првото момче рече, „Ти носам злато.“
-
4:54 - 4:57Второто момче рече, „Ти носам смирна“
-
4:57 - 5:11А третото момче рече, „Ова ти е од Темјана.“ (Смеа)
-
5:11 - 5:13Заедничкото овде е тоа што децата се спремни на ризик.
-
5:13 - 5:16Ако не знаат точно, ќе пробаат.
-
5:16 - 5:19Во право ли сум? Тие не се плашат дека ќе згрешат.
-
5:19 - 5:24Немам намера да тврдам дека да се греши е исто што и да се биде креативен.
-
5:24 - 5:25Она што го знаеме е дека,
-
5:25 - 5:28доколку не сте подготвени да згрешите,
-
5:28 - 5:31никогаш нема да измислите ништо оригинално.
-
5:31 - 5:34Доколку не сте подготвени да згрешите. А најголемиот број деца ја
-
5:34 - 5:36губат способноста за тоа пред да пораснат.
-
5:36 - 5:39Тие се имаат уплашено да згрешат.
-
5:39 - 5:41А ние ги управуваме нашите компании на истиот начин, патем речено.
-
5:41 - 5:44Ги стигматизираме грешките. Сега имаме
-
5:44 - 5:47национални образовни системи каде што
-
5:47 - 5:50грешките се најлошото нешто што можете да го направите.
-
5:50 - 5:53Резултатот е дека ги заменуваме креативните капацитети на
-
5:53 - 5:56луѓето со образование. Пикасо еднаш го има речено ова:
-
5:56 - 5:59тој вели дека сите деца се родени уметници.
-
5:59 - 6:03Проблемот е да останат уметници додека растат. Јас страсно верувам во ова:
-
6:03 - 6:05дека не растеме да станеме креативни,
-
6:05 - 6:08туку со растењето ја губиме креативноста. Поточно, ја заменуваме со образувание.
-
6:08 - 6:10Зошто е ова вака?
-
6:10 - 6:14До пред пет години живеев во Стратфорд на Авон.
-
6:14 - 6:16Всушност, ние се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес.
-
6:16 - 6:20Можете да замислите колку тоа ни беше едноставна транзиција.
-
6:20 - 6:22(Смеа) Всушност,
-
6:22 - 6:24ние живеевме во едно место по име Снитерфилд,
-
6:24 - 6:26веднаш надвор од Стратфорд, каде што се има
-
6:26 - 6:31родено татко му на Шекспир. Дали ви дојде нова мисла? Мене да.
-
6:31 - 6:33Никогаш не сте размислувале за тоа дека Шекспир имал татко, нели?
-
6:33 - 6:35Нели? Бидејќи вие не мислите
-
6:35 - 6:37за Шекспир како дете, нели?
-
6:37 - 6:40Шекспир како седумгодишник? Никогаш не сум помислил. Мислам,
-
6:40 - 6:42тој некогаш имал седум години. И имал наставник
-
6:42 - 6:51по англиски, нели? Колку ли било тоа непријатно?
-
6:51 - 7:05(Смеа) „Треба повеќе да се трудиш.“ Татко му го праќа во кревет и му вели
-
7:05 - 7:08на Шекспир, „Ајде веднаш во кревет,“ на Вилијам Шекспир
-
7:08 - 7:10„и остави го моливот.
-
7:10 - 7:18И доста зборуваш така. Ги збунуваш луѓето.“
-
7:18 - 7:23(Смеа)
-
7:23 - 7:26Како и да е, се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес,
-
7:26 - 7:30и сакав да кажам неколку збора за преселбата.
-
7:30 - 7:33Син ми не сакаше да дојде.
-
7:33 - 7:36Јас имам две деца. Тој сега има 21 година, а ќерка ми 16.
-
7:36 - 7:38Тој не сакаше да дојде во Лос Ангелес. Тој го сакаше градот,
-
7:38 - 7:43но имаше девојка во Англија. Тоа беше љубовта на неговиот живот, Сара.
-
7:43 - 7:45Ја познаваше еден месец.
-
7:45 - 7:48Внимавајте, ја спремаа нивната четврта годишнина,
-
7:48 - 7:52бидејќи тоа е долго време кога си 16.
-
7:52 - 7:54Како и да е, тој беше вистина вознемирен на авионот,
-
7:54 - 7:56и рече, „Никогаш нема да најдам девојка како Сара.“
-
7:56 - 7:58Искрено, бевме доста среќни поради тоа,
-
7:58 - 8:10бидејќи таа беше главната причина што ја напуштавме земјата.
-
8:10 - 8:13(Смеа)
-
8:13 - 8:16Но нешто те погодува кога ќе се преселиш во Америка
-
8:16 - 8:18и кога патуваш низ светот:
-
8:18 - 8:22Секој образовен систем ја има истата хиерархија на предмети.
-
8:22 - 8:24Секој. Не е битно каде ќе отидете.
-
8:24 - 8:26Би си помислиле дека ќе биде поинаку, но не е.
-
8:26 - 8:29На врвот се математика и јазиците,
-
8:29 - 8:31потоа хуманистичките науки, и на дното се уметностите
-
8:31 - 8:33Секаде на Земјата.
-
8:33 - 8:36И во речиси секој систем истотака,
-
8:36 - 8:38има хиерархија во уметностите.
-
8:38 - 8:40Уметноста и музиката вообичаено добиваат повисок статус во школите
-
8:40 - 8:43од драмата и танцот. Не постои образовен систем на планетата
-
8:43 - 8:45кој не учи да танцуваме секој ден додека сме деца.
-
8:45 - 8:48на начин на кој учиме математика. Зошто?
-
8:48 - 8:50Зошто не? Мислам дека е ова доста битно.
-
8:50 - 8:53Мислам дека математиката е многу битна , но исто така е и танцот.
-
8:53 - 8:56Децата танцуваат цело време ако им е дозволено, како и сите ние.
-
8:56 - 8:59Сите ние имаме тело , нели? Или да не сум пропуштил нешто?
-
8:59 - 9:03(Смеа) Искрено, она што се случуава,
-
9:03 - 9:05само што ќе почнат да растат децата, ние почнуваме да ги образуваме.
-
9:05 - 9:08прогресивно од појасот па нагоре. и тогаш се фокусираме на нивните глави.
-
9:08 - 9:10И малку на едната страна.
-
9:10 - 9:14ако треба да го посетите образованието, како вонземјанин,
-
9:14 - 9:17и прашате „Зошто е, јавното образование?“
-
9:17 - 9:19Сметам дека ќе заклучите -- ако го погледнете резултатот,
-
9:19 - 9:21кој вистински успева со ова,
-
9:21 - 9:23кој прави се што треба,
-
9:23 - 9:26кој ги добива сите поени, кои се победниците --
-
9:26 - 9:29Мислам дека ќе треба да заклучите дека корист од јавното образование
-
9:29 - 9:30низ целиот свет
-
9:30 - 9:34е да произведува универзитетски професори. Нели?
-
9:34 - 9:36Тие се луѓето кои се на врвот.
-
9:37 - 9:40И јас бев еден од нив, па видете. (Смеа)
-
9:40 - 9:44А ги сакам универзитетските професори, но знаете,
-
9:44 - 9:48не треба да ги држиме како највисокиот симбол на човечкото достигнување.
-
9:48 - 9:50Тие се само форма на живот,
-
9:50 - 9:52уште една форма на живот. Но тие се доста љубопитни,
-
9:52 - 9:54и го кажувам ова со љубов кон нив.
-
9:54 - 9:57Има нешто интересно околу професорите во моето искуство --
-
9:57 - 10:00не сите, но типично -- тие живеат во нивните глави.
