Return to Video

Ханс Рослинг и волшебната машина за перење алишта

  • 0:00 - 0:02
    Имав само четири години
  • 0:02 - 0:05
    кога ја видов мајка ми како за прв пат во нејзиниот живот
  • 0:05 - 0:08
    става алишта во машина за перење.
  • 0:08 - 0:10
    Тоа беше незаборавен ден за мојата мајка.
  • 0:10 - 0:13
    Мајка ми и татко ми со години штедеа пари
  • 0:13 - 0:15
    за да можат да ја купат таа машина.
  • 0:15 - 0:17
    И, првиот ден кога требаше да се користи,
  • 0:17 - 0:19
    дури и баба ми беше поканета
  • 0:19 - 0:21
    да ја види машината.
  • 0:21 - 0:24
    И таа беше уште повозбудена.
  • 0:24 - 0:26
    Во нејзиниот живот
  • 0:26 - 0:28
    таа греела вода на оган
  • 0:28 - 0:30
    и рачно ги перела алиштата
  • 0:30 - 0:32
    за седум деца.
  • 0:32 - 0:35
    А сега ќе гледаше
  • 0:35 - 0:38
    како електричната енергија ја работи таа работа.
  • 0:38 - 0:42
    Мајка ми внимателно ја отвори вратата,
  • 0:42 - 0:44
    и ги стави алиштата
  • 0:44 - 0:46
    во машината,
  • 0:46 - 0:48
    вака.
  • 0:48 - 0:50
    И тогаш, кога ја затвори вратата,
  • 0:50 - 0:52
    Баба ми рече: „Не, не, не, не.
  • 0:52 - 0:55
    Дозволи ми мене да ја вклучам машината“.
  • 0:56 - 0:58
    И баба ми ја вклучи машината
  • 0:58 - 1:01
    и рече: „Фантастично.
  • 1:01 - 1:03
    Сакам да го гледам ова. Дај ми столица.
  • 1:03 - 1:05
    Дај ми столица. Сакам да гледам.“
  • 1:05 - 1:08
    И седна пред машината,
  • 1:08 - 1:12
    и ја гледаше целата програма на перењето.
  • 1:12 - 1:14
    Таа беше вчудоневидена.
  • 1:14 - 1:17
    За мојата баба
  • 1:17 - 1:20
    машината за перење алишта беше чудо.
  • 1:20 - 1:23
    Денес во Шведска и другите богати земји,
  • 1:23 - 1:25
    луѓето користат
  • 1:25 - 1:27
    толку многу различни машини.
  • 1:27 - 1:29
    Погледнете, домовите се полни со машини.
  • 1:29 - 1:31
    Не можам ни да ги именувам сите.
  • 1:31 - 1:34
    Исто така, кога сакаат да патуваат,
  • 1:34 - 1:37
    користат летечки машини
  • 1:37 - 1:39
    што можат да ги пренесат на оддалечени дестинации.
  • 1:39 - 1:41
    Но сепак, во светот има толку многу луѓе
  • 1:41 - 1:44
    кои сѐ уште греат вода на оган
  • 1:44 - 1:47
    и готват храна на оган.
  • 1:47 - 1:49
    Понекогаш немаат ни доволно храна.
  • 1:49 - 1:52
    И живеат под границата на сиромаштијата.
  • 1:52 - 1:55
    Има две милијарди човечки суштества како нас
  • 1:55 - 1:57
    кои живеат со помалку од два долари дневно.
  • 1:57 - 1:59
    А најбогатите луѓе таму --
  • 1:59 - 2:01
    има една милијарда луѓе --
  • 2:01 - 2:05
    тие живеат на линијата што ја викам воздушна линија,
  • 2:05 - 2:08
    бидејќи тие трошат повеќе од 80 долари на ден
  • 2:08 - 2:10
    за своја потрошувачка.
  • 2:10 - 2:13
    Но, ова се само една, две, три милијарди луѓе,
  • 2:13 - 2:16
    а очигледно во светот има седум милијарди луѓе,
  • 2:16 - 2:19
    значи мора да има уште една, две, три, четири милијарди луѓе
  • 2:19 - 2:22
    кои живеат помеѓу линијата на сиромаштијата и воздушната линија.
