Скот Фрeјзер: Зошто сведоците прават грешки
-
0:02 - 0:07Убиството се случило пред нешто повеќе од 21 година,
-
0:07 - 0:1118-ти јануари 1991,
-
0:11 - 0:13во еднo мало
-
0:13 - 0:15предградие
-
0:15 - 0:18на Линвуд, Калифорнија, само неколку милји
-
0:18 - 0:21југоисточно од Лос Анџелес.
-
0:21 - 0:24Еден татко излегол од својата куќа
-
0:24 - 0:27за да му каже на неговиот син тинејџер и неговите пет другарчиња
-
0:27 - 0:30дека е време да прекинат со палавите игри кои ги
-
0:30 - 0:33играле на тревникот пред куќата и тротоарот,
-
0:33 - 0:36да одат дома, да си ги завршат домашните задачи,
-
0:36 - 0:38и да се подготват за спиење.
-
0:38 - 0:42И додека таткото им го кажувал ова,
-
0:42 - 0:45полека, поминала една кола,
-
0:45 - 0:48и само што го одминала таткото и тинејџерите,
-
0:48 - 0:52од совозачкиот прозорец се појавила една рака
-
0:52 - 0:57и "Бам, Бам! го убила таткото.
-
0:57 - 1:01Потоа колата забрзала.
-
1:01 - 1:02Полицијата,
-
1:02 - 1:06инспекторите, биле неверојатно ефикасни.
-
1:06 - 1:09Ги зеле во предвид сите вообичаени виновници,
-
1:09 - 1:13и за помалку од 24 часа, го селектирале нивниот осомничен:
-
1:13 - 1:17Франциско Кариљо, 17-годишно дете
-
1:17 - 1:19кое живеело околу два или три блока оддалеченост
-
1:19 - 1:22од местото на пукањето.
-
1:22 - 1:26Пронашле слики од него. Подготвиле цела низа на слики
-
1:26 - 1:30и следниот ден после пукањето,
-
1:30 - 1:33му ги покажале на еден од тинејџерите, а тој рекол,
-
1:33 - 1:35"Тоа е сликата.
-
1:35 - 1:40Него го видов како пукаше, тој го уби татко му."
-
1:40 - 1:43На судијата од прелиминарното сослушување ова
-
1:43 - 1:48му било доволно, за да му одреди на Г.Кариљо судење
-
1:48 - 1:51за убиство од прв степен.
-
1:51 - 1:54Во истрагата којашто следела пред самото судење,
-
1:54 - 1:57на секој од останатите пет тинејџери му биле покажани
-
1:57 - 2:02фотографии т.е. истата низа на фотографии.
-
2:02 - 2:04Од она што најдобро можевме да процениме, сликата
-
2:04 - 2:07којашто најверојатно им била прикажана
-
2:07 - 2:10се наоѓа во вашиот долен лев ќош од овие матни слики.
-
2:10 - 2:14Причината поради која не сме апсолутно сигурни е поради
-
2:14 - 2:18начинот на кој се чуваат доказите во
-
2:18 - 2:20нашиот судски систем,
-
2:20 - 2:25но тоа би било цел друг TEDx говор за подоцна. (Смеа)
-
2:25 - 2:28Така, на самото судење,
-
2:28 - 2:31сите шест тинејџери сведочеле,
-
2:31 - 2:35и ги посочиле нивните веќе направени идентификации
-
2:35 - 2:38на низата од фотографии.
-
2:38 - 2:43Тој бил осуден. Го осудиле на доживотен затвор, и бил
-
2:43 - 2:49префлен во Folsom Prison (Затворот Фолсом).
-
2:49 - 2:51И, што не чини овде?
-
2:51 - 2:55Накратко, фер судење и целосна истрага.
-
2:55 - 2:59А да, пиштол никогаш не бил пронајден.
-
2:59 - 3:03Ниту едно возило не било идентификувано како возилото
-
3:03 - 3:06од кое убиецот ја извадил својата рака за да пука,
-
3:06 - 3:10и ниту една личност не била обвинета дека е возачот
-
3:10 - 3:13на возилото од кое е пукано.
-
3:13 - 3:17А што е со алибито на Г.Кариљо?