-
10:00 - 10:02Тие живеат таму, и малку на едната страна.
-
10:02 - 10:06Тие се без телесни, знаете, на доста буквален начин.
-
10:06 - 10:08Тие гледаат на своето тело
-
10:08 - 10:17како форма на транспорт за нивните глави, нели?
-
10:17 - 10:24(Смеа) Тоа е начин за пренесување на нивните глави на состаноци.
-
10:24 - 10:27Ако сакате вистинско вонтелесно искуство,
-
10:27 - 10:30патем, отидете на конференција
-
10:30 - 10:32на постари академици,
-
10:32 - 10:35и појавете се во дискотеката последната вечер.
-
10:35 - 10:39(Смеа) И таму ќе видите, возрасни мажи и жени
-
10:39 - 10:43како се дрмаат неконтролирано, надвор од ритам,
-
10:43 - 10:47чекајќи да заврши музиката за да одат дома и напишат труд околу тоа.
-
10:47 - 10:53Значи нашиот едукациски систем е претпоставен на идејата за академската способност.
-
10:53 - 10:56и има причина.
-
10:56 - 10:58Целиот систем бил измислен -- низ светот, кога немало
-
10:58 - 11:00јавни системи на едукација, пред 19-иот век.
-
11:00 - 11:03Сите се појавија за да ги
-
11:03 - 11:04исполнат потребите на индустријализацијата.
-
11:04 - 11:07Така хиерархијата е вкоренета врз две идеи.
-
11:07 - 11:11Првата, дека најкорисните теми за работата се
-
11:11 - 11:13на врвот. Така вие сте веројатно бенигно одвлекувани на училиште
-
11:13 - 11:15како дете, од работите кои сте ги
-
11:15 - 11:17сакале врз основа дека
-
11:17 - 11:20никогаш нема да најдете работа ако го правите тоа. Нели?
-
11:20 - 11:22Немој да свириш, нема да бидеш музичар;
-
11:22 - 11:24Не сликај, нема да бидеш сликар.
-
11:25 - 11:29Добронамерен совет -- но сега, длабоко порешен. Целиот свет
-
11:29 - 11:30е опфатен во револуција.
-
11:30 - 11:33И втората е академската способност, која вистински доминира
-
11:33 - 11:34над тоа како гледаме на интелегенцијата,
-
11:34 - 11:37бидејќи универзитетите го дизајнираа системот со таа слика.
-
11:37 - 11:39Ако размислите, целиот систем
-
11:39 - 11:41на јавно образование низ светот е одложен процес
-
11:41 - 11:43на влез во универзитетите.
-
11:43 - 11:46Последицата е што многу талентирани,
-
11:46 - 11:48брилијантни, креативни луѓе мислат дека не се тоа,
-
11:48 - 11:50бидејќи работите за кои ги бивало на школо
-
11:50 - 11:54не биле вреднувани, или биле стигматизирани.
-
11:54 - 11:56Мислам дека не можеме да си го дозволиме тоа повеќе.
-
11:56 - 11:58Во следните 30 години, според УНЕСКО,
-
11:58 - 12:01повеќе луѓе низ светот ќе дипломираат
-
12:01 - 12:03низ образованието од почетокот на историјата.
-
12:03 - 12:05Повеќе луѓе, и е комбинација
-
12:05 - 12:07на сите работи за кои што зборувавме --
-
12:07 - 12:10технологијата и нејзиниот трансформациски ефект на работата, и демографијата
-
12:10 - 12:12и огромната експлозија на населението.
-
12:12 - 12:15Одеднаш, дипломите не вредат ништо. Нели е тоа точно?
-
12:15 - 12:19Кога бев студент, ако имаше диплома, имаше работа.
-
12:19 - 12:22Ако немаше работа тоа беше бидејќи не си сакал.
-
12:22 - 12:25И јас , искрено, не сакав. (Смеа)
-
12:25 - 12:30Но сега деца со дипломи често
-
12:30 - 12:31седат дома и продолжуваат да играат видео игри,
-
12:31 - 12:34затоа што ти треба магистратура, на места кога порано требало диплома,
-
12:34 - 12:37и сега ти треба докторат кога ти требало магистратура.
-
12:37 - 12:39Тоа е процес на академска инфлација.
-
12:39 - 12:41И е индикатор дека целата структура на образованието
-
12:41 - 12:43ни се поместува пред нозете. Мораме радикално да го промениме
-
12:43 - 12:44нашиот поглед на интелигенцијата.
-
12:44 - 12:46Знаеме три работи околу интелигенцијата.
-
12:46 - 12:49прво, таа е разновидна. Ние размислуваме за светот на сите начини
-
12:49 - 12:51на кои го искусуваме. Мислиме визуелно,
-
12:51 - 12:54мислиме со звук, мислиме со Кинестетички.
-
12:54 - 12:57Размислуваме со абстрактни термини, мислиме во движење.
-
12:57 - 12:59второ, интелигенцијата е динамична.
-
12:59 - 13:02Ако ги погледнете интеракциите во мозокот, како што чувме
-
13:02 - 13:05вчера на неколку презентации,
-
13:05 - 13:07интелигенцијата е прекрасно интерактивна.
-
13:07 - 13:10Мозокот не е поделен во оддели.
-
13:10 - 13:13Всушност, креативноста -- која јас ја дефинирам како процес
-
13:13 - 13:15на добивање оригинални идеи кои имаат вредност --
-
13:15 - 13:18најчесто доаѓа преку интеракција на
-
13:18 - 13:21интердисциплинарни начини на гледање на работите.
-
13:21 - 13:23мозокот е со причина -- патем,
-
13:23 - 13:26има спој на нерви кои ги поврзува двете половини на мозокот
-
13:26 - 13:28кој се нарекува корпус калосум. тој е подебел кај жените.
-
13:28 - 13:30Надоврзувајќи се на Хелен од вчера, мислам
-
13:30 - 13:34веројатно затоа жените се подобри во мулти таскинг.
-
13:34 - 13:36Бидејќи сте подобри, нели?
-
13:36 - 13:39Има голема количина на истражувања , но го знам од лично искуство.
-
13:39 - 13:41Ако жена ми готви јадење дома --
-
13:41 - 13:45што не е често , фала боже. (Смеа)
-
13:45 - 13:48Знаете, таа прави -- не, таа е добра во некои работи --
-
13:48 - 13:50но ако готви, знаете,
-
13:50 - 13:52таа се справува со луѓе на телефон,
-
13:52 - 13:55зборува со децата, го бои таванот,
-
13:55 - 13:58прави операција на отворено срце таму.
-
13:58 - 14:01Ако јас готвам, вратата е затворена, децата се надвор,
-
14:01 - 14:04телефонот е исклучен, и ако таа влезе се вознемирувам.
-
14:04 - 14:17и велам, „ Тери те молам, се обидувам да испржам јајце тука. Те молам дај ми простор.“ (Смеа)
-
14:17 - 14:19Всушност, ја знаете таа стара философска изрека,
-
14:19 - 14:22ако падне дрво во шумата и никој не го чуе,
-
14:22 - 14:25дали вистина се случило? се сеќавате на неа ?
-
14:25 - 14:28Видов одлична маица скоро што велеше, „Ако мажот каже што мисли
-
14:28 - 14:31во шума, и ниедна жена не го чуе,
-
14:31 - 14:40дали сеуште е во грешка?“ (Смеа)
-
14:40 - 14:42И третата поента околу интелигенцијата е,
-
14:43 - 14:45таа е различна. Пишувам нова книга во моментов
-
14:45 - 14:47се нарекува „Просветлување“, кое е базирано на серија на
-
14:47 - 14:49интервјуа со луѓе за тоа како го откриле
-
14:49 - 14:51нивниот талент. Ме фасцинира тоа како луѓето го пронашле тоа.
