Ханс Рослинг ги прикажува најдобрите статистики што сте ги виделе
-
0:00 - 0:04Пред околу 10 години, се нафатив да предавам глобален развој
-
0:04 - 0:08на студенти во Шведска. Тоа се случи откако поминав
-
0:08 - 0:12околу 20 години истражувајќи го проблемот со гладот во Африка во соработка
-
0:12 - 0:16со некои африкански институции, па од мене се очекуваше да разбирам по нешто од светот.
-
0:16 - 0:21И така, почнав со предавање на предметот „Глобално здравство“
-
0:21 - 0:25на нашиот медицински универзитет, на институтот Каролинска. Но, кога ќе добиете
-
0:25 - 0:28таква можност, ве фаќа малку трема. Си мислев, овие студенти на кои треба
-
0:28 - 0:31да им предавам,всушност доаѓаат со највисоки оценки кои можат да се добијат
-
0:31 - 0:34во Шведскиот високообразовен систем -- и затоа, веројатно веќе знаат
-
0:34 - 0:38се што јас би им предавал. Затоа, им направив мал тест кога првпат дојдоа.
-
0:38 - 0:41Едно од прашањата од кои јас научив многу беше:
-
0:41 - 0:45„Која има највисока стапка на смртност на деца од следните парови држави?“
-
0:45 - 0:49И државите ги ставив заедно, така што во секој пар,
-
0:49 - 0:54едната држава да има двојно поголема стапка на смртност од другата.
-
0:54 - 0:59Со ваква значајна разлика, можноста за случајна грешка е минимална.
-
0:59 - 1:01Нема да ве тестирам и вас сега, но највисоко е Турција,
-
1:01 - 1:06потоа Полска, Русија, Пакистан и Јужна Африка.
-
1:06 - 1:09И ова беа резултатите од Шведските студенти.
-
1:09 - 1:12Тестот ми даде прилично големо ниво на доверба и бев среќен.
-
1:12 - 1:161.8 точни одговори од можни 5. Тоа значи дека
-
1:16 - 1:19имаше простор за професор по меѓународно здравство,
-
1:19 - 1:21(смеа) и за мојот курс.
-
1:21 - 1:25Но, ја разбрав вредноста на моето откритие,
-
1:25 - 1:29една доцна вечер, дури го составував мојот извештај од тестирањето. Покажав
-
1:29 - 1:34дека најдобрите Шведски студенти знаат статистички
-
1:34 - 1:36значително помалку за светот од шимпанзата.
-
1:36 - 1:38(смеа)
-
1:38 - 1:42Бидејќи шимпанзата ќе погодеа барем половина од прашањата ако ги наградев
-
1:42 - 1:45со две банани. Тие би биле во право во половина од случаите.
-
1:45 - 1:49Но, студентите погодија помалку од пола. Проблемот што требаше да го решам
-
1:49 - 1:52не беше незнаење, туку погрешна претстава што студентите веќе ја имаа.
-
1:52 - 1:56Направив и едно неетичко истражување на професорите на институтот Каролинска
-
1:56 - 1:57(смеа)
-
1:57 - 1:59кој што ја доделува Нобеловата награда за медицина,
-
1:59 - 2:01и погодија отприлика исто колку и шимпанзите.
-
2:01 - 2:04(смеа)
-
2:04 - 2:08Тогаш сфатив дека навистина постоеше потреба
-
2:08 - 2:11да искомуницираме за податоците
-
2:11 - 2:14околу случувањата во светот.
-
2:14 - 2:19Го изработивме овој софтвер кој го прикажува тоа на следниот начин: секој круг овде претставува една земја.
-
2:19 - 2:25Оваа земја овде е Кина. Ова е Индија.
-
2:25 - 2:31Големината на кругот претставува број на жители, а на оваа оска овде го ставив наталитетот.
