Опсесиите на Адам Севиџ
-
0:00 - 0:03Пред околу четири години, списанието Њујоркер објави статија
-
0:03 - 0:05за куп од коски од птицата додо кој бил пронајден
-
0:05 - 0:08во јама на островот Маурициус.
-
0:08 - 0:10Маурициус е мал остров
-
0:10 - 0:13источно од Мадагаскар
-
0:13 - 0:15во Индискиот Океан и е местото
-
0:15 - 0:18каде што птицата додо беше пронајдена
-
0:18 - 0:21и истребена во период од 150 години.
-
0:21 - 0:24Сите беа возбудени за овој археолошки пронајдок,
-
0:24 - 0:26бидејќи значеше дека постои шанса најпосле
-
0:26 - 0:28да се состави единствен целосен скелет од додо.
-
0:28 - 0:30Видете, иако музеите ширум светот
-
0:30 - 0:32имаат скелети од додо во своите колекции, никој -
-
0:33 - 0:35дури ни Природонаучниот музеј на
-
0:35 - 0:37островот Маурициус - нема скелет што е направен
-
0:37 - 0:40од коските од единствена додо птица.
-
0:40 - 0:42Всушност, ова не е сосема точно.
-
0:42 - 0:44Британскиот Музеј имал комплетен
-
0:44 - 0:46примерок на додо во својата колекција
-
0:46 - 0:48до XVIII век -
-
0:48 - 0:50бил мумифициран, со кожа и се друго -
-
0:50 - 0:52но, при ревносно расчистување за ослободување на простор
-
0:52 - 0:54тие ги исекле главата и стапалата,
-
0:54 - 0:57а остатокот го изгореле на клада
-
0:57 - 0:59Ако ја погледнете нивната веб страница денес,
-
0:59 - 1:01тие се уште ги имаат овие делови на списокот, а за остатокот
-
1:01 - 1:04пишува дека е изгубен во пожар.
-
1:04 - 1:07Не е баш целата вистина. Сепак.
-
1:07 - 1:09Главниот дел од овој натпис беше сликава,
-
1:09 - 1:11и јас сум еден од оние што мислат дека Тина Браун
-
1:11 - 1:13беше одлична во избирање слики за списанието Њујоркер,
-
1:13 - 1:15зашто сликава потполно ми го разниша светот.
-
1:15 - 1:17Станав опседнат со предметот -
-
1:17 - 1:19не само прекрасната фотографија сама за себе,
-
1:19 - 1:22туку и бојата, малата длабочина на поле, видливите детали,
-
1:22 - 1:24жицата што се гледа таму на клунот
-
1:24 - 1:27што ја користел конзерваторот да го состави скелетот,
-
1:27 - 1:29може да се состави цела приказна.
-
1:29 - 1:31И си помислив,
-
1:31 - 1:33нели би било одлично
-
1:33 - 1:36да имам свој додо скелет?
-
1:36 - 1:39(смеа)
-
1:39 - 1:42И така -- овде сакам да нагласам дека
-
1:42 - 1:44го поминав животот опседнат од
-
1:44 - 1:47предмети и приказните што тие ги раскажуваат,
-
1:47 - 1:49и дека оваа беше најновата.
-
1:49 - 1:51Така почнав да барам наоколу -
-
1:51 - 1:53да видам дали некој продава некава опрема за изработка,
-
1:53 - 1:55или некаков модел на птицата
-
1:55 - 1:58и успеав да најдам многу податоци, многу убави слики -
-
1:58 - 2:02но немав среќа - нема скелет од додо за мене. Но, веќе не можев да се откажам.
-
2:02 - 2:04Веќе бев зачувал неколку стотици слики на скелети од додо
-
2:04 - 2:06во мојата папка „Креативни проекти“ -
-
2:06 - 2:09таа е ризница за мојот мозок, полна со се што би можело некогаш да ме интересира.
-
2:09 - 2:11Секогаш кога ќе се поврзам на интернет,
-
2:11 - 2:14ставам сешто во неа,
-
2:14 - 2:18од убави прстења до слики од кабини на авиони.