-
3:17 - 3:22Кои од родителите овде во просторијава не би лажел
-
3:22 - 3:25за локацијата на вашиот син или ќерка кога станува збор
-
3:25 - 3:29за истрага на убиство?
-
3:31 - 3:34Испратен во затвор,
-
3:34 - 3:37упорно инсистирајќи на својата невиност,
-
3:37 - 3:42која ја поседува непрекинато веќе 21 година.
-
3:42 - 3:45И, што е проблемот?
-
3:45 - 3:48Всушност, проблемите за еден ваков вид на случај
-
3:48 - 3:52потекнуваат повеќекратно од декади на научно истражување
-
3:52 - 3:56кое ја вклучува човековата меморија.
-
3:56 - 3:59Пред сè, ги имаме сите статистички анализи
-
3:59 - 4:01од работата на Проектот Невиност,
-
4:01 - 4:04каде знаеме дека имаме, колку,
-
4:04 - 4:07250, 280 документирани случаи во кои луѓе биле
-
4:07 - 4:11погрешно осудени, а потоа амнестирани,
-
4:11 - 4:18некои од смртна казна, врз основа на подоцнежна ДНК анализа,
-
4:18 - 4:21и знаете дека повеќе од три четвртини од сите тие случаи
-
4:21 - 4:28на амнестирање, вклучувале само идентификација од страна
-
4:28 - 4:31на сведок за време на судењето кое ги осудило.
-
4:31 - 4:37Знаеме дека сведоштвата се несигурни.
-
4:37 - 4:39Другиот проблем потекнува од еден интересен аспект
-
4:39 - 4:42на човековата меморија кој е поврзан со повеќе мозочни функции,
-
4:42 - 4:44но во корист на времето сето тоа ќе го сумирам во
-
4:44 - 4:47една реченица:
-
4:47 - 4:52На мозокот му се гади од празнина.
-
4:52 - 4:56Во најдобрите опсервациски услови,
-
4:56 - 4:57апсолутно најдобрите,
-
4:57 - 5:01ние забележуваме, енкодираме и складираме во нашите мозоци
-
5:01 - 5:05само мали делчиња од севкупното доживување кое е пред нас,
-
5:05 - 5:07а тие делчиња се складирани во различни делови од мозокот.
-
5:07 - 5:11И сега, кога ни е важно да се присетиме на она
-
5:11 - 5:14што претходно сме го доживеале,
-
5:14 - 5:20а ние имаме складирано многу мал дел од потребните информации
-
5:20 - 5:22и тогаш што се случува?
-
5:22 - 5:25Под праг на свесност, без да постои некој
-
5:25 - 5:30мотив, мозокот додава информации кои
-
5:30 - 5:32не биле таму,
-
5:32 - 5:35првобитно не биле складирани,
-
5:35 - 5:37тој си донесува заклучоци, си шпекулира
-
5:37 - 5:40врз основа на информации коишто дошле до вас,
-
5:40 - 5:43како набљудувач, после самиот настан.
-
5:43 - 5:45Но тоа се случува несвесно, на тој начин
-
5:45 - 5:49што вие дури и не знаете дека тоа се случува.
-
5:49 - 5:51Ова се нарекува реконструирани сеќавања.
-
5:51 - 5:56Ни се случува во сите аспекти од животот, цело време.
-
5:56 - 5:59Токму овие две согледувања, помеѓу другите --
-
5:59 - 6:03реконструктивноста на мемориите, односно несигурноста на сведоците --
-
6:03 - 6:07ова беше поттик за
-
6:07 - 6:09една група на адвокати водени
-
6:09 - 6:12од страна на една неверојатна адвокатка Елен Егерс
-
6:12 - 6:17да ги обединат нивното искуство и талент, и да
-
6:17 - 6:18поднесат молба до врховниот суд
-
6:18 - 6:23со цел да добијат ново судење за Франциско Кариљо.
-
6:23 - 6:28Тие ме задржаа, како форензички неврофизиолог,
-
6:28 - 6:30бидејќи имав искуство
-
6:30 - 6:32со меморијата кај сведоците кои вршат идентификација,
-
6:32 - 6:35коешто очигледно има смисла за овој случај, така?
-
6:35 - 6:39Но исто така бидејќи имав искуство и сведочам за
-
6:39 - 6:43природата на човековиот ноќен вид.