  • 2:22 - 2:25
    Тие имаат електрична енергија,
  • 2:25 - 2:28
    но прашањето е колку од нив имаат машини за перење алишта?
  • 2:28 - 2:31
    Ги проверив пазарните податоци
  • 2:31 - 2:33
    и открив дека, навистина,
  • 2:33 - 2:36
    машината за перење алишта продрела под воздушната линија
  • 2:36 - 2:39
    и денес има дополнителни една милијарда луѓе во светот
  • 2:39 - 2:42
    кои живеат над линијата на перењето.
  • 2:42 - 2:44
    (Смеа)
  • 2:44 - 2:48
    Тие трошат повеќе од 40 долари на ден.
  • 2:48 - 2:51
    Значи две милијарди имаат пристап до машини за перење алишта.
  • 2:51 - 2:53
    А останатите пет милијарди,
  • 2:53 - 2:55
    како се перат тие?
  • 2:55 - 2:57
    Или да бидеме попрецизни,
  • 2:57 - 3:00
    како перат најголем број од жените во светот?
  • 3:00 - 3:04
    Бидејќи перењето останува тешка работа за жените.
  • 3:04 - 3:07
    Тие перат вака: со раце.
  • 3:07 - 3:11
    Тоа е тешка работа која одзема многу време,
  • 3:11 - 3:14
    што мора да ја работат со часови секоја недела.
  • 3:14 - 3:17
    И понекогаш исто така мора да носат вода од далеку
  • 3:17 - 3:19
    за да исперат дома.
  • 3:19 - 3:23
    Или мора да ја однесат облеката до некој оддалечен поток.
  • 3:23 - 3:26
    И ја сакаат машината за перење алишта.
  • 3:26 - 3:29
    Тие не сакаат да трошат толку голем дел од нивниот живот
  • 3:29 - 3:31
    работејќи вака тешка работа
  • 3:31 - 3:33
    со толку релативно ниска продуктивност.
  • 3:33 - 3:35
    И во нивната желба нема ништо поразлично
  • 3:35 - 3:37
    од тоа што беше желба за мојата баба.
  • 3:37 - 3:40
    Погледајте, пред две генерации во Шведска --
  • 3:40 - 3:42
    полнење вода од поток,
  • 3:42 - 3:45
    греење на оган со дрва и рачно перење.
  • 3:45 - 3:48
    Тие ја посакувааат машината за перење на точно истиот начин.
  • 3:48 - 3:51
    Но, кога држам предавања на студенти што се загрижени за животната средина,
  • 3:51 - 3:55
    тие ми велат: „Не, сите во светот не може да имаа автомобили и машини за перење алишта“.
  • 3:56 - 3:58
    Како да ѝ кажеме на оваа жена
  • 3:58 - 4:00
    дека таа нема да има машина за перење алишта?
  • 4:00 - 4:02
    И тогаш ги прашувам моите студенти,
  • 4:02 - 4:04
    ги прашувам веќе две години:
  • 4:04 - 4:06
    „Колкумина од вас не користитe автомобил?“
  • 4:06 - 4:08
    И некои од нив гордо ја креваат својата рака
  • 4:08 - 4:10
    и велат дека не користат автомобил.
  • 4:10 - 4:12
    Но, тогаш го поставувам навистина тешкото прашање:
  • 4:12 - 4:14
    „Колкумина од вас
  • 4:14 - 4:16
    рачно ги перат фармерките и чаршафите?“
  • 4:16 - 4:19
    И нкој не крева рака.
  • 4:19 - 4:22
    Дури и најпосветените во зеленото движење
  • 4:22 - 4:24
    користат машини за перење алишта.
  • 4:24 - 4:28
    (Смеа)
  • 4:28 - 4:30
    Па како тогаш ова што сите го користат
  • 4:30 - 4:33
    и мислат дека другите нема да престанат да го користат; што е толку посебно со тоа?
  • 4:33 - 4:36
    Морав да направам анализа за енергијата што се користи во светот.
  • 4:36 - 4:38
    Еве сме.