-
2:31 - 2:34Кога моите студенти ќе го погледнат светот,
-
2:34 - 2:36и ќе ги прашам:
-
2:36 - 2:38„Какво е всушност вашето мислење за светот?“
-
2:38 - 2:42Најпрвин открив дека учебникот во најголем дел беше застарен.
-
2:42 - 2:43(смеа)
-
2:43 - 2:46Тие тие одговорија, „Светот е сеуште ’ние’ и ’тие’.
-
2:46 - 2:49„Ние“ е западниот свет, а „тие“ се земјите во развој.
-
2:49 - 2:52„А што всушност подразбирате под западен свет?“ ги прашав.
-
2:52 - 2:57„Па, тоа е долг живот во мали семејства, а неразвиениот свет е краток живот во големи семејства.“
-
2:57 - 3:03Ова е она што што можам да го прикажам тука. Го ставам наталитетот тука: број на деца по жена,
-
3:03 - 3:07едно, две, три, четири, се до 8 деца по жена.
-
3:07 - 3:13Имаме многу добри податоци од околу 1962 година за големината на семејствата во сите држави.
-
3:13 - 3:16Грешката е незначителна. Тука ја ставам очекуваната должина на животот,
-
3:16 - 3:20од 30 години во некои држави се до 70 години.
-
3:20 - 3:231962 година, гледаме една група држави овде.
-
3:23 - 3:28Тоа се индустријализираните земји, и тие имале мали семејства и долг живот.
-
3:28 - 3:30А овие се земјите во развој:
-
3:30 - 3:33тие имале бројни семејства и релативно краток живот.
-
3:33 - 3:37Сега, да видиме што се случило од 1962 година до сега. Сакаме да ја видиме промената.
-
3:37 - 3:40Дали студентите се во право? Дали сеуште има два типа на држави?
-
3:41 - 3:44Или можеби се случило земјите во развој да имаат помалубројни семејства и да живеат овде?
-
3:44 - 3:46Или можеби имаат подолг живот и живеат овде горе?
-
3:46 - 3:49Да видиме. Да го запреме светот тогаш. Ова се официјални податоци од Обединетите Нации
-
3:49 - 3:52кои што се достапни. Одиме. Гледате ли овде?
-
3:52 - 3:55Ова е Кина, се движи кон подобро здравство тука, подобрувајќи се.
-
3:55 - 3:58Сите Латино-Американски држави се движат кон помали семејства.
-
3:58 - 4:01Овие жолтите се Арапските земји,
-
4:01 - 4:05и тие имаат побројни семејства, но ... не, подолг живот, но не и побројни семејства.
-
4:05 - 4:08Африка се овие зелените долу. Сеуште остануваат таму.
-
4:08 - 4:11Ова е Индија. Индонезија се движи прилично брзо.
-
4:11 - 4:12(смеа)
-
4:12 - 4:15Во 1980тите овде, го гледаме Бангладеш сеуште заедно со африканските земји онде.
-
4:15 - 4:18Но сега, Бангладеш - тоа е чудо што се случило во 1980тите:
-
4:18 - 4:21Имамите почнале да промовираат планирање на семејството.
-
4:21 - 4:26И тие доаѓаат тука горе. А во 1990тите има ужасна епидемија на сида
-
4:26 - 4:29која што го намалува животниот век на африканските држави
-
4:29 - 4:33а сите други, доаѓаат тука горе,
-
4:33 - 4:37каде што имаме долг животен век и малубројни семејства, и имаме комплетно нов свет.
-
4:37 - 4:50(аплауз)
-
4:50 - 4:55Да направиме директна споредба помеѓу Америка и Виетнам.
-
4:55 - 5:001964: Америка има малубројни семејства и долг животен век;
-
5:00 - 5:04Виетнам имал многубројни семејства и краток животен век. И се случува следното:
-
5:04 - 5:10податоците за време на војната во Виетнам покажуваат дека и покрај воените жртви,
-
5:10 - 5:13сепак има подобрување на животниот век. До крајот на годината,
-
5:13 - 5:16се почнало со планирање на семејството во Виетнам, и тие се придвижиле кон помалубројни семејства.
-
5:16 - 5:19Америка тука горе се движи кон подолг животен век,
-
5:19 - 5:22задржувајќи ја бројноста во семејствата. И во 1980тите,
-
5:22 - 5:25се откажуваат од комунизмот и поаѓаат кон пазарно општество,
-
5:25 - 5:29и се движи брзо. И денес, во Виетнам имаме
-
5:29 - 5:34иста големина на семејствата и ист животен век
-
5:34 - 5:41во 2003 година, како што имала Америка во 1974та, кога завршила војната.
-
5:41 - 5:45Мислам дека сите ние, доколку не ги погледнеме податоците,
-
5:45 - 5:49ја потценуваме огромната промена што се случила во Азија, која што
-
5:49 - 5:53пред се била општествена промена, пред воопшто да ја забележиме економската промена.
-
5:53 - 5:58Да погледнеме сега уште еден начин на кој може да ги прикажеме податоците за приходите во светот.
-
5:58 - 6:05Овде се прикажани приходите на луѓето во светот.
-
6:05 - 6:10Еден долар, 10 долари, 100 долари на ден.
-
6:10 - 6:14Денес не постои процеп помеѓу богатите и сиромашните. Тоа е мит.
-
6:14 - 6:18Има мала грбка тука, но луѓе има распределени насекаде по оската.
-
6:19 - 6:23И ако погледнеме како завршува овој приказ -- приходите --
-
6:23 - 6:29ова се 100 проценти од светските годишни приходи. И најбогатите 20%,
-
6:29 - 6:36зафаќаат околу 74%. А најсиромашните 20%,
-
6:36 - 6:41зафаќаат околу 2%. И ова е доказ дека концептот „земја во развој“ е под знак прашање.
-
6:41 - 6:45Кога мислиме на хуманитарна помош, мислиме на тоа дека
-
6:45 - 6:50овие луѓе тука, им помагаат на овие луѓе тука. Но најголем број од населението се наоѓа
-
6:50 - 6:54тука во средината, и тие сега имаат 24% од светските примања.
-
6:54 - 6:58Сме го чуле ова и во поинаква форма. Кои се всушност овие?
-
6:58 - 7:02Каде се различните земји? Можам да ви ја покажам Африка.
-
7:02 - 7:07Ова е Африка. 10% од светскoто население, најголемиот дел од нив -- сиромашни.
-
7:07 - 7:12Ова се државите од организацијата за светска економска соработка и развој (OECD) - богатите земји. Ексклузивниот клуб на Обединетите Нации.
-
7:12 - 7:17И тие се тука на оваа страна. Го приметувате ли пресекот помеѓу нив и Африка?
-
7:17 - 7:20Ова е Јужна Америка. Таму има се,
-
7:20 - 7:23од најсиромашни, до најбогати.
-
7:23 - 7:28И на тоа можеме да ги додадеме источна Европа, источна Азија,
-
7:28 - 7:33јужна Азија. И како тоа изгледа ако се вратиме назад во времето,
-
7:33 - 7:38на пример во 1970та? Таму гледаме поголем процеп.
-
7:38 - 7:42И гледаме дека најсиромашните живееле во Азија.
-
7:42 - 7:49Светскиот проблем тогаш бил сиромаштијата во Азија. Сега, ако пуштиме светот да се движи напред,
-
7:49 - 7:52ќе видите дека додека бројот на населението расте, стотици милиони
-
7:52 - 7:55Азијати излегуваат од сиромаштијата, додека некои други пак влегуваат во сиромаштија,
-
7:55 - 7:58и ова е сликата што ја имаме денес.
-
7:58 - 8:02И најдобрата прогноза од Светската Банка е дека ќе се случи ова, и нема да имаме поделен свет.
-
8:02 - 8:06Најголемиот број луѓе ќе бидат во средината.
