Return to Video

Вашето тело е создадено од спектакуларната смрт на ѕвездите

  • 0:02 - 0:05
    Сите сме атомски поврзани.
  • 0:05 - 0:08
    Фундаментално, универзално.
  • 0:08 - 0:09
    Но што значи тоа?
  • 0:11 - 0:14
    Јас сум астрофизичар, и како таков
  • 0:14 - 0:18
    моја одговорност е да ја следам
    космичката историја
  • 0:18 - 0:21
    на секој поединечен ваш атом.
  • 0:21 - 0:24
    Всушност, би рекол
  • 0:24 - 0:27
    дека едно од најголемите постигнувања
    на модерната астрономија
  • 0:27 - 0:32
    е согледувањето како всушност нашите атоми
    биле соединети.
  • 0:34 - 0:37
    Додека водородот и хелиумот биле создадени
  • 0:37 - 0:40
    во текот на првите 2 минути
    на Големата експлозија,
  • 0:40 - 0:42
    потеклото на потешките елементи,
  • 0:42 - 0:47
    како што е железото во крвта,
    кислородот што го вдишуваме,
  • 0:47 - 0:49
    силициумот во вашите компјутери.
  • 0:49 - 0:52
    лежи токму во животниот циклус на ѕвездите
  • 0:53 - 0:59
    Нуклеарните реакции земаат полесни
    елементи и ги трансформираат во потешки,
  • 0:59 - 1:02
    и тоа го предизикува блескањето
    на ѕвездите
  • 1:02 - 1:04
    и нивното конечно експлодирање,
  • 1:04 - 1:09
    што како резултат го збогатува универзумот
    со овие потешки елементи.
  • 1:10 - 1:14
    Значи, без ѕвездената смрт
  • 1:15 - 1:17
    не би го имало кислородот
  • 1:17 - 1:21
    или другите елементи
    потешки од водородот и хелиумот,
  • 1:21 - 1:23
    па оттука не би имало ни живот.
  • 1:24 - 1:28
    Во нашите тела има повеќе атоми
  • 1:28 - 1:30
    одошто ѕвезди во универзумот.
  • 1:31 - 1:33
    И овие атоми се исклучително издржливи.
  • 1:34 - 1:36
    Потеклото на нашите атоми
  • 1:36 - 1:41
    може да се проследи до ѕвезди
    кои ги произвеле во нивната внатрешност
  • 1:41 - 1:46
    и ги расфрлале
    ширум Млечниот пат,
  • 1:46 - 1:48
    пред милијарди години.
  • 1:48 - 1:49
    И секако, јас би го знаел ова,
  • 1:49 - 1:53
    затоа што сум сертифициран
    ѕвезден погребник.
  • 1:53 - 1:54
    (Смеа)
  • 1:54 - 2:00
    И денес, сакам да ве однесам на
    патување кое започнува со експлозија
  • 2:00 - 2:04
    на супернова и завршува со воздухот
    кој го дишеме токму сега.
  • 2:07 - 2:08
    Од што е изградено нашето тело?
  • 2:09 - 2:15
    Деведесет и шест проценти
    се состојат од само 4 елемента:
  • 2:15 - 2:19
    водород, јаглерод, кислород и азот.
  • 2:21 - 2:26
    Главниот лик на оваа космичка приказна
    е кислородот.
  • 2:27 - 2:32
    Освен тоа што огромен дел од
    нашите тела е направен од кислород,
  • 2:32 - 2:37
    туку кислородот е оној елемент кој
    се бори да го заштити животот на планетата
  • 2:37 - 2:40
    Поголемиот дел од кислородот
    во универзумот
  • 2:40 - 2:45
    бил всушност произведен
    во текот на целата историја на универзумот
  • 2:45 - 2:47
    во овие супернова екплозии.
  • 2:48 - 2:52
    Овие супернова експлозии
    ја означуваат смртта на огромни ѕвезди.
  • 2:52 - 2:55
    И во текот на еден
    извонреден месец,
  • 2:55 - 2:59
    една супернова експлозија може
    да свети повеќе отколку цела галаксија
  • 2:59 - 3:01
    која содржи милијарди ѕвезди.
  • 3:02 - 3:03
    Навистина извонредно.
  • 3:05 - 3:10
    Затоа што огромните ѕвезди
    горат посветло
  • 3:10 - 3:14
    и имаат поспектакуларна смрт
    од останатите ѕвезди.
