< Return to Video

Керолин Порко нè носи на Сатурн

  • 0:00 - 0:03
    Во следните 18 минути ќе ве понесам на едно патување.
  • 0:03 - 0:08
    Ова патување трае веќе со години,
  • 0:08 - 0:14
    а започна пред околу 50 години, кога човекот за прв пат ја напушти Земјата.
  • 0:14 - 0:21
    Во тие 50 години, не само што буквално физички стапнавме на Месечината,
  • 0:21 - 0:28
    туку испративме и роботизирани вселенски летала до сите планети,
  • 0:28 - 0:32
    - осум на број - се спуштивме на астероиди, пресретнавме комети,
  • 0:32 - 0:37
    а во моментов имаме и вселенско летало на пат кон Плутон
  • 0:37 - 0:40
    - објектот кој порано го нарекувавме планета.
  • 0:40 - 0:46
    Сите овие роботизирани мисии се дел од една поголема одисеја на човекот,
  • 0:46 - 0:53
    стремеж да се одгатне нешто, да го откриеме нашето место во Универзумот,
  • 0:53 - 0:58
    да го разбереме нашето потекло и тоа како Земјата, нашата планета,
  • 0:58 - 1:00
    и ние, како живи суштества на неа, сме создадени.
  • 1:00 - 1:03
    Едно од местата во Сончевиот систем каде би можеле
  • 1:03 - 1:07
    да одиме во потрага по одговор на овие прашања е Сатурн.
  • 1:07 - 1:10
    И порано сме биле на Сатурн,
  • 1:10 - 1:13
    го посетивме во почетокот на 80-тите,
  • 1:13 - 1:18
    но нашите истражувања таму станаа потемелни и подетални
  • 1:18 - 1:22
    откако леталото Касини, патувајќи низ меѓупланетарниот простор
  • 1:22 - 1:28
    цели седум години, се постави во орбита околу Сатурн летото 2004-та,
  • 1:28 - 1:31
    и стана, во тој момент, најдалечната роботизирана станица
  • 1:31 - 1:34
    која човекот ја поставил во орбита околу Сонцето.
  • 1:34 - 1:39
    Сатурновиот систем е еден богат планетарен систем.
  • 1:39 - 1:46
    Нуди мистерија, можности за научни откритија и, секако, прекрасен поглед.
  • 1:46 - 1:50
    Истражувањето на овој систем има огромно космичко значење.
  • 1:50 - 1:54
    Всушност, проучувајќи ги само прстените можеме да научиме многу
  • 1:54 - 1:59
    за дисковите од ѕвезди и гасови кои ги нарекуваме спирални галаксии.
  • 1:59 - 2:01
    Еве една убава фотографија на Андромеда,
  • 2:01 - 2:05
    најголемата спирална галаксија во близина на Млечниот Пат.
  • 2:05 - 2:08
    Еве еден прекрасен мозаик од галаксијата Вртлог (Whirlpool),
  • 2:08 - 2:10
    направен од вселенскиот телескоп Хабл.
  • 2:10 - 2:16
    Значи, патувањето кон Сатурн е дел од, но воедно и метафора за,
  • 2:16 - 2:18
    многу поголемата човекова одисеја
  • 2:18 - 2:22
    да разбере како нештата околу нас се меѓусебно поврзани
  • 2:22 - 2:25
    и како луѓето се вклопуваат во таа слика.
  • 2:25 - 2:32
    И навистина ми е жал што не можам да ви раскажам сè што научивме преку Касини
  • 2:32 - 2:35
    и не можам да ви ги покажам сите прекрасни фотографии
  • 2:35 - 2:38
    од последниве две ипол години, затоа што немам доволно време.
  • 2:38 - 2:42
    Затоа, ќе се фокусирам само на две од највозбудливите откритија
  • 2:42 - 2:46
    кои произлегоа од оваа голема истражувачка експедиција
  • 2:46 - 2:48
    која ја спроведуваме околу Сатурн
  • 2:48 - 2:51
    веќе две ипол години.
  • 2:51 - 2:55
    Сатурн го опкружува една голема и шаренолика група месечини.
  • 2:55 - 3:00
    Големи се од само неколку па до повеќе стотици километри во пречник.
  • 3:00 - 3:03
    Всушност, на најубавите слики кои ги имаме од Сатурн
  • 3:03 - 3:08
    се гледа планетата во друштво со некоја од месечините. Ова се Сатурн и Диона,
  • 3:08 - 3:11
    потоа Сатурн со прстените, кои се во рамнина нормална на самата слика,
  • 3:11 - 3:15
    па може да се види колку се тенки, и месечината Енцелад.
  • 3:15 - 3:20
    Две од 47-те месечини на Сатурн се посебни.
  • 3:20 - 3:25
    Тоа се Титан и Енцелад. Титан е најголемата месечина на Сатурн,
  • 3:25 - 3:27
    и до пред мисијата Касини,
  • 3:27 - 3:31
    беше најголемиот објект со неистражен терен
  • 3:31 - 3:35
    во Сончевиот систем.
  • 3:35 - 3:39
    Овој објект долго време претставуваше мистерија за научниците.
  • 3:39 - 3:43
    Има масивна, дебела атмосфера,
  • 3:43 - 3:47
    па се верува дека условите на неговата површина
  • 3:47 - 3:51
    се многу слични со условите кои владееле
  • 3:51 - 3:55
    на нашата планета во минатото.
  • 3:55 - 4:00
    Атмосферата претежно му е составена од молекуларен азот, каков што дишеме и ние,
  • 4:00 - 4:02
    со таа разлика што во неговата атмосфера има
  • 4:02 - 4:06
    и прости органски соединенија, како метан, пропан и етан.
  • 4:06 - 4:09
    Нивните молекули се разградуваат во горните слоеви на атмосферата на Титан
  • 4:09 - 4:14
    а добиените продукти се соединуваат и ги создаваат честичките на маглата.
  • 4:14 - 4:19
    Маглата е распространета насекаде и целосно го препокрива Титан.
  • 4:19 - 4:22
    Затоа и не може да се види неговата површина
  • 4:22 - 4:24
    во оптичкиот дел на спектарот.
  • 4:24 - 4:27
    Уште пред да го испратиме Касини
  • 4:27 - 4:31
    се претпоставуваше дека во текот на милијарди години
  • 4:31 - 4:35
    честичките од маглата се таложеле на површината, препокривајќи ја со
  • 4:35 - 4:36
    дебела органска тиња.
  • 4:36 - 4:43
    Како катранот или нафтата на Земјата. Не знаевме што точно е тоа, но такви беа
  • 4:43 - 4:45
    нашите претпоставки. Овие соединенија, особено метанот и етанот,
  • 4:45 - 4:54
    може да бидат во течна состојба при температурите кои владеат на површината.
  • 4:54 - 4:59
    Па, така, метанот за Титан е исто што и водата за Земјата.
  • 4:59 - 5:01
    Може да се кондензира во атмосферата.
  • 5:01 - 5:06
    Доколку се прифати оваа споредба, може да се разгледуваат
  • 5:06 - 5:11
    секакви бизарни можности. Таму може да има облаци од метан.
  • 5:11 - 5:14
    Над нив се протега оваа магла,
  • 5:14 - 5:16
    која не дозволува светлината да допре до површината.
  • 5:16 - 5:22
    Па, температурата на површината е околу -210° С.
  • 5:22 - 5:28
    Но, и покрај ниските температури, можно е на Титан на врне.
  • 5:28 - 5:31
    Па, дождот таму го прави истото што и дождот на Земјата - создава канали,
  • 5:31 - 5:38
    реки и водопади. Може да создаде кањони, течноста да се собере во басени и кратери.
  • 5:38 - 5:41
    Може да ја смие тињата од планините и ридовите
  • 5:41 - 5:44
    кон долините. Па, да размислиме малку.
  • 5:44 - 5:48
    Замислете си како можеби изгледа површината на Титан.
  • 5:48 - 5:53
    Темно е. На пладне на Титан е темно како самрак на Земјата.
  • 5:53 - 5:55
    Студено е, морничаво и магливо.
  • 5:55 - 5:58
    Можеби врне, а вие стоите на брегот
  • 5:58 - 6:02
    на езерото Мичиген кое како да е преплавено со разредувач.
  • 6:02 - 6:07
    Така ја замислувавме површината на Титан пред Касини.
  • 6:07 - 6:14
    Она што го најдовме на Титан можеби не е баш како во претпоставките,
  • 6:14 - 6:17
    но сепак е фасцинантно.
  • 6:17 - 6:19
    За нас, Касини луѓето,
  • 6:19 - 6:23
    ова е како исполнување на некоја од авантурите на Жил Верн.
  • 6:23 - 6:25
    Значи, Титан има дебела, пространа атмосфера.
  • 6:25 - 6:30
    Ова е Титан осветлен од Сонцето, со прстените во позадина.
  • 6:30 - 6:32
    Тука се гледа уште една месечина.
  • 6:32 - 6:35
    Не ни знам која. Атмосферата е пространа.
  • 6:35 - 6:38
    На Касини имаме инструменти кои може да продрат до површината,
  • 6:38 - 6:42
    низ атмосферата. Таков инструмент е мојата камера.
  • 6:42 - 6:44
    Имаме направено фотографии како оваа.
  • 6:44 - 6:49
    Гледате само светли и темни региони. И ние не знаевме што друго да кажеме.
  • 6:49 - 6:53
    Толку беше неверојатно, што ни сами не знаевме што гледаме на Титан.
  • 6:53 - 6:58
    Ако зумираме на овој регион, може да се видат
  • 6:58 - 7:02
    кривулести канали. Се гледаат и заоблени форми.
  • 7:02 - 7:04
    Подоцна откривме дека се работи за кратер.
  • 7:04 - 7:07
    Но, на површината на Титан има многу малку кратери,
  • 7:07 - 7:09
    што значи дека неговата површина е доста млада.
  • 7:09 - 7:11
    Има и формации со тектонски карактеристики,
  • 7:11 - 7:13
    кои изгледаат како да се растргнати.
  • 7:13 - 7:15
    Кога ќе видите линеарни формации на некоја планета,
  • 7:15 - 7:19
    тоа е знак на фрактури на почвата,
  • 7:19 - 7:21
    кои имаат тектонско потекло.
  • 7:21 - 7:23
    Но, сликите можевме да ги објасниме
  • 7:23 - 7:27
    дури шест месеци по поставувањето во орбита,
  • 7:27 - 7:29
    кога се случи настан кој за многумина претставува
  • 7:29 - 7:32
    врв во истражувањата на Касини на Титан.
  • 7:32 - 7:35
    А, тоа е спуштањето на сондата Хајгенс,
  • 7:35 - 7:38
    изградена во Европа, која Касини ја носеше
  • 7:38 - 7:42
    со себе цели седум години. Ја спуштивме во атмосферата на Титан.
  • 7:42 - 7:46
    Беа потребни два ипол часа за да дојде до површината.
  • 7:46 - 7:50
    Мора да потенцирам колку е важен овој настан.
  • 7:50 - 7:53
    Се работи за машина направена од човекот, која за прв пат
  • 7:53 - 7:57
    во историјата слета на тело од надворешниот дел на Сончевиот систем.
  • 7:57 - 8:01
    Ова е толку важно, што ако ме прашате мене,
  • 8:01 - 8:03
    требаше да се слави со огномети
  • 8:03 - 8:08
    во секој град во Америка и Европа,
  • 8:08 - 8:10
    што, за жал, не се случи.
  • 8:10 - 8:12
    (смеа)
  • 8:12 - 8:15
    Настанот беше важен и од друга причина. Ова е меѓународна мисија,
  • 8:15 - 8:18
    а за самиот настан се прослави во Европа, во Германија.
  • 8:18 - 8:22
    Се држеа говори на британски акцент,
  • 8:22 - 8:28
    американски, германски, француски, италијански и холандски акцент.
  • 8:28 - 8:32
    Тоа беше инспиративен пример за тоа што навистина
  • 8:32 - 8:34
    треба да значи фразата „Обединети Нации“
  • 8:34 - 8:40
    - вистинска заедница на нации, здружени во своите напори кон нешто подобро.
  • 8:40 - 8:44
    Во овој случај, тоа беше масивниот зафат да се истражи една планета
  • 8:44 - 8:47
    и да се разбере еден планетарен систем
  • 8:47 - 8:51
    кој секогаш бил далеку од дофат,
  • 8:51 - 8:53
    и сега за прв пат луѓето допираат до него.
  • 8:53 - 8:57
    Се наежувам дури и кога зборувам за ова.
  • 8:57 - 8:59
    Тоа беше неверојатно емотивен настан и
  • 8:59 - 9:04
    нешто што јас лично никогаш нема да го заборавам. А, не треба ни вие.
  • 9:04 - 9:10
    (аплауз)
  • 9:10 - 9:13
    Сондата правеше мерења на атмосферата додека се спушташе,
  • 9:13 - 9:15
    а направи и неколку панорамски фотографии.
  • 9:15 - 9:19
    Не можам ни да ви објаснам како беше да се видат првите слики
  • 9:19 - 9:23
    од површината на Титан направени со сондата. Еве што видовме.
  • 9:23 - 9:26
    Ова ни дојде како шок, затоа што токму тоа сакавме
  • 9:26 - 9:28
    да го видиме и на сликите направени од орбита.
  • 9:28 - 9:32
    Видовме јасен геолошки модел.
  • 9:32 - 9:37
    Разгранет дренажен систем, кој може да се создаде само при движење на течности.
  • 9:37 - 9:39
    Може да ги следите каналите
  • 9:39 - 9:40
    и да видите како се соединуваат
  • 9:40 - 9:44
    во поголем канал, кој се влева во овој регион.
  • 9:44 - 9:46
    Гледате крајбрежен релјеф.
  • 9:46 - 9:49
    Дали басенот е исполнет со течност? Не знаевме.
  • 9:49 - 9:51
    Но, ова сепак е крајбрежје.
  • 9:51 - 9:53
    Фотографијава е направена на висина од 16 километри.
  • 9:53 - 9:57
    Оваа е на осум километри. И повторно, крајбрежје.
  • 9:57 - 10:02
    Значи, од 8 до 16 километри - тоа е висина на која летаат авионите.
  • 10:02 - 10:05
    Ако летате со авион над Америка,
  • 10:05 - 10:07
    би летале на таа висина.
  • 10:07 - 10:11
    Значи, ова би бил погледот од авион доколку летате
  • 10:11 - 10:14
    над површината на Титан. (смеа)
  • 10:14 - 10:18
    И, на крајот, сондата се спушти на површината.
  • 10:18 - 10:20
    Дами и господа, сега ќе ви ја покажам првата фотографија
  • 10:20 - 10:24
    од површината на месечина од надворешниот дел на Сончевиот систем.
  • 10:24 - 10:28
    Ене го и хоризонтот.
  • 10:28 - 10:32
    Ова најверојатно се коцки мраз...
  • 10:32 - 10:37
    (аплауз)
  • 10:37 - 10:41
    Сондата очигледно се спуштила на рамен и темен регион,
  • 10:41 - 10:46
    и затоа не потона. Значи, не слетавме врз нешто течно.
  • 10:46 - 10:49
    Сондата практично се спушти
  • 10:49 - 10:52
    врз нешто слично на кал.
  • 10:52 - 10:57
    Се работи за неисушена почва, натопена со течен метан.
  • 10:57 - 11:00
    Овој материјал, најверојатно, бил смиен
  • 11:00 - 11:04
    од ридовите на Титан
  • 11:04 - 11:05
    во каналите кои ги видовме
  • 11:05 - 11:09
    и со текот на милијарди години се слевал во долинските басени.
  • 11:09 - 11:12
    И тука слета сондата Хајгенс.
  • 11:12 - 11:16
    Сепак, ниту на нашите слики, ниту на тие од Хајгенс
  • 11:16 - 11:21
    немаше ни трага од големи басени исполнети со течност.
  • 11:21 - 11:26
    Па, каде се? Работите станаа уште позбунувачки кога најдовме дини.
  • 11:26 - 11:29
    Ова е снимка од екваторскиот регион на Титан,
  • 11:29 - 11:32
    на која се гледаат дини. Тие се високи и по 100 метри,
  • 11:32 - 11:35
    одделени се по неколку километри,
  • 11:35 - 11:38
    а се протегаат со километри и километри.
  • 11:38 - 11:41
    Стотици, па дури и илјадници километри се покриени со дини.
  • 11:41 - 11:44
    Ова е пустината Сахара на Титан.
  • 11:44 - 11:49
    Очигледно се работи за многу сув регион, инаку би немало дини.
  • 11:49 - 11:54
    И пак нè збуни тоа што немаше големи басени со течност,
  • 11:54 - 11:58
    додека конечно не најдовме езера во поларните региони.
  • 11:58 - 12:02
    Ова е езеро во јужниот поларен регион на Титан.
  • 12:02 - 12:04
    Големо е колку и езерото Онтарио.
  • 12:04 - 12:05
    Пред околу десеттина дена
  • 12:05 - 12:09
    прелетавме преку северниот пол на Титан,
  • 12:09 - 12:14
    каде повторно најдовме формација со големина на Каспијското езеро.
  • 12:14 - 12:18
    Изгледа дека течноста, заради некоја непозната причина,
  • 12:18 - 12:23
    барем во овој период, се собира на половите.
  • 12:23 - 12:26
    Мислам дека ќе се согласите дека Титан е
  • 12:26 - 12:33
    извонредно, мистично место. Егзотичен е, непознат, но сепак сличен на Земјата,
  • 12:33 - 12:36
    со земјолики геолошки формации
  • 12:36 - 12:40
    и голема географска шареноликост.
  • 12:40 - 12:44
    Тоа е неверојатен свет на кој во Сончевиот систем
  • 12:44 - 12:47
    може да му парира само Земјата.
  • 12:47 - 12:52
    Сега одиме на Енцелад. Тој е мала месечина.
  • 12:52 - 12:56
    Скоро десет пати е помал од Титан, а овде го гледате во споредба со Англија.
  • 12:56 - 12:59
    Ова е само за споредба. Не сфаќајте го како закана.
  • 12:59 - 13:01
    (смеа)
  • 13:01 - 13:05
    Енцелад е бел и сјаен,
  • 13:05 - 13:09
    а неговата површина е прекриена со пукнатини.
  • 13:09 - 13:11
    Се работи за геолошки многу активно тело.
  • 13:11 - 13:13
    Најголем дел од откритијата направени на Енцелад
  • 13:13 - 13:16
    беа најдени на јужниот пол - може да го видите овде -
  • 13:16 - 13:19
    каде го најдовме овој систем од пукнатини.
  • 13:19 - 13:21
    Тие се со различна боја затоа што имаат различен состав.
  • 13:21 - 13:26
    Овие пукнатини се прекриени со органски материјал.
  • 13:26 - 13:30
    Згора на тоа, целиот јужен поларен регион
  • 13:30 - 13:34
    има повисока температура. Тој е најжешкото место на оваа месечина.
  • 13:34 - 13:39
    Тоа би било исто како Антарктикот на Земјата да е потопол од тропските региони.
  • 13:39 - 13:42
    Кога направивме дополнителни слики откривме дека
  • 13:42 - 13:48
    од овие пукнатини излегуваат млазеви од ледени честички,
  • 13:48 - 13:50
    кои се протегаат со стотици километри во вселената.
  • 13:50 - 13:53
    Кога сликата ја маркиравме со боја, за да се истакнат бледите региони,
  • 13:53 - 13:57
    видовме дека млазевите се шират во облак,
  • 13:57 - 14:01
    кој се протега со илјадници километри
  • 14:01 - 14:03
    во просторот над Енцелад.
  • 14:03 - 14:06
    Јас и мојот тим ги анализиравме сликите како оваа,
  • 14:06 - 14:10
    и оваа, ги разгледавме другите резултати од Касини,
  • 14:10 - 14:14
    и дојдовме до заклучок
  • 14:14 - 14:17
    дека е можно овие млазеви да потекнуваат
  • 14:17 - 14:21
    од џепови со течна вода под површината на Енцелад.
