Малком Гладвел зборува за сосот за шпагети
-
0:00 - 0:03Мислам дека требаше да зборувам за мојата нова книга,
-
0:03 - 0:08„Поглед“, која зборува за избрзаните расудувања и првите впечатоци.
-
0:08 - 0:12Излегува во јануари и се надевам дека сите ќе купите по три копии.
-
0:12 - 0:15Додека размислував за ова,
-
0:15 - 0:18сфатив дека иако мојата нова книга ме прави среќен,
-
0:18 - 0:22и мислам дека и мајка ми ќе ја направи среќна,
-
0:22 - 0:24главната тема не е среќата.
-
0:24 - 0:28Па, затоа решив да зборувам за некој
-
0:28 - 0:31кој сметам дека направил многу повеќе за да ги усреќи Американците
-
0:31 - 0:35од кој било друг во последните 20 години.
-
0:35 - 0:38Човек кој е мој личен херој.
-
0:38 - 0:41Човек по име Хауард Московиц,
-
0:41 - 0:45кој е најпознат по повторното враќање на сосот за шпагети во мода.
-
0:45 - 0:50Хауард е олку висок, полничок,
-
0:50 - 0:54има шеесет и нешто години, има големи очила
-
0:54 - 1:00и ретка проседа коса, има прекрасна енергичност и виталност,
-
1:00 - 1:04чува папагал, сака да слуша опера,
-
1:04 - 1:08и е голем љубител на средовековната историја.
-
1:08 - 1:11По професија е психофизичар.
-
1:11 - 1:15Треба да ви кажам дека немам поим што е тоа психофизика,
-
1:15 - 1:19иако еднаш излегував со девојка која работеше
-
1:19 - 1:21на својот докторат по психофизика.
-
1:21 - 1:27Ова би требало да ви даде некаква претстава за нашата врска. (смеа)
-
1:27 - 1:30Колку што знам, психофизиката се занимава со мерење на нештата.
-
1:30 - 1:32А, Хауард е доста заинтересиран за мерењата.
-
1:32 - 1:34Има докторат од Харвард,
-
1:34 - 1:38и има отворено мала консултантска фирма во Вајт Плејнс, во Њујорк.
-
1:38 - 1:43Еден од неговите први клиенти - уште пред многу години, во раните 70-ти -
-
1:43 - 1:45беше Пепси.
-
1:45 - 1:47Тие му се обратиле на Хауард и му рекле:
-
1:47 - 1:49„Има една нова состојка што се вика аспартам (вештачки засладувач)
-
1:49 - 1:52и би сакале да направиме диетално Пепси.
-
1:52 - 1:55Сакаме да дознаеш колку аспартам треба да ставиме
-
1:55 - 2:00во секоја лименка Пепси, за да го добиеме совршениот пијалок. Во ред?“
-
2:00 - 2:04Ова звучи како прашање на кое лесно може да се одговори,
-
2:04 - 2:06а така си помислил и Хауард. Од Пепси му рекле:
-
2:06 - 2:09„Работиме во опсегот помеѓу 8 и 12 проценти.
-
2:09 - 2:12Сè под 8 проценти засладувач не е доволно благо,
-
2:12 - 2:16а сè над 12 проценти засладувач е премногу благо.
-
2:16 - 2:20Сакаме да знаеме која е вистинската блага точка помеѓу 8 и 12 проценти.“
-
2:20 - 2:23Доколку ви го поставам овој проблем, сите би рекле дека е многу просто.
-
2:23 - 2:27Треба само да се направи голема експериментална количина Пепси
-
2:27 - 2:31за секоја од точките на слаткост - 8%; 8,1; 8,2; 8,3...
-
2:31 - 2:35сè до 12%, и да дадеме да ја испробаат илјадници луѓе,
-
2:35 - 2:38да ги поставиме резултатите на крива,
-
2:38 - 2:42и да ја земеме најпопуларната концентрација. Така? Многу едноставно.
-
2:42 - 2:45Хауард го направил овој експеримент, ги добил податоците и ги ставил на крива.
-
2:45 - 2:49Но, тогаш сфатил дека кривата е невообичаена.
-
2:49 - 2:50Всушност, податоците немале никаква смисла.
-
2:50 - 2:53Биле хаотични и распрскани насекаде низ графиконот.
-
2:53 - 2:58Повеќето луѓе во тој бизнис, во светот на тестирање храна,
-
2:58 - 3:01не се стаписани кога добиените податоци се хаотични.
-
3:01 - 3:05Ќе помислат: „Па, не е лесно да се дознае што мислат луѓето за газираните сокови.
-
3:05 - 3:07Можеби некаде сме направиле грешка.
-
3:07 - 3:10Ајде, да направиме разумен избор.“
-
3:10 - 3:14И едноставно ќе се решат за средната точка од 10 проценти.
-
3:14 - 3:16Хауард не се предал толку лесно.
-
3:16 - 3:19Хауард е човек со одреден степен на интелектуални стандарди.
-
3:19 - 3:21А, ова не било доволно добро за него,
-
3:21 - 3:23па прашањето го измачувало со години.
-
3:23 - 3:26Размислувал и се прашувал: „Каде згрешив?
-
3:26 - 3:30Зошто не можев да го решам експериментот со диеталното Пепси?“
-
3:30 - 3:33Еден ден, седел во едно кафуле во Вајт Плејнс
-
3:33 - 3:36и се подготвувал да почне да работи со Нескафе,
-
3:36 - 3:40и одеднаш, како гром од ведро небо, му текнало.
-
3:40 - 3:43Кога ги анализирале податоците за диеталното Пепси,
-
3:43 - 3:45поставувале погрешно прашање.
-
3:45 - 3:47Биле во потрага по совршеното Пепси,
-
3:47 - 3:52а требало да ги бараат совршените Пепси пијалоци. Верувајте ми,
-
3:52 - 3:54ова е неверојатно откритие.
-
3:54 - 3:57Ова е едно од најбрилијантните откритија во целата прехрамбена наука.
-
3:57 - 3:59Хауард веднаш тргнал на пат,
-
3:59 - 4:01одел на конференции низ целата земја,
-
4:01 - 4:03излегувал пред сите и им велел:
-
4:03 - 4:07„Го барате совршеното Пепси. Грешите.
-
4:07 - 4:10Би требало да ги барате совршените Пепси пијалоци.“
-
4:10 - 4:12Луѓето го гледале збунето и му викале:
-
4:12 - 4:14„Што зборуваш? Ова е лудило.“
-
4:14 - 4:16Му довикувале: „Ма, дај, тргни се! Следниот?“
-
4:16 - 4:19Се обидувал да најде работа, никој не го вработувал, но тој бил опседнат
-
4:19 - 4:22и постојано зборувал и зборувал за тоа.
-
4:22 - 4:23Хауард ја сака еврејската поговорка
-
4:23 - 4:26„За црвот во јаболкото, светот е јаболко.“
-
4:26 - 4:32Ова било неговото јаболко. (смеа) Бил опседнат со тоа!
-
4:32 - 4:37Најпосле, среќата му се насмеала. Му се обратиле од компанијата Власик Пиклс
-
4:37 - 4:40и му рекле: „Г-дине Московиц - Доктор Московиц -
-
4:40 - 4:42сакаме да ја произведеме совршената кисела краставичка“. А, тој одговорил:
-
4:42 - 4:46„Нема совршена кисела краставичка, има само совршени кисели краставички.“
-
4:46 - 4:50Потоа им рекол: „Не само што треба да ги подобрите сегашните краставички,
-
4:50 - 4:52туку треба да создадете и зачинети кисели краставички.“
-
4:52 - 4:55Затоа денес имаме зачинети кисели краставички.
-
4:55 - 4:57Следниот клиент му бил брендот на супи Кемпбел.
-
4:57 - 4:59Ова било уште позначајно. Всушност,
-
4:59 - 5:03преку супите Кемпбел, Хауард се стекна со својата слава.
-
5:03 - 5:08Кемпбел го прави Прего, а во раните 80-ти, Прего му беше конкурент на Рагу,
-
5:08 - 5:11најпродаваниот сос за шпагети во 70-тите и 80-тите.
-
5:11 - 5:14Во оваа индустрија - не знам дали ве интересира,
-
5:14 - 5:15или колку време имам за ова,
-
5:15 - 5:18но технички кажано - настрана од ова -
-
5:18 - 5:21Прего е подобар сос од домати отколку Рагу.
-
5:21 - 5:25Доматите се подобри, мешавината на зачини е далеку посупериорна,
-
5:25 - 5:28се прилепува за тестенините на подобар начин. Всушност,
-
5:28 - 5:33во 70-тите го спроведувале познатиот тест со чинии помеѓу Рагу и Прего.
-
5:33 - 5:36Го истурате сосот во чинија со шпагети.
-
5:36 - 5:41Рагу паѓал на дното, а Прего останувал врз шпагетите.
-
5:41 - 5:43Ова се нарекува „прилепување“.
-
5:43 - 5:47Но, и покрај фактот што биле подобри во прилепувањето
-
5:47 - 5:52и во квалитетот на сосот од домати, Прего едвај стоел на нозе.
-
5:52 - 5:55Затоа, му се обратиле на Хауард и му рекле: „Поправи нè“.
-
5:55 - 5:57Хауард ја погледнал нивната палета на производи и им рекол:
-
5:57 - 6:01„Вие имате безживотно општество од домати.“
-
6:01 - 6:03Па, им рекол: „Еве, што ќе направам.“
-
6:03 - 6:05Влегол во кујната на Кемпбел
-
6:05 - 6:10и направил 45 различни видови сос. Потоа, ги групирал
-
6:10 - 6:14на секој можен начин на кој може да се групира еден сос од домати.
-
6:14 - 6:18Според слаткост, нивото на лук, горчината, киселоста, количината на домати,
-
6:18 - 6:25според видливите крупни парчиња - мојот омилен термин во овој бизнис. (смеа)
-
6:25 - 6:30Го употребил секој можен начин на кој може да се групира еден сос за шпагети.
-
6:30 - 6:35Тогаш, ја спакувал оваа низа од 45 сосови за шпагети и тргнал на пат.
-
6:35 - 6:37Бил во Њујорк, Чикаго, Џексонвил,
-
6:37 - 6:43Лос Анџелес. Собирал огромен број луѓе во големи сали.
-
6:43 - 6:45Ги седнувал на два часа и во тој период
-
6:45 - 6:48им давал вкупно десет чинии.
-
6:48 - 6:52Десет мали чинии со тестенини, секоја со различен сос.
-
6:52 - 6:56Откако ја изеле секоја чинија, морале да ја рангираат од 0 до 100,
-
6:56 - 6:59во однос на тоа колку бил вкусен сосот.
-
6:59 - 7:02На крајот од тој процесот, кој го повторувал со месеци,
-
7:02 - 7:04имал еден куп податоци
-
7:04 - 7:08за тоа што мисли американскиот народ за сосовите за шпагети.
-
7:08 - 7:10Потоа, ги анализирал податоците.
-
7:10 - 7:14Мислите дека го барал најпопуларниот сос за шпагети? Не.
-
7:14 - 7:16Хауард не верува дека постои такво нешто.
-
7:16 - 7:18Наместо тоа, ги погледнал податоците и рекол:
-
7:18 - 7:24„Ајде да видиме како можеме да ги групираме сите овие различни податоци.
-
7:24 - 7:27Да видиме дали орбитираат околу одредени идеи.“
-
7:27 - 7:33Доколку седнете да ги анализирате овие податоци за сосовите за шпагети,
-
7:33 - 7:36ќе сфатите дека сите Американци спаѓаат во една од три групи.
-
7:36 - 7:39Има луѓе кои сакаат обичен сос за шпагети,
-
7:39 - 7:42луѓе кои сакаат зачинет сос за шпагети
-
7:42 - 7:45и има луѓе кои сакаат сос за шпагети со крупни парчиња.
-
7:45 - 7:49Од овие три факти, третиот е најзначаен.
-
7:49 - 7:51Во тоа време, во раните 80-ти,
-
7:51 - 7:53доколку сте влегле во супермаркет
-
7:53 - 7:57не би можеле да најдете сос за шпагети со крупни парчиња.
-
7:57 - 7:59Прего му рекле на Хауард:
-
7:59 - 8:05„Сакаш да кажеш дека една третина од Американците умираат за ваков сос,
-
8:05 - 8:09а никој не ги услужува?“. И тој одговорил: „Да“.
-
8:09 - 8:11(смеа) Тогаш, во Прего решиле
-
8:11 - 8:13комплетно да го сменат својот сос за шпагети
-
8:13 - 8:17и создале сос со крупни парчиња, кој веднаш целосно
-
8:17 - 8:20го превзел бизнисот на сосови за шпагети во земјава.
-
8:20 - 8:24Во следните 10 години, заработија 600 милиони долари
-
8:24 - 8:28од овие сосови со крупни парчиња.
-
8:28 - 8:31Останатите во оваа индустрија виделе што направил Хауард и рекле:
-
8:31 - 8:34„Боже! Па, ние сме грешеле цело време!“
-
8:34 - 8:37Од тој момент почнаа да се прозведуваат седум различни видови оцет,
-
8:37 - 8:42и 14 видови сенф, 71 вид маслиново масло...
-
8:42 - 8:46На крајот, дури и Рагу го вработи Хауард,
-
8:46 - 8:49и истото што го направи за Прего, го направи и за Рагу.
-
8:49 - 8:50Денес, доколку влезете во некој супермаркет
-
8:50 - 8:53и погледнете колку видови на Рагу сосови постојат...
-
8:53 - 8:56Знаете колку ги има? 36.
-
8:56 - 9:02Во 6 различни видови: сирење, диетален, кремав,
-
9:02 - 9:11богат и зачинет, традиционален... и градина со крупни парчиња. (смеа)
-
9:11 - 9:15Тоа е заслуга на Хауард. Тоа е подарокот на Хауард за Американците.
-
9:15 - 9:19Зошто е важно ова?
-
9:19 - 9:23Многу е важно. Сега ќе ви објаснам зошто.
-
9:23 - 9:26Хауард од корен го измени начинот на кој размислува прехрамбената индустрија
-
9:26 - 9:29за тоа како да ве направи среќни.
-
9:29 - 9:32Порано, првата претпоставка во прехрамбената индустрија
-
9:32 - 9:35беше дека начинот на кој ќе дознаете што сакаат да јадат луѓето -
-
9:35 - 9:38што ги прави среќни - е да ги прашате.
-
9:38 - 9:40Со години и години, Рагу и Прего имале
-
9:40 - 9:44фокусни групи, ги седнувале луѓето и им велеле:
-
9:44 - 9:48„Што сакате да има во сосот за шпагети? Кажете ни што сакате.“
-
9:48 - 9:51И сите тие години - 20, 30 години -
-
9:51 - 9:53после сите тие интервјуа со целните групи,
-
9:53 - 9:57никој никогаш не кажал дека сака сос со крупни парчиња.
-
9:57 - 10:00Иако, барем една третина од нив, длабоко во своите срца, го сакале тоа.
-
10:00 - 10:03(смеа)
-
10:03 - 10:05Луѓето не знаат што сакаат!
-
10:05 - 10:08Како што и Хауард вели: „Умот не знае што сака јазикот“.
-
10:08 - 10:11За него тоа е мистерија!
-
10:11 - 10:16Критично важен чекор за да ги разбереме сопствените желби и вкусови
-
10:16 - 10:21е да сфатиме дека не секогаш можеме да објасниме што сакаме.
-
10:21 - 10:25Доколку ве прашам сите вас, на пример, какво кафе сакате,
-
10:25 - 10:31знаете ли што ќе кажете? Сите ќе речат: „Сакам црно, кремасто, препечено.“
-
10:31 - 10:33Тоа е она што луѓето секогаш го велат доколку ги прашате какво кафе сакаат.
-
10:33 - 10:36Што сакате? Црно, кремаво, препечено!
-
10:36 - 10:40Колкав процент од вас навистина сакаат црно, кремаво и препечено?
-
10:40 - 10:43Според Хауард, некаде околу 25 и 27 проценти од вас.
-
10:43 - 10:47Повеќето од вас сакаат слабо кафе со млеко.
-
10:47 - 10:50Но, на оној кој ќе ве праша што сакате, никогаш нема да му кажете
-
10:50 - 10:52„Сакам слабо кафе со млеко.“ (смеа)
-
10:52 - 10:57Тоа е првото нешто што го направи Хауард.
-
10:57 - 11:00Второто нешто што го направи е што нè натера да сфатиме -
-
11:00 - 11:02ова е уште една критичен момент -
-
11:02 - 11:08нè натера да ја сфатиме важноста на „хоризонталната сегментација“.
-
11:08 - 11:10Зошто е ова критично? Затоа што тоа е начинот
-
11:10 - 11:12на кој размислуваше прехрамбената индустрија пред Хауард.
-
11:12 - 11:17Со што биле опседнати во раните 70-ти? Биле опседнати со сенф.
-
11:17 - 11:20Особено биле опседнати со приказната за Греј Пупон.
-
11:20 - 11:23Порано имало само два сенфа - Френч и Гулден.
-
11:23 - 11:25Какви биле тие? Жолти сенфови. Што има во жолтиот сенф?