  • 3:15 - 3:18
    Нуклеарната фузија е всушност
    животната крв на сите ѕвезди,
  • 3:18 - 3:20
    вклучувајќи го и Сонцето.
  • 3:20 - 3:24
    и како резултат таа е изворот
    на сета енергија на Земјата.
  • 3:26 - 3:30
    Можете да ги замислите ѕвездите
    како фабрики за фузија
  • 3:30 - 3:33
    кои се напојуваат преку
    судирите на атомите
  • 3:33 - 3:35
    во нивната жешка и густа внатрешност.
  • 3:36 - 3:38
    Ѕвезди како нашето Сонце,
  • 3:38 - 3:40
    кои се релативно мали,
  • 3:40 - 3:42
    го претвораат водородот во хелиум,
  • 3:42 - 3:46
    но потешките ѕвезди со маса
    8-пати поголема од Сонцето
  • 3:46 - 3:48
    го продолжуваат циклусот на горење
  • 3:48 - 3:52
    дури и откако ќе се потроши хелиумот
    во нивните јадра.
  • 3:53 - 3:55
    И сега,
  • 3:55 - 3:58
    огромната ѕвезда е останата
    со јаглеродно јадро,
  • 3:58 - 4:02
    кое, како што знаете,
    е основна компонента на животот.
  • 4:03 - 4:07
    Ова јаглеродно јадро продолжува
    да колабира
  • 4:07 - 4:09
    и како резултат,
    има покачување на температурата,
  • 4:09 - 4:13
    што дозволува да се случуваат
    други нуклеарни реакции,
  • 4:13 - 4:16
    потоа јаглеродот преминува во кислород,
  • 4:16 - 4:19
    во неон, силициум, сулфур
  • 4:19 - 4:21
    и конечно во железо.
  • 4:22 - 4:24
    И железото е крајот.
  • 4:25 - 4:26
    Зошто?
  • 4:26 - 4:28
    Бидејќи железото има најврзано
    јадро во универзумот,
  • 4:28 - 4:33
    што значи дека не можеме да извлечеме
    енергија горејќи железо.
  • 4:33 - 4:39
    Тогаш кога целото јадро
    на огромната ѕвезда е составено од железо,
  • 4:39 - 4:40
    таа снемува гориво.
  • 4:41 - 4:44
    И тоа е неверојатно лош ден за една ѕвезда
  • 4:44 - 4:48
    (Смеа)
  • 4:48 - 4:51
    Без гориво, не може да генерира топлина,
  • 4:52 - 4:55
    и поради тоа гравитацијата
    победува во битката.
  • 4:56 - 5:00
    Железното јадро нема друг избор,
    освен да се сплеска,
  • 5:00 - 5:03
    достигнувајќи неверојатни густини.
  • 5:03 - 5:07
    Замислете 300 милиони тони
  • 5:07 - 5:10
    смалени на простор
    голем колку една коцка шеќер.
  • 5:10 - 5:15
    Со овие екстремно големи густини,
    јадрото всушност дава отпор на распаѓањето
  • 5:15 - 5:17
    и како резултат,
  • 5:17 - 5:21
    целиот овој материјал
    отскокнува од јадрото.
  • 5:22 - 5:23
    И овој драматичен отскок,
  • 5:23 - 5:27
    кој се случува во една фракција
    од секундата,
  • 5:27 - 5:33
    е одговорен за отфрлување на
    остатокот од ѕвездата во сите насоки,
  • 5:33 - 5:35
    најпосле формирајќи супернова експлозија.
  • 5:38 - 5:44
    Но, за жал, од перспектива на
    астрофизичар,
  • 5:44 - 5:47
    условите во центрите на
    ѕвездите кои експлодираат
  • 5:47 - 5:49
    не можат да се рекреираат во лабораторија.
  • 5:49 - 5:50
    (Смеа)
  • 5:50 - 5:54
    За среќа на човештвото,
    не сме способни да го направиме тоа.
  • 5:54 - 5:56
    (Смеа)
  • 5:56 - 5:57
    Но што значи тоа?
  • 5:57 - 5:59
    Значи дека како астрофизичари,
  • 5:59 - 6:03
    треба да се потпираме на софистицирани
    компјутерски симулации
  • 6:03 - 6:07
    за да може да ги разбереме
    овие комплексни феномени.
  • 6:08 - 6:12
    Овие симулации можат да бидат искористени
    за да се сфати како гасот се однесува
  • 6:12 - 6:14
    под такви екстремни услови.