-
2:18 - 2:21Клучот што Маркизот од Лафает му го испратил на Џорџ Вашингтон
-
2:21 - 2:23да го прослави падот на Бастиља.
-
2:23 - 2:24Руски клуч за нуклеарно лансирање.
-
2:24 - 2:26Горната слика е од оној што го најдов на eBay;
-
2:26 - 2:29а долната е слика на клучот што самиот го направив,
-
2:29 - 2:31затоа што не можев да си го дозволам оној од eBay.
-
2:31 - 2:34Костуми на стормтрупери. Карти на Средната Земја -
-
2:34 - 2:36оваа самиот рачно ја нацртав. И еве ја папката за додо скелетот.
-
2:36 - 2:38Во неа има 17 000 фотографии -
-
2:38 - 2:40преку 20 гигабајти информации -
-
2:40 - 2:42и постојано се зголемува.
-
2:42 - 2:45Еден ден, неколку недели подоцна, или можеби дури и
-
2:45 - 2:47по една година, бев во продавница за уметнички реквизити со децата,
-
2:47 - 2:50купувавме алатки за обликување на глина - требаше да имаме Креативен ден.
-
2:50 - 2:53Купив глина Супер Скалпи, жица за арматура и други материјали.
-
2:53 - 2:55И погледнав во глината и си помислив,
-
2:55 - 2:57можеби,
-
2:57 - 3:00можеби би можел да направам сопствен додо череп.
-
3:01 - 3:03Овде треба да нагласам - не сум скулптор.
-
3:03 - 3:05Јас правам макети со цврсти рабови.
-
3:05 - 3:08Дајте ми цртеж, дајте ми реквизит да реплицирам,
-
3:08 - 3:11дајте ми кран, скеле, делови од „Војна на ѕвездите“ -
-
3:11 - 3:13посебно делови од „Војна на ѕвездите“ -
-
3:13 - 3:15тоа можам да го работам по цел ден.
-
3:15 - 3:17Токму така заработував за живот цели 15 години.
-
3:17 - 3:20Но, ако ми дадете нешто вакво -
-
3:20 - 3:22мојот пријател Мајк Мјурнејн го има извајано ова,
-
3:22 - 3:24тоа е кукла од „Војна на Ѕвездите - Епизода втора“ -
-
3:24 - 3:26тоа не е мој домен,
-
3:26 - 3:29тоа го прават други луѓе - змејови, меки нешта.
-
3:29 - 3:33Сепак, чувствував дека сум видел доволно слики од черепи од додо
-
3:33 - 3:35за да можам вистински да ја
-
3:35 - 3:38разберам неговата топологија и можеби да го репродуцирам -
-
3:38 - 3:40мислам, не би требало да биде премногу тешко.
-
3:40 - 3:43Така, почнав да ги барам најдобрите слики што можев да ги најдам,
-
3:43 - 3:45Го земав целиот референтен материјал,
-
3:45 - 3:47и ја најдов оваа прекрасна фотографија.
-
3:47 - 3:49Некој го продаваше ова на eBay.
-
3:49 - 3:52Очигледно, тоа е женска рака. Барем се надевам дека е женска.
-
3:52 - 3:54Претпоставив дека е приближно голема како раката на мојата жена.
-
3:54 - 3:57Го измерив нејзиниот палец и го споредив со сите димензии на черепот.
-
3:57 - 4:00Ја зголемив сликата до природна величина и ја користев
-
4:00 - 4:02заедно со останатиот референтен материјал. Ги споредував сите
-
4:02 - 4:05податоци за големина за да одредам колку точно голем треба да биде клунот,
-
4:05 - 4:07колку треба да биде долг и слично.
-
4:07 - 4:10По неколку часови некако успеав да направам
-
4:10 - 4:13нешто што беше личеше на прилично добар череп на додо. И немав намера да продолжам,
-
4:13 - 4:16тоа е, знаете, како кога чистите многу нечиста соба
-
4:16 - 4:19почнувате со средување на работите една по една, не можете да размислувате за целината.
-
4:19 - 4:21Не размислував да правам додо скелет,
-
4:21 - 4:23само забележав кога го завршив черепот
-
4:23 - 4:25дека арматурата што ја користев да го придржува
-
4:25 - 4:27излегуваше од задната страна на черепот токму на местото каде што би требал да биде ’рбетот
-
4:27 - 4:30А една од другите работи кои ме интересирале и со кои сум бил опседнат низ годините
-
4:30 - 4:33се ’рбети и скелети, и бидејќи бев собрал неколку стотици
-
4:33 - 4:35веќе доволно ја разбирав механиката на
-
4:35 - 4:38пршлените за да можам да почнам да ја имитирам.
-
4:38 - 4:40И така дел по дел,
-
4:40 - 4:43пршлен по пршлен, го моделирав ’рбетот надолу
-
4:43 - 4:46И така, на крајот на денот, имав разумно добар череп,
-
4:46 - 4:50средно добар ’рбет и половина од карлица.
-
4:50 - 4:53И повторно, продолжував, барав повеќе референтен материјал.
-
4:53 - 4:56секое делче од референца што би можел да го најдам - цртежи, прекрасни фотографии.
-
4:56 - 4:59Овој човек - го сакам човеков! Тој ставил коски од нога на додо во скенер
-
4:59 - 5:01со размерник.
-
5:01 - 5:03Ова е токму нивото на точност што го сакав,
-
5:03 - 5:05и јас само
-
5:05 - 5:07ја ископирав секоја коска и ги составив.
-
5:07 - 5:10И после околу, мислам, шест недели,
-
5:10 - 5:13го завршив, обоив и наместив
-
5:13 - 5:16мојот сопствен скелет на додо.
-
5:18 - 5:20Можете да видите дека дури направив и музејска етикета за него
-
5:20 - 5:22на која е испишана кратка историја на додото.
-
5:22 - 5:24И ТАП Пластикс ми направи - иако не ја сликав -
-
5:24 - 5:26музејска витрина.
-
5:26 - 5:28Немам простор за ова во мојата куќа,
-
5:28 - 5:31но морав да го завршам започнатото.
-
5:31 - 5:34Ова всушност претставуваше значајна промена за мене.
-
5:34 - 5:36И како што веќе реков, целиот мој живот се состоеше од
-
5:36 - 5:38фасцинираност од предмети и приказните што тие ги раскажуваат,
-
5:38 - 5:41и правење на истите за да ги задржам за себе,
-
5:41 - 5:44да ги ценам и да ме обземат во себе.
-
5:44 - 5:46И во оваа папка, „Креативни Проекти“
-
5:46 - 5:49има милиони проекти на кои моментално работам,
-
5:49 - 5:52проекти на кои веќе сум работел, нешта на кои би сакал да работам некој ден,
-
5:52 - 5:55и нешта што можеби би сакал само да ги најдам и имам и
-
5:55 - 5:57да ги гледам и допрам.
-
5:57 - 6:00Но сега, таму се појави потенцијал за оваа нова категорија на
-
6:00 - 6:02нешта кои би можел да ги вајам
-
6:02 - 6:04тоа беше различно, дека јас - знаете,
-
6:04 - 6:06јас имам сопствен Арту Диту (R2D2), но тоа
-
6:06 - 6:09искрено, споредено со вајањето, за мене тоа е лесно.
-
6:09 - 6:12И така се навратив и ја разгледав мојата папка „Креативни Проекти“
-
6:12 - 6:15и налетав на Малтешкиот сокол.
-
6:16 - 6:19Видете, ова е интересно за мене:
-
6:19 - 6:22да се вљубам во предмет од роман на Хамет,
-
6:22 - 6:24затоа ако е точно дека светот е поделен на два типа на луѓе -
-
6:24 - 6:27оние кои го сакаат Чендлер и оние кои го сакаат Хамет, јас апсолутно сум за Чендлер.
-
6:27 - 6:29Но во овој случај, не е -
-
6:29 - 6:33нема врска со авторот, нема врска со книгата или филмот или приказната,
-
6:33 - 6:35се работи за самиот предмет таков каков што е.
-
6:35 - 6:38И во случајов, предметов е -
-
6:38 - 6:41постои на повеќе нивоа.
-
6:41 - 6:43Прво, предметов постои во реалниот свет.
-
6:43 - 6:45Ова е „Соколот Кипхаусен“
-
6:45 - 6:47Тој е церемонијален сад
-
6:47 - 6:51направен околу 1700 год. за шведски гроф
-
6:51 - 6:53и многу веројатно е предметот од кој
-
6:53 - 6:56Хамет ја црпел својата инспирација за Малтешкиот сокол.
-
6:56 - 6:59Потоа постои птицата која Хамет ја создал за книгата.
-
6:59 - 7:01Создадена од зборови, таа е моторот
-
7:01 - 7:04кој го движи дејството во неговата книга и во филмот,
-
7:04 - 7:06во кој е создаден друг предмет:
-
7:06 - 7:09реквизит кој треба да го претставува она што Хамет го создал со зборови,
-
7:09 - 7:13инспириран од Нипхаузерскиот сокол, што го претставува соколот во филмот.
-
7:13 - 7:15И на крај постои четврто ниво, кое е
-
7:15 - 7:17сосема нов објект во реалноста,
-
7:17 - 7:20реквизитот направен за филмот, репрезентација на оригиналниот сокол,
-
7:20 - 7:22станува, сам за себе,
-
7:22 - 7:24сосема ново нешто,
-
7:24 - 7:26сосема нова опсесија.
-
7:26 - 7:28Сега беше време да истражувам.
-
7:28 - 7:30Всушност, пред неколку години бев истражувал
-
7:30 - 7:32затоа и постоеше папката.
-
7:32 - 7:34Бев купил реплика, многу лоша реплика,
-
7:34 - 7:36на Малтешкиот Сокол на eBay,
-
7:36 - 7:38и бев собрал доволно слики
-
7:38 - 7:40така што имав доста референтен материјал.
-
7:40 - 7:42Но открив,
-
7:42 - 7:44преку понатамошно истажување,
-
7:44 - 7:47барајќи навистина прецизни референци, дека птицата -
-
7:47 - 7:49една од оригиналните оловни птици -
-
7:49 - 7:51била продадена од Кристис во 1994 год,
-
7:51 - 7:54и така контактирав со една антикварница
-
7:54 - 7:56која го имаше оригиналниот каталог на Кристис и
-
7:56 - 7:58во него ја најдов оваа величествена слика,
-
7:58 - 8:00на која се прикажани и димензиите на птицата.
-
8:00 - 8:04Успеав да ја скенирам сликата и да ја зголемам точно до вистинската големина.
-
8:04 - 8:06Најдов уште материјали. Ави (Ара) Чекмајан,
-
8:06 - 8:08уредник од Њу Џерси, всушност го најде овој
-
8:08 - 8:10Малтешки сокол
-
8:10 - 8:13на еден пазар во 1991,
-
8:13 - 8:15му требаа пет години да
-
8:15 - 8:17ја потврди автентичноста на птицата
-
8:17 - 8:19да одговара на спецификациите на аукционерите,
-
8:19 - 8:21бидејќи имаше многу контроверзии околу неа.
-
8:21 - 8:23Беше направена од смола, која не била чест материјал за филмски реквизити
-
8:23 - 8:25во времето на снимањето на филмот.
-
8:25 - 8:27Чудно ми е што требаше толку време да се потврди автентичноста на птицата
-
8:27 - 8:29ја видов споредена со ова
-
8:29 - 8:31и можам да ви кажам дека е вистинската,
-
8:31 - 8:34направена е од потполно истиот калап како оваа.
-
8:34 - 8:37За оваа, бидејќи самата аукција беше контроверзна,
-
8:37 - 8:39Профили низ историјата, куќата за аукции што ја продаде -
-
8:39 - 8:41мислам дека беше во 1995 за околу 100 000 долари -
-
8:41 - 8:44тие вклучија - можете да видите овде долу -
-
8:44 - 8:46не само изглед од напред, туку и
-
8:46 - 8:48страничен изглед, изглед од назад и
-
8:48 - 8:50изглед од другата страна.