-
8:06 - 8:08Се разбира, ова е логаритамска скала,
-
8:08 - 8:13но нашиот концепт на раст во економијата е раст преку проценти. Гледаме на тоа како
-
8:13 - 8:19можност за процентуален раст. Ако го сменам ова и наместо тоа
-
8:19 - 8:23одберам бруто приход по глава на жител, и ги претворам овие индивидуални податоци
-
8:23 - 8:29во регионални податоци за бруто домашен производ,
-
8:29 - 8:33и ги донесам регионите тука доле, големината на кругот е сешуте број на жители.
-
8:33 - 8:36Тука се земјите од OECD, тука е Африка под Сахара,
-
8:36 - 8:39а арапските земји се тука,
-
8:39 - 8:43кои припаѓаат и на Африка и на Азија, и ги ставаме одделно,
-
8:43 - 8:48и може да ја прошириме оваа оска, и може да и дадам нова димензија тука,
-
8:48 - 8:51со додавање на социјалните вредности тука, преживеани деца.
-
8:51 - 8:56Сега, ставам пари на оваа оска, и веројатност за децата да останат живи тука.
-
8:56 - 9:00Во некои држави, 99.7% од децата остануват живи до 5 годишна возраст.
-
9:00 - 9:04Во некои други, само 70%. И тука,
-
9:04 - 9:08веќе се гледа процеп меѓу OECD, Јужна Америка, Источна Европа, Источна Азија,
-
9:08 - 9:12Арапските земји, Јужна Азија и Африка под Сахара.
-
9:12 - 9:17Зависноста е многу силна меѓу преживеаните деца и парите.
-
9:17 - 9:25Но, дозволете ми да ја поделам Африка. Здравјето е тука, а подоброто здравје е тука горе.
-
9:25 - 9:30Можам да ја поделам Африка на нејзините држави.
-
9:30 - 9:35И кога ќе ја поделам, големината на секој круг претставува број на жители во таа држава.
-
9:35 - 9:39Сиера Леоне таму доле. Маурициус таму горе. Маурициус беше првата држава што го отвори пазарот
-
9:39 - 9:42и беше во можност да го продава својот шеќер.
-
9:43 - 9:48Можеа да го продаваат својот текстил исто како и луѓето од Европа и Северна Америка.
-
9:48 - 9:52Има огромни разлики во Африка. Гана е тука во средината.
-
9:52 - 9:55Во Сиера Леоне, хуманитарна помош.
-
9:55 - 10:00Тука во Уганда, помош за развој. Тука, време е за инвестиции,
-
10:00 - 10:03тука, може да се оди на одмор. Тоа е огромна варијација во самата Африка
-
10:03 - 10:08која ретко кој ја гледа. Најчесто ги изедначуваме државите.
-
10:08 - 10:12Можам да ја поделам и Јужна Азија тука. Индија е големиот круг во средина.
-
10:12 - 10:16Но, има огромна разлика меѓу Авганистан и Шри Ланка.
-
10:16 - 10:20Можам да ги поделам арапските земји. Какви се тие? Иста клима, иста култура,
-
10:20 - 10:24иста религија. Огромна разлика. Дури и меѓу соседите.
-
10:24 - 10:29Јемен - граѓанска војна. Обединети арапски емирати - пари, пари кои сосема добро биле подеднакво распределени и добро искористени.
-
10:29 - 10:36Тоа се разликува од митот. А тука се вклучени и сите деца на работниците од странство кои се во земјата.
-
10:36 - 10:40Податоците се најчесто подобри отколку што мислиме. Повеќето луѓе велат податоците се лоши.
-
10:41 - 10:43Постои мала можност за грешка, но разликите може да се видат тука:
-
10:43 - 10:46Камбоџа, Сингапур. Разликите се многу поголеми
-
10:46 - 10:49од можноста за грешка во податоците. Источна Европа:
-
10:49 - 10:55долгогодишно социјалистичко стопанство, но после 10 години излегуваат многу поразлични.
-
10:55 - 10:58И тука е Јужна Америка.