  • 6:15 - 6:17
    И да бидат искористени да
    одговорат на важни прашања
  • 6:17 - 6:21
    како, „Што крајно ја раскинува
    масивната ѕвезда?"
  • 6:21 - 6:25
    „Како оваа имплозија може
    да се претвори во експлозија?"
  • 6:28 - 6:30
    Има куп дебати во астрономското
    подрачје,
  • 6:30 - 6:35
    но сите се согласуваме дека неутрините,
  • 6:35 - 6:37
    кои се едни 'недофатиливи'
    елементарни честички,
  • 6:37 - 6:39
    имаат многу важна улога.
  • 6:40 - 6:41
    Да?
  • 6:41 - 6:44
    Сега ќе ви покажам една
    од тие симулации.
  • 6:47 - 6:52
    Значи неутрините се создаваат во големи
    количини штом се распадне јадрото.
  • 6:52 - 6:53
    Всушност,
  • 6:53 - 6:57
    тие се одговорни за трансферот
    на енергија во јадрото.
  • 6:58 - 7:00
    Како термичката радијација во греалка,
  • 7:00 - 7:04
    неутрините пумпаат енергија во јадрото,
  • 7:04 - 7:08
    зголемувајќи ја можноста
    за пореметување на ѕвездата.
  • 7:09 - 7:12
    Всушност, во една фракција од секундата
  • 7:12 - 7:13
    неутрините пумпаат
    толку многу енергија
  • 7:13 - 7:18
    што притисокот се крева доволно високо
    за да се формира шок бран
  • 7:18 - 7:22
    кој потоа ја раскинува целата ѕвезда.
  • 7:22 - 7:26
    И во тој шок бран, всушност,
    се создаваат елементите.
  • 7:28 - 7:30
    Фала ви, неутрини.
  • 7:30 - 7:32
    (Смеа)
  • 7:33 - 7:36
    Суперновите светат силно,
  • 7:36 - 7:38
    и за краток период на време,
  • 7:38 - 7:44
    зрачат повеќе енергија од онаа
    што Сонцето ја зрачи цел свој животен век.
  • 7:45 - 7:48
    Онаа точка светлина која што ја гледате,
  • 7:48 - 7:51
    која што сигурно не беше таму претходно,
  • 7:51 - 7:53
    гори како светилник,
  • 7:53 - 7:57
    јасно означувајќи ја позицијата
    на смрт на масивната ѕвезда.
  • 7:59 - 8:02
    Во галаксија како нашиот Млечен Пат,
  • 8:02 - 8:06
    проценуваме дека отприлика
    еднаш во секои 50 години,
  • 8:06 - 8:08
    една масивна ѕвезда умира.
  • 8:09 - 8:12
    Ова значи дека некаде
    во универзумот,
  • 8:12 - 8:15
    секоја секунда има
    по една супернова експлозија.
  • 8:17 - 8:20
    И за среќа на астрономите,
  • 8:20 - 8:23
    некои од нив се пронајдени
    во релативна близина на Земјата.
  • 8:24 - 8:30
    Различни цивилизации
    ги имаат забележано овие супернова екплозии
  • 8:30 - 8:33
    долго време пред да се измисли телескопот
  • 8:35 - 8:37
    Најпозната од нив е најверојатно
  • 8:37 - 8:41
    супернова експлозијата која ја создаде
    Раковидната Маглина.
  • 8:42 - 8:43
    Да?
  • 8:43 - 8:49
    Корејски и Кинески астрономи
    ја забележаа оваа супернова во 1054,
  • 8:49 - 8:52
    сигурно како што забележале и
    домородците во Америка.
  • 8:53 - 8:59
    Оваа супернова се одиграла околу
    5,600 светлосни години подалеку од Земјата
  • 8:59 - 9:01
    И била толку неверојатно сјајна
  • 9:01 - 9:04
    што астрономите можеле да ја видат
    и преку ден.
  • 9:05 - 9:09
    Била видлива со голо око
    на ноќното небо отприлика уште две години.
  • 9:13 - 9:18
    Околу 1,000 години подоцна,
    што можеме да видиме?
  • 9:18 - 9:22
    Можеме да видиме нишки
    кои беа експлодирани,
  • 9:22 - 9:25
    движејќи се 400 километри во секунда.
  • 9:25 - 9:29
    Овие нишки се од суштинско значење
    за да разбереме
  • 9:29 - 9:31
    како масивните ѕвезди умираат.