-
14:51 - 14:54Тоа беше поттикнато со разговор што го имав
-
14:54 - 14:56со прекрасна жена која можеби повеќето луѓе
-
14:56 - 14:58не чуле за неа, се вика Џилијан Лин,
-
14:58 - 15:00сте чуле за неа? Некои чуле. Таа е кореограф
-
15:00 - 15:02и сите ја знаат нејзината работа.
-
15:02 - 15:04Таа ги работеше „Мачки“, и „Фантомот од операта“.
-
15:04 - 15:08Таа е прекрасна. Јас бев член на комисијата на Кралскиот балет, во Англија,
-
15:08 - 15:10како што може да забележите.
-
15:10 - 15:12Како и да е, Џилијан и јас имавме ручек еден ден и ја прашав,
-
15:12 - 15:14„Џилијан како реши да станеш танчерка?“ И таа одговори
-
15:14 - 15:16многу интересно, кога била на училиште,
-
15:16 - 15:19и било многу тешко. А од училиштето , во 30-ите,
-
15:19 - 15:21и пишале на нејзините родите и рекле, „Мислиме
-
15:21 - 15:23Џилијан има проблем со учењето.“ Таа не можела да се конентрира,
-
15:23 - 15:25била многу нестрплива. Мислам дека сега би рекле
-
15:25 - 15:29дека има Синдорм на недостиг на внимание. Зарем не? Но ова беше во 30-ите
-
15:29 - 15:32и синдромот не беше уште пронајден тогаш.
-
15:32 - 15:35Не беше расположлива состојба. (Смеа)
-
15:35 - 15:39Луѓето не беа свесни дека можат да се разболат од тоа.
-
15:39 - 15:43Како и да е, таа отишла да види специјалист. во една соба обрабена со даб
-
15:43 - 15:46каде била со мајка и,
-
15:46 - 15:49ја однеле и седнале на столче при крајот,
-
15:49 - 15:51и таа седела на рацете 20 минути додека
-
15:51 - 15:53човекот разговарал со мајка и за сите
-
15:53 - 15:57проблеми што Џилијан ги имала на школо. И на крајот --
-
15:57 - 15:59бидејќи им пречела на луѓето,
-
15:59 - 16:01домашната секогаш и доцнела , итн,
-
16:01 - 16:04мало 8 годишно девојче -- на крајот докторот отишол и седна до
-
16:04 - 16:06Џилијан и рекол, „Џилијан,
-
16:06 - 16:08ги чув сите работи кои мајка ти
-
16:08 - 16:10ми ги кажа и треба да зборам со неа насамо.“
-
16:10 - 16:13Рекол, „ причекај тука, ние ќе се вратиме многу бргу.“
-
16:13 - 16:15излегле и ја оставиле сама.
-
16:15 - 16:17Но како што излегувал од собата, го вклучил радиото
-
16:17 - 16:19кое било на неговото биро. И кога тие
-
16:19 - 16:21излегле од собата, и рекол на мајка и,
-
16:21 - 16:24„Стојте и видете ја.“ И во моментот кога ја напуштиле собата,
-
16:24 - 16:28таа рече, била на нозе, играјќи на музиката.
-
16:28 - 16:30Тие ја гледале неколку минути
-
16:30 - 16:33и докторот се свртел кон мајка и и рекол,
-
16:33 - 16:37„Г-го Лин, Џилијан не е болна, таа е танчерка.
-
16:37 - 16:39Однесете ја во училиште за танц.“
-
16:39 - 16:41Јас реков, „што се случи?“
-
16:41 - 16:44и рече, „Ме однесе. Не можам да ти кажам колку беше прекрасно.
-
16:44 - 16:46влеговме во соба која беше полна со
-
16:46 - 16:49луѓе како мене. Луѓе кои не можеа да седат мирни.
-
16:49 - 16:52Луѓе кои мораа да се движат за да мислат.“ Кои мораа да се движат да размислуваат.
-
16:52 - 16:54Ги учеле балет, тап, џез,
-
16:54 - 16:56модерен танц и современ.
-
16:56 - 16:59Таа евентуално била на аудиција за Кралската балетска школа,
-
16:59 - 17:01стана соло танчер, имаше прекрасна кариера
-
17:01 - 17:03со Кралскиот балет. На крајот дипломираше на
-
17:03 - 17:05Кралската балетска школа и ја
-
17:05 - 17:08основа сопствена компанија, Џилијан Лин танчерската компанија,
-
17:08 - 17:11го сретна Ендру Лојд Вебер. Таа е одговорна за
-
17:11 - 17:13некои од најуспешните театарски мјузикл
-
17:13 - 17:18продукции во историјата, им има пренесено задоволство на милиони,
-
17:18 - 17:21и сега е мулти-милионер. Некој друг
-
17:21 - 17:25би ја ставил на лекови и би и рекол
-
17:25 - 17:27да се смири.
-
17:27 - 17:30Значи, мислам -- (Аплауз) до она што доаѓаме е следново:
-
17:30 - 17:32Ал Гор говореше онаа вечер
-
17:32 - 17:35за екологијата, и за револуцијата што ја поттикнала Рејчел Карсон.
-
17:35 - 17:39Верувам дека единствената надеж за иднината
-
17:39 - 17:42е да прифатиме нов концепт на хумана екологија,
-
17:42 - 17:46онаа каде ние ќе почнеме да го реструктуираме нашиот концепт
-
17:46 - 17:48за богатството на човечкиот капацитет.
-
17:48 - 17:52Нашите образовни системи ни ги третираа мозоците на начин
-
17:52 - 17:54на кој ние копаме руда во земјата: за специфична суровина.
-
17:54 - 17:57А во иднината, тоа нема да ни служи.
-
17:57 - 18:00Мора да ги размислиме фундаменталните принципи
-
18:00 - 18:02според кои ги едуцираме нашите деца. Имаше прекрасен
-
18:02 - 18:06цитат од Јонас Салк, кој вели, „ Ако сите инсекти
-
18:06 - 18:09ги снема од земјата,
-
18:09 - 18:12за 50 години целиот живот на земјата ќе престане.
-
18:12 - 18:15Ако исчезнат сите луѓе од земјата,
-
18:15 - 18:19за 50 години сите форми на живот ќе процветаат.“
-
18:19 - 18:21И во право е.
-
18:21 - 18:24Она што ТЕД го слави е подарокот на човечката имагинација.
-
18:24 - 18:28Мора да сме внимателни и да го користиме овој подарок
-
18:28 - 18:31мудро, и да ги избегнеме некои од сценаријата
-
18:31 - 18:34за кои што зборевме. Единствениот начин
-
18:35 - 18:38да го сториме тоа е да ги согледаме нашите креативни капацитети
-
18:38 - 18:40за богатството кое се, и да ги гледаме
-
18:40 - 18:43нашите деца како надежта која се. Нашата задача
-
18:43 - 18:46е да го едуцираме нивното целосно битие, за да може да ја дочекаат иднината.
-
18:46 - 18:49Патем -- ние можеби нема да ја видиме оваа иднина,
-
18:49 - 18:52но тие ќе ја видат. Нашата задача е да им помогнеме
-
18:52 - 18:54да успеат во тоа. Ви благодарам многу.
- Title:
- Кен Робинсон вели дека училиштата ја убиваат креативноста
- Speaker:
- Sir Ken Robinson
- Description:
-
Витезот Кен Робинсон нуди забавни и длабоко трогателни аргументи за создавање образовен систем што ја негува (наместо да ја поткопува) креативноста.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 19:00