-
10:58 - 11:02Денес не мора да одиме во Куба за да најдеме здрава држава во Јужна Америка.
-
11:02 - 11:07За некоја година, Чиле ќе има помала стапка на смртност на деца од Куба.
-
11:07 - 11:10И тука ги гледаме земјите од OECD со висок приход.
-
11:10 - 11:14И ја гледаме целосната слика на светот,
-
11:14 - 11:19која горе-долу изгледа вака. И ако ја погледнеме,
-
11:19 - 11:25како изгледа -- светот во 1960та, почнува да се движи. 1960.
-
11:25 - 11:28Ова е Мао Це Тунг. Тој донесува здравје во Кина. И потоа умира.
-
11:28 - 11:33И потоа доаѓа Денг Хсиаопинг и донесува пари во Кина, и со тоа ги враќа повторно во игра во светски рамки.
-
11:33 - 11:37Видовме како се движат државите во различни насоки,
-
11:37 - 11:41но малку е тешко да се најде
-
11:41 - 11:46држава која ја опишува целосната слика на светот.
-
11:46 - 11:52Би сакал да ве вратам назад во 1960та.
-
11:52 - 12:02Би сакал да направам споредба на Јужна Кореја која се наоѓа тука, со Бразил, кој е тука.
-
12:02 - 12:07И би сакал да ја споредам Уганда која е тука.
-
12:07 - 12:12И сега можам да пуштам да се движи напред..
-
12:12 - 12:21И може да се види како Јужна Кореја бележи многу брз развој,
-
12:21 - 12:24додека Бразил е многу поспор.
-
12:24 - 12:30Ако повторно се вратиме назад, тука, и направиме да оставаат траги каде што се движат,
-
12:30 - 12:34уште еднаш може да видите дека брзината на развојот
-
12:34 - 12:40е многу многу различна, и државите се движат отприлика
-
12:40 - 12:44со истата стапка како парите и здравјето, но се гледа дека земјата може многу побрзо да напредува
-
12:44 - 12:48ако најпрвин е здрава, отколку ако најпрвин е богата.
-
12:49 - 12:53И за да го прикажеме тоа, ќе ги погледнеме Обединетите Арапски Емирати.
-
12:53 - 12:56Тие почнуваат како земја богата со природни ресурси. Ја продадоа нафтата,
-
12:56 - 13:00зедоа многу пари, но, здравјето не се купува во супермаркет.
-
13:00 - 13:04Во здравјето мора да се инвестира. Децата мора да се пратат во училиште.
-
13:04 - 13:07Мора да се обучат здравствени работници. Да се образова народот.
-
13:07 - 13:10Шекиот Сајед го направи сето ова на релативно добар начин.
-
13:10 - 13:14И покрај пониската цена на нафтата, успеа да ја донесе земјата тука горе.
-
13:14 - 13:18Па, гледаме поунифициран изглед на светот,
-
13:18 - 13:20каде што сите земји ги користат своите пари на подобар начин отколку во минатото.
-
13:20 - 13:25Сега, ако ги погледнеме средните вредности на податоците,
-
13:25 - 13:32тие изгледаат вака.
-
13:32 - 13:37Ова е опасно, да се користи средната вредност, бидејќи има големи разлики
-
13:37 - 13:43и внатре во самата земја. Така, ако погледнам овде, ќе видиме дека
-
13:43 - 13:49Уганда денес е она што Јужна Кореја била во 1960та. Но, ако ја поделам Уганда
-
13:49 - 13:54може да се забележи голема разлика внатре. Ова се квинтилите на Уганда.
-
13:54 - 13:57Најбогатите 20% се овде.
-
13:57 - 14:01Најсиромашните се овде долу. Ако ја поделам Јужна Африка, ќе излезе ова.
-
14:01 - 14:06Ако одам долу и го погледнам Нигер, каде што имаше ужасен глад,
-
14:06 - 14:11во последно време е вака. Најсиромашните 20% од Нигер се тука,
-
14:11 - 14:14а најбогатите 20% во Африка се тука,
-
14:14 - 14:19а ние сеуште зборуваме дека треба да ги решиме проблемите во Африка.