-
8:50 - 8:53И така сега ја имав целата топологија која ми беше потребна
-
8:53 - 8:55за да направам реплика на Малтешкиот Сокол.
-
8:55 - 8:58Што се прави, како се почнува нешто такво? Навистина не знам.
-
8:58 - 9:00Она што јас го направив беше истата постапка како кај скелетот од додо.
-
9:00 - 9:03Го зголемив референтниот материјал до природна големина,
-
9:03 - 9:05и почнав да ги отсекувам негативите и да ги користам
-
9:05 - 9:07за да ја одредам формата на соколот.
-
9:07 - 9:09Направив голем блок од Скалпи глината
-
9:09 - 9:12и ги следев шаблоните додека не ги добив вистинските профили,
-
9:12 - 9:15И тогаш полека, пердув по пердув, детаљ по детаљ,
-
9:15 - 9:17ја обработував и постигнав -
-
9:17 - 9:19работејќи пред телевизорот - со помош на Супер Скалпи -
-
9:19 - 9:21еве ме до жена ми -
-
9:21 - 9:24ова е единствена слика што ја имам од целиот процес.
-
9:24 - 9:26Како што напредував успеав да направам
-
9:26 - 9:28доста веродостоен факсимил на Малтешкиот Сокол.
-
9:28 - 9:30Но ќе повторам, не сум скулптор,
-
9:30 - 9:32и затоа не знам многу трикови како на пример,
-
9:33 - 9:36не знам како другар ми Мајк добива убави, сјајни површини со неговата Скалпи глина,
-
9:36 - 9:38јас секако не успеав во тоа.
-
9:38 - 9:40И така, отидов во мојата работилница и
-
9:40 - 9:43направив калап за соколот и го излеав во смола
-
9:43 - 9:46бидејќи со смолата можев да го добијам мазниот, стаклест завршен слој.
-
9:46 - 9:49Постојат многу начини да го пополните калапот и да добиете убав, мазен финиш.
-
9:49 - 9:52Јас претпочитам да нанесам околу 70 слоеви од оваа
-
9:52 - 9:54црна мат боја за автомобили.
-
9:54 - 9:57Ја нанесувам некаде околу 3 до 4 дена, прска насекаде,
-
9:57 - 10:00но се добива навистина мазна, нежна површина која
-
10:00 - 10:02можам да ја направам мазна како стакло,
-
10:02 - 10:04на крај ја обработувајќи ја со челична волна.
-
10:04 - 10:07Кога стигнав до оваа точка,
-
10:07 - 10:09бидејќи во филмот, кога ја изнесуваата птицата на крајот,
-
10:09 - 10:12ја поставуваат на масата и ја вртат,
-
10:12 - 10:14можев да ја стопирам сликата
-
10:14 - 10:17на екранот, кадар по кадар за да бидам сигурен.
-
10:17 - 10:20Ги следев сите удари на светлина, и се обидував - држејќи го светлото на исто
-
10:20 - 10:23место, да го добијам истиот вид на рефлексија -
-
10:23 - 10:26тоа беше нивото на деталност што го барав од себеси.
-
10:26 - 10:29И крајниот резултат беше следниов: мојот Малтешки Сокол.
-
10:29 - 10:31Прекрасен е. Можам да тврдам со сигурност
-
10:31 - 10:33дека во тој момент, кога ја завршив,
-
10:33 - 10:36од сите реплики кои постоеја - а ги има малку -
-
10:36 - 10:38оваа е далеку најпрецизна
-
10:38 - 10:40репрезентација на оригиналниот Малтешки Сокол
-
10:40 - 10:43што некој ја извајал. Оригиналната, би требал да ви кажам,
-
10:43 - 10:45е извајана од тип кој се вика Фред Секстон.
-
10:45 - 10:48Тука работите стануваат чудни.