-
11:25 - 11:29Семе од жолт сенф, зачин и пипер. Тоа беше сенф.
-
11:29 - 11:32Се појави Греј Пупон со Дижон.
-
11:32 - 11:38Уште поквалитетно кафеаво семе од сенф, малку бело вино,
-
11:38 - 11:41поделикатни ароми. Што направија тие?
-
11:41 - 11:46Го ставија во мала стаклена тегла со прекрасна етикета на неа,
-
11:46 - 11:50го направија да изгледа француски иако се произведуваше во Окснард, Калифорнија.
-
11:50 - 11:55Наместо да наплатуваат по 1,50 долари за тегла од 200 грама,
-
11:55 - 11:58како Френч и Гулден, почнаа да наплатуваат по 4 долари.
-
11:58 - 12:01Потоа се појавија рекламите со дечкото во Ролс Ројс,
-
12:01 - 12:03кој јаде Греј Пупон, застанува друг Ролс Ројс
-
12:03 - 12:05и му вели: „Имаш ли уште од Греј Пупон?“.
-
12:05 - 12:08А, после оваа реклама, Греј Пупон се прославува!
-
12:08 - 12:10Го превзема бизнисот со сенф.
-
12:10 - 12:13За сите ова е лекција
-
12:13 - 12:17дека начинот како да се направат луѓето среќни
-
12:17 - 12:22е да им дадете нешто што е поскапо, нешто што ќе им биде предизвик.
-
12:22 - 12:27Треба да ги натерате да го заборават она што мислат дека го сакаат во моментот
-
12:27 - 12:31и да посегнат по нешто повисоко во хиерархијата на сенфови.
-
12:31 - 12:33Подобар сенф! Поскап сенф!
-
12:33 - 12:36Сенф кој е попрефинет и има поголема традиција и значење.
-
12:36 - 12:39Хауард го видел тоа и рекол: „Ова е погрешно!“
-
12:39 - 12:42Кај сенфовите нема хиерархија.
-
12:42 - 12:47Исто како сосовите од домати, и сенфот постои на хоризонтална линија.
-
12:47 - 12:50Не постои добар сенф или лош сенф.
-
12:50 - 12:52Не постои совршен сенф или несовршен сенф.
-
12:52 - 12:56Постојат само различни видови сенф прилагодени за различни луѓе.
-
12:56 - 13:01Тој внесе демократија во начинот на кој размислуваме за вкусовите.
-
13:01 - 13:06А, за тоа, на Хауард му должиме огромно благодарам.
-
13:06 - 13:10Третото нешто кое го направил Хауард е најважно.
-
13:10 - 13:13Тој се соочи со поимот платонска порција. (смеа)
-
13:13 - 13:16Што мислам со тоа?
-
13:16 - 13:18Во прехрамбената индустрија долго време
-
13:18 - 13:25се мислеше дека постои еден совршен начин да се подготви една порција.
-
13:25 - 13:29Доколку јадете во „Ше Паниз“ ќе ви сервираат црвено сашими
-
13:29 - 13:33со печени семки од тиква во одреден сос.
-
13:33 - 13:36Нема да ви дадат пет опции за видот на сосот.
-
13:36 - 13:40Не ви велат: „Сакате сос со крупни парчиња или...“ Не!
-
13:40 - 13:43Ќе добиете еден сос. Зошто? Затоа што главниот готвач во „Ше Паниз“
-
13:43 - 13:46има платонско познавање за црвениот сашими.
-
13:46 - 13:49Тоа е начинот на кој треба да се подготви.
-
13:49 - 13:53И тоа е начинот на кој се служи.
-
13:53 - 13:55Доколку се побуните, ќе ви каже:
-
13:55 - 14:00„Грешите. Ова е најдобриот начин на кој треба да се готви во ресторанов.“
-
14:00 - 14:04Оваа идеја беше пренесена и низ прехрамбената индустрија.
-
14:04 - 14:07Тие имаа став, платонски став, за тоа што е сос од домати.
-
14:07 - 14:10Од каде потекнува тој? Од Италија.
-
14:10 - 14:14Каков е италијанскиот сос од домати? Испасиран и редок.
-
14:14 - 14:17Културата за сосот од домати беше дека тој е редок.
-
14:17 - 14:20Кога зборувавме за автентичен сос од домати во 70-тите,
-
14:20 - 14:23зборувавме за италијанскиот сос, зборувавме за првите сосови.
-
14:23 - 14:26Во нив немаше круни парчиња.
-
14:26 - 14:28Беа ретки, ставате само малку од сосот
-
14:28 - 14:30и тој паѓа на дното од тестенините.
-
14:30 - 14:32Тоа беа сосовите. Зошто бевме приврзани за нив?
-
14:32 - 14:35Затоа што мислевме дека начинот на кој ќе ги направиме луѓето среќни
-
14:35 - 14:41е ако им го понудиме најавтентичниот сос од домати, како прво.
-
14:41 - 14:45А, како второ, мислевме дека доколку им понудиме автентичен сос,
-
14:45 - 14:47тие ќе го прифатат.
-
14:47 - 14:50Тоа е она што ќе задоволи најмногу луѓе.
-
14:50 - 14:52Со други зборови,
-
14:52 - 14:56луѓето во кулинарскиот свет бараа кулинарски стандарди.
-
14:56 - 14:59Бараа еден ист начин на кој ќе се однесуваат кон сите.
-
14:59 - 15:02Има логика во тоа што се опседнати со теоријата за стандарди,
-
15:02 - 15:06бидејќи сета наука, низ 19-тиот и поголемиот дел од 20-тиот век,
-
15:06 - 15:08била опседната со стандарди.
-
15:08 - 15:14Психолозите, докторите, економистите, сите беа заинтересирани да ги дознаат
-
15:14 - 15:17правилата кои управуваат со тоа како се однесуваме.
-
15:17 - 15:19Но, тоа се промени.
-
15:19 - 15:22Која е најголемата револуција во науката во последните 10 до 15 години?
-
15:22 - 15:28Тоа е промената од потрага по стандарди кон разбирање на различноста.
-
15:28 - 15:32Денес, во медицината не сакаме само да знаеме
-
15:32 - 15:37како функционира ракот, сакаме да знаеме како вашиот рак е различен од мојот рак.
-
15:37 - 15:40Всушност, како мојот рак е различен од вашиот рак.
-
15:40 - 15:44Генетиката ја отвори вратата кон изучување на различноста кај луѓето.
-
15:44 - 15:47Хауард Московиц велеше дека оваа револуција
-
15:47 - 15:51мора да се случи и во светот на сосовите од домати.
-
15:51 - 15:55А, за тоа, му должиме голема благодарност.
-
15:55 - 16:00Ќе ви дадам еден последен пример за различностите, а тоа е... извинете...
-
16:00 - 16:03Хауард не само што верувал во ова, туку го направил и наредниот чекор.
-
16:03 - 16:09Изјавил дека кога ги следиме стандардите во исхраната,
-
16:09 - 16:14не само што правиме грешка, туку си правиме и навистина лоша услуга.
-
16:14 - 16:16За пример го зел кафето.
-
16:16 - 16:21Работел многу со кафе, за Нес Кафе.
-
16:21 - 16:24Доколку ви речам да се обидете да смислите бренд на кафе
-
16:24 - 16:27- тип на кафе, мешавина - кој ве прави среќни,
-
16:27 - 16:29а потоа ви речам да го рангирате тоа кафе,
-
16:29 - 16:34просечниот резултат во оваа соба би бил околу 60 на скала од 0 до 100.
-
16:34 - 16:37Но, доколку ми дозволите да ве поделам во групи на кафе,
-
16:37 - 16:39можеби на три или четири групи,
-
16:39 - 16:44и направам кафе за секоја од поединечните групи,
-
16:44 - 16:48вашиот резултат од 60 би се покачил на 75 или 78.
-
16:48 - 16:53Разликата помеѓу кафето со резултат 60 и она со 78
-
16:53 - 16:56е разлика помеѓу кафе од кое се згрозуваш
-
16:56 - 17:00и кафе кое ве прави екстремно среќни.
-
17:00 - 17:04Тоа е последната и, според мене, најубава лекција од Хауард Московиц.
-
17:04 - 17:08Дека, со прифаќањето на разликите кај луѓето
-
17:08 - 17:11ќе најдеме посигурен начин кон вистинска среќа.
-
17:11 - 17:13Благодарам.
- Title:
- Малком Гладвел зборува за сосот за шпагети
- Speaker:
- Malcolm Gladwell
- Description:
-
Авторот на книгата „Точка на пресврт“, Малком Гладвел, навлегува во потрагата на прехрамбената индустрија по совршениот сос за шпагети и од тоа изведува аргумент за природата на изборот и среќата.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 17:13
![]() |
Retired user added a translation |