-
14:19 - 14:22Се што постои на овој свет, постои и во Африка. И затоа не може
-
14:22 - 14:26да се разговара за еднаков пристап до лекови за сида за овој квинтил горе
-
14:26 - 14:30применувајќи ја истата стратегија како овде долу. Развојот на светот
-
14:30 - 14:35мора да биде прилагоден на контекстот, и воопшто не е релевантно да се зборува
-
14:35 - 14:38за развој на регионално ниво. Мора да бидеме многу подетални.
-
14:38 - 14:42Откривме дека овој пристап е многу интересен за студентите.
-
14:42 - 14:47И уште поинтересен би бил за политичарите и корпорациите кои би сакале да
-
14:47 - 14:51ги следат промените во светот. Но, зошто ова не се случува?
-
14:51 - 14:55Зошто не ги користиме податоците кои веќе ги имаме? А постојат податоци и во Обединетите Нации,
-
14:55 - 14:57и во државните статистички служби,
-
14:57 - 15:01во универзитетите и другите невладини организации.
-
15:01 - 15:03Тоа е затоа што податоците се скриени во базите на податоци.
-
15:03 - 15:08Интернетот е тука, но сеуште не сме го искористиле ефикасно.
-
15:08 - 15:11Сиве информации кои ги видовме за промените во светот
-
15:11 - 15:15не се од бесплатни извори. Постојат некои интернет страни
-
15:15 - 15:21слични на оваа, нели, но треба некој да се погрижи за нив,
-
15:21 - 15:26а и луѓето бараат пари за да ги погледнете, ставаат глупави лозинки и повторно даваат досадни статистики.
-
15:26 - 15:29(смеа)(аплауз)
-
15:29 - 15:33Таквиот пристап не може да функционира. Што е потребно? Ги имаме податоците.
-
15:33 - 15:37Не ни требаат нови податоци. Имаме прекрасни дизајнерски алатки,
-
15:37 - 15:40и се раѓаат се повеќе и повеќе такви. Затоа, отпочнавме
-
15:40 - 15:45непрофитен проект кој го нарековме - поврзување на податоците со дизајнот -
-
15:45 - 15:48го нарекуваме Gapminder („внимавач на процепот“), име кое го позајмивме од Лондонското метро, каде што ве предупредуваат,
-
15:48 - 15:51„внимавајте на процепот (меѓу возот и станицата кога се симнувате од возот)“. Затоа мислевме дека Gapminder е соодветно.
-
15:51 - 15:55И почнавме да пишуваме софтвер кој ќе ги поврзува податоците.
-
15:55 - 16:01И не беше премногу тешко. Работевме неколку години и ги подготвивме анимациите.
-
16:01 - 16:03Со овој софтвер можете да анализирате и сопствени податоци.
-
16:03 - 16:08Ги ослободуваме податоците од О.Н., од неколку нивни организации.
-
16:08 - 16:12Некои земји прифаќаат нивните податоци да излезат во светот,
-
16:12 - 16:15но она што навистина ни треба е функција за пребарување по податоците.
-
16:15 - 16:20Функција за пребарување каде што ќе може да ги ископираме податоците во формат погоден за пребарување.
-
16:20 - 16:23И што ни одговараат кога ќе ги посетиме и ќе им го побараме ова?
-
16:23 - 16:27Направив антропологија на главните статистички единици. Сите велат,
-
16:28 - 16:32„Тоа е невозможно. Не може да се направи. Нашите податоци се со специфични детали,
-
16:32 - 16:35и не може така лесно да се пребарува како по други податоци.
-
16:35 - 16:40Не може да ги дадеме податоците бесплатно на студентите и претприемачите насекаде низ светот.“
-
16:40 - 16:43Но, тоа е она што ние би сакале да го видиме зар не?