-
6:43 - 6:46И, каква врска има тоа со ова?
-
6:46 - 6:49Епа, кога читате низ материјалите од овој случај
-
6:49 - 6:52поврзан со Кариљо,
-
6:52 - 6:55една од работите што веднаш ви боде во очи е тоа што
-
6:55 - 6:58инспекторите рекле дека осветлувањето било добро на
-
6:58 - 7:02местото на злосторството т.е при пукањето.
-
7:02 - 7:05Сите тинејџери сведочеле за време на судењето
-
7:05 - 7:09и рекле дека можеле да гледаат многу добро.
-
7:09 - 7:12Но ова се случило во средината на јануари,
-
7:12 - 7:18на северната хемисфера, во 7 часот навечер.
-
7:18 - 7:21Па така кога ги направив пресметките
-
7:21 - 7:23добиени од податоците за месечината и сонцето
-
7:23 - 7:26за оваа локација на Земјата и за времето на настанот
-
7:26 - 7:28т.е. пукањето,
-
7:28 - 7:31се покажа дека видливоста била многу ниска
-
7:31 - 7:33и дека истата вечер немало месечина.
-
7:33 - 7:35Значи светлината што доаѓа од сонцето и месечината
-
7:35 - 7:38ја гледате овде на овој екран.
-
7:38 - 7:41Единственото осветлување во оваа област би морало
-
7:41 - 7:44да доаѓа од вештачки извори,
-
7:44 - 7:47и тоа е моментот кога излегувам и вршам вистинска реконструкција
-
7:47 - 7:50на сцената со фотометри, со неколку мерачи
-
7:50 - 7:52на осветленост и неколку други мерачи за
-
7:52 - 7:56перцепција на боја, во пакет со специјалните камери
-
7:56 - 7:58и филм со голема брзина, така?
-
7:58 - 8:01Земете во предвид сè што е измерено, така?
-
8:01 - 8:03Потоа земете ги фотографиите, и еве како изгледала сцената
-
8:03 - 8:05за време на пукањето од гледна
-
8:05 - 8:07точка на тинејџерите кои
-
8:07 - 8:11гледаат кон колата која поминува и од која пукаат.
-
8:11 - 8:13Ова е поглед директно преку улицата
-
8:13 - 8:16од местото каде тие стојат.
-
8:16 - 8:18Се сеќавате, извештајот на инспекторите кажал дека
-
8:18 - 8:20осветлувањето било добро.
-
8:20 - 8:23Тинејџерите кажале дека можеле да гледаат многу добро.
-
8:23 - 8:26Ова е поглед надолу кон исток,
-
8:26 - 8:30кон каде избегало возилото од кое е пукано,
-
8:30 - 8:35а ова е осветлувањето директно позади таткото
-
8:35 - 8:37и тинејџерите.
-
8:37 - 8:41Како што гледате, речиси и не се забележува.
-
8:41 - 8:45Никој не би рекол дека ова е добра осветленост,
-
8:45 - 8:48и всушност, колку и да се убави овие слики,
-
8:48 - 8:51и причината поради која ги правиме е бидејќи знаев деке ќе ме викнат да сведочам на суд,
-
8:51 - 8:55а сликата вреди повеќе од илјада зборови
-
8:55 - 8:57во моментите кога се обидувате да пренесете броеви,
-
8:57 - 9:00апстрактни концепти како лукс, меѓународната мерка
-
9:00 - 9:05за осветленост, вредностите од Ишихара тестот за перцепција на боја.
-
9:05 - 9:09Кога зборувате за ова пред луѓе кои не се навлезени
-
9:09 - 9:12во овие аспекти од науката, тие стануваат како
-
9:12 - 9:14саламандери под пладневно сонце. Како кога
-
9:14 - 9:17зборувате за тангентата на визуелниот агол, така?
-
9:17 - 9:20Само бледо ве гледаат, така?
-
9:20 - 9:24Еден добар форензички експерт треба да биде и добар едукатор,
-
9:24 - 9:26добар комуникатор, и тоа е дел од причината
-
9:26 - 9:29поради која ги правиме сликите, не само за да покажеме
-
9:29 - 9:31каде се наоѓаат изворите на светлина, и она што го нарекуваме распрсканост,
-
9:31 - 9:34дистрибуцијата, но исто така бидејќи на тој начин
-
9:34 - 9:38судијата полесно ќе ги разбере околностите.