  • 9:32 - 9:33
    Сликата која ја гледате
  • 9:33 - 9:36
    беше составена од
    вселенскиот телескоп Хабл
  • 9:36 - 9:37
    во текот на три месеци.
  • 9:38 - 9:40
    И е неверојатно важна за
    астрономите
  • 9:40 - 9:43
    бидејќи го носи
    хемиското наследство
  • 9:43 - 9:45
    на ѕвездата која експлодирала.
  • 9:46 - 9:51
    Портокаловите нишки кои ги гледате,
    се раскинати остатоци од ѕвездата,
  • 9:51 - 9:53
    и главно содржат водород,
  • 9:54 - 9:57
    додека сините и црвените
    нишки кои ги гледате
  • 9:57 - 9:59
    се всушност свежо синтетизиран кислород.
  • 10:00 - 10:04
    Така што, проучување на остатоци
    од супернова, како Раковидната Маглина,
  • 10:04 - 10:07
    им овозможи на астрономите
    цврсто да заклучат
  • 10:07 - 10:12
    дека огромен дел од кислородот на Земјата
    бил создаден од супернова експлозии
  • 10:12 - 10:14
    во текот на историјата на универзумот.
  • 10:15 - 10:17
    И може да процениме
  • 10:17 - 10:21
    дека за да може да се сврзат сите
    атоми на кислород во нашето тело,
  • 10:21 - 10:24
    биле потребни 100 милиони
    супернова експлозии.
  • 10:25 - 10:29
    Секој дел од вас,
    барем поголемиот дел,
  • 10:29 - 10:32
    е произлезен од една од
    тие супернова експлозии.
  • 10:35 - 10:37
    Сега можеби се прашувате,
  • 10:37 - 10:39
    како овие атоми
  • 10:39 - 10:44
    кои биле генерирани во
    толку екстремни услови
  • 10:44 - 10:46
    на крајот успеале да се
    сместат во нашето тело?
  • 10:47 - 10:51
    Сакам да го следите
    мисловниот експеримент.
  • 10:51 - 10:55
    Замислете дека сме во Млечниот Пат,
    и одеднаш настанува супернова.
  • 10:55 - 10:59
    Таа експлодира тони
    кислородни атоми
  • 10:59 - 11:01
    во скоро празна вселена.
  • 11:02 - 11:06
    Неколку од нив се
    собираат во облак.
  • 11:07 - 11:11
    Пред 4.5 милијарди години,
  • 11:11 - 11:14
    нешто го наруши тој облак
    и предизвика негово распаѓање,
  • 11:14 - 11:18
    формирајќи го Сонцето во неговиот центар
    и Сончевиот систем.
  • 11:20 - 11:24
    Сонцето, планетите и животот на Земјата
  • 11:24 - 11:26
    зависат од овој прекрасен циклус
  • 11:26 - 11:31
    на ѕвездено раѓање, умирање и
    преродба.
  • 11:32 - 11:37
    И ова го продолжува рециклирањето
    на атоми во универзумот.
  • 11:37 - 11:41
    И како резултат, астрономијата и хемијата
    се интимно поврзани.
  • 11:42 - 11:45
    Ние сме живи облици кои еволуирале
  • 11:45 - 11:48
    да го вдишуваме отпадниот материјал на растенијата.
  • 11:49 - 11:51
    Но сега знаете
  • 11:51 - 11:54
    дека исто така го вдишуваме отпадниот
    материјал од супернова експлозии.
  • 11:54 - 11:56
    (Смеа)
  • 11:57 - 11:59
    Земете секунда, вдишете.
  • 12:00 - 12:03
    Атом на кислород само што
    влезе во вашето тело.
  • 12:03 - 12:06
    Со сигурност, тој кислороден атом
  • 12:06 - 12:08
    памети дека бил
    дел од внатрешноста на ѕвезда
  • 12:08 - 12:11
    и најверојатно бил создаден
    од супернова експлозија.
  • 12:12 - 12:16
    Можно е овој атом да патувал
    низ целиот Сончев систем
  • 12:16 - 12:18
    пред да слета на Земјата,
  • 12:19 - 12:21
    долго пред да стигне до вас.
  • 12:22 - 12:24
    Кога дишеме,
  • 12:25 - 12:30
    секојдневно искористуваме стотици литри
    кислород.
  • 12:32 - 12:37
    Јас имам неверојатна среќа да стојам
    пред оваа прекрасна публика,
  • 12:37 - 12:40
    но јас всушност ги крадам
    вашите кислородни атоми.