  • 14:21 - 14:26
    Значи, можно е да имаме течна вода, органски материјал и топлина.
  • 14:26 - 14:29
    Со други зборови, можно е да го најдовме
  • 14:29 - 14:33
    светиот грал на денешните планетарни истражувања,
  • 14:33 - 14:37
    а тоа е средина која би можела да биде погодна за живи организми.
  • 14:37 - 14:40
    Не мора да ви кажувам дека откритието на живот
  • 14:40 - 14:42
    на друго место во Сончевиот систем,
  • 14:42 - 14:44
    без разлика дали е на Енцелад или на некое друго место,
  • 14:44 - 14:47
    би имало огромни културолошки и научни импликации,
  • 14:47 - 14:51
    затоа што кога би можеле да докажеме дека животот бил создаден
  • 14:51 - 14:55
    не еднаш, туку два пати, на две различни места во Сончевиот систем,
  • 14:55 - 14:59
    тоа би значело дека можел да биде создаден безброј пати
  • 14:59 - 15:04
    во текот на овие 13,7 милијарди години колку што е стар Универзумот.
  • 15:04 - 15:08
    За сега, Земјата е единствената планета на која знаеме дека има живот.
  • 15:08 - 15:11
    Скапоцена е и уникатна.
  • 15:11 - 15:14
    За сега, таа е нашиот единствен дом.
  • 15:14 - 15:21
    Доколку некој од вас внимавал што се случуваше во 60-тите,
  • 15:21 - 15:23
    не дека ќе ви се лутиме ако не сте внимавале,
  • 15:23 - 15:25
    тогаш сигурно се сеќавате на оваа славна фотографија,
  • 15:25 - 15:29
    која ја направија астронаутите на Аполо 8 во 1968-ма.
  • 15:29 - 15:32
    Ова е првата фотографија на Земјата направена од вселената
  • 15:32 - 15:35
    и имаше огромно влијание врз нашата слика за тоа каде припаѓаме,
  • 15:35 - 15:40
    и за нашето чувство за одговорност и заштита на нашата планета.
  • 15:40 - 15:44
    Ние со Касини направивме една слична фотографија,
  • 15:44 - 15:48
    на призор кој дотогаш не беше виден од човекот.
  • 15:48 - 15:52
    Се работи за целосно затемнување на Сонцето, видено од зад Сатурн.
  • 15:52 - 15:56
    На оваа неверојатно прекрасна фотографија
  • 15:56 - 15:58
    ги гледате прстените осветлени од Сонцето,
  • 15:58 - 16:01
    го гледате отсјајот на Сонцето,
  • 16:01 - 16:03
    и овој прстен кој, всушност,
  • 16:03 - 16:06
    е создаден од исфрлениот материјал од Енцелад.
  • 16:06 - 16:12
    И како сето тоа да не е доволно, на оваа прекрасна фотографија
  • 16:12 - 16:14
    може да ја видиме и нашата планета,
  • 16:14 - 16:18
    гушната од прстените на Сатурн.
  • 16:18 - 16:20
    Има нешто трогателно во тоа
  • 16:20 - 16:22
    кога ќе се видиме оддалеку,
  • 16:22 - 16:25
    кога ќе ја видиме нашата мала сина планета
  • 16:25 - 16:27
    на небото на некој друг свет.
  • 16:27 - 16:31
    Токму тоа, како и новите гледишта кои од тоа ги добиваме,
  • 16:31 - 16:35
    на крајот на краиштата се и најголемата награда
  • 16:35 - 16:38
    која ја добиваме од истражувањето што го започнавме пред половина век.
  • 16:38 - 16:40
    Ви благодарам.
  • 16:40 - 16:52
    (аплауз)
Title:
Керолин Порко нè носи на Сатурн
Speaker:
Carolyn Porco
Description:

Планетарниот научник Керолин Порко покажува фотографии од патувањето на Касини до Сатурн, фокусирајќи се на неговата најголема месечина, Титан, и замрзнатиот Енцелад, кој како да исфрла млазеви од мраз.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
16:52
Biljana Dijanisieva added a translation

Macedonian subtitles

Revisions