-
10:48 - 10:51Фред Секстон бил пријател со Џорџ Ходел.
-
10:51 - 10:53Страшен човек - многу веруваат дека е убиецот на
-
10:53 - 10:55Црната Далија.
-
10:55 - 10:57Џејмс Елрој верува дека
-
10:57 - 11:00Фред Секстон, скулпторот на Малтешкиот Сокол,
-
11:00 - 11:02ја убил мајкара на Џејмс Елрој.
-
11:02 - 11:05Но станува уште почудно. Во 1974 год.,
-
11:05 - 11:08за време на снимањето на чуден комичен продолжеток на „Малтешкиот Сокол“
-
11:08 - 11:10кој се викал „Црната птица“ со Џорџ Сигал во главната улога,
-
11:10 - 11:12Обласниот музеј за уметност на Лос Анџелес
-
11:12 - 11:14имал гипсан оригинал од Малтешкиот Сокол -
-
11:14 - 11:17еден од шесте оригинали направени за филмот -
-
11:17 - 11:19кој бил украден од музејот. Многу луѓе мислеле
-
11:19 - 11:21дека е маркертиншки потег за промоција на филмот.
-
11:21 - 11:23Во ресторанот Џонс Грил, кој се појавува
-
11:23 - 11:25на кратко во филмот „Малтешкиот Сокол“
-
11:25 - 11:27и е сеуште познато место за јадење во Сан Франциско,
-
11:27 - 11:29редовен муштерија бил Елиша Кук,
-
11:29 - 11:31кој го играл Вилмер Кук во филмот.
-
11:31 - 11:33Тој им подарил
-
11:33 - 11:36еден од оригиналните гипсани реквизити од Малтешкиот Сокол.
-
11:36 - 11:39Тие го чувале во витрина околу 15 години
-
11:39 - 11:41кога им бил украден
-
11:41 - 11:44во Јануари 2007 година.
-
11:44 - 11:46Се чини дека посакуваниот објект
-
11:46 - 11:49го добива своето значење единствено со постојано исчезнување.
-
11:49 - 11:51И така го имав овој Сокол,
-
11:51 - 11:53тој беше убав. Одлично изгледаше.
-
11:53 - 11:55Светлото паѓаше многу убаво на него,
-
11:55 - 11:57беше подобар од било што што би можел да го постигнам
-
11:57 - 11:59или добијам било каде во светот.
-
11:59 - 12:02Но постоеше еден проблем. Тој проблем беше:
-
12:03 - 12:05Го сакав предметот во целина,
-
12:05 - 12:08сакав да ја има истата тежина.
-
12:08 - 12:10Ова што го направив беше од смола и беше премногу лесно.
-
12:10 - 12:12Има една група на интернет на која често ја посетувам
-
12:12 - 12:15чии членови се луди по реквизити исто како и јас.
-
12:15 - 12:17Таа се вика Replica Props Forum и нејзините членови
-
12:17 - 12:20прават филмски реквизити и разменуваат податоци за нив.
-
12:20 - 12:22Излезе дека еден од нив,
-
12:22 - 12:25пријател кој всушност и никогаш не сум го сретнал,
-
12:25 - 12:27но се спријателивме преку некои размени на реквизити, е менаџер на локална леарница.
-
12:27 - 12:30Ја зема мојата оригинална шема за соколот,
-
12:30 - 12:32направи бронзан модел
-
12:32 - 12:34излеан во восок
-
12:34 - 12:36и ми ја даде таа бронза.
-
12:36 - 12:38Ова, после малку гравирање со киселина, е крајниот резултат.
-
12:38 - 12:41И со овој резултат сум многу, многу задоволен.
-
12:41 - 12:43Еве, ќе го ставам овде.
-
12:43 - 12:46подоцна и ќе можете...
-
12:47 - 12:50Сакам да го земете и да го разгледате.
-
12:51 - 12:54Сакате да знаете -
-
12:54 - 12:56колку сум опседнат. Овој проект е само за моја душа
-
12:56 - 12:59но сепак отидов толку далеку, што на eBay
-
12:59 - 13:02купив кинески весник од Сан Франциско од 1941 година,
-
13:02 - 13:05за да птицата биде соодветно замотана...
-
13:06 - 13:08како во самиот филм
-
13:08 - 13:12(смеа)
-
13:12 - 13:14Да, знам!
-
13:14 - 13:19(смеа)(аплауз)
-
13:19 - 13:22Како што можете да видите, тежи околу 12,5kg.
-
13:22 - 13:25Тоа е половина од тежината на моето куче Хаксли.
-
13:26 - 13:29Но, има еден проблем.
-
13:29 - 13:32Еве ја прогресијата на соколите.
-
13:32 - 13:35Најлево е ѓубрето - лошата реплика што ја купив на eBay.
-
13:35 - 13:37Еве го донекаде уништениот сокол од Скалпи глина,
-
13:37 - 13:40затоа што морав да го извадам од калапот. Ова е првата излеана птица,
-
13:40 - 13:42еве го моделот за леење и еве ја бронзената птица.
-
13:42 - 13:45Има една работа која се јавува кога правиш калапи и лееш предмети.
-
13:45 - 13:47Секогаш кога ќе го извадиш до калапот,
-
13:47 - 13:50се губи дел од волуменот, се губи дел од големината.
-
13:50 - 13:53Кога го поставив бронзениот сокол до оној од скалпи глина,
-
13:53 - 13:56видов дека е помал за околу 1,9cm.
-
13:56 - 13:59Реакцијата ми беше ааах -
-
14:00 - 14:02зошто не ми текна на ова?
-
14:02 - 14:05Зошто не го направив поголемо на почетокот?
-
14:05 - 14:08Но што да правам? Имав две можности.
-
14:08 - 14:11Прво, можам да му насочам ласер,
-
14:11 - 14:13нешто што сум го правел претходно
-
14:13 - 14:15за да го скенирам во 3D - направив 3D скен на овој сокол.
-
14:15 - 14:18Го пресметав точниот сооднос на смалување што го добив
-
14:18 - 14:20при преоѓање од восочен на бронзен модел,
-
14:20 - 14:22и го зголемив доволно за да
-
14:22 - 14:24направам 3D литографски модел,
-
14:24 - 14:27кој ќе го измазнам, па ќе го пратам кај мајсторот за калапи
-
14:27 - 14:30и потоа ќе го излеам во бронза.
-
14:30 - 14:32Или - има неколку луѓе кои ги имаат оригиналите
-
14:32 - 14:35а јас са обидував да дојдам до нив и да ги контактирам,
-
14:35 - 14:38надевајќи се дека ќе ми дозволат да поминам неколку минути
-
14:38 - 14:40со една од вистинските птици, можеби за да ја фотографирам,
-
14:40 - 14:43или дури да го извадам рачниот ласерски скенер
-
14:43 - 14:46што го имам, кого го собира во кутија за цереалии,
-
14:46 - 14:48и можеби, дури и без да ја допрам нивната птица, се колнам,
-
14:48 - 14:51да добијам совршен 3Д скен. Дури и сум подготвен да потпишам
-
14:51 - 14:54дека нема да дозволам да ја добие никој друг, дека ќе стои само кај мене во канцеларијата, ветувам.
-
14:54 - 14:57Би им дал една и на нив ако сакаат.
-
14:57 - 15:00И тогаш, можеби, тогаш ќе стигнам до крајот оваа вежба.
-
15:00 - 15:02Но вистина, да бидам искрен,
-
15:02 - 15:04морам да признаам дека доаѓањето до крајот на вежбава
-
15:05 - 15:08никогаш не беше нејзината цел, нели.
-
15:08 - 15:11Ви благодарам.
- Title:
- Опсесиите на Адам Севиџ
- Speaker:
- Adam Savage
- Description:
-
На EG'08, Адам Севиџ зборува за фасцинираноста од птицата додо, и како тоа го поттикнало до чудна и изненадувачка двојна потрага. Ова е интересна авантура низ еден креативно опсесивен ум.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 15:13