< Return to Video

4 столба за постигнување на универзитетски успех во науките

  • 0:00 - 0:04
    Ќе зборувам за успехот на мојот универзитет,
  • 0:04 - 0:07
    Универзитетот во Мериленд, Округ Балтимор, УМОБ
  • 0:07 - 0:10
    во образувањето на студенти од секаков тип,
  • 0:10 - 0:14
    почнувајќи од уметностите и хуманистичките науки до научните и инженерските области.
  • 0:14 - 0:18
    Тоа што ја прави нашата приказна особено важна
  • 0:18 - 0:23
    е тоа што научивме многу од група на студенти
  • 0:23 - 0:27
    кои обично не се на врвот на академското скалило,
  • 0:27 - 0:31
    студенти со различна боја на кожата, студенти кои не сe доволно застапени во одредени области.
  • 0:31 - 0:34
    Она што ја прави нашата приказна особено уникатна
  • 0:34 - 0:38
    е тоа дека научивме како да им помогнеме на Афро-aмериканските студенти, на Латино студентите,
  • 0:38 - 0:40
    на студентите кои потекнуваат од сиромашни семејства
  • 0:40 - 0:44
    да станат едни од најдобрите во светот на науката и инженерството.
  • 0:44 - 0:47
    Ќе почнам со приказна за моето детство.
  • 0:47 - 0:50
    Сите ние сме производ на нашите искуства од детството.
  • 0:50 - 0:54
    Тешко ми е да поверувам дека поминаа 50 години
  • 0:54 - 1:00
    откако бев осмооделенец во Бирмингем, Алабама
  • 1:00 - 1:03
    дете кое сакаше да добива 5-ки,
  • 1:03 - 1:05
    дете кое сакаше математика, сакаше да чита,
  • 1:05 - 1:08
    дете кое имаше обичај да и рече на учителката --
  • 1:08 - 1:11
    кога учителката ќе му речеше на одделението : „Еве 10 задачи“,
  • 1:11 - 1:15
    ова мало дебело дете велеше, „Дајте ни уште 10“.
  • 1:15 - 1:19
    И целото оделение велеше „Замолчи, Фриман.“
  • 1:19 - 1:22
    И секој ден имаше дежурен клоцач.
  • 1:22 - 1:24
    Така, секогаш си го поставував ова прашање:
  • 1:24 - 1:30
    „Како би можеле да натераме што повеќе деца навистина да сакаат да учат?“.
  • 1:30 - 1:33
    За чудо, една недела во црква,
  • 1:33 - 1:35
    кога навистина не сакав да бидам таму
  • 1:35 - 1:40
    и седев на крајот од просторијата смирувајќи се со решавање математички задачи,
  • 1:40 - 1:43
    слушнав како еден човек вели:
  • 1:43 - 1:45
    „Ако успееме да ги натераме децата
  • 1:45 - 1:51
    да учествуваат на овие мирни демостраци, тука во Бирмингам
  • 1:51 - 1:57
    ќе ѝ покажеме на Америка дека дури и децата можат да препознаат што е исправно, а што не е
  • 1:57 - 2:01
    и дека децата навистина сакаат да го добијат најдоброто можно образование.“
  • 2:01 - 2:03
    Го кренав погледот и реков: „Кој е овој човек?“
  • 2:03 - 2:06
    И ми одговорија дека неговото име е д-р Мартин Лутер Кинг
  • 2:06 - 2:08
    Јас им реков на моите родители „Морам да одам.
  • 2:08 - 2:10
    Сакам да одам. Сакам да учествувам.“
  • 2:10 - 2:12
    Сакам да бидам дел од ова. И тие рекоа, „Никако“.
  • 2:12 - 2:13
    (Смеење)
  • 2:13 - 2:15
    Жестоко се расправавме за тоа.
  • 2:15 - 2:18
    А во тоа време, искрeно, на родителите не им се пререкуваше.
  • 2:18 - 2:20
    И некако им реков: „Знаете што, вие сте лицемери.
  • 2:20 - 2:22
    Вие ме терате да одам на ова. Ме терате да слушам.
  • 2:22 - 2:25
    Човекот сака да одам и сега велите не.“
  • 2:25 - 2:26
    Тие размислуваа за тоа цела ноќ.
  • 2:26 - 2:29
    Дојдоа во мојата соба следното утро.
  • 2:29 - 2:30
    Не спиеле.
  • 2:30 - 2:33
    Буквално плачеле и се молеле и мислеле:
  • 2:33 - 2:36
    „Ќе му дозволиме ли на нашиот 12 годишен син
  • 2:36 - 2:40
    да учествува на овој марш и веројатно да оди во затвор?“.
  • 2:40 - 2:42
    И решија да ми дозволат.
  • 2:42 - 2:43
    Кога дојдоа да ми кажат
  • 2:43 - 2:45
    јас најпрво бев на седмо небо.
  • 2:45 - 2:49
    Потоа одеднаш почнав да мислам на кучињата и на пожарникарските црева
  • 2:49 - 2:52
    и многу се исплашив, навистина се исплашив.
  • 2:52 - 2:54
    Едно од нештата што постојано им ги кажувам на луѓето
  • 2:54 - 2:57
    е дека понекогаш, кога луѓето прават нешта кои се храбри
  • 2:57 - 3:00
    не значи дека го прават тоа зашто имаат многу храброст.
  • 3:00 - 3:03
    Едноставно значи дека веруваат дека е важно да се направи тоа.
  • 3:03 - 3:04
    Јас сакав подобро образование.
  • 3:04 - 3:08
    Не сакав да морам да употребувам користени учебници.
  • 3:08 - 3:10
    Сакав да знам дека училиштето што го посетувам
  • 3:10 - 3:12
    има добри професори, но и дека располага со потребните ресурси.
  • 3:12 - 3:14
    И како резултат на тоа искуство
  • 3:14 - 3:16
    на средината од неделата, додека бев во затвор,
  • 3:16 - 3:19
    д-р Кинг дојде со нашите родители и рече:
  • 3:19 - 3:22
    „Тоа што вашите деца го прават денес
  • 3:22 - 3:27
    ќе има влијание врз децата кои сè уште не се родени.“
  • 3:27 - 3:31
    Неодамна сфатив дека две третини од Американците денеска
  • 3:31 - 3:35
    не биле родени за време на 1963.
  • 3:35 - 3:38
    Па, за нив, кога ќе слушнат за Детскиот Поход во Бирмингам,
  • 3:38 - 3:40
    на некој начин, ако го гледаат на телевизија,
  • 3:40 - 3:44
    тоа е како кога ние го гледаме филмот за „Линколн“, кој се случува во 1863.
  • 3:44 - 3:45
    Тоа е историја.
  • 3:45 - 3:48
    И вистинското прашање е, што научивме?
  • 3:48 - 3:51
    Е, па, изненадувачки, најважното нешто за мене е ова:
  • 3:51 - 3:56
    Децата можат да бидат поттикнати да го земат образованието во свои раце.
  • 3:56 - 3:59
    Можат да бидат научени да имаат страст
  • 3:59 - 4:03
    кон учењето и да ја сакаат идејата за поставување прашања.
  • 4:03 - 4:06
    Па така, од особена важност е
  • 4:06 - 4:08
    тоа дека универзитетот кој сега го водам,
  • 4:08 - 4:11
    Универзитетот во Мериленд, Округот Балтимор, УМОБ,
  • 4:11 - 4:17
    беше основан истата година кога јас отидов во затвор со д-р Кинг, во 1963.
  • 4:17 - 4:21
    Тоа институционално оформување беше особено важно
  • 4:21 - 4:25
    затоа што Мериленд е на југот, како што знаете,
  • 4:25 - 4:30
    и искрено, тоа беше првиот универзитет во нашата држава
  • 4:30 - 4:34
    основан во време кога студентите од сите раси можеа да се запишат.
  • 4:34 - 4:37
    Имавме црни и бели студенти и други кои почнаа да се запишуваат.
  • 4:37 - 4:42
    Веќе 50 години универзитетот е експеримент.
  • 4:42 - 4:43
    Ова е експериментот:
  • 4:43 - 4:47
    Дали е можно да постојат институции во нашата земја, универзитети,
  • 4:47 - 4:50
    каде луѓе со какво било потекло ќе може да дојдат да учат
  • 4:50 - 4:54
    и да учат да работат заедно и да учат да станат лидери
  • 4:54 - 4:57
    и да се поддржуваат едни со други во тоа искуство?
  • 4:57 - 5:02
    Она што е особено важно за мене од тоа искуство е следново:
  • 5:02 - 5:07
    Откривме дека можеме да постигнеме многу во областа на уметностите, хуманистичките и општествените науки.
  • 5:07 - 5:10
    И почнавме да работиме на тоа, работевме со години во 60-тите.
  • 5:10 - 5:13
    И создадовме голем број на луѓе во правото, сè до хуманистичките науки.
  • 5:13 - 5:16
    Создадовме одлични уметници. Бекет е нашата муза.
  • 5:16 - 5:18
    Многу од нашите студенти се занимаваат со театар.
  • 5:18 - 5:19
    Тоа е одлична работа.
  • 5:19 - 5:23
    Проблемот со кој се соочивме е истиот оној со кој Америка сè уште се соочува --
  • 5:23 - 5:24
    на студентите по наука и инженерство,
  • 5:24 - 5:26
    на црните студенти, не им одеше добро.
  • 5:26 - 5:28
    Но кога ги погледнав бројките
  • 5:28 - 5:32
    открив дека, искрено, на студентите генерално,
  • 5:32 - 5:33
    на голем дел од студентите не им оди добро.
  • 5:33 - 5:35
    Како резултат на тоа
  • 5:35 - 5:38
    одлучивме да направиме нешто што ќе помогне, првенствено
  • 5:38 - 5:43
    на групата на дното, на афро-американските студенти и на хиспанските студенти.
  • 5:43 - 5:47
    Роберт и Џејн Мејерхоф, филантропи, рекоа: „Би сакале да помогнеме“.
  • 5:47 - 5:50
    Роберт Мејерхоф рече: „Зошто сè што гледам на телевизија во врска со црните момчиња,
  • 5:50 - 5:53
    освен кога станува збор за кошарка, е негативно?
  • 5:53 - 5:56
    Сакам да го променам тоа, да направам нешто позитивно.“
  • 5:56 - 6:00
    Ние ги споивме тие идеи и ја создадовме стипендиската програма Мејерхоф.
  • 6:00 - 6:02
    За оваа програма е важно
  • 6:02 - 6:04
    тоа дека научивме неколку работи.
  • 6:04 - 6:05
    Прашањето гласи:
  • 6:05 - 6:10
    Како тоа сега ние сме први во земјата по создавање на Афро-американци
  • 6:10 - 6:15
    кои завршуваат докторски студии по наука и инженерство и магистерски и докторски студии по медицина?
  • 6:15 - 6:17
    Тоа е голема работа. Дајте ми аплауз за тоа. Голема работа е.
  • 6:17 - 6:20
    Тоа е голема работа. Навистина е.
  • 6:20 - 6:22
    (Аплауз)
  • 6:22 - 6:24
    Видете, многу луѓе не сфаќаат
  • 6:24 - 6:28
    дека не се само малцинствата тие на кои не им оди добро во науките и инженерството.
  • 6:28 - 6:32
    Искрено, зборуваме за Американци.
  • 6:32 - 6:35
    Ако не знаете, додека 20 проценти од црните и хиспанските студенти
  • 6:35 - 6:38
    кои започнале студии на факултетите по наука и инженерство
  • 6:38 - 6:40
    ќе успеат да дипломираат по наука и инженерство,
  • 6:40 - 6:43
    само 32 проценти од белите студенти кои ќе започнат студии во тие области
  • 6:43 - 6:46
    успеваат да дипломираат
  • 6:46 - 6:48
    и само 42 проценти од Американците со азиско потекло.
  • 6:48 - 6:51
    Па, така, вистинското прашање е , кој е предизвикот?
  • 6:51 - 6:53
    Е па, секако, дел од тоа е К-12.
  • 6:53 - 6:55
    Треба да го завцврстиме К-12.
  • 6:55 - 6:57
    Но другиот дел е поврзан со културата
  • 6:57 - 7:00
    за наука и инженерство на нашите факултети.
  • 7:00 - 7:04
    Не знам дали знаете, но голем дел од студентите со солидни резултати на приемните испити
  • 7:04 - 7:05
    и голем број на „почесни кредити“
  • 7:05 - 7:08
    кои одат на најпрестижните универзитети во нашата земја
  • 7:08 - 7:13
    почнуваат со подготвителен медицински, подготвителен инженерски или инженерски смер, за на крај да го променат смерот.
  • 7:13 - 7:15
    Главната причина, според нашите сознанија, искрено,
  • 7:15 - 7:18
    е дека научните предмети не им одат добро во првата година.
  • 7:18 - 7:22
    Всушност, првата година на наука и инженерство, обично, ширум Америка
  • 7:22 - 7:24
    ја нарекуваме истребувачка или гранична година.
  • 7:24 - 7:26
    Колку од вас во публиката знаат некој
  • 7:26 - 7:28
    кој почнал со подготвителна медицина или инженерство
  • 7:28 - 7:30
    и го променил смерот во рок од една или две години?
  • 7:30 - 7:31
    Ова е американски предизвик. Половина од присутните.
  • 7:31 - 7:33
    Знам. Знам. Знам.
  • 7:33 - 7:34
    Интересно во сево ова е
  • 7:34 - 7:37
    дека има многу студенти кои се паметни и кои можат да успеат.
  • 7:37 - 7:39
    Треба да најдеме начин да го овозможиме тоа.
  • 7:39 - 7:42
    Кои беа четирите нешта кои ги направивме за да им помогнеме на студентите од малцинските групи
  • 7:42 - 7:44
    кои сега се користат за да им се помогне на сите студенти?
  • 7:44 - 7:46
    Број еден: високи очекувања.
  • 7:46 - 7:50
    Потребно е да се разбере академската подготвеност на студентите--
  • 7:50 - 7:53
    нивните оцени, сериозноста на нивната работа,
  • 7:53 - 7:55
    нивните способности на тестовите, нивниот однос,
  • 7:55 - 7:58
    огнот во стомакот, страста за работата, поривот да се успее.
  • 7:58 - 8:02
    Многу е важно да се прават нешта кои ќе им помогнат на студентите да бидат во таа позиција.
  • 8:02 - 8:07
    Но, подеднакво е важно да се разбере дека напредок се постигнува со макотрпна работа.
  • 8:07 - 8:10
    Не ме интересира колку сте паметни или колку мислите дека сте паметни.
  • 8:10 - 8:12
    Ако сте паметни, тоа едноставно значи дека сте подготвени да учите.
  • 8:12 - 8:15
    Дека учењето ве возбудува и дека сакате да поставувате добри прашања.
  • 8:15 - 8:20
    И. И. Раби, Нобеловец, рекол дека кога тој растел во Њујорк,
  • 8:20 - 8:22
    родителите на неговите пријатели прашувале
  • 8:22 - 8:25
    „Што научивте денеска на училиште?“ на крајот на денот.
  • 8:25 - 8:28
    А, вели тој, наспроти ова, неговата мајка ќе речела,
  • 8:28 - 8:31
    „Изи, постави ли некое добро прашање денес?“
  • 8:31 - 8:34
    Високите очекувања се во врска со љубопитноста
  • 8:34 - 8:37
    и со поттикнувањето на младите луѓе да бидат љубопитни.
  • 8:37 - 8:38
    Како резултат на тие високи очекувања
  • 8:38 - 8:41
    почнавме да бараме студенти со кои би сакале да работиме,
  • 8:41 - 8:42
    да видиме како можеме да им помогнеме,
  • 8:42 - 8:45
    не само да преживеат во науката и инженерингот,
  • 8:45 - 8:48
    туку и да станат најдобри, да брилираат.
  • 8:48 - 8:50
    Интересно, еден пример:
  • 8:50 - 8:55
    Еден млад човек доби 6-ка по првиот предмет, а сакаше да оди на медицина,
  • 8:55 - 8:57
    му рековме, „Треба повторно да го запишеш предметот,
  • 8:57 - 9:01
    затоа што ти треба добра основа ако сакаш да продолжиш на следното ниво.“
  • 9:01 - 9:04
    Секоја основа е пресудна за следното ниво.
  • 9:04 - 9:05
    Тој повторно го запиша предметот.
  • 9:05 - 9:07
    Тој млад човек дипломираше на УМОБ,
  • 9:07 - 9:11
    и стана првиот црн студент кој магистрираше и докторираше на Универзитетот во Пенсилванија.
  • 9:11 - 9:13
    Сега работи на Харвард.
  • 9:13 - 9:15
    Убава приказна. Дајте му еден аплауз за тоа.
  • 9:15 - 9:17
    (Аплауз)
  • 9:17 - 9:20
    Второ, не се важни само резултатите од тестовите.
  • 9:20 - 9:22
    Добрите резултати се важни, но не се најважни
  • 9:22 - 9:25
    Една млада девојка имаше одлични оценки, но поените на тестовите не ѝ беа многу добри.
  • 9:25 - 9:27
    Но поседуваше еден фактор кој беше многу важен.
  • 9:27 - 9:30
    Не пропушташе ниту еден час, К-12.
  • 9:30 - 9:32
    Имаше оган во нејзиниот стомак.
  • 9:32 - 9:36
    Младата девојка продолжи и денес таа има магистратура и докторат на Хопкинс.
  • 9:36 - 9:40
    На факултетот е, како редовен професор, Доктор по невронаука.
  • 9:40 - 9:45
    Таа и нејзиниот советник имаат патент за поинаква упореба на Вијагра за пациенти со дијабетес.
  • 9:45 - 9:47
    Голем аплауз за неа. Голем аплауз за неа.
  • 9:47 - 9:49
    (Аплауз)
  • 9:49 - 9:51
    И така, високите очекувања се многу важни.
  • 9:51 - 9:54
    Второ, идејата за создавање на заедница помеѓу студентите.
  • 9:54 - 9:57
    Сите знаете дека често во науката и инженерството
  • 9:57 - 9:58
    размислуваме малку немилосрдно.
  • 9:58 - 10:01
    Не ги учиме студентите да работат во групи.
  • 10:01 - 10:03
    Па, така со таа група работиме токму на тоа
  • 10:03 - 10:04
    да ги натераме да се разберат меѓу себе,
  • 10:04 - 10:07
    да изградат меѓусебна доверба, да се поддржуваат,
  • 10:07 - 10:09
    да научат да поставуваат добри прашања,
  • 10:09 - 10:12
    но и да научат како јасно да ги искажуваат концептите.
  • 10:12 - 10:14
    Како што знаете, едно е сами да добиете 10-ка,
  • 10:14 - 10:16
    а друго е да му помогнете на некој друг да успее.
  • 10:16 - 10:20
    Да се почувствува тоа чувство на одговорност е од огромна важност.
  • 10:20 - 10:23
    Значи, градење на заедница помеѓу тие студенти, навистина важно.
  • 10:23 - 10:28
    Трето, идејата дека се потребни истражувачи за да се создадат истражувачи.
  • 10:28 - 10:31
    Без разлика дали зборуваме за уметници кои создаваат уметници,
  • 10:31 - 10:34
    или за луѓе од општествените науки,
  • 10:34 - 10:38
    која и да е дисциплината -- и особено во наука и инженерство, како и во уметноста, на пример--
  • 10:38 - 10:41
    потребни ви се научници кои ќе ги воведат студентите во работата.
  • 10:41 - 10:44
    Така, нашите студенти редовно работат во лабораторија.
  • 10:44 - 10:46
    Еден одличен пример кој ќе ви се допадне:
  • 10:46 - 10:49
    За време на една снежна бура во Балтимор, пред неколку години,
  • 10:49 - 10:53
    момчето на нашиот факултет кое имаше грант од Хауард Хју Медицинскиот Институт
  • 10:53 - 10:57
    буквално се врати на работа во неговата лабораторија по неколку дена
  • 10:57 - 11:01
    и сите студенти одбија да ја напуштат лабораторијата.
  • 11:01 - 11:03
    Си носеа спакувана храна.
  • 11:03 - 11:04
    Беа во лабораторијата и работеа
  • 11:04 - 11:08
    и гледаа на работата не како на домашна задача, туку како тоа да е нивниот живот.
  • 11:08 - 11:10
    Знаеја дека работат на истражување за СИДА-та.
  • 11:10 - 11:13
    Го разгледуваа неверојатниот дизајн на протеините.
  • 11:13 - 11:18
    И интересно беше дека секој од нив беше сконцентиран на работата.
  • 11:18 - 11:20
    И тој рече: „Нема подобро од тоа“.
  • 11:20 - 11:22
    Конечно, ако имате заедница,
  • 11:22 - 11:25
    и ако имате високи очекувања и ако имате истражувачи кои создаваат истражувачи,
  • 11:25 - 11:28
    мора да имате луѓе кои имаат волја како кадар
  • 11:28 - 11:31
    да се занимаваат со тие студенти, дури и во предавалната.
  • 11:31 - 11:34
    Никогаш нема да заборавам кога еден професор ги свика колегите професори и рече:
  • 11:34 - 11:36
    „Има еден млад дечко во мојот клас, млад црн дечко,
  • 11:36 - 11:39
    и изгледа како просто да не е загреан за работата.
  • 11:39 - 11:42
    Не фаќа белешки. Треба да зборуваме со него.“
  • 11:42 - 11:45
    Значајно е дека тој професор го набљудувал секој студент
  • 11:45 - 11:48
    за да дознае кој е навистина посветен, а кој не
  • 11:48 - 11:51
    и рече „Ајде да видам како можам да работам со нив.
  • 11:51 - 11:52
    Да побарам од персоналот да ми помогнат.“
  • 11:52 - 11:53
    Тоа е тоа поврзување.
  • 11:53 - 11:58
    Тој млад човек денес работи на факултетот, магистер-доктор по невроинженерство на Дјук.
  • 11:58 - 11:59
    Дајте му аплауз за тоа.
  • 11:59 - 12:01
    (Аплауз)
  • 12:01 - 12:06
    Значајно е дека сега го развивме овој модел
  • 12:06 - 12:10
    кој ни помага не само со евалуацијата и проценката на тоа што функционира.
  • 12:10 - 12:14
    Научивме дека треба да размислуваме во насока на преосмислување на предметите.
  • 12:14 - 12:16
    Така, го преосмисливме предметот хемија, предметот физика.
  • 12:16 - 12:20
    Сега сакаме да ги преосмислиме хуманистичките и општествените науки.
  • 12:20 - 12:22
    Бидејќи на многу студенти им е досадно на час.
  • 12:22 - 12:24
    Знаете за тоа?
  • 12:24 - 12:25
    Многу студенти, К-12 и на универзитет,
  • 12:25 - 12:28
    не сакаат само да седат и да слушаат како некој зборува.
  • 12:28 - 12:29
    Треба да бидат вклучени.
  • 12:29 - 12:33
    Така ние направивме -- ако ја погледнете нашата страна на Хемискиот Центар за Истражување
  • 12:33 - 12:35
    ќе видите дека доаѓаат луѓе од целата земја
  • 12:35 - 12:37
    за да видат како ги преобмислуваме предметите,
  • 12:37 - 12:41
    и ставаме акцент на соработка, користење на технологија,
  • 12:41 - 12:44
    користиме проблеми од нашите биотехнолошки компании на нашиот факултет
  • 12:44 - 12:46
    и не им ја даваме теоријата на студентите
  • 12:46 - 12:48
    туку ги оставаме да се борат со теориите.
  • 12:48 - 12:52
    И тоа функционира толку добро што низ целиот универзитетски систем во Мериленд
  • 12:52 - 12:54
    сè повеќе предмети се менуваат.
  • 12:54 - 12:56
    Тоа се вика академска иновација.
  • 12:56 - 12:57
    И што значи сето тоа?
  • 12:57 - 13:00
    Тоа значи дека сега, не само во науката и инженерството,
  • 13:00 - 13:04
    имаме програми и од уметностите, хуманистичките и општествените науки,
  • 13:04 - 13:09
    во педагогија, дури конкретно и за жени во ИТ.
  • 13:09 - 13:13
    Ако не сте знаеле, има пад од 79%, од 2000,
  • 13:13 - 13:17
    на бројот на жени кои дипломираат во областа на компјутерските науки.
  • 13:17 - 13:20
    Јас сакам да кажам дека она што ќе придонесе за промена
  • 13:20 - 13:23
    е градење на заедница помеѓу студентите,
  • 13:23 - 13:26
    и охрабрување на младите девојки, младите студенти од малцинствата и студентите воопшто,
  • 13:26 - 13:27
    дека тие можат да го сработат тоа.
  • 13:27 - 13:30
    И најважно од сè, да им дадеме шанса да ја изградат таа заедница,
  • 13:30 - 13:32
    факултетот и професорите да ги вовлечат во работата,
  • 13:32 - 13:35
    а ние да процениме што функционира а што не.
  • 13:35 - 13:39
    Најважно, ако студентот верува во себе,
  • 13:39 - 13:42
    неверојатно е како соништата и вредностите
  • 13:42 - 13:44
    може да бидат пресудни.
  • 13:44 - 13:47
    Кога јас бев 12 годишно дете во затворот во Бирмингам,
  • 13:47 - 13:51
    постојано мислев, „Каква ли би можела да биде мојата иднина“.
  • 13:51 - 13:56
    Немав поим дека е можно, ова мало црно дете во Бирмингам,
  • 13:56 - 14:01
    еден ден да стане претседател на универзитет кој има студенти од 150 земји,
  • 14:01 - 14:04
    каде студентите не се запишани само за да преживеат,
  • 14:04 - 14:08
    каде студентите сакаат да учат, уживаат во тоа да бидат најдобри,
  • 14:08 - 14:10
    кои еден ден ќе го променат светот.
  • 14:10 - 14:14
    Аристотел рекол: „Извонредноста никогаш не е случајна.“
  • 14:14 - 14:20
    Таа е резултат на цврсти намери, вистински труд и интелигентна изведба.
  • 14:20 - 14:23
    Таа е најмудрата опција од мноштвото алтернативи.“
  • 14:23 - 14:26
    И потоа, тој вели нешто што ме ежи
  • 14:26 - 14:31
    Вели: „Изборот, а не случајноста, ја определува вашата судбина.“
  • 14:31 - 14:39
    Изборот, не случајноста, ја определува вашата судбина, соништа и вредности.
  • 14:39 - 14:41
    Ви благодарам на сите.
  • 14:41 - 14:52
    (Аплауз)
Title:
4 столба за постигнување на универзитетски успех во науките
Speaker:
Фриман Храбовски
Description:

На 12 годишна возраст, Фриман Храбовски протестирал со Мартин Лутер Кинг. Денес, тој е претседател на Универзитетот во Мериленд, Округ Балтимор (УМБО), каде работи на тоа да создаде услови кои ќе им помогнат на недоволно застапените студенти - особено Афро-американците, Латино и студентите со скромни примања - да се здобијат со дипломи од научните и математичките области. Тука ги споделува четирите столба кои се користат во УМБО.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
15:10

Macedonian subtitles

Revisions

  • Revision 9 Edited (legacy editor)
    Dimitar Dimitrovski