< Return to Video

Hans Rosling's 200 Countries, 200 Years, 4 Minutes - The Joy of Stats - BBC Four

  • 0:04 - 0:07
    Визуелното претставување е, исто така, во средиштето и на мојата работа.
  • 0:08 - 0:10
    Јас предавам Глобално здравје.
  • 0:11 - 0:13
    И знам дека поседувањето на податоци не е доволно.
  • 0:13 - 0:18
    Морам да ги претставам на начин кој на луѓето им е и допадлив и разбирлив.
  • 0:18 - 0:22
    Сега ќе се обидам да направам нешто што никогаш порано не сум го направил:
  • 0:22 - 0:25
    оживување на податоците во реален простор
  • 0:25 - 0:29
    со мала техничка помош од екипата.
  • 0:29 - 0:33
    Еве, почнуваме: прво оска за здравјето.
  • 0:33 - 0:39
    очекуван животен век од 25 до 75 години.
  • 0:39 - 0:41
    А тука долу, оска за благосостојбата:
  • 0:41 - 0:47
    Приход по особа: 400, 4000 и 40000 долари.
  • 0:47 - 0:50
    Значи, тука долу се сиромашните и болните,
  • 0:53 - 0:59
    Сега ќе ви го покажам светот од пред 200 години
  • 0:59 - 1:00
    во 1810.
  • 1:00 - 1:02
    Еве ги сите земји:
  • 1:02 - 1:08
    Европа кафеаво, Азија црвено, Среден Исток зелено, Африка јужно од Сахарата сино
  • 1:08 - 1:10
    и двете Америки жолто.
  • 1:10 - 1:13
    Големината на кругчето за земјата ја претставува големината на популацијата.
  • 1:13 - 1:17
    Во 1810 било доста натрупано таму долу, зар не?
  • 1:17 - 1:19
    Сите земји биле болни и сиромашни,
  • 1:19 - 1:23
    очекуваниот животен век бил под 40 години во сите земји
  • 1:23 - 1:27
    и само Обединетото Кралство и Холандија биле во нешто подобра положба,
  • 1:27 - 1:29
    но не многу.
  • 1:29 - 1:30
    И сега, го започнувам светот.
  • 1:32 - 1:37
    Индустријската револуција ги одалечува земјите од Европа и други места
  • 1:37 - 1:39
    од останатите,
  • 1:39 - 1:41
    но колонизираните земји во Азија и Африка
  • 1:41 - 1:44
    се заглавени таму долу.
  • 1:44 - 1:47
    Со текот на времето западните земји стануваат поздрави и поздрави.
  • 1:47 - 1:51
    А сега, забавуваме за да го прикажеме влијанието
  • 1:51 - 1:53
    на Првата светска војна
  • 1:53 - 1:58
    и на епидемијата на Шпанскиот грип. Каква катастрофа!
  • 1:58 - 2:02
    Сега забрзувам низ 1920те и 1930те.
  • 2:02 - 2:04
    И покрај Големата депресија
  • 2:04 - 2:06
    западните земји продолжуваат
  • 2:06 - 2:07
    кон поголема благосостојба и повеќе здравје.
  • 2:07 - 2:10
    Јапонија и други се обидуваат да следат,
  • 2:10 - 2:11
    но повеќето земји остануваат тука долу.
  • 2:11 - 2:15
    Сега, по трагедиите на Втората светска војна
  • 2:15 - 2:19
    запираме малку за да го погледнеме светот во 1948.
  • 2:19 - 2:23
    1948. беше одлична година: војната беше завршена,
  • 2:23 - 2:26
    Шведска освои најмногу медали на Зимските олимпијски игри
  • 2:26 - 2:28
    и јас сум роден.
  • 2:28 - 2:31
    Но разликите помеѓу земјите во светот
  • 2:31 - 2:32
    беа поголеми од кога и да е.
  • 2:32 - 2:37
    Соединетите Американски Држави беа напред, Јапонија се приближуваше,
  • 2:37 - 2:39
    Бразил беше далеку одзади,
  • 2:39 - 2:43
    Иран стануваше малку побогат поради нафтата, но сеуште имаше куси животи.
  • 2:43 - 2:46
    А азијските гиганти:
  • 2:46 - 2:48
    Кина, Индија, Пакистан, Бангладеш и Индонезија
  • 2:48 - 2:50
    беа сеуште болни и сиромашни тука долу,
  • 2:50 - 2:52
    но погледенте што ќе се случи!
  • 2:52 - 2:54
    Почнуваме повторно!
  • 2:54 - 2:57
    Во текот на мојот животен век некогашните колонии се здобија со независност
  • 2:57 - 3:00
    и конечно почнаа да стануваат поздрави,
  • 3:00 - 3:01
    и поздрави,
  • 3:01 - 3:02
    и поздрави.
  • 3:02 - 3:06
    Во 1970те земјите од Азија и Латинска Америка
  • 3:06 - 3:09
    почнаа да ги пристигаат западните земји:
  • 3:09 - 3:11
    станаа економии во пробој.
  • 3:11 - 3:12
    Некои од Африка следеа,
  • 3:12 - 3:14
    некои беа заглавени во цивилни војни,
  • 3:14 - 3:16
    a други погодени од ХИВ.
  • 3:16 - 3:18
    А сега можеме да го видиме светот денес,
  • 3:18 - 3:22
    со најново ажурирани статистики.
  • 3:23 - 3:25
    Повеќето луѓе денес живеат во средината.
  • 3:25 - 3:28
    Но, во исто време, постојат огромни разлики
  • 3:28 - 3:30
    меѓу најдобрите и најлошите земји,
  • 3:30 - 3:34
    како и огромни нееднаквости во рамките на една земја.
  • 3:34 - 3:37
    Овие кругчиња ги прикажуваат просеците,
  • 3:37 - 3:38
    но јас можам да ги разделам.
  • 3:38 - 3:41
    Да ја земеме Кина, можам да ја разделам по провинции,
  • 3:41 - 3:44
    Ене го Шангај,
  • 3:44 - 3:48
    има иста благосостојба и здравје како Италија денес.
  • 3:48 - 3:51
    А тука е сиромашната провинција Гансу во внатрешноста,
  • 3:51 - 3:52
    таа е како Пакистан
  • 3:52 - 3:55
    и ако ја разделам понатаму
  • 3:55 - 3:58
    руралниот дел е како Гана во Африка.
  • 4:01 - 4:03
    А сепак, и покрај енормните разлики денес
  • 4:05 - 4:07
    сведоци сме на 200 години на забележителен напредок.
  • 4:07 - 4:09
    Тој огромен историјски јаз
  • 4:09 - 4:10
    помеѓу западот и останатите се затвора.
  • 4:10 - 4:15
    Станавме потполно нов, конвергирачки свет,
  • 4:15 - 4:18
    и јас гледам јасен тренд во иднината,
  • 4:18 - 4:20
    со помош, размена, зелена технологија и мир
  • 4:20 - 4:23
    потполно е возможно секој да го достигне
  • 4:24 - 4:26
    ѕдравиот и богатиот ќош.
  • 4:28 - 4:31
    Добро, она што го видовте во последните неколку минути
  • 4:31 - 4:34
    е приказна за 200 земји
  • 4:34 - 4:36
    прикажани низ 200 години и понатаму.
  • 4:36 - 4:40
    Вклучуваше графички приказ на 120 илјади броеви.
  • 4:40 - 4:43
    Баш згодно, нели?
  • Not Synced
    а тука горе богатите и здравите.
Title:
Hans Rosling's 200 Countries, 200 Years, 4 Minutes - The Joy of Stats - BBC Four
Video Language:
English
Duration:
04:48

Macedonian subtitles

Revisions