-
9:38 - 9:41Овие се некои од фотографиите кои, всушност,
-
9:41 - 9:43ги користев кога сведочев,
-
9:43 - 9:45но за мене како научник, поважни беа,
-
9:45 - 9:47податоците, фотометриските податоци,
-
9:47 - 9:52кои можам да ги претворам во предвидувања
-
9:52 - 9:55за визуелната способност на човековото око
-
9:55 - 9:58под тие услови,
-
9:58 - 10:01а од податоците кои ги измерив на самото место
-
10:01 - 10:04во истите сончеви и месечеви услови
-
10:04 - 10:07во истото време, и така натаму, така,
-
10:07 - 10:08можев да предвидам
-
10:08 - 10:10дека нема услови за соодветна перцепција на боја,
-
10:10 - 10:12коешто пак е клучно за препознавање на лицето,
-
10:12 - 10:15и дека во тие услови е можен само скотопски вид,
-
10:15 - 10:17коешто значи дека ќе има многу мала резолуција,
-
10:17 - 10:19она што го нарекуваме гранична или детекција на раб,
-
10:19 - 10:21понатаму, бидејќи зениците би биле целосно проширени
-
10:21 - 10:25при една ваква осветленост, оттука длабочината на полето,
-
10:25 - 10:28далечината до која можете да се фокусирате и да видите
-
10:28 - 10:34детали, би била помалку од 45 сантиметри.
-
10:34 - 10:36Го кажав ова во судот,
-
10:36 - 10:39и додека судијата внимателно ме следеше,
-
10:39 - 10:41а беше многу, многу долго сослушувањето
-
10:41 - 10:46кога ja поднесовме молбата за повторено судење,
-
10:46 - 10:48и така наеднаш ми дојде идејата и
-
10:48 - 10:52си помислив дека можеби на судијата ќе треба да му дадам
-
10:52 - 10:54посликовито објаснување,
-
10:54 - 10:56а не да му трупам само броеви.
-
10:56 - 10:59И тогаш малку се охрабрив,
-
10:59 - 11:00се свртев
-
11:00 - 11:03и побарав од судијата,
-
11:03 - 11:05реков, "Ваше Височество, мислам дека треба да излезете
-
11:05 - 11:08и сами да го видите местото,"
-
11:08 - 11:11Добро, можеби користев тон кој повеќе звучеше на предизвик
-
11:11 - 11:13отколку на барање - (Смеа) -
-
11:13 - 11:18но како и да е, поради заслуга на тој човек и поради неговата храброст
-
11:18 - 11:21тој рече, "Да, ќе отидам."
-
11:21 - 11:25Тоа беше шок во Американската правна наука.
-
11:25 - 11:28Всушност, ги затекнавме истите тие услови,
-
11:28 - 11:30го реконструиравме настанот одново,
-
11:30 - 11:34тој дојде со цела бригада шерифи
-
11:34 - 11:39кои имаа задача да го штитат, така? (Смеа)
-
11:39 - 11:44Го натеравме да застане на улицата,
-
11:44 - 11:47до возилото на осомничениот, возилото од кое е пукано,
-
11:47 - 11:50поблиску од местото на кое стоеле тинејџерите,
-
11:50 - 11:52тој застана неколку стапки од тротоарскиот раб
-
11:52 - 11:55кон средината на улицата.
-
11:55 - 11:58Имавме кола која помина
-
11:58 - 12:03истата кола како што била опишана од страна на тинејџерите, така?
-
12:03 - 12:05Имаше возач и патник,
-
12:05 - 12:08и откако колата помина покрај судијата,
-
12:08 - 12:12патникот ја испружи неговата рака,
-
12:12 - 12:16ја насочи кон судијата додека колата се движеше,
-
12:16 - 12:19исто како што опишале тинејџерите, така?
-
12:19 - 12:22Овој пат, тој не држеше вистински пиштол во раката,
-
12:22 - 12:24туку во раката држеше црн предмет кој беше сличен
-
12:24 - 12:26на претходно опишаниот пиштол.
-
12:26 - 12:29Тој го насочи предметот, и еве што виде судијата.