  • 12:40 - 12:42
    (Смеа)
  • 12:42 - 12:44
    И затоа што ви се обраќам,
  • 12:44 - 12:48
    дел од нив кои биле од мене,
    ви ги давам назад.
  • 12:51 - 12:56
    Така што дишењето
  • 12:56 - 13:00
    учествува во оваа прекрасна
    размена на атоми.
  • 13:00 - 13:02
    И можете да прашате,
  • 13:04 - 13:11
    “Тогаш, колку атоми од нашите тела
    некогаш и припаѓале на Фрида Кало?“
  • 13:11 - 13:13
    (Смеа)
  • 13:13 - 13:15
    Околу 100,000 од нив.
  • 13:16 - 13:21
    Други 100,000 најверојатно
    и припаѓале на Марија Кири,
  • 13:21 - 13:23
    други 100,000 на Сели Рејд,
  • 13:23 - 13:25
    и на кој и да помислите.
  • 13:27 - 13:34
    Дишењето не е само полнење на нашите
    бели дробови со вселенска историја,
  • 13:35 - 13:36
    туку и со човечка историја.
  • 13:38 - 13:41
    Би сакал да го завршам мојот говор
    споделувајќи еден мит
  • 13:41 - 13:42
    кој ми е многу драг.
  • 13:43 - 13:45
    Мит од Чичименската култура,
  • 13:45 - 13:48
    која е многу моќна
    Мезоамериканска култура.
  • 13:49 - 13:51
    Чичименците верувале
  • 13:51 - 13:55
    дека нашата суштина
    била составена во небесата.
  • 13:55 - 13:57
    И на нејзиното патување до нас,
  • 13:57 - 14:00
    всушност се распаднала на
    многу мали делови.
  • 14:01 - 14:03
    Мојот дедо ми кажуваше,
  • 14:03 - 14:06
    “Една од причините зошто
    се чувствуваш нецелосно
  • 14:06 - 14:08
    е бидејќи ти фалат делови.“
  • 14:08 - 14:09
    (Смеа)
  • 14:09 - 14:11
    “Но немој тоа да те измами.
  • 14:11 - 14:14
    Дадена ти е неверојатна
    можност за развивање.
  • 14:14 - 14:16
    Зошто?
  • 14:16 - 14:18
    Не затоа што тие делови
    биле расфрлани на Замјата
  • 14:18 - 14:20
    и ти треба да одиш и да ги собираш.
  • 14:20 - 14:23
    Не, тие делови се дел од други луѓе.
  • 14:23 - 14:27
    И само ако ги споделувате,
    можете да станете целосни.
  • 14:28 - 14:29
    Да, во твојот живот,
  • 14:29 - 14:32
    ке има индивидуи
    кои ги имаат тие големи делови
  • 14:32 - 14:34
    што ќе направат
    да се чуствуваш целосен.
  • 14:35 - 14:38
    Но во твојата потрага
    по остварување комплетност,
  • 14:38 - 14:43
    треба да го негуваш и споделуваш
    секое од тие делови.“
  • 14:45 - 14:48
    Мене ми звучи многу како приказната
    за кислородот.
  • 14:49 - 14:50
    (Смеа)
  • 14:50 - 14:53
    Која започна во небесата
    во супернова експлозија
  • 14:53 - 14:55
    и продолжува денес,
  • 14:56 - 14:58
    во границите на нашето човештво.
  • 15:00 - 15:05
    Атомите во нашите тела
    започнале такво епско патешествие,
  • 15:05 - 15:10
    со временски распон од милијарда години
    до само неколку векови,
  • 15:10 - 15:13
    стигнувајќи до тебе,
  • 15:13 - 15:14
    до сите вас,
  • 15:14 - 15:16
    сведоци на универзумот.
  • 15:16 - 15:18
    Ви благодарам.
  • 15:18 - 15:21
    (Аплауз)
Title:
Вашето тело е создадено од спектакуларната смрт на ѕвездите
Speaker:
Енрико Рамирез-Руиз
Description:

Ние сме сите поврзани преку спектакуларното раѓање, смрт и преродување на ѕвездите, вели астрофизичарот Енрико Рамирез-Руиз. Патување низ космичката историја на универзумот додека Рамирез-Руиз објаснува како супернови ги создале елементите кои изградиле сѐ од воздухот кој го дишите па се до самите атоми од кои сте составени.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
15:34

Macedonian subtitles

Revisions