-
16:43 - 16:46Податоците се овде долу.
-
16:46 - 16:49И би сакале да видиме како од нив изникнуваат цветови на интернет.
-
16:49 - 16:54И една од најбитните работи е да се направат подгодни за пребарување, за потоа луѓето да можат
-
16:54 - 16:56да користат различни алатки за дизајн и анимација користејќи ги тие податоци.
-
16:56 - 17:01И имаме добри вести за вас. Добрата вест е дека новиот раководител
-
17:01 - 17:05на секторот за статистика при О.Н. не вели дека е невозможно.
-
17:05 - 17:07Тој само вели, „Ние не може да го направиме тоа.“
-
17:07 - 17:11(смеа)
-
17:11 - 17:13А тој е прилично умен човек, зар не?
-
17:13 - 17:15(смеа)
-
17:15 - 17:19Па, може да очекуваме доста податоци во годините што претстојат.
-
17:19 - 17:23Ќе може да ја погледнеме распределбата на приходите во сосем ново светло.
-
17:23 - 17:28Ова е распределбата на приходите во Кина во 1970та.
-
17:29 - 17:34Ова е распределбата во Америка 1970та.
-
17:34 - 17:38Скоро и да нема пресек. Скоро и да нема пресек! И што се случи?
-
17:38 - 17:43Што се случи е следното: Кина се развива, веќе не е толку изедначена,
-
17:43 - 17:47и доаѓа овде над Америка.
-
17:47 - 17:49Скоро како дух над неа а?
-
17:49 - 17:51(смеа)
-
17:51 - 18:01Малку е страшно. Но, навистина мислам дека е битно да ги имаме сите овие информации.
-
18:01 - 18:07Навистина треба да ги видиме. И наместо да го гледаме ова,
-
18:07 - 18:12би сакал да завршам со приказ на корисниците на интернет (по 1000).
-
18:12 - 18:17Со овој софтвер релативно лесно пристапуваме до околу 500 променливи од сите држави.
-
18:17 - 18:21Потребно е малку време ова да се смени,
-
18:21 - 18:26но на оските може да ја поставите секоја променлива што би сакале да ја имате.
-
18:26 - 18:31И она што би требало да се случи е податоците бесплатно да се објават,
-
18:31 - 18:34да се прилагодат за пребарување, и со уште еден клик, да се
-
18:34 - 18:39претстават графички, каде што веднаш ќе бидат разбирливи.
-
18:39 - 18:42На статистичарите не им се допаѓа ова, бидејќи велат дека тоа нема да биде
-
18:42 - 18:51одраз на реалноста. Мора да имаме статистички, аналитички методи.
-
18:51 - 18:54Но ова е корисно за поставување хипотези.
-
18:54 - 18:58Сега завршувам со светот. Тука почнува интернетот.
-
18:58 - 19:02Бројот на корисници на интернет расте. Ова се приходите по глава на жител.
-
19:02 - 19:07Ова е нова технологија која доаѓа, и која неверојатно
-
19:07 - 19:12се поклопува со економиите на државите. Токму затоа е битно да профункционира идејата
-
19:12 - 19:15„компјутер за 100 долари“. Но, тоа е убава тенденција.
-
19:15 - 19:18Изгледа како светот да е се поунифициран нели? Овие држави
-
19:18 - 19:21не се развиваат само во економијата и ќе биде интересно да се следат
-
19:21 - 19:25со текот на времето, како што би сакал да можете и вие, користејќи ги
-
19:25 - 19:27сите слободно достапни податоци. Ви благодарам многу.
-
19:28 - 19:31(Аплауз)
- Title:
- Ханс Рослинг ги прикажува најдобрите статистики што сте ги виделе
- Speaker:
- Hans Rosling
- Description:
-
Никогаш не сте виделе податоци презентирани на ваков начин. Драматично, налик на спортски водител, мајсторот за статистика Ханс Рослинг ги разбива митовите за таканаречените „земји во развој“.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 19:33