-
12:29 - 12:36Ова е колата на 9 метри оддалеченост од судијата.
-
12:36 - 12:39Има рака која е испружена од совозачката страна
-
12:39 - 12:41и е насочена кон вас.
-
12:41 - 12:43Тоа е на 9 метри оддалеченост.
-
12:43 - 12:45Некои од тинејџерите рекле дека всушност колата
-
12:45 - 12:48била оддалечена 5 метри при пукањето.
-
12:48 - 12:52Во ред. Еве ви 5 метри.
-
12:52 - 12:56Во тој момент, се загрижив малку.
-
12:56 - 13:00Со овој судија во никој случај не би сакале да играте покер.
-
13:00 - 13:05Беше целосно рамнодушен. Веѓата воопшто не ја ни помрднуваше.
-
13:05 - 13:08Воопшто не ја ни наведна главата.
-
13:08 - 13:12Немав претстава како реагираше на ова,
-
13:12 - 13:15и откако ја погледна оваа симулација,
-
13:15 - 13:16се сврте кон мене и рече,
-
13:16 - 13:19"Има ли уште нешто кон што би сакал да погледнам?"
-
13:19 - 13:23Реков, "Ваше височество," и не сум сигурен дали бев
-
13:23 - 13:26охрабрен поради научните податоци кои ги имав во
-
13:26 - 13:30својот џеб и моето знаење дека тие се прецизни
-
13:30 - 13:32или дали можеби беше чиста глупост,
-
13:32 - 13:35како што мислеа адвокатите од одбраната - (Смеа)
-
13:35 - 13:37кога слушнаа што кажав,
-
13:37 - 13:40"Да, Ваше Височество, сакам да застанете овде
-
13:40 - 13:44и сакам колата да го обиколи блокот уште еднаш
-
13:44 - 13:47и сакам да дојде и да застане
-
13:47 - 13:51токму пред вас, на оддалеченост од еден метар,
-
13:51 - 13:55и сакам патникот да ја испружи неговата рака
-
13:55 - 13:57држејќи црн предмет и да ја насочи кон вас,
-
13:57 - 14:03а вие може да гледате колку ви душа сака."
-
14:03 - 14:07И еве што виде тој. (Смеа)
-
14:07 - 14:11Ќе забележите, а тоа го има и во мојот извештај,
-
14:11 - 14:14воглавно осветлувањето доаѓа од северната страна,
-
14:14 - 14:15што значи дека лицето на оној кој пукал
-
14:15 - 14:18би било осветлено отпозади и со тоа помалку видливо.
-
14:18 - 14:20Понатаму, покривот на колата
-
14:20 - 14:24во внатрешноста на самата кола предизвикува т.н. сенка од облак
-
14:24 - 14:27коешто пак ја прави потемна.
-
14:27 - 14:32Ова е на еден метар оддалеченост.
-
14:32 - 14:35Зошто ризикував?
-
14:35 - 14:39Знаев дека длабочината на видното поле е 45 см или помалку.
-
14:39 - 14:41На еден метар оддалеченост можеше да има и
-
14:41 - 14:45фудбалски терен.
-
14:45 - 14:47Еве што виде тој.
-
14:47 - 14:51Тој си отиде, уште неколку дена имаше изложување на
-
14:51 - 14:53докази. На крајот од ова,
-
14:53 - 14:56тој пресуди и рече дека ќе ја прифати молбата
-
14:56 - 14:59за повторно судење.
-
14:59 - 15:02И во продолжение, тој го ослободи Г.Кариљо
-
15:02 - 15:05за да може да помогне во подготовката на својата одбрана
-
15:05 - 15:11доколку обвинителството одлучи одново кривично да го гони.
-
15:11 - 15:13Тие одлучија да не го прават тоа.
-
15:13 - 15:18Тој сега е слободен човек. (Аплауз)
-
15:18 - 15:22(Аплауз)
-
15:22 - 15:27Еве го како ја прегрнува бабата на неговата девојка.
-
15:27 - 15:31Девојка му била бремена кога тој отишол на судење,
-
15:31 - 15:35така? Таа родила машко дете.
