Адам Гросер и неговиот одржлив фрижидер
-
0:01 - 0:04Ова е сеуште недовршена работа
-
0:04 - 0:07базирана на некои коментари кои се изнесени
-
0:07 - 0:08на TED пред две години
-
0:08 - 0:12во врска со потребата на складирање на вакцини.
-
0:12 - 0:13(Музика)
-
0:13 - 0:14Значи пред 29 години имав професор по термодинамика
-
0:14 - 0:16кој зборуваше за апсорпција и ладење.
-
0:16 - 0:18Тоа беше една од оние работи кои ми останаа во главата.
-
0:18 - 0:22Беше слично како Стирлинговиот мотор:
-
0:22 - 0:24беше тотално кул но не знаете што да правите со тоа.
-
0:26 - 0:28Беше измислен во 1858 од страна на Фердинанд Каре,
-
0:28 - 0:30но тој не можел никаде да го вгради поради
-
0:32 - 0:34неразвиената технологија и алатки достапни во тоа време.
-
0:34 - 0:37Тогаш еден луд Канаѓанин кој се вика Пауел Кросли
-
0:37 - 0:40во 1928та, комерцијализирал едно нешто кое го нарекол „Ледена топка“,
-
0:40 - 0:43и тоа било навистина интересна идеја.
-
0:43 - 0:48Подоцна ќе ви објаснам зошто не проработела тогаш,
-
0:48 - 0:50но еве која била идејата:
-
0:50 - 0:53Нека имаме две топки кои се оддалечени на некое растојание.
-
0:53 - 0:56Во едната има работна течност, вода и амонијак,
-
0:57 - 0:58а другата е кондензатор.
-
0:58 - 1:00Ја загревате едната страна, жешката страна.
-
1:00 - 1:01Амонијакот испарува
-
1:01 - 1:03и повторно се кондензира на другата страна.
-
1:04 - 1:07Оставате да се излади до собна температура,
-
1:07 - 1:08и тогаш, како што амонијакот повторно испарува и се комбинира со вода
-
1:08 - 1:11назад на сеуште жешката страна,
-
1:11 - 1:14создава силен ефект на ладење.
-
1:15 - 1:17Ова беше одлична идеја која воопшто не работеше: бидејќи експлодира.
-
1:17 - 1:19Затоа што кога користите амонијак, добивате многу големи притисоци
-
1:19 - 1:20доколку ги загреете погрешно.
-
1:20 - 1:21Тие достигнале 27.2 атмосфери. Амонијакот е токсичен и испрска насекаде.
-
1:22 - 1:24Но, тоа беше интересна замисла.
-
1:24 - 1:26Значи, добрата работа со 2006-та година е што
-
1:27 - 1:28можете да извршите многу повеќе пресметки.
-
1:28 - 1:30Ние го собравме целиот оддел за термодинамика
-
1:30 - 1:31на Станфорд.
-
1:31 - 1:33Навистина многу пресметки за динамика на флуидите.
-
1:34 - 1:35Докажавме дека повеќето табели за ладењето на амонијакот се погрешни.
-
1:35 - 1:39Најдовме и неколку нетоксични течности за ладење
-
1:39 - 1:40кои работат на многу ниски притисоци.
-
1:40 - 1:42Донесовме цел тим од Велика Британија --
-
1:43 - 1:46испадна дека во Велика Британија
-
1:46 - 1:51има многу луѓе кои прилично се разбираат во ладење --
-
1:51 - 1:52и изградивме платформа за тестирање, и докажавме дека всушност
-
1:52 - 1:56можеме да направиме нетоксичен ладилник, со ниски притисоци.
-
1:56 - 1:58Тој работи на следниов начин..
-
1:58 - 2:01Го ставате на оган на кој што готвите.
-
2:01 - 2:04Повеќето луѓе по светот користат оган за готвење,
-
2:04 - 2:07било горивото да е измет од камила или дрво.
-
2:07 - 2:08Се загрева околу 30 минути, се лади околу 1 час.
-
2:08 - 2:09Го ставате во контејнер
-
2:10 - 2:13и ќе служи како ладилник 24 часа.
-
2:13 - 2:16Изгледа вака. Ова е петтиот прототип. Не е баш завршен.
-
2:16 - 2:17Тежи околу 3.6 килограми, и работи на овој начин.
-
2:17 - 2:20Го ставате во 15 литарски сад,
-
2:20 - 2:21и ќе го излади скоро до точка на замрзнување,
-
2:21 - 2:23три степени над нулата, и ќе го држи ладно
-
2:23 - 2:25следните 24 часови додека температурата на собата е околу 30 степени целзиусови. Навистина е ефтино.
-
2:25 - 2:28Мислиме дека можеме да ги произведеме во големи количини за околу 25 долари,
-
2:29 - 2:30а во мали количини за околу 40 долари.
-
2:30 - 2:31И сметаме дека можеме да го направиме ладењето
-
2:31 - 2:33достапно за секого.
-
2:33 - 2:34Ви благодарам.
-
2:35 - 2:38(Аплауз)
- Title:
- Адам Гросер и неговиот одржлив фрижидер
- Speaker:
- Adam Grosser
- Description:
-
Адам Гросер зборува за проект за изградба на ладилник кој работи без напојување, и испорака на оваа важна алатка до селата и клиниките низ целиот свет. Со преработување на стара технологија, тој успеал да измисли систем кој функционира.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 03:13