  • 4:38 - 4:40
    Погледајте, тука гледате седум милијарди луѓе:
  • 4:40 - 4:42
    луѓето што летаат, луѓето што перат,
  • 4:42 - 4:45
    луѓето со сијалица и луѓето со оган.
  • 4:45 - 4:47
    Една ваква единица
  • 4:47 - 4:50
    е енергетска единица на фосилно гориво --
  • 4:50 - 4:52
    нафта, јаглен или гас.
  • 4:52 - 4:55
    Од нив се произведува најмногу од светската електрична енергија.
  • 4:56 - 4:59
    12 единици се користат во целиот свет
  • 4:59 - 5:02
    и најбогатата милијарда користи шест од нив.
  • 5:02 - 5:05
    Половина од енергијата се користи од една седмина од светската популација.
  • 5:05 - 5:07
    А овие што имаат машини за перење,
  • 5:07 - 5:09
    но не и цела куќа полна со други машини
  • 5:09 - 5:11
    тие користат две единици.
  • 5:11 - 5:13
    Оваа група користи три, една за секој.
  • 5:13 - 5:15
    И тие исто така имаат електрична енергија.
  • 5:15 - 5:18
    И таму не користат ни по една единица.
  • 5:18 - 5:20
    Тоа се вкупно 12 единици.
  • 5:20 - 5:22
    Но главната грижа
  • 5:22 - 5:25
    за студентите загрижени за животна средина - и тие се во право -
  • 5:25 - 5:27
    е за иднината.
  • 5:27 - 5:30
    Какви се трендовите? Ако само ги продолжиме,
  • 5:30 - 5:33
    без напредна анализа, до 2050 година,
  • 5:33 - 5:36
    има две нешта што може да ја зголемат употребата на енергија.
  • 5:36 - 5:38
    Прво, раст на популацијата.
  • 5:38 - 5:40
    Второ, економски раст.
  • 5:40 - 5:43
    Раст на популацијата воглавно ќе се случи меѓу сиромашните луѓе
  • 5:43 - 5:45
    бидејќи тие имаат висока смртност на деца
  • 5:45 - 5:47
    и имаат многудетни мајки.
  • 5:47 - 5:49
    И со тоа добивате две дополнителни,
  • 5:49 - 5:51
    но тоа нема многу да ја смени употреба на енергијата.
  • 5:51 - 5:54
    Тоа што ќе се случи е економски раст.
  • 5:54 - 5:56
    Најдобриот овде во економиите што се во издигање --
  • 5:56 - 5:58
    јас ги викам „Новиот Исток“ --
  • 5:58 - 6:00
    тие ќе ја прескокнат воздушната линија.
  • 6:00 - 6:02
    „Опа!“ - ќе речат тие.
  • 6:02 - 6:05
    И ќе почнат да користат исто тоолку колку што Стариот Запад веќе користи.
  • 6:05 - 6:08
    И овие луѓе, тие ја сакаат машината за перење алишта.
  • 6:08 - 6:10
    Ви реков. Тие ќе одат таму.
  • 6:10 - 6:12
    И ќе ја дуплираат употребата на енергија.
  • 6:12 - 6:15
    И се надеваме дека сиромашните луѓе ќе дојдат до електричната сијалица.
  • 6:15 - 6:17
    И ќе добијат семејство со две деца без да се сопре растот на популацијата.
  • 6:17 - 6:19
    Но вкупната потрошувачка на енергија
  • 6:19 - 6:21
    ќе порасне на 22 единици.
  • 6:21 - 6:24
    И од овие 22 единици
  • 6:24 - 6:27
    богатите повторно ќе користат најмногу.
  • 6:28 - 6:30
    Па, што треба да се направи?
  • 6:30 - 6:32
    Бидејќи ризикот,
  • 6:32 - 6:35
    високата веројатност за климатски промени е реална.
  • 6:35 - 6:37
    Реална е.
  • 6:37 - 6:40
    Се разбира тие мора да бидат поефикасни со енергијата.
  • 6:40 - 6:42
    Мора да го сменат однесувањето на некој начин.
  • 6:42 - 6:44
    Исто така мора да почнат да произведуваат зелена енергија,
  • 6:44 - 6:46
    многу повеќе зелена енергија.
  • 6:46 - 6:49
    Но се додека имаат исто количество на енергетска потрошувачка по човек,
  • 6:49 - 6:51
    тие не треба да им даваат совети на другите
  • 6:51 - 6:53
    што да прават и што да не прават.
  • 6:53 - 6:55
    (Аплауз)
  • 6:55 - 6:59
    Овде можеме да добиеме повеќе зелена енергија.
  • 6:59 - 7:01
    Се надеваме дека ова може да се случи.
  • 7:01 - 7:04
    Тоа е вистинскиот предизвик за иднината.
  • 7:04 - 7:07
    Но можам да Ве уверам дека оваа жена во Рио,
  • 7:07 - 7:09
    таа сака машина за перење алишта.
  • 7:09 - 7:12
    Таа беше среќна со нејзината министерка за енергија
  • 7:12 - 7:14
    која обезбеди електрична енергија за сите -
  • 7:14 - 7:17
    толку среќна што дури гласаше за неа.
  • 7:17 - 7:19
    И таа е Дилма Русев
  • 7:19 - 7:21
    избраната претседателка
  • 7:21 - 7:23
    на една од најголемите демократии во светот
  • 7:23 - 7:26
    што стана претседателка откако беше министер за енергија.
  • 7:26 - 7:28
    Ако имате демократија,
  • 7:28 - 7:30
    луѓето ќе гласаат за машини за перење алишта.
  • 7:30 - 7:32
    Луѓето ги сакаат машините.
  • 7:34 - 7:36
    А што е магијата со машините?
  • 7:36 - 7:39
    Мајка ми ја објасни магијата за оваа машина
  • 7:39 - 7:41
    во првиот ден.
  • 7:41 - 7:43
    Рече: „Сега Ханс,
  • 7:43 - 7:45
    ги ставивме алиштата да се перат.
  • 7:45 - 7:47
    Машината ќе работи.
  • 7:47 - 7:49
    А ние можеме да одиме во библиотеката.“
  • 7:49 - 7:51
    Бидејќи магијата е ова:
  • 7:51 - 7:53
    ги ставате алиштата во машината
  • 7:53 - 7:55
    и што добивата назад од неа?
  • 7:55 - 7:58
    Добивате книги од машините,
  • 7:58 - 8:00
    детски книги.
  • 8:00 - 8:02
    И мајка ми најде време да ми чита.
  • 8:02 - 8:04
    Таа го сакаше ова. Добив „АБВ.“
  • 8:04 - 8:07
    Мојата професорска кариера започна
  • 8:07 - 8:09
    кога мајка ми почна да ми чита.
  • 8:09 - 8:11
    Исто така таа зеде книги за себе си.
  • 8:11 - 8:13
    Успеа да учи англиски јазик
  • 8:13 - 8:15
    и го научи тој странски јазик.
  • 8:15 - 8:17
    И прочита толку многѕ книги,
  • 8:17 - 8:20
    толку многу различни книги.
  • 8:20 - 8:23
    И ние навистина ја сакавме оваа машина.
  • 8:24 - 8:27
    И јас и мајка ми рековме:
  • 8:27 - 8:30
    „Ти благодариме индустријализацијо.
  • 8:30 - 8:32
    Ти благодариме железаро.
  • 8:32 - 8:34
    Ти благодариме електрична централо.
  • 8:34 - 8:37
    И ти благодариме хемиска индустријо
  • 8:37 - 8:39
    што ни даде време да читаме книги.“
  • 8:39 - 8:41
    Ви благодарам.
  • 8:41 - 8:54
    (Аплауз)
Title:
Ханс Рослинг и волшебната машина за перење алишта
Speaker:
Hans Rosling
Description:

Кој бил најголемиот изум на индустриската револуција? Ханс Рослинг гласа за машината за перење алишта. Со нови графици од Gapminder, Рослинг ни ја покажува магијата што се случува кога економскиот раст и електричната енергија го претвораат досадниот ден за перење во инетелектуален ден за читање.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
08:55
Novica Nakov added a translation

Macedonian subtitles

Revisions