-
15:35 - 15:38Тој и син му, сега и двајцата посетуваат настава на
-
15:38 - 15:44Кал Стејт Лонг Бич. (Аплауз)
-
15:44 - 15:48И до што нè води овој пример --
-
15:48 - 15:52што треба да извлечеме како поука за самите нас?
-
15:52 - 15:56Пред сè, постои долго минато на антипатија
-
15:56 - 15:58помеѓу науката и правото во рамки
-
15:58 - 16:01на Американската правна наука.
-
16:01 - 16:04Можам до утре да ви зборувам за ужасни приказни на незнаење
-
16:04 - 16:08кои ги сретнав низ декадите како форензички експерт
-
16:08 - 16:13обидувајќи се науката да ја внесам во судницата.
-
16:13 - 16:18Судскиот совет секој пат беше против тоа.
-
16:18 - 16:21Мојата препорака е дека сите ние треба да станеме
-
16:21 - 16:24посвесни за тоа дека треба да внесеме повеќе
-
16:24 - 16:26наука во судниците, со помош на
-
16:26 - 16:29политиката и со помош на разни процедури,
-
16:29 - 16:32и мислам дека еден голем чекор кон тоа
-
16:32 - 16:33е да се бара поголемо знаење,
-
16:33 - 16:36со сета должна почит кон правните факултети,
-
16:36 - 16:41од областа на технологијата, инжинерството и математиката
-
16:41 - 16:43од секој кој ќе се запише на право,
-
16:43 - 16:47бидејќи утре тие ќе бидат судии.
-
16:47 - 16:50Размислете за тоа како ги бираме судиите во оваа земја.
-
16:50 - 16:53Многу е поразлично од повеќето други култури. Така?
-
16:53 - 16:55Друго нешто што сакам да предложам,
-
16:55 - 16:58е дека секој од нас треба да внимава,
-
16:58 - 17:00јас постојано се потсетувам самиот себе,
-
17:00 - 17:03и да се прашува, колку се прецизни сеќавањата за кои
-
17:03 - 17:08знаеме дека се вистинити, во коишто веруваме?
-
17:08 - 17:12Овој проблем е истражуван со декади,
-
17:12 - 17:16постојат еден куп случаи како овој,
-
17:16 - 17:18каде луѓето
-
17:18 - 17:21навистина, навистина веруваат. Ниту еден од тинејџерите
-
17:21 - 17:23коишто го идентификувал Кариљо
-
17:23 - 17:26не мислел дека ја избира погрешната личност.
-
17:26 - 17:30Ниту еден од нив не мислел дека не може да го види лицето на личноста.
-
17:30 - 17:32Сите ние треба да бидеме многу внимателни.
-
17:32 - 17:35Сите наши сеќавање се реконструирани сеќавања.
-
17:35 - 17:38Тие се продукт на она што првобитно сме доживеале
-
17:38 - 17:41и сето она што се случило отпосле.
-
17:41 - 17:43Тие се динамични.
-
17:43 - 17:45Тие се променливи. Тие се нестабилни,
-
17:45 - 17:49и како резултат на тоа, треба да запамтиме дека мора да внимаваме,
-
17:49 - 17:52бидејќи вистинитоста на нашите сеќавања
-
17:52 - 17:56не се мери преку тоа колку се јасни,
-
17:56 - 18:01ниту преку тоа колку сте уверени дека се точни.
-
18:01 - 20:30Ви благодарам. (Аплауз)
- Title:
- Скот Фрeјзер: Зошто сведоците прават грешки
- Speaker:
- Scott Fraser
- Description:
-
Скот Фрејзер го проучува начинот на кој луѓето се присеќаваат на злосторствата -- и како истите тие сеќавања ги користат како сведоштва. Во овој моќен говор, кој се фокусира на едно убиство кое се случило за време на зајдисонце, тој вели дека дури и сведоците кои се наоѓаат во непосредна близина на злосторството, можат да создадат "сеќавања" кои не е можно да ги виделе. Зошто? Бидејќи на мозокот му се гади кога ќе слушне за празнина.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 20:50
![]() |
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong | |
![]() |
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong | |
![]() |
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong | |
![]() |
Dimitra Papageorgiou rejected Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong | |
![]() |
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong | |
![]() |
Dimitra Papageorgiou commented on Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong | |
![]() |
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong | |
![]() |
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong |