< Return to Video

Лалитеш Катрагада: Изработка на мапи за борба против катастрофи и градење економија

  • 0:01 - 0:06
    Во 2008 година, ураганот Наргис го зафати Мјанмар.
  • 0:06 - 0:10
    Милиони луѓе имаа потреба од помош.
  • 0:10 - 0:14
    О.Н. сакаа да ги забрзат луѓето да поделат намирници.
  • 0:14 - 0:17
    Но не постоеја мапи, немаше мапи на патишта,
  • 0:17 - 0:22
    немаше мапи со болници, немаше начин да се стигне до жртвите од ураганот.
  • 0:22 - 0:25
    Кога ќе ги погледнеме мапите на Лос Анџелес, или на Лондон
  • 0:25 - 0:28
    тешко е да се поверува
  • 0:28 - 0:31
    дека во 2005 година, само 15% од светот
  • 0:31 - 0:34
    имаше мапи со геокодно ниво на детали.
  • 0:34 - 0:37
    О.Н. први се судрија со овој проблем
  • 0:37 - 0:39
    дека главнината од светската популација се соочува со:
  • 0:39 - 0:41
    не постоење на детални мапи.
  • 0:41 - 0:43
    Но помошта беше на повидок.
  • 0:43 - 0:45
    Во Гугл, 40 добороволци
  • 0:45 - 0:48
    користеа нов софтвер
  • 0:48 - 0:51
    за да мапираат 120.000 километри патишта,
  • 0:51 - 0:54
    3.000 болници, логистика и места за одмор.
  • 0:54 - 0:56
    За тоа им требаа четири дена.
  • 0:56 - 0:59
    Новиот софтвер кој го користеа? Google Mapmaker.
  • 0:59 - 1:02
    Google Mapmaker е технологија која овозможува секому од нас
  • 1:02 - 1:05
    да мапира она што го знаеме локално.
  • 1:05 - 1:07
    Луѓето го користеа овој софтвер
  • 1:07 - 1:09
    за да мапираат сè, од патишта до реки,
  • 1:09 - 1:12
    од училишта до локални фирми,
  • 1:12 - 1:15
    и видеотеки на секој агол.
  • 1:15 - 1:17
    Мапите се битни.
  • 1:17 - 1:19
    Номинираниот за Нобелова награда, Хернандо де Сото
  • 1:19 - 1:21
    утврдил дека клучот за економскиот напредок
  • 1:21 - 1:23
    за најголемиот дел од земјите во развој
  • 1:23 - 1:26
    е да ги означат површините со неискористена земја.
  • 1:26 - 1:29
    На пример, трилион долари
  • 1:29 - 1:32
    вредни недвижнини стојат неискористени само во Индија.
  • 1:32 - 1:34
    Само во последната година,
  • 1:34 - 1:38
    илјадници корисници од 170 држави,
  • 1:38 - 1:41
    мапираа милиони делчиња информации,
  • 1:41 - 1:44
    и креираа мапа на ниво чии детали биле недостапни.
  • 1:44 - 1:46
    И ова било овозможено
  • 1:46 - 1:50
    со помош на пасионираните корисници насекаде.
  • 1:50 - 1:53
    Да погледнеме дел од мапите
  • 1:53 - 1:56
    кои штотуку биле креирани од корисниците.
  • 1:56 - 1:58
    Додека зборуваме, луѓето го мапираат светот
  • 1:58 - 2:00
    во овие 170 држави.
  • 2:00 - 2:06
    Можете да ја видите Бриџит во Африка која штотуку мапирала еден пат во Сенегал.
  • 2:06 - 2:11
    А, поблизу до нас, Чалуа, мапирала пат во Бангалор.
  • 2:11 - 2:14
    Ова е резултатот од пресметковна геометрија,
  • 2:14 - 2:17
    препознавање знаци и машинско учење.
  • 2:17 - 2:19
    Ова е победа на илјадници корисници,
  • 2:19 - 2:21
    во стотици градови,
  • 2:21 - 2:23
    еден корисник, еден внесен податок.
  • 2:23 - 2:27
    Ова е покана за преостанатите 70 %
  • 2:27 - 2:29
    од нашата немапирана планета.
  • 2:29 - 2:31
    Добредојдовте во новиот свет.
  • 2:31 - 2:34
    (Аплауз)
Title:
Лалитеш Катрагада: Изработка на мапи за борба против катастрофи и градење економија
Speaker:
Lalitesh Katragadda
Description:

На почетокот на 2005 година, само 15 % од светот имаше мапи. Ова го отежнува доставувањето на помош после природни катастрофи - и го прикрива економскиот потенцијал на неискористена земја и непознати патишта. Во овој краток говор, Лалитеш Катрагада од Гугл, го прикажува Map Maker, групна алатка за изработка на мапи која луѓето од целата земјина топка ја користат за изработка на мапи на светот.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
02:38
Dejan Spaseski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions